АМАК ПРЕС 91

24
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 91 25 Јуни 2008 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 САШО СТОЈЧЕСКИ ПИЛОТ НА ВРВОТ ПЛАЖИТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ТУРИСТИТЕ ДУХОТ НА ОХРИД СЕ ПОЈАВИ НА САЈТ АМАК СП ЌЕ ИГРА ВО ЕВРОПА definitivno najevtino

Upload: alankaou

Post on 22-Mar-2016

261 views

Category:

Documents


11 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП, Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

Page 1: АМАК ПРЕС 91

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 91 25 Јуни 2008

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

САШОСТОЈЧЕСКИ ПИЛОТ

НА ВРВОТ

ПЛАЖИТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ТУРИСТИТЕ

M A K E D O N I J A - MOJATA DR@AVA

Testovi na znaewe za: osnovni {koli, sredni {koli, matura, fakulteti, vozrasni,... Testovi: pedago{ki. psiholo{ki, za inteligencija, e-testing,...

Nastava: podgotvitelna, tutorska, priemni ispiti, matura, za vozrasni, e-u~ewe,...

www.pisi.com.mk e-mail: [email protected] ++ 46 230-560; 46 230-561; 46 230-562 ++ 32 380-418

M A T U R A

MAKEDONSKI JAZIK MATEMATIKA ANGLISKI JAZIK INFORMATIKA FIZIKA HEMIJA BIOLOGIJA PROEKTNA ZADA^A ISTORIJA GEOGRAFIJA MUZI^KA UMETNOST LIKOVNA UMETNOST

U^ILI{NA NASTAVNA PROGRAMA

1. M A T E M A T I K A

2. A N G L I S K I J A Z I K

3. I N F O R M A T I K A

4. M A K E D O N S K I J A Z I K

5. P R O G R A M I R A W E

6. F I Z I KA

7. H E M I J A

8. B I O L O G I J A

Obrazoven centar, Ohrid, {tip Do 31.05 REZERVACII NA MESTA: OD 4-TO ODD. OSNOVNO DO 1-VA GOD. SREDNO

ДУХОТ НА ОХРИДСЕ ПОЈАВИ НА САЈТАМАК СП ЌЕ ИГРА ВО ЕВРОПА

definitivno najevtino

Page 2: АМАК ПРЕС 91

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Сиљаноски , Велимир Џамтоски

Лектор: Милчо Јованоски; Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Page 3: АМАК ПРЕС 91

3www.amac.com.mk/novini

LOKAL

Проектот “Духот на Охрид“ кој од минатата есен во јавноста се промовира како проект кој на

градот му донел околу 200 000 евра од европските фондови и натаму го при-велкува вниманието на јавностаОд како беше промовиран филмот за проектот во јавноста се крена пра-шина околу тоа каков е филмот кој е дел од проектот, а во кој освен елек-тронска музика и пејзажи нема дру-ги податоци за Охрид, а до денес не е кажано каде е прикажано ова видео остварување кое единствено може да се види на видео бимот на плоштадот во Охрид . Деновиве на официјалниот сајт на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk во категоријата проекти може да се најде наслов “Духот на Охрид“, а со кликање на него се доаѓа до сајтот www.spiritofohrid.com.mk . Побаравме мислење од лица кои се стручни во из-работката на сајтови, тие за овој сајт велат дека е изработен од елемента-рен познавач на изработка на сајтови. - Сајтот е изработен во ХТМЛ, а кори-стени се и таканаречените фрејмови. Таа техника за изработување на сајтови ја знае секој еден ученик кој завршил прв основен курс за да научи да прави сајтови. Сајтот е евтин и направен без креативност – вели познат изработу-вач на сајтови од Охрид. Инаку доколку се погледне во регистарот на македон-скиот домејн овој сајт е регистриран на фирмата Инфо - Тех Охрид ДОО со адреса на улица Прилепска 22а. Како администратор на овој сајт се јавува извесен Боро Симоноски а истиот е ре-гистриран на 14 март оваа година. Во Општина Охрид никој не можеше да даде одговор дали сајтот посветен на проектот кој го добила општината од европските фондови е во сопственост на општината, која е контрибутор во проектот или сајтот е во сопственост на споменатата приватна фирма која во случајов нема никаков прекршок бидејќи сосема легално регистрирала домејн и со тоа го ставила во своја соп-ственост домејнот. - Јас можам да ка-жам само дека проектите кои ги работи општината се во нејзина сопственост, профилот ,стратегијата за развој . Тоа е се во сопственост на општината, а за тој сајт кој вие го споменувате јас не можам да коментирам бидејќи не знам какви содржини има тој сајт, а за про-ектите кои ги има општината сите тие

се нејзини проекти – кусо ни изјави портпаролот на општината Никола Ма-нески. И покрај нашите напори да ста-пиме во контакт со споменатата фирма и лицата кои работат на проектите во општината, тоа не успеавме да го на-правиме.

КАДЕ СЕ НАОЃА ДОНАЦИЈАТА ОД ГТЗ???

Општина Охрид пред извес-но време добила донација од ГТЗ која се состоела од еден

компјутер сервер, дигитална камера и Џи Пи Ес систем кој бил со поширока намена за регионот. Но, во Локалната самоуправа никој не можеше да ни од-говори каде е сместена оваа опрема и кој ја користи?! Како што дознаваме опремата во Општина Охрид не била ни книговодствено евидентрана. Оваа донација ни ја потврди и Аница Пала-цо која учествува во повеќе проекти во кои се донира опрема и пари од ГТЗ - Точно е дека се донира компјутерски сервер, дигитална камера и Џи Пи Ес апарат, тие добра се донирани на оп-штина Охрид – ни потврди г-ѓа Пала-цо. Портпаролот на Општина Охрид Никола Маневски, после подолги кон-султации ни изјави дека најверојатно се работело за донација од ГТЗ која се користела за проекти на секторот за ЛЕР и ни даде детални елаборати за за-фатите во рамки на некои проекти со кои биле партерно уредени Билјанини Извори, ни посочи каде биле поставе-ни табли кај Ресен и даде некој нејасен одговор дека била направна одредена база на податоци за културното на-следство на неколку рурални општини. Поопширното излагање не упати да се јавиме кај Славчо Ѓеоѓиевски кој е ра-ководител на одделение за економски развој во ЛЕР. Ѓорѓиевски со иденти-чен одговор како и Манески на јасно и гласно поставеното прашање – Каде е лоцирана и каде се наоѓа опремата која била донирана ни изјави - Мане-ски со право ви дал поопширен ела-борат бидејќи ова прашање заслужува опширна елаборација. Проектот го во-дат 5 општини и врз основа на рабо-тата се дефинираа активностите кои се заеднички. Веднаш потоа секоја од општините доби донација според она што и треба и што сакала, значи не само Општина Охрид туку сите 5 оп-

штини, добија компјутери и софтвери и она што им треба и што го побараа. И не само тоа туку партерно се уредија Билјанини Извори, се поставија табли кај Ресен и ред други активности беа спроведени – дословно ви ја пренесу-ваме изјавата на Славчо Ѓеорѓиевски. Се обративме и кај раководителот на секторот за јавни работи Митре Велјаноски кој кусо ни одговори дека тој незнае за таква опрема и дека за тоа е надлежен секретарот на општината Димитрија Вревезоски кој беше исклу-чително кус во одговорот - Ето нели ви кажале, сте разговарале со Славчо, еве го тој е кај мене во канцеларија и сега што не ви е јасно, Ви кажаа каде е опремата и што сакате повеќе – беше одговорот на Димитрија Вревезоски на нашето прашање каде е опремата која ја добиле како донација. Вработе-ните во ЛЕР тврдат дека до сега ваква опрема во нивните простории не виде-ле, а исто така никој од општинската администрација не знаеше дека постои донација и каде таа е наоѓа. Останува отворено прашањето каде е опремата и каде е лоцирана, а ние и натаму ќе го следиме овој случај како е претходните скандали со приватната регистрација на општинскиот проект “Духот на Охрид“на македонскиот домејн.

ПИСМЕНИ ИЗЈАВИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕВработените во ЛЕР неодамна добиле бланко писмени изјави кои требало да ги потпишат, а со кои се обврзувале да не комуницираат со новинарот Љупчо Таневски. Ова предизвикало револт и гнев кај нив и тие одбиле да ги потпишат апсурдните бланко изјави. По објавувањето на веб изданието на претходниот број во локалната се правела истрага за тоа кој комуницирал со новинарите. Меѓу човечките односи во ЛЕР подо0лго време се крајно нарушени, а неретко раководителот во пресметките со другите во канцеларијата го повикувал обезбедувањето да интервенира и да ги отстранува вработените од нивните канцеларии. Љупчо Таневски

Проектот “Духот на Охрид“ кој од минатата есен во јавноста се

се нејзини проекти – кусо ни изјави портпаролот на општината Никола Ма-

штини, добија компјутери и софтвери и она што им треба и што го побараа.

