АМАК ПРЕС 107

24
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina VI - Broj 107 25 Fevruari 2009 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 ИНТЕРВЈУ ВЛАДО ЧИНГОСКИ ОХРИД ЌЕ СТАНЕ УНИРВЕЗИТЕТСКИ ГРАД! НУДИСТИЧКА ПЛАЖА ВО ОХРИД?! definitivno najevtino www.don.com.mk СИТЕ ЧЕСНИ, ВРЕДНИ, ИСКРЕНИ... НО САМО ЕДЕН ЌЕ ПОБЕДИ УТВРДЕНИ ПОЗИЦИИТЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК АМАК СП ВО НАЈЕЛИТНОТО ДРУШТВО

Upload: alankaou

Post on 09-Mar-2016

276 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

Page 1: АМАК ПРЕС 107

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina VI - Broj 107 25 Fevruari 2009

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

ИНТЕРВЈУ ВЛАДО ЧИНГОСКИ

ОХРИД ЌЕ СТАНЕ УНИРВЕЗИТЕТСКИ ГРАД!

НУДИСТИЧКА ПЛАЖА

ВО ОХРИД?!

definitivno najevtinowww.don.com.mk

СИТЕ ЧЕСНИ, ВРЕДНИ, ИСКРЕНИ... НО САМО ЕДЕН ЌЕ ПОБЕДИУТВРДЕНИ ПОЗИЦИИТЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

АМАК СП ВО НАЈЕЛИТНОТО ДРУШТВО

Page 2: АМАК ПРЕС 107

2 AMAK PRES

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Page 3: АМАК ПРЕС 107

3www.amac.com.mk/novini

Хотелот Палас се распаѓа и од ден на ден се уриваат се поголеми делови од ѕидовите на хотелот.Паѓа малтер, тули и бетон од ѕидовите директно на

тротоарот. Ова не е прв пат да се уриваат ѕидови околу хоте-лот и чиста среќа е што до сега никој не загинал движејќи се

по тротоарот покрај хотелот.Палас кој порано беше репрезент на охридската хотелска понуда денес е руина која се распаѓа. Неколку пати сопстве-ниците на хотелот најавија дека ќе го продадат на некој од познатите светски брендови, но тоа не се случи.

ПАЛАС СЕ УРИВА ПРЕД ОЧИТЕ НА СИТЕ

Page 4: АМАК ПРЕС 107

4 AMAK PRES

ЛОКАЛ

АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК

Охрид како туристичко ме-сто треба постојано да се развива и да се стреми кон висок туризам кој подразби-ра хотели со повеќе ѕвезди,

подразбира убави плажи, казина, јавни куќи и нуди-стички плажи како што е и секаде во Европа. Но ние кога станува збор за пла-жите немаме ингеренции, тие се под надлежност на државата. Доколку се соз-дадат услови за таква пла-жа зошто да бидам против. Јас лично ја поддржувам иницијативата, но сметам дека сега како што стојат работите, нема услови за реализирање на таква рабо-та, а како идеjа ја поздра-вувам. Како најсоодветна локација сметам дека би била некаде на потегот кај Градиште.

АНИТА АЗЕСКА ПСИХОЛОГМојот личен став е дека не-треба во Охрид да се отво-

ра нудистичка плажа, за-тоа што треба да развиваме друг тип на туризам. Иако, многумина сметаат дека тоа е придобивка на туризмот јас не се согласувам. Охрид претставува најголем ду-ховен и културен центар во Mакедонија и со самото тоа и инспирација за придобив-ките на туризмот. Немаме ни соодветна локација за да се

реализира ваквата замисла. Јас сум против и дивите пла-жи да се пренаменат за ме-ста на кои ќе има нудисти.

ИВАН ЦВЕТКОВСКИ ДИРЕКТОР НА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ.Проектот за нудистич-ка плажа го поддржувам. Нудизмот не претставу-ва ништо ново во летното секојдневие на граѓаните на Охрид. Како јас, така и мно-гу мои пријатели барем ед-наш уживале во нудизмот на некое од преубавите места на крајбрежјето на Охрид-ското Езеро. Имањето ну-дистичка плажа само ќе ја

ГРАДИШТЕ И ТРПЕЈЦА- ИДЕАЛНИ ЗА НУДИСТИЧКА ПЛАЖА

ДАЛИ ОХРИЃАНИ САКААТ ТУРИСТИ КОИ СЕ СОНЧААТ КАКО ОД „МАЈКА РОДЕНИ“

Средена нудистичка плажа спо-ред меѓународни стандарди, затворена за одреден круг на

луѓе. Со ваква плажа земјава би влегла на светската туристичка карта со нуди-стички плажи, со што ќе стане атрак-тивна за овој тип туристи. Првичната идеја на македонското натуристичко здружение, иницијатор за уредување

на нудистичка плажа е таа да биде на-правена на охридското крајбрежје. Секој странец член на здружение на натуристи, кое е дел од Меѓународната натуристичка федерација би поседу-вал членска книшка со која може да влегува на оваа плажа. Поголем дел од охридските граѓани немаат ништо про-тив на крајбрежјето да има една ваква

плажа, направена според меѓународни стандарди. Со оваа идеја се согласува и охридскиот градоначалник Алексан-дар Петрески. Но, има и такви кои сме-таат дека на Охридското Езеро нема место за плажа каде туристите би се сончале како од„ мајка родени“.

Page 5: АМАК ПРЕС 107

5www.amakpres.com.mk

зголеми понудата на Охрид и ќе ги привлече се пого-лемиот број туристи кои го прифаќаат нудизмот, кој во овој момент сочинуваат и до 30% од вкупниот број на ту-ристи во светот. Охрид има многу локации кои би мо-желе да се користат за нуди-стичка плажа, како од лева-та, така и од десната страна на крајбрежјето. Природно-ста, недопреноста, дивина-та, недостапноста се едни од предусловите за добра ну-дистичка плажа, но секако има и други фактори пред се мислам на близината на на-селението и светите места кои се битни при изборот на локацијата. Имајќи го сето ова во предвид, сите овие размислувања, мислам дека на потегот од Пештани до Градиште и од Градиште до Трпејца ќе ја видиме во ид-нина првата нудистичка пла-жа во Охрид.

КАТЕРИНА ЧАКОВСКА СТУДЕНТНудистичка плажа во Охрид дефинитивно не. Сметам дека нема потреба за такво нешто. На гостите треба да им понудиме културен тури-зам, иако ние и тука сеуш-те треба многу да работи-ме. Имаме голем број кул-турно историски знаменито-сти прекрасни места по кои сме препознатливи во цели-от свет. Охрид е град на 365 цркви на секоја педа има историско богатство и за-мислете сето тоа да го зачи-

ните со нудистичка плажа. Градот има свој белег и не треба да правиме шарени-лост од туристичката пону-да. Младите денес се повеќе ги губат своите морални вредности, а ваквата идеја сметам дека се повеќе ќе ги отргне од правиот пат. Не-верувам дека некој пријатно би се чувствувал да шета без парче облека на себе.

МИХАЈЛО ФИЛЕВ ЗАНАЕТЧИЈА

Охрид е туристички град и јас ја подржувам ваквата иницијатива. Нудизмот се-каде на запад па и во све-тот се почитува, па зош-то не и кај нас. Најбитно од се е да се најде соодвет-на локација, но за тоа има надлежни кои треба да водат сметка тоа да биде на некое мирно место каде нема го-лема фрекфенција на луѓе. Културата на граѓаните кај нас е поконзервативна. Се-пак доколку сакаме да нуди-

ме туризам треба да ги има-ме сите понуди на плажи од секаков тип и сметам дека токму нудистичките плажи како една новина ќе биде до-бро прифатена.

ВАСКО ЛОЖАНКОСКИ ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК

Доколку сето тоа е во за-конските рамки зошто да не се реализира и кај нас една таква иницијатива. Постои тренд и мода да има нуди-стички плажи на приморски места. Тоа е на многу поши-рок и поразгранет брег каде што може да се искомбини-ра и обичниот плажен ту-ризам и нудистичкиот. Тре-ба најпрвин да се види како е тоа реализирано на дру-ги езера кои се како нашето. Соодветна локација според мене е на потегот кај Св Наум кај авто кампот Љубаништа на некои задскриени плажи затоа што нудизмот бара ин-тимност. Најбитно е нуди-стичката плажа да е оделе-на од останатите затоа што очекувам дека од луѓето ќе има поголем интерес пора-ди тоа што ќе е новина кај нас. Доколку се успее да се издејствува отварањето на една таква плажа на Охрид-ско Езеро сигурно ќе тре-ба и посебни услови во са-мата организација различни од сегашното практикување на уреденост на плажите.

