serdarot - grigor prlicev

22
ГРИГОР С. ПРЛИЧЕВ Нашата литература од Х I Х век многу малку e позната не само на широката читачка публика нo и на луѓе што по должност се занимаат со литература. 3атова нам ни се наложуе што побрго и што посериозно да се запознаеме со таа литература, да ја објасниме научно и да ја направиме достапна за нашата поширока публика и училиште. Оттука, иницијативата на државното книгоиздателство за Македонија да ги издаде творбите на нашите писатели од тој период на нашиот литературен живот , треба да се пречека со секаква пофалба. Иако Григор Прличев не e прв по време наш писател од ХI Х век , сепак тој соединуе во себе с Å се она што е карактеристичн o во гој период од нашата литература . Роден 1830 или 1831 г. во Охрид од многу сиромашни родители, тој имал несреќа да го загуби многу рано татка си, така да остане нa грижата нa мајка си и својот стар дедо. Смртта на дедому го прави , и инаку тешкиот живот, уште потежок. Мајката на писателот треба сега да работи по куќите", а сестра му стануе слугика. Тоа многу повлијало на Прличев да стане најбуеи и страстен член на опозицијата против аристокрацијата" : „Како да бев избран за општ одмаздител за сиромасите , секогаш сум ги мразел, гонел и тепал децата на богаташгите, па чорбаџиит e и на своите учители, кога тиe постапуваа гордо со моите другари ученици". („Автобиографија "). Подносуејќи ги сите маки и страданија на едио сираче, тој го започнуе своето учење прво во грчкото училиште во својот град , a после, откако стануе учител, со спестените пари тргнуе да учи медицина во Атина.

Upload: daniela-andreska

Post on 13-Apr-2015

979 views

Category:

Documents


50 download

DESCRIPTION

Poem

TRANSCRIPT

Page 1: Serdarot - Grigor Prlicev

ГРИГОР С. ПРЛИЧЕВ

Нашата литература од ХIХ век многу малку e позната не

само на широката читачка публика нo и на луѓе што по должност се занимаат со литература. 3атова нам ни се наложуе што побрго и што посериозно да се запознаеме со таа литература, да ја објасниме научно и да ја направиме достапна за нашата поширока публика и училиште. Оттука, иницијативата на државното книгоиздателство за Македонија да ги издаде творбите на нашите писатели од тој период на нашиот литературен живот, треба да се пречека со секаква пофалба. Иако Григор Прличев не e прв по време наш писател од ХIХ век, сепак тој соединуе во себе сÅ се она што е карактеристичнo во гој период од нашата литература . Роден 1830 или 1831 г. во Охрид од многу сиромашни родители, тој имал несреќа да го загуби многу рано татка си, така да остане нa грижата нa мајка си и својот стар дедо. Смртта на дедому го прави, и инаку тешкиот живот, уште потежок. Мајката на писателот треба сега да работи „по куќите", а сестра му стануе слугика. Тоа многу повлијало на Прличев да стане „најбуеи и страстен член на опозицијата против аристокрацијата" : „Како да бев избран за општ одмаздител за сиромасите, секогаш сум ги мразел, гонел и тепал децата на богаташгите, па чорбаџиитe и на своите учители, кога тиe постапуваа гордо со моите другари ученици". („Автобиографија"). Подносуејќи ги сите маки и страданија на едио сираче, тој го започнуе своето учење прво во грчкото училиште во својот град, a после, откако стануе учител, со спестените пари тргнуе да учи медицина во Атина.

Page 2: Serdarot - Grigor Prlicev

Спестените пари бргу се стопуат, хонорарните часои многу не му помагаат, и кога не може веќе да си ја плати квартирата и да купи барем сув леб (тоа го правел неколку месеци), се враќа во својата татковина, каде што пак стануе учител во Охридско, Прилеп и Охрид.

Со спестените пари пак тргнуе 1859 годииа за Атина, да го продолжи студирањето. По се изгледа дека повеме од меднцигната го интересуе.поезијата и тој 1860 годииа участвуе во конкурсот за најубавата поема на грчки јазик со својата поема „Сердарот". Голема среќа била за поетот кога слушнал дека неговата поема е избрана за најуспела и дека тој треба да го прими лавровиот венец и паричната награда. Се пишуат за него фалбени статии, го викаат ,, втор Омир", му предлагаат месечна стипендија и да го пратат во Оксфорд или Берлин на државна сметка, но тој не сака да чуе за тоа. Тој знае што се крие под сето тоа, и кога разбира за маченичката смрт на двајцата Миладиновци, тој вели: „Јас ги оставив таму сите украси на животот и си тргнав за татковипата да Å служам без пари, да умирам заедно со моите сограѓани што умираат, да им го покажам правиот пат кон напредокот, да го искоренам елинскнот јазик од цркви и училишта, по четири века на варваризам да го воведам одноно звучниот славјанизам, и за народниот напредок и одмазда за смртта на своите учители да претрпам неискажани маки". („Мечта на еден старец") Поставуејќи ја отсега така својата животна линија, тој не ja напушта дури и тогаш , кога му прети од владиците и турските власти најголема опасност. Охридскиот, и после дебарскиот затвор, го очеличуат народннот македонски борец Прличев. Но една случка го поразуе душевно наишиот писател. 1871 година тој гo печати својот превод на ,,Илијада” Бугарската нова критика што се раѓала точно тогаш, нa чело co Нешо Бончов, го прима лошо тој превод на “острижен Омир” и му нанесуе удар нa Прличев и неговиот превод нпаправен на некаков „општославјански" јазик, во основата на кој што стоел охридскиот говор.

