АМАК ПРЕС 119

32
АМАК ПРЕС ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 119, Февруари. 2010, Бесплатен примерок СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ... Фискално-финансиска зима и понатака за Охрид

Upload: alankaou

Post on 09-Mar-2016

290 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

Page 1: АМАК ПРЕС 119

АМАК ПРЕС

ОХРИДСКИ НОВИНИБрој 119, Февруари. 2010, Бесплатен примерок

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

Фискално-финансиска зима и понатака за Охрид

Page 2: АМАК ПРЕС 119

2

Page 3: АМАК ПРЕС 119

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот

Тел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]

За издавачот:Венко Шапкар - Генерален директор;

Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска [email protected]

Технички уредник: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска

Веб уредник: Алан Каоуфото:

Александар Ковачески Никола Танчески - Коџак

Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318Петруш Јовески

Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

3

Збор на уредникот

“Многу арно, не е на арно“вели една народна поговорка. Дека тоа е така се уверив и самата. Во време кога се ми одеше од рака и ми “цветаа ружи“ на речиси секој план ,јас искусив и сфатив дека се е ништо, и ништо не е важно без сопственото и

здравјето на најблиските. Здравјето е основа на се. Не можеш да бидеш среќен ако здравје немаш. Без него нема успех на ниту едно поле, зошто иднина без здравје не може да се креира.А колку кревко суштество е човекот. Ненадејно ќе се заниша тлото под нозете и потоа...материјалното богатство е неваж-но, општествената позиција уште помалку. Тогаш важен е само животот, мој ,ваш на сите нас. Ете, тогаш сите ние сме ед-накви.Затоа најмили мои уживајте во секој миг од денот како да е последен. Радувајте се на она што само Вас ве прави среќни. Не бегајте од среќата, дофатете ја веднаш.Колкава иронија... Од една страна сведоци сме на тотална схоластика во здравството а од друга доживуваме ренесан-са во културата. Ние не сме ни свесни каков хаос и лоши услови за функционирање на здравствената дејност има кај нас. Без потребните апарати, без помагала или доволен број лекови, нашите доктори се трудат да спасат човечки жи-вот. Имено, можеби Македонија е единствената земја во светот која има само девет апарати за дишење. Замислете сите клиники во државава имаат вкупно девет респиратори за дишење, ни помалку ни повеќе. Тоа значи дека од 2 милиони и 200 илјади жители кои живеат во Македонија само деветмина се привилегирани да се борат за својот живот. А што ста-нува со другите болни кои имаат потреба од вакви помагала? И додека на клиниките во Турција или Словенија, подале-ку не мора да се оди, вработените и пациентите имаат чувство дека се наоѓаат во хотел од највисока класа, кај нас “не дај Боже“да заглавиш на Државна Клиника. “Не дај Боже“ да те затекне болест ако си “со плиток џеб“. Знаете ли колку чини кај нас една трансплатација на бубрези зад која финансиски не стои државата. Многу. А уште пострашно е кога по успешна-та операција мора да се прима терапијата во здравствени оделенија кои имаат катастофални хигиенски услови а да не ко-ментираме за друго.. Во туристички град пак, како што е Охрид жално е да нема услови за дијагностицирање на посложена болест, а знаете ли зошто, затоа што нема ниту еден “саглам“ нов апарат. Не е ли срамно среде центарот на Охрид да има-ме здравствена установа од типот на Маларична која е изградена во далечната 1927 година и од тогаш речиси и да не е об-новена. Можеби пред 83 години кога почитуваната докторка Каваева ја подигнала зградата, таа била една од најубавите. Но се си има рок на траење. Времето остава белег и на најубавото. За жал од тогаш со рака не мрдна ниту Централната ниту Локалната Власт од ова здание да направат репрезентативен здравствен објект... А за лабараторијата во Маларична нема ни да коментирам.И додека здравството ни тоне, Македонија ја доживува својата културна ренесанса. Како никогаш до сега се инвестира во културата. Така во центарот од главниот град на Македонија,Скопје, ќе видете се и сешто, многу споменици и бисти кои по ниедно правило на етика и естетика не си одговараат едно со друго. Бронзената “Скопска шмизла“,неколкуте играорци и едно цело животинско царство чинат неколку милиони евра.За схоластиката во здравството и ренесансата во културата подетално ќе читате во еден од наредните броеви на “Охрид-ските новини“. Дотогаш ве оставам во добро здравје и убаво расположение секако во рака со овој број на Охридските но-вини“ во кој Ви нудиме текстови со актуелни и интересни содржини.

Схоластика во здравството, ренесанса во културата!

Ангела Белевска[email protected]

Редовни рубрики:Наш ОхридНаши бизнисмениОбразованиеРепортажаВи најавуваме...Чест ни е...Од друг аголНаша гордостАктуелноПрашање-одговор (вие прашу-вате, стручњаци одговараат)Здрав живот Спорт

Фото Варе

Page 4: АМАК ПРЕС 119

4

Наш Охрид

Централната власт прави кочници за Охрид

Охрид не може да вле-зе во втора фаза на децентрализација по-ради опструкции од централната власт, не-

одамна изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој тврди дека Охрид, ги има испол-нето сите критериуми предвидени со децентрализацијата и заслужу-ва да е многу понапред во овој про-цес. Единствена пречка за поголема самостојност на општината е стари-от долг кој истата го има наследено од порано и од кој до сега има ис-платено две третини.

Градоначалникот објаснува дека сметката на општината е блокирана, поради заостанатиот долг кој сега изнесува околу 5 милиони евра, но и покрај бројните барања кои оп-штината ги упатила до Владата, таа не сакала да излезе во пресрет.-Покрај тоа што не ни дава заем, како што им даде на некои други оп-штини, како што е на пример Киче-во, централната власт не сака да ни даде ниту одобрение за да земе-ме кредит, за да го вратиме стари-от долг. Ние сме финансиски спрем-ни да ја плаќаме ратата на кредитот, но само ни треба едно обично одо-

брение, другите обврски ќе си оста-нат наши. Според мене, ова што и го прават на нашата општина е чи-сто политичка пресметка, што не е во ред ниту за Охрид ниту за самата држава, вели Петрески.

Според него Локалната Самоупра-ва со свои сили ќе може да го испла-ти заостанатиот долг најдоцна до септември, но за тој период Охрид може да изгуби многу. Покрај тоа што не може да донесе ниту еден странски инвеститор,општината не може да аплицира ниту за проекти и средствата од меѓународни фон-

дови за развој. Тоа се должи на фак-тот што општината нема надлежност врз државното земјиште, чија што сопственост треба да ја добие во втората фаза на децентрализација. Според Петревски , доколку цен-тралната власт и понатаму нема да покаже слух за Охрид, тој ќе пре-земе дополнителни мерки и ќе ги информира сите амбасадори во Македонија за односот на Владата врз една од најзначајните општини во државата.

Page 5: АМАК ПРЕС 119

5

Наш Охрид

Локалната самоуправа од Охрид ќе издвои околу 2,5 милио-на евра за реконструкција на локалните патишта и улици во селата. Реализацијата на овие проекти, според развојните програми на општината, треба да заврши до 2012 година.

Најголем дел од парите ќе се потрошат за асфалтирање улици и па-тишта во село Лескоец, или околу 700.000 евра. Од нив околу 600.000 евра ќе бидат наменети за поправка на локалниот пат од селото Леско-ец до црквата „Св. Богородица“ во село Скребатно, а околу 100.000 за асфалтирање на улиците во селото.

За обновувањето на патот до селото Велестово Општината ќе из-двои околу 320.000 евра. Значајна сума ќе биде потрошена и за реконструкција на патот од булеварот Туристичка, преку селото Ор-ман, до селото Лакочереј и патот во делот од Прентов Мост до селото Куратица. За реализација на овие два проекта планирани се вкупно 390.000 евра.

Се планира поправка и на патишта до селата :Велгошти, Елшани, Свињишта, Рамне и Завој, а ќе бидат асфалтирани и селските улици во Росино, Подмоље, Љубаништа, Сирула, Орман, Трпејца како и повеќе мостови.

Министерство за транспорт и врски во најголема мера ќе ги финанси-ра овие проекти,односно преку заем од Светска банка, а останатиот дел ќе го обезбеди Републичкиот фонд за патишта.

Нови патиштата до охридските села

До 2012 година

Page 6: АМАК ПРЕС 119

6

Наш Охрид

Министерството за култура донесе го-дишна програма за остварување на на-ционалниот инте-

рес во културата за 2010 година, во која се опфатени и културните уста-нови во Охрид. Средствата се обе-збедени од буџетот на Република Македонија и се распределуваат по дејности. Во делот на издавачката дејност ќе бидат издвоени финан-сиски средства за манифестацијата «Поетска ноќ во Велестово». Парич-ни средства ќе би-дат одобрени и за Национална Уста-нова Библиотека «Григор Прличев» за збогатување на книжниот фонд, за заштита на движ-ното културно на-следство (одно-сно библиотечни добра). Понатаму, дел од средства-та ќе бидат наме-нети за културна-та манифестација «Прличеви бесе-ди - охридска визи-та». Пари ќе бидат обезбедени и за заштита на движ-ното културно на-следство - Охрид низ слики, за ау-диозаписите на роднокрајните автори, за опремување на библиотеката со ви-део бим и изработка на веб - стра-ница, како и за културни актив-ности. Во областа на фолклорна-та и сценско - уметничката дејност, парични средства ќе бидат до-делени и за НУ Центар за Култу-ра «Григор Прличев», за Охридски-те старо градски средби, за кул-турната манифестација «Алексан-дар Македонски» на ансамблот за народни песни и игри «Бисе-ри», како и за културно - уметнич-ките друштва «Гоце Делчев» од Во-лино, «Охриѓанка» и «Македонка» од Охрид. Во рамките на ликовна-та и галериска дејност средства ќе

бидат обезбедени за Заводот за за-штита на спомениците на култура-та - Охрид и за Центарот за култу-ра за самостојни и групни тради-ционални изложби, како и за умет-ничката колонија «Дебарца». Мини-стерството ќе издвои финансии и за фестивалот «Охридско лето», за меѓународната ПЕН - конференција во Охрид во организација на ПЕН - центарот на Македонија, како и за Балканскиот фестивал на народ-

ни песни и игри во организација на Центарот за Култура од Охрид. Пари ќе има и за конзервација и реставрација на ракописот од апо-стол од 13-тиот век, на ракописот «Посен и цветен триод», како и за заштита на текстилни етнолошки предмети, за презентација на кошу-лите и покривалата за глава од ет-нолошката збирка на Национална-та Установа Завод и Музеј - Охрид. Конзервирани ќе бидат дрвените етнолошки предмети од покуќнина, земјоделство и слично. Ќе се дадат и средства за презентација на кили-ми од етнолошката збирка на Заво-дот откупени во 2009 година, како и

за претставување на црквата «Свети 40 Великомаченици» во Охрид. Ќе се инвестира и во истражување на фрескописот од 15-ти до 19- ти век во Дебарца и селските слави во одредени села, а ќе се спроведат и истражувачки активности на Охрид-ското Езеро, на локалитетот «Сара-иште», како и подводното депо на оружје и во работилницата за рач-на изработка на хартија «Свети Кли-

мент Охридски». На сметката на За-водот за заштита на споменици ќе има пари и за заштита на недвиж-но културно наследство, а во про-грамата за инвестиции ќе биде за-стапен и Центарот за Култура, каде ќе бидат набавен лап топ, стати-чен компјутер и видео бим, опре-ма за озвучување и осветлување, како и проекционо платно. Во делот на музичката и музичко -сценска-та дејност, за фестивалот «Охрид-ско лето» е определена котизација и членство во Европската асоцијација на фестивалите и учество на Гене-ралното собрание на Европска-та асоцијација на фестивалите во

Гент, Белгија. Финансиска поддршка е предвидена и за учество на прет-ставници на «Охридско лето» на манифестацијата «Музички и балет-ски педагози на Македонија», како и на меѓународниот натпревар за млади музичари «Охридски бисе-ри». Ќе биде определена котизација и за национален и меѓународен нат-превар во Германија, а ќе се финан-сира и организацијата и учеството на европски концерти во Словенија,

Украина и во Лук-сембург и на гене-ралното собрание на Европската Унија за интернационал-ни натпревари за млади музичари во Холандија. Со годишната про-грама се утврду-ваат програмите и проектите што се од национален ин-терес во култура-та во рамките на средствата опреде-лени во целосно-то и континуира-но остварување на дејноста на наци-оналните устано-ви, како и рамно-правна положба на сите субјекти неза-висно од правни-от статус, етничка-та или друга при-падност под еднак-ви услови утврде-

ни согласно со за-кон. Согласно со законот за култу-ра, правилникот за критериумите на финансирање на програмите, одно-сно проектите по одделни дејности на културата и правилникот на еле-ментите што треба да бидат сод-ржани во програмите и проектите од национален интерес во култура-та, стручни и компетентни комисии направија избор од програмите до-ставени на конкурсот во 2009 годи-на, врз основа на кои е утврдена Го-дишната програма за остварување на националниот интерес во култу-рата во 2010 година.