Она на што посебно треба да се внимава при изборот на локацијата е фактот што вдолж Езерото има голем број верски објекти мно-гу пештерски цркви што во никој случај не треба да се комбинира едното со друго-то

АЛЕКСАНДРА РИСТОСКА НОВИНАР

Јас сум против отворање на нудистичка плажа во Охрид. Незнам можеби сум конзер-вативен тип на човек, но де-финитивно не би сакала на охридските плажи, кои че-сто ги посетувам за време на туристичката сезона, да гледам голи луѓе а најмалку би сакала таква слика да види и моето дете. Исто така сметам дека нема соо-дветна локација за отворање на нудистичка плажа на крајбрежјето. Можеби по-рано имаше услови за тоа, кога постоеа таканаречени-те диви плажи на источно-то крајбрежје. Сега и тие се средени и се блиску, достап-ни за секого а најмногу до младите. Охрид во момен-тов не е подготвен за нуди-стичка плажа. Подобро е да се насочиме кон развој на ал-тернативниот туризам,па и на елитниот отколку да гле-даме голи луѓе покрај езеро.

Сузана Вренцовска

Page 6: АМАК ПРЕС 107

ЛОКАЛ

ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОХРИД Во октомври годинава

во Охрид ќе прорабо-ти државниот Универ-

зитет за информатички техно-логии. Во рамките на Универ-зитетот ќе работат пет факул-тети, за компјутерски науки и инженерство, за комуникаци-ски мрежи и безбедност, за ма-шинска интелигенција и робо-тика, за информатички систе-ми, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника и факултет за информа-циони теории и анализи.“Уште еднаш покажуваме дека ние, во ВМРО-ДПМНЕ, правиме се што е во наша моќ, нашата таткови-на и нашиот град, да фатат приклу-чок со најсовремените текови на но-вото информатичко општество, наши-те експерти да останат во татковината, нашите идни дипломци да предничат со своите знаења во однос на наивни-те врсници од регионот. Овој универ-зитет ќе биде нова голема инвестиција во нашиот град но и предуслов за отворање на нови работни места, мам-ка за привлекување на странски инве-ститори и отворање на нови високо- технолошки компании, што е посеб-но значајно, и што потполно се вкло-пува во нашите визии за натамошни-от развој на градот- ваквите компа-нии како што покажува и светското ис-

куство се многу профитабилни а еко-лошки потполно безопасни“, истакна на прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафи-лов- Нанче.Неодамна при посета на Охрид, пре-миерот Никола Груевски изјави дека најверојатно Универзитетот ќе биде привремено сместен во просториите на Домот на Армијата во централно-то градско подрачје, односно дека тоа нема да биде конечното просторно ре-шение. “Во првата,почетната година од работењето, на 5-те факултети ќе се запишат по 50- 100 студенти онол-ку колку што дозволува просторот, со тенденција тој број од година во годи-

на да се зголемува. Секако во наредните години, универзите-тот ќе се развива и проширу-ва, намерата ни е да формира-ме универзитетски кампус, по-знат и признат во Европа. Во универзитетот кој ќе биде поди-гнат по американски стандарди и норми ќе има ректорска упра-ва, простории за изведување на-става, библиотека, студентски дом и спортска сала. Наскоро ќе се распише конкурс за избор на Ректор по што ќе следи и кон-курсот за избор на наставниот кадар. Дел од професорите ќе

бидат светски стручњаци од информа-тичката сфера, а наставниот материјал ќе се предава на англиски јазик. На 5-те факултети ќе се запишуваат сту-денти од земјава и странство“, истакна премиерот Груевски, додавајќи дека со отворањето на новиот Универзитет за информатички технологии ќе ни се от-ворат вратите кон Европа. На 7 јули минатата година во Маке-донското собрание беа поставени прав-ните темели на овој проект, а на една од последните седници пратениците го изгласаа законот за отворање на нови-от најсовремен, Државен Универзитет за информатички технологии. Ангела Белевска

ВО АРМ ПРИВРЕМЕНО СМЕСТЕН НОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

Page 7: АМАК ПРЕС 107

7www.amakpres.com.mk

ОХРИД СО ПОВЕЌЕ СПОМЕНИЦИ И СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈААктуелниот градоначалникот

на Општина Охрид и канди-дат за таа функција од редо-

вите на СДСМ, Александар Петрески, ги усогласи своите ставови со владеач-ката ВМРО- ДПМНЕ, дека на Охрид му се потребни споменици и спомен обележја на значајни личности од на-шата историја.“Ќе изградиме споменици на пет-мина наши револуционе-ри во централното град-ско подрачје“, неодамна на прес конференција изјави градоначалникот,Петрески.На ваквата изјава на градона-чалникот реагираа надлежните од ОК на ВМРО ДПМНЕ кои се пријатно изненадени од вак-вото еволуирање на градона-чалникот.“Во секој случај сме пријатно изненадени и зачудени од сме-лоста на Петрески но воед-но и загрижени за неговата по-натамошна партиска припад-ност. Додека неговата матич-на партија фрла дрва и камења по владините проекти за из-градба на споменици и спомен обележја на градителите на на-шиот идентитет и историја, тој со ваквите негови изјави и ста-вови целосно ги поддржува и прифаќа тие проекти. Но секо-гаш тука се појавува една ниш-ка која насочува дека станува збор за негово лицемерство и маркетинг и укажување на еден лажен патриотизам. Или пак во крајна линија СДСМ ја прифа-ти програмата на најголемата владејачката партија, а тоа особено не радува“, истакна Спасе Панџак член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.Иако портпаролот во Локалната само-управа, Никола Манески во телефон-ски разговор не информираше дека изјавата на градоначалникот Петре-ски за спомениците ја сведува само на идеја затоа што таа најпрво треба да се преточи во одлука која ќе ја изгласа оп-штинскиот совет,нам како редакција

познато ни е дека на последната мина-то годишна седница советот ја изгла-са одлуката за градење на споменик на Христо Узунов пред неговата спомен куќа. За потсетување, во Новогодишниот број на АМАК ПРЕС – Охридски но-вини едно од прашањата на интервјуто водено со директорот на Управата за културно историско наследство Паско

Кузман гласеше:-Неодамна советот на Општина Охрид ја изгласа одлуката за градење на спо-меник на Христо Узунов во близи-на на куќата што нему му е посвете-на. Иницијативата е на Здружението за афирмација на МПЦ “Богојавление“. Каков е ставот на Управата за Култур-но историско наследство околу ова прашање?Одговорот на Кузман, гласеше:

-Јас прв пат од вас слушам дека некој сакал да прави споменик тука. Знам дека пред куќата на Христо Узунов има спомен обележје на Коста Абраш. Но планот мора да ги помине сите за-конски процедури. Станува збор за за-штитена зона за која не се важни тол-ку ставовите или согласноста на градо-началникот и советот. Мора да се почи-туваат строгите законски прописи, да

се добие согласност од Завод и музеј и од Управата за култур-но историско наследство. На државно ниво знам дека се пла-нира градба на културно исто-риски монументи од тој вид. Таа акција веќе тече во Скопје и други градови. Сигурен сум дека во втората фаза ќе биде опфатен и Охрид и дека тука ќе се изгради не само споме-ник на Христо Узунов туку и на Цар Самуил. Неговиот спо-меник ќе биде поставен на са-миот влез во цитаделата каде што се гледа црквата. Во овој град пред се мора да се изгради споменик од нашиот Цар Са-муил, а потоа и споменици од Христо Узунов и Методи Пат-че и секако споменик на Гри-гор Прличев кој е европски ин-телектуалец од 19 –от век. За ова прашање мора да се раз-мисли покомплексно, не само Христо Узунов постојат и дру-ги личности од историјата кои го заслужуваат тоа. Ова е добар владин проект. Да не забора-вам. Според мене задолжител-но мора да го изградиме споме-

