АМАК ПРЕС 113

40
АМАК ПРЕС ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 113, 15 Август 2009, Бесплатен примерок СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ... Бериќетно лето за градските крадци, угостителите со празен џеб

Upload: alankaou

Post on 22-Mar-2016

260 views

Category:

Documents


18 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

Page 1: АМАК ПРЕС 113

АМАК ПРЕС

ОХРИДСКИ НОВИНИБрој 113, 15 Август 2009, Бесплатен примерок

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

Бериќетнолето заградскитекрадци,угостителитесо празенџеб

Page 2: АМАК ПРЕС 113

Редовни тури до Св.Наум и назад. Поаѓање во 10.00 часот од градското пристаниште а враќање во 16.00 часот.

Бродот “Галеб” ви стои на располагање за секакви тури.

Контакт : 070/[email protected]

www.brodgaleb.com.mk

Мирно лето со брод

Page 3: АМАК ПРЕС 113

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот

Тел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]

За издавачот:Венко Шапкар - Генерален директор;

Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска [email protected]

Технички уредник: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска

Веб уредник: Алан Каоу

фото:Александар Ковачески

Никола Танчески - Коџак

Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318

Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

3

Збор на уредникот

Од многуте работи кои периодов ме прават среќна, се и вашите пораки кои секојдневно пристигнуваат на нашата интернет адреса [email protected]. Среќна сум кога ги чи-там, поздравите и предлозите за теми кои во АМАК Прес- Охридски Новини сакаат да ги чи-таат нашите иселеници во Австралија, Нов Зеланд и САД.Сето ова ме наведе да размислувам колкава е моќта на медиумите, колку се тие умешни да ги поврзуваат луѓето од цел свет и што би се случило доколку тие не би постоеле. Најверојатно би настанала општа комуникациска катастрофа, би настапил информативен мрак . Секој чо-век би бил изолирана единка, секоја земја затворена целина . Тоа би било шок за човештво-то.... Печатот како прво и се уште најраспространето средство за општествено информирање се појавил во облик на весник во почетокот на 17-от век. Новинските агенции настанале во првата половина на 19-от век; првите филмски репортажи биле снимени кон крајот на 19-от век; додека, пак, радиото телевизијата и интернетот се производ на развојот на техниката на 20-от век.Сите овие средства на одреден начин играле помалку или повеќе значајна улога во свое-то време. Денес состојбата е таква кога сме соочени со огромна експанзија на секое од овие средства од една страна и нивно големо меѓу дејство и зависност од друга страна. Ниедно од овие средства за масовно комуницирање не може да се развива само од себе туку во различ-ни степени од развојот преземало одредена улога и карактеристики на претходното сред-ство. Тие се развивале комплементарно.И пред појавата на печатот како средство за масовно комуницирање луѓето меѓусебно се ин-формирале и притоа се служеле со одредени средства . Тоа значи дека самиот процес на

комуницирање е стар колку што е старо и човечкото општество. Од примитивните човечки интеракции(првобитна заедница) комуникациите низ историјата се развиле во неопходен начин на организирање(conditio sine gua non) на човечкиот живот и општествениот поредок. Човекот и опште-ството се објект и субјект на комуникацијата.Со оглед на тоа што медиумите( печатени или електронски), односно луѓето кои работат во нив се креатори на јавното мислење секогаш треба да вни-маваат какви информации пласираат. Тие се должни да информираат, објективно, точно,шпрецизно, навремено за актуелни и интересни содржини. Како во модата така и во информирањето мора да се има стил, а стилот според мене не е тренд што се менува. Стилот е став кој не се менува и го одра-зува карактерот на личноста односно она што таа го создава....

Моќта на медиумите!

Ангела Белевска[email protected]

Редовни рубрики:ЛокалОд друг аголЕкономијаБевме на...Ви најавуваме...Охридски легендиДа подадеме ракаНаша гордостНа кафе со...Прашање-одговор (вие прашу-вате, стручњаци одговараат)Здрав живот Спорт

Page 4: АМАК ПРЕС 113

4

Лоакал

Нов план за менаџирање на Охрид ќе биде доне-сен до крајот на година-ва, за единствениот реги-

он од земјава заштитен од УНЕСКО како светско природно и културно наследство. Од новиот менаџмент -план ќе произлезе и специјалниот закон за Охрид со кој се очеку-ва конечно да се решат проблеми-те на Охрид и околината, објаснува Лидија Топузовска, генерален се-кретар на националната Комисија на УНЕСКО.

- Постојано сугерираме за пробле-мите што ги има Охрид. Но, се доне-суваат одлуки на ниво на Влада, на локална самоуправа. Охрид е многу комплициран, бидејќи се измешани ингеренциите - вели Топузовска.

Според неа, за градот и за регио-нот надлежни се министерствата за култура и за животна средина и две управи за заштита, на култур-ното и на природното наследство. Територијата е под ингеренции на три општини. Топузовска вели дека не може да се занемари туризмот, градењето, генералниот и детални-от урбанистички план на градот. Во оваа сфера е надлежно Министер-ството за транспорт и врски.

- Кај нас отсекогаш постоел антаго-низам меѓу градењето и заштитата. Ние секогаш сме за заштита на ста-рите јадра, но можеби Министер-ството за транспорт има поинак-ви согледувања - вели Топузовска. Одредени ингеренции врз зашти-тената зона има и Министерство за наука и образование преку Хидро-биолошкиот завод кој го контроли-ра квалитетот на водата. За култур-

ното наследство, пак, се грижи За-водот и музеј од Охрид.

- Многуте компетенции и институ-ционални преплетувања го прават Охрид да биде специфичен и тежок за управување. Состојбата допол-нително се усложнува бидејќи УНЕ-СКО го штити Охрид и како природ-но и како културно наследство . Во светот има вкупно 25 такви локали-тети. Поради тоа го подготвуваме менаџмент -планот за Охрид - вели Топузовска.

Нови заштитени зони Охрид е запишан на листата на УНЕ-СКО како светско природно наслед-ство во 1979 година, а наредна-та година е впишан и како локали-тет со светско културно наследство. Македонија има обврска да подгот-ви менаџмент -план за регионот од 1998 година кога официјална мисија на УНЕСКО го посетила Охрид. До-тогаш секоја земја давала различ-ни извештаи за своите локалите-ти што се под заштита на светската организација.

- Оттогаш има поинакви критериу-ми, се бараат поинакви работи, спо-ред нови стандарди. Секоја земја во својот извештај треба да наведе мапи, утврдени граници на заштите-ните зони, квадратура, хектари...На-кратко, сите треба да си ги „среди-ме“ своите имоти - објаснува Топу-зовска.

Охрид како природно -културен ре-гион го разгледуваат две комисии

на УНЕСКО, и за природно и за кул-турно наследство. На минатогодиш-ната сесија на Комитетот за светско културно наследство, која се одржа во Квебек, комисиите немале мно-гу забелешки во доменот на култу-рата во досието за Охрид. Но пора-ди други недостатоци документот бил вратен.

- На годинашната сесија што се од-ржа во Севилја двете комисии го потврдија нашето досие. Беше до-несена одлука да се потврдат грани-ците и бафер- зоните на Охрид како заштитена локација. Минимално ги смаливме границите за 10 отсто. По-некогаш е подобро да „стегнеме“ повеќе, но тоа не е дозволено. Ко-мисиите ја усвоија модификација на границите на Охридскиот реги-он, но ни укажаа да ја интензиви-раме соработка со Албанија, за да може и тој дел од Охридското Езе-ро да се запише на листата на УНЕ-СКО - објаснува Топузовска.

Одговорност на АлбанијаНа ниво на министерства и на на-ционални комисии на УНЕСКО, Македонија уште лани контактира-ла со Албанија за да им помогнеме во целосната заштита на Охридско-то Езеро, особено на природното наследство.

- Културата е интегрален дел на Албанија, но водите и бафер- зони-те се заеднички. Не може да има-ме квалитет на водите и на се' дру-го, ако другата страна нема обвр-ски според конвенциите на УНЕСКО

- вели Топузовска.

Таа додава дека Албанија засега по-зитивно реагира. Лани во февруари министрите за животна средина на двете земји се сретнале и потпиша-ле билатерален договор за соработ-ка, конкретно за Охридското Езеро. Според Топузовска, од менаџмент -планот ќе потекнат акционата и го-дишните програми за приоритетите на Охрид и за постојаниот развој на Охридскиот регион.

- Од менаџмент -планот ќе произле-зе и посебниот закон за Охрид, кој мисијата препорачуваше да се на-прави. Порано навистина имавме објективни причини што не спре-чуваа во работата. Немаше закон за култура, ниту за заштита на приро-дата. Денес работите се поинакви, а менаџмент -планот е во процедура во Владата - објаснува Топузовска.

Менаџмент -планот во кратки црти ќе ги евидентира состојбите, про-блемите и целите и начините како да се решаваат. Ќе бидат опфате-ни различни аспекти, а ќе го раз-гледуваат институции на државата и на Владата, локалното население, медиумите, невладиниот сектор. Менаџмент -планот е обврзувач-ки документ, но со него полесно ќе знаеме како да се справиме со про-блемите што го мачат Охрид - вели Топузовска. УНЕСКО ја штити и пастрмкатаИ пастрмката е заштитена од УНЕ-СКО .Заштитени се сите видови на флора и на фауна, ендемски видови, алги што се наоѓаат во и околу езе-рото и на планината Галичица.

Менаџмент -план за спас на Охрид

Од новиот менаџмент -план ќе произлезе и специјалниот закон за Охрид со кој се очекува конечно да се решат проблемите на Охрид и на околината

Page 5: АМАК ПРЕС 113

Неодамнешната одлука на Министерството за Транс-порт и врски за издавање под концесија на плажа-

та Сараиште, за прв пат ги обедини градоначалникот Алаксандар Пе-трески, градските советниците и охриѓани. Прв пат сите се едноглас-ни и сложни,Сараиште не треба да се издаде под концесија.“Се уште не е познато на кого, но со сигурност се знае дека концесијата е веќе издадена. Сепак јас се наде-вам дека министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски нема да го потпише договорот со избрани-от концесионер“, изјави градона-чалникот Петрески кој за својата

иницијатива е поддржан од сите советници во градскиот совет кои со него го делат мислењето и ќе настојуваат ова култно место да не добие концесионер . “Изразуваме надеж дека иако е из-бран најповолен понудувач ова ме-стото нема да добие нов газда“, заклучија на четвртата седница со-ветниците на Охрид. “Оваа место има големо значење за нас, тоа е простор околу кој грави-тираат голем број културно- исто-риски споменици. Тоа е такво как-во што е и не треба да го уништу-ваме со негова модернизација туку како такво да го заштитиме. Сраиш-те е наше и не го даваме на никој

друг. Ако треба со петиции и наши потписи ќе го браниме. Ќе бараме средба со министерот за Транспорт и врски, Јанакиески и со премие-рот Груевски “, ни изјави еден стар охриѓанец. Градоначалникот Петрески, израз-ува надеж дека од 2010 година пла-жите ќе бидат под ингеренција на локалната самоуправа. “Тогаш ние ќе одлучуваме и за град-ските плажи и нивниот изглед и си-гурно нема Сараиште да го претво-риме во градска плажа, напротив ќе донесеме забрана тука да се сон-чаат и капат охриѓани и гостите“, ис-такна Петрески, кој вели дека не е во ред што градскиот кеј(што е под

надлежност) на државата се кори-сти како плажа.“Лоша и непријатна слика од полу разголени средно вечни луѓе имаме пред хотелите “Тино“, “Ројал“ пред ПЕТЕТЕ, зелените паркови се кори-стат како простор каде луѓето ле-жат, поставуваат масички и столици и играат тенис па дури и фудбал“, за да во иднина нема ваква грда слика на езерскиот кеј, неговото земјиште и тоа од плажите, државата треба да ни ги даде нам ние да управува-ме со нив“, додаде градоначалникот Петрески.

Локал

Сараиште не го даваме никому ,тоа е од охриѓани и Охрид!

Page 6: АМАК ПРЕС 113

6

Локал

Од септември ќе се

рушат сите дивоградби во

Охрид

Од септември месец, Ло-калната самоуправа од Охрид ќе ги руши сите дивоградби во

градов и неговата околина. Од-луката за рушење е стапена во сила, но до наредниот месец на граѓаните кои граделе на диво им се дава можност сами да ги рушат објектите за да не се изложат на дополнителни трошоци докол-ку рушењето се препушти на над-лежната власт.“Стариот дел на градот посеб-но ќе го заштитуваме и посеб-но ќе бидеме внимателни таму. Во тој дел од градов ќе презе-меме активности по претходна-та координација со Заводот за за-штита на спомениците. Се она што од наша и од нивна страна ќе биде забележано како дивоград-ба ќе биде веднаш рушено. Зна-чи со уривање на незаконските градби почнуваме ОД Варош. До крајот на летната туристичка се-зона ќе имаме утврдено кои град-би ќе ги уриваме во септември и наредните месеци“, ни изјави гра-доначалникот на Охрид, Алексан-дар Петрески.Во стариот дел на Охрид, закон-ски највисоките објекти има-ат приземје и два ката (П+2), а таму каде косината на теренот е поголема куќите имаат само приземје и кат (П+1). Според ста-риот и новиот урбанистички план има строга забрана за подигање поткровја.

