АМАК ПРЕС 90

24
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 90 10 Јуни 2008 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 КЛИМЕ ВАСИЛЕСКИ ЧЕТКАР ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ СЛАВКО УПЕВЧЕ ИНТЕРВЈУ ОПШТИНАТА НА ТЕНДЕР ГО КУПУВА ОНА ШТО ВЕЌЕ ГО ИМА ОХРИД ДОМАЌИН НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАЊЕ УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ГОДИНА ЗА НАШИТЕ ЕДРИЛИЧАРИ definitivno najevtino

Upload: alankaou

Post on 13-Mar-2016

257 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

Page 1: АМАК ПРЕС 90

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 90 10 Јуни 2008

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

КЛИМЕ ВАСИЛЕСКИЧЕТКАР

ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

СЛАВКО УПЕВЧЕ

ИНТЕРВЈУ

ОПШТИНАТА НА ТЕНДЕР ГО КУПУВА ОНА ШТО ВЕЌЕ ГО ИМА

ОХРИД ДОМАЌИН НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАЊЕ

КЛИМЕ ВАСИЛЕСКИКЛИМЕ ВАСИЛЕСКИ

УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ГОДИНАЗА НАШИТЕ ЕДРИЛИЧАРИ

M A K E D O N I J A - MOJATA DR@AVA

Testovi na znaewe za: osnovni {koli, sredni {koli, matura, fakulteti, vozrasni,... Testovi: pedago{ki. psiholo{ki, za inteligencija, e-testing,...

Nastava: podgotvitelna, tutorska, priemni ispiti, matura, za vozrasni, e-u~ewe,...

www.pisi.com.mk e-mail: [email protected] ++ 46 230-560; 46 230-561; 46 230-562 ++ 32 380-418

M A T U R A

MAKEDONSKI JAZIK MATEMATIKA ANGLISKI JAZIK INFORMATIKA FIZIKA HEMIJA BIOLOGIJA PROEKTNA ZADA^A ISTORIJA GEOGRAFIJA MUZI^KA UMETNOST LIKOVNA UMETNOST

U^ILI{NA NASTAVNA PROGRAMA

1. M A T E M A T I K A

2. A N G L I S K I J A Z I K

3. I N F O R M A T I K A

4. M A K E D O N S K I J A Z I K

5. P R O G R A M I R A W E

6. F I Z I KA

7. H E M I J A

8. B I O L O G I J A

Obrazoven centar, Ohrid, {tip Do 31.05 REZERVACII NA MESTA: OD 4-TO ODD. OSNOVNO DO 1-VA GOD. SREDNO

definitivno najevtino

Page 2: АМАК ПРЕС 90

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Сиљаноски , Велимир Џамтоски

Лектор: Милчо Јованоски; Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Page 3: АМАК ПРЕС 90

3www.amac.com.mk/novini

LOKAL

Општина Охрид деновиве го за-твори конкурсот со кој бараше заинтересирани страни за из-

работка на веб страница и таканаречен Клиент софтвер. Сега се чека комисијата да каже кој доставил најповолна понуда и да се избере најповолниот понудувач. Сето ова предизвика забуна, зачуде-ност па дури и револт кај некој врабо-тени во општинската администрација но, ни јавноста не остана рамнодушна, ако се има во предвид дека од како е оформен ЛЕР цело време слушаме за изработка на веб страница во рамките на проектот “Духот на Охрид“ кој се изработи со странски пари. Слушаме дека цели две години упорно се работи на довршување на базата за податоци за приватното сместување, што е ком-патабилна на т.н Клиент софтверот за кој сега се распиша тендер. Сето ова доведува до заклучок дека локалната сега распишала тендер за работи кои ги има и за нивна изработка има вра-ботено луѓе. Во тендерската документација објавена на официјалниот сајт на оп-штината www.ohrid.gov.mk на стра-ница 7 во секција Набавки, стојат три табели. За она што се бара во првата табела, а е поврзано со изработката на веб страница , јавноста беше информи-рана дека Ѓоко Апостолов го изработил уште во 2006 и 2007 година, а како што тогаш во февруари 2007 година пишу-ваа и објавија медиумите се планираше и промоција на таа веб страна, но до таа промоција никогаш не дојде. Како што се дознава раководството на ЛЕР не дозволило овие завршени работи да се промовираат тогаш и проектот оста-нал во нивниот лаптоп. Зачудувачки е тоа што сето она што на конкурсот се бара во втората та-бела, означено како Профил на Општи-на Охрид веќе е готово и изработено

во 2007 година и целата јавност може за него да се информираа токму на сајтот од општината каде во рубрика-та Завршени проекти, овие материјали се објавени јавно, а се отпечатени и во посебна книга која ја издаде токму оп-штината. Доколку се погледне трета-та табела од документацијата веднаш во неа може да се препознае проектот “Духот на Охрид“. Она што во неа се бара е идентично со овој проект кој е веќе промовиран, а истиот е и платен преку програмата Интеррег на ЕУ фон-довите и тој проект е веќе објавен на општинскиот сајт во рубриката Проек-ти. Втората јавна набавка е Кли-ент софтвер или во превод кажано категоризација на собите за издавање во Охрид. На категоризацијата изминати-те години работеа вработените и волон-терите во Лихнидос и сите се сеќаваме дека за овој проект раководителот на секторот ЛЕР, Гоце Симоноски долго време зборува во јавноста и проектот го презентира на прес конференцијата кога се врати од Јапонија, а подоцна во месец мај 2007 година, отиде дотаму што дури тврдеше дека оваа база на по-датоци со категоризацијата на собите е софтверски готова. Останува големо

прашање, дали таа база е готова? Дали сега како готова некој само ќе ја упо-треби или јавноста тогаш била залажу-вана и манипулирана, па сега повторно проблемот испливал на површина. Останува отворено прашањето, зошто се распишува тендер за набав-ки кои Локалната самоуправа веќе ги има.

СЕ ЈАВИЛЕ НЕКОЛКУ ФИРМИНа конкурсот во рокот за изработка на веб сајт се пријавиле фирмите Инфо Тех, Прелукс Бро, Ентер и Еинсоф, додкеа за изработка на софтверот се пријавиле Семос, Прелукс Бро, Ентер и Еинсоф. Во следните неколку седмици овие компании ќе прават презентации на тоа што го понудиле пред стручните луѓе од локалната самоуправа, а потоа комисијата ќе одлучува.

ОПШТИНАТА ВЕЌЕ ИМА ДВА САЈТОВИОпштина Охрид го има својот официјален сајт www.ohrid.gov.mk како и сајтот www.ohrid.com.mk . Вто-риот сајт е изработен од скопска фир-ма која општината ја плаќа за негово одржување. Зошто се распишал тендер за трет сајт и каде е сајтот кој треба-ше да биде готов во рамките на про-ектот “Духот на Охрид“, како и видео презентацијата која беше најавено дека ќе биде преработена и преправена, до сега јавноста нема добиено одговор.

Љупчо Таневски

ОПШТИНАТА НА ТЕНДЕР ГО КУПУВА ОНА ШТО ВЕЌЕ ГО ИМА

ДЕНОВИВЕ НА САЈТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД БЕШЕ ОБЈАВЕН ТЕНДЕР ЗА ТРИ ЈАВНИ НАБАВКИ, ОД КОИ ДВЕ БЕА ЗА ИЗРАБОТКА НА ВЕБ СТРАНИЦА И КЛИЕНТ СОФТВЕР. ОВА НАПРАВИ ГОЛЕМА ЗАБУНА ПРЕД СЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛЕР КОИ ВО ИЗМИНАТИТЕ ДВЕ ГОДИНИ ИНТЕНЗИВНО РАБОТАТ НА ОВИЕ ПРОЕКТИ И ЗА ТОА ПРИМААТ ПЛАТА. ДЕЛ ОД ОВИЕ НАБАВКИ СЕ ВЕЌЕ И ОБЈАВЕНИ НА ВЕБ САЈТОТ ОД ОПШТИНАТА КАКО ГОТОВИ, А ДЕЛ СЕ И ПЕЧАТЕНИ И ПУБЛИКУВАНИ.

ОПШТИНАТА - ТЕНДЕРСКИ ЛАВИРИНТ

Page 4: АМАК ПРЕС 90

6 AMAK PRES

Page 5: АМАК ПРЕС 90

5www.amakpres.com.mk

ИЗРАЕЛСКИ ГОСТИ ЌЕ ЛЕТУВААТ ВО ОХРИДСо чартер лет, неодамна на охридскиот аеродром “Св.

