АМАК ПРЕС 105

24

Click here to load reader

Upload: alankaou

Post on 17-Mar-2016

259 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

Page 1: АМАК ПРЕС 105

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina VI - Broj 105 25 Januari 2009

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

НЕМА ГЕНЕРАЦИИ ЗА ПОДМЛАДОК НА ПАСТРМКАТАНЕМА ГЕНЕРАЦИИ ЗА ПОДМЛАДОК

ВОДИЦИ НАЈГОЛЕМАТА ТУРИСТИЧКА

АТРАКЦИЈА ВО ЗИМАБИЗНИСМЕНОТ ВЕНКО ШАПКАР ДОБИТНИК НА ПОЗЛАТЕН МЕДАЛЈОН

ТИМ ЗА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА

НОВИ ИМИЊА ВО ОХРИДСКИ АМАК

ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ

РАЗМИСЛУВАМ ДА СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

ИНТЕРВЈУ СО БИЗНИСМЕНОТ АЦО ПОПОСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСДП- ОХРИД

definitivno najevtinowww.don.com.mk

Page 2: АМАК ПРЕС 105

2 AMAK PRES

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Page 3: АМАК ПРЕС 105

3www.amac.com.mk/novini

По повод празникот Богојавление – Во-дици, здружението

за афирмација на Македон-ската православна црква “Богојавление“, на господи-нот Венко Шапкар му пода-ри позлатен медалјон со ли-кот на Св. Јован Крстител.“Наградата е наменета за заслужни граѓани кои има-ат огромен придонес во развојот на општествениот живот во Охрид . Господи-нот Шапкар во голема мера помогна во организацијата на прославата за Водици, а е познат како поттикну-

вач и организатор на голем број културни и спортски случувања во градов. Ко-шаркарскиот клуб АМАК- СП, успешно не претста-вува не само на државно туку и на европско ниво. Замислете колкави се при-добивките од овој клуб за спортско претставување на градов пред меѓународната јавност. Станува збор за се-страна и успешна личност на секој план и затоа едно-гласно одлучивме награда-та да му ја доделиме нему како заслужен граѓанин на Охрид“,изјави градоначал-

никот Александар Петрески кој е и член на организацио-ниот одбор на здружението “Богојавление“.Господинот Шапкар ја из-рази својата благодарност за добиената награда од здружението “Богојавление“ и истакна дека е убаво што манифестацијата по повод големиот верски празник е се помасовна и полека ста-нува вистинска туристичка атракција во зимскиот пе-риод.“Ме радува што здружение-то “Богојавление“ како орга-низатор на манифестацијата

се залага таа да добие тра-диционален карактер. Вре-ди да се вложува во вакви манифестации преку кои ја презентираме нашата земја пред бројните туристи кои токму во тие празнични денови се во Охрид“, рече Венко Шапкар.Наградата се доделува прв пат годинава, најверојатно ќе добие традиционален ка-рактер и ќе се доделува на заслужни граѓани на Охрид. А. Белевска

БИЗНИСМЕНОТ ВЕНКО ШАПКАР ДОБИТНИК НА ПОЗЛАТЕН МЕДАЛЈОН СО ЛИКОТ НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ

Page 4: АМАК ПРЕС 105

4 AMAK PRES

ЛОКАЛ

Охриѓанецот, Митко Топенчаров од населбата Варош го извади светиот крст од езерските води

на еден од најголемите христијански празници, Богојавление - Водици Топенчаров светиот крст во езерото го бара веќе осумнаесет години, а година-ва по четврти пат е среќниот фаќач.

„Преубаво е чувството да се бара овој христијански симбол. Прв пат скокнав по него кога имав 14 години. Ни тогаш, ни сега не ме плашеше студот со него успешно се справува секој кој е во вода тој ден зошто тогаш ние верниците сме дарувани со сила и здравје. Со голе-ма верба кон господ треба да се бара

крстот и само така тој ќе те пронајде тебе“,изјави Топенчаров. Христијанскиот симбол во езеро-то покрај Топенчаров го бараа околу 1000 млади христијани, а настанот го проследи 30.000 публика во која има-ше државни и дипломатски претстав-ници, новинари и други функционери од земјава, соседството и подалечните држави.„Не радува фактот што од година во го-дина е се поголем бројот на капачите, но и на публиката . Мислам дека годинава го достигнавме максимумот во тој по-глед и дека ја постигнавме целта, одно-сно централната манифестација беше во Охрид“ изјави Томе Тримче, секре-тарот на Здружението за афирмација на Македонската православна црква Богојавление кое по шести пат е орга-низатор на манифестацијата. И тројцата кумови на Водици: Христијан Шапкар, Олег Маленко и Борис Маркулески се задоволни од на-чинот на реализирање на свеченостите со кои се докажа дека охриѓани се до-бри домаќини и дека на овој ден треба да им оддадеме внимание и поддршка

ВОДИЦИ НАЈГОЛЕМАТА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА ВО ЗИМА

ОХРИД ПРЕЧЕКА НАД 30 000 ГОСТИ И ТУРИСТИ ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ

ГОДИНAШНОТО ПРАЗНУВАЊЕ ОХРИЃАНИ ГО ОЦЕНУВААТ КАКО НАЈУСПЕШНО И НАЈДОБРО ОРГАНИЗИРАНО ДОСЕГА

Page 5: АМАК ПРЕС 105

5www.amakpres.com.mk

ВОДИЦИ НАЈГОЛЕМАТА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА ВО ЗИМА

на оние на кои им е најпотребна. „Оваа година воведовме една нови-на која ќе настојуваме да прерасне во традиција, кумовите да прават добро- хумано дело за своите сограѓани. Ние конкретно помогнавме со набавка на одредени материјали и средства во Општата болница во Охрид“, истакна Шапкар. Според Маленко, како кум, но и тури-стички работник важно е преку вакви свечености да се привлекуваат поголем број туристи во Охрид од кои градот ќе има бериќет и во зима. „Покренав доста тур-оператори и гости да дојдат во Охрид за да ја ста-ват оваа манифестација и овој ден на туристичката мапа на своите понуди, а со цел овој ден да не биде само на охриѓани туку да добие масовност“, додава Маленко. На среќниот фаќач на крстот кумовите му подарија златна реплика од светиот крст вредна 3500 евра и други подаро-ци.

ВЛАТКО СТЕФАНОСКИ И АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ СО СВОИ НАСТАПИ НА ВОДИЦИ

За Водици во Охрид пред насобрана-та толпа луѓе мини концерти одржаа, светски познатиот виртуоз на гитара, Влатко Стефаноски и Александар Бе-лов од Операција Триумф.Стефаноски прв пат доаѓа за Водици во Охрид и е воодушевен и инпре-сиониран од начинот на прославата и нејзината масовност.„Досега за Водици секогаш сум бил во Скопје, обично гледам што се случува во Вардар, меѓутоа ова кај вас беше на-

вистина инпресивно. Цело време до-дека бев на стејџ на сцена чувствував некоја чудесна енергија од публиката од младите капачи кои по ова студено време го бараа крстот. Навистина во-одушевен сум од случувањето„ изјави тој. На градскиот плоштад се спрове-де традиционалната крводарителска акција во организација на Црвениот Крст од Охрид. Беа собрани 92 едини-ци крв а 40% од дарителите беа нови, млади дарители. По повод празникот водици и Саемот за туризам кој од 17-ти до 20 јануари се одржа во Охрид, хотелите кои се дел од Туристичката асоцијација ХОТАМ, ги намалија цените за полупансион кој вклучува ноќевање со појадок, за 50 проценти.Инаку, на овој голем христијански празник членовите од Академијата за хуманизам постхумно ја доделија на-градата за хуманизам за 2009 година на рускиот писател, Александар Исаевич-Солженицин. Кон крајот на јануари ма-кедонска делегација ќе оди во Москва и наградата ќе и ја предаде на неговата сопруга Наталија.

