АМАК ПРЕС 101

20
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 101 25 Noemvri 2008 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 ИНТЕРВЈУ: ЗОРАН СТРЕЗОСКИ ИНТЕРВЈУ: СЛАВИЦА ИЛИЌ ГИ ПОТТИКНУВАМЕ УЧЕНИЦИТЕ ДА УЧАТ ЗА ЗНАЕЊЕ А НЕ ЗА ОЦЕНИ СТРЕЗОСКИ ВЕТУВА КОНКРЕТНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДОБРИ ДЕНОВИ ВО ТУРИЗМОТ СПЕЦИЈАЛНА ГРАЃАНСКА ЕДИНИЦА ЌЕ ГО РЕГУЛИРА СООБРАЌАЈОТ ВО ОХРИД ГОЦЕ СИМОНОСКИ СИ ЗЕДЕ АДВОКАТ НИКАКО ДА ГО ТРГНЕ ВНИМАНИЕТО ОД СЕБЕ. ОДКАКО ЈА ПРОМЕНИ БОЈАТА НА КОСАТА СЕГА ГО ПРОМЕНИ И НАЧИНОТ НА КОМУНИКАЦИЈА СО НАШИОТ ВЕСНИК definitivno najevtino www.don.com.mk

Upload: alankaou

Post on 09-Feb-2016

261 views

Category:

Documents


9 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

Page 1: АМАК ПРЕС 101

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 101 25 Noemvri 2008

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

ИНТЕРВЈУ: ЗОРАН СТРЕЗОСКИ ИНТЕРВЈУ: СЛАВИЦА ИЛИЌ

ГИ ПОТТИКНУВАМЕ УЧЕНИЦИТЕ ДА УЧАТ ЗА ЗНАЕЊЕ А НЕ ЗА ОЦЕНИ

ГИ ПОТТИКНУВАМЕ УЧЕНИЦИТЕ ДА УЧАТ ЗА ЗНАЕЊЕ А НЕ ЗА ОЦЕНИ

СТРЕЗОСКИ ВЕТУВА КОНКРЕТНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДОБРИ ДЕНОВИ ВО ТУРИЗМОТ

СПЕЦИЈАЛНА ГРАЃАНСКА ЕДИНИЦА ЌЕ ГО РЕГУЛИРА СООБРАЌАЈОТ ВО ОХРИД

ГОЦЕ СИМОНОСКИ СИ ЗЕДЕ АДВОКАТ

НИКАКО ДА ГО ТРГНЕ ВНИМАНИЕТО ОД СЕБЕ. ОДКАКО ЈА ПРОМЕНИ БОЈАТА НА

КОСАТА СЕГА ГО ПРОМЕНИ И НАЧИНОТ НА КОМУНИКАЦИЈА СО НАШИОТ ВЕСНИК

definitivno najevtinowww.don.com.mk

Page 2: АМАК ПРЕС 101

2 AMAK PRES

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Page 3: АМАК ПРЕС 101

3www.amac.com.mk/novini

Раководителот на ЛЕР Гоце Симоноски ангажирал адвокат преку кого сега комуницира

со редакцијата на локалниот весник Амак Прес Охридски Новини и порталот Мегастар. Имено овие два медиума добија писмени реакции од канцеларијата на адвоактот Драган Гоџо со која се демантираат некои од написите и ставовите изнесени во колумните на Љупчо Таневски. Интересно е да се напомене дека во писмените реакции испратени во тековниот месец се реагира на написи кои се објавени на 03 и на 25 август. Се реагира на изјави кои за Амак Прес Охридски Новини ги дал Демир Далип, а кои редакциите ги имаат документирано на аудио запис и за изјави на новинарката Росица Голабоска дадени гостувајќи во емисија на Радио Охрид, а Амак Прес Охридски Новини и Мегастар само ги пренеле.

Интересно е и тоа што во последниот

пасус од писмата стои дека во иднина ќе се стават на располагање сите механизми за заштита на правата согласно Уставот и законите. Ова не е првпат да се прави своевиден обид да се стават медиумите во контролирана положба, бидејќи претходно Борче Симоноски ( брат на Гоце Симоноски) јавно кажа дека нема да ја палти рекламата во Радио Охрид затоа што радиото имало ист сопственик со Амак Прес Охридски Новини, а уредникот на Амак Прес Охридски Новини бил повикан во канцеларија на Локалната самоуправа каде бил навредуван, омаловажуван и му биле изнесени закани дека ќе го стигне казната небесна и ќе платат неговите идни поколенија. За овие скандалозни однесувања на јавните службеници за жал тогаш не се огласи ни еден медиум во Охрид, нити колегите од новинарската фела, а на

Здружението на новинари никој не се ни сети бидејќи тоа одамна е мртво. За овој најнов случај на однос на државен службеник со медиум изјава побаравме од портпаролот на градоначалникот Никола Манески. - Јас сум изненаден од Вашето укажување дека државен службеник од тимот на соработници на Градоначалникот, преку адвокат, однапред Ви забранил да пишувате за неговото работење во иднина! Несомнено, тоа е непромислен гест бидејќи таквата закана се коси и со Законот за државни службеници. Не може на јавноста или странките да им се забрани да даваат свои оценки и мислења за работата на било кој службеник во општинската администрација, а уште повеќе однапред тоа да им се забранува. Познато ми е дека Вашиот медиум има критички став кон работењето на споменатиот службеник, но ваков потег е недемократски и може да им користи само на политичките противници на Градоначалникот како пример за заплашување на новинарите. Вие знаете дека самиот градоначалник се залага за транспарентно работење и никогаш не ги заплашувал новинарите. Убеден сум дека ќе го имате и неговото извинување за непромислениот гест на неговиот службеник вели Манески и додава дека од друга страна се поставува прашањето и за моралот и професионалноста на адвокатот.- Како може адвокатот да заплашува јавен медиум во име на странка и тоа априори, односно за дело кое не е ни случено? Не е ли тоа заплашување на новинарите од страна на адвокатурата? Но, тоа е веќе прашање за вашата новинарска фела, односно Вашиот еснаф – заклучи Манески. Ние како редакција подолго време повикуваме да се активираат механизмите согласно уставот и законите и да се провери и испита работата на Гоце Симоноски како носител на јавна функција, а секако и се држиме до објективноста, па целосно во оригинал ги објавуваме писмените реакции. Р.А.П.О.Н