Апостол Павле“, пристигна првата група израелски туристи. Гостите од Израел во Охрид ќе доаѓаат на

секои две недели и ќе бидат сместувани во хотелите Белви и Метропол. За првомајските празници во Охрид гостуваа над 10 000 го-сти. Секоја недела до септември ќе доаѓаат холанѓани, до-

сега нивниот број е околу 300 души, а до карајов на летната туристичка сезона во Охрид треба да пристигнат околу 1000 израелци. Овие податоци најавуваат богата туристичката сезона. Ангела Белевска

ГРАНИЦАТА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО МЕЃУ АЛБАНИЈА И МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ОБЕЛЕЖУВА

Физичката граница на Охридското Езеро, кон соседна Албанија повторно ќе се обележува, ова неодамна во Охрид го изјавија претставници на македонската

и албанската полиција. Границата во езерските води беше уништена поради неми-рите во Албанија пред повеќе од 10 години, и од тогаш до денес не постоеше вистинската физичка делба на езерото меѓу двете соседни држави.“Во моментов физичката граница во водите на Охридско-то Езеро, не постои, но во тек се активности за повторно

обележување на границата“, рече Горан Достиноски од Охридската Погранична Служба.Покрај обележувањето на водената граница , во иднина полициите на двете држави заеднички ќе патролираат по Охридското Езеро со што ќе се зголеми безбедноста на по-граничниот регион и ќе се спречи нелегалната трговија со шверц на риба сметаат од двете страни на езерото. А.Б.

ВОДАТА ВО ЕЗЕРОТО ЧИСТА ЗА КАПЕЊЕ И РЕКРЕАЦИЈА

Водите во Охрид-ското Езеро се без-бедни и здравстве-

но исправни за капење и рекреација. Најчиста е водата на источниот брег од Св Наум до хотел Парк. Додека поголема деградација има на севе-розападниот брег од Езе-рото во делот кај сливот на реката Велгошка каде водата е од трета и чет-врта категорија. Прилич-но загадување на водата е забележано и кај хотелот Магнус, ова се резултати-те од првичните анализи направени пред туристич-ката сезона од Заводот за здравствена заштита за квалитетот на водата во Охридското Езеро. Физичко хемиски-те и микробиолошките испитувања се направени врз база на 56 примероци од вода земени на потегот од Св Наум до село Радожда. Анализите покажале дека во најголем број случаи водата е од прва класа дури 73%, 12% од водата е од втора класа, додека само 1% е од трета и 2 % од четврта категорија. Зе-

мени се примероци на вода и од реките кои се влеваат во Охридското Езеро, Черава, Велгошка, Коселска и Сатеска каде е утврдено дека реките се од по-ниска класа, од 3 и 4 категорија, и се загадувачи на Охридското Езеро. Според Сашо Точко од Заводот за здрав-ствена заштита делот од Езерото кој не е опфатен со колекторскиот систем и каде што има директно излевање на от-падните канализациони води исто така претставува потенцијална опасност не

само по Езерото туку и по самите капачи кои ги кори-стат тие капалишта.-Тоа е проблем кој е стар 15-тина години и треба ко-нечно да се реши затоа што водата која е бактериолош-ки загадена иако навидум изгледа чиста, претставува опасност за здравјето на луѓето, вели Точко. Ваква состојба каде сеуште се ко-ристат септички јами има во Пештани, но и во некои де-лови кај Канео и Св Софија каде канализационата мре-жа истекува во Охридското Езеро. Според Точко во те-кот на сезоната поголемиот

притисок на канализационата мрежа но и поголемото загадување од реките ќе допринесе дел од водата која сега е од прва категорија да премине во втора но тоа е моментална состојба и нетреба да не загрижува , смета Точко.

Сузана Вренцовска

СПОРЕД АНАЛИЗИТЕ НА ЗАВОДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

фото: Љ.Т.

Page 6: АМАК ПРЕС 90

ЕКОНОМИЈА

ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕНЗА НАЈДОБРИТЕ ОСУМ ИНЖЕНЕРИ

Неодамна Претседа-телот на државава Бранко Црвенко-

ски пред храмот на Св. Пантелејмон на Плаошник ги додели признанијата, “Ин-женерски Прстен“, на осум најдобри инженери кои во 2008 година дипломомира-ле на еден од инженерските факултети во земјава. Инженерскиот прстен се доделува по петти јубилеен пат, а годинава негови добит-ници се: Катерина Банџо од Факултетот за земјоделски науки и храна, Бранислава Ѓорѓевиќ - Архитектонскиот факултет, Бојан Јованоски-Машински факултет, Бојан

Симовски-Шумарски фа-култет, Гоце Тасески – Гра-дежен факултет, Емилија Тошиќ-Технолошко - мета-луршки факултет, Кире Три-

водалиев- Факултет за елек-тротехника и информациски технологии и Зоран Трпески од Техничкиот Факултет во Битола.

“Денес високата стручност во индустриските, техничко-технолошките и информа-тичките дејности е уште по-ценета и барана професија. Со отворањето на светот, цели генерации експерти по инженерски науки ги прифаќаат понудите и жи-веат и работат на различни страни од светот, затоа што незапирливиот развој на тех-нологиите ја детерминира стапката на развој на секое општество. Оние заедници кои учествуваат во свет-скиот технолошки развој се реално богати општества. Затоа насекаде во светот се вложува во образовање на инженерски кадри, бидејќи тоа е најдобриот внатрешен потенцијал кој може да до-несе прогрес. Тоа пак, носи и стимулира економски раст и развој за секое опште-ство“, истакна претседате-лот, Црвенкоски.Признанието инжинерски прстен се доделува по по-вод Денот на инженерството во Р. Македонија-4 јуни. Ин-женерската Институција на Македонија во 2004 година започна со доделување на престижното признание и од тогаш до денес тоа е доделе-но на 44 најдобри инженери во земјава. Ангела Белевска

ПО ПЕТТИ ЈУБИЛЕЕН ПАТ ПРЕД ХРАМОТ НА СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН НА ПЛАОШНИК ДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕТО

НАГРАДЕНИТЕ И ГОСТИТЕ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Page 7: АМАК ПРЕС 90

СЕ БАРА СЕРИОЗЕН ПАРТНЕР ЗА ЕМОВладата и понатака се залага да

најде стратешки партнер кој до-полнително би инвестирал во

ЕМО но со обврска да го задржи овој капацитет и вработените, рече мини-стерот за надворешни работи Антонио Милошоски кој неодамна беше во по-сета на некогаш најголемиот гигант во електро индустријата. Според Ми-лошоски досегашните понуди за стра-тешки партнер не биле доволно сигур-ни и уверливи дека ќе ги исполнат овие

барања.-Владата има за цел да најде долгоро-чен партнер со кој ЕМО во иднина би се развивал во стабилна фирма, рече Милошоски.Според директорот на ЕМО, Коста Ди-митров, компанијата и покрај наследе-ните 5 милиони евра долг, денес добро функционира.-Платите редовно се исплатуваат, фир-мата успешно работи, а ги повратив-ме и сите домашни и странски паза-

ри, рече Димитров. Тој информираше дека во тек е процедура за наплата на побарувањата од Ирак и Сирија, сума од 10 милиони евра, со што ЕМО чист ќе се понуди на пазарот. Со тоа, вели Димитров, ќе се постигне повисока цена, но ќе се најдат и посериозни пар-тнери. С.В

“ЗАСТАВА“ ЌЕ ЈА ОБНОВИ СОРАБОТКАТА СО НАШИ АВТОМОБИЛСКИ ФИРМИ

Некогашната најпозната авто-мобилска компанија „Застава“ од Крагуевац најверојатно ќе

ги обнови деловните врски со фабри-ките во Охрид кои некогаш беа дел од овој југословенски гигант. За ова било разговарано при неодамнешната посета на Охридскиот градоначалник, Александар Петрески на Крагуевац. Охридската делегација во Крагуевац беше во периодот на потпишување на

мултимилионскиот договор на „Заста-ва“ со италјанскиот производител на автомобили “Фиат“ Од локалната самоуправа во Охрид велат дека претставници на „Застава“ во јули ќе го посетат Охрид при што ќе остварат средба со потенцијалните деловни партнери. Некогашната под-ружница на „Застава “во Охрид про-изведуваше појаси, ретровизори и друга автомобилска галантерија. Де-

нес некогашните погони се засебни правни субјекти кои успешно стопа-нисуваат и работат на меѓународниот пазар.Најуспешна трансформација и опстојување имаа деловите од фа-бриакта кои сега се во состав на Компаниајата АМАК СП, Леарницата и дисперзираните погони во Белчишта и Демир Хисар. Ангела Белевска

фото: Љ.Т.