Page 7: АМАК ПРЕС 113

Локал

Скутерџиите на поправен, со пари ќе плаќаат за “лудостите“

Капетанијата од Охрид во со-работка со Министерство-то за транспорт и врски од неодамна донесе одлука со

која се ограничува движењето на скутерите низ Охридското Езеро. Овие пловни објекти не смеат да се возат во периодот од 11 до 18 часот.“Доколку од наша страна биде забе-лежан скутер кој е управуван во пе-риодот на ограничувањето, негови-от сопственик ќе плати најмала гло-ба во износ од 200 евра. Толкава е и казната за управувачи на скутери кои возат пред 11 односно по 18 ча-сот но кои се на растојание од езер-скиот брег помало од 250 метри “,

ни изјави капетанот на Капетанија, Љупчо Настоски.Најголемата злоупотреба се одне-сува на испловување и впловување на скутерите на простори од плажи-те, пловење со голема брзина при што се подигнуваат бранови и нема можност за прегледност. Неодамна, поради невнимате-лен возач на скутер сериозни по-вреди на главата доби 14 годиш-но девојче од Струга а три лица заработија кривични пријави. Имено,поранешниот макро Дила-вер Бојку Леку, сопственик на пла-жата „Блу скај“ во Струга, и него-виот син Ербен (24) се притворе-

ни откако неодамна нападнале по-лицаец, кој се обидел да фати воз-ач на скутер, кој претходно повре-дил девојче додека пливало, во бли-зина на плажата. МВР против Бојку и неговиот син поднела кривич-на пријава за спречување служ-бено лице во вршење службени дејства. Истражен судија им одре-дил 20-дневен притвор. Полицијата истиот ден го уапсила скутерџијата Јетмир Насуфи (26) од Струга и про-тив него поднела кривична пријава за предизвикување општа опасност.

Според полицијата, инцидентот се случил , на плажата „Блу скај“. На-

суфи управувајќи скутер, удрил по глава 14-годишно девојче, кое пли-вало во близина на плажата. Поли-цаец од Скопје, кој бил на плажата, го забележал инцидентот. Полицае-цот отишол кај возачот на скутерот и откако се легитимирал се обидел да го задржи. Во тој момент дошле Бојку и синот Ербен. Таткото го от-тргнал полицаецот, а синот извадил нож и му се заканил. Скутерџијата го искористил метежот и избегал. Тогаш настанала расправија по што гостите на плажата му го одзеле но-жот на Ербен и спречиле поголем инцидент.

Page 8: АМАК ПРЕС 113

8

Во 21 век, жителите на Охридско-то село Горно Лакочереј, мака мачат за да ги добијат основните услови за егзистенција и се соочуваат со пробле-

ми кои во други земји се решени од пред 2-3 века.Во овој период од годината кога воздушната температура го достигнува 40 степен од Цел-зиусовата скала, околу 500 жители на село-то, цели два месеци се без капка вода. Нема-ат вода за пиење а камо ли за миење, перење и остварување на другите домашни работи.До неодамна мештаните користеле хидрофо-ри но поради високата температура и бунарите секнале. За ваквата состојба селаните ја обви-нуваат локалната власт и велат дека народните избраници пред изборите им ветувале конеч-на разврска на проблемот со водата дури и из-градба на канализациона мрежа, но ветувањата по изборите секнале како водата.“Иако сметките за вода редовно ги плаќаме, Горно Лакочереј страда за вода. По два месе-ци мечтаење, на ден- два ни пуштија вода која може да служи само за наводнување на ни-вите а не е чиста и исправна за пиење или капење. Од нечистата вода мојата сопруга доби инфекција на очите, па сега наместо на пла-жа и на одмор за што сме дојдени ние посе-туваме очни лекари“, вели еден дојденец од Австралија, кој се родил и младоста ја минал во ова село.Во време кога далечно минато стана качувањето на месечината и кога се открива живот на други планети,жителите на с. Горно Лакочереј, со стомни и бардаци полнат вода од селските чешми а перат и белат облека во бу-нарите.Пред изборите во селото била поставена пумпа но таа сега служи како украс.“Градоначалникот на Охрид, Александар Пе-трески вети вода со плочник. Ни вода ни плоч-ник не дочекавме. Ова е страшно и срамно. Што прави локалната и ЈП “ПРОАКВА?“, со чудење раскажува и прашува еден селанецОд ЈП “ПРОАКВА“, ги отфрлаат сите обвинувања, и велат дека се клевети затоа што тие не се надлежни за водоснабдувањето во Горно Лакочереј.“Водоснабдувањето и проблемите со него се обврска на Месната Заедница. Во случајов “ПРОАКВА“ нема никакви ингеренции таму и не сакам да давам никакви коментари за вакви на-пади и клевети, за работи кои не се под наша надлежност. Ќе повторам, мештаните вината нека ја бараат во Месната Заедница која е одго-ворна за овој проблем“, ни изјави директорот на ЈП “ПРОАКВА“,Бранислав Трпчески.На една од последните седници, локалните со-ветниците, донесоа одлука за формирање ме-шовита комисија составена од претставници од

Селото Горно Лакочереј два месеци е без капка вода

Мештаните од селото се мијат и облеката ја перат на селски-те бунари- Вака го живее 21-от век с. Гор-но Лакочереј

Локал

Page 9: АМАК ПРЕС 113

9

Локал

Во време на годишните одмори зголемен е бројот на граѓани кои пријавуваат краж-би. Крадците ги празнат домовите и то-гаш кога домаќините на сат или два се от-

сутни од станот или куќата. Сите вредности кои ги оставиле дома исчезнале. Летото и годишни-те одмори се привилегија за градските крадци и но има и такви кои Охрид и другите туристич-ките центри доаѓаат со намера да крадат. Некол-ку дена празните домови лесно можат да се ис-празнат. “Во периодот од 01.06.2009 до 05.08.2009 годи-на, регистрирани се вкупно 252 кражби од кои 24 се извршени на плажите. Другите се во домо-ви, автомобили или во згодна прилика. Во пери-одот од 01.06.2008 до 31.08.2008 година,имало 286 кражби од кои 30 на плажите. Значи има намалување на бројот на извршените кривични дела кражби како најчести во делот на имотните деликти во Охрид “, вели портпаролот на МВР од Охрид, Стефан Димоски.Иако надлежните смируваат и убедуваат дека бројот на кражби во однос на лани е намален, крадците буквално пред очи им бегаат на соп-ствениците од сега испразнетите домови.“На среде бел ден ни се случи кражба. Јас и со-пругот со гостите бевме на долниот кат од на-шата куќа. Се качив на вториот кат и додека во

кујната ги барав послужавникот и другите по-требни работи слушнав тропање во спална-та соба. Мислев дека е ќерката но откако никој не одговори на моите повици се упатив до соба-та, а таму човек кој имаше направено хаос со об-леката и предметите. Во паника викав по сопру-гот, но крадецот беше и поитар и побрз од нас. Се качи на спалната и како стрела летна низ скали-те надолу, а го турна и сопругот со кого буквално се разминаа на патот“, раскажува една охриѓанка чиј дом крадецот го олеснил од неколку илјади денари и златен накит.Во Охрид, крадците најчесто оперирале во стариот дел на градот, во центарот а и во населбите:Горна и Долна Влашка мала. Според полициските службеници најверојатно пред оперирањето крадците неколку дена го демнат домот или автомобилот и забележуваат во кој пе-риод од денот домаќините се отсутни а куќата и станот празни. “Во делот на превентивната активност,неодамна со почетокот на летото,ја започнавме акцијата ,,Да се заштитиме од кражби“,во рамки на која полициски службени-ци од одделението за превенција,од велосипед-ската полициска патрола, и активисти на Црве-ниот Крст,по плажите и другите фреквентни ме-ста вршеа дистрибуција на флаери и друг про-

паганден материјал со практични упатства и со-вети за лични мерки за заштита од кражби. Око-лу оперативната поставеност, СВР- Охрид, преку активности, презема мерки за откривање на сто-рителите и реализација на пријавените кражби. По идентификување на можните сторители,СВР Охрид ги повикува на разговор по што докол-ку се констатира нивна инволвираност во делото,им се поднесуваат соодветни пријави“, ис-такнува Димоски. Во главниот град на Македонија,Скопје од вкуп-но 6 200 кривични дела регистрирани во први-те шест месеци над 5. 600 се тешки кражби. Крад-ците најмногу оперирале во возила, во куќи, ста-нови а се крадело и во продавници, викендич-ки, подруми и магацини. Крадците најчесто на-силно влегувале во објектите отворајќи ги бра-вите со посебно изработени предмети. Вед-наш по Скопје којшто е прв на листата со најголем број разбојништва следуваат:Гостивар, Битола,Куманово, Прилеп,Тетово, Штип и Велес. Компаниите за обезбедување и сигурносните брави можат да ви помогнат. Ако подолго време не сте дома, заштитете се, ангажирајте компанија која ќе се грижи за вашиот имот или ако сте со помал буџет обезбедете си барем побезбедна брава.

Летово најбериќетно за крадци и деликвенти

Внимавајте, крадци можат да ви го испразнат домот среде бел ден!

Page 10: АМАК ПРЕС 113

Економија

Винарија Охридтел: 046/ 279-225

Page 11: АМАК ПРЕС 113

11

Од друг агол

Јас сум обичен човек и среќен ме прават обичните работи

Емил Балабан - познат охридски адвокат

Емил Балабан е еден од најпознатите

охридски адвокати. Го избрал кривичното

право затоа што смета дека е најголемото

право што постои. Слободно време

има многу малку и тогаш се релаксира

на планина, вози кајче или едрилица

во водите на езерото или шета по кејот

придружуван од своето куче. За

него секој ден е среќа,будењето е

среќа, зошто верува дека ако од животот

бараш големи работи кои не можеш да ги оствариш никогаш

нема да бидеш среќен. Не признава

неуспех -се што ќе завршиш е успех.

Обожава шпагети и мисли дека е најдобар кога ги приготвува нив,

а облеката ја избира сам, важно му е да биде квалитетна и

од добар материјал. Тој е сопруг на Жељка

и татко на две деца, синот Бојан и ќерката

Нина.

Page 12: АМАК ПРЕС 113

12

Од друг агол

Кои моменти од детството оста-нале запечатени во ваша-та меморија? Какво дете беше Емил?-Целото детство не може да се забо-рави. Кога бев дете гадот беше по-инаков, не толку изграден, не заси-тен од станбени објекти. Среде ули-ца без размислување што може да се случи игравме игри. Со другари-те игравме фудбал на улицата “Ма-кедонски Просветители“.Кога се приближуваше автомобил брзо ги тргавме камењата што беа поставе-ни за голови. Мојот дом беше токму на таа улица, израснав во таа мала во која порано имаше паркови и зе-ленило. Мал беше бројот на деца од соседството кои беа на моја воз-раст, затоа најбројни ми беа друга-рите од училиште со кои и денес се дружам, одржуваме контакти а со некои сме и добри пријатели.

Зошто , адвокат? Како падна од-луката, Правото да биде Ваша жи-вотна професија?Дали можеби

Вашиот, татко Томислав Балабан, кој беше претседател на Основ-ниот Суд во Охрид и имаше сери-озни допири со правните рабо-ти влијаеше во донесувањето на одлуката?Настојувавте ли да би-дете следбеник на “семејната“ професија? -Секогаш сум бил свесен дека луѓето имаат проблеми и сум сакал да им помагам. Мислам дека пре-ку адвокатурата најмногу можам да го направам тоа, да помагам. За-тоа ја избрав оваа професија. Од се-когаш знаев што сакам да бидам и со што да се занимавам. По мое-то дипломирање на Правниот Фа-култет во Скопје, работев во мојата агенција “Јустиција“, во која се да-ваше правна помош, а работев и трговија со недвижности.

Познат сте како адвокат , кој пред се работи кривични предмети. Зошто го одбравте кривичното право кое по теорија е едно од најтешките? Зошто не Наследно,

Семејно, Имотно, или Граѓанско, туку токму Кривично Право?- Јас сметам дека Кривичното е најголемото право што постои. Спо-ред мене, Кривичното Право не се сведува на еден кривичен за-кон или еден закон за кривична постапка, туку тоа се само казне-ни одредби на не придржување на сите други закони, односно цело-купното право е содржано во Кри-вичното . Граѓанското и Семејното, според мене се еден вид спогод-би во кои правото не доаѓа мно-гу до израз. Значи ниеден спор не може да се реши на било кој начин освен со спогодба, овде мислам на Граѓанското Право. Семејното Право, посебно во делот за разводи,според мене е работа во која што мешањето на некој друг не е во ред. Судот ги решава тие ра-боти но пред се,се работи за волја на странките. Во секој случај и во ова право крајниот исход е спогод-ба, дали таа спогодба е меѓу стран-ките или ќе ја донесе судот, тоа е ед-

ноставно спогодба. Ова во никој случај не значи дека јас ги потцену-вам тие делови од правото. Тие си имаат тежина, некои сметаат дека тие се најважни, но моето мислење е дека сите тие, значи било кое не придржување на имотно- правните односи, било кое не придржување на јавниот ред и мир, било кое не придржување на брачната состојба односно на нормите за сите предви-дени состојби, завршуваат во Кри-вичното Право.

Може ли според Вас да се на-прави делба на лесни и теш-ки предмети. Одземаат ли сите еднакво време и енергија во подготвувањето, спремањето до-кази...- Сите предмети се тешки. Нема делба на полесен и потежок. Те-жината на предметите може по-инаку да се толкува, во тежина-та на докажување на некои рабо-ти, на обезбедување докази. Ина-ку предметот како предмет е исто

Адвокатурата целосно ме ис-полнува и навистина не сум размислувал што би можел друго да работам. Сакав пра-во и тоа стана моја животна професија

Page 13: АМАК ПРЕС 113

13

Од друг агол

тежок колку претходниот или следниот. Секој пред-мет е проблем сам за себе. Тоа е и она што е интерес-но во адвокатурата, секој предмет е посебна приказ-на, секој има своја тежина. А тежината на сите е во на-чинот на докажување, во обезбедувањето докази. Во Кривичното Право во истрагата, во Граѓанското Право во обезбедувањето на материјални и нематеријални докази и искази.