ДУХОТ НА ОХРИД СЕ ПОЈАВИ НА САЈТ

Page 4: АМАК ПРЕС 91

ЛОКАЛ

ТЕНДЕРОТ ЗА ВЕБ САЈТ ПОНИШТЕН

Од како беше објавено веб изданието на Амак Прес Охрид-

ски Новини во кое се најде сторијата со наслов “Оп-штината на тендер го купу-

ва она што веќе го има” по-светена на најновата јавна набавка на Општина Охрид со која се бараа понудувачи за изработка на веб сајт за општината и таканаречен

Клиент софтвер од локалан-та до медиумите дојде со-општение со кое јавноста се информира дека тендерот е поништен. Во соопштение-то се вели дека Градоначал-никот Александар Петрески поништи 2 огласи за јавни набвки Станува збор за огла-сот бр 17/2008 – набавка на Клиент софтвер апликации за потребите на Оптшина Охрид и огласот број 18 / 2008 – Изработка на веб страна за потребите на Оп-тшина Охрид. Локалната со ова соопштение излезе вед-наш од како беше објавено веб изданието на весникот на сајтот www.amakpres.com.mk уште пред весни-кот Амак Прес Охридски Новини да биде отпечатен

и истиот да се дистрибуира во градот. Со овој потег со-ветниците и службите во локалнта се обидоа да го претекнат нашиот весник, но сепак нашата цел да би-деме коректор и да укажу-ваме навреме на одредени девијантни појави и овојпат се потврди на дело. Ова е уште една потврда дека но-винарите во единствениот весник во Охрид кој во свое-то работење ни еднаш не бил демантиран секогаш се држат до вистината, а со гор-ливите теми кои ги отвораат и ги посочуваат проблемите во Охрид (за кои има големи реакции) работи во интерес на граѓаните и општината. Љ.Таневски

ПО ПИШУВАЊАТА НА АМАК ПРЕС

ТРПЧЕСКИ ПОД ЛУПА НА АНТИКОРУПЦИСКААнтикорупцискат а

комисија на прес конференција сооп-

шти дека 190 вработувања во МЈП Проаква кои се направија во изборите биле незаконски, односно дека не биле почитувани препораки-те за постапување за време на изборен процес. Претседателката на комисиајта Мирјана Ди-

мовска посочи дека во МЈП Проаква вработувањата нема да биле спорни докол-ку се случеле по претходно нивно планирање во годиш-ниот план - Во МЈП Проак-ва за време на изборите се вработени 190 лица кои не биле предвидени со годиш-ниот план и тие се вонредни вработвања, па затоа и се предмет на Антикорупци-

ската комисија. Директо-рот на МЈП Проаква кој е истакнат функционер на СДСМ за Ohridnews изјави деак не чувствува одговор-ност и тврди дека се е на-правено законски и соглас-но систематизацијата на Проаква. Љ.Т.

ПРЕКРШОЧНА ЗА ПРОАКВА

Page 5: АМАК ПРЕС 91

ПЕТРЕСКИ ЈА СРЕДУВА АДМИНИСТРАЦИЈАТАВо општинската згра-

да е поставентабла со испишан текст

од Начела на кодексот за локалните функционери, на која пишува се што е должен да прави и кон што е должен да се придржува еден локален функционер Во изминатите неколку де-нови вработените во Локал-ната самоуправа со статус државни службеници по барање на градоначални-кот Александар Петрески своерачно потпишувале изјави дека ги почитуваат одредбите сврзани со ко-

дексот за работа на држав-ните службеници. Од ло-калната велат дека на ова се одлучиле за да се покаже во практика заложбата на гра-доначалникот Петрески кој сака на дело да придонесе во почитувањето на кодек-сот и напорите кои се пра-ват за целосно претворање на локалната админстрација во сервис на граѓаните. Од локалната ни рекоа дека со овој гест градоначални-кот сака да ги охрабри сите вработени државни службе-ници да се борат против не-кои девијантни појави кои

се присутни во општество-то со децении наназад и да се борат против неприфат-ливите однесувања кои го кршат кодексот за државни службеници. Од локалната велат дека со овој потег гра-доначалникот ќе ги охрабри и граѓаните со полно право да реагираат, без страв од поледици на сите појави на девијантни однесувања во општинските служби или поединци од локаланта администрација. Љ.Таневски

УКРАИНЦИ ДОГОДИНА ЌЕ ШЕТААТ НИЗ ОХРИД

Од идната година, со чартер ле-тови на Охридската ривиера ќе доаѓаат гости од Украина. Ова

го најавија украинските туристички агенции и новинарите кои неодамна претстојуваа во Охрид. Тие беа вооду-шевени од убавините на регионот и се заинтересирани да почнат да продаваат аранжмани за Македонија. Според нив цените се прифатливи за Украинците, но потребна е поголема промоција на македонската туристичка понуда на нивниот пазар и воспоставување на директна авионска линија помеѓу две-те земји. - Македонија има голем туристички потенцијал кој може да биде привлечен

за Украинците, особено Охридското Езеро и културно-историските споме-ници, вели Валерија Бондаренко, прет-седател на Здружението на новинари од Украина. Според неа и блискоста на јазиците ќе придонесе голем број на Украинци да ја посетат Македонија. Според туристичките работници од Украина седумдневен аранжман во Охрид би чинел околу 500 американ-ски долари. Поранешната мис туризам на Украина, Марисија Хоровец, која моментално работи на украинската на-ционална телевизија најави засилена кампања за пробивање на Македонија на украинскиот пазар и вети дека и таа и останатите новинари ќе ја претстават

земјава во најдобро светло. Македонските туристички работници очекуваат следната година Македонија да ја посетат околу 3.000 гости од Украина, за што ќе биде воспоставена директна чартер линија со Киев.Украинските претставници во некол-ку дневниот престој на Македонија ги посетија и Битола, Преспа, При-леп, Струга, Вевчани, Маврово и Тиквешијата. За подобра туристичка соработка помеѓу двете земји, Охрид ќе се збратими со Јалта, најпознатото туристичко место во Украина.

Сузана Вренцовска

УКРАИНСКИ ТУРОПЕРАТОРИ ЌЕ ЈА ПРОМОВИРААТ МАКЕДОНИЈА

ТЕНДЕРОТ ЗА ВЕБ САЈТ ПОНИШТЕН

МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИЦИ ОЧЕКУВААТ СЛЕДНАТА ГОДИНА ЗЕМЈАВА ДА ЈА ПОСЕТАТ ОКОЛУ 3.000 ГОСТИ ОД УКРАИНА, ЗА ШТО ЌЕ БИДЕ ВОСПОСТАВЕНА ДИРЕКТНА ЧАРТЕР ЛИНИЈА СО КИЕВ

Page 6: АМАК ПРЕС 91

ЛОКАЛ

ПЛАЖИТЕ ГЛАВЕН АДУТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ ТУРИСТИ

Оридското крајбрежје интензивно се средува пред

официјалниот почеток на туристичката сезона која почнува во првата недела од јули. Уредувањето на пла-жите е при крај, а поголем дел од нив веќе се отворени, иако се уште нема доволно гости.Една од најубаво уредени-те плажи на Охридското крајбрежје, е плажата “Куба Либре“. Од таму велат дека очекуваат голема посете-ност, токму поради местопо-ложбата на плажата, до која може да се стигне и пеш, но и поради атрактивноста и понудата - пространа тераса, лежалки, осмислен простор со секаков вид на забава, но и катче за најмладите. Спо-ред охридската јавност оваа плажа ќе биде вистински

хит ова лето на ривиерава. И останатите сопственици ги уредуваат плажите спо-ред договорот кој го потпи-шале со Министерството за транспорт и врски. По-големиот дел од нив оче-куваат најголема зарабо-тувачка оваа сезона, токму поради најавите и бројот на гостите кои во моментов престојуваат во Охрид. И туристичките работници се задоволни од посетата. Оптимистички најавуваат дека претстои досега најуспешна сезона. Се наде-ваат на рекордна посетеност со над 1,5 милион ноќевања.Годинава од старт е решен и еден од најголемите про-блеми - одржувањето на плажите. Изминативе две години јавното претпријатие “Комуналец“ го чистеше крајбрежјето без никаков на-

домест од ресорното Мини-стерство.-Во интерес на туризмот и оваа година ќе ги чистиме плажите. За таа цел издвоив-ме 1,8 милиони денари иако тоа за нас претставува само дополнителен трошок - вели директорот на «Комуналец», Боро Павловски. Покрај хигиената главен приоритет годинава ќе биде и безбедноста на ка-пачите. Скутерите и гли-серите, летово ќе бидат строго контролирани од ин-спекторите на капетанијата и езерската полиција. Секое непочитување на прописи-те од скутерџиите ќе биде санкционирано со 300-500 евра, „Според Законот за вна-трешна пловидба, плажите треба уредно да бидат обе-лежани со меѓусебно повр-зани пловки, со портокалова и бела боја, на оддалеченост од најмалку пет метри. На капалиштата оддалеченоста од обележаниот простор тре-ба да биде 150 метри од бре-гот“, велат од Капетанијата. И локалната самоуправа ги интензивира подготовките за успешен старт на сезона-та. Градот забрзано се под-готвува, се средуваат улици-те, тротоарите, зеленилото, а ќе биде воведен и посебен сообраќаен режим за цен-

тралното градско подрачје. За оваа сезона се најавува и по-голем ред во користењето на просторот пред кафулињата на Градскиот плоштад. На сопствениците ќе им биде строго определен просторот до каде можат да ги поставу-ваат столовите и масите. Инаку, на самиот праг од почетокот на туристичката сезона Охрид и тоа како е посетен, како од домашни, така и од странски гости. Најбројни се оние од нашето соседство, Србија, Косово, Албанија, но и туристите од Холандија и Израел, кои од неодамна пристигнуваат организирано со чартер ле-тови. Ова лето во хотелите на Охридското крајбрежје ќе престојуваат околу 3000 гости од Израел и 2.500 од Холандија. Моментално хо-телските капацитети се со 60-отстотна исполнетост, претежно со гости од со-седството, а хотелиерите за екот на туристичката сезона најавуваат стоотстотна ис-полнетост на капацитетите. Приватните станоиздавачи пак велат дека оваа сезона ќе имаат голема добивка иако цените остануваат не-променети, од 300 па се до 900 денари за полуксузните апартмани. Сузана Вренцовска

ПРЕД СТАРТОТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА

УРЕДЕНОСТА НА ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ ОВАА СЕЗОНА ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ АДУТИ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТУРИСТИТЕ. ГРАДОТ ПРЕД ОФИЦИЈАЛНИОТ ПОЧЕТОК НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА ИНТЕНЗИВНО СЕ ПОДГОТВУВА. ТУРИСТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ ОЧЕКУВААТ ГОДИНАВА ДА СЕ ОСТВАРИ ТУРИСТИЧКИ РЕКОРД СО НАД 1,5 МИЛИОН НОЌЕВАЊА.