Page 3: Serdarot - Grigor Prlicev

Така Прличев се откажуе од книжовната работа цели 15 годнни, кога ја напишуе во Солун својата ,, Афтобиографија. Разочаран, тoj ги живее последннте години од својот живот во Охрид, каде што умира во почетокот од 1893 година. Животниот пат на Прличев претставуе за нас извесен интерес. Тој е патот на еден наш чесен народен интелектуалец од она време, излегол сиромашните народни сллоеви. Од најголем елинист, тој стануе најстрашен противник на грчкото политичко и културно влијание. Така тој тргнуе по линијата на народната политичка и културна борба и поднесуе секакви страданија. Тој јасно ја гледа и тогашната наша дејствителност, и тоа го страшно мачи: „Катадневни врволаци од земјоделци, терани в затвор за данок, мирни и чесни селани што се клањаа и со челатаго удираа килимот пред скверни, немилосрдни стреброљуљупци, лицемери, страстољупци калуѓери, што се исмејаваа нечовечно над самите глави на своите поклонци. Конакот... Таму скоро секој ден фигурираше фалаката 1)... Се чудев како може да има на светот толку будали да сакаат и ценат таков живот“. Откажуејќи се од грчкиот јазик, тој бара јазик на кој што би пишувал. Народниот македонски јазик, иако му е познат на Прличева, иако тој со него често се служи во своите творби, не може да го задоволи. Јасно е дека и во тогашниот бугарски јазик не можел да нејде она што сака неговиот класичен дух. Тој уште рано учи во Цариград славјански јазик. Кога бил помолен да ја преведе Илијада, тој зборуе дека би требало преводачот да го знае убаво старославјанскиот јазик. Идеал му е еден општ славјански јазик. Општо, тој намерно бара стари падежи и глаголски форми :„ Една е славјанската граматика и ќе дојде време кога што едно општо наречје(употребено од учените) ќе ги сврзуе сите славјански племиња. Тоа може да е сон, но е нужда голема“...

1) Направа за мачење.

Page 4: Serdarot - Grigor Prlicev

Така гледајќи на јазикот, тој направува свој јазик, во кој што има црти од народниот свој јазик, стариот славјански јазик и бугарскиот јазик. През целиот живот Прличе жали дека не можел да студира во Русија или во Прага: „ Не се најде ни еден да ме посоветува да одам во Русија“. („Афтобиографија“). За нас тука не може да биде важно дали Прличев вака или онака гледа на извесни прашања; за нас исто така не е важно дали тој имал право во крајна линија за ова или за она, за нас е важно дека еден честен интелектуалец во борбата против грчката политичка и културна тиранија и турскиот деспотизам стануе против насилниците и е готов да се бори за оние народни идеали што си ги поставува времето. Како писател, тој успеал да дадфе пресек на тогашното наше друштво и да земе однос спрема него. Иако тој не успеал да го нафрли своето време, тој чесно му служел на народот и го одразил во својата Автобиографија – на места поетски и правдиво – своето време и тогашните народни борби. Поемата „Сердарот“ е напечатена 1860 година на грчки јазик под заглавие АPMATS7?G. Во грчкиот оригинал таа има 912 стиха во четиристишни строфи, римувани а (15 слога), б (8 слога),аб (слободен размер). Поемата е преведена во проза двапати на бугарски јазик и еднаш на македонски јазик. Првиот бугарски превод е од Г. Баласчев „ БXпреглед“ год.II, кн. IV- V,1895), вториот од Васил Пундев ( сочиненија на Григор Прличев ) 1930). Преводот на македонски е на места скратуан, на места вулгаризиран, така да е изгубен класичниот дух, - јазично и правописно застарен, иако течен и лесен за разбирање. На ова второ македонско издание целта му е да се запази духот на поемата, на места и на штета на јасноста.

К.Тошев

Page 5: Serdarot - Grigor Prlicev

С Е Р Д А Р О Т

Page 6: Serdarot - Grigor Prlicev

Пискоти се слушаат од Галичник во Река1). Каква ли голеама несреќа ги собра заедно и мажи и жени, та сите плачат жално? Дали ги удри град жи -тоносните полиња? Дали се нафрлија скакулци? Дали султанот прати да збира даноци предвремени и тешки? Нити ги удри град житоносните полиња; нити се нафрлија скакулци, нити султанот прати да збира даноци предвремени и тешки! – Гегите го убија Кузмана, нашиот јунак, прочуен сердар, и отсега ногата на албанските арамии ќе ги оскврнуе нашите сенчести планини. Така си зборуваа, уплашени и поразени земјоделци, верни служители на Деметра2), а жените, кога чуја за овој глас си го искинаа од драскање лицето. И гласот се креваше и растеше голем,брзокрил како Бореј 3). А и до соседните села стигна овој злокобен глас за несреќата. Просолзија очите на вдовиците и сираците кога ја чуја оваа тажна вест и останаа земјоделците со отворена уста како од секавица на ровја... Пролетна вецер; на прагот од вратата сњди длабоко замислена жена од средна доба, јадра, прекрстила раце на своите колена, загледана во цевката од пушката, што ја беше убаво л’снала со истолцен јаглен. Таа има геројска сила, амазонска става и вистинска женска убавина. Годините не можеа да Å ја намалат убавината, на нејзиното свежо лице уште болска волшебна младосна сочност. Тоа е Неда, несрсќната достојна мајка на Кузмана. Потонала ceгa во xaoc од горки мисли, таа впила очи во земјата, оти видела ноќта тажен сон.