Интересно е и тоа што во последниот Здружението на новинари никој не се ни сети бидејќи тоа одамна е мртво.

РАКОВОДИТЕЛОТ НА ЛЕР СО НАС ОД СЕГА КОМУНИЦИРА ПРЕКУ АДВOKAT

ЛОКАЛГОЦЕ СИМОНОСКИ ГО АНГАЖИРА ДРАГАН ГОЏО ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО НАШИОТ ВЕСНИК

Page 4: АМАК ПРЕС 101

ЛОКАЛ

СПЕЦИЈАЛНА ГРАЃАНСКА ЕДИНИЦА ЌЕ ГО РЕГУЛИРА СООБРАЌАЈОТ ВО ОХРИД

На 29 ноември во хотелот“ Реви-ера“, ќе се одржи општински-от натпревар за безбедност во

сообраќајот. Ќе учествуваат по тројца ученици од девет основнии средни училишта од градов, тие ќе го покажат своето општо познавање за безбедно-ста во сообраќајот кое го стекнале со помош на искусните сообраќајно –по-

лициски ментори во теков на учебнава година.“Преку квизот ќе осознаеме до кое ниво младите успеале да ги раз-берат и совладаат сообраќајно вос-питните мерки,што е основна цел на овој Совет, да ги заштити децата во сообраќајот за нивна подобра иднина и младост“,истакнува претседателот на

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Верољуб Василевски.Наскоро по охридските улици патниот сообраќај ќе го регулираат 12 млади сообраќајци, членови на Специјалната граѓанска единица за регулирање на сообраќајот.“Учениците кои ќе ја сочинуваат оваа единица ќе бидат обучувани од сообраќајни полицајци. Интересот кај децата беше огромен, се пријавија 56 ученици, па моравме да избереме 17, кои по правилото на ротација ќе се ме-нуваат на “работното“ место, значи на улица максимум ќе се ангажираат по 10-12 ученика“.Членовите на Специјалната граѓанска единица за регулирање на сообраќајот ќе носат униформи во кремава боја. Девојќите ќе имаат здолништа а маш-ките панталони, сите на главите ќе носат капи, со исцртани специфични симболи за Охрид и УНЕСКО.Инаку, најдобриот ученик од општин-скиот натпревар ќе учествува на регио-налниот натпревар кој ќе се одржи до 15 декември. Во јануари 2009 година ќе биде и републичкиот натпревар за безбедност во сообраќајот. Ангела Белевска

НА 29 НОЕМВРИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

СЕ СТРЕМИМЕ КОН БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

фото: Љ.Т.

Page 5: АМАК ПРЕС 101

5www.amakpres.com.mk

СПЕЦИЈАЛНА ГРАЃАНСКА ЕДИНИЦА ЌЕ ГО РЕГУЛИРА СООБРАЌАЈОТ ВО ОХРИД

Како минатата така и оваа година ста-нарите од зграадата

број 32 на улица“ Димитар Влахов“, никако неможат да ги усогласат своите со ставовите од надлежните од Локалната самоуправа кога станува збор за уредување на дворниот простор пред зградата, во проблемот прсти вмеша и ЕВН која топ-ката повторно ја префрла на Општина Охрид.Чии интереси се кријат зад градежните активности кои започнаа минатата година кои иако судски се запре-ни продолжија и година-ва? Станува збор за истиот проблем или трет правен субјект се вмешал во него? Ова е прашањето чиј одго-вор го побаравме и ние. Каде е проблемот и какви намери крие тој? “ На 19 ноември кој беше прогласен за неработен ден “Ден на дрвото- засади ја својата иднина“ , рано утрото забележавме група луѓекако копаат нешто. Брзо реагиравме и ги запрашав-ме кои се и што прават во нашите дворови. Ни рекоа дека се вработени во при-ватна фирма ангажирана за

градежните работи од ЕВН. Од Електро стопанство ни ја покажаа дозволата за работа која ја добиле од локална-та самоуправа. Зачудувачки и несватливо како е можно локалната самоуправа да издава налози за градежни активности во туѓи имоти. Постои судско решение кое е окончано, и во кое јасно се наведува дека дворовите се сопсственост на државата кои се под наше владениее а во тек е постапка за нивно откупување од наша страна. Замислете почнаа со копање пред да биде изгласан детал-ниот урбанистички план“, велат од куќниот совет на зградата кој е регистриран како правен субјект.Од Локалната самоуправа ги отфрлаат сите обвинувања и велат дека немаат никакви допирни точки со годинаш-ните градежни активности.“Од ЕВН уредно доставија барање за дозвола за копање дупки, поради приклучок на ниско напонски објекти, на-мерата им била да спроведат електрична мрежа и во тој дел. Но ние немаме никак-ва врска со ископувањата, тие не се од нас иницирани, и не стоиме зад нив“, вели