Page 8: АМАК ПРЕС 90

8 AMAK PRES

LOKAL

ПРВИТЕ КАПАЧИ НА КРАЈОТ ОД МАЈ

Сезоната на капење во Охридското Езеро оваа година започна

предвреме. Тропското вре-ме во изминатиот период, температурата на водата во Езерото нагло ја зголеми на 22 степени Целзиусо-ви. Она што е невообичае-но, создаден е топол воден појас во длабочина од пет метри, каде температурата изнесува 19 степени, што е невообичаено за крајот на мај. Ваквите температури на водата изминатите не-колку години беа типични за крајот на јуни и почетокот на главната туристичка се-зона. Топлото време и вода се покажаа добредојдени за гостите долж охридското крајбрежје, па плажите беа се попосетени. Од странците кои пристигнаа пред почето-кот на сезоната најбројни се Холанѓаните, сместени во хотелот “Дрим“ во Струга, кои се секојдневно на пла-жите, и израелските туристи кои претежно времето го ми-нуваат во разгледувањето на градот и сончање. Ова лето во хотелите на охридското крајбрежје ќе престојуваат околу 3000 гости од Израел и 2.500 од Холандија. Охрид е подготвен за поче-токот на летната туристич-ка сезона, плажите се уре-дени, а Јавното комунално претпријатие секојдневно го чисти сметот, иако две го-дини не добиле ни денар за својата работа од државата.Според последните мерења, водата во Охридското Езеро е бистра и чиста од прва и втора категорија, незагадена и погодна за капење. Повоз-расните охриѓани паметат дека и порано имало сезони

на капење во Езерото во мај или речиси во сите пролетни месеци, но сега зачудува на-глиот премин во вистински тропски горештини. Топлата вода во Езерото ги израдува бројните гости, но ги загрижи стручњаците кои сметаат дека ваквите проме-ни негативно ќе се одразат врз рамнотежата во био-диверзиетот. Токму на оваа тема се расправаше и на меѓународната конференција за водите и глобалното затоплување, која се одржа во Охрид. Беше изнесено мислење дека глобалното затоплување дури за 10 пати ги забрзува негативните про-цеси во водените ресурси и кај нас и во светот. Но ако крајот на мај беше во знакот на тропските гореш-тини и создаде вистинска летна атмосфера почетокот на јуни донесе нестабил-но и врнежливо време кое туристите ги „избрка“ од плажите но затоа кафаните и културно историските спо-меници беа се попосетени. Ако се суди според бројот на

гостите кои пристигнаа пред официјалниот почеток на туристичката сезона тогаш годинава ќе биде една од најбериќетните во туризмот.

ТОПЛОТО ВРЕМЕ ДОБРЕДОЈДЕНО И ЗА РИБОКРАДЦИТЕТоплото време е добредојно и за охриѓани и за гости-те, но и за рибокрадци-те во Охрид. Охридските “канџари“ го сардисаа кра-пот во водите покрај при-стаништето. Со трокуки се качат капиталци од седум, па до 13, па и повеќе кило-грами, а уште поголем број на риби кои успеваат да по-бегнат се повредуваат. То-плата вода и зголемениот нагон за мрест ги тера ри-бите во крајбрежниот дел на Езерото, каде стануваат ле-сен плен за несовесните ри-бокрадци. Посебно се ловат краповите ноќе, осветлени

со рефлектори. - Нашите рибочувари реаги-раат, но со ваквите несовесни поединци тешко можеме да се справиме, истакнува прет-седателот на Спортското-риболовно друштво “Св. Апостол Петар“ од Охрид, Радован Димитриевски. Ќе бараме формирање на рибо-чуварска полиција во рам-ките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што е случај со шумската полиција и единствено на тој начин може да се заштитат и кра-пот и другите видови риби во Охридското Езеро. Спо-ред него, езерската полиција не може да се претвори во рибочуварска бидејќи има и други задачи и обврски и за-тоа е неминовно формирање на ваква рибочуварска полиција.

Сузана Вренцовска

УСПЕШНА ПРЕТСЕЗОНА ВО ОХРИД

ТЕМПЕРАТУРАТА НА ВОДАТА ВО ЕЗЕРОТО НА КРАЈОТ ОД МАЈ НАГЛО СЕ ЗГОЛЕМИ НА 22 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ. ОНА ШТО Е НЕВООБИЧАЕНО, СОЗДАДЕН Е ТОПОЛ ВОДЕН ПОЈАС ВО ДЛАБОЧИНА ОД ПЕТ МЕТРИ, КАДЕ ТЕМПЕРАТУРАТА ИЗНЕСУВА 19 СТЕПЕНИ, ШТО Е НЕВООБИЧАЕНО ЗА КРАЈОТ НА МАЈ

Page 9: АМАК ПРЕС 90

НАМЕСТО СКИТНИЦИСЕ ТРУЈАТ ДОМАШНИ КУЧИЊА

“Наместо кучиња скитници трујат домашни кучиња и мачки“, ова го тврдат пого-

лем дел Охриѓани, по спроведувањето на акцијата на Локалната Самоуправа за отстранување на кучињата скитни-ци. Деновиве беше отруено домаш-ното милениче на семејството Кара-лиеви. Пудлицата Бела најверојатно пробала отровна материја додека се шетала по кејот на езерото со помлада-та сопственичка.“Целото мое семејство е во шок. Бела

со нас жиееше повеќе од четри години ја чувствуавме како дел од семејството. Неодамна заедно со мојата ќерка поминувала на релација од кафе-терасата “Аквариус“ до кафе барот “DUCK“,најверојатно тогаш пробала од отровот. Умираше бавно, четри дена имаше стомачни болки“, со солзи во очите вели Сјајна Каралиева, која вина-та ја префрла на локалната самоупра-ва.Комуналниот инспектор, Танас Танасо-ски, кој е и надлежен за акцијата вели

дека труењето на кучињата скитници било прекинато во периодот додека траела политичката кампања за пред-времените избори во земјава.“Сопственичката вели дека кучето на-страдало во последните денови на кампањата, но тогаш ние акцијата не ја спроведувавме, беше прекината. Ра-ботиме континуирано и на места каде има најмногу кучиња скитници или кога реагираат граѓаните, зошто за нас е многу поважна безбедноста на ми-нувачите. Пред неколку години бевме сведоци на случај кога инвалид во ко-личка беше нападнат од куче скитник“, вели Танасоски кој во исто време жали за домашните миленици кои ненамерно страдаат во акцијата, па затоа апелира истите да се изведуваат на јавни места така како што налага Законот со маска и врзани со синџирче со цел да не се одалечуваат од сопственикот.На новинарско прашање, Зошто локал-ната самоуправа не создаде услови за отворање шинтерска служба со која на безболен начин ќе се отстранат скит-ниците и при тоа нема да се повредат домашните кучиња?! Танасоски со одговор дека отворањето таква служ-ба има превисока цена за Охрид која изнесува околу 250 000 евра. Само за едно уловено куче трошоците би биле околу 2 500 денари. Ангела Белевска

НАДЛЕЖНИТЕ ЗА АКЦИЈАТА СО КОЈА СЕ ОТСТРАНУВААТ КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ АПЕЛИРААТ ДО ГРАЃАНИТЕ ДОМАШНИТЕ КУЧИЊА ДА ГИ ШЕТАТ СО МАСКИ НА УСТАТА И СИНЏИРЧИЊА ОКОЛУ ВРАТОТ

ПРВИТЕ КАПАЧИ НА КРАЈОТ ОД МАЈ

ТЕЛ: 046/ 250-001 046/ 250-002

WWW.HOTELCINGO.COM.MKE-MAIL: [email protected]

Page 10: АМАК ПРЕС 90

10 AMAK PRES

ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

Едноставен човек кој зрачи со позитивна енергија . Добар со-

пруг и пожртвуван родител за своето дете, вистински пријател чие друштво го са-

каат мнозина охриѓани.Тој е сопственик на два угостител-ски објекти, а сепак успеал да изгради неверојатно до-бар другарски однос со вра-ботениот персонал, одличен

домаќин за сите гости од најмлади до најстари од најбогати до најсиромашни, вака може да се опише Кли-ме Василевски –Четкар, еден од најпознатите угостители