никот на Св. Наум. Го имаме спо-меникот на Кирил и Методиј, оној на Климент,тогаш мора да го изградиме и споменикот на Наум. Идејата за град-ба на споменик на Христо Узунов ќе ја поддржиме ако одговара на просто-рот и секако доколку одговара видот на споменик согласно постоечката окол-на архитектура. Во никој случај кичот нема да го дозволиме. Ангела Белевска

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТРЕСКИ СЕ СЛОЖИ СО СТАВОТ НА ВЛАДИНАТА ВМРО-ДПМНЕ

Page 8: АМАК ПРЕС 107

8 AMAK PRES

ПОЛИТИКА

СИТЕ ЧЕСНИ, ВРЕДНИ, ИСКРЕНИ... НО САМО ЕДЕН ЌЕ ПОБЕДИЗа првата фотелја на

Охрид на престојните локални избори бит-

ката ќе ја водат шест кан-дидати. ОИК го изврши ждребањето за редосле-дот на избирачкото лив-че. Прв на листата ќе биде кандидатот од редовите на Нова демократија Вас-ви Доко, втор Боро Пав-ловски од ЛДП, кандида-тот на ВМРО ДПМНЕ Ки-рил Трендафилов-Нанче ја има третата позиција, Томе Гиноски од ВМРО НП е четврти, актуелниот гра-доначалник, кандидатот на СДСМ, Александар Пе-трески ќе биде на петтата позиција, а како последен со реден број шест ќе стои име-то на кандидатот од НСДП, Ацо Попоски. Сите кандидати за иден гра-доначалник задоволни од редниот број. Секој различ-но толкувајќи го бројот ед-ногласни се дека токму тој ќе им донесе среќа на избо-рите, но и со исти ставови кога станува збор за нивните квалитети и начинот на кој ќе ги освојуваат симпатиите на охриѓани.Васви Доко- Бројот еден си-гурен сум дека ќе ми донесе

среќа. Прв на листата прв на изборите. На Охрид му тре-ба градоначалник кој ќе раз-мислува за сите без да пра-ви поделби на граѓаните. Симпатиите ќе ги освојам со мојата искреност, отворе-ност и чесност, со проекти идеи и можности за туризмот

во Охрид да биде активен 12 месеци како и помрднување на економијата во градот.Боро Павловски- За крајниот исход и резултати-те од изборите пресудни ќе бидат програмите и лично-

ста. Сепак како бројка 2 мис-лам дека ќе ми биде среќна, задоволен сум што сум горе на листата. На овие избори очекувам да има еден исче-кор при изборот на лично-ста. Сметам дека граѓаните дефинитивно ќе се ослобо-дат од стегите на големите партии и празните ветувања. Треба добро да размислат за кого ќе го дадат својот глас. Она што јас ќе им го ветам е добра програма, средување на локалната самоуправа, аплицирање на законската регулатива и решавањето на проблемите на граѓаните. Кирил Трендафилов Нан-че- редниот број на гласач-кото ливче нема многу да одлучи кој ќе биде побед-ник на овие избори. Конеч-ната одлука за кого ќе се од-лучат граѓаните ќе зависи од самата личност. Идниот гра-доначалник ќе треба да биде татко на градот кој ќе рабо-

ти за сите граѓани. Со многу работа и чесен пристап ќе ги освојам симпатиите на мои-те граѓани. Само на тој на-чин се постигнуваат резул-тати, а Охрид и граѓаните го заслужуваат тоа. Томе Гиноски-Се надевам дека граѓаните ќе го разли-куваат името, а не бројот на гласачкото ливче. Сепак чет-ворката е убав број кој се на-девам ќе ми донесе среќа.

Мојата професионалност како докажан хирург, мојот личен ангажман како совет-ник, мојата посветеност во се што работам ќе ги про-должам и како иден градо-началник. Тоа е она што мо-жам да им го понудам на мо-ите сограѓани на кои им тре-ба градоначалник подготвен достојно да ги претстави и да ги штити нивните инте-реси.Александар Петрески-Јас сум убеден дека и на овие

избори ќе победам. Сами-от број пет ја оценува мојата работа досега со одличен 5. Тоа е симболика дека и на

изборите ќе бидиме одлич-ни. Охрид има веќе градо-началник каков што му тре-ба. Мислам дека веќе ги имам освоено симпатиите на граѓаните.Ацо Попоски-Шестата позиција ќе биде добитна за мене. Последен на листа-та прв на изборите. Тоа ќе биде резултатот на избори-те. На Охрид му треба гра-доначалник кој ќе се грижи за граѓаните и ќе ја стави оп-штината во нивна функција. Со мојата чесна работа и мојот бегграунд како при-знат стопанственик, со мое-то минато кое покажува ис-крена работа ќе ги освојувам симпатиите на граѓаните, но

и ќе победам на овие избори. И додека изборните програ-ми на кандидатите за градо-началник стануваат се по-нереални, се поголеми се и очекувањата на граѓаните кои се надеваат дека некој ќе им ги реши нивните секојдневни проблеми и ќе им овозможи подобар жи-вот. Ќе се слушаат повтор-но старо нови ветувања, граѓаните ќе го изберат но-виот градоначалник. а по-тоа следува старата пес-на. Ќе се бара ветеното, но и очекувањата на оние кои гласале за нив. Но, набргу ќе се разбудат во реалноста и повторно ќе им биде јасно дека сето тоа биле „приказ-ни за големи деца“.

Сузана Вренцовска

КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ДОБИЈА РЕДЕН БРОЈ

АЦО ПОПОСКИ - НСДП

АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ - СДСМ

БОРО ПАВЛОСКИ - ЛДП

ТОМЕ ГИНОСКИ - ВМРО НП

КИРИЛ ТРЕНДАФИЛОВ - НАНЧЕ

ВАСВИ ДОКО

Page 9: АМАК ПРЕС 107

www.amakpres.com.mk 9

НЕФИ И КУЈТИМ УСЕИНИ ЌЕ ГО ОБЕДИНУВААТ ОХРИД

Браќата Нефи и Кујтим Усеини на голема врата влегуваат во поли-тиката и најавуваат крупни про-

мени во Охрид, за кого велат дека мора еднаш за секогаш да се обедини, да ги надмине стереотипите, да се кос-мополитизира до крај и да биде заед-нички дом за сите кои живеат во него. Семејството Усеини ќе е предводник и двигател на кампањата за заеднич-ката советничка листа на Партијата за Европска Иднина. Партијата за Де-мократски просперитет и Сојузот на Египќаните. Браќата Усеини во политиката вле-гуваат за да го прекинат лошиот кон-тинуитет на досегашното политичко делување на некои видни политичари од Албанскиот блок кои за цели две де-цении не успеаја да направат ништо ко-рисно.На прашањето зошто влегуваат во по-литиката ако се знае дека семејството Усеини е едно од поситуираните и фи-нансиски добростоечките семејства во Охрид, Кујтим Усеини вели дека тоа не го прават за да заработат пари.- Ние имаме доволно за нас и во по-литиката не влегуваме за да се бога-тиме како што излегуваат многу луѓе кои влегуваат голи и боси и после од како ќе завршат со политика замину-ваат полни со пари. Нашите намери се

чесни и искрени. Искрено сакаме да направиме нешто повеќе за Охрид , за сите кои живеат во него, од сите вери и нации бидејќи луѓето имаат исти проблеми независно од тоа што се по нација или вера. Сите имаат заеднички маки, а до сега политичарите не најдоа решение за проблемите – вели Кујтим Усеини.Браќата Нефи и Кујтим раководат со поголем бизнис кој е проширен во повеќе сфери. Тие велат дека вработу-ваат голем број луѓе, имаат пријатели од сите нации и вери и очекуваат голем број гласови од сите населби во Охрид.- Пријатели имаме на секаде. Со годи-ни негуваме пријателства со луѓе од сите вери и нации. Едноставно такви сме како луѓе, имаме пријатели Маке-донци, Албанци, Египќани, Турци и т.н. Со години сме лојални пријатели и приватно се дружиме со голем круг луѓе, на многу од нив им помагаме кога имаат проблеми и тоа е еден го-лем капитал кој всушност не се купува со пари. Пријателите се големо богат-ство, па очекуваме голем број гласови и од нив. Затоа најсериозно велам дека очекуваме гласови од Воска, Центар, Карабего маала, Видобишта, Бејбунар, па се до Велгошти, Косел и Железнич-ка – вели Нефи.Од малцинствата на листата втор е