Зоран Шикалоски,с оветник за сообраќај во општинска-та зграда и додава дека тие немаат никакви ингеренции над ЕВН.Од ЕВН деновиве, не беа до-стапни и не најдоа време да го искоментираат случајот.Инаку за потсетување дека минатата година локалната сампоуправа и станарите ги судрија своите станови за уредување на дворниот про-стор од зградата. Случајот беше решен пред судот кој застана на страната на ста-нарите. Во судското решение јасно е наведено дека дворот е државна сопственост под владение на станарите а во моментов се води постап-ка за нивен откуп од страна на станарите.Судот ги запре сите градежни активности кои беа отценети како не-легални а истите минатата година без знаење на ста-нарите и претходна најава ги отпочнаа надлежните од Локалната самоуправа. На-мерата им беше да изградат паркинг плацеви со наплатни рампи на кои патарина нема да плаќаат станарите....“Ние се уште веруваме во законот зошто сме правна држава. Минатогодишниот

проблем кога незаконски беше искорната зелената ограда го решивме пред суд. За секој превземен не-законски чекор правдата ќе ја бараме пред надлежни институции“, вели Снежа-на Арнаудова, која живее во зградата. “Како што неодамна уред-но ги асфалтира улиците од периферијата, може да ја ас-фалтира и улицата која е во строг центар а не да троши пари по судови заради не-законско влегување во туѓи дворови“,му порачуваат на градоначалникот Петрески револтираните членови од куќниот совет на зградата. Станарите апелираат до градоначалникот Алексан-дар Петрески дека е многу подобро наместо да пре-взема незаконски градежни активности во туѓи имоти, да одвои дел од буџетот за асфалтирање на улицата која минува низ зградите а која е преполна со огромни дупки и одрони иако се наоѓа во најстрогиот центар во гра-дов. Ангела Белевска

СЕНИШТАТА ОД МИНАТОТО СЕ ВРАТИЈА НАЗАД???

Како минатата така градежните работи од ЕВН. Зоран Шикалоски,с оветник проблем кога незаконски

“КАКО ШЕРИФИ ВЛЕГОА ВО НАШИТЕ ДВОРОВИ ДА ЈА СПРОВЕДУВААТ СВОЈАТА ВОЛЈА КОЈА Е ВОНЗАКОНСКА. ВЛЕГУВААТ ВО ТУЃ ИМОТ СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВТА КОЕ Е ПОД НАШЕ ВЛАДЕНИЕ. БЕЗ ПРЕТХОДНО ДА ЈА ДОБИЈАТ НАШАТА СОГЛАСНОСТ ПОЧНАА НЕЗАКОНСКИ КАКО ЛАНИ ТАКА И ГОДИНАВА ВО ДВОРОТ ПРЕД ЗГРАДАТА ДА ПРЕВЗЕМААТ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ“ ,ВЕЛАТ СТАНАРИТЕ ОД ЗГРАДАТА НА УЛИЦА “ДИМИТАР ВЛАХОВ“ КАДЕ ПРЕД ЕДНА ГОДИНА НАДЛЕЖНИТЕ ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СВОЕВОЛНО ЗАПОЧНАА СО КОРНЕЊЕ НА ЗЕЛЕНАТА ОГРАДА ОД ДВОРНИОТ ПРОСТОР НА ЗГРАДАТА, САКАЛЕ ДА ПРАВАТ ПАРКИНГ ПЛАЦОВИ .СУДОТ ПРЕСЕЧЕ И ТОГАШ ГИ СТОПИРА НЕЗАКОНСКИТЕ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ.“ НЕМАМЕ НИКАКВА ВРСКА СО ГОДИНАШНИТЕ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ.НИВ ГИ ОТПОЧНА ЕВН, КОПАЛЕ ПОРАДИ ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА НИСКО НАПОНСКИ ОБЈЕКТИ, ЗАРАДИ СПРОВЕДУВАЊЕ ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА. И НИЕ ПОБАРАВМЕ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ДА БИДАТ СТОПИРАНИ. НО ЕВН НЕ Е ПОД НАША НАДЛЕЖНОСТ“,ВЕЛАТ ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА, И ДОДАВААТ ДЕКА НАМЕРАТА СО МИНАТО ГОДИШНИТЕ АКТИВНОСТИ КОИ СЕГА СУДСКИ СЕ СТОПИРАНИ ИМ БИЛА ДА ГО РАЗУБАВАТ ПРОСТОРОТ А НА ПАРКИНЗИТЕ КОИ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗГРАДАТ СТАНАРИТЕ НЕМАШЕ ДА ПЛАЌААТ ПАТАРИНА НА НАПЛАТНИТЕ РАМПИ.