во Охрид и газда на кафеа-ната и истоимениот хотел “Белведере“.Прекарот Четкар го носат сите припадници на по-силниот пол од неговата фамилија. Тие Василевци од Долна Влашка маала праве-ле различни видови четки за бојадисување на ѕидни површини,оттука потекнува и нивниот прекар кој сите го задржале до ден денес, а и една карактеристична осо-бина ги сплотува и ги прави единствени како фамилија- благонаклонети, мирни луѓе.“Уште како дете, правев чет-ки, со фамилјарниот занает се занимавав 10-15 годи-ни“, со насмевка на лицето се сеќава чичко Климе, кој иако дипломирал на факул-тетот за физичка култура во Скопје, никогаш не станал ни професор ни тренер по некоја спортска вештина.“Видов дека од професијата ќар нема, па се ориентирав на трговија на мало. Повеќе од десет години продавав новогодишни честитки и цвеќе, задоволен и презадо-волен бев од работата која беше профитабилна но бев свесен дека тоа долг вре-менски период не можам да го работам. Во наредите 10 години бев претседател на Едриличарско-веслачкиот сојуз на Македонија и исто толкав временски период посветив на продажбата на автомобилски делови“, вели Василевски, кој од 2000 година навака се занима-ва со угостителство, а таа

КЛИМЕ ВАСИЛЕВСКИ ЧЕТКАР- ПОЗНАТ УГОСТИТЕЛ ОД ОХРИД

ГОСТИТЕ САМИ ДОАЃААТ КАЈЧЕСЕН И ЉУБЕЗЕН УГОСТИТЕЛ

“САМО ЧОВЕК СПУШТЕН НА ЗЕМЈА КОЈ НЕ ЛЕТА ВО ОБЛАЦИ И КОЈ НЕ Е САМОБЕНДИСАН МОЖЕ ДА БИДЕ УСПЕШЕН УГОСТИТЕЛ. ЛУЃЕТО САКААТ ЕДНОСТАВНИ, ГОСТОПРИМЛИВИ ДОМАЌИНИ. СЕ СЛУЧУВА ГОСТИТЕ ДА ГИ ПОЧЕСТАМ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШТО ОСТВАРУВАМ ПРОФИТ ОД НИВ, НО ТАКА МОРА ДА БИДЕ....“

фото: Љ.Т.

Page 11: АМАК ПРЕС 90

11www.amakpres.com.mk

ГОСТИТЕ САМИ ДОАЃААТ КАЈЧЕСЕН И ЉУБЕЗЕН УГОСТИТЕЛ

професија максимално го исполнува.“Само човек спуштен на земјата, кој не лета во обла-ци и не си придава важност самиот себе може да биде успешен угостител. Гостите не сакаат вообразени, само-бендисани домаќини. На секој што влегува низ врата-та на хотелот или ресторанот мора да му се оддаде поде-днакво внимание. Некогаш се случува да ги почестам гостите повеќе од профи-тот што од нив го оствару-вам но така мора да биде ако сакаш да привлекуваш повеќе муштерии кои ста-нуваат постојани клиенти. Така успеавме гостите кои ги придобивме додека под наем го имавме и го разра-ботивме хотелот “Ривиера“, да ги донесеме во кафеана-та Белведере која успешно работи веќе 3 години “. Од 2006 година Климе со сопругата Лилјана стануваат сопственици на некогашни-

от хотел “Жито Лукс“, кого го преименуваат во Белве-дере. Се очекува хотелот кој и во моментов е еден од најубавите долж ривиерава да прерасне во ексклузивен објект со спа центар, две конгресни сали, два базени-од отворен и затворен тип и затворен паркинг простор. Од хотелот до плажата ќе се минува преку мост со цел да се оствари поголема без-бедност на луѓето а во кој ќе биде поставен и рекламен материјал.“Успешната работа што ја реализираме во кафеаната и хотелот не е се само моја туку и заслуга на персона-лот кој работи во нив. Сите тие се работливи вредни луѓе со кои секогаш имам другарски-фер однос, не сакам тие да ме доживуваат како газда, туку како оби-чен човек кој како и нив по чесно завршената работа очекува позитивен резултат. Сите ние со заеднички сили

се трудиме да сме едни меѓу најдобриоте домаќини, а тоа се постигнува со внесување новини како во исхраната, така и во ентериерот и ек-стериерот. И дворното мето на кафеаната или хотелот мора да бидат беспрекор-но уредени и постојано да се внеуаат мали измени, но пред се хигиената во сите сегменти мора да биде за-стапена на највисоко ниво“, вели Четкар кој не се плаши од конкуренцијата зошто го негува животното мото, “Со чесна работа- напред до целта“, кое му дава сила дека убавото и квалитетното секогаш излегува на повр-шина.“Ни претстои добра тури-стичка сезона, годинава оче-куваме гости да ни дојдат не само од Србија, Бугарија и Албанија, туку и од Косово. Интересно е што годинава прв пат нашиот хотел е мак-симално полн и овој месец, пред официјалниот старт на

тристичката сезона. Но ние живееме во туристички цен-тар и затоа е неопходно бес-прекорно да се среди цен-тралното градско подрачје без сообраќајниот хаос и отпадот по улиците и езер-скиот кеј кој е пренатрупан со тезги од диви продавачи на сувенири“, вели Климе.Познатиот охридски уго-стител, Климе Четкар е страствен колекционер на антиквитети и музички ин-струменти кои ги сака од детството од кога и свири клавир. Денес семејството Василески е сопственик на околу 60 клавири и 150 вио-лини. Пред неполна година од нив учесници на минато годишното фестивалско из-дание на Охридско лето, го купија преубавиот кон-цертен клавир од марката “Ројал“. Ангела Белевска

Page 12: АМАК ПРЕС 90

14 AMAK PRES

1

Page 13: АМАК ПРЕС 90

13www.amakpres.com.mk

СИТЕ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА ДО КРАЈОТ НА АВГУСТ ЌЕ БИДАТ ОПРЕМЕНИ СО КОМПЈУТЕРИСо инсталирање на околу 540

компјутери во Електро- машин-скиот училиштен центар „Св.

Наум Охридски во Охрид, владата на Република Македонија продолжи со реализирање на проектот “Компјутер за секое дете“што отпочна во 2007 го-дина.“Инвестираме во модернизацијата на образованието со цел да се добие една млада,школована нација со која ќе гра-диме здрава економија, врз база на знаење. Компјутерите ќе ги користат учениците и професорите кои полес-но и поедноставно ќе ја претстават

предадената материја.Со ваквиот на-чин на опремување на училиштата со компјутери овозможуваме соодносот компјутер –ученик да биде најдобар во светов. Ако во овој момент Кореја има најдобар ваков сооднос и тој е еден спрема седум, кај нас до 2009 година тој сооднос ќе биде помал од два спре-ма еден“, изјави во Охрид, миниссте-рот за Информатичко Општество, Иво Иваноски.Во Република Македонија во период од една година со компјутери целосно се опремени околу 23 средни училиш-та, а до крајот на месец август нивниот

број ќе биде 93. Од 5 до 15 компјутери се инсталираат во 365 основни учи-лишта во кои секоја училница целосно ќе биде доопремена со компјутери до 2009 година.Околу дваесет и две илјади и петсто-тини граѓани во Македонија бесплатно слушаат предавања за основните ин-форматички вештини а само годинава на беплатните информатички курсеви се запишале околу 18 000 луѓе. Ангела Белевска

ЛОКАЛ

СЕ РЕНОВИРА КРСТ-ЏАМИЈАЕдна од најстарите и

најубави џамии во Охрид, Хаџи Дургут

, која во народот е позната и како Крст-џамија денови-ве започна да се реновира. Поставени се скелиња на надворешноста која ќе се реставрира со цел да се за-штити овој споменик на кул-турата. Ревитализацијата на џамијата во непосредна бли-зина на училиштето „Брат-ство“ е дел од активностите на Заводот и Музеј кој дено-виве работи и на санирање на северната фасада на куќата на Робевци каде ќе биде променета и дрвенаријата, а заштитно конзерваторски активности се предвидени и

во куќата на УранијаПред турското ропство на местото каде се наоѓа се-гашната џамија имало пра-вославна црква. Турците ја срушиле и два пати по ред безуспешно подигале џамија која постојано се ру-шела. На третиот пат бегот сонувал сон на кој светец од христијанската религија му рекол да стават крст на џамијата и само така џамијата ќе добие цврстина и нема да се руши. Од то-гаш до денес Крст амија е единствениот муслимански објект во светот со крст на покривот. А.Белевска

фото: Љ.Т.