Пред неколку месеци, бевте во одбрана на Лазе Радески кој беше обвинет за убиство на неколку охридски дилери на девизи. По донесената пресу-да тој беше прогласен за првиот сериски убиец во Македонија. Тогаш поднесовте жалба до Апелаци-ониот суд, и баравте случајот повторно да се раз-работи. Во која постапка е сега предметот? Ќе про-коментирате ли нешто за овој случај?- Јас за предмети никогаш не сум зборувал и мислам дека тие се тајни и такви треба да останат. Од мене биле барани изјави или коментари за овој и за други предмети но избегнувам да коментирам. За предме-тот Радески, иако пресудата каква таква е веќе доне-сена, сметам дека работата се уште не е докажана. Не-зависно како овој предмет ќе заврши за кого постап-ката е уште е во тек, сметам дека многу работи оста-наа неутврдени,недокажани и дека има голема разли-ка меѓу доказите и она што се тврди. Јас веќе ја обжа-лив жалбата до Врховен Суд. Ќе видиме каква ќе биде одлуката на Врховниот Суд. Во тој предмет има еден друг проблем којшто не е од правна природа. Тоа е влијанието на јавноста. Мене лично многу ми смета мешањето на медиумите во правните постапки, кри-вични или граѓански. Објавувањето на податоци во медиумите за непотврдени работи е спротивно на за-коните затоа што законски постои тајност на постапка-та. Судењата се јавни но тоа не значи се да се објавува, бидејќи секое објавување има некој свој правец, со са-мото објавување од еднаш, два или три пати народот мисли дека тоа е така, не ги гледа фактите ни доказите. Притисокот на јавноста кој е стекнат благодарение на медиумите води кон влијание на судот. Судот треба да е независен но и судијата е човек и на него влијае око-лината и тој слуша што говорат луѓето. Сметам дека во случајот Радески, посебно во брзина-та на предметот, во изнесувањето и разгледувањето на доказите, во брзо донесената судска пресу-да посебно влијание имаа средствата за јавно информирање.

Доколку, Емил Балабан не беше правник односно адвокат, ќе беше што?-Не знам, навистина никогаш не сум размислувал за тоа. Сум сакал да бидам правник и сум станал прав-ник. Адвокатурата целосно ме исполнува и никогаш не сум помислил на ништо друго. Она што сум сакал и што сум очекувал да бидам (исклучувајќи го мојот дет-ски сон да бидам космонаут) тоа и сум станал. Јас мис-лам дека во друга професија нема да се снајдам и да се најдам себе си. Навистина мислам дека не можам да работам канцелариска работа. Ни на сон не можам да се видам себе си цели осум часа затворен во еден простор т, мојата работа е динамична и затоа ја сакам.

Како изгледа еден Ваш работен ден, имате ли точ-но работно време?-Прво се е подредено на судењата, како се тие закажа-ни и кога. Работниот ден е врзан со странки со судења и обврски кон судот. Точно работно време, од... –до..., нема. Во Кривично Право и кривичниот дел, се случу-ва во момент. Кога странката, судот или полиција ба-раат нешто ние мора да одговараме. Станува збор за

Page 14: АМАК ПРЕС 113

14

Од друг агол

итни постапки, мора да се оди на увид на лице место, на претрес да се преземи некое дејствие во склад со кривичната постапка. Не сме врза-ни со време. Се работи и на полноќ, по случувањето на настанот. Редов-ните судења се во редовно работно време. Дури работи судот ние адво-катите сме врзани со обврските кон судот, одиме на судења. Кривичните судења се знае кога почнуваат а не се знае кога завршуваат. Ако нема услови за судење тоа трае 5 минути, ако има услови трае дури не завр-ши. Тоа значи дека за странките кои не сме ги примиле пред пладне ние мора да работиме и попладне. Пис-меното подготвување за судот мора да биде попладне. Значи работното време ни е од 8 до 16 часот и од 19 до 21 часот. Целиот ден е посветен на професијата.

Од каде толкава енергија за ра-бота? Не Ве уморува ли секој нов работен ден а во него нови стран-ки, нови случувања, нови пробле-

ми....Се, заморува нормално. За да се спрема еден предмет тој мора да се припреми. Бидејќи денот ни е ис-полнет со странки со бројни до-кументи, предметите ги спремаме ноќе. Пред судење мора да се про-вери се, да се прочитаат сите закони што се врзани со таа работа .Иако заморен, тоа е животот што сме го избрале.

Како ги полните батериите, што е она што Ве релаксира во слобод-но време?- Мене ме релаксира планина и вода. Кога наоѓам момент шетам на планина. Некои кажуваат, “оди-ме на лов“,јас животни не убивам но шетам. Сакам да шетам покрај езе-ро придружуван од моето куче, кога сум во вода, сакам да возам кајче или едрилица.

Што Ве прави среќен и што нико-гаш не би направиле?- Секој ден ме прави среќен. Секоја

работа, секој момент кој ти пру-жи задоволство е среќа. Животот е среќа, будењето е среќа. Денот поч-нува и завршува среќно, зависно што бараш. Ако од животот бараш некои големи работи што не мо-жеш да ги оствариш нема да бидеш среќен, ако бараш обични рабо-ти а јас себе си се сметам за обичен човек, обичните работи ме прават среќен. Дискутабилно е прашањето: “што никогаш не би направил?“, за-ради тоа што се е врзано и секој чо-век прави се. Но сигурно не би сто-рил некое криминално дело.

Важите за еден од најубаво об-лечените адвокати во Охрид. За секоја пригода во соодветна об-лека? Кој се грижи за вашиот из-глед, и преферирате ли некој бренд или позната марка?-За изгледот се грижам сам. Го ку-пувам она што е убаво и што ми се допаѓа. Битно е материјалот да е добар а облеката квалитетна. Најубаво се чувствувам во одела во

кои поради работата најчесто сум облечен.

Како се снаоѓате во кујна? Што се случува кога гости Ви кажува-ат дека за 10 минути стигнуваат кај Вас, а сопругата не е тука? Што правите тогаш?Ако ми кажат дека за 10 минути стигнуваат дома јас веднаш купувам форнети. Ако имам повеќе време ќе им направам најразлични врсти шпагети. Јас обожавам шпагети и навистина одлично ги приготвувам, во тоа сум најдобар. Знам да напра-вам пржен леб, да испечам колбаси и сланина.

Што според Вас е ваш најголем постигнат успех?-Нема најголем успех. Секој ден носи нови успеси. И најмалата рабо-та завршена успешно е успех. Јас од животот многу не очекувам. Живе-ам обичен живот и секоја работа за мене е успех.

Page 15: АМАК ПРЕС 113

Од друг агол

Page 16: АМАК ПРЕС 113

Ви најавуваме...

Page 17: АМАК ПРЕС 113

17

Енергичен настап, препознатливо моќен глас и одличен флерт со гитарата, кој пу-бликата не ја остава рамнодушна. Ако се додаде и одличната придружба на други-

те членови од бендот, се добива впечаток дека се работи за еден од најуспешните концерти на фе-стивалот Охридско Лето. Ова може да го потврди и три илјадната публика која на Античкиот теа-тар играше и пееше во ритамот на музиката од американскиот џез -музичар Џорџ Бенсон .По вжештувањето на атмосферата Бенсон и бен-дот продолжија со енергични хитови, пора-ди кои голем дел од публиката остана на нозе и со аплауз го придружуваше ритамот на еден од најголеми хитови Give Me The Night, потоа Never give up on a Good thing, Kisses in the Moonlight, Shiver, а на On Broadway. Легендарниот изведу-вач со својата виталност, играње и држење на сцената воопшто не изгледаше како 66-годишен старец. Со своето препознатливо движење со колковите и секогаш насмеаниот израз на лицето слободно може да се измеша меѓу помладата пу-блика и одлично да и парира.

Во вториот час од концертот највпечатливи беа баладите како што се Nothing’s Gonna Change My Love for You, The Greatest Love of All, In Your Eyes“, You Are the Love of My Life, на кои дел од публи-ката го осветлуваше Античкиот театар со своите мобилни телефони, а дел беше во прегратките на

своите партнери. Бенсон можеби е и првиот му-зичар што настапува во Античкиот театар, а кој се пошегува и со сите што беа над и околу теата-рот и бесплатно го следеа концертот, што е во-обичаена практика за сите концерти што се од-ржуваат таму.

- Некој треба да почне да им собира пари на луѓето од куќите горе. Педесет концерти годиш-но? О, па тоа се навистина многу пари - рече тој, по што наиде на смеа кај публиката, чиј до-бар дел за волја на вистината претходно ко-ментираше за високата цена на влезниците - од 2.000 и од 3.000 денари. Меѓу публиката имаше и многу познати личности, а особено многу ма-кедонски пејачи и музичари. Во Античкиот теа-тар беше присутен и претседателот Ѓорге Иванов со својата сопруга. Останува впечаток дека Бен-сон и неговиот бенд во речиси два часа успеаја да направат вечер за паметење на присутните и надеж за уште вакви имиња во нашата земја. Концертот беше дел од неговата летна европска турнеја на која ги изведува своите најголеми хи-тови, дел од оф -програмата на Охридско лето и дел од серијата настапи на проектот „Културен шок“ во организација на „Авалон продукција“. На 7 јули во Скопје настапи Дејвид Брн, а за 20 но-ември е најавен концертот на џезерката Дајана Крол.

Концерт на Џорџ Бенсон на Антички театар

Бевме на...

Десеткратниот добитник на „Греми“ воспостави одлична комуникација со публиката, која играше и пееше со него

На 13–ти август, во атарот на манастирот Света Петка во селото Велгошти,се одржа манифестацијата “Вечери на Живко Чинго“. Годинава честа да бесе-ди за животот и делото на писателот Чинго му припадна на проф. д-р. Иван Џепароски.

По повод оваа културна манифестација,Општина Охрид, минатиот месец распиша кон-курс за најубав краток расказ, а од 49-те пристигнати текстови, жири комисијата во состав:проф. д-р. Иван Џепароски(претседател) , проф. д-р. Кристина Николоска(член) и Славе Ѓорго –Димоски(член), за најдобар го избраа расказот “Слово Горко Слово Жа-лосно“ со шифра “Лицем Светци Срцем Влци“.“Во овој расказ на модерен оригинален и репрезентативен начин предадена е ле-гендата за затворањето на архиепископот Арсени и за укинувањето на Охридска-та Архиепископија. Во заднината на расказот пулсира постмодернистички дискурс а рафинираната раскажувачка платформа е познатата песна на Прличев ,“Песна за укинувањето на Охридската Архиепископија“,истакна проф. д-р. Николоска. Општина Охрид, авторот на расказот “Слово Горко Слово Жалосно“ го награди со 30.000 денари,а намерата е по пат на наградување да се стимулираат писателите да пи-шуваат кратки раскази со цел овој жанр повторно да заживее.Манифестацијата “Вечери на Живко Чинго“ со прекини се одржува од 1989 година, а континуирано во организација на локалната самоуправа последниве три години.

Вечери на Живко Чинго Во атарот од црквата Св. Пет-ка во с.Велгошти ќе се одржи манифестацијата посветена на Чинго

Page 18: АМАК ПРЕС 113

18

Во Центарот за Култура, Григор Прли-чев беше отворена изложбата на цртежи,“Моето поинакво другарче“. Од младите уметници од основните училиш-

та од цела Македонија беа претставени 30 црте-жи. “Целта на изложбата е да се влијае врз по-младата популација заради нивно правилно насочување и анимирање во глобалната борба против сите негативни појави на дискриминација во општеството, но и во севкупните заложби за создавање еднакви можности во нашава држа-ва за сите граѓани. Од најдобрите пет ликовни творби ќе бидат изработени сложувалки, кои по-тоа ќе бидат доставени до градинките ширум Македонија, посебните училишта, дневните цен-три итн.“, вели Наташа Постоловска од Полио Плус - движење против хендикеп,што беше и ор-ганизатор на изложбата. Изложба е проект на програма „Македонија без дискриминација”, поддржана од Европска-та комисија, чијашто цел е поткревање на јавната свест и институционален развој.

Моето поинакво другарче Изложба на цртежи

Во рамки на фестивалот “Охрид По-викува“, за време на Илинденските празници во градов се одржаа два концерти на познатите, Дино Мер-

лин и рок групата на сите времиња “Прлјаво Казалиште.Мега ѕвездата и познатиот кант автор од Босна, Дино Мерлин, на 1-ви август на град-скиот стадион, Билјанини извори, прире-ди забава што долго ќе се памети, а три илјадната публика заедно со него ги пее-ше песните од неговиот последен албум “Из почетка“. Потоа следеа хитовите од по-старите албуми: “Мој бог да зна“ и “Бала-де“. Ноќ подоцна на истата сцена три часо-вен концерт одржа легендарната рок група од Загреб, Прлјаво Казалиште. Старите ис-кусни рокери три пати беа повикувани на бис, а публиката играше и пееше на хито-вите за сите времиња,“Марина“, Црно бели свет“,“Ми плешемо“, “17-ти е година, тек“ и многу други.Оваа позната рок група која е основана во далечната 1977 година успешно опстојува на сцената до денес. Во 2005 година излезе нивниот последен албум “Мој дом је Хрват-

Концерти на Мерлин и Прлјаво Казалиште

По шест години охриѓани имаа можност на 1-ви август повтор-но да одат на концертот од Мерлин

Рок групата ''Прлјаво Казалиш-те'' на 2-ри август за првпат на-стапи во Охрид

Бевме на...

