Амак Прес 100

20
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 100 10 Noemvri 2008 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 ДЕЈАН ПАНОВСКИ СЕКРЕТАР НА БИЛАТЕРАЛНИОТ КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ЗЕЛЕНИТЕ ИДЕИ СЕ ЧЕСНИ ВЛАДО ДЕАНОСКИ- ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОСНОВНИОТ СУД ВО ОХРИД СУДСТВОТО Е НЕЗАВИСНО И НЕ ПАРТИЗИРАНО ЃОКО СИМЈАНОСКИ-РАДИО И ТЕЛЕВИЗИСКИ ВОДИТЕЛ ЛУЃЕ КОИ НЕ ОДАТВО КИНО СЕ ДУХОВНО ПРАЗНИ МАРЈАН ЛАЗОСКИ ТРЕНЕР НА ОХРИДСКИОТ АМАК СП СО АМАК СП ЌЕ ЛОВАМ ТИТУЛИ ВО БЕЈБУНАР ТОНАТ 40 МИЛИОНИ ЕВРА ИЛИ НАКОЛНА НАСЕЛБА definitivno najevtino www.don.com.mk

Upload: alankaou

Post on 24-Mar-2016

255 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

Page 1: Амак Прес 100

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 100 10 Noemvri 2008

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

ДЕЈАН ПАНОВСКИ СЕКРЕТАР НА БИЛАТЕРАЛНИОТ КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

ЗЕЛЕНИТЕ ИДЕИ

СЕ ЧЕСНИ

ВЛАДО ДЕАНОСКИ- ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОСНОВНИОТ СУД ВО ОХРИД

ЗЕЛЕНИТЕ

СЕ ЧЕСНИ

СУДСТВОТО ЕНЕЗАВИСНО

И НЕ ПАРТИЗИРАНО

ЃОКО СИМЈАНОСКИ-РАДИО И ТЕЛЕВИЗИСКИ ВОДИТЕЛ

ЛУЃЕ КОИ НЕОДАТВО КИНО СЕ ДУХОВНО

ПРАЗНИ

МАРЈАН ЛАЗОСКИ ТРЕНЕР НА ОХРИДСКИОТ АМАК СП

СО АМАК СП ЌЕ ЛОВАМ

ТИТУЛИ

ВО БЕЈБУНАР ТОНАТ 40 МИЛИОНИ ЕВРА ИЛИ НАКОЛНА НАСЕЛБА

definitivno najevtinowww.don.com.mk

Page 2: Амак Прес 100

2 AMAK PRES

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Page 3: Амак Прес 100

Вака со овие зборови еден од нај истакнатите вмров-ци во Охрид деновиве во

еден охридски ресторан на кратко го опиша она што се случува околу Бејбунар последниве денови. Овој доајен на ВМРО ДПМНЕ во Охрид овој нов виц го раскажува во друшт-во на повеќе граѓани и вели дека тоа била добра анегдота.А дали е анегдота она што го гледа-ме деновиве во Охрид, како двете политички партии се пресметува-ат во Охрид, а сето тоа на грбот на граѓаните. И сега се гледа по стоти пат како Охрид е во средината на пресмет-ката на политичките партии кои се пред се републички, да не речам Скопски. И додека градот се надева дека ќе от-вори бизнис за градежниците во кој

ќе се свртат 40 милиони евра, а град-ската каса ќе инкасира над 8 милио-ни евра, политичката партија која е на централно нив владејачка се на-дева дека тоа нема да се случи за да го заштити културно историското наследство во Бејбунар кое датирало од античко време. Сето ова ме потсети на една ситуација кога пред неколку години се крена голема фама околу двете згради кои се изградија на просторот кај ста-рата автобуска. Тогаш претходниот состав на советот воочи изборите не го изгласа планот за градба на двете згради, а сите партии потпишаа де-кларации со кои се обврзаа дека нема да го изгласаат тој план. Ми се чини во тоа предизборие беа во состојба и пред икони да дадат завет дека нема да дозволат тој план да се реализи-ра. А сите ние знаевме дека тоа ќе се

реализира и ќе се изградат зградите и еве денес ние сите ги гледаме згра-дите како се извишени во височина, а на декларациите сите заборавија и никој веќе не се ни сеќава.И повторно ми се чини дека сите зна-еме дека и овој пат е тоа. Ќе поминат изборите, партиите ќе ги заборават интересите за освојување на гласо-ви и ќе се свртат кон бизнис интере-сите на нивните финансиери и . . .И оооооооп, ќе го најдеме пердувот од шлемот на Александар Македонски, и лесно како пердув ќе почне градба-та на урбанопт блок, каде ќе се вртат тешки пари, ќе се градат станови и дуќани, ќе се прават тротоари и лес-но како пердув ќе ги заборават теш-ките зборови.Гола политики или гола вода.

ГОЛА ПОЛИТИКА ИЛИ ГОЛА ВОДА

РЕЗИМЕ

ПРЕД НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ ГОДИНИ, КОГА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ СЛЕГУВАЛ СО КОЊОТ БУКЕФАЛ ОД ГАЛИЧИЦА ТУКА НЕКАДЕ КАЈ ШО Е СЕГА БЕНЗИСКАНА ОД МАКПЕТРОЛ, КОЊОТ СЕ СОПНАЛ, АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ПАДНАЛ, А ПЕРДУВОТ ОД ШЛЕМОТ МУ ЛЕТНАЛ НЕКАДЕ НАТАМУ НАКАЈ БЕЈБУНАР. Е СЕГА НИЕ ТУКА ЌЕ КОПАМЕ И ЌЕ ГО БАРАМЕ ПЕРДУВОТ ОД ШЛЕМОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И КОГА ЌЕ ГО НАЈДЕМЕ ЌЕ ЗАПРЕ ЗАБРАНАТА ЗА ГРАДБА . . .

Page 4: Амак Прес 100

ЛОКАЛ

ВО РАДОЈЦА НОВИЌИЌ ПОЛЕКА СЕ СРЕДУВА КОМУНАЛАНТА СФЕРА

Во населбата Радојца Новиќиќ полека но, сигурно се сре-дува комуналната сфера.

Асфалтирањето ма главните улици во населбата се приведува при крај, а сега се асфалтираат и некои помали сока-ци. - Асфалтирањето започна од црква-та Св. Спас во Горно Лакочереј, па се

асфалтраше низ Долно Лакочереј и сега постепено се стигна до Радојца Новиќиќ. Се асфалтираа главните улици и неколку сокачиња но, како најголем и најтежок проблем е тоа што нема комунална уреденост околу учи-лиштето Кочо Рацин каде децата одат во чизми на училиште, а кога ќе вле-зат внатре ги соблекуваат чизмите, за да не се со кал во уредно и прекрасно уредените училници и простории на училиштето – вели претседателот на М.З. Радојца Новиќиќ Петре Петрески Калиемро. Тој вели како претседател на М.З. е за-доволен од тоа што до сега е направено на осветлувањето на улиците во оваа населба, но потенцира дека уште треба да се направи, а посебни замерки има на боровите кои се покрај патот вдолж оградата од касарната.- Овие борови прават една дебела сенка која на зима ни прави големи проблеми

бидејќи кривината која поминува под нив е секогаш замрзната и неброен број пати тука се случувале сообраќајки со несакани последици. Јас за боровите разговарав и со Претседателот Бран-ко Црвенкоски кој ми вети дека ќе се реши проблемот но, како што гледате боровите кои ние ги нарекуваме боро-ви убијци се уште се тука – вели Кали-меро и додава дека непрекинато теле-фонира во кабинетот на претседателот Црвенкоски и упорно ќе оди до крај за да ги отстрани боровите.- Јас немам страв да се јавувам кај Бранко Црвенкоски бидејќи немам црно мина, немам криминал и не ми е страв ама баш од никој, бидејќи нема со што да ме уценуваат, ни со притвор ни со суд бидејќи мојата работа е чиста како солза па можам да се јавувам каде сакам и да барам од него што сакам – потенцира Калимеро. Љ/Т.