Page 7: Serdarot - Grigor Prlicev

Потпирачите греди од нејзината куќа едновремено, со

голем шум и сила, се срушија. Насредето останала само една греда, една едничка што ја потпирала куќата. Но и неа ја тресеа бесно многу огооки и страшни змејови. Најпосле куќата се сруши и купиштата од урнатините станаа гробои.

- Таа со одвратност го оттура сонот од себе си; црни мисли ја обградуваа неотстапно и ја опколија натрапливо мачителните ликои од, страшниот сон. И при секој шум таа дигаше намуртеното чело, како сa бара нешто, и пак го наведуеше како овенато цвеќе, оти не можеше да види она што бара. Секој минуач, жалејќи ја оваа почитуена вдовица, си ги криеше просолзеннте свои очи, и никој не се решаваше да и каже за несреќата на едничкото нејзино дете, оти тоа дете беше потпорка нa куќата, крило на мајка си и страшилите за Албанците, што како ужасни харпии 4) ја пустеа околијата и ги мачеа сираците.

Мајката веќе се готвеше да кладе на огон котел со вода, за да ги измие капнатите нозе на јунакот, а него го носеа мртов. И се надеваше кутрата да го пречека јавнал на својот коњ, како трча грабаданици, силен, непобедлив цар на сенчестите планини – тројно повеќе мил син. Оти Кузман често се качуеше на планината и ги гонеше арамиите, и горд се враќаше со својата верна дружина, секогаш победител. Но наеднаш се чу шум од стапки на многу народ: четворица гологлави Албанци, торжествено и нажалено, го носеа на раце мртовецот и испотени го положија телото пред вратата. Мажи и жени и жителите од околните места како едно тело го обградија стишно мртовецот. И од секаде идеа потресени писоци и жални риданија, како секој да оплакуеше сÙ што му е најмило на земјава.

4) Богиња на бурата.

Page 8: Serdarot - Grigor Prlicev

До трупот на Кузмана жално цвилеше коњот, од кој што струеше крв; и наведен над јунакот со гривата, тој длабоко нажален удираше по земјата. Со трепетна стапка истрчуе мајката и се двоуми, но по сенародниот плач ја погоди несреќната своја и се сети за сонот... Нададе танок писок како арсланица првостинка, на која што Å ја грабнаат дрски ловци првата рожба. Тогај се наполнија со жешки солзи и очите на анјтврдите луѓе. Плачовите го зафатија целото село. А таа ја фрли од главата шамијата и ја пушти косата и плачот изванредно нарасна. - Отворете ми пат, малодушни орачи – му рече таа на народот гневно – сакам да го видам сина ми. Зашто тажите над Кузмана, о , кутри земни створи. За него се достаточна награда солзите од мајката и риданијата на роднините. Оплачете си ги младите ваши невести и ќерки што ќе бидат пљачка на арамиите. Каква надеш имате сега, клетници! Ете, загина Кузман, што како зеница на окото си ја пазеше татковината и ве штитеше. При тој вик на мајката народот се тргна стаписано и отвори тесно патче. Како менада со растурена коса таа се фрли на мртовецот на глас плачејќи и ја гушнал до себе си неговата студена глава, како што бршланот го гушнуе стеблото на јаворот, што му го крепи животот. Плачот се креваше сÙ повеќе, и заглушни пискотници го полнеа воздухот. Многу жени ја заобиколија жалната злосреќа мајка и нижејќи утешни зборои како милогласни ластовици, полека ја одделија Неда од студеното тело. Кој смртен може да слуша со тврдо срце сладок женски глас? Албанците гологлави, пристапија со искрено сострадание, со скрстени раце на градите. Најстариот од нив рече: - И везден да плачеш, о мајко, има зошто. Ти изгуби таков син, за чии што подвизи ќе пеат со слаткогласна уста идните народни колена. Служителите на Арес 5)

Page 9: Serdarot - Grigor Prlicev

ќе ги слават неговите геројски дела и сите певци на земјата ќе те слават како мајка на герој. Ако сакаш, послушај, и не плачи веќе; јас ќе раскажам за неговите дела; свето е да се случа за подвизите на героите. – Многуто народ замолчи. Денеска утрината, полнејќи го воздухот со песни, дојдовме сто души во Стан. Да дадеше Господ да не изгрееше овој проклет ден, што ја огреа погибијата на толку борци! Но некаков зол демон не турна кон стрмни пропасти! Премили роднини, опитни во битките, видов како се префрлаат како риби. Мнигу мајки синои си и жени мажите ќе си ги оплакуат мрачно. Грабнавме десет овни од блиското бачило, овни одлично згоени. Други се спуштија во Стан и кршејќи врати, побара чист пченичен леб и од рацете на родителите ги грабнаа десет деца да им служат при јадењето. Ама Господ на несреќните го виде од своите височини тој ужас и нададе уво да го чуе стенчивиот глас на невините. И како бич божји се јави јунакот, кој што беше си намислил ужасни цени... Ги заклавме овните, и откако ги одравме вешто, ги наденавме на ражен, а нивната крв ја вцрви црната земја. А малку по тоа се готвеше да се истури како црвен порој на истата земја и крвта на храбри јунаци. Никој пат не можеле да избегнат од окото на творецот синоите на неправдата. Тогаш запаливме пет огнои и на секој од нив се вртеа по два овна. Штом сеизделивиот огон го испече месото, откако ја изгаснаа жарта, седевме радосно по десет души под дебелата сенка од дрвјата. На јадењето се нафрливме како изгладени јастреби што виделе дебело месо, и лични прислужници ни подаваа со земјани кани пресна вода. И кога си подаваа со земјани кани пресна вода. И кога си го наполнија стомахот, дрскитевојници ги задеваа прислужниците; отсекаде на трпезата се удираше во необуздани смеи, а тоа беше лош белег. 5) Бог на војната.