Министерството за култура ќе го финансира секој културен

настан во Охрид

Page 7: АМАК ПРЕС 119

Трет Саем за туризам во Охрид

Охрид по трет пат беше домаќин на Саемот за туризам на кој беа презентирани маке-донските туристички

атракции, традиционалната кујна автентична за нашето поднебје и сортните специфични вина. На оваа меѓународна манифестација темел-но беа обработени многу теми, има-ше плодна работа, се зборуваше за недостатоците кои најитно треба да се санираат во следниот период, се со цел за привлекување на што по-голем број на странски туристи Годинешното саемско издание има-ше сосема поинаков концепт од ми-натите две. Целокупната Македон-ска туристичка понуда беше пре-зентирана пред странските туропе-ратори. но во исто време и нашите домашни туристи имаа можност да

видат кој дел од нашата земја, кои туристички атрактивности ги нуди. Потпишани се повеќе меморанду-ми за соработка меѓу Стопанската комора за туризам и Асоцијациите за туристички агенции, се очеку-ва оваа соработка да биде конкре-тизирана, да се реализираат повеќе туристички аранжмани, се со цел за привлекување што поголем број туристи, вели Зоран Стрезовски, ди-ректор на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот. «Саемот го посетија околу 10 000 граѓани, а беа присутни 24 туро-ператори од повеќе асоцијации на туристички агенции од Израел, Турција, Албанија, Бугарија, Србија, Италија, Словенија и Унгарија што мислам дека по сите наши анализи кои сега ги правиме, слободно мо-

жеме да речеме дека саемот заврши успешно. Исто така она што беше куриозитет оваа година, е по прв пат организираниот фестивал на плашица каде се нудеа гастрономии од риба»-потенцира Стрезовски Форумот за туризам навистина ја реализира својата цел, бидејќи те-мелно обработивме многу теми, имавме плодна работа, зборувавме за недостатоците кои најитно тре-ба да се санираат во следниот пе-риод, се со цел за привлекување на што поголем број на странски ту-ристи. Крајниот заклучокот за сае-мот е дека ваквиот концепт на ис-тиот треба да продолжи да се негу-ва и во иднина. Големиот број на го-сти навистина задоволни си зами-наа со големи импресии, дополнува Стрезовски.

Прв фестивал на плашица

На првиот фестивал на плашицата што се одржа во рамките на Саемот за туризам во Охрид, учествуваа 20-тина рибари од поширокиот реги-он кои подготвија рибна чорба, по-знат охридски специјалитет, улове-на на натпреварот што се одржа ден пред саемот. Овој специјалитет ри-барите го подготвија неколку часа пред отворањето на саемот за тури-зам пред ресторанот ''Парк''. Вкус-но подготвената рибна чорба потоа беше дегустирана од страна на по-сетителите на саемот, заедно со дру-гите специјалитети од риба.

Изградбата на дом за ста-ри лица е дел од годи-нашната програма за социјална заштита на Општина Охрид, но се

уште не се знае дали ќе има довол-но пари за да се изгради. Од Општината велат дека од буџетот за 2010 година за оваа намена се планирани околу 65.000 евра, но овие пари не се доволни. За ком-плетна реализација на проектот

за изградба на ваква установа по-требни се многу повеќе пари, кои ќе треба да се обезбедат од дона-ции. Покрај најавите од швајцарски донатори, од Општината го наве-дуваат и Министерството за труд и социјална политика како можен фи-нансиски реализатор на изградбата.- Со проектот за изградба на до-мот за стари лица имаме аплицира-но и во надлежното Министерство, но се' уште немаме одговор дали ќе

издвојат пари за оваа намена - ве-лат во Општина Охрид.Според урбанистичкиот план, пред-видено е домот за стари и изнемош-тени лица да биде изграден во на-селбата Далјан, каде што општина-та располага со сопствено земјиште. Според првичните планови, тој нема да функционира како болница за геријатрија, туку само како уста-нова за згрижување стари лица со постојан престој. Освен на стари-

те лица од Охридско, овој дом ќе им биде достапен и на старите лицата од целиот Југозападен регион.Потребата од изградба на дом за стари лица неколку пати ја актуели-зираше и Здружението на пензио-нерите од Охрид. Тие сметаат дека ваква установа му е неопходна на градот.

Охрид ќе гради дом за стари лица

7

Наш Охрид

Page 8: АМАК ПРЕС 119

8

Економија

ЕВН исклучува струја и за една неплатена сметка од 2 000 денари. Без никак-ва претходна опомена, де-новиве дел од граѓаните се

непријатно изненадени кога пред куќната врата наоѓаат вработени од ЕВН со налог семејството веднаш да биде исклучено од електрично-то напојување, затоа што не плати-ло една односно последната при-стигната сметка за струја. Не стивну-ваат поплаките на охриѓани за не-коректниот однос на компанијата кон своите потрошувачи. Во услови на сиромаштија, кога платите речи-

си секаде доцнат, а граѓаните едвај сврзуваат крај со крај ЕВН изнаоѓа дополнителни начини за собирање на екстра профит -обвинуваат граѓаните. Покрај основниот долг впишан во сметката, се наплатува-ат и затезни камати и дополнителни 800 денари за приклучок. Граѓаните неодамна се жалеа и на ненавреме-ното доставување на сметките и ја обвинија компанијата за кражба.“Сметките за струја, вода, телефон до пред една година никогаш не се носеле пред 15-ти во месецот. Јас повеќе години работев како книго-водител и знам дека за секоја смет-

ка има рок на плаќање во период од осум дена. Тоа значи дека дистри-бутерот треба сметката да ја доста-ви до потрошувачите до осми а не на 17-ти или 18 во месецот како што е практика кај нас. Од 15-ти до де-нот кога ја плаќаш сметката ЕВН ти зарачува затезна камата. Нависти-на не знам зошто нашава Влада или некој друг, не преземат нешто про-тив ваквото монополско работење на дистрибуција“,вели охриѓанката Златана Николоска револтирана од високата цена на електрична-та енергија и лошата политика што ЕВН ја спроведува кон граѓаните на

Македонија Покрај енормно високите смет-ки за електрична енергија кои ги наплатува компанијата монопол, граѓаните останаа и смрзнати и со празни џебови. Од компанијата ве-лат дека ќе се исклучуваат сите ко-рисници кои имаат долг над 2 000 денари. А можно ли е сметката за струја во зимски услови да биде со помал износ од споменатиот?, пра-шуваат охриѓани. Тие бараат од ЕВН, да ги почитува правата на своите потрошувачи, да се однесува пото-лерантно кон нив и да се придржу-ва кон законските норми.

Се исклучува струјата и за една неплатена сметка!

Низок животен стандард и енормно висока цена на електричната енергија. ЕВН безмилосно ги “бриче“ граѓаните.

Нови чартер летови на релација Холандија - Македонија ќе се воведат од 29 април годинава. Летовите ќе ги спрове-дува „Трансавиа“, фирма -ќерка на холандскиот превоз-ник КЛМ.

Како резултат на договорот меѓу „Трансавиа“, холандско- македон-скиот тур-оператор „Каратанова -турс“ и аеродромот „Шифол“ во Амстердам, летовите ќе се реализираат од Амстердам до Скопје и Охрид најмалку еднаш во неделата во периодот од април до октом-ври годинава. Со ова Македонија ќе биде на двоиполчасовно растојание од „Шифол“, еден од најголемите транзитни аеродроми во светот. Од Амбасадата на Кралството Холандија, од каде што ин-формираат за оваа иниција, истакнуваат дека покрај збогатувањето на понудата на одмори за холандските туристи, еден од главни-те ефекти на иницијативата ќе бидат и зголемувањето на македон-скиот туристички потенцијал и зајакнување на конкурентноста на Македонија на меѓународниот туристички пазар.

Амбасадата најавува дека група од 30 холандски туристички опера-тори и новинари ќе ја посетат Македонија наредниот месец за по-блиску да се запознаат со нејзините убавини и да им ги претстават на холандските туристи.

Според информациите од Државниот завод за статистика и Народ-ната Банка на Македонија во 2008 година се реализирани 587.447 ноќевања од странски туристи, со што е остварен приход од 166,9 милиони евра. Проценетата бројка на ноќевања од холандски тури-сти во 2008 година е околу 15.000 и бележи постојано зголемување.

Чартер летови од Холандија до Охрид

Page 9: АМАК ПРЕС 119

9

Интервју

definitivno www.don.com.mk

Page 10: АМАК ПРЕС 119

10

РАНИТЕ ПОЧЕТОЦИа. детски години“Почетоците на мојата поврзаност со Радио Охрид датираат од многу одамна, речиси од мали нозе, всушност уште со самото основање .Во 1958-та година Радио Охрид почна да снима ра-диоемисии за деца во Работничкиот Универзитет. Стануваше збор за детски приредби во кои уче-ство земаа децата кои присуствуваа во салата. То-гаш како дете првпат бев поканет јавно да изре-цитирам една песничка или стихотворба. И денес паметам во кој ред се наоѓаше столчето на кое јас

што седев, но името на песничката не го паметам. Водител на манифестацијата беше Видое Видиче-ски. Всушност тоа беше мојот прв контакт со под-вижното студио на Радио Охрид. Од тогаш моите посети во овој медиум зачестија. Во 1959-та годи-на станав член на дилетантската детска драмска група со која спремавме едночинки и радио пие-ски на кои Видое Видически беше режисер а Ан-дон Стрезоски снимател. Добро се сеќавам дека снимањето беше зимски период. Јас бев настинат, се закашлав па поради тоа 10-ината дечиња мо-раа одново да ги снимаат репликите од пиеската, зашто техниката беше примитивна. Тоа беа моите први контакти со Радио Охрид кога и се роди и за-темели љубовта кон овој медиум. Всушност во тој

Целиот работен век врзан за Радио Охрид

Чест ни е...

`Ерколку да бидит чоек шоп и нечесен, пак таткојната му је најмила на векот. З`шчо тат-ко имаме еден, а таткојната је ногу таткој. Мајка имаме една , а таткојната је иљади мајки.

Братја имаме пет али десет , а таткојната је небројани братја. Еден чоек шчо не си је мил-вит таткојната појке од татка и мајка и појќе од себеси, тој не можит да бидит чесен чоек!`

- запишал премудриот наш беседник Прличе

ВЛАДО ЖУРА -хроничар на охридското време

Владимир Ангеличин-Жура, како име и презиме ми биле одамна познати од кажувањата на мо-ите родители. Иако тогаш бев дете можев да го проценам квалитетот зaшто уште тогаш во малата детска глава правев слика за древ-ниот Охрид слушајќи го на брановите на Радио Охрид циклусот најубави снимени радио еми-сии досега сега веќе култната“Реликвија“, или гледајќи ги бројните телевизиски докумен-тарни филмови за Охрид во кои учествуваше токму тој, Владо Жура. Господинот Жура лично го запознав пред неце-ла една година кога и започна неговиот рабо-тен ангажман во Охридските Новини каде ток-му тој ја пишува рубриката Охридски Леген-ди. Верувам дека и вие ќе се согласите со мене оти подобар познавач на охридското време од него нема и дека токму поради тоа Охрид-ските Легенди, што тој ги пишува се едни од најчитаните страници во овој медиум...Беше топол јунски ден а јас и чичко Владо се договаравме околу темата за првиот негов текст кој требаше да биде објавен во ова спи-сание....“ Дојди и погледни го езерото и целиот град од тука. Ова е невидена убавина, мелем за душата“, ми дофрли Жура излегувајќи на тера-сата од својата семејна куќа на Калето под Са-муиловите тврдини.Секој оној што се родил и имал среќа да живее во ваква божја убавина, има не само привилегија ами и должност да си го сака и да се гржи за своето родно место!- ми рече во таа прогода.-Не сум погрешила во изборот, тоа е вистин-скиот човек, хроничар на охридското време, кој ќе има што да им каже, а и на свој посебен на-чин да ја излее сета своја љубов кон минатото одлично и не само да предизвика интерес ами и да всади гордост во срцата на читателите - си помислив тогаш. Тој е тотален вљубеник во Охрид....А нема поголема чест од таа да се седи спро-ти повозрасниот и доста искусен колега и да се слуша неговата животна приказна. Неговиот работен век целосно врзан со дејноста на Ра-дио Охрид.