ГРЦИЈА НЕМА ПРАВО ДА ГО ОСПОРУВА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА –ТОА Е ГНАСНА ПОЛИТИКА

Во ниту една современа држава не постои хармонијата “Јазик- територија – народ – држава“,

државниците кои велат дека нивните држави се еднонационални и кои не ги признаваат етничките малцинства и нивните културни вредности се ла-жат самите себе си дека можат да ја сокријат вистината пред светот. Та-ков е случајот со дeнешна Република Грција која наместо да го збуни светот со своите искажувања дека не постои македонец и не се зборува македонски јазик во неа, се збунува самата себе си. Напротив сите земји добро знаат дека еден дел од Македонија, јужниот е под нивно ропство, што сакаат уште малку ли им е тој дел, рече проф. д-р. Виктор

Фридман од универзитетот во Чикаго кој неодамна во Охрид имаше свое излагање за првиот речник на Маке-донски јазик од Георги Пулески.“Колку јазици познаваш толку си по-блиску до демократијата“, оваа пого-ворка се употребува и во Македонија и сите словенски земји, но не и во Грција, можеби тоа се должи на по-литиката што грчките државници ја водат денес“,истакна Фридман додавајќи дека според неговите науч-ни истражувања македонскиот човек, граѓански размислувал и во 18-от , 19-от, 20-от век па и денес, зошто и денес како и некогаш македонците сложно живеат со малцинските народи, албан-ци, турци, роми и срби.

“Грција нема право да го оспорува името, Република Македионија. Јас би рекол дека тоа е голема мана на така-наречената Меѓународна заедница што толерира такво однесување на Грција. Грција нема право и нема причина и тоа е само гнасна , непристојна нејзина политика“, изјави проф.д-р. Виктор Фридман.Виктор Фридман во 1977 година док-торирал на тема “Современ македон-ски глагол“. Денес тој предава, маке-донски јазик,албански јазик, балканска лингвистика,старословенски јазик, словенска лингвистика и кавкаска лингвистика на катедрата по словенски јазици на Универзитетот во Чикаго. Ангела Белевска

АМЕРИКАНСКИОТ ПРОФЕСОРОТ ФРИДМАН ОД ОХРИД ПОРАЧУВА

Page 5: Амак Прес 100

5www.amakpres.com.mk

Поради хаотичното и непланско градење на Охрид му се

заканува да биде избришан од листата на УНЕСКО. Ова го најави пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Охрид Цветко Грозданов повикувајќи се на извештајот направен од висока делегација на УНЕСКО која кон крајот на август го посетила Охрид. Делегацијата предводена од Ханс Дорвил директор на бирото за стратешко планирање при УНЕСКО и Енгелбер Роус, директор на регионалното биро на УНЕСКО во Венеција дала сериозни забелешки за урбанистичкиот хаос, и се заканила дека Охрид во декември ќе биде симнат од листата на УНЕСКО.-Не е само под заштита Охридското Езеро туку и целиот град каде има нарушување и неплански градење и тоа е една од најголемите забелешки и причина за симнување од листата на УНЕСКО, вели Грозданов.Како што дознаваме веднаш по посетата и укажувањата на неправилностите, формирана е владина

комисија која во следниве два месеци ќе настојува да ги отстрани забелешките од преставниците на УНЕСКО и да го спаси градот од елиминирање од листата на заштитени градови.Директорот пак на Управата за културно наслество Паско Кузман со сосема спротивен став „Охрид никогаш нема да биде симнат од листата на УНЕСКО, тврди познатиот археолог. Тој вели дека Охрид е жив град не е конзервиран а тоа го знае и УНЕСКО. „Генерално она што е карактеристично за Охрид сеуште постои а меѓу другото тука е и Охридското Езеро кое е составен дел на градот и неможе така едноставно да не избришат од листата на заштитени градови, Ова се чисти политички шпекулации кои се повторуваат на секои неколку години и до сега безброј пати се најави бришење на Охрид од УНЕСКО но, пополека станува јасно дека некој тоа го прави за да манипулира со јавноста и да шири невистини и шпекулации, а во тоа му помагаат некои новинари. Охрид пак по 100

ти пат ќе повторам никогаш нема да биде избришан од списокот на УНЕСКО и нека се стави еднаш крај на овие шпекулирања во јавноста за политчки потреби вели Кузман.Според него информациите за бришење на Охрид од листата на УНЕСКО се медиумска измислица. И од локалната велат дека се работи за шпекулации. Од таму додаваат дека Охрид во ниту една негативна конотација не е разгледуван во седиштето на УНЕСКО во Париз и не постои ниту една сериозна забелешка која би го довела во прашање членствоо на Охрид во оваа реномирана организација.И додека секој со својата приказна убедува во веродостојноста на своите тврдења, дека постои проблем и недостатоци во извештајот на последната комисија потврдуваат и изјавите кои доаѓаат директно од Комитетот за заштита на УНЕСКО. Според Дамир Биљаковиќ под итно треба да се донесе Закон за Охрид со кој ќе се забрани неконтролираното градење во градот.

-Извештајот зборува за урбанизацијата и изградбата која треба да се контролира како и за неопходната изработка на т.н менаџмент план.Зборува за цела низа на проблеми кои се појавуваат а во исто време и за акцијата која треба да биде преземена за да се сузбијат тие негативни интервенции кои се случуваат во Охрид. Потребна е посебна изработка на Закон за Охрид.Тоа е единствен начин да не дојдеме до ситуација кога недај боже надлежните меѓународни институции да дадат негативна оценка за Охрид, вели Биљаковиќ. Според него доколку и понатаму се продолжи со уништување на автентичноста, УНЕСКО сериозно ќе ја разгледа можноста на Охрид да му го одземе овој статус. Тој предупредува дека според последниот извештај состојбата во Охрид е повеќе од загрижувачка. Амак Прес Охридкси Новини уште во 2004 година објави ексклузивна сторија во која беа објавени резултатите кои ги дала опсервациајта на комисијата на УНЕСКО која тогаш беше во посета на Охрид. Тогаш Националниот комитет за УНЕСКО во Скопје сопшти дека следната контрола на Охрид ќе биде дури после 11 години, циклус редовен за контролите на УНЕСКО. Каква е оваа комисија која сега дала оценки и на која се повикуваат политичарите во Националанта Комисија при Владата на Македонија во Скопје не успеавме да дознаеме. Сузана Вренцовска

-Извештајот зборува за

ОХРИД ГРАД НА УНЕСКО УШТЕ ЕДЕН МЕСЕЦ ИЛИ ПОЛИТИЧКИ МАНИПУЛАЦИИ

ДОДЕКА ПРАТЕНИКОТ ГРОЗДАНОВ СТРАХУВА, ПАСКО КУЗМАН ВЕЛИ ДЕКА МУ Е ПРЕКУ ГЛАВА ОД ПОЛИТИЧКА УПОТРЕБА НА УНЕСКО

Page 6: Амак Прес 100

6 AMAK PRES

ЛОКАЛ

ВО БЕЈБУНАР ТОНАТ 40 МИЛИОНИ ЕВРА ИЛИ НАКОЛНА НАСЕЛБА

Деновиве како нико-гаш до сега јавноста е сведок на суди-

рот помеѓу охридската ло-кална власт и централанта власт. Како и во повеќето случаи и во овој судирот е околу урбанизмот во гра-дот само што овој пат се работи за најголем залак од оваа фела, градењето на населбата Бејбунар од која Охрид треба да наплати над 8 милиони евра само од ко-муналии, а во чија градба компаниите кои ќе градат

ќе остварат вкупен обрт од околу 40 милиони евра. Ден пред да се усвои планот за градба на овој простор од Министерството за транс-порт и врски и Управата за заштита на културното на-следство дојде барање за запирање на постапката за донесување на модулот од ДУП кој произлезе од ГУП кој претходно го одобри са-мото министерство, а сама-та постапка околу населбата Бејбунар траеше скоро цели 2 години, период доовлен

сите страни да ги дадат сво-ите мислења.-Нашите сознанија велат дека на овој простор има елинистички гробови кои треба да се истражат и да се кренат. Но исто така имаме сознанија дека на три до че-тири метри на целиот овој мочуришен предел постои наколна населба и затоа бараме време од две годи-ни да направиме сондажни испитувања, вели Паско Кузман. Според него се ра-боти за огромна наколна

населба, а примероците на дрва од населбата од сосед-ните локалитети кои биле испратени на истражување во Германија укажувале на тоа дека станува збор за најстари куќи во Европа.-Постои можност еден дел од населбата да се зачува, а на другиот дел да се градат зградите. Ќе ставиме при-времена заштита само таму каде што сметаме дека може да има културно наследство, вели Кузман.Општината и покрај

БИТКАТА МЕЃУ ОПШТИНАТА И ВЛАДАТА ОКОЛУ ГРАДЕЊЕТО НА НАСЕЛБАТА БЕЈБУНАР ПОКРАЈ ВО МЕДИУМИТЕ ВО ИДНИНА ЌЕ СЕ БИЕ И ВО СУДСТВОТО. ЛОКАЛАНТА ВО БЕЈБУНАР ГЛЕДА МОЖНОСТ ДА НАПАЛТИ КОМУНАЛИИ ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА, ГРАДЕЖНИЦИТЕ ДА ОСТВАРАТ БИЗНИС ОД 40 МИЛИОНИ ЕВРА, А УПРАВАТА ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО И МИНСИТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ДА ЈА ЗАПРАТ УРБАНИЗАЦИАЈТА И ДА ИСКОПААТ ЕЛИНИСТИЧКИ ГРОБОВИ И НАКОЛНА НАСЕЛБА.