НА ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ ТАЈФАТА НА ЛОТЕ И ВЕТЕРАНОТ БИЛЈАНОСКИ ДОБИЈА БОЧВИ СО ПО 100 ЛИТРИ ВИНО

Свеченостите по повод празникот Богојавление – Водици во Охрид продолжија наредниот ден -20 јануари кога кај месноста Сараиште во водите

на езерото по крстот се капат рибари-те и ветераните.„На 20 јануари рибарите во минатото го одбележувале денот кога почнувал ло-вот на пстрмката, затоа тој ден, симбо-лично го викаме ден на рибарите. Затоа и на овој ден славиме ние рибарите“, вели Славе Бучко , кој долги години го барал крстот во езерските води, а неговиот татко Андон Бучко бил еден од најголемите иницијатори крстот во езерските води да се фрла јавно пред голема толпа народ и со поддршка на МПЦ.Годинава најбрзо до бочвата со сто ли-три вино стигнаа Климе Лотески,Наум Лотески,Иван Лотески, Вангел Лоте-ски, Тодор Ангелоски и Оливер Ива-носки. Покрај нив Здружението за Афирмација на македонската право-славна црква „Богојавление“, бочва со 100 литри вино му додели и на ветера-нот Георги Билјаноски.„Во езерото по светиот крст на Водици се фрлам повеќе од 30 години. Прв пат нурнав во водите во 1978 година и од тогаш го барам секоја наредна“, вели Билјаноски.На Сараиште се капеа и Евро амбаса-дорот во Македонија, Ерван Фуере и градоначалникот на Охрид, Алексан-дар Петрески. Според Фуере, зимското капење во Охрид може да биде ви-стинска туристичка атракција и настан интересен и привлечен за голем број туристи. Фрлањето на светиот крст во езерските води има долга традиција. До 1946 го-дина тој се фрлал јавно, а од таа година била воведена забрана за негово фрлање во езерото. Обредите и обичаите за Во-дици продолжиле да се реализираат, но во црквите каде во огромни садови со вода се барал крстот. Во 1973 годи-на Ѓорги Арнаудов- Дарката и Андон Бучко го зеле крстот од поп Смилјан и прота Ѓорги и го фрлиле во езеро-то сами без присуство на свештеник. Тогаш двајцата пред поголем број вер-ници пеејќи го тропарот Во Јордание“ јавно се искапиле кај градското при-станиште во Охрид, со што дале огро-мен придонес за легално фрлање на крстот во езерските води. Од тогаш до 1990 година крстот се фрлал во езерото тајно во отсуство на владици. Во 1990 година митрополитот Тимотеј свече-но го фрлил крстот во езерото пред 10 илјадна публика. Од тогаш до денес празникот ,Богојавление – Водици е еден од најмасовните и најпосетувани во зимскиот период во Охрид. Ангела Белевска

МИТКО ТОПЕНЧАРОВ - ПО 4-ТИ ПАТ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ

Page 6: АМАК ПРЕС 105

6 AMAK PRES

ЛОКАЛ

ОХРИД НА СВЕТСКАТА ТУРИСТИЧКА МАПАВО ГРАДОВ ГОДИНАВА ЌЕ НИ ДОЈДАТ ГОЛЕМ БРОЈ ГОСТИ ОД ГЕРМАНИЈА, ХОЛАНДИЈА, ТУРЦИЈА, КИНА, ЈАПОНИЈА И ДРУГИ ЗЕМЈИ. ОРГАНИЗАТОРИТЕ ЗАДОВОЛНИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ. ЕДИНСТВЕНА ЦРНА ДАМКА НА ГОДИНЕШНОТО ИЗДАНИЕ БЕА НЕУСОГЛАСЕНИТЕ СТАВОВИ МЕЃУ ОПШТИНА ОХРИД И ОРГАНИЗАТОРОТ, АГЕНЦИЈАТА ЗА ТУРИЗАМ ОКОЛУ ТОА КОЈ СО КОЛКАВИ СРЕДСТВА УЧЕСТВУВАЛ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, КАКО И ЗА НАЧИНОТ НА ОТВОРАЊЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА

Ефектите од Саемот за туризам што во Охрид се одржа од 17-ти до 20 јануари се повеќекратни.

Над 100 туроператори од Европа го посетија Саемот за туризам и истовре-мено на едно место можеа да се запо-знаат со понудата на македонскиот туризам. Од март до ноември годинава земјава ќе ја посетат туроператори од Шпанија, Русија, Холандија, Германија, Украина, Турција, како и од Кина и Јапонија. Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот која беше и ор-ганизатор на годинешниот Саем за ту-ризам најавуваат агресивна туристичка кампања. На сите гранични премини ќе се отворат туристички информатив-ни центри, а Агенцијата размислува финансиски да поддржува концерти на светски ѕвезди, како тој на Мадона во Будва, кои ќе привлечат многу странци во земјава.

“Потпишавме меморандум за заед-ничка промоција на Македонија како туристичка дестинација за првпат на италијанскиот пазар. Договоривме со-работка со Аквапура за промоција на Македонија во Португалија во октом-ври. Странските туроператори не-посредно ја следеа манифестацијата Водици како туристичка атракција. Гости на Саемот беа директори на меѓународната асоцијации за туризам -ИХРА,БХРА,ЕURO MEDITERANIAN хотел и ресторанот Federation. Тие се импресионирани од тоа што можеа да го проследат. Се одржа државниот нат-превар во гастрономија,се одржаа три-бини кои тангираа важни теми од ту-ризмот. Се на се задоволни сме од сите кои учествуваа во организацијата на Саемот и тоа :БАХА,Туристичките ко-мори за туризам,ХОТАМ,Факултетите за туризам во Охрид и Скопје“, изјави директорот на Агенцијата за туризам, Зоран Стрезоски. Природните убавини, гостопримли-виот народ и добро организираната манифестација за празникот Водици, оставија силен впечаток на 30-ината излагачи учесници на Саемот и тие го

најавија своето доаѓање за идната го-дина. Единствена црна дамка на годи-нешното саемско издание беа неусогла-сените ставови меѓу Општина Охрид и организаторот на Саемот, Агенцијата за туризам. Имено од оваа агенција велат дека Општина Охрид воопшто не се вклучила во организацискиот дел, а од општината пак одговараат дека тие се главните организатори на саемот . “За жал морам да констатирам дека и покрај сите наши напори Општина Охрид не се вклучи во организација на Саемот за туризам во Охрид. Дури и спортската сала каде што се одржу-ваше Саемот ја плативме по цена од официјалниот ценовник за закуп на салата донесена од Управниот одбор на претпријатието и дополнително плативме за нафта за греење. Затоа јас сум изненаден со лицитирање на цени дека тоа чини 25 000 евра- кој ја до-несол таа цена, кога е донесена,каде е таа цена?Ве молам истражувајте колку чини дневен закуп на спортската сала. Ние со нив најрегуларно потпишав-ме договор за цена која е на нивниот ценовник, односно колку што тие ни побараа и ја плативме“, ни изјави не-посредно по завршувањето на саемот директорот на Агенцијата за туризам, Зоран Стрезоски.Градоначалникот на Охрид, Алексан-дар Петрески пак вели дека Општина-та била еден од главните спонзори на саемот.“Се разбира дека учествувавме во орга-