Page 14: АМАК ПРЕС 90

14 AMAK PRES

Куќата на Уранија ќе се урива до приземјето и во исти стил ќе се

реконструира, ваквата одлу-ка доаѓа по препораките на статичарите од Градежниот факултет со цел да се зајакне

веќе нарушената статика на објектот. Проектот за статич-ко зајакнување на куќата кој го изработуваат стручните лица ќе покаже што точно ќе се прави за возобновување на Уранија. Според дирек-

торката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, во текот на туристичката се-зона кога на сила е забраната за градежни зафати во цен-тарот на Охрид ќе се при-бираат потребните дозволи а од септември ќе се приста-пи кон санација на објектот. Сеуште не се направени ни пресметките за тоа колка-ви сретства се потребни за реконструкција на куќата. Инаку овој споменик на културата од 19 век, во 2004 година е предадена на користење на Македонската академија на науките и умет-ностите, но од таму дури сега по 4 години го презедоа објектот. Иако, директорката Бунташеска не открива од кој причини МАНУ долго време не го сакаше овој објект кој го доби на поклон сепак по-знавачите на состојбата ве-лат дека старото раководство на Академијата несакало да ја преземе куќата поради огромните сретства потреб-ни за нејзино одржување. Од Академијата причините за не преземањето на соп-ственоста велат биле поради тоа што не беше извршена

дислокација на кафулето што се наоѓа во нејзиното предворие. Оваа репрезентативна куќа во центарот на Охрид најчесто беше користена за излагање на дела на познати македонски и светски слика-ри. Во 2004 година последен пат е одржана изложбата на восочни фигури и од тогаш вратите на оваа куќа стојат затворени. Со градежните зафати кои ќе се преземаат за зајакнување на нејзината стабилност овој споменик на културата повторно ќе се врати во функција. Акаде-миците од земјава и регио-нот просториите на куќата, со специфична архитектура, ќе ги користат за беседење и одржување на научни со-бири. Една од причините по-ради кои Уранија се предаде на МАНУ е поради тоа што пред 4 децении тука е фор-мирана оваа највисока науч-на институција.Куќата на Уранија заед-но со куќата на Робевци се најубавите архитектонски градби во Охрид. Сузана Вренцовска

ЛОКАЛ

торката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска,

дислокација на кафулето што се наоѓа во нејзиното

„УРАНИЈА“ ЌЕ СЕ УРИВА

ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ НА КОМЕДИЈАТАОд 21 до 27 јуни, Охрид е

домаќин на меѓународниот театарски фестивал на

комедијата, што е и прва културна манифестација во земјава со ис-клучително комичен карактер. Орга-низатори се Младинскиот Културен Центар од Охрид и канцеларијата на Скопски Саем.“Идејата и целта на фестивалот се во функција на развојот на туризмот во градов вон туристичката сезона одно-сно нејзино продолжување. Ја избрав-ме комедијата затоа што таа е општо прифатена ја сакаат сите луѓе, во неа наоѓаат излез од секојдневието“, изјави Зоран Стрезоски, менаџер на Скопски Саем за Западна Македонија.

Честа да го отворат овогодинешното прво фестивалско издаие му припадна на актерите од прилепскиот Народен театар, “Војдан Чернодрински“, кои на сцената во Центарот за Култура “Григор Прличев“, на 21 јуни ќе ја изведат комедијата, “На два стола“, во режија на Коле Ангеловски. Цен-тарот за Култура е домаќинот каде пет дена,со почеток во 21 часот свои-те актерски способности и вештини пред публиката ќе ги покажуваат ак-тери од Македонија,Србија,Хрватска, Словенија и Црна Гора.На 24 јуни (вторник), претставата “Покондирена тиква“, ќе ја изведе театарската група, Бора Станковиќ од Врање-Србија. Ден потоа ќе на-

стапат словенечките уметници од Ав-тономно Гледалишче со претставата, “Хотел Бабилон“. “Сонлив нагон“е комедијата што на 26 јуни ќе ја оди-граат црногорците, а на последната ноќ ќе се претстават хрватските умет-ници со претставата, “Љубов је јача од мача“ во режија на Дражен Ферен-чина.Покровители на фестивалот кој најверојатно ќе добие традициона-лен карактер се Центарот за Култура “Григор Прличев“ ,хотелот“ Инекс –Горица“ и сите останати туристички објекти во градов како и Компанијата АМАК-СП и Радио Охрид. Ангела Белевска

ОД 21-27 ЈУНИ ВО ЦК “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Page 15: АМАК ПРЕС 90

www.amakpres.com.mk 17www.amakpres.com.mkwww.amakpres.com.mk 1717

www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: [email protected] tel: 070/775-025

Page 16: АМАК ПРЕС 90

16 AMAK PRES

Уметноста му е во гените, зош-то неговата баба, варошанка-та од фамилијата Бошалеви

била позната по убавите ткаенини што ги ткаела на разбој.“Уметничките гени најверојатно ги носам од неа, се сеќавам на нејзината радост кога ќе исткаеше нешто убаво, ги ускладуваше боите, а ткаенината добиваше необичен, специфичен, а се-

пак преубав изглед. Поддршката пак за сликање уште од најраните почетоци ја имав од вујко ми, Никола Бошале, кој ми купуваше бои и четки. На први-от мој посериозн цртеж ја насликав црквата “Св. Богородица Перивлепта“ со камбанаријата. Црквата ја гледав и сликав преку чардакот од бабината куќа, тогаш имав осум години. За мое-то издигање на уметнички нозе големо

влијание имаше ликовниот педагог, Јоне Симонче, на кого една година пред смртта му организирав ретроспективна изложба. Тој ги постави моите ликовни основи, и она што го работев од рано-то детство односно сликање на премер (на отворен простор) го реализирав и во подоцнежните години благодарение на неговата поддршка“ .-Постои ли разлика во квалитетот

СЛАВКО УПЕВЧЕ- АКАДЕМСКИ СЛИКАР

ВИСТИНСКИОТ УМЕТНИК НЕ ПОЗНАВА КОНКУРЕНЦИЈА

“ДЕНЕС ЗАД СОВРЕМЕНИТЕ УМЕТНИЦИ НЕ СЕ КРИЈАТ СЛИКАРИ ТУКУ КОМЕРЦИЈАЛИСТИ КОИ СО ФРЛАЊЕ БОИ САКААТ ДА КАЖАТ НЕШТО А НЕ ЗНААТ ШТО. ЗА МЕНЕ НЕ Е СЛИКАР НАВОДНИОТ УМЕТНИК ШТО НЕ ЗНАЕ ДА НАЦРТА АКТ ИЛИ ПОРТРЕТ . НАЈЗАГРИЖУВАЧКИ Е КОГА АКАДЕМСКИ ОБРАЗОВАНИ ГРАЃАНИ ИЗБИРААТ КИЧ СЛИКИ. ПОДОБРА Е ДОБРА РЕПРОДУКЦИЈА ОТКОЛКУ ЛОШ ОРИГИНАЛ....“

ЗА НЕГО ВЕЛАТ ДЕКА СЛИКАЛ УШТЕ ПРЕД ДА НАУЧИ ДА ЗБОРУВА, НИ САМИОТ НЕ ЗНАЕ НА КОЛКУ ИЛЈАДНИЦИ ПЛАТНА ИМ ВДХНАЛ ЖИВОТ. ЧИНИШ НА МОМЕНТ ВЕШТО НАСЛИКАНИТЕ ПРЕДМЕТИ,ОБЈЕКТИ ИЛИ ЛИЦА СЕ ТУКА СО ТЕБЕ ИЛИ ОКОЛУ ТЕБЕ, НО ЗА МИГ СЕ ВРАЌАШ ВО РЕАЛНОСТА И СВАЌАШ ДЕКА ТОЈ- УМЕТНИКОТ , УПЕВЧЕ, ТОЛКУ ГО САКА РОДНИОТ ОХРИД ШТО ГО ОВЕКОВЕЧИЛ НА ПЛАТНО И ГИ ПРЕТСТАВИЛ ПОВАЖНИТЕ ГРАДСКИ СЕГМЕНТИ ОНАКВИ КАКВИ ШТО НЕКОГАШ БИЛЕ.НО, УМЕТНИКОТ- ХРОНИЧАР НА ГРАДОВ ПРЕКУ ДОЛОВУВАЊЕТО НА ДАМНЕШНИТЕ СЕГА ВЕЌЕ НЕПОСТОЕЧКИ ОБЈЕКТИ И СЛУЧКИ ГО НАСЛИКАЛ НЕКОГАШНОТО ВРЕМЕ ВО КОЕ СИТЕ НИЕ САКАМЕ ДА “НУРНЕМЕ“, БАРЕМ ЗА МИГ. ЗАТОА НЕ ПОПУСТО ЗА ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВКО УПЕВЧЕ ВО 1999 ГОДИНА ВО “ЗАПИСИТЕ ЗА ЛЕТОПИСНАТА КНИГА ЗА ОХРИД “, ЗБОРУВА Д-Р НИКОЛА БОШАЛЕ, ЕДЕН СЕГМЕНТ ОД НАПИШАНОТО ГЛАСИ ВАКА:“ ОСНОВНА КОНСТАТАЦИЈА Е ДЕКА СЛАВКО УПЕВЧЕ НЕ ГО СЛИКА ОХРИД, ТУКУ ОНА ШТО ГО ДЕФИНИРАМЕ КАКО ОХРИДСКО. КОГА ГО ДОКАЖУВАМЕ ОВА ИМАМЕ ПРЕДВИД ДЕКА ЌЕ ЈА СРЕТНЕМЕ СТРУГА, КРУШЕВО И ДРУГО МЕСТО КАДЕ ШТО ДОПРЕЛО ОНА ШТО ОХРИД ГО БАРА НИЗ ВЕКОВИТЕ“.