Page 10: Serdarot - Grigor Prlicev

Очите на навредените се полнеа со солзи, како да се готвеше

некакви, несреќа за сите , а децата молчејќи се црвенеа како божурига. Јас остро ги укорив гибачите, но необузданите млади не отстапуваа пред советот, на старите, оти страшната божја одмазда веќе висеше над нашите глави.

Во тоа време болскавито сонце се беше издигнало среде небесниот свод. Одненадеж сред викоите на пијаните, се појави страшен коњник геројот, водејќи десетмина, јунаци. Секој од нив сакаше да ги нападне ненаоружаните; Кузман одречно мрдна со главата, им вдахна храброст и веднаш прати кај нac гласник за бој. Обезкуражени гибачите почнаа да се наоружуат полека, исплашени од смртта, и чуствуваа дека им се смрзнyе крвта во жилите. Сеќавајќи се за навредите, Кузман веднаш викна:

Бидете мажи, храбри деца на Река; нe плашете се од ништо пред нечесноста: сега да се покажите смели. Ако некогаш вдовица со чисто вино ја уталожуела вашата пламена жедност, ако некојпат сираче со почит и засмеано лице ви бацило рака, ако секој од вас имал почесно место во гозбите и со тоа се гордеал, ако каната со вино ви се давала најпрво вас и секој излегуал насмевнат пред вас, - да се сетиме зa сÙ тоа и да се покажеме храбри, за да нe рече никој за нас дека лошо се фалиме и залудо се гордееме, недостојни за чест. Напред. Судбината ни e , скријана без промена во скутот на творецот.

Кога го рече тоа тој возбуди смелост кај секого и се спушти, јавајќи на коњ, држејќи двоостара сабја, убава изработка од Дамаск. Десетмината борци со трчаница го следеа трчањето на неговиот коњ и се спуштија со викање, како вихрогона далга во разговор на битката, дишејќи гнев и лутина. Геги паѓаа многу и паѓајќи се тркалаа по земјата. Но битката беше неравна и, според како што им беше пишано, паѓаа и неговите борци, оти немаа ни железни гради ни бакарни раце, а беа и тие родени од мајка.Тогаш сам твој мил синннаеднаш ја зеде целата тежина на борбата и во редоите на непријателите се спречи сам како со сто раце гигант.

Page 11: Serdarot - Grigor Prlicev

Коњот се впушташе како што го водеше желанието на силниот вјавач и виткав како змија, си пробиваше пат меѓу непријателите, спасуејќи го својот мил вјавач. Тој го тераше сред борбата, брзо како секавица :секој негов поглед беше гром, секој удар – смрт, и во ист миг и напред, и назад, насекаде, вртејќи го своето остро око удира со сабјата таму, каде што е опасноста најголема: црната земја се вцрвенуваше од албанска крв. Отварајки широко ноздри, коњот ржеше од лутина, горд соучасник во побета, и ги газеше трепетните тела на паднатите. Жално офкање се разнесуеше. И пред исплашените очи на Албанците тој се покажа како страшен крвожеден демон, гласник за одмазда на угнетените, што накажуе насилнички дела. Никако не прилегаше на смртен во разговорот на битката; под неговата сабја паѓаа Албанците како златни класои под српот на жетварот. Му падна жал на Махмуда водачот заради нашата погибија, и се спушти во борба како орел, сакајќи да стапи во битка со Кузмана. И веднаш застана спроти него, и ги сви веѓите со страшен поглед држејќи во двете раце огнодишно орушје и јатаган во рстата. Сер чу двојно силно пукање од оружјата. Два куршума излета барајќи јуначко месо ;едниот го закачи левото рамо на геројот, каде што клучната коска се зглобуе со лопатката, а другиот со голема брзина се закачи во правот на земјата, откако исфучи залудно, без да закачи топло месо. Горко насмевнат јунакот по тоа се спушти, и откако се исправи коњот, пред да ја грабен Махмуд рачката на својот јатаган, го испревари и ја дигна веднаш сабјата дамасклија и ја управи правилно од лево на грлото на Мухмуда, каде што грлото, излегувајќи, грдо се дига над телото. Јаката маса на коските не можеше да го запре силното железо – тоа лесно стигна до десната мишка, одделуејќи месо од коски. Така дрвар во гора лесно пресекуа здрава дабова гранка. Падна прво главата и десната рака на албанскиот војвода: сетне падна и сам, тој на кун од трупои, што ја покриваа земјата, и бликнаа пенести струи топла крв од л утата рана.