низацискиот дел. Спортската сала каде што се случуваше настанот по прави-ло се изнајмува за 25 000 евра. Ние од организаторите побаравме само 3 000 евра за покривање на направените те-ковни трошоци кои треба да ги доста-ват до Охридски Комуналец. Другите 22 000 евра се подарок од општината“, истакна Петрески, и додаде дека е разо-чаран и од односот на организаторите на денот на отворањето на саемот. Секаде на денот на отворањето на некоја манифестација добредојде на гостите им посакува градоначалникот, мене тоа право ми беше скратено во по-следен момент. Во полза на позитивно претставување на градот не презедов ништо против тоа би кажал, некултур-но однесување“,истакна градоначални-кот Петрески. “Ве молам за да се разбереме - градо-началникот беше поканет како гостин и така беше испочитуван. Доколку сакал да зборува градоначалникот протоко-лот од Општината требаше да не кон-тактира претходно. Градоначалникот не зборува и на отворање на Охридско лето,зошто тогаш не прави скандал?, вели Стрезоски. Годинешното саемско издание чинеше 50 000 евра кои останаа во стопанство-то во Охрид, а како општина, Охрид само од гостите ќе инкасира 5-6 000 евра од туристичка такса. Ангела Белевска

ГОДИНАВА СЕ ОЧЕКУВААТ ГОСТИ ОД ШПАНИЈА, РУСИЈА, КИНА, ЈАПОНИЈА, УКРАИНА, ТУРЦИЈА, ГЕРМАНИЈА И ХОЛАНДИЈА

Page 7: АМАК ПРЕС 105

7www.amakpres.com.mk

ОХРИД НА СВЕТСКАТА ТУРИСТИЧКА МАПА ПРОМЕТОТ НА АГЕНЦИИТЕ ПРЕПОЛОВЕН

Побарувачката за купување на недвижен имот е иста, но пу-нудата е далеку намалена а со

тоа прометот на недвижности речиси е преполовен. Според агенциите за не-движности цените по квадратен метар во Охрид сеуште не се променети и се движат од 500 до 1300 евра. Н а ј е в т и н и се станови-те во Далјан, а најскапи во централ-ното градско подрачје во згради кои се веднаш до езе-рото. Агенти-те велат дека никој во овој период не се решава да про-дава недвиж-ности поради неизвесноста од состојбата која следи по светската кри-за од минатата година. - Н а ј ч е с т о граѓаните не се решаваат за продажба на станови и имот затоа што не знаат што потоа со парите каде да ги вложат и затоа овој период понудата е речиси најслаба од кога било, велат од аген-циите. Според нив ваква состојба на намалена понуда имало и минатата година пред самитот во Букурешт кога се очекуваше Македонија да влезе во НАТО, но тогаш причината била пора-

ди очекувањата цените на недвижно-стите драстично да се зголемат. -Сега не е време да се тргува со не-движности, а за да се надмине ваква-та состојба ќе треба да помине доста време. Добро е што цените на недвиж-ностите останаа исти барем во Охрид,

па од скромната понуда успеваме да продадеме по нешто, иако за разлика од минатите години е далеку послабо, вели сопственикот на една агенција за недвижности од Охрид.Најголем интерес за купување стан во Охрид пројавуваат и натаму граѓаните од Скопје и тоа за најатрактивните и најскапите локации вдолж брегот на езерото. Но според агентите слаби-

от промет се должи и на недоволната градба во централното подрачје во гра-дов. Оние што се одлучуваат да купат најчесто бараат станови со средна ква-дратура од 60-тина метри квадратни додека плацевите и куќите не се при-влечни за туристите.

Странците пак имаат многу мал интерес за купување на н ед в и ж н о с т и во Охрид иако Законот тоа го дозволува. Тие единствено се з а и н т е р е с и -рани за голе-ми локации од 5-6 000метри квадратни и тоа покрај са-мото езеро за комерцијални цели на кои би изградиле хо-тели. Меѓу нив најбројни се словенците.Што се однесу-ва до стариот дел на градот од

агенциите велат дека таму состојбата е најкомплицирана за продажба.-Тоа најчесто се куќи кои им припаѓаат на повеќе фамилии и тогаш цена-та вртоглаво расте. Стара куќа пред распаѓање достигнува цена и до 150 000 евра. Сега во овој период на свет-ска криза ретко кој се одлучува да купи нешто толку скапо, велат агентите. Сузана Вренцовска

СВЕТСКАТА КРИЗА ВЛИЈАЕ И ВРЗ ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ

Page 8: АМАК ПРЕС 105

8 AMAK PRES

ЛОКАЛ

НЕМА ГЕНЕРАЦИЈА ЗА ПОДМЛАДОК ВО ЕЗЕРОТОСо релативно слаб улов од над

120 килограми пастрмка од во-дите на Охридското Езеро поч-

на традиционалниот вештачки мрест. Од Хидробиолошкиот завод се надева-ат дека до 20 март до кога трае мрестот од македонска и од албанска страна дека ќе биде обезбеден биолошкиот минимум од 3,5 милиони зрна икра.Атакот врз езерото е посебно зачестен од другата страна на езерото.- Мрежите кои се запленети од албан-ска страна зборуваат дека се работи за количини на риба која е млада од две до три години. Со тоа се прави голем атак на генерацијата која што треба да даде подмладок. Двете држави мора да седнат и да го решат овој проблем - вели Зоран Спиркоски, раководител на одделението за рибарство при Хидро-биолошкиот завод. Според директорот на Хидробиолош-киот завод, Гоце Костоски на езерото му е потребна физичка заштита со цел побрзо враќање на пастрмката во води-те на Езерото во оптимални количини.-И ние како институција и Владата пра-ват напори да се реанимира пастрмката што побрзо, но најважна е физичката заштита која не е доволна само за вре-ме на мрестот. Таа треба да трае преку целата година, смета Костоски.

Ловот на пастрмката и за годинашниов вештачки мрест се врши од три пункта Трпејца, Пештани и на охридскиот дел, а ангажирани се 14 рибари и 10 рибо-чувари се со цел да се сочуваат рибо-ловните ловишта. Младите пастрмки во езерото ќе бидат пуштени во води-те на Охридското Езеро во октомври и ноември кога кленот е отсутен и не ќе

може да ги напаѓа.Инаку, порибувањето на езерото со вештачки мрест е традиција долга над 70 години, а последните пет се прави на специфичен начин со враќање на уло-вените матици живи во езерото се со цел побрзо анимирање на популацијата на охридската пастрмка. С.В

ЗАПОЧНА МРЕСТОТ НА ПАСТРМКАТА

ФОРМИРАНА УЧИЛИШТНА СООБРАЌАЈНА ЕДИНИЦА

Првата граѓанско у ч и л и ш т н а сообраќајна едини-

ца во Македонија е форми-рана во Охрид. Овој про-ект е реализиран од страна на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, со поддршка на Републичкиот совет и МВР. Единицата која е составена од 12 млади луѓе нема да се меша во ингеренции-те на редовната полиција и ќе делува едукативно и превентивно врз училиш-тната младина а ќе им по-мага на граѓаните во време кога сообраќајот е посебно густ,особено околу пладне

и преку лето. Униформира-ните младинци ќе бидат по-ставени на оние места каде

што има најголема потреба, на крстосниците и пред учи-лиштата.