Page 19: АМАК ПРЕС 113

19

Ви најавуваме

На 16 август на Античкиот Театар во Охрид, концерт ќе одржи Владимир Ва-силески –Четкар.Тој ќе настапи во придружба на врвните музичари од Англија и Германија: Џонатан Харви (Jonathan Harvey)-бас гитара, Хју Вајт (Huw White) -

клавијатури, Бено Сатлер (Benno Sattler)- тапани.“Ноќта ќе настапиме со композиции од мојот последен албум “ We will never end“, преаранжирани за квартет, како и најнови песни, кои премиерно ќе бидат отсвире-ни а ќе станат дел од албумот што го подготвувам“, ни изјави Четкар.По концертот на Антички, Четкар го очекуваат неколку настапи низ Македонија , меѓу кои и на Хераклејските Вечери во Битола на 21 август. Во септември за овој го-лем уметник од Охрид, започнува големата европска турнеја. На 5-ти септември тој настапува во најпознатиот џез клуб во Будимпешта а најверојатно концерти ќе од-ржи и во Виена и Братислава. По настапите тој две недели ќе се одмара во родниот Охрид а потоа се враќа во Соединетите Американски држави, во Њујорк, каде веќе се закажани неговите настапи во познат џез клуб на Менхетен.Инаку, концертот кој Четкар ќе го одржи на Античкиот Театар ќе започне во 22:00 ча-сот, а влезните билети се продаваат по цена од 250 денари.

Концерт на Четкар на Антички Театар

Од 26 до 29 август на сцената кај Долни Сарај по 16 пат ќе се одржи фестива-лот Охрид фест- Охридски трубадури.Годинава новина е првата фестивал-

ска ноќ или вечер на нови ѕвезди, на кои меѓу пријавените се и групата Roger brothers , Дар-ко Миладинов,Оливера Ѓорговска,Слаѓана Сте-фановска.Втората фолк вечер со својата композиција ќе ја отвори Нино Величкоски.Зуица Лазова и Наум Петрески ќе отпеат дует а на сцената покрај дру-гите ќе се појават и Миле Кузманоски, Милица Кузманоска и Петар Нечоски.Третата ноќ е посветена на поп композиции а дел од нив ќе отпеат, Хелена Благне, Ѓоко Тане-ски, Елена Петреска, Маријан Стојаноски, Маја Вуќичевиќ а Ристо Самарџиев и Влатко Илиев-ски ќе настапат во дует. На задоволство на публиката во рамките на по-следната интернационална вечер свои настапи ќе имаат естрадните уметници од Србија: Неда Украден, Александра Перовиќ и групата Коктел бенд. Од Грција ќе допатува Надија Захор а од

По 16-ти пат, Охридски трубадури

Page 20: АМАК ПРЕС 113

Охридски легенди

Page 21: АМАК ПРЕС 113

21

Охридски легенди

Лик недоволно расветлен , кој оставил длабоки траги во сеќавањето на тукаш-ните жители и не само ним , ами него-вата слава се проширила многу подале-

ку- низ сиот Арнаутлок, Епир, на југ до Атина, на исток низ Бугарија, па се дури и до Русија.Кузман Капидан претставува најчесто спомену-ван епски лик и секако највоспеван јунак и за-штитник на населението на македонските про-стори во XIX столетие. Неговото време се совпаѓа со бурните години од историјата на Охрид и на цела Македонија, која во тоа време била во со-ставот на Отоманската Империја. Всушност вре-мето на живеењето и дејствувањето на Кузман Капидан е време кое претставува пресвртен мо-мент во историскиот развој и на човештвото , кога огромната Империја ја потресуваат длабоки потреси и пукаат синџирите на феудалниот јарем и доцниот феудализам доаѓа до својот стадиум на распаѓање.Централната власт во Цариград за-почнува да го губи својот авторитет и настану-ва создавање крајна нестабилност низ Царство-то. Наемната платеничка војска , недобивајќи ги ветените плати.почнала да се одметнува , да де-зертира и да пљачкосува . Настанала и феудал-на анархија. Поодделни крупни феудалци сакајќи дотогашните феуди да ги претворат во сопствени чифлици, почнале да и откажуваат послушност

на централната власт и да водат сопствена поли-тика, неретко сосема спротивна на онаа на Висо-ката Порта во Цариград.Сето тоа се струполува-ло врз грбот на недолжното а сепак презадолже-но население. Исклучително тешката положба на рајата и на сето недолжно население довеле до самиот раб на егзистенција. Во таков исклучително тежок и неподнослив жи-вот за обичниот човек.на сцената се појавува Куз-ман Капидан, народен бранител, заштитник, спа-сител, јунак над јунаците воспеан во бројни пес-ни.

Охрид и тогашните прилики

Охрид бил далеку од централната власт на Ца-риград. Но,и во Охрид и во неговата околија се чувствувале последиците од распаѓањето на феудалните односи. Лакомите за власт и бо-гатство тогашни паши на Балканот покажува-ле се поголема непослушност кон Порта-та и честопати војувале меѓусебно, ограбувајќи и пљачкосувајки, се разбира пак воз плеќите на недолжното население. Во спомнатиот пери-од Охрид им припаѓал на Бушатлиите, како што го викале родот и фамилијата на пашата од Ска-дар . Пашата пак, за свој управител на градот Охрид и сета каза , го назначил својот роднина Џељаледин Пода , еден од синовите на Гази Ах-мед паша од Охрид, по потекло арнаутин,___________________________________________Еве како стои во летописите :1786 Кара Махмуд /Бушатли-од Скадар / го зазеде Охрид; 1787 Во Охрид дојде Али паша Јанински и војуваше против управителите охридски си-новите на Гази Ахмед паша од Охрид - именува-ните Махмуд паша, Сејди беј, Али беј и Џеладин беј. Да се забележи дека Охрид од старо вре-ме се управувал од шкодранскиот / скадарскиот сатрап Кара Махмуд паша - отстапник од султа-нот. Седумдневен бој, влезе Али паша , погуби 17 шкодрани, па веселба на помирување , па свад-ба на Џеладин беј со Сабие анама, внука од се-стра на Али паша Јанински. Г-дин Тома , капида-нот на Али паша , родум од Лабово, заедно со А...(нечитливо) им помогна на црквите охридски , како и г-дин Гика , надзорник на храната...; 1788 на ден 24 јули падна гром во палатата на Ахмед паша...;1790 барон Божур запишал дека Охрид

има од 4- 5.000 жители-/ почнува населување заради политиката на ЏеладинБеј, б.м.-/; 1792 Охрид пак преземен од Бушатлиите; 1794 пак Охрид со нов господар: 1798 конзулот во Солун Феликс д Божур тврди дека Охрид имал сиот од 4 до 5000 жители ; 1801 месец март ...Ибраим паша Бератлија , помали-от брат на Кара Махмуд Шкодранли, станува кнез на Охрид - Џеладин бег вазал до гроба на Бушат-лиите...Али паша организира напад и се судрија во Заграчани , па сетне се смирија; 1802 март 15 дошол Калиник за владика во Охрид; 1805 Али паша Јанински дојде со многу војска и Св Софија ја наполнија со заире, а и митрополијата- за војската храна, сетне борба против дебраните Абас бег и Јашар бег- големи зулуми, го опљачкаа имотот на Џеладин беј , па и анот во Г'бавци го пеплосаа...; 1807 Пуквил запишал дека во Охрид има 1.300 домови од кои 600 турски , или 6.500 жители-на варирањето на бројноста влијаеле и честите епидемии на чума / улера;1808 урнато Сараишчето на Ибраим паша; 1809 умира Ибра-им паша - оставајќи ги синојте Махмуд и малолет-ните Тахир и Дервиш, чиј старател е Џеладин беј.Власта ја приграби Мустафа паша Шкодранли на-место Мехмед назначен од Портата, инаку не-гов прв братучед; 1810 јуни 20, до Лешчаровци зафатија да ги прават сараите( Долни Сарај ) и шадрфанот (водоскок). Тоа место понапред беше само камен,но бегот кладе мајстори власи, та со лагуми го искршија каменот и отворија место, бегот изарџи четириесет кеси аспри или околу 21.000 тогашни гроша...големи с`клети претргаа клетите варошани!

кој верно ги застапувал интересите на Бушат-лиите се до оној момент кога прасметал дека повеќе полза би имал кога би станал послу-шен бег на Али паша Јанински, се разбира не свртувајќи им го сосема грбот на моќните ска-драни. Признавајќи ја , според своите интереси , час власта на Јанинецот,час онаа на Скадрани-те , тој од Охрид создал крепосен град обиколен со цврсти и високи бедеми.врз кои биле изгра-дени повеќе од 20 кули -посматрачници и пуш-карници. Во закрепостениот Варош можело да се влезе само низ трите градски порти: Долна, Гор-на и Челна и тоа минувајќи низ ригорозна кон-трола.Така Охрид почнал да ги бележи својот по-дем и преродба. Почнало да се развива и шири производството, ќурчиството, трговијата, гради-нарството, градежништвото, рибарството. Охрид

Доколку сте го посетиле или пак имате намера да го посетите гробот на Св.Климента во неговиот манастир, или пак да се искачите до тврдината на

царот Самуил , тогаш со самото влегување низ Горна Порта вие се движите по улиците кои го носат името на Кузман Капидан !

Кој бил тој капидан по име Кузман , толку славна и залужна личност, кому Охрид му ги посветил најфреквентните улици по кои чекорат сите посетители на овој

древен град !пишува: Владо Жура

Кузман Капидан - мит и легенда

Page 22: АМАК ПРЕС 113

22

извезувал и внесувал во и од Дубровник, Задар, Трст, Венеција, Анкона, преку пристаништето во Драч, а одвишокот од градинарските производи го пласирал на пазарите во Струга, Дебар, Ресен, Елбасан и во Корча.

Џеладин Бег, како управител, се покажал доста иницијативен човек кој придонел за подигање на благосостојбата на своите поданици, тради градски уличен водовод, поставува јавни чеш-ми со студена вода доведена дури од пл. Петри-но, дозволува обновување и изградба на цркви и на манастири, а за сиромаштијата без разли-ка на вероисповед, вовел секојдневна и бесплат-на кујна - Имарет. Напредокот се почуствувал и во учебното дело, во творештвото, уметноста и на полето на музиката. Џеладин Бег, секако тоа не го правел од алтруистички или филантропски побуди, ами пред се од сопствени интереси- кол-ку што рајата ќе биде мирна и задоволна,толку и нему животот ќе му биде поспокоен, побогат и полагоден. Интересно е да се напомене фактот и покрај тоа што припаѓал на владеачката мус-лиманска класа, тој изградил три дворци сре-де христијанскиот Варош, за жена подоцна зел христијанка Ташула и околу себе бил опкружен со цела свита христијани на кои им доверил и од-говорни функции: Тасе Зарче му бил бирник (да-ночник), Никола Рогузар и Ѓорше Шурбан му биле сарајдари (управители на сараите), браќата Бакаловци -главни снабдувачи, Тане Беле гла-вен фурнаџија, Никола поп Стефанија и еден од Срмабожа - баш терзии, Чобановци воделе грижа за овците, Мискаровци пак за живината. Мишо се викал главниот кочијаш, а меѓу најблиските и се-како највлијателните граѓани биле и владиката Калиник и лекарот Д-р Чалакоста.Во Охрид се доселуваат христијани од поблиска-та и подалечна околина- македонци, власи, ар-наути од сегашните албански краишта, од Епир и од Северна Грција, а муслимани (турци, албанци, ѓупци па дури и курди) од Улцин,преку Арнаут-локот и Егејска Македонија па дури и од Ловеч-денешна Бугарија

Качачките банди и појавата на Кузмана

Ваквите движења не останале незабележани од разбојниците , што крстосувале по патишта-та, кои почнале да ги ограбуваат трговските кар-вани, потоа да киднапираат богати граѓани и да опустошуваат незаштитени села и имоти на бога-ти граѓани. Привлечени од славата за богатства-

та на Охрид (архиепископските златни реликвии, азната на беговите и на богатите охриѓани), ка-чачките банди се почесто навлегувале на охрид-ската територија.Џеладин Бег навистина располагал со одбрана војска, составена претежно од свои сонародни-ци -Тоски, како и од храбри дебрани-Геги, на кои и особено не им верувал , сметајќи дека се во до-слух со арамиите и качаците, па затоа формирал «специјална полиција» на чие чело , како капи-дан , го поставил Кузмана Тој пак.по сопствен из-бор составил дружина од 30 - 40 се избрани бор-ци христијани за одбрана на недолжното населе-ние од нападите на качачките банди , арамии и злодејци.Така кажува народното предание,песните...а што ни кажуваат документите?Летописецот Никола поп Стефанија, кој бил сосе-ма близок соработник на Џеладин Бег и за него-ва сметка работел и патувал , а и живеел во непо-средна близина на неговиот летен Горни Сарај, како хронограф водел белешки, одн. дневник кој опфаќа повеќе од четири децении од животот во Охрид и пошироко, речиси целата прва полови-на од деветнаесеттиот век, никаде не го спомену-ва Кузмана. Како е тоа можно?!