Page 7: АМАК ПРЕС 91

7www.amakpres.com.mk

КОНЦЕСИОНЕРИТЕ НА ПЛАЖИМОРА ДА ГИ ОБЕЛЕЖАТ КАПАЛИШТАТА

Сопствениците концесионери на плажи се обврзани видливо да ги обележат и одвојат од другата

водена површина капалиштата за луѓе, ова го налага правилникот за видот на капалиштето. “Оној простор од плажата што е на-менет за капање на луѓе треба јасно да биде одвоен од водениот простор наменет за спорт или за движење на пловни објекти.Со меѓусебно поврза-

ни портокалови и бели пловки треба да биде ограничен просторот за капење, во него не смее да влегуваат, скуте-ри, чамци или други пловни објекти. Во спротивно доколку на тој простор влегува пловило, против сторителот на прекршочното дело ќе се правземат најригорозни мерки, со цел да се за-штитат капачите“, изјави првиот човек на капетанија Љупчо Настевски.Капалиште се смета водениот простор

одалечен до 150 метри од брегот на езерото. На 660 квадратни метри воде-на површина мора да има по еден спа-сувач. Капетанијата и Црвениот Крст веќе го одредуваат бројот на спасува-чите зависно од големината на плажа-та. Минатата година спасувачи на вода беа ангажирани на плажите во авто кампот Градиште, Десарет, Метропол и Љубаништа, годинава нивниот број ќе биде поголем.Во полза и интерес на капачите и Ло-калната самоуправа превзеде акција за отстранување на пловните објекти од капалиштата. Први на удар беа чам-ците поставени на плажата кај Сара-иште, откако нивните сопствениците не одговорија на барањата сами да ги отстранат пловилата, тоа го сторија надлежните служби кои по барање на комуналните инспектори чамците ги однесоа во просторот кај реката Граш-ница. Вакви акции за расчистување на капалиштата од пловни објекти кому-налните инспектори ќе превземаат на сите плажи во текот на туристичката сезона. Ангела Белевска

ВО ПОЛЗА НА КАПАЧИТЕ

ТЕМПЕРАТУРАТА НА ВОДАТА ВО ЕЗЕРОТО НА КРАЈОТ ОД МАЈ НАГЛО СЕ ЗГОЛЕМИ НА 22 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ. ОНА ШТО Е НЕВООБИЧАЕНО, СОЗДАДЕН Е ТОПОЛ ВОДЕН ПОЈАС ВО ДЛАБОЧИНА ОД ПЕТ МЕТРИ, КАДЕ ТЕМПЕРАТУРАТА ИЗНЕСУВА 19 СТЕПЕНИ, ШТО Е НЕВООБИЧАЕНО ЗА КРАЈОТ НА МАЈ

ЗЕЛЕНАТА АЛГА ГО ПРЕПЛАВИЕЗЕРСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕКако никогаш досега, зелената

алга во неизмерни количини ја има во Охридското Езеро.

Брановите ја носат во близина на бре-гот а по ферментацијата истата шири непријатна миризба. Експертите од Хи-дробиолошкиот Завод велат дека алгата не го попречува нормалниот опстанок на флората и фауната во езерото таа се појавува позабележително во летниот период а нејзиното нагло намножување

е резултат на затоплувањето и високата атмосверска температура.“Акцијата за чистење на зелената алга ја спроведуваме веќе две недели, секој ден на просторот од хотел “Палас“ до хотел “Милениум Палс“ вршиме вадење на големи количини алга но таа повторно се намножува. Секако ова не треба да не загрижува станува збор за природен процес“, вели директорот на ЈП Комуналец, Боро Павловски, кој

додава дека вакви акции се спроведу-вале минативе години но во пократок периодЕкспертите, велат дека алгата може да ја исчисти само струење на водата или поволен ветер кој целосно ќе ја исфрли на брегот од Охридското Езеро.

Ангела Белевска

фото: Љ.Т.

Page 8: АМАК ПРЕС 91

8 AMAK PRES

LOKAL

ЕЗЕРСКИОТ ЌЕЈ РАЈ ЗА ДИВИТЕ ТЕЗГАЏИИ

Наместо шеталиште кејот на Охридско-то Езеро во екот на

туристичката сезона личи на пазар за продажба на сувенири,бижутерија, очила и други слични предмети.Годинава пазарниот инспек-торат во соработка со кому-налната инспекија и локал-ната самоуправа одлучија тезгите да се поставуваат на одредена локација и притоа нивните сопственици да бидат исклучиво регистри-рании правни а не физички лица, за жал тезгаџиите не го испочитуваа ни едното ни другото. Тезгите неле-гално се поставени по ќејот на езерото а продавачите не поседуваат документи дека се правни субјекти надлеж-ни за обавување на трговска дејност.

“Секој ден сме на терен ги бркаме тезгаџиите кои објектите за продажба ги по-ставуваат на непредвидено место. Ние ги бркаме тие наредниот ден повторно се враќаат .Нашето ангажирање е постојано но за жал суд-ството ни е бавно. Долг временски период ќе измине до реализирањето на прек-ршочните постапки. Прек-ршителот на делото односно тезгаџијата кој поставил тезга на забранет простор ќе плати казна во висина до 8000 денари ако е физичко и казна до 2000 евра ако е правно лице“, вели комунал-ниот инспектор Танас Тана-скоски кој додава дека про-блемот со дивите продавачи не е нов туку се провлекува низ минатите осум години. “Како пазарен инспекторат

вршиме контрола дали про-дажбата по кејот на езерото и во централното градско подрачје ја вршат правни лица кои регистрирале фир-ма и дали ги поседуваат со-одветните документи. Исто така го проверуваме поте-клото на стоката односно дали таа е набавена легал-но и зад неа стои името на одредена фирма. Доколку тезгаџијата ги нема доку-ментите за легалност следу-ва мандатна казна изречена на лице место во износ од 700 евра за правни лица и 100 евра за физички лица“, изјави раководителот во Државниот пазарен инспек-торат, Ѓоко Бошале.Дивите тезгаџии пак се за-доволни од продажбата на сувенири и очила тие велат дека со своите каравани од

Прилеп, Битола и Скопје се-кое лето доаѓаат во Охрид, зошто тука производите им се продаваат како алва, но ги плашат постојаните инспек-циски контроли и претреси.Во моментов во тек е проце-дурата за издавање договори за правни лица кои можат да обавуваат трговска дејност и затоа се уште не е познат бројот на легалните и диви-те продавачи на сувенири.Советот на општина Охрид минатата година донесе од-лука за уредување на сло-бодните пешачки зони со урбана опрема и подвижни објеки. Со таа одлука не е предвидено на потегот од плоштадот “Св.Климент“до другиот плоштад кај чина-рот поставување на тезги со исклучок на уметнички или литературни дела. На потегот од плоштадот и низ целиот езерски кеј не е предвидено поставување на детски игра-лишта и тезги и согласно таа одлука на дозволените места се даваат одобренија во Сек-торот за урбанизам. Игра-лиштата за деца кои по кејот се поставени на два пункта ,во близина на градското пристаниште и кај кафулето “DACK-KAFE“, работат ле-гално. За жал од секторот за урбанизам не беа располо-жени да дадат информации колку финансиски средтства локалната самоуправа ќари од платената закупнина за местото на кое се поставени детските игралишта.