Page 12: Serdarot - Grigor Prlicev

Многу рани беа го нашарале јуначкото тело од Кузмана, и многу ги беа закачиле длабоко и внатрешните деловиелои низ преградата на ребрата. Тој сам уште с ебореше, ненаситен на крв и , дишејќи гнев и лутина, како неугаслив огон, беснееше, а од ранте му бликаше топла крв. Но кога пресекна кај него животниот извор, наведуејќи ја бледата глава, тој прошепоти некакви зборои и часом падна од коњот со голем шум. Така даб, победител на ветрои, најпосле се навалуе под тежината на раните од секирата на корабосторителот, но заедно со тоа го смачкуе при паѓањето и смелиот корабосторител. Тоа го раскажа Албанецот, а мајката што го гледаше дотогаш како изумена, припадна кога чу сÙ и горко затажи оплакуејќи го својот мил син. И наеднаш многу собран народ одговори со плач како бранои по долг морски брег. Откако се наситија од писоци и плачои, раскажувачот го рече ова: Не тажи го, жено, Кузмана. По волјата на творецот тој во рајот се радуе на неискажани задоволства, и само плачот твој му ја мати душата, оти падна славен, бранејќи ја геројски родната земја – не како злосторник што го гони Темида 6) и го фрла во мрачна јама, нити како задушен од наказ или од гибелен глад, нити како удавен од талази, нити кладен на постела, како жена од долга и тешка болест, - но во убава битка, отплатник за насилнички дела, носејќи поранешни рани, задавајќи голем страв, откако истепа многу непријатели. Тој сам уби мнозина во страшна борба, и јас ќе ти раскажам само за првите герои; падна многу народ: Јакуп, широкоградниот, непобедлив во борба, кој што, кога го фати исполниот Карал за папук, како камен го фрли пред многуто народ, па утробата му се истури. Рушит, многубогатиот, облечен во 6) Гогиња на правдата

Page 13: Serdarot - Grigor Prlicev

посребрени алишта, јаснозвучен свирач, вешт за чудесни ора, опитен и во страшна битка. Селман, мустаклијата, кого што стариот му татко на умирање го благослови со голема радост, оти си одмазди за крвта на помладиот брат, кога му ја пресече главата на Алија. Ахмед, опалениот од сонцето, што го обеси во гората светиградскиот кадуја, оти го виде дека се обидуе да ја обесчести жената на соседот. Опитниот мерач Абдурахман, на кој што упоритиот куршум секојпат погаѓаше и , како што си летаа птичките и го сечеа воздухот, ги убиваше без мака; само сега не погоди оловениот му куршум; дури како изумен ги гледаше убиствата, падна и тој – ерген, оставајќи ја во длабоката тага својата стара мајка; тој живееше во Малесија, каде што патник што моли секаде навоѓа скријалиште, дури и да убил и со намерение мил син или брат на домакинот; па дури и султанот да го побараше од него скријаниот и да заплашуеше со смрт, малесиецот не се колебаше да си ја пролее и крвта, за да го спаси тој што моли за заштиа. Сулејман, што си ја беше продал куќата слушајќи го силниот порив на младоста, сакајќи најповеќе од сÙ да се снабди со убаво домакинско оружје. Емин, што барајќи смрт, се фрла во Дрим, татко на боженствениот води, и матицата го завлече, оти некогаш, пијан, навредил ненаоружани непријатели, но тогаш го виде еден рибар, се фрли во талазите и го спаси; Кузман денеска му ја пресече жицата на неговиот живот – така му било пишано! Чан – Јок, гостољубивиот, на кого што куќата беше отворена за сите, родом од планинскиот Шпат, каде што живее смешното племе од смртни луѓе;тие исповедуат и Мухамедова и Христова вера, празнуат мешано празници, имам и поп заедно пеат над гробишта при погребните обиди. Синот на Абдула,Елеас брозногиот, што летајќи како ластовица го преминуеше местото за наттрчуење, а да не остави ни трага од своите стапала по правот: ама не му поможија ни најмалку нозете на Елеас од страшната сабја заспа вечен сон, оставајќи млада невеста вдовица и девојче сираче. Најпосле дивиот Махмуд одличен во сÙ како бик меѓу волои него сите го

Page 14: Serdarot - Grigor Prlicev

викавме војвода, и го имавме како Господ. И ситe тие беа водачи на Албанците. А многу народ паѓаше. He ќe ги споменуам сите, нити пак ти, жено, ќе сакаш да чуеш сÙ. Од сто учесници во битката другите сите ја напоија со својата крв земјата, и од, сите самао иие четворицата останавме живи, го избегнавме ножот. И нажалени ти го донесовме на своите рамена како награда телото од Стан; не го оставивме да биде храна на кучињата и грабливите птици, оти му прилегa тажно погребение, за да разбере секој како го почитуе албанското плeме геројството. Често пати во Одрин сум гледал зачуден бестрашни руски војници често сум Å завидувал на елинската земја, хранителка на одлични борци, оти остарев во битки и многу гробоги видов, служејќи му на Шкодралијата. Но не сретнв маж како твојот син, во толку , борци. Блажен да бидат за век, о жено, твонте гради што го исхранија. Co гојно здраво млеко си го доила и достоен се покажа зa него - падна славен, и никако не го усрами родот свој, во рацете на сјајната победа...Куќата, што ќе чуе, о жено, твоите силни плочи ќе биде света; и ни еден храбер Албанец не ќе тропне на твојата врата да бара досадуејќи ти гозба. Mногу paja e готовa да го нахрани Гегата со многумесна трпеза; има многу богати. Јас секојпат ќе го имам на чест овој покрив, каде што мајката на Кузмана ја поднесуе својата тага. И ете -- страшна клетва даваме, и нe ќе се рече дека некојпат Албаиецот ја згазгил својата клетва. И веднаш сите се наведноа заедно со пиете пред телото на мртовецот, стиснаа јако крстосани раце пред умрениот и се заколнаа со света клетва: „Се колнам , јунаку , пред тебе , никогаш да не ја нажалам твојата мајка; нити пак ќе допуштам , доколку зависи од мене , друг смртен да Å додева на куќата твоја .“

Така се заколнаа Гегите , деца на чистото колено на многугласните Пелазаги . Неда , како погодена од рофја , со вкован поглед го гледаше водачот , безгласна како риба , но најпосле му одговори многу луто, оти жалот ги

Page 15: Serdarot - Grigor Prlicev

стегаше мајчините гради, и гнев бликаше од нејзините усни.