Page 11: АМАК ПРЕС 119

11

ЛокалЛокалЧест ни е...

миг беше предодреден мојот професионален жи-вотен тек, односно да се посветам целосно на но-винарството“, се сеќава Жура, кој од раната мла-дост покажува интерес за дискофилството а дру-гарите од детството паметат дека тој од секогаш купувал , па дури и набавувал од странство гра-мофонски плочи и станал познат колекционер. Дел од нив и денес ги има во архивата на Радио Охрид.. било како стара грамофонска плоча, лен-та, касета...носач на запис, звук! “Јас бев љубопитно дете. Често одев во студио-то на Радио Охрид .Ги разгледував грамофонски-те плочи, големи ...графитни. Анализирав како излегува звукот. Тогаш се роди желбата во мене и јас еден ден да имам дома голем грамофон на кој ќе ги слушам моите грамофонски плочи. Така се роди идејата да си направам своја колекција од плочи. Тогаш бев дете на 12 години. Така поч-нав да се занимавам со дискофилство а плочи-те во тоа време беа реткост не само во Охрид туку и во другите градови низ Македонија. Како дете со родителите живеев во станбениот ком-плекс во близина на хотелот Палас и имав мож-ност да контактирам односно да ширам познан-ства со врсници деца од бројни туристи кои во него престојуваа. Благодарение на контактите со-лидно ги совладував странските јазици -францу-скиот, италијанскиот, англискиот јазик. ...На тој на-чин почнав да се допишувам со мои врсници од странство со кои разменував грамофонски плочи и така набрзо станав познат колекционер. Мојата колекција се разбира беше целосно ставена на располагање и на Радио Охрид, а со тоа споделу-вана и со сите радио слушатели.“ Посериозните ангажмани на Жура во Радио Охрид започнуваат во 1961 година. Најпрво бил музички соработник на младинските емисии кои ги раководел Сталин Лозановски . Наредната го-дина почнал да пишува по некој новинарски текст а тогашен уредник на младинската емисија била преранопочинатата Татјана Бафчанџиева. Кога Татјана го напушта уредничкото место заради заминување на студии во Скопје, на нејзино ме-сто е поставен Жура. “Во тоа време, значи 60-те години од минатиот век претежно во мода беа италијанските и мекси-канските песни, но ние се трудевме преку музич-ките желби на помладите слушатели да делува-ме едукативно. Но, сепак ќе кажам дека најмногу се слушаа италијанските канцони, особено оние “belcanto“, макар што свој пробив тогаш правеа и младите `urlatori` на чело со Мина и Челентано. Имаше и француски хитови а и поп музиката го пробиваше својот пат до слушателите. Во тоа вре-ме англиската музика се уште не беше застапена на програмата на тогашните радија кои беа мно-гу ретки. До 60- те години на минатиот век грамо-фонските плочи беа графитни, а веќе од 61- та го-дина тие беа мали, пластифицирани. Подоцна из-легоа long play односно долго-свиречките плочи.“

б. момчешка возраст - младинска програма, прв радио ди-џејПристап во младинската емисија имаше секој младинец кој имал радиофоничен глас и интерес да пишува и зборува пред микрофон .

“ Во редовен работен однос во радиото беа мал-кумина, а ̀ хонорарци` за скромен надомест од оп-штинската младинска организација работеа пред мене Ванчо Котлар, Сталин Лозаноски , Татјана Бафчанџиева...а некаква хумористична емисија водеше и покојниот Максим Стрезоски кој има-ше и свои соработници. Всушност тоа беше време на себедокажување. Тогаш имаше многу натпре-вари односно емисии од типот на “Микрофонот е ваш“ и “Вие пред микрофонот“. Се јавуваа мла-ди таленти, наши сограѓани како Косте Маркулев кој беше ракометар а постигна голем успех и со песната “Послушајте ме другари“, која по една две децении стана голем хит под името “Послушајте патриоти“. Се сеќавам и на една девојка Арсе-на Ристеска која прва ја запеа песната “Ќе ме гра-бит Нане“, тоа беше голем успех. Во тоа време и Елеонора Чекреџи направи незаборавен успех кога за прв пат ја отпеа “Параходот ми пристиг-на “, која последниве години имаше едно ре изда-ние. Се сеќавам и на покојниот Стефан Курте еден од синовите на некогашните чалгаџии од Куртев-ци. Тој ја пееше убаво песната “Фанче ојде во Ка-лишча“.Свои обиди имае и Стевчо Спростран, Ѓорѓи Василески-Дајо, Љупчо Константинов... и многу други луѓе кои пееја мексикански а подоц-на и помодерни песни. Потоа се појави рокенро-лот кој претежно се превземаше од италијанската естрада . Соработници во младинската и музичка емисија беа и сите надарени талентирани деца од средните училишта кои пишуваа поезија.“Во охридското радио, Жура бил главниот набаву-вач на грамофонски плочи, и секако ленти од `по-големиот брат` Радио Скопје, што сведочи дека бил и најдобриот познавач на тогашната музика и највештиот критичар на изведувачите. “Тогаш музика емитувавме од плочи. А плочите беа онолку колку што тогаш се нудеа на пазарот. Претежно изведувачите беа од Србија и Хрватска , а имаше и од Македонија. Нашите претежно пееја народна музика а малубројни беа оние кои изве-дуваа македонска забавна музика поради тогаш-ниот комерцијален неинтерес на југословенскиот пазар. Тоа значи дека ретко кој се осмелуваше да сними плоча со забавна македонска музика. Само Радио Скопје имаше своја продукција на забав-ни мелодии. Благодарение на разбирањето на то-гашниот директор на Радио Охрид, Живко Димо-ски, одев во Скопје и со тамошните вработени снимавме по една -две ленти кои не беа довол-ни за да се исполни целата програма на Радио Охрид. Од 1964 година почнаа да се слушаат и „Бит-лси“, “Ролинг стоунс“, “Енималс“ кои ги преплаву-ваа светските топ листи, кои штотуку се воведу-ваа. За жал кај нас нивните плочи не се печатеа

и се снаоѓавме со разменување. Плочите беа ска-пи но вредеа да се купат затоа што ја збогатуваа радио програмата, а со тоа и слушаноста. Би са-кал да споменам дел од луѓето кои ни помагаа во подготвувањето на музичките емисии како: Славко Упевче, Владо Тунте, Славче Тасеска, Вла-до Матјан, Андон Групче, Јово Патче,Вскре Баше-ска, Георги Хаџиев и многу други. Се трудевме да имаме квалитетна музичка програма. Пуштавме и џез музика. Кога се отвори фестивалот “Охрид-ско лето“ пуштавме и по некоја омиленаоперска арија од Калас, Џиљи, Тебалди...“

НОВИ ИСКУСТВА СИЛЕН ПОТТИК ЗА НОВ ЕНТУЗИЈАЗАМВо 70-те години на минатиот век В.Жура заминува во Холандија каде престојува една година, а отсу-ството од родната земја го убедува во едно, дека поважно од `таткојната` нема. Сите треба да си ги познаваме сопствените корени од деда и праде-да, да си го знаеме минатото и да го прикажуваме за другите да нè почитуваат нас. По враќањето од Холандија за Владо Жура за-почнува најплодниот работен период во Радио Охрид.“Во 70- те години на минатиот век јас решив да заминам во странство за да го запознам све-тот. Заминав за Холандија, земја која во тој пери-од беше мост кон Англија, Германија и Франција. Една година бев отсутен од земјава а со тоа и од радиото со кое не ги прекинав контактите . И во Холандија работев како новинар, односно бев социјален работник за македонските работници на територијата на целата земја, а соработував и со тамошните локални весници. Секојдневно па-тував и имав одлична можност да ја зголемам својата колекција на грамофонски плочи. Кога ко-нечно се вратив од Холандија на аеродромот ме пречека цела делегација од радиото а по некол-ку месеци добив работна понуда за постојан ан-гажман во овој медиум. Тоа беше пролетта, 1971 година. Од тогаш почнува мојот најплоден пери-од во Радио Охрид. Бевме мал колектив со мно-гу работни обврски. Љупка Димоска ја доставува-ше поштата и ги пишуваше материјалите. Имав-ме двајца спикери Елеонора Чекреџи и Цветко Божиноски . Мака мачевме со техничари, откако замина Амет Бајрам. Долго време ни требаше да ги најдеме вистинските , често се менуваа се до доаѓањето на Гоце Крстаноски, кој и се пензио-нира како техничар . Директор беше Живко Ди-моски . Точно не се сеќавам на сиот новинарски кадар. Нè имаше повеќе ама постојано се мену-ваа...Во 1974 година јас заминав да го отслужувам воениот рок ...и тогаш , за време моето отсуство )се случија политички превирања на општинско ниво.

РАДИО ОХРИД, ЕЗЕРСКИ ГЛАС, КНИГОИЗДАТЕЛСТВОПочесто имавме надворешни соработници, како

Page 12: АМАК ПРЕС 119

12

што беа Благо Војдан , Димче Маленко, извонред-ниот Милчо Балески, Љубен Батко, Цветан Стефа-нов, Наум Целакоски, Живко Георгиевски.... Како што кажав бевме мал колектив па затоа секој од нас имаше по неколку работни обврски. Јас бев и музички уредник, што подразбираше избор на музика за целата недела, средување на дискоте-ката и фонотеката. Еден период бев и админи-стратор и благајник а работев и како новинар односно следев дневни настани и случувања, но не ретко знаев да заменам и колега од тех-никата...па дури и да застанам пред микрофо-нот и да читам`поздрави и честитки`! Според-на дејност ми беше саботната емисија `Од мина-тото на градот и околината` а како новинар пра-вев интервјуа со врвни уметници кои настапуваа на фестивалот Охридско Лето и на Струшките Ве-чери на поезијата и низа културни настани со кои обилуваше Охрид през летните месеци. Сега, ми се навраќаат спомени за бројни средби и разго-вори со познати општественици како Киро Глиго-ров, тогашен претседател на Собранието на СФРЈ, па Илија Џувалекоски , извонредниот актер но и прв радио спикер кој од Русија во етерот за прв пат проговори на македонски јазик уште во те-кот на Втората Светска војна. Го интервјуирав и Благој Дрнков, кој ги овековечуваше убавините на Охрид пред и по Втората Светска Војна, а да не ги споменувам врвните лица од светската музичка сцена и домашната (екс-ју)естрада . Интервјуа не правевме само со познати личности туку и со луѓе од секојдневието, со гости и туристи кои доаѓаа во Охрид. Се сеќавам на интервјуто што го напра-вив со Мари Терез која беше турист и повторно дојде по 10 години кога веќе не можеше ни да ги види трагите од `чајничето` односно некогашно-то охридско вовче. Имаше еден Холанѓанец, се викаше Теодор Јакобс. Тој и покрај годините што ги носеше односно имаше навлезено во осма-та деценија од животот беше пасиониран рибо-ловец и дошол во Охрид поради тој спорт. Напи-сите што ги пишував и разговорите што ги водев-ме беа интересни за слушателите, бидејќи тие от-криваа камче по камче од мозаикот што го сочи-нува и сочинувала живеачката тука, во Охрид, и беа поврзани со вистинскиот живот. Јас секогаш

ќе се сеќавам на малиот црковен хор, чии члено-ви беа повозрасни жени, домаќинки предводе-ни од Андон Кољуши. Тие во црквата Св. Варвара покрај црковни песни пееја и литургии компони-рани од Рахмањинов . Тогаш, во тој мал простор, ми прозвучија вонземно убаво...почиствував гор-дост и милина како да сум во најубавата концер-тна сала на светот! Радиото беше отворено како за врвни политичари и уметници така и за обич-ни луѓе од секојдневието.“

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ОХРИДСКАТА СТАРОЗАМАНСКА ПЕСНА