Египќанецот Петрит Хусен. Тој вели дека Египќаните повеќе од пола век се оставени на маргините на општество-то и животот во Охрид.- Египќаните се второ гласачко тело во Охрид. Нема да дозволиме повеќе да се манипулираат и со нив да се пра-ви пазар само пред избори кога се зло-употребени на најсуров и бескрупу-лозен начин кога се вршат притисо-ци врз нив на најгруб начин, се уцену-ваат со губење на социјалната помош, се прават разни малверзации, се пра-ват обиди да се подмитуваат со некој смешни подароци како кубик дрва или пакет минерална вода – вели Петрит Хусеин и додава дека Египќаните жи-веат изолирани, исфрлени од опште-

ствените случувања во градот и прак-тично ги нема ни во администрацијата ни во јавниот сектор.- Ние сме еден мирен, плашлив и си-ромашен народ кој пола век е злоупо-требен и манипулиран, сега прв пат ќе имаме прилика да имаме советник во општинскиот совет и затоа се решив-ме да ја поддржиме иницијативата на фамилијата Усеини кои ни дадоа ви-стинска и искрена шанса – вели Пе-трит.Нефи и Кујтим велат дека со програ-мата со која ќе настапат во изборите и која ќе се реализира потоа ќе го проме-нат и обединат Охрид.- Не смее да се дозволи Охрид да е по-делен, едни делови од градот да се гра-дат, да се дотеруваат, а другите да пот-сетуваат на некое гето. Тука пред се мислиме на Воска каде ништо не се случува на полето на инфраструктура-та која е целосно запоставена. Мора да се даде шанса за поголеми инвестиции, градба и урбанистичко средување на овој дел од Охрид, за градот навистина да се обедини и да е рамномерно раз-виен, отворен и добар домаќин на сите кои го посетуваат. Охрид да се сврти силно кон туризмот кој ќе биде главен двигател на економијата – вели Нефи.

Љупчо Таневски

- ЈАС ИМАМ ПРИЈАТЕЛИ ОД СИТЕ ВЕРИ И НАЦИИ, ОЧЕКУВАМЕ ГЛАСОВИ ОД СИТЕ ДЕЛОВИ НА ОХРИД, ОД ВОСКА, ПРЕКУ КАРАБЕГО МААЛО ПА СЕ ДО ВЕЛГОШТИ БИДЕЈЌИ СИТЕ САКАМЕ ДА ГО ВИДИМЕ ОХРИД ПОУБАВ – ВЕЛИ НЕФИ УСЕИНИ АКТИВИСТ НА ПЕИ.

Page 10: АМАК ПРЕС 107

10 AMAK PRES

ИНТЕРВЈУ

СДСМ ВО МАЈ ЌЕ МОРА ДА СЕ РЕФОРМИРА

На крај сте од мандатот, 4 годи-ни го водевте советот, мислите ли дека успешно работеше советот?-За работата на советот оценка тре-ба да дадат оние кои го избраа, а тоа се граѓаните. Јас ќе кажам дека од 1996 година досега овој е најуспешен совет. Успешноста тре-ба да се гледа од повеќе аспекти , а како најголем успех треба да се спо-мене граѓанскиот концепт, успеавме во совет во кој партиските интере-си беа секундарни во работењето, а пред се и над се беше содржината и квалитетот на одлуките и тоа го кра-си овој совет и ретко кој ќе може по завршувањето на мандатите да ја по-втори оваа ситуација.

Факт е дека некои советници во-општо не излегоа на говорница, од своите усти не изнесоа ниеднаш свое мислење за ни една точка, ни еден став не искажаа на говорни-цата во советот. -Точно е дека неколку советници во-општо не ја искористија говорница-та, но, точно е дека истите тие во ра-ботата на комисиите го искажуваа сво-ето мислење, беа активни во работа-та на комисиите, што значи дека беа активни,но не беа активни на седни-ците на советот Сметате дека тоа е во ред? -Не е во ред, Но, сепак се ра-боти за луѓе интелектуалци кои сво-ето мислење веќе еднаш го дале на комисијата и нивните забелешки вле-гле во записници и заклучоци на сама-та комисија, седниците не мора да се оптоваруваат со говоранции на самата седница. Но во секој случај, и медиу-мите и јавноста коментираат дека тие не биле активни во советот. Јас гаран-тирам дека сите советници дадоа го-лем придонес во работата на советот. Факт е дека медиумите се сконцентри-раа на неколку советници, прво Петре Петрески Калимеро, кој им беше така најинтересен, потоа координаторите на советничките групи и поретко застапе-ни беа другите советници кои на сама-

та седница даваа предлози.Советот неколкупати се превираше, се менуваше мнозинството, некои советници добиваа вработувања, не-кои добија функции. Низ бизнис ку-лоарите и некои лоби групи комен-тираат дека советниците беа подлож-ни на примање мито, дека одлуките околу кои најмногу се полемзираше во јавноста поминаа откако некому нешто му било задоволено, подарено или дадено, мислите ли дека имаше корупција во советот?Дали се дава-ни подароци на советниците олице-творени во пари, станови, дуќани и слично? - Ова прашање е најексплоатирано од страна на медиумите и јавноста. Јас категорично тврдам дека во редови-те на советниците нема корупција. Меѓутоа ако се мисли дека некој е ко-румпиран и зел станови, деловни про-стори или пари тоа е предмет на дру-ги органи кои треба да го разрешат и таа дилема да падне. Точно е во делот на вработувањето, некои советници се вработија, но тоа не е за осуда ако се

знае дека секоја партија кога ќе дојде на власт ги вработува своите функцио-нери, раководни лица, тркачите и слич-но, не гледам зошто би било исклучок и некој советник да добие работно ме-сто, тоа не е грев.

Не мислите дека вработувањето влијаело на некои советници за да гласаат некако?-Можно е ама ајде да направиме аналогија со Парламентот, да види-ме од сите парламентарци дали имаат некој не вработен во било која државна институција. Милјето во земјава е так-во какво што е и непотизмот и личниот интерес се уште е примарен но, се во рамките и границите на дозволеното.

Кој одлуки што се донесени ги издвојувате како најзначајни?- Самиот факт дека се одржаа 63 сед-ници на кои се донесоа повеќе од 1200 акти доволно зборува. Посебно би го издвоил ГУП -от кој е еден од најзначајните зафати за Охрид, кој ги канализира процесите во урбанизмот,

Претседателот на општинскиот совет тврди дека составот со кој претседаваше најмногу сработил до сега, дека некои советници не зинаа на говорницата биејќи се изјасниле на комисиите, а за СДСМ тврди дека е уништен од непотизмот кој царува во оваа партија. Тој смета дека СДСМ мора во мај да се реформира од корен.

ВЛАДО ЧИНГОСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Page 11: АМАК ПРЕС 107

11www.amakpres.com.mk

се елиминираа модулските решенија и донесувањето на модули.

Која ситуација во советот ви остана во сеќавање од седниците?- Комични ситуации имаше многу бидејќи 23 советници се со различен карактер и никој не може да предвиди како секој од нив ќе настапи. Како една од највпечатливите ситуации беше првото исклучување и отстранување на советник од седница кога го отстранив Перо Петрески Калимеро , да ја напуш-ти говорницата бидејќи бараше некој документ кој не е официјален, туку бил некое ливче или салфетка на која биле напишани имиња за некој Упра-вен одбор. Тоа било договор меѓу него и некој координатор на некоја совет-ничка група. Тоа беше покомична ситуација кога го употребив де-ловничкото право и го отстранив Калимеро од седница.