БИТКАТА МЕЃУ ОПШТИНАТА И ВЛАДАТА ОКОЛУ ГРАДЕЊЕТО НА НАСЕЛБАТА БЕЈБУНАР ПОКРАЈ БИТКАТА МЕЃУ ОПШТИНАТА И ВЛАДАТА ОКОЛУ ГРАДЕЊЕТО НА НАСЕЛБАТА БЕЈБУНАР ПОКРАЈ ВО МЕДИУМИТЕ ВО ИДНИНА ЌЕ СЕ БИЕ И ВО СУДСТВОТО. ЛОКАЛАНТА ВО БЕЈБУНАР ГЛЕДА МОЖНОСТ ДА НАПАЛТИ КОМУНАЛИИ ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА, ГРАДЕЖНИЦИТЕ ДА ОСТВАРАТ БИЗНИС ОД 40 МИЛИОНИ ЕВРА, А УПРАВАТА ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО И МИНСИТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ДА ЈА ЗАПРАТ УРБАНИЗАЦИАЈТА И ДА ИСКОПААТ ЕЛИНИСТИЧКИ ГРОБОВИ И НАКОЛНА НАСЕЛБА.

ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ГРАДИ ЗГРАДИ НА АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ ИЛИ ПОЛИТИЧКАТА БОРБА ЌЕ СЕ БИЕ ВО НЕКОГАШНОТО БЛАТО

Page 7: Амак Прес 100

7www.amakpres.com.mk

решенијата за привремена забрана за урбанизацијата во населбата Бејбунар од страна на Министерство-то за транспорт и врски и Управата за заштита на културното наследство, одлучи да го прифати вак-вото урбанистичко реше-ние бидејќи од Локалната тврдат дека тие не дошле на време додека псотапката траела. Советот на Општи-на Oхрид го изгласа детал-ниот урбанистички план за урбана единица 8 што пре-дизвика остри реакции од ВМРО ДПМНЕ пред се од пратениците кои практич-но се веќе влезени во вна-трепартиската предизборна кампања.-Градоначалникот Алек-сандар Петрески свесно ги прекрши правните нор-мативи што владеат во Р Македонија. Зошто и покрај одлуката и забраната од страна на Министерството за транспорт и врски да не се гради на оваа локација упорно се настојува на мала врата да се протне оваа одлука. Кој од ова има најголем интерес? Дали градот или градоначални-кот, изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Цветко Грозданов. Министерството за транс-порт и врски пак за ваква-та постапка на општината поднесе кривични пријави против градоначалникот Александар Петрески и охридските советници. Охридскиот градоначалник

најави контра кривични за Министерството и Управа-та за заштита на културното наследство, а претседате-лот на Советот на општи-на Охрид, Владо Чингоски вели дека според Законот за локална самоуправа совет-ниците не можат да бидат повикани на кривична одго-ворност поради изнесување на својот став и гласање на одлука на седница на Сове-тот. - Како е можно советни-ците да добијат кривични пријави и да одговараат за нешто што изгласале. Правно тоа е невозможно и јасно е дека тоа го знаат и во минситерството бидејќи имаат правници но, е сосе-ма јасно дека се работи за политичка игра и пресмет-ка во пресрет на изборите

како внатрепартиските во ВМРО ДПМНЕ така и за претстојните локални избо-ри. Секако дека кривични-те ќе бидат отфрлени бдејќи тоа би било исто како прате-ници да одговараат за закон кој е веќе изгласан од нив самите. Нема логика и на сите им е јасно дека се води политичка битка – вели претседателот на Советот, Владо Чинго.- Кога станува збор за кри-вични пријави нив би тре-бало да ги има, а и ќе ги добијат оние кои ги довеле Општината и граѓаните во заблуда со своите претходни одлуки. Споменатиот ДУП за парцелите кај Охридија претходно доби позитивно мислење и согласност од Министерството за транс-порт и врски. Тоа беше до-

каз дека целата постапка е законска и регуларна. Нема-ше забелешки ни од Управа-та за заштита на културното наследство, иако имаше и јавна анкета, а целата по-стапка траеше речиси една година, изјави портпаролот на охридскиот градоначал-никот Никола Манески. Според локалната поднесе-ната кривична пријава од страна на Министерство-то за транспорт и врски во врска со одлуката на Сове-тот на општината за ДУП на дел од месноста Бејбунар не е ништо друго, туку обид за заплашување на градона-чалникот и советот.

С.В / Љ.Т

Page 8: Амак Прес 100

8 AMAK PRES

ЛОКАЛ

Со инвестициите во инфраструктурата и опремата, на охрид-

скиот аеродром, Свети Апо-стол Павле, по влезот на турската компанија, конце-сионерот ТАВ очекува да се зголеми авио сообраќајот за 100% .Во првите неколку го-дини, ќе се подигне безбед-носта и функционалноста на аеродромот со што тој ќе стане поатрактивен за стран-ските компании. Вакви се очекувањата по преземањето на аеродромот од страна на турската ТАВ која треба да вложи огромни средства во модернизација на двата ма-кедонски аеродроми.Директорот на Свети Апо-стол Павле, Борис Стефано-ски е оптимист дека веќе од наредната година состојбата со охридскиот аеродром видно ќе се подобри.-Со доаѓањето на ТАВ ќе се зголемат инвестициите во инфраструктурата и опрема-

та на охридскиот аеродром. Ќе се изградат два паркинг простори, ќе се реконструи-ра управната зграда, а ќе добиеме и нов карго хан-гар. Исто така ќе се рекон-струира и платформата за паркинг на авионите, а пла-нирана е и изградба на нов Вип салон. Сепак најважно е тоа што застарената по-стоечка опрема која иако ги задоволува меѓународните прописи, во целост ќе биде обновена, вели Стефаноски. Со модернизацијата, аеро-дромот ќе поседува возило за одмрзнување и заштита од мрзнење на воздухопло-вите, нови против пожарни возила, опрема за внесување на товарот во карго авионот, возило за туркање на авиони како и нови ренген апара-ти, нови возила за мерење на лизгавост на пистата и нови ленти за багаж. Со тоа, смета Стефаноски, ќе се зголеми функционалноста,

безбедноста и квалитетот на услугата на патниците. -Со подобрување на услови-те се очекува и зголемување на авио сообраќајот затоа што секоја авио компанија бара врвни услуги, вели ди-ректорот на охридскиот ае-родром. Според него пистата и во овој момент ги задово-лува условите а терминал-ната зграда е функционална да опслужи 300 патници во врвен час.Според статистичките по-датоци годишно на Свети Апостол Павле слетуваат 60 000 патници. Најголема фрекфентност има во текот на летниот период кога има повеќе чартер летови. За раз-лика пак од минатото лето годинава забележан е зголе-мен број патници а со тоа се зголемија и приходите за 30%, а причина за тоа, спо-ред Стефаноски, се мерките кои ги презеде Владата за намалување на цените на ае-

родромските услуги. Со но-виот зимски ред на летање седмично ќе слетуваат само четири авиони, но пред новогодишните празници се очекува зголемување на авио сообраќајот. Досега на пистата на охрид-скиот аеродром слетуваа само авионите на домаш-ниот авиопревозник МАТ и на швајцарската Хелветик ервејз, но ваквиот договор, како што дознаваме, во брзо време ќе биде променет, и ќе се приспособи на европ-ските закони. Според досе-гашниот договор МАТ како национален авиопревозник даваше одобрение за редот на летање на странските авиокомпании. Инаку концесионерот ТАВ треба да инвестира 230 ми-лиони евра за постојните два аеродроми и изградба

на карго аеродром во Штип. Според најавите до 2029 го-дина бројот на патници од сегашните 680 000 ќе се зго-леми на 4,9 милиони годиш-но од кои половина милион на охридскиот аеродром што е речиси пет пати повеќе од сегашната бројка.-Очекувањата се уште пого-леми затоа што ТАВ е тур-ска компанија со која имаме добри меѓународни односи. Од друга страна Турција е голема држава а Охрид и Македонија се привлечни за тамошните туристи кои верувам би сакале да ги по-сетат местата каде се школу-вал предводникот на младо-турската револуција, Кемал Ататурк, вели Стефаноски.