Најпрво Радио Охрид било сместено во просто-риите од Домот на Културата односно во рам-ки на Работничкиот Универзитет .Потоа рабо-тело самостојно во просториите над книжар-ницата “ Култура“, среде главната чаршиска ули-ца .“Тука беше и студиото кое подоцна се одвои и се наоѓаше во едни несоодветни простории на горниот кат во старото кино “Охридско Езеро“, кое се наоѓаше во Карабего маала. Редакцијата и понатака си остана над книжарницата “Култура“. Тоа беа несоодветни услови за работа. Во прва-та половина на 70-те години од минатиот век од Доброволното Противпожарно Друштво добив-ме простории во сегашната матична служба на Противпожарната професионална единица. То-гаш се прошири редакцијата а исто така и студи-ото кое имаше и просторна спикерница . Имаше доста голем простор за работа, за манипулација. Тогаш се роди благородна идеја да се обноват

трубадурските записи. Видете, последната тајфа охридски трубадури(онаа на Климе Садило) која е и последна чалгаџиска тајфа на Балканот згас-на на крајот од 50-те односно на почетокот од 60-те години на минатиот век. Четворицата умет-ници сите заедно имаа некаде околу 300 години. Најмлад беше Ѓоре Чочек, Садило имаше 81-82 го-дини. Интересен куриозитет беше што двајца од трите виолинисти свиреа со лева рака. Тие звуци што ги доловуваше гудалото во допир со струните на ќемането , не може ни професионален музичар да ги изведе. Во својот репертоар оваа тајфа има-ше над 500 песни. Музичката група свои настапи имаше во Бугарија, Србија и низ цела Македонија. Тоа беа музичари кои свиреа и на свадби, значи репертоарот им беше разновиден. Покрај патри-отските и песните во кои се опеваше градскиот живот имаа и песни за старото охридско време за далечното минато. Репертоарот им беше богат и за жал од него остана само мал дел сместен на една long play плоча со 4-5 песни. Плочата е из-дадена во Бродвеј – Америка. Една сингл плоча со песните за Фросина и Деспина и Калајџиското оро беше издадена од“ Југотон“- Загреб , а исто така неколку аматерско снимени записи имаше и во Радио Охрид. Дел од тие записи ги правеле етнографите од НУ Завод и Музеј, дел со прими-тивни магнетофони ги снимиле група Холанѓани , а дел од снимките поседува Заводот и Музеј и Радио Охрид. Мене ми беше позволено од тогаш-ните етнолози Виктор Плевнеш и Абдухак Салих да преснимам дел од фонотелниот материјал . Лентите беа во лоша состојба , па со селотејп ле-певме парче по парче за да станат употребливи не заради емитирање ами идно регенерирање на подзаборавените песни. Од друга страна пак

продукцијата што ја имаше Радио Скопје ја сочи-нуваа песни кои беа многу видоизменети и отста-пуваа од изворните песни што се пееја во Охрид. Затоа слушателите на охридското радио одно-сно охриѓани не можеа нив да ги прифатат. Тоа не поттикна на една идеја, песни што беа на ленти-те да бидат препеани од тогашните нови Охрид-ски Трубадури на чело со виолинистот и одличен мелограф и педагог Стојан Златаноски. Песните му ги дадов нему, па некои и на и на Кузман поп Стефанија, со намера да ги испеат. Решивме во радиското импровизирано студио да направиме 12-13 записи. Пред микрофоните во малата спи-керница ја поставивме целата тајфа. Тројца –чет-ворица членови од тајфата имаа над 60-70 годи-ни. Во групата беше и последниот член од тајфата на Садило, Ѓоре Чочек. Чубукчијата Рушан сви-реше на специфичниот инструмент лаута, Усе-ин исто така свиреше на лаута а виолинисти беа Стојан Златаноски и вундеркиндот Павел Коваче-ски. Стевчо Спростран и Ристе Бакал беа остана-тите двајца членови на тајфата. Зад едниот микро-фон беа сместени професионалните а зад други-от старите музичари, со намера да доловиме уба-ва староградска песна. Како што кажав снимив-ме 13 песни (“ Ој, љубов љубов“,“Димчета аскер го писаја“, “Три години стана“, “Немам мило немам драго“, “Извикна Јана провикна“, “ Детенце мало ..“, “Срамежлив љубовник“, “Дафинка платно беле-ше“, «за Спирета»..) и четири ора кои за жал ниту едно од сегашните културни уметнички друштва не ги свири. Такви ора беа: Беранче, Соборско, Калајџиско“, се присетува Владо и раскажува дека во тоа време на музички план охридското радио соработувало само со Радио Скопје.

Чест ни е...

Плоча Охридски трубадури

Препород на старската песна

Page 13: АМАК ПРЕС 119

13

НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ-НОВИНАР ВО ПЕЧАТЕН МЕДИУМ

“ Далечната 1974 –та година бев на отслужување на воениот рок и тогаш во Охрид се случија не-кои општествено политички промени , кои се раз-бира имаа свој одраз и врз работата на радиото. Радиот покажуваче се поголеми амбиции - под раковдство на Благоја Сиљаноски освојуваше значајни награди за документарни емисии, па покрај весникот се зафати и со издавачка дејност книги посветени на бележити личности од охрид-ската историја...и кај мене настана пресвртница! Не можам да речам дека бев заситен од радио но-винарството, ама `луди, млади години` се преи-од на предизвици па сакав да се обидам и во пе-чатените медиуми. Првите написи, доста испо-фалени, ги напишав за Езерски Глас, а потоа це-лесно се посветив на `фабричкиот печат`. Од 14 април 1975 година заминав како уредникна вес-ник и портпарол денеска би се рекло, во ГП “Труд-беник“, кој тогаш вработуваже 3.000 работници од кои 1.000 надвор од границите на тогашна СФРЈ.Оттука и потребата сите тие да бидат исцрпно ин-формирани за се што се случува во нивната фир-ма. Но , врските со радиот не значи дека ги пре-кинав- воведовме редовна рублика `Како да го уредите својот дом`, секоја недела на уро позна-ти архитекти даваа совети за радиослушатели-те а јас во рамките на дневните настани на ради-ото давав информации за работењето на Трудбе-ник во Охрид, низ земјата како и од работите во Либија, Ирак, Чехословачка..како и уредував по-себни страници во `Езерски Глас`!Иако работата во весникот ГП Трудбеник ми до-несе бројни награди и признанија ширум репу-бликата и тогашната СФРЈ, како и највисокото оп-штинско признание наградата `Седми ноември ` за вонредни постигнувања на полето на култура-та, информирањето и техничката култура за 1985 година, сепак , радиото ми недостигаше...па дури и копнеев да дадам и придонесам уште повеќе, да споделам со радиослушателите многу нешта. Знаете весникот си има една димензија а радиото друга- постои некаков флуид, невидлива н сепак блиска врска, посебно задоволство претставува кога си пред микрофонот и зборуваш, се вклу-чуваат слушателите и заеднички делите спомени, незаборавни сеѓавања за нешта минати...па затоа се решив , со поддршка на Славчо Николоски да покрениме на радиобрановите циклус од едноча-

совна емисија посветена само на Охрид и ја наре-ковме `Реликвија`.

РЕЛИКВИЈА - култна емисијаВладо Жура е автор и водител на досега најубавиот снимен циклус радио емисии насло-вени како “Реликвија.“ Токму оваа емисија и се-како нејзиниот автор Жура како публицист и но-винар се споменуваат и во првата енциклопедија на МАНУ, која иако спорна, преку безброј двд изданија и преку интернет стана достапна секому. “Циклусот од 118 емисии кои го носеа името “Реликвија“ почнаа да се емитуваат на брано-вите на Радио Охрид во 1991 година најпрво во рамки на експерименталната утринска програ-ма. Тие се емитуваа еднаш во неделата. Циклу-сот траеше повеќе од две години. «Виновници» за оваа емисија беа новинарите Димитар Смиле-ски и Славчо Николоски, кој и го предложи име-то на емисијата. Последната 118-та емисија се емитуваше на патрониот празник на градов 8-ми

декември по повод 35 години од постоењето на Радио Охрид. И ден денес го носам белегот на “Реликвија“. Оваа емисија разработуваше леген-ди за одредени места, обработка на популарни песни па кажувања, лоцирање спомени за беле-жити личности и датуми од историјата и минато-то на градот па именување улици. Во неа се спо-менуваа и актуелни теми поврзани со денешно-то живеење и минатото на Охрид. Јас се водев од една сентенца што пред околу 150 години ја има кажано Прличе дека “Ер колку чоек да је шoп пак таткојната му је најмила на векот“. Тој вели : “Татко имаме еден- таткојната е многу таткои, мајка има-ме една- таткојната је иљада мајки, братја имаме пет али десет- таткојната је небројани братја. Еден чоек што не си је миљвит таткојната појќе од тат-ка и од мајка и појќе од себеси немојт да бидит че-сен чоек“.«Мене и друго нешто ме поттикна да се зафа-там со потготвување една ваква емисија.Име-но, кога престојував во Холандија бев изнена-ден колку малку таму се знаеше за Македонија. Всушност и како млад новинар кога во радио-то ги интервјуирав обичните гости- туристи кои доаѓаа во Охрид ги прашував: -“Дали знаете каде сте дојдени?“ а мнозинството од нив одговараа, “Не знам, се качив на авион, и пристигнав овде. Во прв момент не знаев дали сум во Европа или некаде во Африка, главно ние сме трагачи по сон-

це. Кај вас има сонце и убаво ни е, има вино и уба-во езеро.“А ние не само што имаме природна убавина, ар-хеолокалитети, имаме и древни цркви, калдрма, карпи, вода, а малку имаме сознанија за тоа. Во странство пак и на нетолку вредни работи им се придава голема важност. Пример, во Италија чи-чероните ќе ви покажат обичен камен и ќе ви раз-врзат легенда како Ромео поткачен на тој камен и мавтал на Јулија и ....дај 50 лири, ќе ви напла-теа! Кај нас пак за жал за вистинските културно-историски вредности, цркви, зданија и паметни-ци знаеме многу малку.“Реликвија“ ми го определи натамошното мое интересирање за минатото на Охрид особе-но од 19-от век. Мене од татко ми, ми е оставена оклетија, завет, аманет...како сакате речете,а нему од татко му да си ги познаваме корените. Не е бит-но каде е роден човек , од каде дошол во Охрид, битно е лебот што го јаде, што го заработува во Охрид некако да му се оддолжи. Знаеме дека во Охрид по повеќе од 30 години живееја воени лица од `братските` републики а немаа научено ниту еден македонски збор, а над 30 и повеќе го-дини јадеа македонски леб. Сето тоа кај мене по-буди една позитивна нитка на национализам и така јас почнав да се интересирам и да го иследу-вам минатото на Охрид. Истражував не само од литературата што ја поседува нашиот Историски Архив туку заминав и во Скопје, Белград и Софија. Посебно пријателско разбирање наидов во со-фиските архиви , заради лични врски и стотини страници микрофилмувани и ископирани доку-менти сега се наоѓаат во историското одделение на охридскиот Завод и Музеј. Сите овие години пронаоѓав материјали кои на достапен начин им ги презентирав на слушателите . Појдовната на-мера не ми беше да откријам нешто што до сега не е објавено, туку она што е објавено од врвни еминентни лица да го преточам и доблиѓам секо-му. За мене најголема награда беше кога мојот ав-томеханичар еднаш ми кажа дека бил врсник и пријател со познати и меѓународно признати лич-ности што се занимаваат со историја и историја на уметноста, а кои кога ќе се појавеле на телевизија со нивниот “висок“ стил на изразување некој впе-чаток не му оставале, па незаинтересирано само ќе ги погледнел. Во моите емисии допадлив му бил едноставниот народски стил на изразување, допадлив и приемчив за слушање и додека лепел гуми или вршел други поправки на автомобили-те, моето кажување преку радио брановите на-просто му се лепело за душата. Иако беа 118 еми-сии на број и се емитуваа повеќе од две години по кажувања на слушателите беа следени со огро-мен интерес.Интересно е што и денденес сеуште се сеќаваат мошне живо на нив.“

ЖУРА ЗА ЖУРА - КНИГА КОЈА И ДЕНЕС Е БАРАНАПо завршувањето на тој циклус емисии Владо Жура ја објавува книгата “Жура за Жура“ , без да има намера книгата да ја понуди на пошироката читателска јавност. Книгата излезе најпрвин во едно издание од 500 примероци , за по само еден месец да се допечатуваат уште 500 или вкупно 1 000 примероци. Книгата се разграба “како алва“,

ЛокалЛокалЧест ни е...