Потеклото на КузманаПовозрасните жители на Охрид долго време ве-рувале и тврделе дека тој потекнувал од арнаут-ските краишта- Старово или Поградец, недалеку од манастирот Св.Наум. Имало и такви кои тврде-ле дека тој всушност потекнувал од селата од Де-барца: мошне стариот Стефо Размо и покрај на-пластените повеќе децении живот врз своите плеќи , сеуште си спомнувал за настаните од сво-ите младешки години и кажувал дека Кузман во-дел потекло некаде од Дебарца, но заради сто-рен престап пребегал во Арнаутлокот, плашејќи се од строгата правичност на Џеладин Бег. Ангел Спростран, чиј дедо бил во дружината на Кузма-на и тврдел дека јунакот бил родум од Сливово, додека пак Кузман Шапкарев запишал, според кажувањето на некои негови роднини за Кузма-на, дека потекнувал од с.Врбјани, Дебарца. Било како било, потеклото и не е толку битно, ами важен е следот на понатамошните настани .

Одметнувањето на Кузмана

Доколку се земе како најверодостојна варијантата дека навистина потекнувал од Де-барца , истата ја напуштил на мошне млади го-дини грабнувајќи една мома, против волјата на најзините родители, и заедно со неа пребега-ле надвор од дофатот на Џеладин Бег во местото Старово, седиште на тамошниот Мехмед Али Бег, инаку вазал на скадарските Бушатлии. Според овој факт настанот се случил откако Џеладин Бег се приклонил кон власта на Али Паша Јанински и паднал во немилост кај Бушатлиите. Со тоа Куз-ман нашол сигурно засолниште. Со својата итри-на, лукавост и арамиски подвизи Кузман набрзо ја придобил наклоноста на бегот од Старово / чие подградие е Поградец /.Тој често навлегувал

во Охридскиот крај и пљачкосувал за потребите на својот нов стопан.

Една епизода од тоа време долго време се пре-несувала од уста в уста.од колено на колено.која мошне илустративно зборува за способности-те на Кузмана-тој успеал да влезе во утврдениот Охрид и од коњушницата на самиот Џеладин Бег да му ги украде ноќно време најубавите коњи, завиткувајќи им ги копитата со памук, тој успе-ал коњите сосем нечујно по охридската калдрма да ги одведе безбедно дури во Поградец.Ваквата постапка ги зголемила симпатиите кај неговиот заштитник Мехмед Али, а уште повеќе ги засили-ла гневот и омразата кај Џеладин Бег.Кузман со својата сопатничка останал подолго време во Старово, уживајќи ја , секако заслужена преку арамиски подвизи, наклоноста на негови-от господар. Според едни ,тој таму останал десет, а според други и цели петнаесет години.За тоа време го прифатил тамошниот арнаут-ски јазик, нивниот начин на облекување и на однесување, речиси сосема се асимилирал.Отту-ка и претпоставката на охриѓаните , кога стапил во служба кај Џеладин Бег, дека Кузман потекну-вал од Арнаутлокот. Малкумина обрнале внима-ние на фактот дека и по толку години минати во Старово, со својата сопруга сепак разговарал ис-клучиво македонски.

Кузман станува к`рсердар -

шо ќе си удрам, удрено а шо ќ`операм,

опрано...

Охридскиот властодржец и одметник од централ-

Охридски легенди

Охрид со поблиска-та околина

Кузман Кареман

Page 23: АМАК ПРЕС 113

23

ната турска власт Џеладин Бег држел мошне про-сторна територија под своја управа : сиот охрид-ски крај до Ѓавато, цела Дебарца, на запад се до Ќафасан, вклучувајќи ги и селата Калишта, Радо-лишта и Лин, се до Поградец и Старово, кои биле надвор од неговата територија, потоа го држел и селото Тушемишча и манастирот Св.Наум, це-лата западна страна на пл.Галичица и сета Пре-спа заедно со Езерото. На ова огромно простран-ство тој располагал со пет сараи / дворци од кои три во Охрид,по еден во Струга и во Ресен, мно-гу одделни летни куќи, потоа големи конаци за гости и војска - кои често навраќале во Охрид, како и околу стотина чифлици, добиени преку конфискување на имотите од своите противници.Располагал со сопствена телесна гарда, составе-на од негови сонародници, како и сејмени Геги , кои ги штителе неговите бројни имоти.Секако е сосема разбирливо дека вака големиот имот не можел да се штити од ненадејните упади на арамиските банди.Логично било Џеладин Бег да ангажира своја «полиција» , храбра ,бестраш-на, лукава и рамна на качаците, која ќе можела да им се спротивстави и да ги гони дури и по туѓи територии , па дури и да ги истреби.Се со цел за да се заштитат изворите на неговите приходи- неговите имоти и рајата што ги обработувала тие негови имоти.За таа намена го ангажирал Кузма-на, довчерашен одметник и арамија, уверен дека само арамија може да фати арамија. Во преводот од страна на охридскиот учен Ѓорги Балашче на летописот ПопаСтефанијовски не ни остава запис како протекла првата средба меѓу Џеладин Бег и Кузмана.

Народниот автор средбата вака ја опеал :«...Кузмана ми го гледаше, вера го бегот не фаќа, оти е Кузман Капидан. Кузмана ќе го опита : Дал ти си Кузман, ал не си ти право мене кажи ми I»Изненаденоста на охридскиот управител од појавата и од надворешниот изглед на просла-вениот јунак била сосема на место.Кузман бил «педа човек»- кус , ситен и во никој случај прет-

ставителен.Неговиот изглед бил во сушта спро-тивност на славата на бестрашен јунак , што ја уживал.Не само бегот ами и сите оние што го ви-деле просто не можеле да им веруваат на соп-ствените очи. И покрај својот ситен раст и неугледен изглед.Кузман веднаш истапил со свои барања: сам да ги избере членовите од својата дружина , а по-барал и цела низа права кои сакал да бидат пот-врдени и од мезличот ( градскиот совет ), зашто службата сердарска «не е оро играње, не е ни песна пеење, туку е глава гинење»!И така се согласиле, прифаќајќи ги сите негови услови, Кузман да стане крсердар/мартолоз. Од народните песни ни е познато дека во неговата дружина влегле се храбри борци / христијани /, претежно жители од Дебарца и од Кичевијата.

Кузман - спасител на рајата

Бројни разбојнички банди ја крстареле маке-донската земја. Во овој крај најпознати биле ка-чаците од пл.Мат и оние од Долни Дебар, на чие чело биле озлогласените Осман Мура и Дервиш Муча.Тие ситематски ги пустошеле селата .Уште во првите судири со качаците Кузман со дружи-ната бележи успеси, го потврдува сопствениот углед, па подоцна дури и го ослободува охрид-скиот крај од спомнатите разбојници. Кузман го потврдил стекнатото реноме и го исполнил очекувањето, како на бегот така и на охридските «старци «.Службата ревносно ја исполнувал . Џеладин Бег му дал заслужено место меѓу своите соработници, богато го наградил со имот - во ста-риот дел на Охрид, на највисокото место помеѓу главниот Долни Сарај и Канео и денденес ви-кано `Кузманоо-лединче`, му доделил чифлик во с.Злести, Дебарца, а за спомен му дал и чифт пиштоли опточени со позлатено сребро.Колку години службувал Кузман на дворот кај Џеладин Бег ? Пишаните извори не даваат одговор.Авторите кои се занимавале со усните преданија за животот и дејствувањето на Кузмана ни соопштуваат низа интересни подробности кои го осветлуваат ликот.но и карактерот на Куз-мана. И покрај нискиот раст, тој од далеку бил препознатлив: облечен бил по арнаутски (може-би за да не се разликува од разбојниците што ги гонел) сиот во црвено, или како што народни-от пејач вели «...облече карпуз долама,облече карпуз фермеле, запетла карпуз тозлуци...` На-родниот автор низ стиховите ни го соопшту-ва и тоа дека за да се биде сердар,одн.мартолоз, потребен е огромен физички напор, суров жи-вот што можат да го поднесат само најсмелите и најспособните , дисциплина и над се висок мо-рал. За високиот морал на Кузмана сведочат ред епизоди од неговиот приватен живот.И покрај тоа што долги години брачен живот немал соп-ствена рожба, тој ниту помислувал да се пре-жени. Но, една случка му го сменила од корен животот. Крстосувајќи ги селата охридски со својата дружина, Кузман дочул за грабнување и осрамотување на мома христијанка од страна на муслиман насилник.Откако го казнил злодее-

цот и момата ја ослободил, се нашол во дилема што да прави со неа. Да ја врати в село посрамо-тена, таа ќе нема никаква иднина, па решил да ја поведе в град, на дворот кај Џеладина , та «стар-ците» да решат за нејзината натамошна судбина. Првенците градски на чело со владиката Калиник и бирникот Зарче решиле - со оглед дека никој од граѓаните не покажал желба да ја вдоми, таа должност му припад-нала на Кузмана- нејзиниот спасител. Пробле-мот искрснал- Кузман веќе имал жена, а како христијанин не можел да има уште една жена.Со-ломонско решение изнашол владиката Калиник - го збратимил Кузмана со сопствената жена Ана, му позволил да ја премажи за друг, и потоа Куз-мана го венчал со ослободената селанка. Авто-рот на записот ни го соопштува и среќниот завр-шеток на епизодата за сите учесници - неротката Ана во вториот брак изродила чеда, додека вто-рата жена на Кузмана му донела на свет бројни рожби, и машки и женски, чии поколенија и ден-денес живеат во Охрид.Кузман веројатно долги години службувал кај Џеладин Бега. Како буљукбаша им задавал голем страв на качаците, па нападите проретчиле, та дури и престанале. Доживеал долги години. Мно-гу се гордеел со своите синови. Синот Ѓоре, кој бил за разлика од Кузмана, мошне висок и силен, вистински џин, честопати им го претставувал на љубопитните намерници како тој да бил Куз-ман Капидан. И не се излажал. Ѓоре навистина.по смртта на татка си , ја наследил неговата долж-ност и крсердарувал уште цела низа години.Со реформите на турскиот феудален систем, кои ги опфатиле и војската и полицијата, сердарство-то било укинато, воведени биле суварии, заптии, низами - редовна војска. Кажуваат Ѓоре се затво-рил в куќи и долги години не излегувал надвор.Чифликот во с.Злести го продале. Никој од на-следниците на Кузмана не стекнал таква слава.па дури ниту пројавиле некоја посебна одлика ка-рактеристична за јунакот Кузман. Навистина, не-кои од нив се истакнале на бојното поле-именно двајца од неговите внуци , од ќерката Ката и од синот Ристо, со мнозина македонци зеле вид-но учество како волонтери во Српско-Турската Војна од 1876 - 77 г.,такашто првиот се докажал со примерна храброст, додека пак вториот пад-нал ранет и подолго време се лекувал во Бел-град.

Историски факти за капиданот

Познатиот охридски народен учител.учебни-кар и пасиониран собирач на народни твор-би Кузман Паскали-Шапкарев, чија трета жена по име Номка поп Јонче Гроздин, била внука од ќерка на Кузман Капидан, слушајќи ја од својот шура ја запишал и најдолгата воопшто маке-донска народна песна составена од вкуп-но 1.144 стихови, посветени токму на Кузман Ка-пидан. Шапкарев ни тврди дека Кузман Капидан од вториот брак имал четири синови: Ѓоре, Наум, Ангеле и Ристо и две ќерки Ката и Костадина, чиј зет од ќерка бил токму тој Кузман Шапкарев.Сограѓанинот Ефтим Спространов во своите за-писи за историјата на Охрид во првата половина на Деветнаесеттиот век.тврди дека неговиот пра-

Охридски легенди

Кузман и Џеладин бег

Page 24: АМАК ПРЕС 113

24

дедо Наум ( 1780-1850 ), дошол од с.Прострање, Кичев-ско во четата на Кузмана, но и тој како истори-чар не ни остава поподробни и точни податоци за Кузмана Капидан.Академикот и историчар охриѓанецот Иван Сне-гаров тврди дека неговата баба по татко , мајката на Јончета.П. Снегар, се викала Кира ( родена во 1822 г.), била внука на прославениот Кузман Ка-пидан, но Снегаров како синови на Кузмана ги споменува само Ѓоре и Нико, можеби само тол-ку запаметил заради реткото присуство во куќата Снегаровска .Секако најзаслужениот за долговечноста на сла-вата на Кузман Капидан е Григор Прличе, кој ин-спириран од народната песна за јунаштвата на охридскиот капидан.уметнички и величестве-но ја воспеал неговата храброст во својата поема «Сердарот-Мартолозот» и која во 1860 г. го овен-ча во Атина со титулата Втор Хомер. Ниту тој во својата «Автобиографија», ниту пак во спомените , не ни остава никакви забелешки или историски факти врз кои ја создал поемата.Во науката досега се обработени над дваесетина песни и народнипреданија за ликот и храброста на Кузман Ка-пидан. Покрај верзијата на К.Шапкарев во 1875 п.пишувана на охридски /месокастранско наречје /, русинот Владимир Качановскиј во 1882 г во Санкт Петерсбург објавува нова верзија слу-шана во Охрид , па следуваат верзии на кратов-ско, прилепско, кукушко наречје, а во во текот на дваесеттиот век публикувани се повеќе верзии за Кузман Капидан испеани на локален дијалект запишани во Маврово, ЕниџеВардарско, Лазаро-поле. Асанбегово Блато, Вевчани...па дури и една на бугарски јазик- етрополски говор.Пишаните извори, покрај различните верзии за потеклото и животот / дејствувањето на Кузма-на, ни нудат и повеќе верзии за прашањето на неговиот крај. Кога починал тој - пред или по заминувањето на неговиот заштитник од Охрид? !