“КАКО ШЕРИФИ ВЛЕГОА ВО НАШИТЕ ДВОРОВИ ДА ЈА СПРОВЕДУВААТ СВОЈАТА ВОЛЈА КОЈА Е ВОНЗАКОНСКА. “КАКО ШЕРИФИ ВЛЕГОА ВО НАШИТЕ ДВОРОВИ ДА ЈА СПРОВЕДУВААТ СВОЈАТА ВОЛЈА КОЈА Е ВОНЗАКОНСКА. ВЛЕГУВААТ ВО ТУЃ ИМОТ СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВТА КОЕ Е ПОД НАШЕ ВЛАДЕНИЕ. БЕЗ ПРЕТХОДНО ДА ЈА ВЛЕГУВААТ ВО ТУЃ ИМОТ СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВТА КОЕ Е ПОД НАШЕ ВЛАДЕНИЕ. БЕЗ ПРЕТХОДНО ДА ЈА ДОБИЈАТ НАШАТА СОГЛАСНОСТ ПОЧНАА НЕЗАКОНСКИ КАКО ЛАНИ ТАКА И ГОДИНАВА ВО ДВОРОТ ПРЕД ЗГРАДАТА ДА ПРЕВЗЕМААТ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ“ ,ВЕЛАТ СТАНАРИТЕ ОД ЗГРАДАТА НА УЛИЦА “ДИМИТАР ВЛАХОВ“ КАДЕ ПРЕД ЕДНА ГОДИНА НАДЛЕЖНИТЕ ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СВОЕВОЛНО ЗАПОЧНАА СО КОРНЕЊЕ НА ЗЕЛЕНАТА ОГРАДА ОД ДВОРНИОТ ПРОСТОР НА ЗГРАДАТА, САКАЛЕ ДА ПРАВАТ ПАРКИНГ ПЛАЦОВИ .СУДОТ ПРЕСЕЧЕ И ТОГАШ ГИ СТОПИРА НЕЗАКОНСКИТЕ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ.“ НЕМАМЕ НИКАКВА ВРСКА СО ГОДИНАШНИТЕ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ.НИВ ГИ ОТПОЧНА ЕВН, КОПАЛЕ ПОРАДИ ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА НИСКО НАПОНСКИ ОБЈЕКТИ, ЗАРАДИ СПРОВЕДУВАЊЕ ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА. И НИЕ ПОБАРАВМЕ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ДА БИДАТ СТОПИРАНИ. НО ЕВН НЕ Е ПОД НАША НАДЛЕЖНОСТ“,ВЕЛАТ ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА, И ДОДАВААТ ДЕКА НАМЕРАТА СО МИНАТО ГОДИШНИТЕ АКТИВНОСТИ КОИ СЕГА СУДСКИ СЕ СТОПИРАНИ ИМ БИЛА ДА ГО РАЗУБАВАТ ПРОСТОРОТ А НА ПАРКИНЗИТЕ КОИ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗГРАДАТ СТАНАРИТЕ НЕМАШЕ ДА ПЛАЌААТ ПАТАРИНА НА НАПЛАТНИТЕ РАМПИ.

МИНАТОГОДИШНИОТ ПРОБЛЕМ СО ЗЕЛЕНАТА ОГРАДА ОД ЗГРАДАТА БР.32 НА УЛИЦА “ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ПОВТОРНО ОЖИВЕА. ВО СЛУЧАЈОТ ПРСТИ ЗАМЕША И ЕВН

Page 6: АМАК ПРЕС 101

6 AMAK PRES

ЛОКАЛ

Реализацијата на најавениот проект за санација и давање

содржина на платото пред хотелот Палас најверојатно ќе треба да почека да завршат изборите. Споменикот кој беше планиран да биде дел од содржината на овој простор, а е подарок од Украина стои затворен во магацин на Гранит и чека некој подобри времиња за да се постави на местото каде што беше планирано.Дел од советниците велат дека не можат да гласаат, да се овозможи поставување на споменикот затоа што со тоа како што велат актуелниот градоначалник ќе добиел поени во јавноста непосредно пред изборите.Поголем дел од советниците не сакаат да даваат официјални изјави за овој

проблем, но велат дека не гласаат за поставување на споменикот, а причините за тоа не ги коментираат јавно. Зад кулисно никој не крие дека се работи за чисти политички калкулации. Некои од советниците отворено на комисии кажувале дека не може да се дозволи овој проект да се реализира пред изборите, а за тоа го известиле дури и самиот градоначалник.- Опструкциите околу поставувањето на споменикот на платото пред Палас се чисто политичко прашање и немаат врска со согледување на урбанистички планови во функција на развојот и уредувањето на градот. Можам да кажам дека ова е повторување на истата ситуација како што беше со

ДУП-от и дека партиите не поаѓаат од интересите на градот туку се водат само од тесно партиските интереси. Што се однесува до тоа како изгледа споменикот, сметам дека тоа е предизвикано од недоверба кон донацијата затоа што сепак стручната јавност е таа која проценува дали некое уметничко дело е добро или лошо и го оценува истото. - вели Никола Манески, портпарол на градоначалникот.

КАЛИМЕРО ПРОТИВ СПОМЕНИКОТ ОД ЕСТЕТСКИ ПРИЧИНИСоветникот Перо Калимеро за разлика од советниците делегирани од партиите без пардон зборува зошто е

против овој проект.- Мене овој споменик ми личи на ѓавол. Другите советници си прават политички калкулации и никој, ама ни еден од нив не ни помисли на што личи тој споменик. Тие се во занес целите и навлезени и опседнати од партиските интереси, претворени во роботи за гласање не гласаат за овој споменик, а јас не гласам затоа што споменикот ми личи на ѓавол и тоа јавно го кажувам, а тие не кажуваат јавно дека немаат ни став ни мислење туку само гласаат како што ќе им кажат партиите, бидејќи се машинчиња за гласање – вели независниот советник Перо Петрески Калимеро.

Љ.Таневски

СПОМЕНИКОТ ДОНАЦИЈА ОД УКРАИНА ЗАГЛАВИ ВО ПАРТИСКИТЕ КАЛКУЛАЦИИ

СПОМЕНИКОТ КОЈ НА ОХРИД МУ Е ДАДЕН КАКО ПОДАРОК ОД УКРАИНА НАМЕСТО ДА ГО КРАСИ ГРАДОТ СТОИ ВТЕМНИЧЕН ВО ЕДЕН ОД МАГАЦИНИТЕ НА ГРАНИТ, ПЛАТОТО ПРЕД ПАЛАС СЕ РАСПАЃА, ПАРТИИТЕ ПРАВАТ КАЛКУЛАЦИИ ЗА ТОА КОЈ КАКОВ РЕЈТИНГ ЌЕ ДОБИЕ АКО СЕ ПОСТАВИ СПОМЕНИКОТ, А ЈАВНОСТА НЕМА ПОИМ ДЕКА ТОЈ Е ВО ОХРИД.