Исечок од весник

1985 г. добитник на највисоко општинско признание за вондредни достигнувања во областа на културата, уметноста и техничката култура

Page 14: АМАК ПРЕС 119

14

а има луѓе кои и денденес прашуваат каде можат да ја набават. “Делото има невообичаен наслов “Жура за Жура“, тоа значи Жура за себе си - одн. за татко ми, или Жура синот за татка си или Жура односно јас за моите синови, како оклетија да го сакаат и да ра-ботат секогаш за доброто на Охрид. Насловот може да се разбере на различен начин. Мојот тат-ко целиот свој живот си запишуваше на некак-ви парчиња хартија, некакви пусулчиња, праве-ше прибелешки. Десет години по неговата смрт јас ги разгледав неговите записи и видов дека во нив има многу интересни работи кои можат да им служат и на идните генерации. Направив избор од истите и со помош на Благоја Сиљаноски на-правивме обид истите да ги отпечатиме,Книгата не е автобиографија ами сликовито раскажани настани и портрети на лица, едно свое видување на живеачката во неговото време.Целта ми беше да му направам омаж на татко ми и воедно да им оставам аманет на моите синови. Секако и да по-делам по некој примерок на најблиските семејни пријатели. По совет на воодушевените мои ре-цензенти Никола Бошале и Драги Стефанија, кни-гата си најде свој облик онаква каква што изле-зе- на стар варошки говор со мноштво стари фо-тографии.

Всушност во книгата низ спомените на тат-ко ми за животот и личности во Охрид и по-широко во периодот меѓу двете светски војни,претставува летопис за еден период кој за жал во историографијата е недоволно расветлен , бидејќи ние кога учевме некако од Илинден 1903 веднаш прескокнувавме на првите партизански пушки што пукнале во Прилеп и Куманово! Татко ми Благоја Жура во записите е споредна личност, тој е повеќе набљудувач, хронограф. Преку свои-те автобиографски податоци татко ми дава слика за градот, времето во кое живееле неговите ком-шии, неговите другари, сограѓани ...и тоа оние не кои што биле на власт, ами секојдневните, обич-ните , со кои напросто се сопнуваш на секој чекор а не ги заприметуваш,а тие сепак оставиле печат врз таа тогашна живеачка..“

МАЛИ НОЌНИ МУАБЕТИ

Во 1993 година од месец мај Владо Жура се јавува како водител на експерименталната ноќна ви-кенд програма меѓу сабота и недела Програма-

та започнувала во 22 часот и траела до 2 часот по полноќ.“ И тука користев материјали од „Реликвија“ , но емисијата се викаше “Мали ноќни муабети со Вла-до Жура“ во која каневме гости. Дел од нив беа видни луѓе (тогашниот директор на Фестивалот Охридско Лето, Љубен Баткоски, Драги Стефанија, па Ристо Кузманоски кој беше еден од најдобрите познавачи на охридското минато)а дел од гости-те беа луѓе кои претставуваа нешто во градска-та чаршија (Номче Тунте, кој беше некогашен ар-тист на пред и повоениот театар). Емисиите беа интересни и на број беа десеттина или дванае-сет. Имаше и видни гости од јавниот, општестве-ниот живот на земјата...Тука завршува мојот редо-вен настап на Радио Охрид. Во 1995 година беше емитувана последната односно 118-та емисија “Реликвија“ која беше свечена.Подоцна, во повеќе наврати бев гостин во еми-сии кај колегите Васе Жилеска, Александра Ко-туш, Мирјана Мијалкова, Милчо Јовановски...а најголемо и нераскинлово пријателство ме врзу-ва со мојот долгогодишен соработник Славчо Спростран.Апсолутно, кај мене секогаш постои оптими-зам и енергија, позитивна секако, негатив-на не ни постои, за натамошно истражување и изучување на охридското минато, градскиот жи-вот и и генеалогијата на охридските семејства“, рече Жура привршувајќи го пријатниот разго-вор и напоменувајќи дека за наредниот број од “Охридските Новини“ веќе подготвил интересен текст привлечен за читателите. Хроничарот, оп-штественик, публицист и новинар Владо Жура кој над 40 години работно бил ангажиран во Ра-дио Охрид и понатаму со несмален жар работи на иследување и откриване на непознати нешта од минатото на Охрид,` својата таткојна` и е широко отворен за соработка со сите видови медиуми, за што редакцијата му посакува уште низа натамош-ни плодни остварувања и успеси!

name is a name` -sigurjon einarson

Неодамна пред микрофонот во Радио Охрид

Чест ни е...

Page 15: АМАК ПРЕС 119

25

Актуелно

Page 16: АМАК ПРЕС 119

16

ХРВАТСКА КУЈНА Хрватската кујна својата разновидност им ја должи на различните кујни ,самостојно развие-ни во различните регии во Хрватска. Своите корени ги влече од античкиот период,се до современите влијанија .Разликите се најочигледни ако го споредиме изборот на на-мирници , кој укажува на два типа на кујна- кон-тинентална и приморска .Континенталната кујна ја претставуваат типичните супи кои користат доста коренести зеленчуци кои се нарекуваат гринцајг,збогатени со пилешки џигери,парчиња месо и кнедли од гриз. Во зима се готват погусти супи од компир,грав или зелка,а во лето од кра-

ставици и павлака зачинети со црвен пипер и лук. Приморската кујна е богата со најразлични рецепти за приготвување на разновидните мор-ски плодови,со кои изобилува Јадранското море. Месото е постојано присутно на хрватска-та трпеза како печено,суво меснати произво-ди, приготвени по стари рецепти. Сеприсутни се шунката,колбасите и т. н .крвавици,чешњовки и шрек. Во оброците со месо неизбежно е да се спомене муштарде -сенф кој редовно е служен,особено со колбаси. Од зеленчукот се приготвува и зимни-ца од зелка мешан зеленчук,цвекло,мармалади и џемови од овошјето. Од млекото се приготву-ваат сирења и кајмак,матеница и димено кравјо

Хрватска –земја на морето и медитеранското сонце Хрватска со своите 56 542км² површина и 4 551000 жители е балканска,средоземноморска и со еден дел средноевропска земја. Местоположбата на Хрватска на Балканскиот полуостров е дефинирана од крајните источни рабови на источните Алпи,на северозапад до Панонската низина,брегот на Дунав на исток.Средниот дел на државата го покрива планинскиот масив Динара,а јужниот дел завршува на брегот на Јадранското море. Делот на Хрватска на копно изнесува 56 542 км²,а површината на територијалното море е 31067 км². Морскиот брег,покрај тоа што е преубав,има должина од 5 835 км од кои 4 058км припаѓаат на островите,чиј број изнесува 1 185. Географските услови овозможуваат разлики во климатските услови,така што на брегот има умерена медитеранска клима,во внатрешноста континентална,а на високите делови и планинска клима. Населението во главно го сочинуваат Хрвати,но има и малцинства како Босанци,Муслимани,Срби,Словенци,Италијанци, Унгарци и други. Главен град е Загреб, кој е културен, административен и индустриски центар. Во него се развиени електротехничката,машинската,текстилната,прехранбената и други индустриски гранки.

Репортажа

Page 17: АМАК ПРЕС 119

17

сирење и кашкавал. Десертите носат австроунгарско влијание и се претставени од орасници,колачи со мак,штрудли со фил од разни овошја,штукли и бучници,како убав завршеток на еден пријатен оброк.

НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА

Плитвичките езера се најубавиот најпознатиот хрватски парк,заштитен од УНЕСКО. Национал-ниот парк опфаќа 16 поврзани езера,природно формирани,кои се прелеваат едно во друго пре-ку водопади. Нај-големиот дел од паркот го по-криваат шуми од бука,елка,смрека и бел бор. Посебно се истакнува Чоркова увала во која се високите елки и смре-ки, со висина до 50 м.

КОРНАТИ Корнати се најраспределена група на остро-ви на Медитеранот. Се состои од 410 мали нена-

селени острови и островчиња и претставува ви-стински лавиринт на море и карпи. Географски и морфолошки најинтересен е надворешниот дел кон брегот,бидејќи содржи најмногу острови,а тука се и доста познати осртови чии врвови до-стигнуваат до 100 м.

БРИЈУНИ

Бријуни се национален парк и се сочинети од два поголеми и 12 помали островчиња,на запад-ниот брег на Истра. Овие острови се локалитет со најдобро сочувана медитеранска вегетација. Значаен е западниот дел на големиот остров на Бријуни кој е претворен во пејзажен парк збога-тен со автентични и донесени растителни и жи-вотински врсти .Клучната вредност на овој парк секако е во историското наследство и спомени-ците од римскиот и византискиот период во ло-калитетите Вериге и Кострум. Поради исклучи-телната природна убавина,овие острови од по-четокот на ХХ век се омилено летувалиште за

државниците од целиот свет.Останатите национални паркови се: Крка, Пакле-ница, Расњак, Мљет и Северен Велебит.

ЗА ДУБРОВНИК...

Дубровник е една од најпознатите туристич-ки дестинации во Хрватска. Бил основан со соединувањето на два мали града:Лаус,град на мал остров јужно од далматински-от брег и Дубрава,населено место од Словени во подножјето на шумовитиот рид Срџ.Познат и под името Рагуса,тој е еден од најстарите градови на Јадранското море. Стариот град- тврдина е про-гласен за дел од светското наследство од страна на УНЕСКО. Сместен е на брегот на Јадранот и има на-селение од 43 770 жители. Овој “Бисер на Јадранот”,бил единствениот град држава во средновековниот источен брег на Јадранот и ри-вал на тогашна Венеција. Ирскиот светски познат писател Георге Бернард Схањ,кој бил во Дубров-ник во 1929 год. во своите писма запишал:”Ако сакате да го видите рајот на земјата,дојдете во Дубровник”.Прошетката низ улицата Страдун Ве враќа во минатото и Ве прави дел од историјата. Дубровник е место каде воедно може да се ужи-ва во природата,историското наследство и да се помине незаборавно летување,благодарејќи на преубавото море и медитеранското сонце.

Загреб брои околу 1 милион жители

Репортажа

Page 18: АМАК ПРЕС 119

18

Кога ќе го “измота“ фил-мот назад и ќе ги преброи професиите со кои се за-нимавал, за себе вели дека делумно си го ис-

полнил сонот од детството. “ Јас бев палаво, итро дете. Што ќе фатев во рака умеев да го препро-дадам. Затоа татко ми сакаше да станам трговец. Татковиот сон не го исполнив но затоа пак мојата професија е блиска со трговијата. И таа бара контакти со многу луѓе, остварувања средби и претприем-ништво“, вели сопственикот на гра-дежното претпријатие “РЕМИС“ и еден од најпознатите охридски биз-нисмени, Бошко Илоски.Работниот век му започнува во Германија кога во раните 80-ти го-дини од минатиот век престојувал во Берлин. Најпрво се занима-вал со цвеќарство потоа работел низ тамошните кафеани за на крај

среќата да ја побара во градеж-ништвото. Во родниот Охрид се вра-тил во 1999 година.“Нема поубаво место од сопствени-от дом. А домот на секого му е во сопствената земја. Најубаво е да ра-ботиш за доброто на татковината и инвестираш во нејзината иднина“, истакнува Илоски кој вели дека Гра-дежното Претпријатие “РЕМИС“ кое денес е едно од најпрофитабилните кај нас, се развивало постапно и на почетокот било само мала фирма која броела едвај 10-ина вработени.“На почетокот, работата си ја бркав-ме сами односно секој од нас вра-ботените одевме од куќа на куќа и прашувавме: Дали некој сака да гра-ди нешто или некаде? Така полека се развиваше бизнисот. На почето-кот на пазарот бевме само ние како градежно претпријатие и “Трудбе-ник“. Но, како тогаш така и денес за нас конкуренција нема. Односно,

нас воопшто не не`плаши фактот дека секојдневно расте бројот на градежните фирми. Наши најдобри адути се квалитетот и стручноста.Градежното претпријатие “РЕМИС“ ги прати квалитетите на светскиот тренд,односно гради со најдобри материјали кои ги набавува од Македонија и странство. “Секогаш настојуваме да гради-ме со квалитетни материјали, за-тоа што објектите се подигнува-ат за век и веков а не од денес за утре“,истакнува Илоски и вели дека како резултат на чесноста, квали-тетот и упорноста полека но сигур-но го освојуваат пазарот и стану-ваат градежно претпријатие број еден кое зад себе ги оставило згра-дите кај хотел “Ривиера“, кај стара-та автобуска станица и многу други објекти низ Охрид меѓу кои и дел од Охридатите. Од 2004 година “РЕМИС“ почнува

со изградба на станови и во Скопје. До сега таму се подигнати 500 нив-ни станови а во тек се преговори за нови локации. Според годишни-от план за 2010 година ова градеж-но претпријатие има предвидено да изгради од 800 до 1 000 станови на територијата на Охрид и Скопје. Годинава “РЕМИС“ започна и нов проект и во соседна Албанија. На сопствено земјиште пред Драч за-почна изградба на станбен деловен комплекс. (...по барање и молба на соговор-никот не е објавена ниту една не-гова фотографија. ) “Јас сум човек кој не сака да се фотографира. Во јавноста не са-кам многу да се експонирам, за мене говорат моите дела, одно-сно она што сум го сработил“-Бошко Илоски.