Сузана Вренцовска

родромските услуги. Со но-

ТАВ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ АВИО СООБРАЌАЈОТ НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

Page 9: Амак Прес 100

ТАВ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ АВИО СООБРАЌАЈОТ НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

1

Page 10: Амак Прес 100

10 AMAK PRES

Неодамна Вашето враќање во Охрид, односно смената од државен секре-тар при Министерството за животна средина предизвика голем интерес во јавностa. Кои се вистинските при-чини за ваквата одлука? Враќањето во Охрид беше поврзано со далеку поголемите можности да се по-могне на својот град и регион , реално , преку продолжување на активностите околу заштитата на езерото и негови-от слив, активности кои максимално ја подигнаа сензитивноста на јавноста по прашањето на управувањето со ис-клучително важниот природен ресурс. Како никогаш досега внимателно се следат состојбите на езерото што ре-зултира и со посериозни мерки за него-

ва заштита. Тоа е најсуптилниот резул-тат од се она што го работиме. Но ,за да можеме да донесеме квалитетни од-луки и мерки потребна ни е како прво ревизија на Извештајот за состојбата на езерото од 2002 година бидејќи се-риозно се промениле некои еколошки и економски состојби и на македонската и на албанската страна. Какви ефекти треба да очекуваме со новиот Закон за води ?Новиот Закон за води ги поставува во-дите на пиедесталот како наше при-родно богатство и така ќе почнеме да ги третираме. Во тоа ќе ни отежнува-ат некои природни , климатски појави кои предизвикуваат суши , опаѓање на нивоата на сите води , но дотол-

ку поважна ќе е нашата посветеност и интегрален пристап. Тој пристап , всушност и законски е определен како воспоставување на управување на ниво на слив , формирање на Со-вет на речниот слив и изготвување план за управување со сливот. Затоа ќе тргнеме во уште една офанзива за ова да го спроведеме. Добар момент е тоа што почнуваат подготвителни актив-ности околу трилатералниот проект за менаџирање со сливот на Црн Дрим . Ако добиеме соодветна финасиска поддршка од ГЕФ или ЕУ , тоа ќе ни го олесни процесот. На добар пат сме иако сме свесни дека менаџирањето ќе биде предизвик заради хидролошката и енергетската важност на сливот.

ИНТЕРВЈУ

ЗЕЛЕНИТЕ ИДЕИ СЕ ЧЕСНИОХРИД СЕУШТЕ НЕМА КРИТИЧНО ТКИВО ЗА ПОЛЕМИКА ЗА РАЗВОЈОТ НА ГРАДОТ, СЕУШТЕ Е ЗАРОБЕНИК НА МОЛКОТ, НЕКРИТИЧНОСТА И НЕМАЊЕТО ВИЗИЈА. ЗЕЛЕНИТЕ ИДЕИ КОИ НЕКОЈ САКАШЕ ДА ГИ ИСМЕЕ СЕ ИДЕИ ЗА РАЗВОЈ И СЕ ПРЕД СЕ ЧЕСНИ И СЕ ЗА ЈАВНО ДОБРО. ТОА СЕ ЗБОРОВИ ШТО ОДАМНА СМЕ ГИ ЗАБОРАВИЛЕ, ВЕЛИ ПАНОСКИ

ДЕЈАН ПАНОВСКИ СЕКРЕТАР НА БИЛАТЕРАЛНИОТ КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Page 11: Амак Прес 100

11www.amakpres.com.mk

Доволни ли се средствата кои се издвојуваат за заштита на езерото, блатото...Има ли доволна грижа за ваквите вредности?Со епитети нема да го заштитиме езеро-то туку само со грижата кон целиот не-гов слив .Сепак , сеуште како критични ни висат над нас урбаната деградација и уништувањето на вредностите. Еко системот се обидува да ги амортизира овие удари но ние сакаме да му помог-неме. Помошта би значела конкретно грижа за вредностите како трската , блатото , крајбрежието. Затоа и одде-ливме некои средства , не големи но ефективни . Започнавме со минимални средства да покажуваме како треба да се заштити и искористи Студенчишко-то блато а сега заеднички со албанската страна работиме на проект за заштита на појасите на трската. Одвоивме во 2008 и средства преку програмата на Министерството за животна средина за отпочнување на уредувачки работи за водотекот Грашница. Средствата треба да ги имплементира локалната самоу-права , но сеуште нема активности . Во поглед на туризмот постојано може да се слушнат различни видувања oсобено кога станува збор за негов развој. Имаме ли стратегија за развој на туризмот? Развивањето на поразлични видови на туризам кои ќе се потпираат на природ-ните и културните вредности е иднина-та на Охрид , колку тоа чудно да звучи во овој момент. Искористувањето на вредностите на Националниот Парк Галичица , блатото , изворите , кул-

турните споменици се основата на идниот туризам и драго ми е што тоа го препознаа и научните работници на Факултетот во Охрид кои стратегијата ја позиционираа токму во тој правец. Ќе има отпор но полека ќе се развива свеста и ќе ја сфатиме еколошката и економската добит од ваквиот концепт. Го разбирам конфликтот на различните интереси но Охрид мора да ги истак-не новите вредности на туризмот затоа што пазарот тоа го бара . Еко – култур-ниот туризам е вредноста на Охрид , другото се е само додаток на тортата. Како активностите што ги имате влијаеа врз Вашиот политички ан-гажман како шеф на изборниот штаб на ВМРО ДПМНЕ во изборите 2008 година ? Всушност, моите активности добија своја политичка валоризација токму на парламентарните избори 2008 година. Имено , како Шеф на изборниот штаб на ВМРО ДПМНЕ во Охрид , заедно со активистите и функционерите на партијата , постигнавме резултат ка-ков што дотогаш беше незабележан во Охрид . Тоа најмногу се должеше на рејтингот на партијата но и пред се на сплотеноста , единственоста и реални-от приод кон изборниот процес што го постигнавме како изборен штаб. Вред-ностите достигнати во тие избори , притоа не мислам само на резултатот , ќе бидат вистински предизвик во секој нареден изборен процес. Но во ВМРО ДПМНЕ во Охрид , во овој период се случуваат нешта кои заличуваат на разединетост наспро-

ти сплотеноста што ја споменувате ? ВМРО ДПМНЕ е голема партија, а ВМРО голема филозофија. И сите про-цеси во неа токму заради таа големина имаат огромно значење . Но , јас сега немам никаква партиска функција ниту сум функционер од партијата па затоа не си давам мандат да коментирам вна-трепартиски случувања. Сепак сметам дека претседателот на ОК е тој што ќе треба да ги изменаџира сите структури на партијата ,а кандидатот за градона-чалник да биде нивно обединителното ткиво. Сакам и двајцата да ги видам како победници. Неодамна токму Вие излеговте со понуда на концепти за развој на Охрид и со идеи кои за првпат јавно се отвараат во градот . Значи ли тоа нешто во контекст на претходното? Идеите што јас ги пропагирав не се нови и не се врзани со никаков актуе-лен момент. Фактот дека тие идеи ја испаничија актуелната локална само-управа говори само дека во Охрид се-уште нема критично ткиво за полемика за развојот на градот и дека сеуште е заробеник на молкот, некритичноста и немањето визија. Зелените идеи кои некој сакаше да ги исмее се идеи за развој и се пред се чесни и се за јавно добро. Тоа се зборови што одамна сме ги заборавиле. Поради тоа убеден сум дека Охриѓани никогаш повеќе нема да се идентификуваат со начинот и кадровскиот капацитет со кој сега се управува со градот на кој му е одземена гордоста и душата. Сепак Вашето име веќе е ста-вено на листата на најсериозни потенцијални кандидати за градона-чалник на Охрид ? Досега , искрено , немало ниту еден, повторувам, ниту еден официјален раз-говор за моја евентуална кандидатура за градоначалник на Охрид,. Тоа што и моето име е на листата на некои анкети не е ништо официјално, иако за мене е чест и споменувањето во таков кон-текст. Личната перцепција ми говори дека ,сепак, во овој миг партијата има други имиња кои се промовирани како фаворити за влез во оваа трка . Но , има и многу други позиции од кои ,ако се сака, може да се сработи многу за Охрид. Така сум се однесувал досега , така здравје , ќе биде и отсега. Сузана Вренцовска