Смртта на јунакотГригор Прличев својата поема за серда-рот Кузман ја гради уметнички, воспевајќи го неговото јунаштво по неговата херојска смрт. Значи,тој ни нуди варијанта во која Кузман уми-ра млад на бојното поле, оставајќи ја зад себе својата мајка Неда со нејзиниот вечен непребол како и свршеницата Марија. Историските извори тврдат дека Џеладин Бег го напуштил Охрид во годината 1830, кога во Охрид даскалувал младиот учител Митре Миладин - Ди-митар Миладинов, односно во истата година кога се родил Григор Прличе.А и обајцата молчат и воопшто не го споменуваат капиданот Кузман и неговиот крај.Ефтим Спространов, проучувач на времето на Џеладин Бег, а со тоа и на Кузман Капидан, за крајот на Кузмана ни соопштува дека јунакот по-чинал во доцни години на смртна постела, изма-чуван цели три години.Тој си ја проколнувал суд-бината што не загинал на бојното поле, како што му доликува на еден вистински јунак. Вината за неговата смрт им ја припишува на подлите двор-ски сплетки. Народот охридски верувал дека ар-наутите блиски на Џеладин Бег, од завист и па-кост, му подметнале отров во јадењето и тој по

тригодишно тивко умирање испуштил душа. Ав-торот сепак си го поставува прашањето каков би можел да биде тој отров што може цели три го-дини да го разјадува човечкиот организам ? !И Кузман Шапкарев ја застапува истата варијанта за смртта на Кузмана- завидливите арнаути ина-ку Џеладинбегови чиновници, а Кузманови клеветници, откако не можеле да го сотрат на друг начин, прибегнале кон отровот, што така мајсторски го употребиле што и не се дознало дека е отруен, туку дека лежи многу време бо-лен, изнемоштен на постелата од болест, по три-годишно боледување умрел оплакуван и тажен од сето христијанско население.Ниту еден од посочените автори не ни го со-општуваат точното време на живеењето на Кузман Капидан.Познато е само времето на управувањето со Охрид од страна на Џеладин Бег. Некои извори тврдат дека во Охрид стапил на власт во 1794 г., некои датата ја поместуваат неколку години понапред, а го напуштил Охрид уплашен од потерата што ја испратил султанот против непослушните паши и бегови во 1830 г, и починал подмолно убиен, според едни, во гемијата на пат кон Египет, а според други на 18 август 1831 г во градот Александрија -Египет.

Дали Кузман бил само епски лик или пак вистин-ска историска личност?

Како е можно летописецот Никола поп Стефанија да не го спомене ниту со еден единствен збор ?

«Чудно е зошто Никола поп Стефанија не споме-нува ништо за овие настани во своите летопис-ни белешки.кога тие оставиле длабок впечаток кај народот така што тој го воспеал Кузмана низ цела Македонија.» -се прашува Ефтим Спростра-нов на страниците на својата позната книга.изда-дена во далечната 1893 година.Веќе споменавме дека главниот шивач и пи-сар едновремено на дворот на Џеладин Бег, Ни-кола поп Стефанија водел летописни белешки повеќе од четири децении / 1801-1843 /. Тој бил и аза / член на Митрополијата , што значи и учес-ник во сите главни и поважни настани што се слу-чувале во Охрид и околијата.во првата половина на деветнаесеттото столетие . Неговите белеш-ки подоцна се оценети како»првокласен извор за историјата на македонскиот народ», Инаку спо-менатиот Никола белешките ги водел на грчки, може да се рече лош грчки народен јазик каков што бил во употреба помеѓу трговците и поотме-ните господа од новосоздадената градска класа од тоа време.

Охриѓанецот Ѓорги Балашче, по професија исто-ричар, сосема случајно наишол на ракописни-те белешки од Никола поп Стефанија и истите ги преведува на охридски говор и во 1889 г. ги дава на печатење и објавување во Софија, Бугарија.Во предговорот на таканаречените « Охридски ле-тописни белешки «, преведувачот Балашче на-пишал : « сметам за потребно да го кажам и тоа дека едно не мошне мало количество од белеш-ките, што се среќаваат во таканаречениот кодекс, кои ми се видоа не толку важни, а пак некои и не сосема јасни, си дозволив засега и да ги изоста-вам «.

Тоа значи дека приредувачот на `Летописот` Ге-орги Балашче си зел за право , можеби поду-чен од издавачот, белешките да не ги објавува во целина ами само делумно, односно она што би било од интерес на тогашниот, пред се бу-гарски, читател . Да се потсетиме дека во вре-мето на објавувањето на Охридскиот летопис Бугарија била слободна држава , за разлика од Македонија која сеуште била во рамките на Ото-манската империја. Во изборот на Г. Балашче ак-цент е даден врз оние белешки кои го отслику-ваат и прикажуваат тешкиот живот на поробени-от и угнетуван македонски народ.Овој факт до-некаде го објаснува неспомнувањето на Кузма-на Капидан во преведените и објавени «Охрид-ски летописни белешки». За жал , ниту по цели 120 години, севкупните белешки на Никола поп Стефанија не ја виделе сеуште светлината на де-нот . Во монографијата посветена на родниот Охрид , бугарскиот историчар и академик Иван Снегар-ов поместува како прилог и неколку фо-токопии на битни грчки и турски / арапски до-кументи од минатото на Охрид. Меѓу нив , една страница се однесува и на споменуваниот Н. поп Стефанијовиот Летопис, до неодамна непубли-кувана и непреведена, на која се среќава и след-нуиот текст : «Се даде наредба од Љуман Мули-чи, азнатарот , да се соберат сите буљукбаши и од Ресен и од овде - Ѓоре синот од Кузмана, со него-

Охридски легенди

Page 25: АМАК ПРЕС 113

25

вите другари....»-1830, декември 29Со ова откритие се докажува дека на споменати-от Никола поп Стефанија му бил познат Ѓоре, си-нот на Кузмана, според тоа секако тој го позна-вал и самиот Капидан. Значи дека во 1830 година токму Ѓоре ја вршел службата на крсердар. Дали тоа значи дека Кузман лежел болен, или веќе бил починат, допрва треба да се иследува. За жал за-ради воените ветрометини , кои следеле низ по-доцнежните децении, на кои се нашле овие наши простори,оригиналниот ракопис е затурен или пак однесен , и да веруваме дека сепак некогаш ќе биде пронајден.Тогаш ќе може изворно да се расветли, не само ликот на Кузмана, ами и сиот тој период од нашата историја.

Што е она што оваа историска личност ја прави мит? Што е тоа што го инспирирал народот од него да создаде епски лик?Секако храброста, а најверојатно и историски-те прилики. По протерувањето на Џеладин Бег и превземањето на власта над Охрид и околијата од страна на претставители на Султанот и Пор-тата, животот се изменил. Незапирливото трка-ло на историјата не можело да се запре, прогре-сот навлегувал во сите пори од животот, но теш-котиите кај обичниот човек секако се зголемиле , сиромаштијата и бедата натежнале уште повеќе, грабежите продолжиле, особено меѓу незашти-теното селско население, па народниот пејач со

тага,но и со верба во скорешен спас , го воспеал Кузмана чија слава речиси ниту по двесте години не избледела !Затоа , кога поминувате кон гробот на Све-ти Климента или тврдината на Цар Самуил, ако фрлите поглед врз уличната табла, спомнете си на ликот на јунакот народен Кузман Кареман, Џељадинбегов капидан!

Владо Жура ( со голема благодарност кон Григор Ангеличин-Жура)

Охридски легенди

Page 26: АМАК ПРЕС 113

Ако не бев актер ќе бев пилот

26

ЛокалЛокалНа кафе со...

Дејан Лилиќ е еден од најпознатите актери во Македонија. Иако

релативно млад зад себе има бројни театарски

претстави во кои ги игра главните улоги. Филмските

и театарски критичари му предвидуваат светла актерска иднина и велат

дека неговите актерски способности се мерат со

оние од легендарните Ристо Шишко и Даме

Дамески. Овој период Дејан Лилиќ е актуелен

со драмската претстава “Александар“ во која тој

ја игра главната улога. Во моментов тој ги

привршува подготовките во дисциплините театар

и танц за претстојниот фестивал на кој ќе бидат

претставени сите седум уметнички дисциплини кој

ќе се одржи во Скопје од 3-ти до 12 септември

Дејан Лилиќ - познат актер во Македонија

Page 27: АМАК ПРЕС 113

27

ЛокалЛокалНа кафе со...

Релативно, млад а со солидно ак-терско искуство. Ако се наврати-те во Вашето детство може ли да се присетите кога прв пат открив-те дека кај Вас има неверојатен талент за глума, и дали онака ин-тимно претпоставувавте дека ќе станете познат и баран актер ка-ков што сте денес? Како воопшто одлучивте да станете актер?

-Беше еднаш една случка..таа се продлабочи и созреа желба-та..повеќе на опуштен, ненамет-лив пристап..и се случи тоа што се случи..и не жалам, воопшто...напро-тив ме прави среќен, ме созрева, ме подготвува...а никогаш не сум се втурнал во откривање на таков вид талент кај себе..просто ме плесна од никаде и ме поведе во некаква си детска игра..и убаво ми е..многу.. Што е потребно да поседува еден човек , за да го допре успехот во

Вашата професија, колку е по-требно тој или таа да се соживува со улогата што ја игра?-Потребно е се. И да се види и да се чуе и посебно, да се почувствува..и да си создаде ситуации и да си ста-ви бреме некакво..да навлезе се-каде и во се..да истражува..мора да бара нови нешта и да ги осозна-ва старите...за сето тоа да го вне-се во најдлабоките слоеви на еден карактер, еден лик, од неколкуте милијарди други.

Неодамна пред охриѓани и ту-ристите во склоп на фестивалот Охридско Лето се одигра театар-ската претстава “Александар“во која главниот јунак бевте ток-му Вие. Колкав Александар Ма-кедонски се крие во Дејан Лилиќ. Каков Војсководец прикажувате на сцената токму Вие? -За ова ни треба многу повеќе вре-

ме и простор, зашто темата по-влекува многу убави потпрашања, нејсе..за количеството на Алексан-дар во мене ќе зборуваме друг пат, но за количеството на човек во Александар е нешто за кое збору-ваме во претставата. Со цела него-ва интима провлечена преку јавето и сонот, проткаена со вон земски-те утописки желби. И навистина не е лесно да се биде Тој, но пак од дру-га страна, е чуден примамлив елик-сир на една вековна античка при-казна на која со задоволство и се предавам.

Со оваа претстава беше отво-рен и фестивалот на античка драма во Стоби. Пред скопјани се претставивте неколку дена по претставата во Охрид. Од каде толкава енергија, толкав елан за работа, нели Ве заморуваат многубројните ангажмани и како

ги полните батериите за нов по-четок? Заморуваат, се разбира, но има ра-боти кои пак те исполнуваат. А по-гледни го првиот одговор, ќе видиш дека заморот не е примарен кога некој други моменти се појавуваат како извор на нова енергија, знаење, усовршување.

Каква е улогата на публиката колку таа придонесува за успех на една одиграна претстава, и дали Македонците имаат чувство за актерски израз, сакаме ли ние како нација да одиме во театар?-Велат, надвор од нашите граници, дека имаме одличен театар, одлич-ни актери, затоа тврдам дека има-ме и одлична публика, поточно пу-блика со чувство за театар. Во за-висност од тоа каква продукција се нуди, така и ја едуцираме публика-та. Бидејќи таа има значајна улога

Page 28: АМАК ПРЕС 113

28

На кафе со...

во секоја претстава, прекрасно се чувствувам кога ќе видам полни са-лони во нашите театри.

Театар или филм, што префе-рирате повеќе, и која е ваша најомилена улога или претстава која сте ја одиграле?-За најомилената претстава или улога никогаш нема да можам да ти одговорам..ќе бидам неправе-ден кон останатите, згора на тоа што никогаш нема да решам..а помеѓу театар и филм дилемата е нереш-лива..различни магии се..различно си наликуваш..различно се изразу-ваш...различно се чувствуваш...

Економска криза и рецесија сека-де во секој сегмент од животот.... колку таа влијае во уметноста, и може ли добро да се живее (зара-

боти) од Вашата професија? Ако е во секој сегмент од живо-тот, мора да влијае. Но, театарската уметност ќе си остане. Многу нешта со векови не ја срушиле, една еко-номска криза ништо не и може. А дали добро може да се живее зави-си од личните кодови за добар жи-вот, материјални или духовни..до-бро треба да премериш што можеш да добиеш, а што можеш да загу-биш. Изборот на нештата секој си го прави сам.

Што е она што деновиве Ве прео-купира, на што трошите најмногу време и кој е Вашиот најдобар критичар?- Едно соѕвездие сега засега ми ка-жува многу, а јас пак му верувам. Тоа ми е најдобриот критичар. Ина-ку ги завршувам подготовките, во

дисциплините театар и танц, за претстојното биенале што ќе се од-ржи во Скопје од 03 до 12 септем-ври. Ќе земат учество околу 1000 уметници од 46 земји од Европа и Медитеранот. За првпат ќе имаме фестивал на кој ќе бидат претставе-ни сите седум уметнички дисципли-ни. Ќе биде вистинско лудило, па повелете.

Бидејќи како актер поле-ка но сигурно се качува-те кон врвот, Ве прашу-вам во што е Дејан најголем како човек? Пријателство, хуманост,смиреност, искреност....-Тоа јас нема да можам да Ви одго-ворам. Би било премногу. Но, при-знавам дека сум човек кој знае да згреши, да побара прошка и да про-сти.