Со работа и само работа до голем успех !

Бошко Илоски- сопственик на градежното претпријатие “РЕМИС“

Наши бизнисмени

Page 19: АМАК ПРЕС 119

29

Репортажа

Page 20: АМАК ПРЕС 119

20

Според белешките на тур-скиот патеписец Евлија Челеби од 17-от век, охридската чаршија зафаќала доста голем

простор. Во неа биле сместени сите занаечиски работилници и трговски дуќани. Евлија Челеби набројува 150 дуќани и седум добро опремени и прекрасни кафеани (кахве- хане), во кои се состанувал образовани-от свет. Во чаршијата немало јавни бозаџилници (боза -хане ) ниту крчми- меани. Затоа пак, во тврди-ната , во христијанските маала, има-

ло многу меани во кои се точело чи-сто вино. Освен тоа, во градот то-гаш работеле “три прекрасни ано-ви кои, веројатно, се идентични со трите “бесплатни конаци“,т. е. кар-ван- сараи, за кои патеписецот рас-кажува за посебно место,додавајќи дека “најдобар е оној караван- сарај на Малиот пазар (Ќучук –пазар), сместен во дебела ладовина на чи-нари, со 40 огништа т.е. простории и дека караван –сарајот на Охри-заде, исто така бил цврсто граден. Според зборовите на Челеби, сама-та чаршија, во која немало безис-

тен, но која изобилувала со секак-ва стока била “разбиена и растуре-на на четири места“од кои едното се наоѓало на главната улица, а други-те по сокаците. Охридската чаршија се развивала и понатаму, така што во првите децении од 19 век бројот на дуќаните во градот веќе бил на-раснат на 250.Имало седум кафеани во кои се состанувал образованиот свет. Менаите биле сместени во рит-честиот дел на градот, каде живеело христијанското население. Според овој патеписец повеќето дуќани во старата чаршија- како и самата таа

биле направени рачно од камен. Че-леби во своите записи го спомену-ва и амамот односно турската бања. Таа се наоѓала среде чаршија спро-ти некогашната книжарница “Култу-ра“. Денес на нејзино место се наоѓа истоимениот трговски центар. Ете, таа позната градска бања –амам, ја користеле и муслиманите и христијаните. Заедничката градска бања постоела до раните шеесетти години од минатиот век, кога била срушена и на нејзино место биле подигнати градските клозети.

Светот трага и се стреми да го сочува автентичното и традиционалното а ние сами ги уништуваме белезите од минатото

Охридската чаршија

Наша гордост

Page 21: АМАК ПРЕС 119

21

Исчезна душата на чаршијата кога ја снема калдрматаПишани историски документи од 30-те години на минатиот век го пот-врдуваат фактот дека Охридската чаршија била направена од клдар-ма уште од времето на балкански-те војни. Во 1937-38 година прв пат се извршила рачна реконструкција на чаршијата,тогаш од камен и ча-кал била направена коцката под чинарот кај рибарниците. Стари-те мајстори со кеив и мерак ја до-терувале чаршијата која добива-ла само нова насмевка на истиот лик, зошто тие нејзините создавачи не сакале да и го уништат претпоз-натливиот белег-клдрмата. Во да-лечната 1953 година била по втор пат обновена чаршиската калдрма.

Нејзиниот камен потекнува од се-лото Рамне и според испитувањата во Македонскиот институт за гра-дежни материјали е варовник. Тој камен ја задржа автентичната фор-ма на старата охридска чаршија до почетокот на 2001 година кога ло-калните власти на чело со тогашни-от градоначалник, Никола Наумо-ски –Попчето одлучија од корен да го сменат ликот на чаршијата, ја ис-корнаа калдрмата и стариот камен го заменија со камени плочи.“Со корнењето на старата клдарма се реши голем проблем, се оствари сепарирање односно одвојување на фекалната од дождовната канализација,а се постави подзем-на електрична и кабелска инфра-структура која дотогаш ја нема-ше во Охрид“ ,изјави за АМАК ПРЕС -Охридски Новини тогашниот коор-динатор на проектот и сегашен ра-ководител на Комуналниот инспек-торат, Танас Танаскоски.„Првичната идеја беше истиот ка-мен да се обработи и да се поста-ви по чаршијата, но тој не можеше

да се обработи па по едногодишни-те испитувања беше заклучено дека стариот камен кој потекнува од се-лото Рамне има својства на варов-ник. Најсличен на него беше каме-нот кој го носевме од Гостивар, а го поставуваше градежната фирма ЛОТЕ КОМПАНИ која по распишани-от тендер беше ангажирана за таа активност“, истакнува Танаскоски.Во тој период општинската смет-ка е блокирана поради долгот кон градежното Претпријатие Гра-нит. Долгот од 300 000 денари на-правен од времето на градоначал-никот Никола Матлиески Пашата, секојдневно растел поради што е попречено брзото реконструирање на чаршијата. Градежните рабо-ти се вршеа етапно во период од две години. Беа поставени 8 000 ме-три квадратни плочки, а вкупната инвестиција чинеше 600 000 евра.Танаскоски, тврди дека сегашните камени плочки го имаат истиот ква-литет како стариот камен, разлика-та е во обликот, но токму таа непра-вилната форма на камената клдрма

и даваше специфичен претпознат-лив белег на Охридската чаршија. Денес наместо камењата што беа обработувани рачно имаме светка-ви камени плочки на кои се позна-ва отисок на прст а не станува збор за огромните флеки оставени од гуми за џвакање и дру отпад.Дел од каменот на чаршиската клдарма требаше да се постави во дворорното место на црквата Св. Богородица Перивлепта, но плано-вите пропаднаа во вода. Десеттина од старите камења но со нов облик се поставени пред старата стоков-на куќа „Билјана“ и бутикот “Азаро“, останатиот дел на клдрмата гние во просториите на ЈП Комуналец. Додека светот трага и сака да гле-да нешто автентично, создадено од век и веков, ние сами си го искор-навме минатото за да го читаме и гледаме на фотографиите од исто-риските документи и книги.

Бројот на занаетчиските дуќани некогаш бил 150 а сега тие се помалку од 5

Наша гордост

Page 22: АМАК ПРЕС 119

22

Прашање: Цели 29 години имам долга коса. Пред неколку дена бев кај мојата фризерка и таа ми рече дека на три места на главата косата ми е опадната. Јас бев запрепастена бидејќи ништо не сум почувствувала и не сум знаела за тоа. Многу сум исплашена да не останам без коса. Зошто дошло до опаѓање и дали ќе ја изгубам косата?

Одговор: Веројатно се работи за alopecia areata на косматиот дел на главата. Сепак за да се утврди за кој вид alopecia се работи и каква ќе биде прогнозата во смисла дали ќе се обнови косата или не, потребен е подетален преглед и соодветни испитувања кои ги врши дерматолог.Инаку alopecia areata претставува состојба на отсуство на влакна на места каде тие вообичаено растат:коса, брада, веѓи, трепки и по целото тело што е помалку забележливо поради реткоста и светлата боја на lanugo –влакната.Има многу видови alopecii кои произлегуваат од различни параметри и причини во нивното појавување, така што и класификацијата на истите е обемна. Јас ќе дадам една поделба на alopecia која ќе не доведе до одговорот на вашето прашање. 1.Значи зависно од причината поради која дошло до опаѓање на влакната се разликуваат два вида alopecii: пилогена и папило-гена. Пилогената alopecia се должи на оштетување на видливиот дел на влакното, а папилогената се должи на оштетување на папилата(коренот) од влакното.2.Зависно од распространетоста alopeciata може да биде:

-циркумскриптна, како едно или повеќе жаришта со отпаднати влакна низ косата или брадата и-дифузна со целосно отпаѓање на целата коса и другите влакна на телото. Оваа втората може да биде конгенитална (вродена) или стекната во животот после прележани некои специфични болести и примена на специфични терапевтски процедури.3. Според прогнозата во смисла на повторно раѓање на влакната alopeciata се дели на : цикатрициелно, иреверзибилно опаѓање каде нема повторно растење на влакна и нецикатрициелно, реверзибилно опаѓање каде влакната се обновуваат во целост.Значи одговорот на прашањето на читателката би бил дека се работи за мултилокуларно , нецикатрициелно, реверзибилно опаѓање на косата кое се вика alopecia areata или во народот познато како “косо пас“. Alopecia areata по дефиниција претставува кружно опаѓање на влакната како едно или повеќе жаришта, по правило реверзибилни ќелави места со лесна фоликуларна инфламација во почетокот на заболувањето.-ги погодува претежно децата и младите луѓе. Почесто мажите отколку жените а во 20 % од случаите е пронајдена фамилијарна предиспозиција. - испитувањата покажале дека се работи за имуномедиран одговор на коренот на влакното кон постоењето на антигени од бактериска,вирусна или габична инфекција во организмот. Оваа инфекција најчесто клинички не е експонирана и треба упорно да се бара. Најчести фокуси се: кариозни заби, синуси, инфекции на нос, хронични тонзилити, уринарни инфекции и т н.- Клиничката слика е без субјективни симптоми. Обично се јавува нагло, едно или повеќе кружни или овални места, без атрофирач-ка кожа на главата, влакната на работ на алопетичното жариште лесно се епилираат . Најчесто се јавува на косматиот дел на главата (косата), поретко на главата и веѓите.-дијагнозата се поставува врз основа на типичната клиничка слика и наодот на трихотрамот. -терапијата се состои во локална и per os апликација на стимулирачки препарати за побудување на коренот од влакното од специ-фични витамини до локални кортикостероиди, и второ најважно откривање и лечење на постоечки воспалителни фокуси во орга-низмот.Прогнозата е добра по терапијата иако трае подолг период (и до 4 месеци). Состојбата се санира во целост, но не е исклучена мож-носта за повторно опаѓање на косата или влакната од другите влакнести места понатака во животот.

Alopecia areata или “косо пас“

примариус д-р.Виолета Павлоскаспец. дерматовене-ролог

спец.д-р. Анче Киселиноваочен лекар

Прашање: Имам 53 години. Изминативе 7-8 години, имам проблеми со едното око, односно со него гледам само форми и силуети, значи јасно гледам само со едното око. Очниот лекар ми кажа дека окото ми е мрзливо. Што е тоа мрзли-во око и дали оваа болест може да се лекува?

Одговор: Намалувањето на видната острина без органски промени во окото со кои би можело да се објасни тоа намалување се нарекува амблиопиа или мрзливо око. Терминот се употребува од старо време од страна на Хипократ. Причина за амблио-пиата е секое пореметување што не дозволува да се формираат еднакви слики во двете очи и спроведување на исти сигнали до видните центри на големиот мозок. Ако едното око постане водечко, видната острина на другото око останува на нивото на кое била при настанувањето на овие сензорни промени или доаѓа до пад на видната острина .При тоа водечкото око и по-натаму ја развива својата видна острина.

Најчести причини кои водат до амблиопиа или мрзливо око се: страбизам ,аномалии на рефракција како хиперметропиа, миопиа,астигматизам. Амблиопиата се развива во период од раѓањето на детето до деветтата година .Многу е важно навре-ме да се открие и најмало пореметување во окуломоторната рамнотежа кај детето. Раното откривање на развојот во моноку-ларниот и бинокуларниот вид и нивното отстранување можат да спречат создавање на сензорни пореметувања. Првите мер-ки се едноставни и лесни за примена ;атропинизирање на водечкото око или затварање на водечкото око со цел да се разви-ва мрзливото ,и многу рана и правилна оптичка корекција на рефракционата аномалија , давање соодветни очила.