ЗЕЛЕНИТЕ ИДЕИ СЕ ЧЕСНИ

СТУДЕНТЧИШКОТО БЛАТО СО СЕЦЕНИИ Е НА УДАР НА УРБАНИЗАЦИЈАТА

Page 12: Амак Прес 100

12 AMAK PRES

INTERVJU

СУДСТВОТО Е НЕЗАВИСНО И НЕ ПАРТИЗИРАНО

Минатата година во Основниот суд во Охрид беш отворена шалтер са-лата во која се сместија вработените од судската администрација, а со тоа значително се олесни при-стапот на странките. Во месец јули отпочна втора-та фаза од реновирањето на судот, градежните ак-тивности кои се во тек

треба да завршат до крајот на ноември. Каков ќе биде новиот лик на охридскиот суд и колкава е неговата парична вредност? Реновирањето на Основниот суд во Охрид се реализира преку проектот подготвен од владата не Република Македонија, односно преку министерството за Правда со кредит земен од Светска

банка. Со проектот е оп-фатена реконхструкција на судови од неколку градови во државава, а најголемиот дел од инвестициите ќе би-дат вложени за целосното реновирање на нашиот суд. Значи за реконструкција на Основниот суд во Охрид инвестицијата изнесува 500 000 американски долари. Целокупната постапка око-

лу обезбедувањето на сред-ства , одбирање на изведувач и спроведувањето на тендер оди преку Светска банка. Станува збор за целосна реконструкција на судот, тоа значи менување на сите про-зорци, менување на сите вра-ти, целосна реконструкција на санитерниот јазол, це-лосна реконструкција и обновување на сите сали за

ВЛАДО ДЕАНОСКИ- ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОСНОВНИОТ СУД ВО ОХРИД

ОСНОВНИОТ СУД ОД ОХРИД КОЈ СЕ ВБРОЈУВА ВО РЕДОТ НА АЖУРНИ И ЕФИКАСНИ СУДОВИ ВО КОЈ СЕ РЕШАВА ПРИЛИВОТ НА НОВИТЕ ПРЕДМЕТИ И СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА СТАРИТЕ НЕРЕШЕНИ ПРЕДМЕТИ, ДО КРАЈОТ НА ОВОЈ МЕСЕЦ ЌЕ ГО ДОБИЕ СВОЈОТ НОВ СОВРЕМЕН ЛИК. ПРОЕКТОТ ЧИНИ 500 000 АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ И Е ИНВЕСТИЦИЈА НА СВЕТСКА БАНКА.“ТВРДАМ ДЕКА СУДСТВОТО Е НЕЗАВИСНО И НЕ ПАРТИЗИРАНО, ВРЗ ДОНЕСУВАЊЕТО НА СУДСКАТА ОДЛУКА НЕ ВЛИАЕ ИЗВРШНАТА ВЛАСТ А СЕ ЗАПОСТАВУВААТ РОДНИНСКИТЕ И ПРИЈАТЕЛСКИТЕ ВРСКИ. ОДЛУКИТЕ СЕ КВАЛИТЕТНИ И ОБЈЕКТИВНИ“, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОСНОВНИОТ СУД ВО ОХРИД, ВЛАДО ДЕАНОСКИ КОЈ ГИ НЕГИРА НИЗАТА ШПЕКУЛАЦИИ КОИ СЕ ПЛАСИРАА НИЗ ДЕЛ ОД МЕДИУМИТЕ, А КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА СУДСТВОТО

Page 13: Амак Прес 100

13www.amakpres.com.mk

судење како и канцелари-ските простории. Во втори-от дел од активностите (за кои беше распишан тендер и кој неодамна заварши)кои ќе отпочнат по Нова Година,односно крајот на јануари и почетокот на ме-сец февруари се планира целосно опремување на сите простории и сали со нов ме-бел . За прв пат во судот ќе се постави и лифт со што најбенифицирани ќе бидат лицата со физички хендикеп кои до сега не можеа да при-суствуваат на судењата или во такви случаи мораше по-ротниците и странките да слегуваат на приземјето.

Охрид е мал град, секој со секого се познава. Во кол-кава мера пријателствата и познанствата со луѓе влиаат врз објективноста на судската одлука?Независно од тоа дали жи-вееме во мал или голем град, судската функција е судска и пријателствата не само што не влиаат туку се негираат и роднинските и пријателските врски кога станува збор за видот и квалитетот на до-несените пресуди. Дека е тоа така потврдуваат резул-татите, односно квалитетот на изработените пресуди којшто од година во годи-на се зголемува. Имаме се повеќе пресуди потврдени а се помалку укинати или преиначени од повисоките судови.

Кога зборуваме за резулта-ти, само по себе се начнува прашањето околу бројот на решени предмети. Кол-кав е степенот на ажур-ност и ефикасност во на-шиот суд?На почетокот од оваа година ние имавме 40 000 нерешени предмети. За среќа годинава имаме 20 судии онолку кол-ку што со систематизацијата се предвидени за нашава институција. Сметам дека и адекватниот број на судии и тоа како влиае врз зголеме-ниот број решени предмети. За период од девет месеци

ние сме решиле 17 000 пред-мети, што е навистина голе-ма бројка а нерешени се 23 000 предмети.Сведоци сме на честите по-сети и доаѓања на министе-рот за правда, Михајло Ма-невски, во охридскиот суд. Колкаво е влианието на из-вршната врз судската власт? Во овој суд нема влиание, верувам такво нешто нема и во другите судови. Судската е една од трите власти која е сосема издвоена и независ-на. Јас како претседател до сега такво влиание не сум почувствувал а не сум трпел ни притисоци.Во месец февруари се из-браа четри нови судии, околу изборот се крена фама дека четворицата се припадници на иста поли-тичка партија. Партизира-но ли е судството?Јас ви тврдам дека партизацијата е тотално от-странета. Од пред две години во сила стапи но-виот закон за судови. Има-ме закон за судски совет, а постојат и изградени крите-риуми за избор на судии и тврдам дека партиската ин-волвираност не постои. Јас барем зборувам за судиите што се избрани во Охрид. Тоа го потврдува квалите-тот на сработената работа на

тие судии што се избрани. Во месец февруари избрав-ме четворица нови судии. Истите тие судии по шест – седум месеци од нивниот избор имаат исклучително висок квалитет и квантитет во работата. Ако нивниот избор бил според партиската припадност тогаш сигурно квалитетот во работењето ќе изостанеше.Неодамна дел од медиумите ја пласираа информацијата дека вработените по судо-вите немаат ист третман во поглед на месечниот из-нос на хранарината. Ста-нува ли збор за вистина или шпекулација? Јас во оваа институција ра-ботам од 1997 година.Од тогаш до денес за сите вра-ботени во судот износот за месечната хранарина е ист и изнесува 2 300 денари. За жал тој износ е помал од она што ни следува согласно за-конот и колективните дого-вори но за жал или за среќа сите подлежиме на ист трет-ман, почнувајќи од чистач-ката па до претседателот на судот.Во пресрет се најавените штрајкови на вра-ботените од судската администрација. Постојат ли услови за штрајк?Одлуката е во рацете на вра-

ботените. Ако тие мислат дека треба да учествува-ат на штрајк нема никаков проблем и пречка од наша страна. Ако сметаат дека на таков начин можат да си ги остварат своите права никој не смее да им попречи во таа работа.На праг се новите реформи во судството. Како ќе одго-ворите на предизвиците?Сите реформи се насоче-ни кон ефикасност и ажур-ност. Ова е втора година како охридскиот Осовен суд влегува во судовите кои се ефикасни и ажурни односно тоа би значело да се решава приливот на новите пред-мети и се намалува бројот на старите нерешени пред-мети. За таа работа за ста-рите нерешени предмети е изготвена посебна програма за нивно решавање и е да-ден приоритет на нивното решавање бидејќи не при-тиска правилото на судење во разумен рок. Ние мора во разумен рок да ги реша-ваме и завршуваме предме-тите. Се разбира тие треба и мора соодветно ,објективно и правично да бидат решени и завршени. Ангела Белевска

Page 14: Амак Прес 100

14 AMAK PRES

LU\E OD NA[ETO SEKOJDNEVIE

Мл а д о т о м о м ч е кое воо-

душевено го гле-даше движењето на ликовите на филмското платно во првото охрид-ско кино “Езерски бран“, знаеше да го ризикува соп-ствениот престој во скопскиот сред-ношколски интер-нат зошто често пати во ноќните часови кришум излегуваше низ и н т е р н а т с к а т а врата и иташе кон градското кино. Таму забораваше на сите маки на стравот како ќе се оправда ако надлежните во домот за ученици го каз-нат заради недозволеното излегување во доцните ча-сови. Како студент на Елек-тро машинскиот факултет долго во ноќта уживаше во друштво на публиката во кино салите каде се соживу-ваше со актерите, а по пат умееше да си најде соговор-ник со кој ќе го искоменти-ра гледаниот филм..... Ѓоко Симјаноски,беше и до денес остана како еден од најдобрите промотори на филмот и музиката свате-ни како уметност и духов-ни вредности.Како неко-гаш така и денес неговите