«Членови на оваа едини-ца ќе бидат ангажирани на крстосницата кај Охридска банка, кај Мини маркет и уште на неколку пунктови.Тие ќе бидат ангажирани и пред училиштата,а нив-на задача е превентивно да делуват врз училиш-тната младина.Оваа еди-ница е прва што е фор-мирана на територијата на Македонија,а слични вакви единици постојат во Холандија и во Германија»,вели Васил Ложанкоски,еден од коор-динаторите на проектот за

формирање на оваа едини-ца. С.В

ВО ОХРИД ЗА ПРВ ПАТ

Page 9: АМАК ПРЕС 105

ОХРИД И НАТАМУ БЕЗ АВТОБУСКА

Измина уште една година, а Охрид на-шиот најголем ту-

ристички центар и понатака останува без автобуска ста-ница. Гостите и за годинеш-ниве празници пристигнуваа под ведро небо, а истата сли-ка ќе биде и за време на лет-ната туристичка сезона. Но загрижува тоа што повеќе не пристигнуваат оптимистич-ките најави од градоначал-

никот Александар Петрески кој две години уверуваше дека изградбата на автобу-ската станица конечно е на повидок а целиот проект ќе се завршел за само некол-ку месеци. Сега, Петрески со сосема нов став- Охрид, според него, имал автобуска, а објектите кои се таму не биле ништо помалку од оние кои се наоѓаа на старата ав-тобуска која пак експрес-

но беше срушена за да на нејзино место никнат двете згради на Ремис. Идејното решение за современа ев-ропска автобуска повеќе не е дури ни во изјавите на охридскиот градоначалник.-Не може да се каже дека Охрид нема автобуска ста-ница кога сите ја гледаме. Таму има и објекти кои ја вршат истата функциј, како и кај старата автобуска, но за да се направи нешто повеќе најпрвин треба да се реши сопственоста на земјиштето, ваков е одговорот на Пе-трески за тоа кога конечно Охрид ќе добие комплетна автобуска станица. Тој за нереализираните а најавени проекти во градот ја обвини централната власт, која спо-ред него, постојано го коче-ла развојот на Охрид.-Изминатава година очеку-вав далеку подобра соработ-ка со централната власт,но испадна далеку полошо. Сега како што се ближат из-

борите соработката е се по-лоша и полоша. Урбанистич-ките планови чекаат само за еден потпис, а сето тоа има политичка заднина, вели Пе-трески кој за ваквиот однос на Владата најави кривични пријави и, како што рече, ќе ги информирал и надлежни-те од Европската унија. „Кон крајот на овој месец имам за-кажано и средба со Оли Рен и ќе го информирам за сите опструкции кои ни ги прави централната власт“Инаку, проектот автобуска кој според Петрески тежи 10-тина милиони евра, требаше да се реализира пред повеќе од две години. По неговата изградба, како што тврдеа од општината, ќе следела и катната гаража и жичарни-ца најавувана како најголема туристичка атракција која ќе води до стариот дел на гра-дот.Но освен најавите нема ни трага од ваквите капитал-ни дела. С. Вренцовска

СО ГОДИНИ НАЈАВУВАНА СЕУШТЕ НЕИЗГРАДЕНА

, , ,

.?

!

.

è

046 255 600www.vispoj.com.mk

Page 10: АМАК ПРЕС 105

10 AMAK PRES

ИНТЕРВЈУ

РАЗМИСЛУВАМ ДА СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

Во пресрет на локалните избори низ охридската чаршија се споменуваат повеќе имиња како можни канди-дати за градоначалник.Едно од по-често споменуваните имиња е и ва-шето. Изворно за јавноста Ве молам одговорете ми, имате ли амбиции да се кандидрате за Градоначалник? - Добро е кога граѓаните спомнуваат некои имиња за функцијата градона-чалник на град Охрид. Тоа значи дека го имаат согледано квалитетот на тие личности и очекуваат нивна кандидату-ра. Ако и моето име се наоѓа меѓу нив, јас сум посебно почестен.Тоа ме тера да размислам дали да прифатам еден таков предизвик и да одговорам на тој повик. Јас како вистински Охриѓанец, имам само една желба -Охрид во кој што живеам со мојата фамилија да биде

успешен и модерен град. На тоа секо-гаш ќе работам во било кое својство и било каква улога. Со каква програма ќе настапите? Кои ќе се целните групи на гласа-чи на кои ќе се сконцентрирате во кампањата? - Сеуште не сум кандидиран за да одго-ворам на ова прашање. Но, моите визии им се добро познати на многу граѓани со кои што сум контактирал, а особено на луѓето од бизнис заедницата. Имам визија за својот град како модерен ту-ристички и светски саемски центар, седиште на културни активности и от-ворено стопанско подрачје кое ќе при-влекува странски инвестиции кои ќе ги вратат надежите кај луѓето за својата егзистенција.

Упсешен сте во бизнисот и доколку се кандидирате за градоначалнич-кото место, дали со тоа сакате да до-биете лична сатисфакција во поглед на кариерата или сметате дека на Охрид треба да му се даде поинаква визија и правец во развојот? - Мојата работа во стопанството беше сериозна и многу напорна сите години наназад. Дадов многу за да го развијам бизнисот кој го работам, но и многу научив во текот на овие години. Оства-рував бројни контакти со познати лич-ности и стопанственици од целиот свет. Сметам дека тоа мое искуство ќе придонесе за поуспешно и поефи-касно реализирање на секоја идеја и иницијатива поврзана со развојот на градов. Охрид особено има неискори-

ИНТЕРВЈУ СО БИЗНИСМЕНОТ АЦО ПОПОСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСДП- ОХРИД

АЦО ПОПОСКИ, БИЗНИСМЕН И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОХРИДСКИОТ ОГРАНОК НА НСДП, ВО ПРЕСРЕТ НА СЕ ПОИЗВЕСНАТА КАНДИДАТУРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД СО ДИПЛОМАТСКИ ОДГОВОР НА ОВА ПРАШАЊЕ. ТОЈ ИМАЛ ВИЗИИ ЗА РАЗВОЈ НА ОХРИД,НО И ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА НЕГАТИВНИТЕ ЕФЕКТИ ОД СВЕТСКАТА КРИЗА,КОЈА КАКО ШТО ВЕЛИ:„ И ТОА КАКО ЈА ЧУВСТВУВА СТОПАНСТВОТО И ПРЕД ТОЈ ФАКТ НЕ ТРЕБА ДА СЕ МОЛЧИ“.

Page 11: АМАК ПРЕС 105

11

SPECIJALNA PONUDA:Vino 0.2 + porcija pla{ici = 100,ooRakija 0.05 + salata = 60,ooRakija 0.05 + potpe~eno sirewe = 100,ooPivo 0.3 + apetisani = 70,ooTopla rakija 0.05 = 30,oo

H O T E L R I V I E R A ZIMSKA PONUDA

MENI 1. ^orba + 1 pijalok = 100,oo

MENI 2. Omlet so dodatok + 1 pijalok = 100,oo

MENI 3. [arska pleskavica na `ar + salata + 1 pijalok= 160,oo

MENI 4. Svinsko rebro na `ar + salata + 1 pijalok = 180,oo

MENI 5. Me{ana skara na `ar + salata + 1 pijalok = 290,oo

MENI 6. Pe~eno pile za 2 lica + 2 salati + 2 pijaloci = 390,oo

MENI 7. Doma{en kolbas + salata + 1 pijalok = 150,oo

MENI 8. Porcija prase~ko pe~ewe + salata +1 pijalok = 320,oo

Pijaloci {to sleduvaat vo meniata se: krigla skopsko pivo 0.3 ; vino 0.2 (smederevka, roze, kavadarka); rakija `olta/bela 0.05; topla rakija 0.05; koka kola; fanta; {veps; xus/gusti; mineralna voda)

SEKOJ DEN OD 07:00 DO 23:00A VO VIKENDI OD 07:00 DO 24:00, SO @IVA MUZIKA

P O V E L E T E!

Page 12: АМАК ПРЕС 105

12 AMAK PRES

INTERVJU

стени ресурси во човечки потенцијал кој што е подготвен да се вклучи во едни вакви предизвици.

Сметате ли дека НСДП треба да оди сама на претстојни изборни циклуси или во коалиција со партии блиски до нејзината ориентација? И вооп-што дали сметате дека партијата преку коалициско дејствување ќе оствари подобри резултати? - Како човек секо-гаш се залагам за со-работка со другите. Меѓутоа, за овие из-бори сметам дека пар-тиите треба да излезат сами пред граѓаните за да ја проверат својата платформа што ја прават во нивен инте-рес. Се друго би било бегање од одговорно-ста. За локалните из-бори важен е квали-тетот на кандидатите што ќе бидат понудени пред граѓаните. Во таа смисла пред граѓаните треба да се понудат квалитетни личности какви што Охриѓани овој пат очекуваат. Мислите ли дека ако се суди според анке-тите, партиите без да коалицираат ќе можат да го загрозат ВМРО ДПМНЕ? И воопшто, какви се Вашите прогнози за резултатите од след-ните избори на двете нивоа?