Ако не бев актер, ќе бев.....- Дефинитивно пилот. Сакав најпрвин во воена флота, па во ци-вилна пловидба, а на крај завршив на даските да пилотирам во различ-ните ликови.

Каде себе си се гледате по 10 го-дини, имате ли неостварена жел-ба и кои се нештата што Вам ве прават среќен. Ма мене ситници ме радуваат. Мали нешта, а големи. Неостваре-ни желби секогаш ќе имам. Затоа и ќе уживам во животот и работа-та, остварувајќи ги. А не е лошо по десет години да се наоѓам на некое убаво острово, опколен со убавини и многу љубов.

Page 29: АМАК ПРЕС 113

4

На кафе со...

Page 30: АМАК ПРЕС 113

30

Наша гордост

Зградата која во себе ја крие музичка-та историја на стариот Охрид е еден од најубавите и најрепрезентативни објекти во градов. Некогаш од неа се слушаше

детската врева,смеа и бркотници низ училишни-те ходници, секако зачинето со преубавите зву-ци на клавирот, флејтата, виолината... Денес на-место тоа се восхитуваме на уредно накитените со цвеќиња тераси и се запрашуваме од кога по-стои оваа зграда, што се случувало во неа пред градежното претпријатие “Гранит“ да ја откупи и претвори во станбен објект.....Првото или како што охриѓани го викаат Старото музичко училиште почнало да работи во далеч-ната 1965 година во второто школско полугодие. Од наредната 1966 година во училиштето со полн фонд часови се одржуваат наставните предмети.“Како за сите така и за нас почетокот беше тежок, но лека полека работите си дојдоа на свое место. Во зградата која ја адаптиравме за настава,пред нашето доаѓање на првиот кат имаше ресторан, го држеше еден нишлија од соседна Србија. Тој беше добар, интересен човек а во ресторанот се нудеше храна од македонската и српска нацио-нална кујна. Со нашето доаѓање ресторанот се преселен на друго место а ние дотогашната сала за гости ја преградивме и од неа направивме три помали простории, односно првите училници на тогаш новото а сега Старото музичко училиш-те. Подоцна за настава почнавме да ги користи-ме и просториите од вториот кат на зградата“ се сеќава првиот директор на охридското музичко училиште, Наум Гавриловски.

Првите генерации идни музичари во старото му-зичко училиште учеле теорија на музика. Кај про-фесорите Ѓоко Илиевски и Геновева Спасоска учеле да свират клавир, Стефан Автовски и Наум Гавриловски на децата им ги откривале вештини-те на владеење на хармоника , Гавриловски сви-рел и на труба а Димче Ораче на кларинет. “Најважно од се е што и тогаш и сега во Охрид

младите покажуваат интерес за музика. Охриѓани се музикален народ. Музичкото училиште го по-сетуваат деца кои дотогаш не се запознале посе-риозно со музика, значи тие се аматери, не про-фесионалци а музичкото образование е незадол-жително. Токму затоа во процесот на музичко об-разование на децата професорот има најважна улога. Тој мора да биде умешен да комуницира со

Ако немаш пиле во срцето никогаш нема да бидеш музичар

Старото и ново музичко училиштеОМУ ''Методи Патче - денес ''

Старото музичко училиште

Page 31: АМАК ПРЕС 113

31

Наша гордост

Ако немаш пиле во срцето никогаш нема да бидеш музичардецата на начин што е интересен и прифатлив за нив, должен е часовите по музика да им ги напра-ви привлечни, и токму затоа тие со нетрпение да го очекуваат секој нареден час. Само така и сека-ко со добра дисциплина, иако реално незадол-жително во свеста на децата кои одат во ова учи-лиште, музичкото образование мора да стане за-должително“, вели Гавриловски.Во склоп на Старото музичко училиште работел и воениот оркестар од Офицерскиот дом. Овој ор-кестар во викендите одржувал мини концерти на терасите од тогаш најпознатите два хотели : Плас и Ориент.“ Долго време ни беше најавувано дека точно во таа зграда во која беше Старото музичко учи-лиште ќе се основа Академија на Уметности. За жал тоа не се случи, од необјаснети околности не дојде до тој момент .Кога директор на училиште-то беше Ѓоко Илиевски,старите мали простории станаа претесни за да ги соберат сите ученици чиј број од година во година беше се поголем. Во 1981 година училиштето беше преселено во но-вите односно сегашни простории во близина на Историскиот архив, оттогаш започнува и негова-та современа историја“, вели Гавриловски.Во просториите во кои денес работи Основното Музичко Училиште “Методи Патче“ до 1980 годи-на била сместена дуборезачката школа и охрид-ското балетско училиште . Овие две институции за жал згаснале истата година иако заедно со му-зичкото училиште биле планирани да се дел од Академијата на Уметности која никогаш не про-работела.

Интересот кај младите за изучување на музика-та и свирење на инструменти од година во годи-на е се поголем. “Годинава беа пријаени 90 нови ученици, оваа бројка е навистина многу поголема во однос на нашите очекувања“, вели актуелната директорка на ОМУ “Методи Патче“, Нина Момировска.Во новото музичко училиште има 12 кабинети за индивидуална и 2 кабинети за групна наста-ва, во кои 18 –те наставници ги учат децата да свират:клавир, виолина, виолончело,флејта,кларинет,гитара и армоника. Младите музичари она што го научиле го покажуваат на меѓународните и државните натпревари и неколкуте интерни концерти:7-мо ноемвриски, Новогодишен, 8-мо мартовски, Велигденски и Годишен. Годинава ОМУ “Методи Патче“ се закити со 19 награди од кои 5 меѓународни и 14 државни. Наум Гавриловски е првиот директор во Основното музичко училиште во Охрид. Пред реализирањето оваа функција овој професиона-лен, високо образован музичар веќе имал изгра-дено своја музичка кариера во Скопје која е по-зната и призната не само во Македонија туку и на просторот на цела бивша Југославија.„Ако немаш пиле во срцето кое ќе те поттикну-ва да учиш музика никогаш нема да станеш музи-чар“, истакнува Гавриловски кој од мала возраст свири хармоника а подоцна и труба. Иако од дете покажувал симпатии кон фудбалот, спортот оста-нува во план Б,а планот А или негова животна професија е музиката- неговата најголема љубов.

По завршувањето на Педагошката Академија во Скопје, Наум Гавриловски, шест години работи во скопската осмолетка“ Владимир Илич- Ленин“. Две години бил диригент на македонскиот хор и го формирал македонскиот оркестар. По мол-ба на Димче Маленко и тогашната градска власт, Гавриловски се вратил во Охрид и работел како професор во учителската школа а во 1965 годи-на бил избран за директор на првото основ-но музичко училиште кај нас. Директорската функција ја врши шест години. Наум Гавриловски е основач на трите Културно Уметнички Друшт-ва во Охрид, кои и денес успешно работат:КУД “Ѓердан“,КУД “ОТЕКС“ и КУД “Бисери“. Тој го фор-мирал мешаниот и камерниот градски хор. “Со камерниот хор кој имаше 28 члена госту-вавме на Балканскиот Фестивал во Грција, а со него ја освоивме и втората награда на Сојузниот хорски фестивал што се одржуваше во Цеље“, се сеќава Гавриловски. За својата работа и придонес во развојот на ма-кедонскиот музички живот, Наум Гавриловски е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои наградата,“Седми Ноември“ што ја доделува-ше Општина Охрид на заслужни охриѓани, и на-градата за животно дело “Григор Смокварски“ до-делена од тогашното Министерство за Култура. Днес Гавриловски ги ситни деновите од пензи-онерскиот стаж и ужива во друштво на сопруга-та Мирјана и синот Гоце кој сериозно тргнал по стапките на својот татко.

Старото музичко училиште сега е станбен објект со нов лик

Page 32: АМАК ПРЕС 113

32

Прашање-одговор

Прашање: Меѓу прстите од нозете ми се појави црвенило со силен јадеж, кое набрзо ми се прошири кон табаните и гор-ниот дел на ногата. Бев на преглед кај дерматолог и тој ми рече дека имам атлетско стапало, инфекција на кожата и ми одреди терапија. Ме интересира поопширно што значи тоа?

Одговор: Атлетско стапало претставува појава на габична инфекција на кожата на стапалата. Недоволната хигиена, зголемено-то потење на нозете и долготрајно носење затворени обувки ги претвораат стапалата во рај за развој на габите и доведуваат до состојба на атлетско стапало. Според истражувањата дури 70% од возрасната популација барем еднаш во текот на животот има-ле појава на атлетско стапало. Значи се работи за инфекција на кожата на стапалата предизвикана од дерматофити или габи кои имаат афинитет кон најгорниот рожен слој на кожата. Особено омилена област на овие габи се местата од нашето тело кои се топли, влажни и мрач-ни, каде што нема доволно вентилација. Едно од тие делови на кожата е просторот меѓу прстите на стапалата. Размножувањето на габите повеќе е поттикнато и од носење чорапи од синтетички влакна,обувки изработени од пластични материјали и скај или обувки кои ги ограничуваат движењата на стапалата а со тоа и вентилацијата на просторот меѓу прстите.Појавата, го добила името атлетско стапало, бидејќи е најчеста кај атлетичарите, односно спортистите кои поголемиот дел од де-нот го минуваат во патики поради што стапалата двојно повеќе потат. Габите што го предизвикуваат се пренесуваат при носење заеднички обувки , чорапи, користење заеднички пешкири и чаршафи, при босоного одење по контаминирани подови на гим-настички сали, сауни и базени. Почесто е кај мажи а зачестеноста се зголемува со возраста. Кај децата е ретко бидејќи кожата е тенка и нема развиен рожен слој. Покрај спортистите, често заболуваат и лица со ортопедски деформитети на стапалата( рам-ни стапала), слабост на крвотокот, ендокринолошки заболувања (дијабет), слабост на имунолошкиот систем, а некаде постои и генетски фамилијарни предиспозиции . Инфекцијата најчесто започнува меѓу 3-от и 4-от прст затоа што тука движењата се најмали .Кожата станува црвена, таа пече а болката е проследена со силен јадеж. Во потешки случаи кожата се задебелува, поч-нува да се лупи, се шири по работ на стапалото и на табанот (изглед на мокасина), кон петицата. Оваа е сувата форма на атлет-ското стапало. Наспроти неа, постои и влажна форма која се карактеризира со појава на поголеми или помали меурчиња кои со чешањето прскаат и оставаат влажни, црвени, соголени кожни површини на кои лесно се накалемува и бактериска инфекција ако навремено не се преземе соодветно лечење. Габичната инфекција може да се прошири и на ноктите од нозете, а индирек-тно може да се пренесе и на другите делови на телото како:ноктите на прстите од рацете, косата и други места (доколку со иста крпа се брише косата и нозете). Габичната инфекција на ноктите потешко се лекува, бидејќи терапијата е долготрајна и поска-па. Зафатениот нокт е жолт или кафеав се задебелува. Кога нозете се во чевли болката е поголема па понекогаш е неопходно вадење на ноктот. Затоа појавата на атлетското стапало треба да се третира навремено, со поставена правилна дијагноза, со ми-кроскопско испитување и ординирање на локални антиникотици а понекогаш и таблети.

Заради сето погоре кажано треба да се знаат и некои финеси за кожата на нозете:-при одржување на хигиена на нозете(миење), важно е кожата меѓу прстите да се суши.-чорапите да се памучни а чевлите кожни-да се користат препарати против потење на нозете- да не се носат исти обувки два дена по ред- сопствените, чорапи и обувки да не се даваат на користење на друго лице и да се избегнуваат контаминирани места.

ПРСТИТЕ БАРААТ РЕДОВНА ХИГИЕНА ЗА ДА НЕ СЕ ПОЈАВУВА АТЛЕТСКОТО СТАПАЛО

примариус д-р.Виолета Павлоскаспец. дерматовенеролог

Прашање: Имам 29 години и во брак сум веќе 3 години. Иако и јас и сопругот сакаме деца, немаме. Имаме редовен сексуа-лен живот но за жал јас се уште немам забременето. Пред две години се лекував од бактерија на матката, од која сум излекувана. Бевме на лекарски прегледи и јас и мојот сопруг. Резултатите на двајцата ни беа одлични. По моите це-лосни испитувања, гинекологот ми кажа дека со мене е се во ред. Тогаш зошто не можам да забременам? Одговор: За да кажеме дека кај некој брачен пар постои проблем со забременувањето потребно е да поминат 12 месеци од за-едничко живеење со редовни сексуални односи. После овој период потребно е брачните партнери да се јават кај гинеколог за да се одреди можната причина за не забременувањето. Обично е потребно еден менструален циклус за да се направат сите не-опходни испитувања и да се одреди причината. После тоа од наредниот циклус се започнува со лекувањето. Можни причини за не забременување се проблеми со јајниците, со јајцеводите, со телото на матката, со грлото на матката како и со семето на со-пругот. Инфекциите во зависност од причинителот можат во одредени случаи да направат запушување на јајцеводите. Тоа се испитува со Рентген - снимање на јајцеводите. Нервната напнатост може понекогаш да доведе до неплодни циклуси (бидејќи хормоните кои ја растат и прскаат јајце клетка се излачуваат од главата). Ако и покрај сите испитувања не е најдена причина то-гаш велиме дека причината е необјаснета. Во последно време и необјаснетиот инфертилитет се повеќе се објаснува. На пример ако има проблем со влегувањето на сперматозоидот во јајце клетка (што се открива само со специјални испитувања) можеме да преземеме соодветно лекување и пациентката да остане бремена. Други причини за необјаснетиот инфертилитет се постоење на ендометриоза - скриена болест во јајцеводите, предвремено стареење на јајце клетки, и имунолошки. Потребно е детално испитување на сите можни причини за да се дојде до правиот одговор за вашиот случај.