Не сте на листата од СДСМ, Ве нема во партијата , што се слу-чи меѓу Владо Чингоски еден од основачите на СДСМ , го-лем партиски деец? Зошто Ве нема на листата на предложе-ни советници на СДСМ? Неза-доволни ли се таму од Вас? Ко-муницирате ли со партијата во Охрид? - Точно е дека од 90 година сум во СДСМ. 19 години сум акти-вен член на СДСМ, но точно е дека кај нас партијата ги јаде сво-ите деца и тоа е случај и со мене. Фактот дека од СДСМ добив 1 советничко место и случајно ста-нав претседател на Советот и фактот дека на советот му дадов поинакви димензии доведе до ре-волт во мојата матична партија и некако ме третираа како човек кој не сака да биде во редовите и се грижи само за функцијата . Не-кои во СДСМ заборавија дека во нор-мални демократии претседателот на совет треба свесно и одговорно да ги води седниците, а на да биде само до-бар поддржувач на партијата од каде произлегол. Факт е дека сите совет-ници кај мене имаа ист третман, имаа иста минутажа, исто беа опоменувани дури и бркани. Имавме ситуации кога го предупредував и градоначалникот дека ќе биде отстранет од седница. Тоа нај веројатно не одговараше на полити-ката на СДСМ -Охрид но, јас останав доследен на моите ставови. Од тоа не беа задоволни имајќи во предвид дека

не сакаа да видат што еден нивни член кој објективно работеше во советот и даде огромен придонес за афирмација на советите како органи на републичко ниво. Сето тоа не беше доволно за да се најдам на листата.

Од кои причини Ве нема на листата? - Сигурно судирот кој го имав 2006 та , а и 2008 за парламентарните избори и мојот став за кандидатите за пратени-ци имаше своја последица, имав судир и со поранешниот претседател Владо Бучкоски, неговата опција. Во Охрид беше Илија Илоски, но и со сегашно-то раководство со Томе Чингоски и не прифаќањето на поинакви мислења во делот на функционирање на СДСМ и тоа во континуитет

Како ја оценувате денес СДСМ? На кое дереџе е дојден СДСМ? Има ли шанси оваа партија да се опора-ви и каде мислите дека ќе заврши? - СДСМ има потенцијал не да се консо-лидира туку да ја превземе власта и да и даде вистински правец на движење на Македонија. Меѓутоа, очигледно не-потизмот во СДСМ уште преовладу-ва и личните интереси се над се. Очи-гледно е дека во делот на кадровската политика погрешни луѓе се поставе-ни на погрешни места и тука партија пропаѓа. Мислам дека во мај ќе има се-

риозни промени во СДСМ и ќе дојде до големи промени по што партијата ќе може да претендира на освојување на власта.

Што ако не се случи тоа? Ако не на-станат овие промени?- СДСМ мора да се консолидира и ре-формира и со сигурност тврдам дека после овие избори ќе се консолидира.

Што подразбирате под консо-лидација? Да се прочисти СДСМ од луѓе кои ја цицаа, се богатеа во неа, кои ја направиле бастион на непо-тизмот? -Не мислам на тие што се богатеа туку барам секој да си го добие местото спо-ред квалификациите, способностите и

заслугите. СДСМ последниве го-дини е кариеристичка партија во која луѓе преку ноќ наеднаш ста-нуваат функционери од најголем ков во СДСМ , а кои верувам дека не поминале низ најмала фаза на партиски живот и мислам дека има луѓе на високи функции кои не зна-ат што е тоа социјалдемократија.

Како ја оценувате работата на Томе Чингоски како претседа-тел на СДСМ Охрид и мислите ли дека треба да остане на таа функција или треба да замине во историјата?- Со статутот и деловникот прет-седателот и извршниот одбор по секој избори дава извештај за из-борите и ако ги има изгубено мора да оди на конференција за довер-ба, те. е изборна конференција и да е сменат но, во 2006 и 2008 кога СДСМ катастрофално ги из-губи изборите немаше проме-на и извештај за резултатите и не се одржаа конференциите за до-верба. Мислам дека редно беше конференцијата на која се избираа

кандидатите за советници да е избор-на, а не конференција за листите, има-ше поголем дел кои го прифатија тоа, но поголем дел негодуваа од разбир-ливи причини дека секој си има став. Томе Чингоски е претседател но, пра-вилата и одредбите треба да важат за секого и да нема привилегирани, зош-то ова правило не важи за Томе Чинго-ски не знам. Мене ме сменаа по 3 из-борни победи по иницијатива на Буч-коски со притисоци и малверзации. Сега оние кои губат не ги менуваат, тоа е непочитување на деловник и статут. Љупчо Таневски

Page 12: АМАК ПРЕС 107

12 AMAK PRES

POLITIKA

Независниот советник Перо Ка-лимеро кој и на овие избори настапува со своја независ-

на листа ќе бара општината да форми-ра тело кое ќе ја следи работата на со-ветниците и ќе дава извештаи за тоа кој советник,колку бил активен на седни-ците на советот.- Ние сите знаеме за срамот што сите го таат, а тоа е дека некои советници

не се јавија за збор за цел нивни ман-дат. Тие луѓе дојдоа во советот за да се пазарат, да тргуваат со своето зелено картонче и да се вработат. И така сега на крај на мандатот не знаеме кој кол-ку бил активен, кој мандатот го помина на говорница, а кој го преспа читајќи списанија за шминки и нокти, а бога-ми и фризури, а кој мандатот го помина зборувајќи на мобилен телефон за цело

време додека траеја седниците. Некои не се јавија за збор, не предложија ни една точка на дневен ред. Епа за да нема вакви советници сега ќе барам да се мери кој што прави и да се дава-ат извештаи редовно – вели Перо Ка-лимеро.- Тоа е статистика и не е издржано барањето, тоа е корисна статистика која ја водат некои новинари или некоја невладина организација, ние не води-ме и не можеме да водиме таква ста-тистика посебно и денес кога Калиме-ро дојде и го даде овој предлог му ка-жав дека има записници нека ги собе-ри сите од седниците и нека си пресме-та сам кој колку се јавил за збор– вели претседателот на советот Владо Чин-госки.Иницијативата на Калимеро дојде на крајот на мандатот од како весникот Амак Прес Охридски Новини го отво-ри прашањето за активноста т.е. неак-тивноста на некои од светниците.

Љ.Т.

КАЛИМЕРО ЌЕ БАРА ДА СЕ МЕРИ РАБОТАТА НА СОВЕТНИЦИТЕ

НЕЗАВИСНИОТ КАЛИМЕРО ЌЕ БАРА ВРШЕЊЕ МОНИТОРИНГ ВРЗ СЕКОЈ СОВЕТНИК КОЈ Е ИЗБРАН ОД НАРОДОТ.

Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобриврски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели,со најниски трошоци.

Како?Не губете го вашето драгоцено време

во размислување!Дозволете тоа да го организираат

експерти и професионалци.

Сè на едно место

ВИС ПОЈ

046 255 600www.vispoj.com.mk

Page 13: АМАК ПРЕС 107

13www.amakpres.com.mk

SPECIJALNA PONUDA:Vino 0.2 + porcija pla{ici = 100,ooRakija 0.05 + salata = 60,ooRakija 0.05 + potpe~eno sirewe = 100,ooPivo 0.3 + apetisani = 70,ooTopla rakija 0.05 = 30,oo

H O T E L R I V I E R A ZIMSKA PONUDA

MENI 1. ^orba + 1 pijalok = 100,oo

MENI 2. Omlet so dodatok + 1 pijalok = 100,oo

MENI 3. [arska pleskavica na `ar + salata + 1 pijalok= 160,oo

MENI 4. Svinsko rebro na `ar + salata + 1 pijalok = 180,oo

MENI 5. Me{ana skara na `ar + salata + 1 pijalok = 290,oo

MENI 6. Pe~eno pile za 2 lica + 2 salati + 2 pijaloci = 390,oo

MENI 7. Doma{en kolbas + salata + 1 pijalok = 150,oo

MENI 8. Porcija prase~ko pe~ewe + salata +1 pijalok = 320,oo

Pijaloci {to sleduvaat vo meniata se: krigla skopsko pivo 0.3 ; vino 0.2 (smederevka, roze, kavadarka); rakija `olta/bela 0.05; topla rakija 0.05; koka kola; fanta; {veps; xus/gusti; mineralna voda)

SEKOJ DEN OD 07:00 DO 23:00A VO VIKENDI OD 07:00 DO 24:00, SO @IVA MUZIKA

P O V E L E T E!