Ако болеста “мрзливо око “се открие во раното детство таа се лекува

ЛокалЛокалПрашање-одговор

Page 23: АМАК ПРЕС 119

23

Прашање: Имам 24 години и многу сум загрижена што во последните години мојот интерес за секс се нама-лува. Во последно време сексуалниот нагон во стварност е наполно изгубен. Често имам повторливи га-бични инфекции. Дали сметате дека можеби недостатокот на естроген може да биде причина за моите проблеми ? Одговор: Намалено либидо е честа појава и може да има повеќе причини. Ако сексуалниот нагон е наполно из-губен за повеќе од три месеци, прашајте го вашиот доктор да го испита нивото на хормонот пролактин во вашата крв. Друга причина за намалено либидо може да биде оралната контрацептивна таблета, така што ако користите хор-монска контрацепција, разговарајте со вашиот доктор да ги замени таблетите или да премине на друга форма на контрацепција.За вашите проблеми со повторувачки габични инфекции треба да се јавите на гинеколог за точно да се утврди за кој вид на инфекција се работи и да се даде односно препише соодветен третман. Пореметувањето на бактери-скиот баланс познат како бактериска вагиноза може да биде причината и тогаш е потребно соодветно антибиотско лекување. Како помош за намалениот сексуален нагон може да се советува избегнување на силни стресови, доволно спиење, редовни вежби за подобрување на вашето ниво на фитнес, како и да се намали прекумерната тежина. Користење на мултивитамини со минерална поддршка исто така е корисно во подобрувањето на сексуалниот нагон.

Можни се повеќе причинители за намалено либидо

спец. д-р. Иво Захари-евскигинеколог

Прашање: На моето дете почна да му опаѓа косата во вид на кругови. Педијатарот ме информира дека причина за тоа може да се расипаните заби. Дали е точно тоа?

Одговор: Да, тоа е патолошка состојба на организмот во која одредени ограничени огништа во организмот се во состојба да предизвикаат заболување на разни органи и системи. Тоа се нарекува фокална инфекција (фокус или жариште).Уште Хипократ препорачувал вадење на заби при болки во желудник, зглобови и срце.Првата научна интерпретација на фокалните инфекции е во 19-от век од Песлер кој директно ги обвинува периа-пикалните (загноените заби)и авиталните заби за разните видови кардиопатски, нефропатски, реуматски состојби (заболувања на срце, бубрези, зглобови).Значи, фокуси можат да бидат сите хронични процеси на коренот од забот, гангренозни заби, ендодонски трети-рани заби (лечени).Но не секој ваков заб може да биде фокус. Кај децата млечните заби се во 35 % случаи причина за фокалоза а кај трајните до 30 %. Дали еден хроничен процес ќе делува како фокус и ќе предизвика консекутивно заболување или не многу значајна улога има имунолошкиот систем . При солиден имунолошки систем можностите за активирање на жа-риштето се минимални. Но, ако се инхибира имунолошкиот систем тогаш жариштето може да делува како фокус.Имунолошкиот систем може да се инхибира при стрес, настинка, болест, тежок дијабетес при што микроорганиз-мите и нивните токсини и алергени преку крвта одат низ целото тело и можат да предизвикаат заболување на срце, бубрези, зглобови, паѓање на коса, чести респираторни заболувања, заболување на очи.Значи, за да не дојде до овие заболувања превентивно е потребно редовна посета кај стоматолог и навремена санација на млечните и трајните кариозни заби.Ако е потребна екстракција на заби со хроничен процес (гранулом) тогаш е потребно претходно да се изврши испитување кај стоматолог, со кое ќе се потврди или негира, дали забот е жариште. Потоа се дава антибиотска терапија и на крај се вади забот.

Значи, мој совет до родителите е да практикуваат редовна посета кај стоматолог, санација на млечни-те и трајни заби и да ја разберат важноста на денталното и оралното здравје , кое е директно поврзано и има голем удел во општото здравје на организмот.

ФОКАЛНИ ИНФЕКЦИИ

д-р. Вера Наумовскаспец. по дет-ска и превентивна стоматологија

ЛокалЛокалПрашање-одговор

Page 24: АМАК ПРЕС 119

24

Февруари месец на љубовта , виното и простувањето

Свети Трифун се празнува на 1-ви сечко според стариот или на 14 февруари според новиот календар. Во повеќе краишта во Македонија на овој ден рано наутро се оди во црква, каде што попот пее молитва и свети вода. Од оваа вода, за која се смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни де-мони и има лековита моќ, луѓето земаат во шишиња и ги попрскувале лозјата ,

при што го изведуваат и обредното закројување.Во некои краеви, како Охрид и Прилеп Св. Трифун е познат и како Св. Трипун(или Триун)- Пијаница. Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби, но и во народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на градинарите и лозарите. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штетници и несреќи, поради што луѓето во него-ва чест изведувале многу интересни обичаи.Во Охридско – струшкиот регион овој празник го ви-каат и Триун пијаница и го сметаат како покровител на градинарството и лозарството , бидејќи ги чувал гра-динарските сеидби и лозјата од инсектите. За вре- ме на овој ден, уште рано наутро гради-нарите повикуваат свештеник да освети вода и со неа да ги пороси посевите. Лозарите со ис-тата цел уште од зора, секој оди во своето лозје и ис- каструва неколку пенушки. Тоа се вика “зарежување“. Во Скопско на овој ден во црквите се крштева вода , од неа секој селанин носи по лозјата заедно со пепел, каде што прво истура од пепелта, па потоа ја полева со крстената вода за да има бериќет ( да бидат поголеми зрната од грозјата).Во Куманово членовите на лозарскиот еснаф од своите редови избираат кум што “ќе сече колач“ за празникот. Колачот го меси домаќинката на кумот од пченично брашно. На празникот еснафот со попот оди во лозјата, каде што попот свети масло, крштева вода и го сече колачот за секој да земе по едно парче од него. Тука сите јадат, пијат и се веселат со свирки и со тапани. Во Гевгелиско се верува дека Св. Трифун бил винар и имал многу лозја. Бидејќи овој крај се наоѓа на југ се смета дека овој празник почнува да мириса на лето и се велело:“ Св. Трифун сече ама на лето мирисе“. Од овие причини , на овој ден се почнува работа во полето, особено во лозјата и во бавчите. Жени-те на овој ден не работат ништо особено и избегнуваат работа со игла. Попладнето одат во полето , каде што берат зелје зашто се верува дека на тој ден треба да се касне зеленило.

Вистини и заблуди за винотоВо виното е вистината (in vino veritas),вели старата поговорка. Виното е искрено и романтично , духовито и сензуално. Ле-карите препорачуваат секојдневно да се консумира вино во ограничено количество зашто е исклучително здраво и до-бро за крвната слика. Тоа најдобро го знаат Французите , светски шампиони за правење вино и во консумирање различ-ни типови вино. Посебен доказ се жителите на покраината Бургундија, која е позната како земја на долгиот живот и на најквалитетните вина. Ако се поврзе овој факт со фактот (не е стереотип!)дека Французите се и најдобри љубовници на светот, се добива добра причина за пиење вино. Но...Прво- не е исто да се пие добро домашно и квалитетно вино во софистициран ентериер и да се налокаш со евтино вино(направено повеќе од дршки, а помалку од грозје) во некој парк. Таквите сеанси најчесто завршуваат со главо-болка, со киселини во желудникот и со неможност дијалектички да се поврзете со спротивниот пол.Второ – можеби и поважно. Не е виното тоа што го прави добар сексот, туку партнерите. Виното во целата ситуација е само афродизијак, силен колку што љубовниците сакаат да биде. Врелата крв ќе се распламти и без литри вино, кое треба да биде декор на масата и силен симбол за тоа што сакаме од партнерот.

Св. Валентин низ вековитеКој е Св. ВалентинСв. Валентин или денот на вљубените се слави на 14-ти февруари и него го прославуваат католичките христијани. Уште во далечната историја кај старите Римјани тој ден бил многу романтичен и бил многу сличен на она што денес го прави речиси целиот свет, но за тоа постојат три различни легенди. Првата легенда вели дека Св. Валентин бил свештеник , кој служел во Рим за време на владеењето на царот Клаудиј Втори. Тогаш царот им забранил на

Свети маченик Трифун заштитник на виновата лоза

Празнувања

Page 25: АМАК ПРЕС 119

25

Февруари месец на љубовта , виното и простувањето момчињата што не го отслужиле воениот рок да се женат, затоа што ако имаат жена и семејство , постојано со мислите ќе бидат кај нив и ќе станат многу лоши војници. Свештеникот Валентин сфатил дека оваа одлука е многу себична и неправедна, па продолжил тајно да ги венчава младите брачни двојки. Откако бил откриен, ца-рот наредил да биде погубен.Втората легенда вели дека Валентин бил погубен затоа што им помагал на христијанските заробеници при бег-ството од римските затвори. Третата легенда, пак вели дека Валентин бил првиот што испратил љубовна честитка. Додека бил во затвор, Ва-лентин се заљубил во млада девојка, која била ќерка на еден затворски чувар. Според легендата, пред самата смрт, Валентин и напишал писмо, кое го потпишал со зборовите “Од твојот Валентин“. Овој слоган и ден –денес стои на многу честитки што се наменети за овој празник на вљубените.Некои пагански верувања се уште живеатПостојат низа обичаи и верувања врзани за Свети Валентин или заштитникот на вљубените. Некои од нив потек-нуваат од паганството, а некои од средниот век, други од поново време, но сите создадени верувања, пишани или усни, се провлекуваат низ вековите од генерации на генерации, од колено на колено. Некои од нив се пре-красни, а некои пак смешни, некои се уште живеат.... 1. Купидон станал заштитен знак за празникот на вљубените, бидејќи, според римската митологија, тој е син на Венера, божицата на љубовта.2. Едно старо верување вели дека ако девојката на Свети Валентин види црвеношијка ќе се омажи за морнар, ако покрај неа пролета врапче ќе се омажи за сиромав човек со кого ќе биде многу среќна, додека пак ако види трнарско врапче ќе земе богат маж.3. Друго интересно верување е дека и овошјето може да помогне за да се дознае кој ќе биде вашиот Ва-лентин или Валентина. Земете јаболко в рака, фатете го за дршката, почнете да го вртите и притоа кажувајте машки ,или женски имиња, што ви се допаѓаат. На кое име ќе се скине дршката тој ќе стане вашиот љубовник.4. Во 1800 година, Ричард Кетбери ја направил првата чоколадна бонбониера како подарок токму за Све-ти Валентин.5. Англискиот крал Хенри Осми го прогласил 14-ти февруари за службен празник.6. Најубавиот љубовен подарок во историјата се смета индискиот Таџ Махал, кој монголскиот цар Шахјахан го направил како гробница за својата жена, која умрела при породувањето7. Старите Египќани верувале дека љубовната вена што оди директно во срцето, поминува низ четврти-от прст на левата рака, па затоа сега венчалниот прстен се носи на левата рака.8. Во Велс, на 14-ти февруари се резбале и подарувале дрвени лажици на љубовта. Омилени декора-ции на лажиците биле срциња, клучеви и клучалки. Декорациите имале значење “го имаш клучот до моето срце“.

Во третиот век во Антиохија живееле двајца многу блиски пријатели, Саприкиј и Никифор. Еден ден тие толку се налутиле еден на друг, по што не сака-ле да се видат. По некое време Никифор ја сфатил бедата на лутината и побарал прошка од Саприкиј, кој бил свештеник. Овој не сакал ни да чуе. Сите молби останале попусти. Во тоа време, при едно гонење на Христијаните, Саприкиј бил затворен и ставен на маки, зашто не се откажувал од Христа. Најпосле го осудиле и го повеле кон губилиштето. По патот Никифор повторно со солзи го молел да му прости, но на Саприкиј срцето му останало тврдо. Така и ја изгубил благодатта и на губилиштето се откажал од Христа, а Никифор, гледајќи го тоа, самиот побарал и бил погубен наместо него. Празникот Прочка е ден пред светиот Велигденски пост. Проштевањето е духовен процес што од верникот бара лично преиспитување, покајување и како круна на тоа, да следува вистинско проштевање. Тоа значи секој да се преиспита дали во изминатиов период навредил некого со помисла, збор или дело и за тоа искрено да се покае на овој ден. Барањето „прочка“ значи јавно да се признае делото и да се побара простување, но истовремено да се биде подготвен и на тој што згрешил целосно да му се прости. Прочка или Велики поклади е ден на меѓусебно простување пред почетокот на велигденскиот постПрочка се одбележува со богат ручек а денот завршува со амкање јајцаПрошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маски-те требало да бидат што пострашни и посмешни. Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во по-следните години стана голема туристичка атракција.