Ангел Белевска

КАКО МАЧКА И ГЛУШЕЦ СЕ БРКААТ ИНСПЕКТОРИТЕ И ТЕЗГАЏИИТЕ

НЕЛЕГАЛНИТЕ ПРОДАВАЧИ НА СУВЕНИРИ НЕ СЕ ПЛАШАТ ОД САНКЦИИТЕ НА КОМУНАЛНАТА И ПАЗАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА

Page 9: АМАК ПРЕС 91

www.amakpres.com.mk 9

СТАРТУВА ЛЕТНИОТ РЕЖИМ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

Од 1-ви јули до 1 сеп-тември ќе се спрове-дува летниот режим

во патниот сообраќај. Во овој временски период ограни-чено ќе биде движењето на автомобилите во централно-то градско подрачје и во ста-риот дел на градот каде во одреден период од денот со специјални пропусници ќе се движат возилата на жи-телите од тој дел на Охрид. Улицата Кеј Маршал Тито односно шеталиштето со кружниот тек се зони во кои

сообраќајот и парќирањето на автомобили е забрането.Но, најверојатно и годинава охриѓани ќе се соочуваат со истиот проблем парќирањето и пренатрупаноста на цен-тралното градско подрачје со автомобили.“Во неколку наврати кажу-вам дека согласно бројот на регистрирани моторни возила во Општина Охрид и оние кои се на гостите проблемот со парќирање станува алармантен. Бројот на туристи кои престојуваат

во летниот период допри-несуваат бројот на жители да се зголеми 2-3 пати а со тоа и за толку да се зголеми бројот на автомобили а при тоа бројот на паркинг места останува ист. Тоа е причи-на за отежнато одвивање на сообраќајот овие 2-3 месе-ци. Но сметам дека со пре-вземените мерки ние од Локалната самоуправа успе-ваме да го ублажиме овој проблем. Секогаш треба да се има во предвид дека про-блемот со паркирање е го-лем и не може да се реши за кус временски период.Затоа при носење на идниот урба-нистички план голем акцент треба да се стави на просто-рот за паркирање“, изјави советникот за сообраќај во Локалната самоуправа, Зо-ран Шикалоски.Во Охрид има неколку пар-кинг простори кои не се доволни ни за паркирање на охридските автомобили вон туристичката сезона а ситуацијата станува алар-мантна во летниот период.

Тогаш се паркира каде ќе се стигне, па дури и пред влез-ните врати на станбени згра-ди и приватни куќи или на паркинг простори наменети за возила во кои се прене-суваат лица со посебни по-треби.Катните гаражи одлично го решија проблемот со паркирањето во Белград, Нови Сад и во други помали градови во соседна Србија. Одвишно е да се збору-ва за светски метрополи од калибарот на Њу јорк, Виена,Москва и Пекинг во кои живеат неколку милиони жители и кои иако секој ден ги посетуваат туристи од це-лиот свет немаат проблеми со паркирањето на превоз-ните средства. Охрид како тристички центар кој годи-нава “засука ракави“ и сери-озно пристапи кон развој на туризмот мора да обезбеди услови за градење на катни гаражи. Ангела Белевска

ТАКСИ ПРЕВОЗОТ ПОСКАПУВА Такси превозот во Охрид од 1 јули

поскапува дури за 80 проценти. Поради енормното зголемување

на цената на бензините, охридските таксисти побараа од Советот на Оп-штина Охрид да возат по повисока стартна цена, но и да наплаќаат повеќе од досега за поминат километар. Так-систите бараат од досегашните 30, стартната цена да се зголеми на 50 де-нари, а за секој изминат километар на-место досегашните 10, да наплаќаат по 30 денари. - Цените на бензините се навистина превисоки и вака не се исплатува да возиме - велат такси превозниците. Претседателот на Советот на Општи-ната, Владо Чингоски вели дека стар-тната цена која ја бараат таксисите е реална, но 30-те денари по километар

се превисоки за граѓаните и за тури-стите. - Ние не можеме да излеземе во пресрет само на една група граѓани бидејќи треба да го гледаме интересот на це-лиот град. Треба да се има предвид и финансиската и социјалната состојба на самите граѓани. Засега е сигурно дека стартот ќе изнесува 50 денари, но најверојатно нема да се поддржи барањето за секој изминат километар да се наплаќа плус 30 денари. Реалната цена би била 15 денари - вели Чинго-ски.Граѓаните, пак, велат дека не се изне-надени од поскапувањето на такси пре-возот. Според нив, со поскапувањето на безнините ваквиот потег бил очекуван. - Дека е скапо - е скапо, но поскапе го-ривото и друг избор нема. Педесет де-

нари од старт е многу. Тој што има ќе се вози, а тој што нема ќе оди пешки - велат охриѓани. Локалната самоуправа го поддржа вак-виот предлог, но велат дека таксисти-те оваа сезона ќе мора да наплаќаат со фискални сметки. Оттаму најавија и засилени контроли со цел да се намали злоупотребата од страна на таксистите во летната сезона кои наплаќаат далеку повеќе од реалната цена или пак одби-ваат да возат на кратки локации како што тоа го правеа минатата сезона. Сепак, и понатаму останува нерешен проблемот со дивите возачи кои годи-ни наназад возат по охридските улици по произволни “солени“ цени.

Сузана Вренцовска

ВО ЦЕНТАРОТ САМО ДОСТАВА И ВЕЛОСИПЕДИ

Page 10: АМАК ПРЕС 91

10 AMAK PRES

ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕКЛИМЕ ВАСИЛЕВСКИ ЧЕТКАР- ПОЗНАТ УГОСТИТЕЛ ОД ОХРИД

ГОСТИТЕ САМИ ДОАЃААТ КАЈЧЕСЕН И ЉУБЕЗЕН УГОСТИТЕЛ

“САМО ЧОВЕК СПУШТЕН НА ЗЕМЈА КОЈ НЕ ЛЕТА ВО ОБЛАЦИ И КОЈ НЕ Е САМОБЕНДИСАН МОЖЕ ДА БИДЕ УСПЕШЕН УГОСТИТЕЛ. ЛУЃЕТО САКААТ ЕДНОСТАВНИ, ГОСТОПРИМЛИВИ ДОМАЌИНИ. СЕ СЛУЧУВА ГОСТИТЕ ДА ГИ ПОЧЕСТАМ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШТО ОСТВАРУВАМ ПРОФИТ ОД НИВ, НО ТАКА МОРА ДА БИДЕ....“

1

Page 11: АМАК ПРЕС 91

11

ГОСТИТЕ САМИ ДОАЃААТ КАЈЧЕСЕН И ЉУБЕЗЕН УГОСТИТЕЛ

ПРВИОТ ОХРИДСКИ ПИЛОТ И НАЈМЛАДИОТ УПРАВУВАЧ СО ЛЕТАЛА ВО ЗЕМЈАВА

НА ВРВОТ –САШО СТОЈЧЕСКИ

“НАДАРЕНОСТА, ТАЛЕНТОТ , ЉУБОВТА И ЖЕЛБАТА КОН МОЈАТА ПРОФЕСИЈА СЕ БОЖЈИ ДАР. ПОНАТАКА ШТО ВИЕ ЌЕ НАПРАВИТЕ ЗА УСОВРШУВАЊЕ ВО НЕА Е ЛИЧНО ВАША ОДГОВОРНОСТ И ПРИЧИНА ЗА ВАШИОТ ПОНАТАМОШЕН УСПЕХ ИЛИ НЕУСПЕХ “, САШО СТОЈЧЕСКИ

1

Page 12: АМАК ПРЕС 91

12 AMAK PRES

Малото дете кое заспиваше со детската играчка авион, кое покажуваше со прст кон ле-

талата кога минуваа над нашето небо, кое заедно со родителите и помалиот брат со часови седеше на Охридски-от аеродром за да ги гледа слетувањата и полетувањата на авионите, зошто најмногу го радуваа си го исполна не само детскиот туку и животниот сон, стана пилот тој секојдневно со летало-то го врти целиот свет и пренесува не-колку илјадници луѓе од една до друга дестинација.“Да се биде пилот дефинитивно не е едноставно. Покрај големата желба и љубов кои треба да ги поседувате по-

требни се и многу други да речеме усло-ви и жртвувања. Морам да напоменам дека голема улога во одлуката на еден кандидат има и самата средина во која живее. За жал ние сме една мала земја чија авијација не е доволно развиена и презентирана меѓу младиот свет. За еден млад човек да добие инспирација или да има желба за летање мора да има барем најмал контакт со тоа. Во мојот случај работите почнаа поинаку. Та-лентот, желбата и љубовта беа дадени од Бога а првиот да го наречам серио-зан контакт кој беше пресуден за мојата одлука за жал беше во друга земја, а не во Македонија кога за прв пат имав прилика да управувам со мал едномо-

торен авион на 16 годишна возраст . Уште од млади години моите родители ме праќаа во Англија и Америка каде посетував курсеви по англиски јазик. Кога имав 11 години прв пат отидов во Америка , тогаш дознав а подоцна и го посетив најдобриот универзитет по воздухопловство во Daytona Beach во државата Флорида –САД , каде што во 2003 година дипломирав како про-фесионален пилот“, вели Сашо и рас-кажува за своите школски почетоци во далечната Америка. “ На 14 години започнав да контакти-рам со воздухопловниот универзитет Embru Riddle во Daytona Beach – Фло-рида. По завршувањето на втора година

ИМА САМО 25 ГОДИНИ, А ВЕЌЕ ГИ ДОФАТИЛ ЅВЕЗДИТЕ ВО СВОЈАТА ПРОФЕСИЈА. ТОЈ Е НАЈМЛАДИОТ ПРОФЕСИОНАЛЕН ПИЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА. НА 16 ГОДИШНА ВОЗРАСТ ПРВ ПАТ УПРАВУВА ЕДНОМОТОРЕН АВИОН, КОГА ИМАЛ 18 ГОДИНИ ГО ДОБИЛ СЕРТИФИКАТОТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН ПИЛОТ А ДВЕ ГОДИНИ ПОДОЦНА СТАНУВА НАЈМЛАДИОТ ИНСТРУКТОР ПО ЛЕТАЊЕ СО ПРАВО ДА ОБУЧУВА ИДНИ ПИЛОТИ. ТОГАШ ВО СВОЈАТА 20-ТА ГОДИНА ДИПЛОМИРАЛ НА СВЕТСКИ НАЈДОБРИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ПО ВОЗДУХОПЛОВСТВО ВО САД И СЕ СТЕКНАЛ СО ЗВАЊЕТО ПРОФЕСИОНАЛЕН ПИЛОТ. МЛАДИОТ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ КОЈ НИКОГАШ НЕ ЗНАЕ ДА КАЖЕ СТОП ЗА УЧЕЊЕТО И ПРОФЕСИОНАЛНОТО УСОВРШУВАЊЕ Е И ПОСТДИПЛОМЕЦ НА ЕДЕН КАНАДСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОЛЕТО НА БЕЗБЕДНОСТА НА ЛЕТАЊЕ ОД 2006 ГОДИНА РАБОТИ ВО АВИОКОМПАНИЈАТА МАТ, ГО УПРАВУВА АВИОНОТ CANADAIR REGIONAL JET CRJ 900. ТОА Е ЧОВЕКОТ ЧИИ ПРОФЕСИОНАЛНИ УСПЕСИ ВО ЦЕЛОСТ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ИСКАЖАТ СО ЗБОРОВИ, ТОЈ Е ГОРДОСТА НА СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ , НА ОХРИЃАНИ И ОХРИД- РОДНИОТ ГРАД.ТОА Е ПРВИОТ ОХРИДСКИ ПИЛОТ, САШЕ СТОЈЧЕСКИ.