Page 14: АМАК ПРЕС 107

14 AMAK PRES

СО КАПАЦИТЕ ОД ШАХТИТЕ ДО ПАРЧЕ ЛЕБ“На дното“, вака беше насловен рома-нот на еден од најпознатите руски кла-сици Максим Горки. Дното но она ре-алното го дофатија и многумина од нас. Во време на економската криза која го тресе целиот свет негативните по-следици се повеќе од очигледни. “Ги-гантот во автомобилската индустрија “Тојота“ овој месец затво-ри работни места за околу 2 400 работници“, вака не-како гласат информациите кои секојдневно се пласи-раат низ светски познати-те медиуми. А каде сме ние ма-лите државички сре-де големите веле сили. “ Никаде“,повторно ве-лам ние сме на дното...ние само си донесуваме закони за ова или она, закони за бруто плати, закони со кои ние “обичните“ секој наре-ден месец плаќаме се по-големи даноци на држава-та, се поголеми се и давачки-те за вода за струја и за што уште не... И среде ваква немаштија и без работи-ца не и чудно што дел од граѓаните по-вторно ги актуелизираа своите “ста-ри занаети“.Внимавај отворена канализациона шахта! Двете очи отвори ги четири кога се движиш на тротоарот што те води од маркетот “Дон“ до бензинска-

та пумпа или новата автобуска стани-ца. Сега една од најфреквентните ули-ци во градов повеќе од еден месец е со отворени шахти. Комуналните инспек-тори не добиле информација за ваква-та состојба во ова градско подрачје, а и случајот не го пријавил никој.“Навистина сум изненаден. Крадењето

на капаците од канализационите шах-ти беше актуелно пред 7-8 месеци. Ди-вите крадачи на старо железо речиси и да ги протеравме од Охрид. Тоа беа Роми кои немаа постојан престој кај нас, доаѓаа од други градови. Тие беа најголемите ловци на капаците од шах-тите кои на нив заработуваа за парче леб. Судски беа протерани од кај нас.

Во меѓу време падна и цената на старо-то железо за 50 до 70 %. Ако пред 8 ме-сеци цената на кило старо железо беше 10 или 9 денари сега истото се продава за 2-3 денари. Значи ако еден тон же-лезо чинеше 1 000 евра сега негова-та цена е само 400 евра. Ова потврду-ва дека денес крадците на старо железо

многу малку или речиси вооп-што не заработат од овај нив-ни “занает“, вели комуналниот инспектор Танас Танаскоски.Во Охрид има три или четири отпади кои се легални купува-чи и продавачи на старо же-лезо. Но како правни субјекти овие претпријатија мора да поседуваат: еколошка дозвола и списоци на лица кои се от-купувачи на старо железо. Без овие документи Отпадите не можат да го откупат железото. Комуналните инспектори ве-лат дека наполно не можат да ја контролираат нивната ра-бота затоа што и при инспек-

циски надзор се случува во ис-тите, старото железо вешто да се при-крие. Пред 3- 4 месеци пред влезните врати на Отпадите требаше да бидат поставени видео камери со што ќе се спроведе и поголема контрола во нив-ното работење, но за жал тие до денес не профункционираа. Ангела Белевска

SOCIJALA

Page 15: АМАК ПРЕС 107

www.amakpres.com.mk 15

Тешка е мојата животна при-казна. Живот исполнет со страв и ужас додека го гле-дате своето дете како вене, но ќе ви ја раскажам. Вие сте први пред кого јавно ќе зборувам за мојот проблем, но тоа ќе го направам за да им помогнам на многу ро-дители кои несакаат да и по-гледнат во очи на вистината која е болна. Некријам дека мојот син е наркоман... вака ја започна при-казната 63- го-дишниот Драгос-лав Симовиќ кој низ солзи, длабо-ко од душата ја сподели болна-та вистина за жи-вотот поминат со својот син нарко-ман.Најпрвин судби-ната си поигра со мене кога умре мојата прва жена. Зоран тогаш има-ше само пет годи-ни. Се трудев да бидам добар ро-дител и успевав во тоа иако беше претешко сам да одгле-дувам дете на таа воздраст. Се преженив и за среќа мојот син беше добро при-фатен. Растеше во љубов, беше одличен ученик, до-бро дете, но среќата траеше се до неговите средношкол-ски денови. Тогаш Зоран за прв пат проба дрога, а мојот

живот стана пекол, раскажу-ва Драгослав но солзите по-вторно го прекинаа. „Теш-ко е да се зборува за маката на своето дете, но ќе се бо-рам до последен здив. Кога тој целосно ќе се тргне од дрогата можам слободно да умрам, рече расплаканиот татко,откако по испиеното

кафе ги среди мислите и ја продолжи приказната.-Син ми е само еден од мно-гуте деца на кои животот им застанал тогаш кога почнале да се дрогираат. Неверувам дека причина да се појде по овој пеколен пат се односи-те во семејството. Ние имав-ме скромен живот, исполнет со љубов и хармонија. Мојот

син беше еден од најдобрите ученици. Кога забележав дека губи интерес за учење, а неговите излегувања се повеќе зачестија ми стана сомнително, но не помислив дека станува збор за дро-га. Успешно се криеше со најразлични изговори за не-говите нагли промени и че-

стите средби со новите дру-гари. Но, тоа траеше кратко. Со свои очи видов како син ми се дрогира...вели таткото кој повторно пролеа солзи, но собра сили да продолжи.-Имаше седумнаесет години кога неговите другари го на-ведоа на ова зло. Во тој пе-риод јас бев во Русија на ра-бота. Мојата сопруга, ми

пушти писмо дека нешто не е во ред со Зоран. Кога се вратив се уверив дека мојот син веќе е зависник. Во тој период ми умре и втората жена и тоа беше голем удар за мене. Но најдов сили да продолжам да се борам дро-гата да ја тргнам од мојот дом. Често наоѓав прашак,

фолии, шприцеви, но најповеќе ме погодуваше кога ќе го најдев из-дрогиран заедно со другарите под мојот покрив. Во тој момент незна-еш дали ќе прежи-вее или ќе умре, незнаеш кому да се обратиш, не-знаеш што да на-правиш. Сеуш-те неуспеав да до-знаам каква дро-га влегуваше во мојата куќа, мојот син секогаш неги-раше дека е завис-ник. Отидов да го барам и човекот за кој разбрав дека му продавал дро-

га. Имав намера да го убијам затоа што ми го упропа-сти детето, но за среќа не го најдов дома. За да го спасам мојот син и да го отргнам од ова зло бев принуден че-сто пати да го пријавувам во полиција. Бев подгот-вен да направам,се но без-успешно- следните 20 го-дини беа навистина пекол-

ТЕШКО Е ДА СЕ ЗБОРУВА ЗА МАКАТА НА СВОЕТО ДЕТЕ- НО ЌЕ СЕ БОРАМ ДО ПОСЛЕДЕН ЗДИВ

ИСПОВЕД НА ДРАГОСЛАВ СИМОВИЌ ТАТКО НА НАРКОМАН

СИН МИ Е САМО ЕДЕН ОД МНОГУТЕ ДЕЦА НА КОИ ЖИВОТОТ ИМ ЗАСТАНАЛ ТОГАШ КОГА ПОЧНАЛЕ ДА СЕ ДРОГИРААТ. БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ. КОГА ЗАБЕЛЕЖАВ ДЕКА ГУБИ ИНТЕРЕС ЗА УЧЕЊЕ, А НЕГОВИТЕ ИЗЛЕГУВАЊА СЕ ПОВЕЌЕ ЗАЧЕСТИЈА МИ СТАНА СОМНИТЕЛНО, НО НЕ ПОМИСЛИВ ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА ДРОГА. УСПЕШНО СЕ КРИЕШЕ СО НАЈРАЗЛИЧНИ ИЗГОВОРИ ЗА НЕГОВИТЕ НАГЛИ ПРОМЕНИ И ЧЕСТИТЕ СРЕДБИ СО НОВИТЕ ДРУГАРИ. НО, ТОА ТРАЕШЕ КРАТКО. СО СВОИ ОЧИ ВИДОВ КАКО СИН МИ СЕ ДРОГИРА... НАВИСТИНА Е ТЕШКО КОГА ЌЕ ГО ВИДИТЕ СВОЕТО ДЕТЕ ИЗДРОГИРАНО, БЕСПОМОШНО ДУРИ И СО ПРСТ ДА ПОМРДНЕ. НО БОРБАТА, КОЛКУ И ДА Е БОЛНА, МОРА ДА СЕ ВОДИ, ПА МАКАР ТАА ТРАЕЛА СО ГОДИНИ