фото: Љ.Т.

Page 7: АМАК ПРЕС 101

7www.amakpres.com.mk

НАЈСТАРИОТ ЖИТЕЛ ОД ОХРИД ИМА 100 А НАЈСТAРАТА БРАЧНА ДВОЈКА 70 ГОДИНИВарошанката, Цвета Арнаудова е

најстариот жител во Охрид. Ро-дена е далечната 1909 година и

наскоро се ближи нејзиниот роденден кога ќе наполни 100 и ќе влезе во 101-та година од својот живот. Таа е жив сведок на историјата која ја учевме ние, а ја учат и нашите поколенија. Како че-три годишно девојче ги почувствувала страдањата од балканските војни и по-делбата на Македонија. Потоа ги пре-живеала и Првата и Втората светска војна. На своите внуци и правнуци им раскажувала за распадот на Кралство-то на Србите Хрватите и Словените, а по завршувањето на Втората светска војна за основањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.Цвета Арнаудова, матурирала во 1927 година а во 1937 година дипломирала на Правниот факултет во тогашното кралство СХС. Таа е еден од први-те правници во Охрид, и меѓу првите вработени службеници во тогашниот охридски Општински Суд каде го ра-ситнала целиот свој работен стаж.За жал, тетка Цвета од здравствени причини не е во можност да каже не-што повеќе за себе, за својот живот, но длабоката старос ја минува среќно во семејната куќа во која живее заедно со

синот Александар и неговата сопруга.Таа има повеќе внуци и правнуци.Двојките , Германови и Димоски, има-ат најдолк брачен стаж од цели 70 го-дини.Лазе и Трајанка Германови, својот брак го склучиле во далечната 1938 годи-на. Чичко Лазе тогаш имал 23 а тетка Трајанка само 13 години.На своите 16 години Трајанка го родила нивно-то прво дете. Тие се родители на 7 деца, 3 ќерки и 4 синови, сите живеат во Австралија, а бројот на внуците и правнуците е над 50.Најдолгиот период од животот Лазе и Трајанка исто така го поминале во туѓина, во Австралија. Во родната земја дошле пред четри години и жи-веат во нивната семејна куќа во село Лескоец-Охридско.“Животот го минавме убаво, имаше и лоши моменти, но само убавото се па-мети. Ќе се насмееме па меѓусебно ќе се налутиме, но го туркаме некако жи-вотот. За важни животни прашања за-едно сме донесувале одлуки, мора да се живее во слога“, смеејќи се ни рече тетка Трајанка.Овие двајца старци се во одлична пси-хичка и физичка форма иако животната судбина им нанесувала удари. Им по-

чинал едниот син, а во Австралија ра-ботеле и тешка физичка работа.“Работев во топилница, на температу-ра на воздухот од 70-80 степени, ужас. Се работеше од утро до мрак но нико-гаш не се жалам од работата. Таа ме одржува во живот. И денес иако не сум вработен, не седам во место, копам во нашата бавча, преуредувам, секогаш правам нешто, а исто и сопругата“, вели чичко Лазе.Денес Лазе има 93 години и ниту ед-наш не посетил лекар, а Трајанка има 83 години.Стаж од 70 години има и брачната двојка Димоски.Велика е родена во 1919 а Никола во 1921 година. Бракот го склучичле во 1938 година.Најстариот жител и најстарите брачни двојки се избрани врз основа на кон-курсот “За најстар жител за Охрид и Дебрца“, што Црвениот крст од градов го распиша по повод одбележувањето на Неделата на стари лица што траеше од 16 до 23 ноември.

Ангела Белевска

Page 8: АМАК ПРЕС 101

8 AMAK PRES

ИНТЕРВЈУ

Од неодамна сте назначен за директор на Агенцијата за развој на туризмот. Јавноста

малку знае за ова ново тело, па од-говорете ни за што се работи, кои се целите кои треба да се постигнат со формирањето на оваа агенција ?Видете назначувањето за директор на Агенцијата за мене преставува чест но пред се огромна обврска и одго-ворност.Јас функциите ги разбирам пред се како одговорност да направи-те нешто добро за својата институција ,својата земја по што генерациите ќе ве паметат. Формирањето на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот е резултат на потребите за што подобра промоција на македонскиот туризам во странство. Основните надлежности на Агенцијата се :- активно промовирање на вкуп-

ниот туристички потенцијал на Репу-блика Македонија во странство; - Унапредување и промоција на туризмот;- професионално презентирање на сите сегменти и региони од тури-стичката понуда;- обезбедување информативен пропаганден материјал за промоција на туристичките вредности (штампани публикации, аудио и видео материјали, интеренет презентации, сувенири и др.);- подготвување на објективни анализи и прогнози во врска со движењето на туристичкиот промет во функција на насочување на идни актив-ности;- изготвување маркетиншки анализи на домашниот и странскиот туристички пазар;

- формирање и развивање един-ствен туристичко информационен си-стем и негово поврзување со други информативни системи во земјата и странство;- развивање и промовирање нови интегрални туристички произво-ди;- комплетирање на целокупната инфраструктура во македонските тури-стички центри, креирање на комплетна понуда од културно забавниот живот, превозот, патните ознаки и др.;- иницирање и реализирање меѓународна соработка со сродни орга-низации и институции;- предлагање квалитетни мерки и активности за промоција и подршка во туристички неразвиените делови на државата;- помагање во привлекување во

СТРЕЗОСКИ ВЕТУВА КОНКРЕТНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДОБРИ ДЕНОВИ ВО ТУРИЗМОТ

СТРЕЗОСКИ НАЈАВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО ПРОМОТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ОХРИД И МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТОТ

ЗОРАН СТРЕЗОСКИ – ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПРОДАЖБА НА ТУРИЗМОТ

Page 9: АМАК ПРЕС 101

www.amakpres.com.mk 9

инвестиции за големи хотелски компа-нии;- соработување со светски по-знати турооператори за привлекување на што поголем број на туристи;- соработување со приватни (до-машни и странски) претприемачи и Крајната цел е бројот на остварени ноќевања од странски туристи и бројот на странски туристи кои е посетиле Македонија да расте од година во го-дина.