НА ВРВОТ

Page 13: АМАК ПРЕС 91

13www.amakpres.com.mk

во охридската гимназија “Св. Климент Охридски“ заминав во САД со намера да завршам средно образование и да продолжам на воздухопловниот уни-верзитет. Тоа се случи во 1997 година кога по препорака на универзитетот јас го избрав и своето средно школо. По успешно завршеното средно обра-зование успеав да го комплетирам про-цесот на запишување на тој универзи-тет каде што бев примен на својата 17 годишна возраст. Тоа беше и почетокот на мојата пилотска кариера.“На Универзитетот Стојчески, пара-лелно ја следи теоретската настава и практично се обучува според студи-ската програма која и ден денес важи како најдобра и најкомплетна. Со сер-тификатот спортски пилот се стекнал кога имал 17 години, а една година подоцна ги добива сертификатите по инструментално летање и професио-нален пилот.На 19 години во рака го има сертификатот за летање со повеќе моторни авиони, а на 20 години станал најмладиот инструктор по летање со право да обучува идни пилоти за која било дозвола , дали тоа ќе биде теорет-ска или практична спрема.“Додека се обучував имав можност да летам преку 15 различни типови ед-номоторни и двомоторни авиони кои имаа капацитет од 4 до 8 патника. Ќе ја паметам мојата обука на Боингот 737 и Beachcraft 1900, при летањето, обуката ненадејно беше прекината поради теро-ристичкиот напад на САД на 11 септем-ври 2001 година. Одненадеж настана хаос, сите воздухоплови во тој момент кои се наоѓаа во воздушниот простор на САД беа приземјени, а тој немил настан за жал однесе многу животи и драстично ја промени авијацијата како никогаш до сега. После завршувањето на втората студиска година поради високите резултати и успеси во до-тогашното студирање добив понуда по завршувањето на универзитетот да продолжам со работа како пилот во угледна американска авио компанија NORTH WEST AIRLINES. Свесни за квалитетното школување (кое се состо-еше колку во практична толку и во тео-ретска програма и како таква е најтешка но и најдобра во светот) на универзите-тот Embry Riddle, многу , американски авио компании формираа таканаречени bridge програми . Тие беа направени со цел американските авиокомпаниите да го пополнат огромниот недостиг со пилоти и сакаа на најуспешните сту-денти (во кои бев и јас) да им обезбедат предвремено вработување. Целата таа

програма за мене и другите студенти кои не бевме американци се одвиваше во најдобар ред до 11 септември 2001 година кога беа терористичките на-пади. Како што веќе кажав тој ден ја промени авијацијата како никогаш до-сега. Се променија скоро сите закони и ние како странци добивме огромни лимитации и забрани во нашата об-ласт – летањето“, вели Стојчески кој со гордост раскажува дека на “неговиот“ универзитет се вршеле заеднички обу-ки на најголем дел од американските стручњаци во областа на контрола на летање, авио механичари, авио инже-нери и конструктори,космонаути, офи-цери и борбени пилоти на Американ-ската воздухопловна воена единица, авио бизнис и економија и голем дел на останатите стручњаци на НАСА.Во 2004 година, Сашо Стојчески се враќа од Америка во Канада и се запи-шува на постдипломски студии во по-лето на безбедноста на летање но како вонреден студент на еден Канадски факултет. Во 2006 година е испратен на обука во тренинг центарот на Бомбан-диер во Монтреала и за еден месец се стекнува со сертификатот за воздухо-плов или сертификат на CRJ 900 и CRJ 700. Две недели пред Стојчески да се врати од Монтреал авиокомпанијата МАТ во која тој работи од таа 2006 го-дина, го добива првиот CRJ 900 авион со кој нашиот охриѓанец има прелета-но 1500 часа.Леталото спаѓа во група-та на регионални летала со капацитет од 90 патници, лета на височина до 1 300 метри а може да достигне брзина до 1 200 километри на час. Авионот

е автоматизиран и модернизиран до совршенство. “Во авио Компанијата “МАТ“ го стекнав првото работно искуство кај нас.Постојат доста разлики во регулирањето на летовите кај нас и во Америка, но бев одлично примен од моите колеги и нив им ја должам бла-годарноста за брзото привикнување кај нас. Сите заедно работиме тимски и професионално и бескрајно ги по-читуваме пропишаните процедури“, вели Сашо кој истакнува дека работата во авион е тимска, секој има свои за-дачи и успешниот лет зависи од секој поединец кој е работно анагажиран во авионот. “Тимот со кој управува едно летало во нашиов случај брои двајца пилоти, капетан и прв офицер или познат како копилот и две лица како кабински пер-сонал. Кабинскиот персонал може да варира од 2 до 3 лица зависно од летот. Меѓу нив има главна стјуардеса позна-та како персер на тој лет. На други воз-духоплови бројот на посадата може да варира драстично. На преку океански летови има и по 2 до 3 тима на пилоти кои дури се менуваат за време на лет а бројот на кабински персонал достиг-нува и до 20. Сите работиме тимски, организирано како една целина . На-шите услуги се поврзани една со друга а почитувањето на пропишаните про-цедури и комуникацијата мора секогаш да бидат на највисоко ниво, сето тоа е поради една и единствена цел БЕЗ-БЕДНОСТ. Капетанот и копилотот се подеднакво обучени за управување на авионот и за справување со секој

Page 14: АМАК ПРЕС 91

14 AMAK PRES

НА ВРВОТ

проблем поврзан со него. Секој од нас е обучен да го прави сам она што го правиме двајца за во случај на не-сакани прилики, болест или смрт за време на лет, авионот успешно да биде приземјен. Од друга страна морам да напоменам дека стјардесите, односно кабинскиот персонал на авионот не се ангажирани само да опслужуваат туку и се најважниот фактор за безбедно-ста на патниците за време на вонред-на ситуација. Тие се исто така високо обучени за справување со најразлични проблеми кои може да настанат за вре-ме на летот. Затоа тимската работа во нашата професија е најважниот фактор за безбедноста при секој лет“. Дека секој не може да биде пилот ка-жува и нашиот професионалец...“Пилотите треба да бидат во одлична психичка и физичка состојба. Секој еден успешен пилот успева да најде начин да ги остави секојдневните проблеми на земја пред секое полетување и про-должува да ги решава по слетувањето. Ова звучи тешко и комплицирано и на-вистина е, но оние кои успеваат тоа да го направат драстично ја намалуват те-жината на своето работно место. При тоа нема да дозволат да ја нарушат соп-ствената и безбедноста на патниците. Психичката состојба е од огромна важ-ност, потребна е огромна концентрација , како пилоти не смееме и не можеме во ниту еден момент да дозволиме да ни избега концентрацијата или поради за-мор или било која друга причина да на-правиме пропусти кои можат да бидат фатални. Кога го управувате авионот со брзина од 1000 километри на час,

треба со мозокот да размислувате како за 3000 километри на час за во секој даден момент да бидете пред вашиот авион или едноставно кажано да не до-зволите авионт да ве лета вас туку вие да го летате. За човек да биде психички стабилен и здрав мора да расте и живее во здрава средина. Семејството и око-лината мора да му ја дадат максимал-ната поддршка и разбирање на пилотот кој создал семејство. Поради различни-те атмосферски влијанија на кои ние како пилоти сме изложени ни се намет-нува потребата да водиме здрав живот. Големите височини, намаленото коли-чество кислород, зрачењето од авион-ската опрема и уве –зраците, озонските дупки се секогаш присутни при летот. Само добар одмор, здрава исхрана и спортување во слободно време го од-ржуваат телото и здравата психа. За секој пилот во секоја држава постојат редовни лекарски воздухопловни пре-гледи. До 40 годишна возраст тие се прават еднаш годишно, а по 40-та го-дина два пати годишно. На прегледите се вршат комплетни испитувања и се утврдува дали лицето ги задоволува претходно пропишаните здравствени норми. Од лекарските резултати зависи дали членот на персоналот може или не да продолжи и безбедно да ги из-вршува своите должности како пилот или кабински персонал.Младиот охриѓанец и еден од најдобрите пилоти во земјава , вели дека во воздухопловниот сообраќај важи правилото , “колку побрзо и по-високо –толку побезбедно“, затоа што потребно е одредено па дури и подол-