Зар пак, о грабачи и скитници боси, имате лоши мисли? Зар пак, разбојници, кроите скришум кражби, убиства и грабежи? Зар не се сеќавате, клетници, како страшната божја рака пред малку ве смачка и сосем ве разори? Или диво се радуете дека загина Кузман? Ho и други боргци Река ќе ги воскресне, и како нивни води во плапините јас ќе тргнам по вашата трага, дури да ве затрам или да загина. Зошто ми е животот, ако не барам оиплата за крвта на сина ми? Поарно ќе барам во батки или смрт или победа, ако е тоа желанието на Бога; со радост ќе го отфрлам товарот на животот, за да го видам пак сина ми. А ти залудо го фрлиш како одличен јунак, бидејќи си негов непријател по вера. Храброста нема потреба oд вашите итри пофалби; дароитe на непријателите се омразни. Не ми е мил венецот штo гo плeте лошотитијата, која што крие други замисли. Расплакани Албанки, нa коj што им Кузман истепа толку души мажш, му плетат фалби, прикажуејќи за славата и подвизите што си ги видел и што ги паскажа. Од кротката раја, вели вашата клетба, Албанецот ќе си ја бара дневната храна, и само покривот на Кузмана ќе биде почитуан. Туку со такви зборои и клетви не ме залажуеш. Мојата куќа е света, многу железо има во неа, многу барут, и Неда е достоен заштитник. И ако со вас заедно дојдат и мнозина други, таа смело ќе ве дочека, надевајќи се на божјата помош, и со крв че ја запечати борбата. Но бидејќи сте го носеле на рамо умрениот Кузман и сте поминале долг пат, сметам дека е против законско да започнам прво против вас крвава битка, затоа нека секој од народот дадде збор, колнејќи се во вистинска верност, дека не ќе врши грабеж во границите на многумачена Река. Инаку, денеска започне војната – не може да бидам среќна, ако татковината ми е во мака.

Рече... и народот растрепен ја чекапе земјано разврската на драмата, а Албанците се чудеа на силната природа на гордата жена.

Page 16: Serdarot - Grigor Prlicev

Најпосле секој даде збор, колнејќи се пред многубројниот народ дека не ќе врши грабеж во границите на многунамачената Река.

Тогаш Неда го крена мртовецот -- огромно бреме, ама лeceн во рацете на мајката. Народот со плачење се приближи како далга, и патната врата скрцна многу силно како рикање на бик. Немаше пат за врвење, и широкиот двор од куќата ce наполни, a мнозина останаа надвор. И насекаде народот се стегаше со плач, и секој сакаше да ја фати овиснатата глава на Кузмана и да го целива неговото чело. А мајката, натоварена со лесноносното бреме, гологлава, со cилнo офкање се искачи по ретките стапала нa високите скали. И го кладе мртовецот на високата постела, каде што престарела жена чекаше равнодушно, и гo покри со проѕирна коприена крпа.

Како само ти о жено, стоиш бесолзна меѓу сите што плачат? - Таа жена со железно срце, со црна шамија, е калугерката Фотина. Мнозина таа пспратила во темнината на гробот. Постојаното гледање на смртта Å го беше стврднало студеното срце нa калугерката, а штитот нa молитвата беше Å го укреил нејзиниот ум. И ете ја како карпа стои против јароста на далгите; недостапна за солзи, спокојно го слушна страшниот пискот. Таа го соблече мртовецот и се покажаа многу тешки рани. И мајката, кога ги виде облините потоци крв, веднаш, како поулавена, целата треперејќи, си ги покри со двете раце очите како да ја гони еринија7) и, нишајќи си ја главата како лист, падна кутрата полумртва. Надојдоа многу жени, го кренаа од подот нејзиното мртво жолто и одмалексано тело и Å попрскаа со студена вода по слепите очи. Кога cи дојде на себе си, офна силно и отвори очи пак за плач, солзи и риданнја.

Откако го кладе в корито слечениот мртовец, старата туpи млака вода, што ја беше Неда приготвила; таа се надеваше да го искани жив покојникот. Калугерката го искапа мртовецот и во густото време, сред светата тишиина, еднозвучно ги пееше

7) Богиња на одмаздата

Page 17: Serdarot - Grigor Prlicev

сите страданија нa Joв и се присмеваше на земните работи. Песната беше бестрасна како нејзиниот образ, но течеше кристално како поток, што тече полека по песочното корито и ја заситуе жедноста на патниците. Така библијата јa наситуе како балсам секоја неутешна тага на душата. И збороите ги разжалуваа душите на жените што беа таму, само Неда плачеше и нe сакаше кутрата да чуе утеха. Песната веќе свршуеше и старата, со опитност беше го искапала многуоплакуваниот мртовец, геројот од Река. Таа им даде на жените да го кренат белото како крин тело од Кузмана. Прва мајката се пушти и без мака го крена како овенато цвеќе. Начас многуопитната бабичка му облече копрпиена кошула, танка како пајажина, a после посребрена руба, што ja нoceшe Кузман на весели празници... Така млада мома облекуе co песнн младоженец за брачен обред. И мајката така накитен гo пренесе пo чардак со висок таван, чудна творба на мајстори. Го кладоа во мека постела, и околу неа наседнаа жените одлнчни тажачки. Неда сама им даде знак за неискажно тажење. Таа со расплетена коса почна да го оплакуе своето мило дете, со рацете кладени врз него.