Прочка

Празнувања

Page 26: АМАК ПРЕС 119

26

Јаболко: одговорна и вредна личност. Кога ќе добиеш некоја задача, даваш се од себе за да ја завршиш најдобро што можеш,без разлика колку е тешка.

Јагода: сакаш возбудлив живот. Екстравагантноста е твој имиџ.Сакаш да ги имаш најубавите и најскапите работи. Ти си голем оптимист и имаш смис-ла за хумор. Уживаш кога си во друштво на многу луѓе, па затоа и имаш мно-гу пријатели.

Грозје: за тебе може да се каже дека си нежна личност. Оние што добро те познаваат за тебе ќе речат дека си таинствена личност зашто ретко ги пока-жуваш чувствата. Но,во исто време знаеш да бидеш добар пријател и затоа си популарен/популарна во друштвото.

Лубеница: не губиш ни минута. Ти си динамична личност. Оптимизмот е твојата најголема доблест. Не се грижиш за проблемите зашто си сигурен/на дека за се постои решение.

Круша: ти си личност без предрасуди. Имаш позитивен став кон луѓето што те опкружуваат. Тоа значи дека другите те гледаат како љубезна и внимател-на личност. Пријателите те почитуваат и го уважуваат она што сакаш да го кажеш.

Овошјето ве открива

Какаото е уште еден богат извор на антиоксиданси и меѓу другото го забавува и стареењето. Шолја какао во денот може да придонесе до подобро здравје. Тим научници од универзитетот «Корнел» установиле дека шолја топло какао има двапати повеќе антиоксиданси од чаша црно вино, а дури 3 пати повеќе од шолја зелен чај, додека 5 пати повеќе отколку шолја црн чај. Секако какаото го има и во многу други производи, тргнувајќи од црната чоколада (прочуеното средство за подобро расположение), но истражувачите велат дека неговото дејство е најделотворно ако се пие како топол напиток. Имено чоколадата содржи многу заситени масни киселини пример во 40 гр чоколада има околу 8 гр заситени масни киселини, а шолја какао едвај 0,3 ако се консумира со млеко. Во чистото какао нема никакви масти. Какаото исто така содржи и многу железо, дури повеќе и од спанаќот, добро е за зајакнување на крвта и за лечење на анемичноста. Се препорачува по една шолја дневно, особено наутро за будење на организмот и зајакнување на духот, па пробајте. Навистина е многу вкусно. Какаото е нашиот омилен пијалок, а се надевам дека ако се уште не е и ваш, набрзо ќе стане. Го имате и во инстант верзија: несквик, милко експрес, бенквик и сл. Тоа е така нареченото чоколадно млеко, кое секогаш го подобрува расположението.

Колку е корисно какаото

Какаото е уште еден богат извор на антиоксиданси и меѓу другото го за-бавува и стареењето. Шолја какао во денот може да придонесе до подо-бро здравје. Тим научници од универзитетот «Корнел» установиле дека шолја топло какао има двапати повеќе антиоксиданси од чаша црно вино, а дури 3 пати повеќе од шолја зелен чај, додека 5 пати повеќе отколку шолја црн чај. Секако какаото го има и во многу други производи, тргнувајќи од црна-та чоколада (прочуеното средство за подобро расположение), но истра-жувачите велат дека неговото дејство е најделотворно ако се пие како топол напиток. Имено чоколадата содржи многу заситени масни кисе-

Чоколадата кориснаи во бременоста

Здрав живот

Page 27: АМАК ПРЕС 119

27

лини пример во 40 гр чоколада има околу 8 гр заситени масни киселини, а шолја какао едвај 0,3 ако се консумира со млеко. Во чистото какао нема никак-ви масти. Какаото исто така содржи и многу железо, дури повеќе и од спанаќот, добро е за зајакнување на крвта и за лечење на анемичноста. Се препорачува по една шолја дневно, особено наутро за будење на организмот и зајакнување на духот, па пробајте. Навистина е многу вкусно. Какаото е нашиот омилен пијалок, а се надевам дека ако се уште не е и ваш, набрзо ќе стане. Го имате и во инстант верзија: несквик, милко експрес, бенквик и сл. Тоа е така нареченото чоколадно млеко, кое секогаш го подобрува расположението.

Стручњаците за храна велат дека сојата е супер производ, а во американските лабора-тории веќе одамна е добиена и нова сорта која е отпорна на хербициди. Во што е нејзината тајна? Здрава и многу важна во исхраната на човекот, понекогаш дури се јавува и како природен лек. Доказ за тоа е «челичното» здравје на Јапонците кои останаа верни на својата традиција. Сојата и натаму е присутна во нивната исхра-на, а со самото тоа дејствува превентивно во лекувањето на тумор на градата и на про-статата. Се претпоставува дека тоа својство го има благодарение на своите хормони (исофлавоноиди), кои го регулираат лачењето на естрогенот во те-лото. Во пролог на тоа говори и веста од Универзитетот во Бостон, во која се вели дека ефикасноста на билните хормони се докажува и против валун-гот во менопаузата. Сојата е единствена и по својата висока содржина на протеини (36%, што е двапати повеќе од месото). Без холестеролот и богатите есенцијални аминокиселини, овие протеини се моќна потпора во борбата против болестите на срцето и на крвните садови. «Добри» се и мастите што таа ги содржи во големо количество. Тие содржат повеќекратни заситени масни киселини, значајна концентрација на «омега 3» кои се неопходни во одбрана-та на организмот и развојот на новите клетки. Во мастите спаѓаат и лецитините, супстанци кои дејствуваат против холестеролот и стресот. Предноста на сојата лесно се забележува, па затоа се препорачува да се консумира два до три пати неделно, и тоа во облик на семе, брашно или трошки. Важно е да знаете дека нејзините корисни супстанции организмот може да ги искористи подобро во комбинација со тестенини или други жита. Уште по-добро е ако додадете и некое јајце или друг млечен производ, со што значително ќе се зголеми количеството на есенцијални аминокиселини. Во продолжение ви даваме краток преглед на производите од соја (освен снегулки), кој се надеваме дека ќе ве поттикне да го збогати вашето мени. Семе - жолтото семе е побогато со активни состојки. Му требаат два до три дена да омекне стоејќи во вода, а потоа може да се свари (околу 3 часа) заедно со ароматични тревки. Се додава на чорби и јадења од зеленчук и жито. 'Ртилци - се добиваат од зеленото семе. Најдобро е да се употребуваат свежи во салата или заедно со обарен или варен зеленчук. Масло - богато со незаситени масти. Се препорачува против зголемен холестерол и не се употребува за готвење. Брашно - идеално за подготвување кох, суфле, омлет и тестенини. Сепак, се препорачува да се употребува интегрално брашно. Млеко - без лактоза и холестерол. Го заменува кравјото млеко. Јогурт - одличен десерт. Се подготвува од соиното млеко.

Сојата полезна за мажите Американските научници од Државниот универзитет на Колорадо, тврдат дека консумирањето соја го намалува ризикот од заболување од рак на про-статата и го спречува опаѓањето на косата. Во нивното истражување е утврдено дека молекулот што настанува во дигестивниот систем, во текот на варењето на сојата, го спречува дејството на ДХТ- хормонот, кој го зголемува ризикот од заболувања од рак на простатата и предизвикува ќелавост. Според нивното мислење, тоа би можело да се објасни зошто мажите во Јапонија ретко заболуваат од рак на простата. Сојата во Јапонија е многу присутна во исхраната. Научниците веруваат дека молекулот што настанува при варењето на сојата, би можел да се искористи како темел за новите третмани против рак и опаѓање на косата. Моментно постојат лекови кои ја спречуваат конверзијата на хормонот тестостерон во ДХТ, но утврдено е дека предизвикуваат негативни споредни дејства.Витаминот Ц во производство на матични клетки Витаминот Ц може да потпомогне во трансформацијата на возрасните клетки во матични, кои според карактеристиките одговараат на оние кои потекну-ваат од ембрионите, велат кинеските научници. Истражувачите велат дека возрасните клетки може да се репрограмираат во матични клетки преку активирање на одредена група гени. Ваквите наоди би можеле да имаат големо влијание на полето на регенеративната медицина, се наведува во студијата објавена во стручниот магазин „Cell Stem Cell“.

Сојата најкомплетна храна

Здрав живот

Page 28: АМАК ПРЕС 119

44

Совети

Page 29: АМАК ПРЕС 119

29

Датумот на одржување на најголемата спортска манифестација во Македонија- Охридскиот пливачки маратон, за жал се уште не е утврден,иако сезо-ната на Гран при серијата на ФИНА веќе започна. Во Календарот на ма-ратони на ФИНА се утврдени дату-мите на одржување,но Охридскиот маратон не е вметнат ,најверојатно поради неплатената котизација од 5.000 долари. Истовремено, не е ут-врден и наградниот фонд кој тре-ба да го добијат маратонците кои ќе

пливаат на патеката ,,Климе Савин,, од Свети Наум до Охрид, во должи-на од 30 километри. Минатата година, наградниот фонд на Охридскиот пливачки маратон изнесуваше 25.000 долари,Но годи-нава, поради кризата, наградниот фонд најверојатно ќе биде рестрик-тивен односно намален на околу 10 до 15.000 долари. Од обновувањето на Охридски-от пливачки маратон во 1992 годи-на, речиси постојано, организато-

рите на оваа афирмирана спортска манифестација, никако да ги раз-решат, сите недоследности ,што се провлекуваат секоја година. Пред се, се мисли на навремената упла-та на котизацијата, висината на на-градниот фонд и точниот термин на одржување на пливачкиот маратон. Поради ваквите пропусти околу организацијата и одржувањето на маратон кој за охриѓани е од посеб-но значење а со нив и за неколкуте илјади туристи,крајно време е Пли-вачката Федерација на Македонија,

заедно со покровителот, претсе-дателот на државава и другите институции,асоцијации,Локалната самоуправа на Охрид, и спонзорите, на заедничка маса, да се позанима-ваат и еднаш засекогаш да ги дефи-нираат и разрешат сите дилеми,на оваа респектибилна,атрактивна и авторитетна спортска манифестација кај нас. Маратонот мора да се дефинира со сите свои белези,бидејќи не само Охрид туку и Македонија се препознатливи во светот токму по него.

Неизвесна судбината на Охридскиот маратонот

Спорт

Page 30: АМАК ПРЕС 119

30

Стружанецот Ердал Лушо беше един-ствениот македон-ски претставник на 33- та регата Евро-

па куп во Хрватска. Лушо на годинешната регата на која учествуваа 21 земја со рекор-дни 345 натпреварувачи кои се натпреваруваа во три дис-циплини Ласер Стандар, Ла-сер Радијал и Ласер 4.7 заврши како 55 во конкуренција од вкупно 62 едриличари во кла-сата Ласер 4.7. “Поради недостаток на финан-сии мораме на вакви квалитет-ни регати да учествуваме сами со сопствени средства. Задо-волен сум од настапот но и од приемот бидејќи како един-ствен учесник од нашата земја на регатата беше истакнато македонско знаме и напиша-но уставното име на нашата држава Македонија без никакви додавки“, вели младиот стружанец

Лушо кој беше прогласен за најдобар спортист за Струга за ми-натата година, од класата оптимист

премина во класата Ласер 4.7. Се-каква споредба за резултати е пре-рана бидејќи допрва Ердал треба да ги запознава вештините во новата

дисциплина.

“Во класата ласер 4.7 покрај так-тичката подготвеност се бара и голема физичка и кондициска подготвеност. Конкуренцијата во класата ласер 4.7 е многу поголе-ма, а ова класа втора по бројност веднаш зад оптимистот. Ме оче-кува упорна работа и многу тре-нинзи како и настап на многу регати по што мислам дека ќе се вклопам во новата европска конкуренција.

Финансиите ги кројат наредни-те планови, доколку се обезбе-дат доволно средства од клубот планираат да настапат на регата-та во Франција. Планираат да на-стапат на регатите од евро куп, преку кои може да се добијат поени за пласман во светскиот ранг во класата ласер 4.7

Ердал Лушо единствен македонски едриличар на хрватската регата

Спорт

Page 31: АМАК ПРЕС 119

27

Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобриврски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели,со најниски трошоци.

Како?Не губете го вашето драгоцено време

во размислување!Дозволете тоа да го организираат

експерти и професионалци.

Сè на едно место

ВИС ПОЈ

046 255 600www.vispoj.com.mk

Page 32: АМАК ПРЕС 119

32

Спорт