го време за решавање на некој проблем кој е можен при летање. А времето е подолго за располагање кога леталото е повисоко. Сашо вели дека може да се лета и во случај да откажат сите мото-ри, авионот ќе се спушти безбедно до најблискиот аеродром исто како што по вода слободно можете да едрите некол-ку километри. Но откажувањата на сите мотори речиси и никогаш не случува а персоналот е подготвен соодветно да реагира и во вонредни ситуации. Затоа за овој амбициозен човек најбезбеден е воздушниот сообраќај. “На секои шест месеци ние одиме на симулатор проверки каде поминуваме по четри часовни сесии. Симулаторот е една високо софистицирана направа која изгледа како подвижна кутија со движење на четри оски со помош на хидраулика. Внатре има кабина иден-тична на авионската со компјутерска проекција со која вие имате визуелен контакт со претходно програмираните ситуации (аеродром,градови, плани-ни...). Тие симулатори се толку софи-стицирани што воздухопловните вла-сти во светот ги вбројуваат часовите минати во симулатор како оние минати во авион. Предноста на симулаторот е во тоа што можете во една контроли-рана средина да симулирате секаков вид вонредна ситуација и да им дадете шанса на пилотите да се справат со неа следејќи претходно пропишани проце-дури.Од техничка гледна точка треба да знаете дека секој систен кој постои во еден авион функционира беспрекор-но и има по неколку резервни систе-ми кои во секое време се спремни да ја превземат работата на системот кој престанал со работа. Авио сообраќајот веќе долги години стои на првото ме-сто според безбедност како најсигурно превозно сретство на планетава. Тоа го потврдувам и јас. Авионите се толку софистицирани што нивните системи е скоро невозможно целосно да откажат. Многу луѓе се плашат и си го поставу-ваат прашањето што ако откаже еден мотор? Верувајте, секој произведен авион за да добие сертификат и да за-почне негова продажба и употреба тре-ба да мине низ милиони најразлични и најдетални испитувања и тестирања. Авионите се сертифицирани да летаат на еден мотор исто безбедно како и што летаат со два мотори. “Јас сум ка-жал и еве изјавувам дека моето лично мислење е следново; Јас лично побез-бедно се чувствувам кога летам Скопје- Сингапур-Скопје,отколку кога се воз-ам со автомобил од скопската населба

“СЕКОЈ УСПЕШЕН ПИЛОТ МОРА ДА НАЈДЕ НАЧИН КАКО

СЕКОЈДНЕВНИТЕ ПРОБЛЕМИ ДА ГИ ОСТАВИ НА ЗЕМЈА ПРЕД СЕКОЕ ПОЛЕТУВАЊЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА

ГИ РЕШАВА ПО СЛЕТУВАЊЕТО.“

Page 15: АМАК ПРЕС 91

www.amakpres.com.mk 15

Карпош до Центар.Охриѓанецот кој е и единствен македо-нец кој со висок просек дипломирал на најдобриот американски универзитет за авијација, човекот кој на 18 години го доби сертификатот професионален пилот, никогаш не ги заборави свои-те најблиски роднини и пријатели во Охрид. Тука живее неговото најблиско семејство во чие присуство ужива и се одмора. Тоа е човекот кој се би дал за среќата на своите родители и бра-тот Јане зошто токму таа-среќата му ја дадоа тие. Го подржуваа за се што правеше во седумте години минати во САД а за секоја одлука го неизмерно го поддржуваат и денес. “Моето семејство беше единствениот и најважниот фактор за мојот успех од сами-от почеток. Без нив без нивна помош, под-дршка њубов и разбирање јас немаше да мо-жам да го на-правам ни први-от чекор. Како денес да беше, се сеќавам кога им се јавив на моите од Аме-рика со првите импресии. Тие ме слушаа на телефон и се радуваа повеќе од мене, што ете имав можност да поч-нам и да го остварам она што го сакам и она за што навистина сум талентиран а кое верувам е и Божји дар. Во ниеден момент не дозволија да ми наметнат не-што друго или да ми контрираат на ка-ков било начин иако, верувам и убеден сум дека тоа го прифатија доста тешко. Но родители, како родители секогаш делуваат позитивно и оптимистички на своето дете. Моето школување во Америка траеше релативно долго се-дум години, што секако претставуваше и огромен финансиски товар, многу откажувања и жртви кои само можете да ги претпоставите а тешко да ги раз-берете ако не сте ги почуствувале на сопствена кожа. Нормално е да им не-достасувате на најблиските и тие вам. Животот е склоп на убави и лоши мо-менти кои е полесно да ги доживеете кога сте со своите во своја татковина

отколку во странство сам и без никого. Но така сам побрзо созревате, станувате поцврст и се осамостојувате. Најтешко е кога ве мачат проблеми, а кога обу-чувате студенти кои прв пат влегуваат во авион, но независно од тежината на проблемот, вие мора “да го истоварите “на копно и да го понесете со себе от-како ќе слетате на земја. Тешкиот то-вар пак за моите родители и мојот по-млад брат Јане беше фактот што мене ме нема дома крај нив, тие буквално се што заработуваа или најголемиот дел од финансиите ги трошеа за мое-то образование за јас да си го остварам сопствениот поточно заедничкиот сон

,да станам пилот. Но тешките моменти се забораваат и преовладуваат убавите кога се остварува целта. Сега јас нив-ниот син и брат ги возам низ целиот свет, сега дури и тие “го управуваат авионот“ но во мое присуство доколку за тоа има можност,“смеејќи се рас-кажува Сашо, кој е задоволен што на него никогаш не заборавиле блиските роднини и пријатели кои ги посетува и ужива во нивно друштво кога доаѓа во Охрид.Овој млад амбициозен пилот има многу малку слободно време, но и кога го има го користи за учење, зошто како што вели оваа професија бара постојано усовршување и надоградување на стекнатото знаење како и постојано следење на светските новитети во авијацијата. Но охридскиот управувач на летала е едноставен склоп на мла-до талентирано и амбициозено момче

кое оди во чекор со модерното време не само во професионалната, туку и во приватната свера. Ужива во скопските и охридските кафулиња придружуван од најблиските роднини и пријатели, а наоѓа време и за спортување.“Пред да почнам да се занимавам со авијација бев професионален пливач и ги обожавам водените спортови. Ретко имам прилика и услови, но кога ги има ги користам за пливање и играње ва-терполо. Исто така во слободно време се трудам што поредовно да бидам во теретана поради одржување на добра физичка и психичка форма потребна за моето динамично темпо на живеење“,

вели Сашо кој пред крајот на разговорот ни ги откри и сво-ите идни пла-нови и желби.“Како и секој друг човек пла-нови за во ид-нина имам. Во моментов себе си се гледам во Македонија но не значи дека тоа ќе трае за секогаш. Вра-тите низ светот ми се секогаш отворени па со господ напред ќе видиме што животот ќе до-несе понатака.Како што напо-менав во МАТ бвев и сум од-

лично прифатен, условите за работа се одлични, летам со еден високо безбе-ден и софистициран авион и би сакал да го вложам своето знаење и искуство за усовршување на нашата компанија. На приватен план не планирам ништо конкретно затоа што животот покажал дека никогаш нештата не се одвиваат онака како што ние сакаме, туку како што животот ќе наложи. Се надевам дека ќе биде онака како што јас сакам но како и да е јас настапувам позитив-но и оптимистички и верувам дека што и да биде ќе бидам среќен и исполнет се додека ме служи добро здравје мене и моите најблиски. А нели здравјето е најважно во животот?!“ пишува: Ангела Белевска

„ЈАС ЛИЧНО ПОБЕЗБЕДНО СЕ ЧУВСТВУВАМ КОГА ЛЕТАМ НА РЕАЛЦИЈА СКОПЈЕ- СИНГАПУР- СКОПЈЕ, ОТКОЛКУ КОГА ПАТУВАМ СО АВТОМОБИЛ ОД СКОПСКАТА НАСЕЛБА ЦЕНТАР ДО КАРПОШ.“

Page 16: АМАК ПРЕС 91

16 AMAK PRES16 16 AMAK PRES

www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: [email protected] tel: 070/775-025

Page 17: АМАК ПРЕС 91

www.amakpres.com.mk 17

ЌЕ СЕ РЕЦИКЛИРАПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД ВО ОХРИДСобирањето и складирањето на

цврстиот отпад се неопходни за чиста животна средина, а

рециклирањето на пластиката влијае врз заживувањето на стопанството и економскиот развој на земјата. Само со чиста животна средина може да се обе-збеди побрз влез во евроинтеграциите. Ова беше заклучено на бизнис форумот за рециклирање на пластика што во из-минатите денови се одржа во Охрид во организација на Институтот за надво-решна трговија во соработка со Про-ектот за рециклирање пластика при УСАИД, со поддршка од италијанската Асоцијација на произведувачи на гума и пластика и Заедницата на локални са-моуправи на Македонија.

Според италијанскиот амбасадор во Македонија, Донатино Маркон, пре-вземни се сериозни чекори за затита на животната средина како во Македонија, така и во Италија, но мора да се напра-ват уште многу чекори во таа сфера.