Како младоженец -- рече таа - се надевав, Кузмане, да те облекуат со песни весели моми и и во тој твој чардак да јачат весели свадбенн ора. Со писани цвеќиња го украси искусен мајстор таванот од младоженскава стаја, и радосно канејќи за свадбени веселби, бочвата кипи со вино. Торжествено беа испратени на свршеницата ти одлични свадбени дарои, оти веќе наближил часот за венчило. О, злотворна променливост на судбината! И сега ти слушаш погребно тажење на наместо слатка свадбена песна, и наместо брачна одаја имаш бездушен мрак нa темниот гроб.

О! не ќе лулам твое чедо на рацеве. Ти беше потпрка на куќава. Со себе изгасна родот. Немам друго дете, не ми остапуе друга надеж. Госнод, творец на сÙ, го остави со еден родот на многупочитуениот Раде, и сега мракот на смртта ја голтна неумолимо и оваа една фиданка. Стајко беше едничка рожба на

Page 18: Serdarot - Grigor Prlicev

Раде, а ти едничка рожба на Стајко. Сите загинаа славно во битките. Ах, неподносливи страданија ме притискаат. - Новага рана ја отворуе старата, син и маж оплакуам денеска заедно, јас сирота , и од новa болка се свива срцето мое. Уште се чуди со ужас целото албанско племе на татко ти Стајка, силен сердар, мил другар на победата , што ги плашеше сите како што изгладнет орел плаше зајаци, кога ги нападне. И тој загина прочуен во Дебарца кога се биеше со Дервиш-Муча. А ти остана детенце, ме веселеше кога бев нажалена, и си растеше бујно како фиданка. Со восхит ти слушаше да ти раскажуам за победите од татко ти и тoa ти беше непријатно. Kога слушаше за неговото убиство, Твојот пламен поглед фрлаше огнени искри и, поцрвенет од лутина, ти се колнеше да си одмаздиш крвно за татка си. Замислен и бегајќи од големиот шум на врсниците, ти беше овладан од силни мили; на сон гледаше битки, а на јаве дома играчски ти беа оружјата. Често те гледав како опашуен тежок меч и одиш гордо, како си зборуеш таинствени пламени зборои, замислуејќи си битки и убиства. Кога порасна, ти изврши дела, од кои што затрепери од страв секое племе од твоите непријатели. И од нивната уста чув за тебе пофалби вечно неувенливи. Твојата двоостра сабја славно ја прероди Реката, што пиштеше како пиле во остри оролови нокти, поднесувајќи ги навредите на Албанците по смртта на славниот татко. И ти сега брзаш, сине мој мил, да земеш лавров венец во блажениот крај, каде што задоволствата се за приказна, каде што се разлеваат божествени песни, какви што увото на смртен не чуло; каде што вековите поминуат како празни часои. Таму ќе го видиш татко ти во ливада и , кога ќе се фрлиш да го гушнеш, кажи му што си сторил во светат борба, борејќи се за татковината. И тој кога ќе ги рашири рацете да го гушне јунакот, засмеан да те баци. И другар во радоста ќе ви стане по малку време можеби и клетата Неда.

Page 19: Serdarot - Grigor Prlicev

Рече... И бессолзните очи на Неда беа црвени како жарои, оти внатрешната жешка тага го пресушуеше потокот од солзите. Во тоа време жените го подзедоа со припев тажењето, а однадвор безброен натрупан народ, плачејќи одгласуеше звучно. И сетне едно-подруго два хора од други жени огласуејќи оплакуваа сÙ што беше Кузман за животта рекол или сторил. Кој може да го раскаже она што го редат жените, кога тажат над мртовец. И кога дојдоа мајкпите па мажите што паднаа во битката заедно со Кузмана, го оплакуваа мртовецот и, земајќи повод од него, ги оплакуваа своите синои да не станат пљачка на кучињата. И отсекаде куќата јачеше од нивните пискоти и офкања. Тогаш Неда како елен истрча во горната одаја и со лутина го укори народот:

- Оставете го тажењето -- рече - о мажи орачи! Зошто се топите како жени во бесполезно плачење. Неколку мина од вас што имате јаки раце и лесни нозе, оставете го плачењето, прегнете кола веднаш и тргнете брзо вo Cтан. Таму лежат во правот незакопани одлични јунаци, чнста жертва на татковината. Дајте ги, макар и мртви, ва несреќните мајки, за да ги закопаат и искажат со почит своите деца, отн гробот и тажењето се награда за умрените. Рече... И часом се исправија четворица лични едноврсни момци и брзо се спуштија во куќата на мпогуимотниот Фоти. Извлекоа три леспи коли што беа во крајната суштина; ги порравуија дабовите процепи и ги намачкаа со катран дупките на клоцата. И во секоја кола пpeгнaa близнаци чифтои црни биволи и, откако се помолија од срце, дигнаа раце кон Бога, дојдоа до стрмните птишта на многунадиплените планини. Се потат брзајќи говедата, а страшно е крцкањето на оските по патот. Водач на колите беше опитен стар маж, што многу чул и видел. Тоа го правеа тиe. A една несреќна мома, затворена во својата одаја, го оплакуеше своето либе Кузмана.