радио и телевизиски еми-сии за филмот и музиката се едни од најгледаните и најслушаните. Во својата младост толку многу пот-паднал под влијанието на шармот од кино салите што денес преку своите еми-сии настојува истиот да му го предаде на младите за и нив да ги поттикне да одат во кино да ја почувствуваат убавината на темнината и доминацијата на актерите кои царуваат во салата. А по завршуавањето на фил-мот оние кои го гледале со меѓусебните дискусии ста-нуваат неговите најреални критичари.“Токму тоа е поентата, пре-

ку моите емисии во кои претежно се слушаат ста-ри хитови –евергрини или се зборува и информира за некој филм или случување, да ги вратам постарите во нивната младост а кај мла-дите да го вродам чувство-то кое ќе ги поттикне да одат во кино. Тој амбиент, тоа чувство додека се гле-да филмот во кино сала не е еднаков со домашниот. Филмот е уметност а луѓето што не го доживуваат како таков се духовно сиро-машни и празни“вели Ѓоко Симјаноски.По струка е инжењер и иако работниот век го раситнал низ неколку инженерски

компании секо-гаш имал време и енергија да најде нови ин-тересни инфор-мации за некој филм или му-зика кои толку вешто умеел да ги спакува во квалитетни еми-сии што за нив и деснес раска-жуваат нашите мајки и татков-ци.Првата средба со радио микро-фонот ја имал во далечнатаа 1974 година кога низ етерот на Радио Охрид прв пат

се емитуваше 10 минутната емисија “Кино око“, потоа стана уредник и водител на музичката емисија “Музички слалом“, а во недела исто така преку брановите на Радио Охрид се слушаше гласот на Ѓоко овој пат во емисијата “Од-берете мелодија за вас“. Паралелно со подготовките на емисиите ,Симјаноски избирал музика за цела не-дела зошто долг период бил и музички уредник во радиото.“Правам проекти на долги патеки. Ако почнам една работа ја правам истата внесувајќи се во неа цело-сно, и сакам истата да оста-

ЛУЃЕ КОИ НЕ ОТИШЛЕ И НЕ ОДАТ ВО КИНО СЕ ДУХОВНО СИРОМАШНИ И ПРАЗНИ

СЕКОЈ ЧОВЕК ТРЕБА ДА ДРЖИ ОДРЕДЕНО НИВО И ДА НЕ СЕ СПУШТА ПОД НЕГО. МЕНЕ МИ Е МНОГУ ЖАЛ ШТО СЕ ПОВЕЌЕ ИМА МЕДИУМИ ВО КОИ СЕ ПЛАСИРААТ ИНФОРМАЦИИ ОД ТИПОТ НА “РЕКЛА КАЖАЛА“, А СЕ ПОМАЛКУ СЕ ПОЧИТУВААТ ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ. МЕДИУМИТЕ ТРЕБА ДА ИНФОРМИРААТ, ЕДУЦИРААТ И ЗАБАВУВААТ А НЕ ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ТРАЧЕВИ. НИКОГАШ НЕ МИ СЕ СЛУЧИЛО ДА ВЛЕЗАМ ВО СТУДИО НЕПОДГОТВЕН ЗА ЕМИСИЈА. НЕА ЈА ВОДАМ ПО ОДНАПРЕД НАПРАВЕН КОНЦЕПТ. ЗОШТО СЕКОГАШ АМА БАШ СЕКОГАШ ТРЕБА ДА ГИ ИЗНЕНАДУВАМ СЛУШАТЕЛИТЕ ИЛИ ГЛЕДАЧИТЕ СО БОГАТСТВОТО НА ИНФОРМАЦИИ КОИ СУМ ОБВРЗАН И ДОЛЖЕН ДА ИМ ГИ ПЛАСИРАМ. САМО ТАКВА ЕМИСИЈА МОЖЕ ДА ОСТАНЕ ЗАПАМЕТЕНА. ЗА ЖАЛ ГЕНЕРАЦИИ НА ЛУЃЕ НЕ ЗНААТ ШТО ЗНАЧИ КИНОТО КАКО ИНСТИТУЦИЈА. ДА ГО ОДГЛЕДАШ ФИЛМОТ И ИСТИОТ ДА ГО КОМЕНТИРАШ.....

ЃОКО СИМЈАНОСКИ-РАДИО И ТЕЛЕВИЗИСКИ ВОДИТЕЛ

Page 15: Амак Прес 100

www.amakpres.com.mk 15

ви белег. А само емисии кои се емитуваат во долг рок оставаат белег. Мои-те емисии и радио и теле-визиските одат во неколку сезони, по 300-400 емисии во сезона. Само така може да се постигне зацртаната цел. Мал број на емисии 2-3 брзо се забораваат и немаат важност. Ниту една емисија почнувајќи од првиот ден кога сум почнал како води-тел до денес не сум ја на-правил не подготвен. Кога седнувам во радиското или телевизиското студио сум полн со информации кои од мене ги очекуваат слушате-лите или гледачите.Секогаш и за секоја емисија имам до-бро изготвен и разработен концепт, зошто само така истата може да биде гле-дана или слушана“, вели Симјаноски.А токму тие, слушателите најдобро знаат да го отце-нат вистинскиот квалитет зошто како што уживаа слушајќи ја емисијата “Не-делен магазин“што ја уре-дуваше чичко Ѓоко, ужи-ваат и денес слушајќи што низ етерот на Радио Охрид ќе им каже тој во емисијата “Седмиот ден“.“Емисијата “Седмиот ден“се емитува во недела а во четврток оди мојата емисија “Тоа беа години“. Оваа емисија се емитува на сезони и оваа е седма или осма година од нејзиното постоење. Истата верувам дека е интересна за поста-рите слушатели зошто пре-ку музичките хитови кои се слушаат повеќе од 50 години а кои во текот на емисијата ги пуштаме, тие слушатели се враќаат во својата мла-дост. Младите слушатели пак осознават каква и која била старата музика која за среаќа никогаш не изуми-ра“.Иако ги ситни годините од седмата деценија Ѓоко Симјаноски не уморно рабо-ти. Ако денес негов најчест извор на информации е ин-тернетот во годините зад нас до нив доаѓал од гра-

мофонските плочи, ленти, касети или списанија кои ги купувал и со нив се враќал од службеното патување.“Во Заводот за урбанизам работев 20 години. Често одев на стручни екскурзии во Малта, Грција, Чеш-ка... Се сеќавам на моето патување во Германија кога од таму понесов 25 грамо-фонски плочи, сите ми се допаѓаа и сите ги зедов. На царина имав вистински про-блем“, смеејќи се раскажува чичко Ѓоко кој вели дека де-нес многу побарзо и полес-но се доаѓа до информации, но секогаш треба да се вни-мава какви информации се објавуваат низ етерот и и се пласираат на јавноста.“Не љубам прашања од типот; Кој ти го направи стајлингот? Или пак да чеп-кам во приватниот живот на личноста, актерот или пеачот кој го разработувам во емисијата. Тоа е каракте-ристика на жолтиот печат. Но за жал вакви прашања и информации се почесто се пласираат во се повеќе електронски или печатени медиуми. Тоа е жално се изобличуваат вистински-те вредности. Радиото и телевизијата се медиуми кои треба да едуцираат и заба-вуваат а не преку нив некои “невистинити“ и неискусни новинари да ги изобличува-ат вредностите. Секој треба да држи одредено ниво и да не се спушта под него“ ,ис-такнува Симјаноски.И додека чичко Ѓоко се при-сетуваше на времето кога прв пат се појавил пред

телевизиската камера, јас размислував. Колку душев-но богат, начитан и сестран човек. Жива енциклопедија од која можеш да научиш се и сешто. Од него ја дознав-ме точната бројка на кино сали кои денес работат во Македонија, а бројот на по-сетители е загрижувачки и од година во година станува се помал. По втората свет-ска војна во Македонија имало вкупно 77 кино сали. Златната доба на кино са-лите била 1972 година кога нивниот број изнесувал 86. Во 2006 година во држава-ва имало само 18 кино сали. Намалувањето на бројот на кино салите покажува дека кино прикажувачката дејност полека згаснува а со тоа осиромашува духот на младите. И додека во на-шите соседни земји кино прикажувањето доживува процут кај нас во 2006 годи-на имало само 96 000 посе-тители. Минатата година во Охрид на кино отишле 2000 луѓе од кои 1 500 го гледале филмот “Сенки“ на Милчо Манчевски. Додека јас си го “премотував филмот“ што се слушнав и научив од овој човек, разговорот го про-должи чичко Ѓоко.“Првата телевизиска емисија “Филмско око“ се прикажа во далечната 1996 година, и од тогаш до денес непрекинато се прикажува на еден од телевизиските канали. На телевизија не се појавувам за луѓето да ме видат кој сум или каков сум, туку да научат нешто, да се едуцираат за филмот а во