Каде е седиштето на агенцијата и каква е нејзината организациона по-ставеност?Седиштето на Агенцијата е во Струга, а свои организациони единици е пред-виденпо да има во повеќе градови низ државава со цел поблиску да сме до туристичките работници но тоа ќе се реализира во подоцнежна фаза.Колкави средства додели Владата за работата на агенцијата и кои ќе се ра-ботните активности на агенцијата?Сакам да напоменам без никакви пред-расуди дека сега е моментот што тури-стичките работници од земјава треба да го искористат за развој на туризмот. Фактот што за првпат во историјата на Владите на Македонија - туризмот се постави во фокусот на вниманието на една влада и која му придава огромно значење Тоа се гледа во формирање на Агенција за туризам кои туристичките работници многу години наназад ја по-сакуваа, во постојаното зголемување на средствата за промоција и развој на туризмот, (за следната година за промоција се предвидени 450 000 евра а само пред неколку години беа 100 000 евра). Тоа се гледа во подршката за организацијата на првиот мегуна-роден Саем за туризам во Охрид, во укинување на визите за влез на гра-ганите од Европската унија (можат да ја посетат Македонија само со лич-на карта),во укинување на таксата за слетување на аеродромите за чартер летовите, во измена на многу законски акти со цел олеснување на работата на туристичките субјекти....Активностите на Агенцијата ќе се во функција на остварување на програма-та на Владата во областа на туризмот. Каква стратегија ќе се примени во промоцијата на Македонија како ту-ристичка дестинација? Повеќе ќе се става акцент на Охрид и Струга или ќе настапите со целокупните ресур-си во туризмот на државава ?Значи Агенцијата е за промоција

на Македонија како туристичка дестинација во странство. Нормално дека Охрид и Струга се топ туристички дестинации во земјава што значи голем дел од промоцијата отпаѓа на нив. Но секако дека ќе се настапи со целокуп-ните ресурси во туризмот на државава И воедно ќе помагаме недоволно раз-виените туристички региони во држа-вава што побрзо се развијат,што побрзо креираат туристички производ кои ќе го промовираме во странство. Мојата стратгија ке се одвива во не-колку правци(нормално откако ќе се прифати од Управниот одбор на Агенцијата):1.Промоција преку организирано уче-ство на меѓународни саеми - (пре-познатливост на нашиот штанд, делење на современи печатен и аудио-визуелен пропаганден материал од Македонија, организација на Маке-донска вечер (со учество на етно гру-пи од Македонија и организирање на коктел со промовирање на национал-ните јадења), организација на пресс-

конференција со видео презентација за странските медиуми и туроператори, организирање на состаноци на наши туристички агенции кои работат на ин-цаминг туризам со туроператори од до-тичната земја).2. Освојување на нови туристички па-зари - преку таргетирање на емитивни-те туристички пазари и пенетрирање на пазарот преку: промовирање на земјата преку електроските медиуми на тар-гетираната земја(видео спот кој ке се емитува на национален канал во уда-рен термин според претходно подгот-вен медиум план),промовирање преку печатени медиуми (објавување на огла-си со повик да ја посетат Македонија во најтиражен печатен медиум на до-тичната земја), организирање на пресс- конференција со видео презентација за убавините на Македонија во главниот град на таргетираната земја за нивни новинари (организација на состаноци на наши туристички агенции кои рабо-тат инкаминг со нивни туроператори, организирање на македонска вечер со

Page 10: АМАК ПРЕС 101

10 AMAK PRES

ИНТЕРВЈУ

наш бенд и кулинарски специјалитети, поставување на билборди и сити лајтови , делење на печатен и аудио-визуелен пропаганден материал и.т.н), 3.Поканување на странски туроперато-ри и новинари од таргетираната земја да ја посетат нашата земја.Значи, Агенцијата ќе ги користи сите инструменти на современиот марке-тинг во промоција на нашата земја во странство.

Можат ли туристичките работници да се вклучат во некаква соработка со агенцијата или во најмала рака и граѓаните со свои идеи и предлози и како можат да го направат тоа ? Секако. Мојата идеја е фрмирање на т.н.Координативно тело или Совет во кој ќе членуваат по еден преставник од сите организирани туристички субјекти во земјава т.е. од трите регистрирани туристички комори,Хотам, Атам, здру-жението на водичи, Факултетите за туризам во Охрид и Скопје. Сите тие ке бидат инволвирани во креирањето на програмата за промоција и подршка на туризмот во странство. Исто така ние ке се отвориме кон сите граѓани кои имаат идеи, проекти и предлози на начин да ги стават на хартија и да не посетат во нашите канцеларии. Сите проекти кои на еден или друг начин ке овозможат подршка на туризмот ние ќе ги подржиме и промовираме.