- За Македонија е важно да има чесни и фер избори. За граѓаните е важно да излезат на избо-рите добро информирани ислободно да ја дадат својата определба. За една држава не е добро апсолутна власт. Се прашувам дали би било добро за Македонија да се добие апсолутна власт. Во развиените земји електоратот е тој што ги регулира овие работи и не дозволува преголема концентрација на власт сконцентрирана во една партија. Како ја оценувате актуелната локал-на власт,тука мислам на советот и градоначалникот? Сметате ли дека

е една од најуспешните до сега, или мислите дека е малку сторено за Охрид? - Како што спомнав погоре, јас тука живеам со својата фамилија и очекувам убав Охрид, тоа сеуште не е постигна-то и затоа велам дека не е направено доволно, дека можело да се направи повеќе. Остануваат на новиот градо-началник и на новиот совет напорни

ангажмани за да се подигне нивото на живеење во Охрид.

Присутен сте во бизнис заедницата на Охрид како прв човек преку биз-нисот со кој се занимавате. Какво е вашето мислење за економската состојба во Охрид, имате ли како биз-нисмен изграден став на кои гранки е денес охридското стопанство и во кој насоки Вие го гледате неговиот иден развој? - Граѓаните на Охрид многу добро знаат каква е економската состојба во

Охрид, многу добро знаат какво беше охридското стопанство порано, а какво денес. Слободно можам да кажам дека овој сектор сите години наназад е запо-ставен. Зз ова повеќе пати јавно сум зборувал. Водењето на еден град значи и бара посебна посветеност за развој на биз-нисот во општината. Мораме сите заедно што поскоро обединети да изнајдиме решение преку инвестито-

ри и добри програми да го подигнеме бизнсот во Охрид. Да продолжиме со привлекувањето на странски и домашни ту-ристи, да овозможиме нови работни места, да го внесеме Охрид на Ев-ропската карта како сина и привлечна точка. Вие сте познат бизнис-мен, имате бизнис во неколку градови и во различни сфери. Дел од нив како што е ме-талопреработувачката индустрија се погодени од глобалната рецесија која полека се претво-ра во економска криза. Ве погоди ли кризата, и какви прогнози има-те за идните текови во економијата кај нас и во светот?

- На секој граѓанин во Македонија му е позна-то (има почувствувано) дека светската економ-ска криза е навлезена и кај нас. Потребни се зго-лемени напори на секој менаџер, работник, ис-тата да се преброди.Доаѓаат уште потешки

моменти и како што ви е познато сите влади преземаат конкретни мерки. Сметам дека првичните мерки што ги презеде нашата Влада не се доволни и треба да се надоградат, посебно да се предвидат мерки за извозните фирми кои се први и најдиректно погодени од светската економска криза. И во на-шата фирма се чувствуваат тешкотиите од светската криза за што менаџментот континуирано презема адекватни мер-ки. Љупчо Таневски

Page 13: АМАК ПРЕС 105

13www.amakpres.com.mk

ЕРЗАНА САЛИУ – ОСУМ ГОДИШНОТО ДЕВОЈЧЕ ШТО ПРВ ПАТ ПРАВЕШЕ ЗАБАВА ЗА СВОЈОТ РОДЕНДЕН

Ерзана Салиу на 12 јануари прв пат орга-низирано го прослави

својот осми роденден. На сон го гледаше, она што го посакуваше и по што меч-таеше откако е родена. Ја за-мислуваше големата роден-денска торта и во сонот го слушаше ракоплескањето на нејзините другарчиња кога ги дува роденденските свеќи. Навистина сонот и стана јаве, Црвениот крст и организираше роденденска забава во угостителскиот објект, “Куба Либре“.“Пресреќна сум,и се уште сум возбудена, иако помина речиси половина месец од прославата. Утрото кога се

пробудив бев вознемирена, ми беше кажано дека по завршувањето на часовите сите ученици ќе одиме на роденденска забава, но јас не почувствував дека ста-нува збор за прослава што е организирана во моја чест“, ни кажа малата Ерзана која како никогаш до сега добила голем број подароци, облека, обувки, училиштен прибор и играчки од Црвениот крст како и телевизор од невлади-ната Лајанс –Лихнидос од Охрид, секако и подароци од нејзините другарчиња. Малата Ерзана, е трето одде-ление во Основното училиш-те “Братство“ иако учи во ал-банска паралелка одлично го

владее македонскиот јазик и знае да го чита и пишува уште пред запишувањето во училиште.“На своите пет години дојде со сликовница во рака напи-шана на македонски јазик и показалецот го постави на буквите кои не и беа позна-ти. И кажувавме дека се-уште е мала да совлада втор јазик, но таа не не слушаше и навистина набрзо потоа научи да го чита и пишува“, раскажува стрико и Бурим, кој додава дека таа е одлич-на ученичка.Ерзана живее со своите ро-дители и петте сестри. Ин-тересно е што во смејството сите членови имаат роденде-ни во јануари или почетокот на февруари и што има две двојки близнаци.Најстари се близначките Ед-лира и Елвира имаат по 19 години, го завршиле сред-

ното училиште и од тогаш и помагаат на мајка си околу домашните обврски. “Наутро ја носиме Ерзана во училиште, ја земаме по завршувањето на часовите и секако како неа така и на Емира, нашата 14 годиш-на сестра, им помагаме во пишувањето на домашните работи или во одгатнувањето на училишните проблеми доколку ги имаат“, раскажу-ва Едлира.По Емира на свет дошла Ерзана, а најмали се пет го-дишните близначки, Влора и Фиола. Шесте принцези во семејството Салиу, носат имиња кои означуваат не-што. Емира во превод значи добра, Ерзана мирис на са-мовила, Фиола снегулка ,а Влора преведено е Валона (име на град во Република Албанија).

владее македонскиот јазик и ното училиште и од тогаш и

СРЕЌАТА СЕКОГАШ НЕ ЛЕЖИ ВО ПАРИТЕ, СРЕЌНА МЕ ПРАВИ ЗДРАВЈЕТО И ЉУБОВТА КОН НАЈБЛИСКИТЕ

Page 14: АМАК ПРЕС 105

14 AMAK PRES

Осум членото семејство жи-вее скромно, но среќно и весело. Од секој агол во нив-ниот дом зрачи топлина, а секој нивни поглед буди по-зитивна енергија и кроткост. Им придаваат важност на малите нешта кои ги прават радосни и среќни. Иако ниту едно од девојчињата до сега не организирало роденден со торта и многу гости тие се задоволни и среќни. Роден-дени правеле по две или три девојчиња заедно, односно оние чии датуми на раѓање им се најблиски еден до друг прославувале заедно, а се случувало роденденот да го одбележат заедно и со пода-лечните роднини.Со оглед на тоа што семејството е многубројно и потребите на децата од година во година се се по-големи финансиите не се нивната најдобра страна, но сепак таткото Меџаит кој работи како молер успева да

врзи крај со крај во месецот, зошто во семејството се по-читува паролата “Во парите секогаш не лежи среќата“.Како екипа бевме воодушеве-ни од позитивната енергија, ведриот дух и оптимизам кој владееше во семејството Салиу дента кога ние ги по-сетивме, а велат дека првиот впечаток е оној вистинскиот, па веројатно такви се и тие весели и насмевнати со до-бра меѓусебна комуникација и добра мисла што ги одржу-ва во живот.Малата Ерзана пак пред да не испрати и поздрави побрза да ни ги покаже ро-денденските подароци кои се уште ги чува уредно за-виткани како дента кога ги доби. Таа веќе направила план што од подароците овој пат таа ќе им подари на сво-ите сестрички кои бескрајно ги почитува и сака. Ангела Белевска