исто време и да се забавува-ат“, рече тој додавајќи дека секогаш настојувал во сод-ржинитена неговите радио или телевизиски емисии да бидат застапени, новитети, прикажување на премиери , следење фестивали од ти-пот на Сан Ремо кои пленат со добрата организација и гламур . “Секогаш настојувам сод-ржините да не се “бајати“, туку напротив нови и ин-тересни. Често во емисија поканувам гости, музичари и актери од земјава и стран-ство. Меѓу поинтересните разговори ќе ги издвојам со актерите од познатата српска серија “Династијата на Жика“, Јелена Жигон и Гидра Бојаниќ како и ак-терите на познатиот филм “Миротворец“. Навистина се многу, не знам со колку музичари или актери сум седнал да разговарам пред микрофон во изминативе 30-ина години.Овој, охриѓанец вљубеник во се што е уметничко ужи-ва во друштво со младите со нив разменува информа-ции односно нив им ги дели зошто верувам дека е не-колку пати поначитан и по-информиран од сите нас. Во слободно време кое го има многу малку, знае да расчеп-ка во својата колекција на стари филмови кои ги има околу 600-ини на број, па да седне и на рат да ги гледа “Казабланка“, “Однесена со виорот“ па и нашите “Фро-сина“, “Мирно Лето“.....А тогаш кога сака да здив-не од филмот, сака да слика или да научи ново, и секо-гаш нешто ново од инфор-матичката технологија.Тој е единствен и едноставен човечки склоп кој премногу ги сака музиката, филмот и уметноста воопшто, но пред се верува во љубовта, прво љубов кон ближните и верба во институцијата семејство кое е основа на се што постои. Ангела Белевска

Page 16: Амак Прес 100

16 AMAK PRES

ВО OСНОВНИОТ СУД ВО ОХРИД СЕ ОДРЖА ВТОРОТО СУДСКО РОЧИШТЕ ПРОТИВ ОБВИНЕТИОТ ЛАЗЕ РАДЕСКИ КОЈ СЕ ТОВАРИ ЗА УБИСТВА НА ТРОЈЦА ДИЛЕРИ НА ДЕВИЗИ

Неодамна во Oсновниот суд во Охрид се одржа второто судско рочиште, на кое беа

сослушувани сведоците кои со своите искази го расветлуваат случајот за серискиот убиец Лазе Радески.Tој се товари за убиствo на уличните дилери на девизи, Ракип Раим, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески. Пред судиите Милка Танеска и Милчо Клишески свои искази дадоа сопругата на прво исчезнатиот Раќип, Минавер Раим, Миле Митрески кој бил чест муштерија во железаријата “Грини“ чиј сопоственик е обвинетиот Радески, соседот Александар Гобриќ и Олга Бандилова вработена во дуќан за текстил што се наоѓа во непосредна близина до дуќанот од обвинетиот.“Мојот сопруг, често пати на заем му даваше пари на Лазе Радески. Во една прилика јас го советував Раќип да не му позајмува пари на Лазе. Но тој ми кажа дека сега обвинетиот Радески, бил чесен човек и дека брзо му ги враќал позајмените пари. Лазе често доаѓаше во нашиот дом но никогаш не влегуваше внатре, надвор разговараше со сопругот.Дента пред да исчезне Раќип со себе носеше 30.000 евра, ова го знам бидејќи 20 000 евра од нив беа пари кои ги добивме од моја отштета, а останатите 10 000 ги имавме заштедено

сакавме да изградиме нова куќа. Кобното утро јас се спремав да одам на работа.Тогаш сопругот,ми кажа дека ќе оди на берзата но не ми кажа со кого ќе се види тој ден“, изјави сопругата на починатиот Раќип,Минавер. Таа истакна дека сосетката Ристана често им кажувала дека во вечерните часови низ прозорецот од нивната семејна куќа често биле набљудувани од висок, слаб и малку подгрбавен човек кој според физиономијата личел на Лазе.“Мојот сопруг беше мирен човек кој не се караше со никого, добро соработуваше со колегите од берзата а се занимаваше и со молерај. Односите меѓу мене и него беа одлични“, рече Минавер, која кажа дека откако го пријавила во полиција сопругот за исчезнат, била обвинувана од свекорот и деверот дека можеби таа си го убила сопругот а потоа и избркана од работното место.Второ испитаниот сведок, Миле Митрески кој бил чест муштерија во дуќанот “Грини“ истакна дека дента кога исчезна Трајче Цоцески, третата жртва за чие убиство се товари Лазе, тој наминал во дуќанот да купи лепак.“Го видов Лазе, беше внатре во дуќанот, јас не влегов внатре зошто тој се приближи према прагот од

продавницата. Ми кажа дека го нама лепакот кој јас го барав. Ништо не обично не забелажав во дуќанот но се сеќавам дека Лазе делуваше доста уморно и истоштено. На излегување забележав дека пред излогот од дуќанот седеше низок човек но кој е тој не знам“, изјави Митрески.Соседот на Лазе, Александар Гобриќ рече дека сега обвинетиот често го сретнувал во подрумските простории. Продавачката во продавница за текстил што се наоѓа во близина на дуќанот “Грини“, Олга Бандилова,изјави дека дента кога исчезна Трајче Цоцески, обвинетиот Лазе, пиел кафе пред дуќанот со неа. Таа додаде дека на Лазе му имала позајмено 300 американски долари кои до денес не и се вратени назад.На судското рочиште не се појавија поканетите сведоци:Весела Радеска,Марија Радеска, Данела Стојаноска,Роберт Тупанчески, нивните писмени изјави ги прифати и јавниот обвинител и адвокатот на обвинетиот, Емил Балабан кој смета дека е неопходно да се сослушаат изјавите на сведоцитеАлександар Ангелоски и Осман Ќазим зошто по нивното сослушување најверојатно случајот ќе добие нов тек.Балабан вели дека ќе бара целосна реконструкција на случајот, дополнителни вештачења и испитување на други сведоци. “Барам докази“,вели Балабан кој смета дека според брзината со која се одвиваат работите случајот нема да биде решен за помалку од една година.Судиите Милка Танеска и Милчо Клишески дополнително ќе одлучат кога ќе го свикаат наредното судско рочиште.Инаку за потсетување дека на првото судско рочиште пред два месеци, Лазе Радески го призна убиството на Трајче Цоцески а негираше дека ги убил Раим Раќип кој исчезна во 2006 година и Спиро Ставрески чие тело беше најдено во февруари 2007 година во атарот кај село Лактиње- Охридско. Ангела Белевска

продавницата. Ми кажа дека го нама

ДАЛИ НЕПОЗНАТИОТ ЧОВЕК ПРЕД ДУЌАНОТ “ГРИНИ“ ЌЕ ЈА РАСВЕТЛИ МИСТЕРИЈАТА ЗА ТРИТЕ УБИСТВА?

ХРОНИКА

Page 17: Амак Прес 100

www.amakpres.com.mk 17

СО АМАК СП ЌЕ ЛОВАМ ТИТУЛИ

Доста успешен почеток на домашното првен-ство. Од одиграни пет кола дури пет победи.

Навистина успешно започнавме иако оди-гравме четири лесни натпревари и еден по-тежок со Пелистер. На задоволство на публи-ката и на сите љубители на кошарката старту-вавме со пет победи во првенството што секако е добро за зас погото-во сега кога следуваат вистинските дерби нат-превари да продолжиме во ист ритам. Мојот гла-вен акцент, уште пред доаѓањето во екипата, беше ставен на домаш-ното првенство и ќе се потрудиме да направиме што поголем број по-беди до првата пауза за да се пласираме меѓу првите четири а дали ќе сме први или четврти нема голема разлика за-тоа што после тоа следи круг од десет натпрева-ри.

Го изградивте ли сти-лот на игра на АМАК СП. Што е она што ја одбележува играта на охридскиот тим?

Инсистирам мојата за-мисла да се спроведува на сите натпревари. Можеби на првите средби не делував-ме агресивно и уиграно но со Пелистер одигравме еден тврд натпревар каде наши-от квалитет, нашата игра и

дисциплина во игра вродија со плод. Ваквиот мој систем нема да го менувам до крај и ќе инсистирам на терен да се одигра она што е догово-рено. Имам визија за кошар-ката и нема да отстапам ни

еден сантиметар од тоа што го имам замислено. Правите резултати и правата игра на овој тим ќе дојдат до израз од фебруари месец натака. Дотогаш ќе се потрудиме да освоиме што е можно пого-

лем број бодови.