„Италија направи повеќе работи во Македонија, пред се во заштитата на реката Радика и валоризирање на при-родното богатство на Маврово. Вкуп-ните инвестиции беа околу 10 милиони евра. Мора да се направи уште многу за квалитетна животна средина и подо-бар живот на луѓето. Затоа мора да се обезбеди соработка меѓу приватниот и јавниот сектор“, изјави Маркон.

Според Патриша Рајдер од УСАИД сепарацијата и рециклирањето на от-падот е од суштетствено значење за заштита на животната средина. Таа информираше дека проектот на јавно приватно партнерство во комунална-та сфера во Македонија се имплемен-тира во општините Гостивар, Стру-мица, Кочани и Карпош. Проектот за рециклирање на пластичниот отпад од денеска ќе се имплементира и во Охрид, а во наредниот период со него ќе бидат опфатени нови 20 општини, соопшти Рајдер.Секоја од општините

ќе добие помош од УСАИД во висина од 30.000 $.Според првиот човек на ЈП „Охрид-ски Комуналец“, Боро Павлоски дека граѓаните на Охрид одлично ја прифа-тиле идејата за сепарирање на отпадот, но како што рече недостигаат доволен број на садови. Но, со овој проект, како и со другите активности кои ги презе-маме се надевам брзо ќе го отстраниме тој проблем, рече Павлоски.

Проектот за рециклирање на пластич-ниот отпад беше промовиран на град-скиот плоштад во Охрид каде се одржа еко-хепенинг. Од УСАИД најавија дека во периодот од 25 јули до 5 август во Македонија ќе се одржи акцијата „Де-нови на рециклирање“ преку која ќе се едуцираат граѓаните за поголемо уче-ство во заштитата на животната среди-на. Ангела Белевска

ОХРИЃАНИ ОВА ЛЕТОМИРНО ЌЕ СПИЈАТОхриѓаните кои живеат во ста-

риот дел на градот ова лето, конечно, ќе можат мирно да

спијат. Локалната самоуправа ќе им го реши проблемот со прегласната музика од околните кафулиња и ноќните клу-бови кои години наназад пуштаа глас-на музика до раните утрински часо-ви. Набавени се апарати за мерење на јачината на звукот, а за прекршителите, односно за оние кои пуштаат музика погласна од 45 децибели ќе следуваат и високи казни. - Доколку се утврди на лице место надминување на јачината на звукот и силна бучава, нашиот овластен ин-спектор ќе изрече мандатна казна на лице место од 500 евра и 150 евра на одговорно лице, или мандантна казна на лице место од 650 евра. Исто така ќе следи и затворање на објектот доколку е надмината бучавоста, вели Танас Та-

наскоски, началник на Општинскиот инспекторат во Охрид. Ваквата одлука ја поздравија граѓаните кои тврдат дека бучавоста директно влијаела врз нивното здравје.Анкетата направена од санитарната инспекција покажала дека кај повеќе од 180 граѓани има нарушување на здравјето, било тоа да се психички или други про-блеми. “Никој со три часа сон не може да оди на работа и да биде способен да работи. Тоа е најголемата последица од се“, вели Љупчо Поп Стефанија од МЗ “Стар град“.Охридските угостители, пак, велат: Од-луката е добра, но сепак треба да се има поголема флексибилност и разбирање за оние туристи кои бараат забава. “Ова е туристичко место и луѓето сакаат да се забавуваат. Треба да се има ред, но од друга страна, доколку сме ограниче-ни со јачината на звукот и со работното

време, тоа може директно да се одрази врз успешноста на сезоната“, сметаат угостителските работници. Одлуката да се стави ред во звучниот хаос наиде на одобрение и кај станоиз-давачите од стариот дел на градот кои сметаат дека центарот на Охрид треба да служи за одмор на гостите. Според нив, туризам не се развива со неред и бучава. Во стариот дел на Охрид има околу 4000 жители и 40 угостителски објекти. Двете страни битката за прегласната музика ја водат повеќе години. Конеч-но, оваа сезона Општината реши да се справи со овој проблем и да воведе ред со неконтролираното пуштање на му-зика. Инаку, Охрид е единствена Оп-штина во државава која поседува апа-рати за мерење на јачината на звукот. Сузана Вренцовска

ПРОБЛЕМОТ СО ПРЕГЛАСНАТА МУЗИКА РЕШЕН

ЛОКАЛ

Page 18: АМАК ПРЕС 91

18 AMAK PRES

ЛОКАЛ

НЕПОПОЛНЕТИ 384 МЕСТАВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОХРИДПо завршувањето на првиот

уписен рок за запишување во охридските средни училишта

има 384 слободни места.

Во ОСУ „Св. Климент Охридски“ слободни се 50 места во гимназиска-та, 12 во здравствената и 9 во економ-ската струка. Во ЕМУЦ има слободни места за вкупно 215 ученици во сите образовни профили, а интересно е тоа дека за новоформираната паралел-

ка за резбари која треба да брои 34 ученици во првиот уписен рок нема заинтересирани ученици. Во ОУТУ „Ванчо Потошески“ слободни места за второт пријавување во првиот упи-сен рок останаа 51 за келнери, 34 за готвачи и 13 угостителски техничари.

Второто пријавување во првиот упи-сен рок е закажано за 1 и 2 јули, а ре-зултатите , кандидатите ќе ги имаат наредниот ден.

Критериуми за упис во средно об-разование се средниот успех на уче-ниците од петто до осмо одделение, успехот по четирите предмети кои се најзначајни за струката што ја одбрале,како и дипломи за освоени награди на натпревари. Ohridnews

НОВА МЕТОДА ВО ДИЈАГНОСТИКАТА

Првпат во Македонија, во За-водот за кардиоваскуларни заболувања, во Охрид ќе се

воведе нова метода во интервентната кардиологија, која ќе дава дополнителни информации за стеснувањата на срце-вите садови, што ќе овозможи поголе-ма прецизност во дијагностицирањето на кардиоваскуларните заболувања. Со оваа метода се добиваат информации за функционалниот проток низ коро-нарните крвни садови, но и за протокот во срцевиот мускул, со што во голема мера се подобрува квалитетот на жи-вотот на пациентите и се избегнуваат потенцијалните грешки коишто можат да настапат во одредени случаи, велат од Охридскиот завод за кардиоваску-ларни заболувања. Се покажа во многу случаи дека стра-тегиите за идниот третман на коронар-

ните болести треба да се преиспитаат бидејќи во дел од случаите стандар-дната дијагноза не се по-кажа како најпрецизна. Многу често интервент-ните кардиолози паци-ентот го препорачуваа за коронарно стентирање во ситуации кога тоа не било потребно и об-ратно, вели д-р Никола Бакрачески, директор на Заводот за кардиологија во Охрид. Со шведската метода која се изведува со апра-тура на реномираната фирма “Ради“ ќе се из-бегнат грешките при дијагно стицирањето на кардиоваскуларните заболувања бидејќи ис-куствата покажаа дека кај пациентите трети-рани со оваа метода се постигнуваат подобри резултати во лекувањето отколку со примената на стандардната метода, смета Бакрачески. - Ваквата метода ќе се применува само врз одредена група на пациенти, а до-полнителното време кое се троши е 5 до 7 минути во однос на класичната метода, вели Бакрачески. Инаку, методата за прецизно дијагностицирање во Македонија до-

сега не се применувала, бидејќи се работи за скапа постапка и скап потро-шен материјал. За првпат новата метода ќе биде им-плементирана во Охридскиот заводот за кардиоваскуларни заболувања со поддршка на Министерството за здрав-ство и Фондот за здравство. Сузана Вренцовска

ЗАВОД ЗА КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА

Page 19: АМАК ПРЕС 91

www.amakpres.com.mk 2121

НОВА МЕТОДА ВО ДИЈАГНОСТИКАТА

Page 20: АМАК ПРЕС 91

20 AMAK PRES

Охридската фабрика Сидерос е единствена во земјава што про-изведува котли на био-гориво,

засега за странски пазари, но од сеп-тември се очекува проширување на продажната мрежа и во Македонија. Игор Видовски, сопственикот на Сиде-рос најавува дека до крајот на годинава ќе лансираат нов производ - камин на био-гориво.

За прв пат во Македонија се произве-дуваат котли кои работат на био го-риво. Граѓаните многу ректо можат да се запознаат со ваков производ. За што точно станува збот и како функ-ционира?Се работи за целосно наш производ кој е патентиран и е нов на македонскиот пазар. Котелот работи исклучиво со еколошки чисти горива - на дрва или на пелети. Постои можност истовре-мено да работи и на дрва и на пелети бидејќи има две горилици. Кога се ко-ристат дрва како гориво, котелот рабо-ти стандардно, додека ако е на пелети, тогаш со помош на софтвер се пали и гасне автоматски со грејачи. Исто така, има опција за палење на котелот преку СМС порака од мобилен. Го програми-рате софтверот да го запали котелот и кога ќе дојдете дома, станот е веќе за-греан. Котелот има резервоар од 150 килограми, што значи дека може по-долго време да работи и без полнење.

Од каде идеата да се занимавате ток-му со овој бизнис?Најпрвин со мојот партнер Јован Јованоски започнавме да работиме со една италијанска фирма за која прави-ме делови за камини на пелети. Пред две години видовме дека можеме да на-правиме готов производ и денес наши-те очекувања во целост се исполнија. Производниот процес 90% е заокру-жен. Само две од операциите се прават надвор од нашата фирма но во тек е на-бавка на нови машини. Сега претежно работиме за извоз. Имаме заинтереси-рани купувачи од Италија, Словенија, Холандија и Ирска.