Page 15: АМАК ПРЕС 105

15

1

Page 16: АМАК ПРЕС 105

16 AMAK PRES

УСЛОВИТЕ ВО ОХРИДСКИОТ ЗАТВОР КАТАСТРОФАЛНИ

Заразни болести, лоши хигиенски услови, не-вакцинираност на за-

творениците и вработените од хепатит Ц, заедно со ло-шата состојба на самиците, немање на редовни прегле-ди, ретки посети од страна на судиите и Центрите за социјална работа, се само дел од обвинувањеата кои ги изнесе Хелсиншкиот ко-митет за човекови права на Македонија веднаш по по-сетата на Затворот за мало-летници во Охрид.Освен досега набројаните, комитетот потенцира дека во охридскиот затвор имало повреда на правото на при-ватност како и недоволен број на превоспитувачи.Во однос на материјалните услови во оваа установа Хел-синшкиот комитет во својот извештај забележува дека најлоши услови постојат во притворското одделение. «Условите во притворското одделение се катастрофални, на подот се наоѓаа огромни

дупки, целиот простор ми-рисаше на влага, притворе-ните лица немаат природна светлина, а светлината во ќелиите доаѓаше единствено од светилките кои се наоѓаат во коридорот на притвор-ското одделение, од кои дел не беа во употреба. Прет-ставниците посетија една соба за притворените лица во која се наоѓаа 3 кревети и санитарен јазол во многу лоша состојба, во ќелијата еден од креветите беше на-местен, а во неа имаше и шампон, по што претстав-ниците добија впечаток дека некој престојува во таа просторија, иако вработени-те го тврдеа спротивното», се вели во извештајот.Во однос на хигиената ко-митетот забележува дека е на задоволително ниво како и дека исхраната во затво-рот последните две години била збогатена во квантитет и квалитет.«На малолетните лица постојано им се купуваат

долна облека, алишта, па-тики, чорапи и им се даваат хигиенски пакети, постел-нината постојано им се пере и за таа намена била купена и нова машина за перење како и сушара. На секои 2 недели се прави листа со лица кои се на ред да си ја перат облеката во перална-та во која работат двајца од нив. Секое малолетно лице при прием добива пакет за лична хигиена. Ист та-ков пакет лицата добиваат секоја втора недела», забе-

лежува Комитетот за чове-кови права.Од Хелсиншкиот коми-тет препорачуваат итна реконструкција на са-миците, вработување на социјален работник, редов-ни и задолжителни посети од страна на судиите и Цен-трите за социјална работа, вакцинација на сите лица кои издржуваат казна во за-творот и вработени, редов-ни целосни систематски и стоматолошки прегледи, дислокација на затворот како и почитување на сите одред-би од Законот за извршување на санкции, без селективен пристап.

Како треба да изгледаат ма-кедонските затвори Македонскиот Закон за извршување санк-ции има одредби за кои и набљудувачите од Меѓународната хелсиншка федерација и од хелсиншки-те комитети и групи од осум држави заклучија дека се -

извонредни.Според Законот, «секое лице има право на мини-мум 9 кубни метри простор за живот», осудените лица треба да бидат сместени во посебни соби доколку во институцијата постојат услови за тоа, а кога се сме-стени во заеднички спални, потребно е да се обезбеди нивна психолошка ком-патибилност, но во секој случај, Законот забранува сместување на повеќе од пет осудени лица во една спал-на! Осудените лица, според За-конот, треба да добиваат храна со дневна калорична вредност од 12.500 џули, ре-довно да бидат прегледува-ни од лекар вработен во са-мата институција и да им се обезбедува специјалистички преглед на нивен трошок, ако го побараат!.

Зад ѕидовите на затворите владее хаосСпоред невладините органи-зации кои се занимаваат со оваа проблематика, во добар дел од македонските затво-ри и во казнено-поправните домови, пред се, владее хаос изразен преку корупција и трговија со дрога, силувања и насилства па дури и уби-ства.Неопходни се моментални промени за да се изнајде начин за искоренување на корупцијата.

С.В

ВИРЕЕЊЕ НА БОЛЕСТИ, ЛОШИ ХИГИЕНСКИ УСЛОВИ, НЕВАКЦИНИРАНОСТ НА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ ОД ХЕПАТИТ Ц, ЗАЕДНО СО ЛОШАТА СОСТОЈБА НА САМИЦИТЕ, СЕ САМО ДЕЛ ОД ОБВИНУВАЊАТА КОИ ГИ ИЗНЕСЕ ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА МАКЕДОНИЈА ВЕДНАШ ПО ПОСЕТАТА НА ЗАТВОРОТ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ОХРИД

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ОБВИНУВА

HRONIKA

Page 17: АМАК ПРЕС 105

www.amakpres.com.mk 17

ОХРИЃАНЕЦОТ ОСУДЕН ЗА УБИСТВО УАПСЕН ПО 12 ГОДИНИВедат Малиќи (44), по

убиството на сопру-гата Силвија Пор-

сиус Малиќи, се криел во Холандија, а во отсуство бил осуден на 15 години затвор.Охриѓанецот Ведат Малиќи (44), осуден за убиство на сопругата Силвија Порси-ус Малиќи (30) во август 1996 година, по 12-годишно бегство е уапсен неодамна во Охрид, соопшти МВР. Малиќи бил осуден во от-суство, бидејќи веднаш по убиството на сопругата, ина-ку холандска државјанка, избегал во Холандија, каде што се криел под лажен идентитет.

Малиќи на 25 декември лани пристигнал од Холандија на аеродромот „Александар Ве-лики“ во Скопје и се пријавил на граничната контрола. Тој покажал валиден холандски пасош. Полицијата не го зад-

ржала веднаш. Осомничени-от е уапсен на 31 декември во Охрид, откако полицијата утврдила дека Малиќи се бара со меѓународна потер-ница. Потерницата била из-дадена кога Основниот суд во Охрид во 1996 година го прогласил Малиќи вино-вен за убиство на сопругата Силвија и го осудил на 15 години затвор. Бидејќи веќе претходно му бил одреден притвор, Малиќи веднаш по апсењето е спроведен во ис-тражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

Убиството што се случи пред 12 години беше вистин-ска мистерија. Полицијата веднаш по злосторството се посомнева дека сопругот на Силвија е можниот уби-ец, но сепак, вистинските мотиви останаа непознати. Тогаш медиумите инфор-мираа дека можна причина

за убиството е караница во врска со шверц на дрога, бидејќи убиената сопруга на Малиќи била државјанка на Холандија.

Нејзиното тело беше пронајдено во близи-на на бензинската пум-па кај Подмолје на бре-гот на Охридското Езеро. Обдукцијата покажала дека Силвија била убиена со остар предмет, најверојатно со нож. На нејзиното тело имало повеќе убоди и исе-ченици.

Веднаш по убиството, ис-тражните органи соопштиле дека убиецот најверојатно побегнал во Албанија. Не-колку дена по убиството во јавноста беше пласирана информација дека Малиќи бил уапсен во Албанија, каде што наводно го при-знал убиството. Тогаш беше

објавено дека Малиќи бил баран преку Интерпол за повеќе кривични дела, меѓу кои за насилство и за воору-жен инцидент.

Според македонското МВР, пак, осомничениот овие 12 години престојувал во Холандија. По извршувањето на свирепиот чин осомниче-ниот го напуштил местото и пребегал во Холандија, каде што престојувал 12 години користејќи лажен идентитет. Од тие причини, тој не беше достапен за полициските и правосудните органи - објаснуваат во полицијата. Се претпоставува дека суд-скиот процес против Малиќи ќе почне одново, бидејќи тој сега е достапен на органите на прогонот.