ИНТЕРВЈУ

Page 17: АМАК ПРЕС 90

www.amakpres.com.mk 17

СЛАВКО УПЕВЧЕ- АКАДЕМСКИ СЛИКАР

ВИСТИНСКИОТ УМЕТНИК НЕ ПОЗНАВА КОНКУРЕНЦИЈА

на насликаното кога станува збор за дипломиран и самоук уметник? Од-носно колку се вреднува дипломата меѓу уметниците?“ По матурирањето во гимназијата “Св. Климент Охридски“, се запишав на Ви-шата педагошка школа во Битола, а две години подоцна се запишав и дипломи-рав на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Дипломата и тоа како е важ-на, таа дава основа и потпора која никој не може да ти ја уништи. Некои работи со гледање или подучување на некој правец или стил не можат да се научат. Уметноста е градба, почнуваш од теме-лите и учиш за прв, втор или трет план, асиметрија,пропорција , перспектива. Потоа се учи суштината на етапите: реализам,импресионизам,фобизам, ку-бизам, експресионизам,надреализам..... За жал денес зад современите умет-

ници не се кријат сликари, туку комерцијалисти кои со фрлање бои сакаат да кажат нешто, а и самите не знаат што, за мене не е уметник “сли-карот“, што не знае да наслика портрет или акт, односно не знае да го “долови“ на платно реалното битие“.-И кога сме тука кај мноштвото уметници и неуметници, само посебе доаѓа прашањето; се плашите ли од конкуренција, ја има ли неа?“Никогаш и во никого не сум гледал конкуренција, квалитетниот уметник секогаш знае да се издигне на свој специфичен начин. Моите слики ги има во цел свет, но на многу од нив ги обележува една карактеристика, на нив сум го овековечил Охрид, и хро-ничар сум на градов низ годините. На платната сум оживеал појави,обележја и настани кои веќе не постојат, а му дале белег на градов, специјалност ми е пастелот. Вистинскиот уметник има

ЗА НЕГО ВЕЛАТ ДЕКА СЛИКАЛ УШТЕ ПРЕД ДА НАУЧИ ДА ЗБОРУВА, НИ САМИОТ НЕ ЗНАЕ НА КОЛКУ ИЛЈАДНИЦИ ПЛАТНА ИМ ВДХНАЛ ЖИВОТ. ЧИНИШ НА МОМЕНТ ВЕШТО НАСЛИКАНИТЕ ПРЕДМЕТИ,ОБЈЕКТИ ИЛИ ЛИЦА СЕ ТУКА СО ТЕБЕ ИЛИ ОКОЛУ ТЕБЕ, НО ЗА МИГ СЕ ВРАЌАШ ВО РЕАЛНОСТА И СВАЌАШ ДЕКА ТОЈ- УМЕТНИКОТ , УПЕВЧЕ, ТОЛКУ ГО САКА РОДНИОТ ОХРИД ШТО ГО ОВЕКОВЕЧИЛ НА ПЛАТНО И ГИ ПРЕТСТАВИЛ ПОВАЖНИТЕ ГРАДСКИ СЕГМЕНТИ ОНАКВИ КАКВИ ШТО НЕКОГАШ БИЛЕ.НО, УМЕТНИКОТ- ХРОНИЧАР НА ГРАДОВ ПРЕКУ ДОЛОВУВАЊЕТО НА ДАМНЕШНИТЕ СЕГА ВЕЌЕ НЕПОСТОЕЧКИ ОБЈЕКТИ И СЛУЧКИ ГО НАСЛИКАЛ НЕКОГАШНОТО ВРЕМЕ ВО КОЕ СИТЕ НИЕ САКАМЕ ДА “НУРНЕМЕ“, БАРЕМ ЗА МИГ. ЗАТОА НЕ ПОПУСТО ЗА ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВКО УПЕВЧЕ ВО 1999 ГОДИНА ВО “ЗАПИСИТЕ ЗА ЛЕТОПИСНАТА КНИГА ЗА ОХРИД “, ЗБОРУВА Д-Р НИКОЛА БОШАЛЕ, ЕДЕН СЕГМЕНТ ОД НАПИШАНОТО ГЛАСИ ВАКА:“ ОСНОВНА КОНСТАТАЦИЈА Е ДЕКА СЛАВКО УПЕВЧЕ НЕ ГО СЛИКА ОХРИД, ТУКУ ОНА ШТО ГО ДЕФИНИРАМЕ КАКО ОХРИДСКО. КОГА ГО ДОКАЖУВАМЕ ОВА ИМАМЕ ПРЕДВИД ДЕКА ЌЕ ЈА СРЕТНЕМЕ СТРУГА, КРУШЕВО И ДРУГО МЕСТО КАДЕ ШТО ДОПРЕЛО ОНА ШТО ОХРИД ГО БАРА НИЗ ВЕКОВИТЕ“.

САРАИШТЕ СО КУЌИТЕ ОД РОБЕВЦИ, УРАНИЈА И ХРИСТО УЗУНОВ

фото: Љ.Т.

Page 18: АМАК ПРЕС 90

18 AMAK PRES

ИНТЕРВЈУ

специфичен својствен само за себе стил на работа по кој станува препознатлив и не и дозволува на конкуренцијата да му го попречи творечкиот пат. Идна-та е 40-та јубилејна година во моето творештво. За период од овие 40 години јас на-вистина не знам точно колкав број слики сум создал но знам дека се многу и дека ги има низ целиот свет: Америка, Австралија, Германија, Франција, Индија.....овие факти никогаш не ме тераат да мислам на конкуренти.“ -Постои ли уметнички живот во Охрид?“Зависно, што се подраз-бира под него. Од една страна имаме галерии со реномирани слики, авторски галерии во кои спаѓа и мојава и ателеја тие заедно со Заводот и Музеј и Центарот за Култура “Григор Прли-чев“ кои се организато-ри на ликовни изложби го чинат уметничкиот живот во градов. Од друга страна има тотален “уметнички“ хаос кога мину-вате низ нашата чаршија.Ќе видите дела со сомнителен квалитет, од кој се ужаснува секој кој има барем минимал-но познавање за уметност. На еден Мон Мартар,по една обична улица во Париз, Берлин, па и Белград не верувам дека ќе сретнете вакво чудо какво што се из-ложува кај нас. Најмногу ме загрижува

податокот што академски образовани луѓе немаат вкус за уметност,често тие избираат кичерајски слики. Спо-ред мене подобро е да се избере добра репродукција отколку лош оригинал“.