СТРЕСОТ И НЕРВОЗАТА МОЖНИ ПРИЧИНИТЕЛИ ЗА НЕЗАБРЕМЕНУВАЊЕ

д-р. Иво Захариевскигинеколог

Page 33: АМАК ПРЕС 113

33

Прашање-одговор

Прашање: Ве молам кажете ми зошто во лето се појавуваат вирусни болести. Во овој период од годината на ден- два сум болна и јас и членовите од семејството. Тие денови се навистина тешки, болки во стомакот, проливи, повраќање... Дали водата што ја пиеме или таа од плажите доколку ненамерно ја голтнеме се причина за појава на овие болести? Во летниот период од годината најчести заболувања се гастроентерополити односно воспаленија на дигестивниот систем, желудникот и цревата пропратени со чести повраќања,проливи и покачена телесна температура. Во лето можно е и воспаление на органите за дишење,грлото и крајниците при што се зголемува телесна температура,се чув-ствуваат болки по телото и истоштеност без проливи и повраќања.

Одговор: Овие болести се јавуваат поради температурните разлики,од ниски на високи воздушни температури, од ладно на топло. Ваквите временски промени особено негативно влијаат на хронично болните, астматичарите, срцево болните и луѓето кои страдаат од реуми. Нормално, негативно влијание на организмот имаат и UV –сончевите зраци и затоа не се препорачува излегување на сонце од 11 до 17 часот. Особено од сонце треба да се заштитуваат малите деца. Погрешно е мислењето на паци-ентите дека водата од чешмите или ненамерното голтање езерска вода е причина за стомачните тегоби, повраќањето или про-ливите. Водата не е причинител за вирусните болести. Тие се резултат на високите воздушни температури. Вирусите и бактери-ите кои ги предизвикуваат тие болести во лето многу брзо се развиваат и брзо мутираат. Затоа слабо обработена термичка хра-на, овошје или пијалаци кои се директно изложени на сонце не е препорачливо да се консумираат во лето. Не треба да се пијат и тешки алкохолни пијалаци. Доколку се одлучите за нив, изберете лесно вино растворено со вода или пиво. Пијте со мерка. Сека-ко консумирајте лесна храна која нема да биде изложена на сонце многу свеж зеленчук и овошје кои се добро измиени и прет-ходно чувани на ладно место. Пијте многу вода. Во случај на стомачни тегоби, повишена телесна температура и проливи, препорачувам пациентот да се напие таблета за намалување на температурата и веднаш да се јави кај својот матичен лекар.

ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ И ЕЗЕРСКАТА ВОДА НЕ СЕ ПРИЧИНА ЗА ПОЈАВА НА СТОМАЧНИТЕ ВИРУСИ

Прашање:Пред еден месец прв пат станав мајка. Немам искуство и затоа Ве молам, советувајте ме како правилно да го хранам моето дете, почнувајќи од 0 до 12-от месец од неговото раѓање, со цел тоа да има правилен развој на вили-цата а со тоа и на забите?

Одговор: Драги родители, Вие подаривте еден живот , остварен е вашиот животен сон, но пред вас стојат многу грижи како правилно да го негувате и храните вашето дете. Со правилна нега и исхрана , со Вашата нежност и насмевка тоа ќе порасне и биде здраво , весело и способно за живот.По раѓањето,детето треба да се храни природно, со мајчино млеко кое е идеална храна кое ги содржи сите хранливи материи, неопходни доенчето нормално да расте и се развива. Самиот акт на доење обезбедува психичка врска меѓу мајката и детето, при што овозможува правилен раст и развој. Доењето поттикнува и овозможува правилен раст и развој на вилиците. При цицањето детето максимално ги користи и мускулите на устата, го развива и органот за жвакање, при што вилиците заземаат правилна положба а тоа овозможува понатака и правилно поставување на забите. Со цицањето се зголемува лачењето на плунка која го потпомага варењето на храната. Уморот за време на доењето е корисен, овозможува добар сон.Но, кога доењето е оневозможено, за да се овозможи правилен раст и развој на органот за жвакање кај детето, треба да се ко-ристи физиолошки обликувана цуцла (во облик на дојка)и лажиче.Исхраната на мајки кои дојат мора да биде разновидна, богата со протеини, витамини и минерали. За време на доењето превен-тивата со флуор е преку мајката која прима по една таблета флуонатрил од 1 милиграм дневно. Таа ги пие таблетите за да бидат млечните заби здрави. Кога ќе престане да го дои бебето тогаш му дава по една таблета флуонатрил од 0,25 милиграми на свое-то дете. Тоа ги пие за понатака да има здрави, трајни заби.Флуорот е елемент кој се вградува во забите и ги прави да се поцврсти и поотпорни на кариес. Во овој период детето треба да спие на рамно без или на ниско перниче, за правилен развој на вилиците а и дишењето на нос. Веќе во шестиот месец на бебето во исхраната му се додаваат овошни сокови а подоцна и мешана исхрана, месо, риба, млеко, млечни производи, овошје и зеленчук.Детето на свет најчесто доаѓа без заби. Првите заби никнуваат меѓу 6-от и 8-от месец по раѓањето, а со тоа почнува и грижата на родителите. Никнувањето е физиолошки процес , но кај некои деца се јавуваат знаци на вознемиреност, нервоза, лигавење, ставање прсти или предмети во уста. Затоа треба да се внимава да не се повреди или голтне нешто. Предметите треба да бидат чисти за да не дојде до инфекција.Првите млечни заби треба да бидат никнати до првата година, а до две години и шест месеци односно до три годишна возраст треба да никнат сите 20 млечни заби.Грижата за првите заби и нивна нега прво ја спроведува мајката внимателно бришејќи ги забите и отстранувајќи ги остатоците од храна со помош на стапче со вата натопена во чиста вода.

РОДИТЕЛИ! ЗДРАВЈЕТО НА ЗАБИТЕ НА ВАШЕТО ДЕТЕ Е ВО ВАШИ РАЦЕ

д-р. Вера Наумовскаспец. по детска и пре-вентивна стоматологија

д-р. Трпко Угриноскиспец. по општа медицина

Page 34: АМАК ПРЕС 113

34

Здрав живот

Неодамнешните истражувања направени на Универзитетот во Или-ноис покажаа дека сојата

влијае на хормоните во телото, од-носно ги поттикнува да ги разграду-ваат липидите (мастите).Ова разградување на мастите дове-дува до намалување на тежината на телото.Придобивки-Помага во намалување на тежината-го забрзува метаболизмот-протеините на сојата заедно со ре-цепторите во мозокот взаемно де-луваат во губењето тежина-anorectic протеините што ги сод-ржи сојата предизвикуваат кај луѓето чувство на “исполнетост“ (си-тост)Зрната од сојата содржат некол-ку невообичаени состојки мно-гу значајни за нашиот организам. Покрај тоа што ова е единствени-от зеленчук што ги содржи сите 22 амино киселини основни за наше-

то здравје и добра состојба, сојата има и многу други придобивки вклучувајќи го и прекрасниот начин

за брзо и сигурно слабеење.Според некои научни истражувања, се докажа дека жените кои при-

менуваат некоја програма за намалување на тежината, потреб-но им е околу 100 грама протеини дневно за да можат да го надминат чувството на глад и за правилна из-градба на мускулната форма додека слабеат. Ова е важно за да не дојде до пребрзо слабеење кое преди-звикува опуштање на мускулите.Без потребното ниво на протеини при ниско калорични диети, луѓето ризикуваат да изгубат околу една половина од мускулната маса за се-кои 1,8 килограми изгубена тежина.Научниците предлагаат соја- проте-ински или соја –протеински овош-ни мешавини за консумирање како сигурен и здрав начин за постигнување на брзо и трајно слабеење.. Покрај прекрасните здрави предности на сојата, таа е и природен извор на протеини без несаканиот штетен холестерол и за-ситените масти кои се пропратна состојка на протеините од животин-ско потекло.

Сојата како средство за слабеење

Многу жени во денешно време ја бојадисуваат косата бидејќи тоа е наједноставниот начин за прикривање на белите влакна и за експериментирање. Со боење коса се поткрева нашето его, но долгите години

боење ја оштетува не само нашата коса, туку и нашите ѕидови, облека, па дури и нашите лица! Еве 4 совети за тоа како да ја бојадисувате косата...Пред да започнете со боењето, претворете го вашето купатило “во салон за убавина“. Поставете крпи на подот за да го спречи-те неговото евентуално боење и оштетување.Запомнете: отстранувањето на бојата за коса е невозможно!За да не се обоите на јаболчниците, челото и ушите ставете ва-зелин. Вазелинот е најдобра заштита за вашата кожа да не се обои.Побелената коса треба да се шиша секои 6 до 8 недели, ако по-често ја шишате косата ќе стане сува и кршлива. Ако косата Ви е оштетена набавете квалитетен регенератор или пак направете третман со масло што ќе ја обнови косата. Немојте да ја боите косата доколку на лицето имате гребнати, рани или исекотини.Не се препорачува боење на косата во првото тромесечје од бременоста, а во второто или третото тромесечје консултирајте се со вашиот лекар.Употребувајте шампони и регенератори што се на природна база а боите за коса не треба да се абразивни и отровни по со-став. За отстранување на дамки од бојата употребете бебеш-ки марамчиња. И за на крај, користете шампони и регенера-тори што се специјално направени за бојадисана коса. Овие специјални шампони не само што ќе ја заштитат бојата на коса-та, туку и косата ќе изгледа пристојно и здраво.

4 совети за бојадисаната коса

Page 35: АМАК ПРЕС 113

31

Прашање-одговор

Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобриврски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели,со најниски трошоци.

Како?Не губете го вашето драгоцено време

во размислување!Дозволете тоа да го организираат

експерти и професионалци.

Сè на едно место

ВИС ПОЈ

046 255 600www.vispoj.com.mk

Page 36: АМАК ПРЕС 113

36

Спорт

Петта година по ред престижната на-града „златна маска“ ја освојува охридскиот едриличарски клуб АМАК СП Бофор. На меѓународната

Илинденска едриличарска регата, која на го-лемиот национален празник се одржа во во-дите на Охридското Езеро пак триумфираа домаќините.

Во тридневната регата едриличарите се нат-преваруваа во пет класи почнувајќи од кла-сата „оптимист“ за најмладите, па до висока-та класа „минитонец“. Времето ги послужи домаќините, па се одржаа девет од планира-ните десет трки. Охридските едриличари се искачија десет пати на подиумот од што три-пати беа први, трипати втори и четирипати трети.

Клубот домаќин со триесет натпреварувачи ја предводеше флотата која броеше 80 натпре-варувачи со 50 едрилици, од кои 13 во кла-сата „минитонец“ која ја одбележа регата-та, разубавувајќи го македонскиот туристич-ки бисер.“ Голема чест е да се биде домаќин на ваква традиционална меѓународна манифестација со спортисти од цела Европа“,истакна дирек-торот на Агенцијата за Млади и Спорт Драган Ѓурчевски“, кој додаде дека и во иднина оваа спортска манифестација ќе биде целосно под-ржувана од оваа агенција.

По петти пат Златна маска за охридските едриличари

Page 37: АМАК ПРЕС 113

37

Спорт

Евгениј Поп Ацев од Пли-вачкиот Клуб “Студент“ од Скопје, трета година по ред триумфира на Илинденски-

от куп. Популарниот мал маратон кој годинава се одржа по јубилеен 30 пат, Поп Ацев го преплива за 26, 44 минути.

Втор на целта од патеката долга од 2,5 км од Горица до Охрид пристиг-на неговиот клупски другар Алек-сандар Илиевски додека трето пла-сиран беше Игор Дамески од Вар-дар.

Во женска конкуренција победи Ивона Младеновска од Пливачки-от Клуб “Студент“од Скопје со време 35,40 минути, второпласирана беше Сузана Арсовска (Работнички), до-дека на третото место се пласираше битолчанката Елена Ангеловска.Во категоријата под 16 години побе-ди Бугарката Симона Маринова.

Ацев и Младеновска најбрзи на Малиот пливачки маратон

Page 38: АМАК ПРЕС 113

38

Што ли е ова чудо?! Шатор ли е или стреја за за-штита од сонце, ветер или дожд? Нас ни нали-кува на првото-шатоор кој го нагрдува и така малиот градски плоштад....

Имаат ли чувство за естетика властите кои дозволиле да се постави овој објект. Знаат ли тие што по дефиниција значи плоштадот. Најверојатно знаат но истата ја забо-раваат заслепени од профитот кој имаат можност да го остварат. Старите римјани, го почитувале правилото дека на град-скиот плоштад несмее да има никаков објект. За нив како и за сите други луѓе кои ги почитуваат пропишаните пра-вила и норми плоштадот бил дел од градот кој пленел со широкиот отворен простор и служел за прошетки на луѓето. Тие знаеле дека на тој отворен простор не смее да има никаков објект и затоа уште во 59 година пред но-вата ера, Гај Јулие Цезар наредил Актите на Сенатот да се истакнуваат токму тука. На отворен простор сите да ги гледаат дневните актуелности на римскиот народ -Acta diurna populi Romani

Римјаните пред новата ера биле попаметни од нас - знаеле што е плоштад

Page 39: АМАК ПРЕС 113

Прашање-одговор

definitivno www.don.com.mk

Page 40: АМАК ПРЕС 113