Ангела Белевска

Page 18: АМАК ПРЕС 105

18 AMAK PRES

ОДБРАНАТА СЕ СОМНЕВА ВО ДОКАЗИТЕ

На последното ро-чиште од судскиот процес што се води

во Основниот суд во Охрид против Лазе Радески, об-винет за убиство на Спиро Ставрески, Трајче Цоцески и Ракип Раим, сите улич-ни продавачи на девизи од Охрид беа изведени писме-ни докази. Обвинителството немаше никакви забелешки на изне-сените доказни материјали, мислења, заклучоци на Ин-ститутот за судска медици-

на и криминалистика при Медицинскиот факултет во Скопје како и на записни-ците за пронајдени траги и предмети на местото на убиствата и резултатите од спроведени ДНК.анализи. Полномошникот на оштете-ните побара да биде изврше-но психијатриско вештачење врз оштетените, пред се за претрпените стресови.Но за одбраната, вештачењето на доказите направени од полицијата не беше валидно и вложи приговор, како на

претходно така и на послед-но изнесените докази и тоа како на начинот на нивното вршење, така и на начинот на нивното изнесување пред Судскиот совет. Според одбраната, вештачењата од МВР не можат да бидат доказ во по-стапката бидејќи се вршени и од подносителот и од ба-рателот на постапката, а не од независен орган. Одбра-ната бара вештачењата да ги изврши Бирото за судско вештачење за да се отстра-

ни секој сомнеж во нивната веродостојност, но ваквото барање од судот беше од-биено. Според службениот адвокат на Радески, Емил Балабан, од датумите во предметот се гледа дека вештачењата биле извршени по добивањето на самопри-знанието за кое обвинетиот изјави дека е изнудено.Тој побара од судот дополни-телно да обезбеди извештај од затворот во Охрид за времето и датумите кога и кој го посетувал Радески во притворското оделение и во чие присуство се вршело испитувањето на обвине-тиот како и информации за времето и датумите под чиј надзор бил спроведуван од затворот и кога бил повтор-но враќан назад во притвор-ското оделение?Одбраната побара и реконструкција на убиство-то на Трајче Цоцески кое обвинетиот го призна на првото судско рочиште.Лазе Радески е обвинет за уби-ство на тројцата дилери на девизи од Охрид извршени во периодот од 2006 до 2008 година.

С.Вренцовска

ПРЕЗЕНТИРАНИ ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ СЕРИСКИОТ УБИЕЦ

HRONIKA

Page 19: АМАК ПРЕС 105

www.amakpres.com.mk 19

СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР ЗАСЛУЖУВА ПОДОБАР ТРЕТМАН

-Спортскиот ком-плекс Билјанини Извори е во ка-

тастрофална состојба, ниш-то не е направено што се однесува до спортскиот дел. Ние како ЈП ќе покре-неме постапка пред Устав-ниот суд за враќање на овој спортски објект под капата на Државата, најави неодам-на од Охрид директорот на јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, Михајло Бајо, кој беше во обиколка на овој комплекс. Според него тре-ба да се преиспита одлуката за сите 28 спортски сали во државава кои незаконски во 2006 година во предизборие се дадени во владение на оп-штините .-Тоа не значи дека са-каме да ја стопираме децентрализацијата но треба да се види кои објекти треба да останат под ЈП, а кои тре-ба да се дадат на користење на клубовите. Она што де-нес го видов во Охрид е за жал трагично поготово она што му се случува на базе-нот. Еднаш за секогаш треба да се решат овие проблеми и спортските терени да се стават во функција на спор-тот, вели Бајо. Според него е недозволиво во салите наме-сто подготовките на екипите да се одржуваат разни други

манифестации за кои според него има и многу поадекват-ни простори за тоа.

Сепак најголемата штета ја трпат токму спортистите кои во овој период се принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Тие се погласно реа-гираат на неспособноста на општината да стопанисува со СРЦ Билјанини Извори и нејзината негрижа за спорт-ските објекти. А дека никој не води сметка за овој спорт-ски центар доказ е и базенот кој е дел од спортскиот цен-тар а со години претставу-ва срам за градот. Купишта

ѓубре, крш од шишиња и друг отпаден материјал е денешната слика на охрод-скиот базен во кој некогаш тренираа над 150 дечиња, а денес пливањето е удавено во градот со најголемо езе-ро.Надлежните во градот не-колку пати ветија дека ќе го решат проблемот со конце-сионерот на базенот и ќе го вратат неговиот првобитен изглед, но како одминува времето се поочигледно е дека недостасува стратегија и волја за надминување на спортското бледило во Охрид. Спортските работ-ници стравуваат дека и дру-гите спортови ќе ја доживеат судбината на пливањето до-колку не се преземат итни мерки.

-Очекував повеќе од СРЦ Билјанини Извори, младите спортисти да се многу поак-тивни на терените. Но како што се случи со пливањето токму поради негрижата и немањето на услови за рабо-та може и секој друг спорт да пропадне доколку не се вложува и правилно кори-стат спортските објекти. Среќа за нас атлетичарите што во Охрид ќе се постави тартанот во спротивно и ние ќе згасневме и покрај долго-годишната традиција која ја имаме.салата која со годи-ни ја баравме да ни се вра-ти за да го развиваме спор-тот се повеќе се користи за рекреација што навистина многу ми пречи, вели трене-рот на АК Охрид и селектор на атлетската репрезентација

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ЗА СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ ВО ПОСЕТА НА БИЛЈАНИНИ

ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД КОШАРКАРСКАТА СЕЗОНА НА ОХРИДСКИОТ АМАК СП ПРЕТРПЕА ПРЕТУМБАЦИИ ОТКАКО СПОРТСКАТА САЛА “БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ БЕШЕ ВОН УПОТРЕБА ОД 14-21 ЈАНУАРИ И ТОА ПОРАДИ МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ КОЈ СЕ ОДРЖУВАШЕ ТОКМУ ВО ОВАА САЛА.ЕДНОНЕДЕЛНИОТ ПЕРИОД ОХРИЃАНИ ГО ИСКОРИСТИЈА ДА ОДИГРААТ НЕКОЛКУ ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ ПРЕД СТАРТОТ НА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ШАМПИОНАТОТ А ВО МЕЃУВРЕМЕ ТРЕНИРАА ВО САЛИ НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА.

SPORT

Page 20: АМАК ПРЕС 105

20 AMAK PRES

ТИМ ЗА ШАМПИОНСКА ТИТУЛААМАК СП засилено влегува во втори-от дел од натпреварувачката сезона. Со три нови имиња на клупата на охрид-скиот прволигаш, тренерот Маријан Лазоски ќе атакува на шампионската титула, но ќе се бори и за освојување на купот. Амбициите се реални со оглед на тоа што се попол-ни празнината на центарската позиција со искусниот Мла-ден Гамбирожа, висок 2,08с, од Србија.. Богатото играчко искуство на 33-годишниот Гамбирожа според стратегот Лазоски, е причина да се оче-кува голема помош од него во остварување на целта за висок пласман. Покрај Гамбирожа во екипата се врати Дејан Вегов кој во Охрид дојде од Торус, а ново засилување е и плејмејкерот на Соко-ли- Иван Саздов. Во тимот на АМАК СП повеќе не се Влатко Неделков, Александар Трајковски, Александар Стефановски и Слободан Петровски.

Управата на клубот незадоволна од тоа како се снајдоа во досегашниот дел од првенството им се заблагодари на нив-

ните услуги.-Екипата претрпе извесни измени. Четворица досегашни играчи заминаа не поради тоа што немаа квалитет туку едноставно не се вклопија во тимот онака како што јас очекував. Со новите

засилувања екипата ќе биде далеку по-конкурентна и поквалитетна и се наде-вам дека оние осцилации кои ги имавме

во првиот дел од првенството ќе бидат надминати, вели Лазо-ски, кој повеќе од кога и да е, е сигурен во освојување на ти-тулата во првенството. Според него со ваков список на играчи сите позиции се пополнети со по двајца квалитетни кошар-кари што пак дава можност за ротациска игра.-Очекумам интересно првен-ство во преостанатиот дел со оглед на тоа што и останатите екипи горе долу се со ист или поголем квалитет од она што беа. Добро е кога дури шест екипи се со ист квалитет. За

мене е најважно тоа што располоагам со голем број квалитетни играчи и уве-рен сум дека до март кога е и купот ќе бидеме 100 одсто подготвени и уигра-ни, вели Лазоски. С.В.