Славко Упевче, самостојно изложувал повеќе од 30 пати, во повеќе градови од Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Соединетите Американски Држави. Учествувал на повеќе групни изложби и колонии во земјава и стран-ство. Овој едноставен со ведар дух уметник ја подготвува самостојната изложба која ќе ја постави идната го-дина што е и јубилејна ,40 година во

творештвото . Дотогаш сите оние кои сакаат да насетат што работи тој нека наминат во неговата галерија во ста-рата охридска чаршиаја. Тука, во неа дише уметноста која ја хранат две

генерации уметници од фамилијата Упевче. Едната ја претставува таткото Славко, а другата синот Никола кој е дипломиран конзерватор и реставра-тор, а специјализирал на Европскиот Центар за конзервација во Арл – Јужна Франција. Ангела Белевска

ХОТЕЛ “БЕЛВИ“ ПРЕД ХОТЕЛ “ПАЛАС“ УЛ. “МЕТОДИ ПАТЧЕ“ СО ЦРКВАТА МАЛ СВ. КЛИМЕНТ

БРОДОТ “ХЕРОЈ“ СЛУЖЕЛ ЗА ПОЛНЕЊЕ ПЕСОК

Page 19: АМАК ПРЕС 90

www.amakpres.com.mk 2121

Page 20: АМАК ПРЕС 90

20 AMAK PRES

Преговорите со најдобриот сопран на денешница-та Џесика Норман, која на 12 јули на сцената на Античкиот театар го отвора 48. издание на фести-

валот Охридско лето, траеле една година поради нејзиното инсистирање да настапи со некој од светски етаблираните оркестри. Уметничкиот директор на Охридско лето, Гордана Јосифова-Неделковска вели дека по успешното преговарање, Норман отстапила и се согласила да настапи со наш ансамбл и тоа оркестарот на Македонската опера и балет. - Џеси Норман од САД ќе дојде со своја диригентка, Рејчел Ворби, етаблиран уметник кој ја следи на сите нејзини кон-церти. Ворби во Охрид ќе пристигне неколку дена порано за

да поработи со оркестарот на МОБ, вели Неделковска. Нор-ман за настапот во Охрид ќе добие прилично висок хонорар, но од Дирекцијата велат дека со зголемениот фестивалски буџет било во рамките на нивните можности.Инаку, Норман во својата 25-годишна кариера доаѓа првпат во овој дел од Европа. Таа на светска јавност и е многу до-бро позната. Добитник е на четири Греми награди, а во САД ја наградија и со наградата за животно дело и со тоа стана најмладата добитничка на ова врвно признание. Настапува-ла со врвни имиња, со врвни оркестри на најпрестижните сцени во светот. Критиката ја нарекува вокален феномен прочуен како еден од најубавите гласови во светот.Директорот на Охридско лето, Тони Симоновски вели дека годинава фестивалската публика ќе има можност да види музички спектакли, бројни познати имиња од театарот и музиката. Меѓу уметниците кои ќе настапат се прочуената челистка Натали Гутман, врвната виолинистката Сара Ченг, нашите Ана Контраденко и Борис Трајанов. Покрај тради-ционалните сцени за одржување на најголемата музичко сценска манифестација во земјава, се подготвуваат и нови сцени кај Центарот за култура и Горица а се реконструира и сцената на Долни Сарај на Охридско лето ќе бидат прикажа-ни над 50 музички и театарски настапи и неколку ликовни изложби.Сеуште не се открива колкави средства се обезбедени, Од Дирекцијата на Охридско лето велат дека дел од трошоците ќе ги покрие Министерството за култура, а останатите сред-ства се обезбедени преку донатори. По неколку години Стопанска банка повторно се враќа како златен спонзор на Охридско лето. Како новина од оваа година фестивалот Охридско лето ќе произведува сопствено вино. Брендот ќе биде „Охридско лето“ а виното ќе го произведува винаријата Сковин

Сузана Вренцовска

да поработи со оркестарот на МОБ, вели Неделковска. Нор-

ЏЕСИКА НОРМАННАПРАВИЛА ОТСТАПКИ ЗА ДА ДОЈДЕ ВО ОХРИД

ГОЛЕМА ОПЕРСКА ЅВЕЗДА ЌЕ ПЕЕ НА АНТИЧКИ

Средновековен историски фести-вал од времето на Цар Самoил ќе се одржува во август во шпи-

цот на туристичката сезона во Охрид. Во неколку дневното одржување на фе-стивалот граѓаните ќе бидат облечени во руво од средновековието, а целата манифестација ќе биде надополнета со музика и храна. Исто така ќе се од-ржуваат и автентични натпревари како стрелање, мечување, борење. -Сето тоа ќе биде еден историски спек-такл една приказна во која ќе уживаат и охриѓани и туристите, рече претседа-телката на ДОМ Лилјана Попоска на неодамнешната трибина посветена на

развојот на туризмот.Според неа за развој на туризмот по-требни се и големи инвестиции во-инфраструктурата, во опременоста на објектите, подигнување на свеста кај граѓаните за можностите кои ги нуди туризмот, подигнивање на нивото на образованост кај оние кои даваат ту-ристички услуги, но пред се најбитна е политичката волја да им се помогне на туристичките работници.-Владата во изминативе 2 години, ту-ризмот кој беше на маргините, го стави во приоритетни рамки. Издвоени се 6 пати повеќе сретства минатата годи-на отколку порано, но поради лошата

организираност во Министерството за економија овие средства не беа употре-бени за промоција на туризмот, вели Попоска.И туристичките работници со став дека македонскиот туризам бара сил-на промоција и дома и надвор, а секоја промоција бара добро спакувана и по-нудена приказна. „Има што да се каже за средновековен Охрид и треба сите да се запознаат со таа приказна, смета-ат туристичките работници.

Сузана Вренцовска

Средновековен историски фести- развојот на туризмот. организираност во Министерството за

СРЕДНОВЕКОВЕН ФЕСТИВАЛ ЗА ПРВ ПАТ ВО ОХРИД

ЏЕСИКА НОРМАН ЌЕ ГО ОТВОРИ ОХРИДСКО ЛЕТО

КУЛТУРА

Page 21: АМАК ПРЕС 90

www.amakpres.com.mk 21

47 ИЗДАНИЕ НА БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ

Со дефиле на Култур-но умет-

ничките друштва од земјава и стран-

ство , и со отворањето на изложбата на резби од битолските копаничари во ЦК “Григор Прличев“, ќе

започне 47 издание на “Балканскиот фестивал на народни песни и игри “што од 6 до 11 јули се одржува на сцената кај Долни Сарај“.Оваа година честа да имаат целовече-

рен концерт на првиот ден им припадна на членовите од Ансамблот на народни

песни и игри “Танец“ од Скопје. Наред-ниот ден исто така целовечерен концерт ќе има Народниот ансамбал, “Филип Кутев“од Бугарија а третата вечер ќе заиграат турските играорци од Измир и членовите од Културно Уметничко-то Друштво “Илинден“ од Австралија. На 9 јули ќе настапат уметници од Хрватска, Албанија и играорците од КУД “Илинден“. На претпоследна-та ноќ ќе се претстават членовите на КУД “Абрашевиќ“од Србија и еден од македонските ансамбли. Фестивалот и ќе заврши со настапот на домашни и играорци од Црна Гора. А.Белевска

ОД 6 ДО 11 ЈУЛИ НА СЦЕНАТА КАЈ ДОЛНИ САРАЈ

ДРАМСКАТА ПРЕТСТАВА “СИТЕ ЛИЦА НА ПЕТРЕ“ НА ПОЕТСКАТА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО “Сите лица на Петре“ е наре-

чена претставата на Драм-скиот Театар од Скопје што

ќе биде изведена во рамките на Култур-ната манифестација “ Поетска ноќ“ во Велестово.“Поради одржувањето на претставата, манифестацијата ќе се одржува не два туку три дена, на 14-ти, 15-ти и 16-ти август. Последната ноќ на една од сце-ните кај селската чешма, црквата или во “Домот на Култура“(просториите на некогашното училиште “Григор Прли-чев“), актерите на драмскиот театар ќе

ја изведат претставата , “Сите лица на Петре“што пред неполн месец преми-ерно беше прикажана во Скопје“, изјави организаторот на манифестацијата “, Славе Ѓорго –Димоски.Претставата, “Сите лица на Петре“, е во режија на Владо Цветаноски, сце-нариото е правено според делата на Петре М. Андреевски, и преку него се доловуваат различните страни на ликот од познатиот македонски автор, Андре-евски. На првата ноќ од манифестацијата ќе бидат претставени поетите учесници,

и сликите на уметниците, Сергеј Ан-дреески и Дик Робинсон, а втората ќе биде ревијална ноќ. Преку ден гостите ќе се шетаат низ селата на Галичица со цел да ги запознаат тамошните обичи и да ги вкусат селските специјалитети. Со овие новини кои се внесуваат на 20-то јубилејно издание се настојува манифестацијата да биде повпечатлива и најверојатно трите вечери ќе добијат традиционален карактер. Ангела Белевска

20-ТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ ЌЕ ТРАЕ ТРИ ДЕНА

Page 22: АМАК ПРЕС 90

22 AMAK PRES

CRNA HRONIKA

СКОПЈАНКА УБИЕНАВО ПЕШТАНИСкопјанката Снежана Тодоровска

(59) била пронајдена мртва, де-новиве, во својата викендичка

во охридското село Пештани, соопшти МВР. Според првичните информации од истрагата, Тодоровска најверојатно била убиена, десеттина дена пред разоткривањето на случајот. Убиецот прво ја задавил жената по што со тврд предмет ја удрил по главата. За убиството е осомничен велешанецот Никола Љ.(55) кој самиот се пријавил во полиција а за 10-тината дена кога случајот не бил разоткриен барал ле-карска помош и седативи за смирување

во Општата Болница во Велес. Екипи на СВР, дежурен истражен судија и заменик јавен обвинител, при основниот суд во Охрид извршија увид, по што телото е предадено на обдукција. Пештанци се згрозени од вандалскиот чин, тие велат дека скопјанката Снежа-на Тодороска во сопствената викендич-ка доаѓала само во лето. Ја опишуаваат како мирна жена која со сите селани имала добар пријателски однос без да воспоставува поголема блискост. Нејзиниот вонбрачен партнер, пеш-танци го имале видено неколку пати а убиената најчесто ја сретнувале со

нејзините две возрасни ќерки. Се претпоставува дека осомничениот , кој со Тодоровска подолго време бил во вонбрачна заедница, десеттина дена пред откривањето на злоделото имал расправија со скопјанката. Тој ја уда-вил жената во кадата,а потоа со тврд предмет ја удрил по главата.Убиството на скопјанката, Снежана То-доровска е трето убиство во Охрид за период од три месеци, него му претхо-дат злоделата извршени над Стојанка М. и Трајче Ц.