Постојано зборувавте дека фали уште еден играч под кошеви-те. Дали го сменивта концептот на игра па сега не инсистирате на тоа или има нешто трето?

Што се однесува до играта не менувам не-што многу. Постојано играм со двајца висо-ки играчи под коше-вите, Агоч и Чубрило, а на клупата ги имам Стојаноски и Петров-ски. Во вториот дел од натпреварите ќе мора нешто да менувам. Џарид Фрај како играч на позиција три може да одигра и четворка но сепак и овојпат ќе кажам потребен ни е висок играч за под ко-шевите за поголема ротација. Се надевам дека во следниот пери-од ќе смогнеме сили да донесеме едно вистин-ско засилување. Не играч кој ќе дојде на проба туку играч што ќе ги задоволи вку-совите на стручниот штаб, моите вкусови и на Управата за да мо-жиме во континуитет да ја продолжиме на-шата игра.

Минатата сезона Војдан Стојаноски беше лидер на екипата но сега се чини дека игра некако просеч-но. Има ли замор кај него

Доста успешен почеток лем број бодови.

МОЈАТА ЦЕЛ Е СО КЛУБОТ СО КОЈ РАБОТАМ ДА ЛОВАМ ТИТУЛИ, А МОЈАТА ИГРА ДА БИДЕ ПРЕПОЗНАТЛИВА НЕ САМО ВО МАКЕДОНИЈА ТУКУ И НАДВОР ОД НЕА. ТОА ГО НАПРАВИВ СО МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА И СО А СЕЛЕКЦИЈАТА КАДЕ КАКО АСИСТЕНТ ИМАВ СВОЈ УДЕЛ ВО ПЛАСМАНОТ НА ЕП. СЕ НАДЕВАМ ДЕКА СО АМАК СП ЌЕ СТИГНЕМЕ ДО ЕДЕН ОД ТРОФЕИТЕ А АКО НИ СЕ ПРУЖИ ШАНСА ЗОШТО НЕ И ДВАТА.

МОЈАТА ЦЕЛ Е СО КЛУБОТ СО КОЈ РАБОТАМ ДА ЛОВАМ ТИТУЛИ, А МОЈАТА ИГРА ДА БИДЕ МОЈАТА ЦЕЛ Е СО КЛУБОТ СО КОЈ РАБОТАМ ДА ЛОВАМ ТИТУЛИ, А МОЈАТА ИГРА ДА БИДЕ ПРЕПОЗНАТЛИВА НЕ САМО ВО МАКЕДОНИЈА ТУКУ И НАДВОР ОД НЕА. ТОА ГО НАПРАВИВ СО МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА И СО А СЕЛЕКЦИЈАТА КАДЕ КАКО АСИСТЕНТ ИМАВ СВОЈ УДЕЛ ВО ПЛАСМАНОТ НА ЕП. СЕ НАДЕВАМ ДЕКА СО АМАК СП ЌЕ СТИГНЕМЕ ДО ЕДЕН ОД ТРОФЕИТЕ А АКО НИ СЕ ПРУЖИ ШАНСА ЗОШТО НЕ И ДВАТА.

МАРЈАН ЛАЗОСКИ ТРЕНЕР НА ОХРИДСКИОТ АМАК СП

INTERVJU

Page 18: Амак Прес 100

18 AMAK PRES

ОГЛАСИПродавам козметичка лупа со сталак Тел за контакт 070 212 784

Поволно продавам лежај добросо-чуванТел 046 267 993

Издавам стан 55м квадратни наместен на Туристичка кај кај Анче Кисели-новаТелефон 070 604 149

Пордавам санитарија за купатило во сина боја и нов бојлер046 262 711

Издавам сбои под криија. Со посебен влез.046 255 909

Продавам нива во Влегошти070 525 524

или задачите кои му ги да-вате се некако просечни?

Јас несакам да имам лиде-ри сакам сите да можат да го решат натпреварот. Мо-жеби во овој периот Војдан Стојановски не игра на ни-вото што играше минатата сезона но токму поради ре-презентативните обврски, немаше ни ден слоботен во текот на летото и можно е да се работи за замор. Но се на-девам дека полека ќе излезе од таа состојба и повторно ќе биде носител на играта на АМАК СП. Што се од-несува до одтанатиот играч-ки кадар со кој располагам имаме 5-6 квалитетни игра-чи ани се потребни најмалку уште двајца такви за да го пополниме комплетно сите позиции. Што се однесува до бековските позиции се надевам дека Трајковски и Неделков ќе се соземат и ќе пружат партија на едно по-високо ниво од она што во овој момент играат.

АМАК СП годинава за

прв пат излага на Евро сцената. Ваша оценка за тој дебитански настап. Го поминавме словенечкиот Златорог изненадивме во Словенија, поминавме во вториот круг.

Задоволен сум од тоа што стигнавме до второто коло а ќе бидам уште позадоволен доколку влеземе во фазата играње по групи но имаме еден многу сериозен про-тивник во смисла на екипа, на клуб на услови во кои ра-ботат. Холандскиот Ајфел е екипа со долгогодишен настап на евро сцената, ви-соко буџетен клуб за наши услови. Нивниот буџет е де-сет пати поголем од буџетот на АМАК СП. Сепак таму одигравме добро погото-во во првото полувреме но единствена лошо беше тоа што не погодувавме. Сами-от тренер ми потврди дека досега играле со многу по-силни екипи од нас но ваква игра разноврсна со многу движења не видел. Ајфел е екипа во просек над 2 ме-

три и делува многу цврсто снажно. Ритамот го одржу-ваа со единаесет играци а ние со седум. Но сепак иако разликата е голема, топка-та е округла и се е можно. Наше е да одиграме добро и доколку не се пружи шанса да ја искористиме. Докол-ку пак тие одат понатака ќе бидат мои фаворити за освојување на Фиба Челинџ Купот.

Кој е Марјан Лазоски во приватниот живот. Како се прилагодивте тука во Охрид?

Во Охрид се чуствувам пре-красно можеби ми недоста-сува фамилијата но наожам време барем два пати во ме-сецот да отидам до Скопје. Се трудам да бидам што по-професионален да не се ек-спонирам многу по градот но и јас сум човек од крв и месо и често знам да отидам на кафе па и да излезам на-вечер но сето тоа умерено. Битно ми е да оставам впе-чаток на комплетна лич-

ност и да сум секаде истиот. Маки е професионалец кој живее и егзистира од ко-шарката и се обидувам што е можно попрофесионално да ја обавувам оваа работа. Мојата цел е со клубот со кој работам да ловам титу-ли, а мојата игра да биде препознатлива не само во Македонија туку и надвор од неа. Тоа го направив со младата репрезентација и со А селекцијата каде како асистент имав свој удел во пласманотна ЕП. Се наде-вам дека со АМАК СП ќе стигнеме до еден од тро-феите а ако ни се пружи шанса зошто не и двата. Тоа ќе остави белег на самиот клуб и на сивито на Марјан Лазоски. Што се однесува до мојот животен сон, како и секој играч и јас посаку-вам еден ден да се најдам на клупата на некој врвен европски клуб.

Сузана Вренцовска.

INTERVJU

Page 19: Амак Прес 100

www.amakpres.com.mk 19

АНСАМБЛОТ МАКЕДОНКА ВРШИ УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ-ИГРАОРЦИ. ВО СОСТАВ НА АНСАМБЛОТ ЗАПОЧНА ДА РАБОТИ ШКОЛА ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ ПОД РАКОВОДСТВО НА

ПРОФЕСОР АЛЕКСАНДАР ДИМОСКИ И ОРКЕСТАР ЗА НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ И ТОА КАВАЛ, ГАЈДА, ТАМБУРА И ХАРМОНИКА ПОД РАКОВОДСТВО НА ПРОФЕСОР ЉУПЧО АВРАМОСКИ

И КЛАРИНЕТ И САКСОФОН ПОД РАКОВОДСТВО НА ПРОФЕСОР АЦО ТАСЕСКИ. СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА МАКЕДОНКА ВО ОУ “БРАТСТВО ЕДИНСТВО” СЕКОЈ ПЕТОК ОД 19 ДО 21 ЧАСОТ ИЛИ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЉОТЕ КОМПАНИ

КАКО И НА ТЕЛЕФОНИТЕ 046/230-930

Page 20: Амак Прес 100