Контактиравте ли со Локалната са-моуправа во Охрид како главен ту-ристички центар на Македонија?Не само со локалната самоуправа во Охрид и Струга него јас за брзо време ќе побарам состанок со ЗЕЛС зошто нивното инволвирање во работата на Агенцијата посебно во програмата за Промоција е неопходна.Да не забора-виме дека приходот од туристичка так-са 80% се слева во општинскиот буџет.Ние ке бараме и инсистираме намен-ски да се користат тие средства и да се промовираат на Меѓународните ту-ристички саеми.

Како ја оценувате работата на ЛЕР кој подолго време во јавноста се промовира како експерт за туризам и носител на скапи проекти вредни стотици илјади евра.Видите за некој да се преставува како експерт тоа повеќе зборува за карак-терот на луѓето што го водат ЛЕР. Ние сите секојдневно учиме во туризмот зошто тоа е една динамична стопанска гранка која како силен мултипликатор ги поврзува и движи другите стопан-ски гранки.Но што е проблемот - не е важна стратегијата само да се напише на хартија него поважна е нејзината примена. Ево јас овде лично како охриѓанец кој живее во овој град го от-варам следниов проблем - Каков Охрид

ние сакаме? Во кој правец Охрид треба да се развива? Каков туризам треба да развиваме? Секојдневно слушаме раз-лични мислења преку медиуми како треба Охрид да се развива. Дали е по-добро да се градат туристички објекти од секаков вид или стамбени блокови кои не може ниту инфраструктурата на градот да ја прати? На кој простор да се градат згради а на кој простор тури-стички објекти? Да отвориме трибина на која ќе дискутираме и ќе ги презен-тираме нашите идеи без разлика кој на која политичката опција припаѓа, без разлика на која функција моментално се наоѓаме, онака како Охриѓани, да постигниме консензус меѓу нас. Дали ние тоа можеме да го направиме?

Кога ќе биде отворена канцеларија на агенцијата и што се првите работ-ни кои планирате да ги направите ?Сега сме во организациска фаза. Јас се надевам ако све тече по планот за еден месец очекувам Агенцијата да се стави во Функција. Оцекувам дека набрзо ке се формира Управниот Одбор. На крај сакам да напоменам оваа Агенција е отворена кон сите Туристички субјекти И граѓани, таа е нивна Агенција зошто само заедно можеме повеќе.

фото и текст: Љ.Т.

Page 11: АМАК ПРЕС 101

11

1

Page 12: АМАК ПРЕС 101

12 AMAK PRES

INTERVJU

ГИ ПОТТИКНУВАМЕ УЧЕНИЦИТЕ ДА УЧАТ ЗА ЗНАЕЊЕ А НЕ ЗА ОЦЕНИ- КВАЛИТЕТ А НЕ КВАНТИТЕТ!

Се навршуваат 110 години од постоењето на најстарата об-разовна институција во

градов, кои епитети го красат ОУ Св. Климент Охридски, сите овие години.

Нашето училиште оваа година со низа активности го одбележува својот јубилеј на 110 годишното постоење. Имаме многу причини да се чувствува-ме горди. Името што го носиме, фи-зичката близина на нашето училиште

до првиот Климентов универзитет ни дава за прво да се чувствуваме како најнепосредни продолжувачи на Кли-ментовата доктрина. Тоа е гордост и обврска.Местоположбата на училиштето е пре-красна. Местото на кое се наоѓа учи-лиштето подсеќа на жива историска читанка заради непосредна близина на голем број споменици на култура, средневековни цркви и археолошки наоѓалишта. Оддалеченоста на учи-лиштето од сообраќајниот метеж га-рантира поголема безбедност на уче-ниците.Училиштето во последната година претрпе поголеми инфраструктурни зафати: сменат е покривот над цела-та училишна зграда, училниците се бојадисувани, донесена е современа опрема и технички наставни средства, опремена е училница за продолжниот престој за учениците кои во момен-тот ги има над 40, во тек се работите околу хидроизолацијата на фискул-турната сала која наскоро ќе биде потполно преуредена и иновирана, во тек е реконструкцијата на санитарни-те јазли. Училиштето има своја кујна, сала за приредби и од почетокот на но-ември почна да работи во една смена. Во тек е реализација на повеќе проекти кои се однесуваат на подобрување на квалитетот на наставата, инфраструк-турата, училиштниот двор. Посебно се гордееме што сме отворени за со-работка со локалната заедница, но и со училиштата од другите држави преку реализација на разни проекти. Она по што е единствено нашето учи-лиште е дека во неговиот состав се паралелки за деца со посебни потреби кои со стручната помош на нашите де-фектолози одлично напредуваат. Исто така имаме истурни паралелки во Ин-ститутот Св. Еразмо за оние деца кои

ИНТЕРВЈУ: СЛАВИЦА ИЛИЌ- ДИРЕКТОР НА УО “СВ. КЛИМЕНТ

ИДНИНАТА НА УЧИЛИШТЕТО Е ИСКАЖАНА ВО НАШАТА ВИЗИЈА КОЈА ГЛАСИ: НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ЌЕ БИДЕ ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ ВО КОЈ ЌЕ СЕ ВОСПОСТАВАТ ВИСОКИ ОБРАЗОВНИ СТАНДАРДИ КАКО КОНТИНУИТЕТ НА КЛИМЕНТОВАТА ДОКТРИНА....., ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ОУ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“, СЛАВИЦА ИЛИЌ ,Т АА ДОДАВА ДЕКА ВО ГОДИНАВА ШТО ИЗМИНУВА ВО УЧИЛИШТЕТО СЕ РЕАЛИЗИРАНИ НИЗА ИНФРАСТРУКТУРНИ ЗАФАТИ ПО ШТО СЕ ДОБИ НОВ ПОКРИВ, УЧИЛНИЦИ СО НОВ ИЗГЛЕД, НОВА ТОПЛА И ДОБРО ОПРЕМЕНА ФИСКУЛТУРНА САЛА. НАСКОРО ЌЕ СЕ ПРЕУРЕДУВА И ДВОРНИОТ ПРОСТОР, А ОД ПРВИ НОЕМВРИ СЕ ВОВЕДЕ ЕДНОСМЕНСКОТО РАБОТЕЊЕ ВО ОВА ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА..