Page 20: Serdarot - Grigor Prlicev

Која беше таа? Таа беше Mapиja, со убавите клепки свршеница. Томе, нејзиниот стар татко, ја имаше како едничка надеж, а таа знаеше многу занаати, нa кој што ce учат моми држејќи игла или совалка в нежни раце. Taa не дојде да го накити својот мртов свршеник со неколку погребни цвеќиња, оти во Река е срамота да се слуша моминско тажење. Како невини птици, момите, затворени пред свадбата, пливаат во хаосот на своите мечти; нив само Господ ги гледа, и ѕидоите на одајата ги кршат нивните писоци. Како што го ткаеше платното, таа го чу плачењето, и почнаа да Å се јавуат жални мисли, и тогаш стариот Å татко, со солзи како дожд дојде како гласник за несреќата. - Време е за солзи... Кузман загина, мила ќерко, во Стан како победник над непријателите. Дома жени го тажат во жална руба и плачот е железен. Откако ја скри пред татко си макта и својот жал, момата се покажа спокојна - и дури не заплака, само обледе како проздрачен килибар. А старецот излезе и се оддалечи, мислејќи за друго мажење. О, сиромашкиот, никојпат не ќе стисне внуче во своите раце. Девојката кога остана сама, ја искина својата шамија, нададе жален вик, ја расплете својата долга коса и, откако се потури со пепел, ја презре својата света убавина и плачејќи рече: - О пропаст, о маки, о несреќен ден ! Жалностен отсега ќе ми биде животот - бескрајна ииза од солзи. И само во гробот, јас сиромашка, ќе најдадм балсам за мојата душевна мака: Како ме напушти, Кузмане, Кузмане, и каде ја оставаш толку саканата своја свршеница? Не ќе те видам веќе да носиш па гордиот твој коњ сјаен трофеј! Hити да cjaеш меѓу веселите момчиња на орото со оружјата! Ах, да бев со тебе наоружана како јунак, со сабја в рака, и место тебе пречекуејќи ги стрелите на Албанците да умрам како твоја закрила. Ќе се спуштам како менада да ги раскинам во планините твоите крволочни убици. Но залудо! Нежната мома ce плаши од огнот на битките, и paката ми е слаба.

Page 21: Serdarot - Grigor Prlicev

Пред тронот на севишниот ќе кренам глас лиејќи жешки

солзи. Можеби милостивиот творец ќе те врати жив на моите молби, Кузмане. Нo кој смртен се вратитл од жилиштето на оној свет! Харон8) е силен и заради мене Бог нe ќе ги мени вечните закони на природата! Ќе станам прислужица во домот на Господа и ќе носам црна руба за да не може никогаш смртен да ја оскверни мојата постела, макар и да има божествена убавина. Можеби со плачење ќе го омилостивам Бoгa со моите бессони викои да ме соедини, милостивиот, час побргу со тебе во покојот на праведните. Често ти велев: „Кузмане, не cи гo изложувај животот во шумот нa битките! " Но ти, јунаку, сакаше сÙ да изложиш на опасност заради несреќните. He cи веќе жив.И кога сладок сон ќе ги заклопи моите клепки, во тишината ќе те гледам во соништата сјајен каков што беше на земјава. Оф, сонце, како ја распрскуеш денеска својата cjajнa светлина и не го почитуеш геројот! Угасни во океанот, не изгревај веќе, откакo почина Кузман...

Рече... И веднаш како поулавена ја преврте целата покуќнина, н нејзииата мака растеше. Така го оплакуеше Марија другарот на своето срце.

*

Близу до Галнчник има еден свет рид, целиот насаден со врби. Kpaj нeгo поток тече брзо како змија и лее кристални води. Таму светлината на сонцето одвај може да приѕне. Најпрво таму во сенчестите гранки се јавуе кукавицата, за да извести дека иде пролетта, и извија тажни звуци. Замислен патник седнуе задишен таму под стара врба и, слушајќи го чрчорењето на птиците и веселото шумолење во ладната сенка, не му се сака да си отиде. Радосната природа вели: „Остани, човече, уште малку “. O вој рид е живеалиште на умрените, што го крие правот на мртвите од Галичник. Големите градежи на владителите немаат таква убавина. Знакот на тагата,

Page 22: Serdarot - Grigor Prlicev

темјанушката,само тамy цути како скромна цветна покривка. Така под посланиот килим се затскриваат гробоите со сините цветои на темјанушката, да никој не може да ја види земјата - толку густо растат! Кога ќе јa осети оддалеку чудесната миризма, патникот и без да сака се излажуе, ја заборава целта нa својот пат. Таму често жена со црна шамија ги оплакуе своите најмили.

На врвот на ридот се гледа мраморен споменик меѓу другите. На плочата е убаво исписана мртовечка глава со надгробни знаци. Под мраморивот крст има еден отвор откај западната страна; внатре во него светка неугасно кандило. Таму лежи Кузман.

Еднаш во годнната ги гледа човек момите од Река, кои што на врвот на ридот, накитени со темјанушки, слаткогласно пеат фалбени песни за геројот. Секоја вечер мома во црно расо како сенка оди таму нажалена, носи маслениче во рацете и ja подржава да не изгасне светлинката на кандилто. Таа ја кити со темјанушки написаната мртовечка глава, лиејќи жешки солзи, оплакуејќи си го милиот сврниеник. Таа е Марија, несреќната ќерка на Томе. Нејзината овената убавина уште свети над расото со голема пријатност. Милниот поглед ја фрла во мечти нежната душа на секое момче. Но во негo јасно ce гледаат цртите на скрпта како јасен отпечаток, и на нејзиното сјајно чело се одразуе јасно тагата што го раскинуе срцето. Како калугерка во божиот дом таа служи тешко нажалена. Руменината на лицето Å овенала од маките. Се топи како восок. Избегавајќи го постепено дружењето со луѓе таа беше замислена. Често си шепотеше таенствени зборои. Најодзади селаните ja сметаа за побудалена.

Слеп пројак, прочуенн, свирејќи нa двоструана гусла крај пат, го пееше ова, а јас прост запишуач слушајќи ја запишав точно оваа негова песна.