НОВИ ИМИЊА ВО ОХРИДСКИ АМАК

Влатко Димитров.-Општината и локалната во-дат сметка, но не доволна за да биде спортот на она ме-сто кое му прилега.Охрид е дел од големите спортски настани. но за жал незнае да профитира од тоа. Спор-товите на вода се повеќе се дават во проблеми тука пред се мислам на пливањето и базенот кој со години е над-вор од функција. Негледам во иднина како би се решил овој проблем, вели спорт-скиот новинар Мирко По-

столоски.Спортско рекреативниот центар е еден од најдобрите кој ги има сите услови за ра-бота на врвни екипи. Како еден од најголемите капи-тални објекти заедно со стрелиштето време е да го добијат заслужениот трет-ман, и државата конечно да стави рака врз нив. Општи-ната која со години го бара-ше спортскиот центар под своја капа се покажа неспо-собна за да управува со него. Нејзината не грижа ја по-

кажа и за време на неодамна одржаното европско првен-ство во ракомет. Во градот немаше ниту најмал обичен транспарент или плакат дека токму во оваа сала се одржу-ва европски натпревар за охриѓани и бројните гости да знаат дека европската ра-кометна елита е во Охрид.Освен кошарката сите дру-ги спортови се замрени во градот. Паднаа во вода сите надежи дека правилното стопанисување и користење на спортската сала ќе значи

голем поттик за спортовите во Охрид конечно да се по-местат од мртва точка. До пред три години спортската сала беше под надлежност на државата што за локал-ната самоуправа, како што тврдеа, беше основна преч-ка за нејзино заживување, но кога општината ја доби во свои раце се покажа дека не знае што и како со овој објект. Сузана Вренцовска

БИЛЈАНА 006 ЗАСИЛЕНА ВО ТРКАТА ЗА МЕДАЛОхридска Билјана 006 сериозно се под-готвува за продолжението на шампио-натот, откако првиот дел го заврши на делба на првото место со бранителот на титулата Вигор Скопје.Од клубот најавувават борба за некој

од медалите во купот или првенството, а расположливите сили ги засилија со две битолчанки кои треба да ја поди-гнат играта на повисоко ниво.Се работи за крилото Милена Нечкоска и плејот Кристина Ангеловска и обете

од генерацијата 1992 година . - Со доведувањето на овие две кошар-карки ќе бидеме далеку поконкуретни во битката за титулите - вели играч - тренерот Весна Балазоска..

МЛАДЕН ГАМБИРОЖА, ЦЕНТАРСКОТО ЗАСИЛУВАЊЕ НА АМАК СП

SPORT

Page 21: АМАК ПРЕС 105

www.amakpres.com.mk 21

ТИМ ЗА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА

КФМ НЕЗАДОВОЛНА ОД УСЛУГИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА

Македонската телевизија не го почитува во целост догово-рот за пренесување на нат-

преварите од првата машка кошаркар-ска лига па поради тоа кошаркарската федерација ќе распише конкурс со цел да се најде квалитетен медиумски пар-тнер. На тој начин, сметаат од КФМ, ќе се изврши притисок врз МТВ до крајот на сезоната до кога трае договорот,да ги испочитува своите обврски. На осмата седница на Здружението на прволи-гаши претставниците на клубовите изразија скептичност дека тој договор ќе биде испочитуван до крај, пред се поради тоа што се ближат избори па камерите наместо во салите ќе бидат присутни на митинзите. Првиот човек на КФМ и покрај незадоволството ќе и даде шанса на македонската телевизија во периодот додека трае договорот.-Од МТВ имаат финансиски проблем но добивме ветување дека ќе го испо-читуваат договорот до крајот на сезо-ната. Имаме постигнато одличен дого-вор со националната телевизија но не сум задоволен од начинот и темпото на реализација на истиот, рече претседа-телот на КФМ, Даниел Димески. Во наредниот двогодишен циклус КФМ покрај натпреварите од нацио-налното првенство во пакет ќе ги по-

нуди и квалификациските мечеви од националната селекција за наредното светско првенство. - Пакетот со квалитетна телевизија и квалитетна лига е далеку попривлечен. Денес имаме многу телевизии и треба да се избере најквалитетната. Имаме многу аргументи да се раскине догово-рот со МТВ, но треба да се најде по-добра алтернатива, смета генералниот

секретар на КФВ, Дејан Лекиќ.Новата дигитална опрема бара и по-себни услови во салите но освен но-вата „Борис Трајковски“ и охридската „Билјанини Извори“ останатите нема-ат квалитетно осветлување а дел од нив немаат дури ни простор за новинари-те и камерманите. Претставниците на прволигашките клубови сметаат дека овој период треба да се искористи за вложување во инфраструктурата во са-лите затоа што, како што беше речено, професионализмот подразбира права и обврски од двете страни. Според гене-ралниот секретар Лекиќ квалитетот на лигата единствено можат да го поди-гнат самите клубови доколку креираат добар имиџ но освен АМАК СП нема-ат квалитетна опрема која медиумски би била корисна.На осмата седница прволигашите одлучија мандатот за претседател на Здружението да го добие клубот Вар-дар кој треба да го даде првиот човек на прволигашите. Претставниците на клубовите побараа од судиската организација да изготви правилник според кој ќе се наградуваат и казну-ваат судиите.

С.В

СЕДНИЦА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРВОЛИГАШИ

Page 22: АМАК ПРЕС 105

SPORT

ОГЛАСИПродавам козметичка лупа со сталак Тел за контакт 070 212 784

Поволно продавам лежај добросочуванТел 046 267 993

Издавам стан 55м квадратни наместен на Туристичка кај кај Анче КиселиноваТелефон 070 537 888

Издавам сбои под криија. Со посебен влез.046 255 909

Продавам нива во Влегошти070 525 524

Се издава куќа под кирија на ул. Славеј Планина бр. 17 тел. 046/250-007

Се продава фрижидер витрина тел 046/250-007

ВОЈДАН СТОЈАНОСКИ НАЈДОБАР КОШАРКАР ЗА 2008Војдан Стојановски од Амак СП

ќе биде прогласен за најдобар кошаркар во Македонија за

2008 година, во изборот организи-ран од Кошаркарската федерација на Македонија. Ова е исходот од гласањето на 12 медиуми, кои одлучија индивидуалниот учинок на младиот Стојановски да биде клучен во избо-рот.

Иако Стојановски не освои титула со клубот чиј дрес го носи неколку сезо-ни, тој со своите добри игри во текот на минатата сезона си најде место и во репрезентацијата на Македонија.

Војдан во 2007 беше најдобар млад играч, а му требаше само една година да дојде и до ова значајно признание.

Стојановски се промовира како еден од најопасните поентери и одбранбе-ни играчи во Првата лига и беше ли-дер на охридскиот клуб, кој заврши на трето место во лигашкиот дел од сезо-ната, а во плејофот беше елиминиран во четврт-финалето.

Стојановски летоска го носеше дре-сот на репрезентацијата и ќе биде се-риозен кандидат да ги брани „црвено-жолтите“ бои и во септември на Европското првенство во Полска. Во гласањето Стојановски доби шест гла-са, а по два имаа членовите на Фени Индустри, клуб што ја освои двојната круна: Горан Самарџиев, Доналд Кол и Златко Гоцевски.

Ohridnews

Page 23: АМАК ПРЕС 105

ПРАИСТОРИСКАТА НАСЕЛБА НА ПЛАТФОРМА ПОБУДИ ГОЛЕМ ИНТЕРЕС

Page 24: АМАК ПРЕС 105