Колку во Македонија се заинтереси-рани за котлите на био гориво?Интересот и кај нас е голем но со оглед дека работиме само две години, а се ра-боти за потполно нов производ сеуште ја немаме развиено продажната мрежа. Наша цел е котлите да се продаваат преку посебна дистрибутивна фирма и тоа не само кај нас туку и во сосед-ните земји Србија, Косово, Албанија, Бугарија, Грција.

Се работи за еколошки чист произ-вод што секако е предност при избо-рот. Што друго граѓаните добиваат доколку се одлучат да се греат со ва-ков вид на био гориво?Најбитна пред се за потрошувачите е заштедата. Во услови кога цените на нафтата и струјата постојано растат ние им нудиме производ кој во голема мера ќе им ги намали трошоците за греење. Со еден тон пелети кој чини 250 евра, може да се затоплува просторија од 300 метри квадратни цела сезона. Доколку се работи за нормален стан со истата количина ќе се греете три години. Од друга страна станува збор за еколошки чист производ, а предноста е како што реков и во тоа што може да работи и на дрва и на пелети. Пелетите во себе содржат само 0,5 % пепел и немаат из-дувни гасови.

Каде се може да најде примена овој производ?Моќноста на котелот е од 28 киловати

до 40 киловати што значи дека може да загрее и просторија од 300 метри квадратни. Значи поголема куќа, мини хотел, градинки, училишта, ресторани и слично.

Пелетите како еколошко гориво имаат широка примена во земјите од Европската унија. Дали овој произ-вод задоволува некои од европските стандарди за квалитет?Во Европската унија се донесе закон до 2020 година 25% од греењето да биде обновлива енергија, а пелетите како био гориво се дел од таа енергија. Се надевам дека ваквиот закон во голема мера ќе ги отвори вратите за примена на овој нов начин на греење. Котлите на био гориво кои ние ги произведуваме ги задоволуваат европските стандарди за квалитет НА303/5. Пелетите пак ги набавуваме од Италија. Кај нас сеуш-те не се произведуваат поради скапата технологија. Во земјите од европската унија има субвенции за ваквите грејни тела на био гориво, кои заштедуваат електрична енергија, нафта, гас, плин. Се надевам дека и кај нас ќе има такви субвенции за брзо време.

Кои се идните планови поврзани со вашата фабрика за производство на котли на био гориво „Сидерос“?Продолжуваме и понатака со произ-водство на делови за камини на био го-риво за Италија. До крајов на годинава имаме договорено 4000 парчиња и око-лу 100 котли месечно за првата година. Следниов периот ќе го искористиме за поголема промоција изработени се фла-ери за да се запознаат потрошувачите поточно за што станува збор, а бараме и фирма која ќе го продава нашиот про-извод. Тоа е она што ќе следи во текот на сезоната, а од септември планираме да отвориме и наш изложбен салон. До крајот пак на оваа година планираме да воведеме уште еден нов производ на македонскиот пазар - камин на пелети.

Сузана Вренцовска

НОВ ЕКОЛОШКИ ЧИСТ И ЕВТИН ПРОИЗВОД НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАРИГОР ВИДОВСКИ СОПСТВЕНИК НА „СИДЕРОС“ ЕДИНСТВЕНАТА ФАБРИКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА КОТЛИ НА БИО ГОРИВО

ИНТЕРВЈУ

ВО УСЛОВИ КОГА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА И СТРУЈАТА ПОСТОЈАНО РАСТАТ, НИЕ НА ГРАЃАНИТЕ ИМ НУДИМЕ ПРОИЗВОД КОЈ ВО ГОЛЕМА МЕРА ЌЕ ИМ ГИ НАМАЛИ ТРОШОЦИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ. СО ЕДЕН ТОН ПЕЛЕТИ ШТО ЧИНИ 250 ЕВРА, МОЖЕ ЦЕЛА СЕЗОНА ДА СЕ ЗАТОПЛУВА ПРОСТОРИЈА ОД 300 КВАДРАТНИ МЕТРИ. АКО СЕ РАБОТИ ЗА НОРМАЛЕН СТАН, СО ИСТАТА КОЛИЧИНА ЌЕ СЕ ГРЕЕТЕ ТРИ ГОДИНИ, ОБЈАСНУВА ВИДОВСКИ

Page 21: АМАК ПРЕС 91

На 1-ви јули кога Франција го превзема претседателството со ЕУ, на Античкиот театар во

Охрид, свечено ќе биде отворен фести-валот на францускиот филм.Вечерта на свеченото отворање предви-дена е ексклузивна проекција на еден од најдобрите француски филмови по-следниве години, филмот, “Живот во ро-зово“ од Оливие Дан. Филмот е посве-тен на легендарната шансониерка,Едит Пјаф. Филмот има освоено 29 награди

меѓу кои и два оскара.Отворањето и затворањето на фестива-лот ќе биде на Античкиот театар, до-дека останатите проекции ќе се одржат во Центарот за Култура “Григор Прли-чев“. Ексклузивен гостин на фестива-лот најверојатно ќе биде легендата на францускиот и светскиот филм, Клод Лелуш кој треба да дојде со својот најнов филм, “Џебен роман“. Како при-знание на Лелуш, во Охрид ќе му биде врачена “Златна маска“.

Фестивалот ќе има натпреварувачки карактер, во жирито меѓу другите ќе бидат македонскиот режисер, Антонио Митриќески и актерката Лабина Мите-ска.Во тие пет дена колку ќе трае фестива-лот се очекува во Охрид да пристигнат голем број филмски критичари, режи-сери и сценаристи не само од Франција туку и од цела Европа. Ангела Белевска

На 1-ви јули кога Франција го меѓу кои и два оскара. Фестивалот ќе има натпреварувачки

ФЕСТИВАЛ НА ФРАНЦУСКИОТ ФИЛМ ВО ОХРИД

МЕЃУНАРОДЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ “РАЗИГРАНО ОРО“

Од 26 до 30 јули ,Охрид е домаќин на меѓународниот фолклорен фестивал “Рази-

грано Оро“. Четри дена на Градскиот плоштад играорците од Србија, Бос-на и Херцеговина,Полска, Хрватска, Бугарија, Костарика и Македонија, со танц и песна ќе ги забавуваат охриѓани и туристите кои престојуваат во гра-дов.Бројот на учесниците е 300 а нив-

ните настапи ќе ги проследат околу 800 гости кои по тој повод специјално ќе дојдат кај нас.Организаторите на фестивалот, Ансам-блот за народни песни и ора “Македон-ка“ и локалната самоуправа од Охрид, сметаат дека со оваа манифестација ќе имаме заживување на културните на-стани во Охрид, а според нив култура-та е пулсот на градов.

Меѓународниот фолклорен фестивал “Разиграно Оро“ прв пат се одржа ми-натата година и најверојатно ќе добие традиционален карактер. Тој е добар мост за поврзување на народите од цел свет, размена на културните придобив-ки и осознавање на традициите и оби-чаите на различните народи. Ангела Белевска

ПО ВТОР ПАТ ВО ОХРИД

КУЛТУРА

Page 22: АМАК ПРЕС 91

22 AMAK PRES

SPORT

ДИМИТАР ПОП СТЕФАНИЈА НЕПРИКОСНОВЕН ВО КЛАСАТА ОПТИМИСТВо организација на Едрличар-

скиот клуб Стрмец – Охрид и Едрличарската федерација на

Македонија на 21 и 22 јуни во Охрид се одржа Државното првенство во едрење во класата Оптимист.На првенството зедоа учество 20 едри-лици од три клуба:АМАК СП БОФОР – Охрид,СНЕГАР – Струга и СТМРЕЦ – Охрид.Победник во генералниот пласман беше Димитар Поп Стефанија од ЕК АМАК СП БОФОР, кој во шест трки го зазеде првото место и ја освои титулата државен првак за класата Оптимист во 2008 година.Второто место и припадна на Елена Ставреска од ЕК СТРМЕЦ, а трето-то место го освои Ердан Лушо од ЕК СНЕГАР.Во женска категорија прва беше Елене Ставреска,втора Мартина Каневче, а трета Бојана Радеска

АМАК СП ЌЕ ИГРА ВО ЕВРОПАОхридскиот прволигаш Амак

СП се пријави за учество во третото по ранг европско клуп-

ско натпреварување. Така, Охрид ќе дебитира во еврокуповите во машка конкуренција.Се работи за натпреварувањето, кое до минатата сезона се нарекуваше ФИБА Еврокуп. Токму лани во него настапи Струмица 2005, и успеа во 1. квалифи-кациско коло да ја елиминира хрватска-та Цедевита, пред да загуби од Локомо-тив Ростов од Русија.Амак СП минатата сезона беше најпријатно изненадување во првен-ството. Охриѓани го завршија регулар-ниот дел на 3. место, зад неприкосно-вените Фени Индустри и Струмица 2005. Но, во четвртфиналето со 0:2 во победи беа елиминирани од МЗТ ФОН Универзитет Скопје.Војдан Стојановски направи одлична сезона и се најде на поширокиот список на сениорската репрезентација, додека Џерид Фрај беше еден од најдобрите индивидуалци во регуларниот тек на првенството.

Page 23: АМАК ПРЕС 91

23www.amakpres.com.mk

Page 24: АМАК ПРЕС 91