Page 16: АМАК ПРЕС 107

16 AMAK PRES

SOCIJALA

ни. Другарите не го оставаа на мир. Бев принуден да се спротиставам на сите начи-ни. Ги бркав кога ќе дојдеа кај мене дома. Тешко е на-вистина да се биде родител на наркоман. Да го гледаш сопственото дете како вене, а да неможеш да му помог-неш. Тепачки, кражби и дрогирање тоа беше негово-то секојдневие. Јас и други-от мој син баравме помош на сите начини. Борбата тра-еше со години, но вредеше. Денес Зоран е дел од цен-тарот за зависници од дрога и е на метадонска терапија. Секој ден се молам да не на-прави чекор назад кој по-вторно ќе го одведе на патот на пропаста,вели Драгослав кој после 20 години борба да го тргне своето дете од патот на дрогата се чувствува горд што успеал во својата тешка мисија. Вели, сега односот

ни е сосема поинаков. Пи-еме кафе,разговараме пра-виме планови за иднината, но кај мене секогаш ќе по-стои стравот да не се врати повторно на дрогата. Сега мојот син е детето кое од се-когаш сум го посакувал, а мојата желба е никогаш да не се разбудам од овој сон. Со цел оваа приказна да до-пре до многумина родите-ли, да ги поттикне реално да гледаат на работите, но и да се борат до крај Драгослав порачува: -Сите родители треба да зна-ат да препознаат наркоман, еве да речеме по тоа што не јадат, не спијат, ги запоста-вуваат обврските, изгледаат пијано а најчесто се агресив-ни. Јас раскажав се токму поради другите родители. Не кријам сите овие годи-ни дека син ми е наркоман,а не треба тоа да го прават и

родителите на жртвите на дрогата за да ја скријат ви-стината од роднините и пријателите за да го сочува-ат реномето на семејството. Навистина е тешко кога ќе го видите своето дете издро-гирано, беспомошно дури и со прст да помрдне. Но, борбата, колку и да е болна,

мора да се води па макар таа траела долги години, ни рече тажниот татко на разделба и ни порача дека е подготвен повторно да ја отвори душа-та доколку тоа би им помог-нало на младите никогаш да не посегнат по дрогата.

Сузана Вренцовска

Page 17: АМАК ПРЕС 107

www.amakpres.com.mk 17

1

Page 18: АМАК ПРЕС 107

18 AMAK PRES

РЕШЕНИЕ НЕМА-УЧЕНИЦИТЕ НА УЛИЦА

Различните ставови за воведувањето на ет-ничките смени во

„Нико Нестор“ ги остави де-цата надвор од училишните клупи веќе три недели. Ма-кедонците и понатаму со став наставата да се одвива во јазични смени, албански-те ученици не ја прифаќаат таа одлука. Според нив по-стои голема толеранција за учениците Македонци и вмешаност на политиката. Струшките советници не за-станаа зад одлуката на ди-ректорката Маре Савевска, наставата да се одвива во ет-нички чисти смени. На ит-ната седница на Градскиот совет советниците, Управ-ниот и училишниот одбор и директорката Савевска не изградија заеднички став за прифаќање на одлуката за јазична настава. Советот по-бара преиспитување на од-луката. Според донесени-те заклучоци на седницата училишниот одбор врз осно-ва на Статутот на училиште-то да ја разгледа законито-ста на одлуката донесена од раководониот орган на учи-лиштето, а градоначалникот на Струга и Секторот за об-

разование во случај на не-законитост да преземат со-одветни мерки. Училишни-от одбор и директорката да ги преземат сите законски мерки за безбедно натамош-но одвивање на наставниот процес. Решение за тензична-та состојба во «Нико Не-стор» во Струга бараа и вице-премиерите Абдула-хим Адеми и Зоран Ставрев-ски и министрите за образо-вание и внатрешни работи Перо Стојановски и Гордана Јанкуловска. Тие со локал-ните власти ги пеглаа раз-личните ставови дали наста-вата да се спроведува по ет-ничка основа или да продол-жи по старо во мешани сме-ни, но средбата не донесе епилог. Градоначалникот Ра-миз Мерко претходно го из-несе својот став дека е про-тив етнички смени. - Тоа се еднострани барања кои не можат да се реализи-раат поради немање на про-сторни услови. Од друга страна соживотот во Струга е најдобар и немаме никак-ви инциденти. Беше редно да дојде поголема владина делегација која треба да се

вклучи во решавање на овие проблеми. Тие можат да ин-вестираат и материјално и морално и можат да помог-нат во изнаоѓање на пробле-мот, рече Мерко пред сред-бата со владините престав-ници. Неможноста да се најде соо-дветно решение за одвивање на наставата во «Нико Не-стор» ги остави учениците надвор од училишните клу-пи, а проблемите се прелеаја и во гимназијата «Ибра-хим Темо». И таму учени-ците Македонци се солида-ризираа со нивните соуче-ници од стручното училиш-те. Директорот Муса Мусаи вели дека учениците Маке-донци бараат јазични сме-ни и во «Ибрахим Темо» но во оваа зграда, како што рече, не постојат услови за изведување на таков тип на настава. - Имаме малку простории во кои учат 3.000 учени-ци и овие деца мора да има-ат меѓусебна комуникација и разбирање, без разлика на етничката припадност. Очекувам од преговорите со владините претставници пакет-решенија кои ќе бидат

во интерес на сите, вели Му-саи. Одлуката за воведување на јазични смени ја доне-се директорката на «Нико Нестор» Маре Савевска, а зад неа застана и министе-рот за образование Перо Стојановски. -Проблемот од образовна се префрли во политичка сфе-ра. Ако проблемот е до мене, подготвен сум да си подне-сам оставка во интерес на стабилизирањето на цела-та ситуација за да не ни се случи потоа да бараме од-говорност од некој друг до-колку состојбата ескалира. Моето присуство во Струга има за цел наставата да за-почне и ситуацијата да вле-зе во колосек, рече мини-стерот за образование Перо Стојановски и додаде дека со самото присуство на ми-нистрите во Струга, Влада-та покажа колку е заинте-ресирана за решавањето на проблемот. На прашањето дали ќе има јазични смени во «Нико Нестор», тој рече дека засега нема одговор, но би бил најсреќен доколку би нашле соодветно решение на проблемот.

ВЕЌЕ ТРИ НЕДЕЛИ БЕЗ НАСТАВА ВО НИКО НЕСТОР

LOKAL

НАДЛЕЖНИТЕ СЕДНАА НА МАСА НО НЕ НАЈДОЈА РЕШЕНИЕ

Page 19: АМАК ПРЕС 107

www.amakpres.com.mk 19

И преставниците на ОБСЕ, одржаа одделни средби со раководствата на училиш-тата, училишните совети и учениците од «Нико Не-стор» и «Ибрахим Темо». Како што дознаваме, на членовите од Мисијата на ОБСЕ им биле пренесе-ни хронолошки настани-те и причините за инци-дентите. Учениците Маке-донци и училишниот од-бор на «Нико Нестор» го пренеле цврстиот став за воведување на јазични сме-ни. И додека надлежните бара-ат решение за проблемите во „Нико Нестор“ без на-става и модел по кој ќе учат учениците изминува и тре-тата недела.

Сузана Вренцовска

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, им кумувал на етнич-

ките смени во Средношкол-скиот центар во Струга, об-вини кандидатот за градона-чалник на Струга од редо-вите на ДПА, Менди Ќира. Според него, постои таен договор за воведување на етнички смени во Средно-то стручно училиште «Нико Нестор», на кој и градона-чалникот на Струга го ста-вил својот потпис. - Имаме сознанија дека по-стои договор помеѓу мини-

стерот за образование, гра-доначалникот и директорка-та на «Нико Нестор». Бара-ме градоначалникот Рамиз Мерко, кој е најнадлежен да потврди дали го потпишал договорот за воведување на етнички смени, рече Менди Ќира. Според претседателот на Општинската ДПА во Стру-га, Зија Јунузи зад ваквиот потег на градоначалникот Мерко се кријат лични ин-тереси. - За жал, ние констатирав-ме дека најрелавантиот ав-

торитет за решавање на овој проблем, актуелниот градо-началник на Струга за при-оритет ги има своите лич-ни бизнис интереси пред оп-штествените. Со ова алуди-раме на неговиот проект за основање на едно средно приватно училиште, кое ќе биде основа за идните сту-денти на неговиот приватен универзитет, рече Јунузи. Од ДПА побараа од градо-началникот Мерко во рам-ките на законските надлеж-ности да преземе соодвет-ни мерки за смирување на

меѓуетничката тензија во «Нико Нестор». Градоначалникот Мерко ги отфрли ваквите обвинувања како неосновани. -Бев повикан од индиви-дуа, а не од партија за на-воден писмен договор. Тоа е инсинуација и жалосно е да се коментира во пре-дизборие. Тоа е политичка кампања, вели Мерко. С.В.