Ангела Белевска

ТРЕТО УБИСТВО ВО ОХРИД ЗА ПЕРИОД ОД ТРИ МЕСЕЦИ

Деновиве на регионалниот пат Охрид – св. Наум на клучка-та кај хотелот “Парк“, се слу-

чи тешка сообраќајна незгода во која животот го загуби Филип К. ,роден 1989 година во Охрид , кој неколку години бил на привремена работа во Швајцарија. Неговиот сопатник И.К. се здобил со тешки телесни повреди, по

укажаната лекарска помош во Општата болница во Охрид, итно е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.До незгодата дошло кога сега покојниот Ф.К. изгубил контрола над возило-то кое го управувал, марка Ауди со швајцарски регистарски таблици при што удрил во метален еластичен бра-ник и излетал надвор од коловозот.

По овластување на дежурен Истражен судија при Основниот суд во Охрид , увид на лице место направија екипи на СВР-Охрид. Ангела Белевска

Деновиве на регионалниот пат Охрид – св. Наум на клучка-

укажаната лекарска помош во Општата болница во Охрид, итно е пренесен во

По овластување на дежурен Истражен судија при Основниот суд во Охрид ,

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА

Поради основано сомнение дека е сторител на кривични дела ,,Неовластно производство

и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и пре-курсори и ,,неовластено држење на оружје или распрскувачки материи, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето С. Н. роден 1968 година од Охрид. По наредба на Истражен судија при

Основниот суд во Охрид, инспектори од оделението за недозволена трговија со дрога, извршија претрес во домот кај пријавениот при што се пронајдени околу 100 грама опојна дрога пресо-ван кокаин, околу 200 грама опојна дрога марихуана, две фолиени паков-ки опојна дрога хероин, шише со де-лови од растението ,,Канабис сатива,, и осум куршуми пиштолска муниција калибар 9 мм.

На лице место, извршен е криминалистичко-технички увид, а пронајдените предмети се дадени за на-тамошна постапка во МВР на РМ. СВР Охрид, презема дополнителни мерки за документирање и расчистување на овој случај, информираат од полицијата.

извор : СВР Охрид

Поради основано сомнение дека Основниот суд во Охрид, инспектори На лице место, извршен е

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОХРИЃАНЕЦ ЗА НЕДОЗВОЛЕНО ПОСЕДУВАЊЕ ДРОГА И ОРУЖЈЕ

Page 23: АМАК ПРЕС 90

23www.amakpres.com.mk

СПОРТ

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА

Над 100 натпреварувачи од 14 стрелачки клувови од Македонија зедоа учество на

51-то Државно првенство во стрелање со сериска воздушна пушка во сите ка-тегории што се одржа во организација на Општинскиот стрелачки сојуз и СК „Охрид“ а под покровителство на гра-доначалникот на Охрид Александар Петрески. На првенството кое се одржа во годината кога се одбележуваат 60 години од постоењето на овој спорт во Македонија, присуствуваше и Бранко Шашоски првиот шампион и рекордер на Југославија на првото првенство на тогашна Југославија што се одржа во Белград пред повеќе од половина век. Сузана Вренцовска

Над 100 натпреварувачи од

ОХРИД ДОМАЌИН НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАЊЕПИОНЕРИ - ЕКИПНО

1 СК “РЕК-Битола” - Битола 166 155 161 482

2 СК “Охрид” -Охрид 166 162 149 477

3 СК “Херој Прилеп” - Прилеп 171 143 146 460

ПИОНЕРКИ - ЕКИПНО

1 СК “Куманово 2000” - Куманово 145 150 156 451

2 СК “Гоце Делчев” - Скопје 152 151 142 445

3 СК “Јане Сандански” - Битола 152 163 115 430

МЛАДИНЦИ - ЕКИПНО

1 СК “Гоце Делчев” - Скопје 221 330 290 841

2 СК “Ристо Шапкар” - Охрид 299 221 299 819

3 СК “Нишан 08” - Прилеп 262 273 205 740

МЛАДИНКИ - ЕКИПНО

1 СК “РЕК-Битола” - Битола 319 280 295 894

2 СК “Јане Сандански” - Битола 209 197 243 649

3 СК “Гоце Делчев” - Скопје 250 0 283 533

СЕНИОРИ - ЕКИПНО

1 СК “Тетекс” - Тетово 350 333 319 1002

2 СК “РЕК-Битола” - Битола 338 316 347 1001

3 СК “Македонија” - Пробиштип 339 310 325 974

СЕНИОРКИ - ПОЕДИНЕЧНО

1 Валентина Гоџоска “Охрид”-Охрид 74 89 87 87 337

2 Јулијана Крстановска “Охрид”-Охрид 82 78 94 83 337

3 Гордана Манчиќ “Охрид”-Охрид 82 84 76 79 321

УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ГОДИНАЗА НАШИТЕ ЕДРИЛИЧАРИ

Успешноста на работењето на Едриличарската федерација на Македонија е тесно поврзана

со резултатите кои ги постигнаа на-шите едриличари кои во изминатата година настапија на два шампионати, 14 меѓународни регати во странство, Илинденската регата и државното првенство и постигнаа одлични ре-зултати. Според тоа со право множеме 2007 да ја оцениме како успешна годи-на, рече претседателот на Едрличарска-та федерација на Македонија, Љупчо Поп Стефанија на редовното годишно собрание кое се одржа на почетокот од овој месец. Дел од преставниците на клубовите кои присуствуваа на собранието со за-белешка дека изостанува иницијатива за напредување на едриличарите од

класата оптимист во класата ласер. Тие сметаат дека треба да се развиваат и останатите класи а клубовите да се опремуваат со нови соодветни едрили-ци. Според повеќето делегати пак клу-бовите се тие кои треба да се грижат за набавка на едрилици а федерацијата единствено има задача да организира настани. Еден од основните проблеми со кои се соочуваат клубовите кај нас се фи-нансиите иако овој спорт има услови да се развива. „Засега финансирањето е сведено исклучиво на спонзорства. Државата нема регулирано систем со кој фирмите даночно ќе се ослободат доколку финансираат во спортот. Но и покрај тоа што многу малку срества и од државата влегуваат за развој на едрењето, нашите едриличари по-стигнуваат врвни резултати. Ние и понатака ќе продолжиме со барање на спонзорства како би овозможиле поголема материјална база за успеш-но спортување,вели претседателот на федерацијата Поп Стефанија. Тој најави дека оваа година ќе се учествува на по-голем број регати и првенства со цел да се надминат минатогодишните резул-тати. Според програмата македонските

репрезентативци ќе земат учество на: Првенството на југоисточна Европа во оптимист во Палиќ, за прв пат ќе учествуваат на Светското првенство во оптимист во Чешме Турција, Балкан-скиот шампионат во олимписки кла-си и оптимист во Консанца Романија. Предвидено е македонските едрили-чари да настапат на 16 меѓународни регати во странство. Од друга страна во Македонија ќе бидат организирани 5 државни првенства во поедини кла-си и 3 регати за Куп на Македонија во минитонци-микротонци. Како цен-трален настан и оваа година ќе биде Илинденската регата која ќе се одржи по 40-ти пат а ќе се прават напори да се обезбедат сретства за организација на меѓународна регата во Струга.На редовното годишно собрание на едриличарската федерација на Македонија делегатите го усвоија фи-нансискиот и извештајот за работата на ЕФМ во 2007 година а беше усвоена и програмата за работа и финансискиот план за 2008 година.

Сузана Вренцовска

РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЕФМ

Page 24: АМАК ПРЕС 90