ДПА ОД СТРУГА ОБВИНИ

МЕРКО СТАВИ ПОТПИС ЗА ЕТНИЧКИТЕ СМЕНИ

Page 20: АМАК ПРЕС 107

20 AMAK PRES

KULTURA

ГОДИНАВА НАД 40 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОХРИДСКИОТ ЗАВОД И МУЗЕЈ Владата на Република

Македонија и Мини-стерството за култу-

ра издвоија над 40 милиони денари за активностите кои годинава ќе ги реализира Заводот и Музеј од Охрид. Како најзначаен проект за оваа Национална Устано-ва за 2009 година ќе биде статичкото зајакнување, факсимилната обнова и ревитализација на куќата на Уранија .Градежните актив-ности започнаа минатата го-дина, а проектот кој е под владина финансиска капа чини 19 милиони денари.“Морам да напоменам дека Завод и Музеј е вклучен и во многу од капиталните про-екти повторно финансира-ни од владата, а координи-рани од Управата за заштита на културното наследство,

поточно од директорот Па-ско Кузман. Тоа се проек-тите: Возобновување на Свети Климентовиот мана-стир на Плаошник во Охрид каде активностите, поточ-но првата фаза - археолош-ките истражувања се отпоч-

нати во 2007 година, се из-ведуваа во текот на 2008 и на одредени истражувач-ки полиња продолжуваат и во 2009 година. За целосна-та реализација на овој про-ект Владата на Републи-ка Македонија и Министер-ството за култура обезбедија

вкупно 6 милиони евра“, ис-такна на прес конференција директорката на Завод и Музеј од Охрид, Тања Па-скали.Паскали додаде дека мина-тата година се започна со реконструкција на праисто-риската палафитна населба Заливот на коските - Миќов град на полуостровот Гра-диште на брегот од Охрид-ското Езеро. Проектот чине-ше 2 милиони евра. Година-ва е планирано проектот да продолжи и да се реконстру-ираат уште 16 дрвени коли-би.“ А р х е о л о ш к и т е истражувања на локалите-тот Енгелана, откриените , Киклопските Ѕидови кај Св. Еразмо чинеа 2 милиони де-нари во 2008 година, а го-динава за нив се издвоени 3 милиони денари“, рече Па-скали.Минатата година НУ За-вод и Музеј од Охрид ра-ботеше на проекти од обла-

ста на заштитата, музејската и галериската дејност и меѓународната соработ-ка. Беа изработени мно-гу проекти за конзервација на објекти од профана и са-крална архитектура, се кон-зервираше архитектурата и живописот на четири цркви, а се изврши и конзервација на џамијата Хаџи Дургут, на конзервација на дел од ѕидовите на Самуилова-та тврдина- комплекс Дол-на Порта. Беше промене-та столаријата во куќата на Робевци, беа организирани многу изложби , и отпечате-ни многу книги на наши ав-тори. За овие минатогодиш-ни активност владата из-двоила 26 милиони денари. Оваа цифра ако се спореди со финансирањето во 2007 година се забележува дека е поголема за 10 милиони де-нари.

Ангела Белевска

ПРИОРИТЕТНА ГРАДБАТА НА УРАНИЈА

Page 21: АМАК ПРЕС 107

www.amakpres.com.mk 21

НЕ СЕ ОТКРИВААТ ИМИЊАТА КОИ ЌЕ ГО ОТВОРАТ ФЕСТИВАЛОТ

ОХРИДСКО ЛЕТО

Европски уметници, оперска пејачка и сим-фониски оркестар,

ќе го отворат 49-тото изда-ние на најголемата музич-ко сценска манифестација „Охридско лето“. Имињата сеуште не се откриваат, но според директорот на фе-стивалот, Тони Симонов-ски годинава ќе имаме најспектакуларно отварање.-Сеуште е рано да откри-вам за кои уметници станува збор додека конечниот пред-

лог не помине на Управен одбор. Од петте проекти на кои работевме селектирав-ме само два, но кои се умет-ниците ќе откриеме наскоро, вели Симоновски. Тој дода-ва дека во тек се прегово-рите и со останатите кои ќе настапат на Охридско лето оваа година. Што се однесува до соодно-сот на уметничкиот и драм-скиот дел и годинава оста-нува ист- 70% од програма-та ќе и припадне на музич-

киот дел а 30% на театар-скиот.-И годинава во 40-те фе-стивалски денови ќе имаме врвни уметници, а се повеќе простор ќе отстапиме и на домашните репродуктивни уметници кои уживаат ви-соко реноме, вели Симонов-ски.Во рамките на фестивалот ќе бидат организирани ли-ковни изложби на познати уметници меѓу кои и Слав-ко Упевче и Сергеј Андре-

евски.Исто така покрената е иницијатива за формирање на Балканска асоцијација на фестивали која пред се ќе има за цел обновување на врските кои порано функ-ционирале на поранешните југословенски простори.Годинава Шведска ќе биде носител на Денот на ЕУ, на-стан кој Охридско лето го востанови пред 2 години, а ќе се одржи на 9 август. С.В

„ОХРИД ФЕСТ РАСПИША КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПЕСНИ“Фестивалот, „Охрид фест - Охридски трубадури“ го распиша конкурсот за из-бор на песни кој ќе трае до 15 март. Учество можат да земат сите заинтересирани граѓани кои во предвидени-от рок ќе испратат демо ау-дио снимка и текст од пес-ната. Авторите на композиции-

те имаат право да предлага-ат интерпретатори за нивни-те песни, но дефинитивни-от избор на пејачите го одре-дува фестивалот. Докол-ку селекционата комисија оцени дека на конкурсот не пристигнале доволен број квалитетни компози-ции, останатиот број пес-ни ќе биде обезбеден по

пат на нарачка од еминент-ни авторски имиња, велат од организацијата.Одбраните песни за официјалната програма на фестивалот ќе се снимаат во “Блу студио” Скопје.Шеснаесеттото издание на фестивалот “Охрид фест - Охридски трубадури” ќе се одржи од 26 до 29 август

на летната сцена во Долни Сарај. На фолк, поп и интернаци-оналната вечер ќе се доде-луваат три награди од пу-бликата, исто толку од жи-рито, како и награди за најдобар аранжман, текст, интерпретација, дебитант и сценски настап. А. Б.

Page 22: АМАК ПРЕС 107

22 AMAK PRES

АМАК СП ВО НАЈЕЛИТНОТО ДРУШТВО

Најдобрите шест екипи од македонската прва кошар-карска лига ќе ја продолжат борбата во Супер лига-та. Првите две екипи од најелитното друштво дирек-

тно ќе патуваат во полу финалето. АМАК-СП,кој ќе биде дел од екипите кои ќе се натпрева-руваат за шампионската титула,ќе стартува на домашен те-рен каде ќе го пречека битолски Пелистер. Во првото коло од Супер лигата, бранителот на титулата Фени Индустри ќе му гостува на Овче Поле,а најтрофејниот Работнички ќе се сретне со тимот на МЗТ. Во регуларниот дел од сезоната, охридскиот АМАК СП, во последните четири кола, претрпе три порази. Најпрвин из-губи од Фени на домашен терен каде и Работнички во 17-то

коло ја доби пресметката за втората позиција на табелата. Гостите во Охрид имаа поголема желба за победа и со 91-83 му го нанесоа вториот пораз на АМАК СП. Охридскиот прволигаш не успеа да го совлада ниту МЗТ на гостувањето во Скопје во 18-то последно коло од регуларниот дел и завр-ши на третото место на табелата. Претстојните натпревари во Супер лигата се можност из-браниците на Лазоски да им се реваншираат за поразите на најдиректните конкуренти за освојување на првото место и да покажат дека Охрид има тим кој за прв пат ќе го освои шампионскиот трофеј. С.В

SPORT

СТАРТУВА СУПЕР ЛИГАТА

Page 23: АМАК ПРЕС 107

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ЗА СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ ВО ПОСЕТА НА БИЛЈАНИНИ

Page 24: АМАК ПРЕС 107