Page 13: АМАК ПРЕС 101

13www.amakpres.com.mk

подолго време се на лекување.Она што на училиштето му дава по-себен печат се плејада наставници, во минатото и сега кои својата стручност и умешност ја вградиле во работата на училиштето. Во афирмирањето на не-говиот углед најмногу придонесле гене-рациите ученици кои подоцна станале чесни работници, занаетчии, познати и докажани стручњаци од сите обла-сти, уметници...Би ги спомнала Хри-сто Узунов,Спас Банџов,Александар Караѓуле, Андон Дуков, академик Цветан Грозданов, композитор Глигор Копров, маратонците: Климе Савин, Атина Бојаџи, Дики Бојаџи и многу други успешни личности Минативе години во јавноста се пла-сираа информации дека има одлив на ученици од ова училиште. Ин-формациите се вистина или шпеку-лации. Секое училиште има ученици кои доаѓаат или го напуштаат во текот на годината од разни прични. Родителите и учениците имаат некогаш објективни, а некогаш субјективни причини за тоа. Не е точно дека ние сме имале одлив на учениците поголем од останатите училишта. Луѓето кои ги пласираат ваквите информации не се доброна-мерни за училиштето. Имаме и прилив на учениците, во последните години тој е поголем од одливот. Последната година имаме поголем број запишани првачиња во однос на претходните и тоа не радува. Проблемот е сосема на друга страна и со тој проблем се соочу-

ваат и другите училишта, а се однесува на белата куга и иселување на месното население од Месната заедница Стар град каде што се наоѓа училиштето. Се поголем број куќи се претвораат во ту-ристички апартмани.

Што превзема училишното рако-водство за да придобие поголем број ученици во училиштето? Нашето мото за претходната и оваа учебна година е НЕ КВАНТИТЕТ – КВАЛИТЕТ. Сигурна сум дека само со квалитетна настава, квалитентно об-разование ќе добиеме и поголем број ученици. Настојуваме да изградиме критериуми со кои ќе ги поттикнеме учениците да учат за знаење, а не за оценки. Со примена на разни техни-ки влијаеме врз развој на креативно и критично мислење кај учениците и ги оспособуваме за примена на знаењата. Оптималниот број на учениците во па-ралелките ни овозможува со секое дете да работиме индивидуализирано, да го запознаеме и да му посветиме долж-но внимание. Имаме одлични усло-ви, зголемена безбедност, работиме постојано на стручното усовршување на наставниот кадар, на професиона-лизам. Ќе понудиме и други содржини во однос на поттик на талентираните ученици, афирмацијата на спортските активности и други содржини . Има-ме организиран превоз за учениците, обезбеден продолжен престој за учени-ците со стручен надзор до 17,00 часот, наставата се изведува во една смена и мислиме дека можеме да се ставиме во

ред во најопремените и најдобро орга-низираните училишта. Ние постојано вршиме самоевалвација со цел да ги отстраниме нашите недостатоци. Се во интерес на подобар квалитет на на-ставата и условите кои ги нудиме.

Од неодамна се воведе едносменско-то работење,зошто сметавте дека е потребно вакво работно време, како учениците ја прифатија оваа новина Со воведување на едносменско работење се оствари една од приори-тетните задачи зацртана во нашата про-грама за работа за 2008/2009 година. Предностите на едносменско работење се многубројни:• поефикасна организација на воспитно-образовната работа, заради присуството на сите наставници во иста смена во училиштето; • поголеми можности за организација на слободните ученички и други активности во училиштето по завршување на задолжителната наста-ва; • поголеми можности за организирање на дополнителната и до-датната настава; • родителите ќе имаат поголеми можности да го поминуваат времето со своите деца; • поголема безбедност на уче-ниците, нема да се враќаат дома ноќе; • поголема комуникација меѓу вработените; • заштеда на енергијата; • заштеда на патните трошоци за учениците

Page 14: АМАК ПРЕС 101

14 AMAK PRES

INTERVJU

• доближување до европските стандарди во сферата на образованието и други. За да ја реализираме оваа задача обе-збедивме соодветни услови со фи-нансиска поддршка на Локалната са-моуправа. Со преградување на три поголеми училници добивме шест помали, но тие се по-интимни и со поголема топлина. На-шите наствници заедно со родителите и учениците ќе ги уредат и оплеменат користејќи ја својата креативност. Би сакала да истакнам дека училиштето е отворено и попладне за разни вон-наставни активности.Учениците и ро-дителите се задоволни, всушност тоа беше нивна иницијатива.

Пред неполн месец училишниот двор беше нагрден со графити со на-цистичка содржина. Брзо реагиравте и проблемот беше брзо решен, беа от-криени сторителите на чинот, как-ви мерки превзедовте против нив и како ќе се спраките со можноста од повторен ваков проблем. Немилиот настан е за секаква осуда, можеби и предимензиониран во медиу-мите. Тој има и второ полувреме кога во попладневните часови локалната заедница покажа грижа за училиштето. Имено членовите на Советот на роди-телите, Младинскиот совет на Охрид, локалното население истото попладне

останаа со мене и училишниот педагог и направија акција за чистење и учи-лиштето светна како ново. Сторите-лите се откриени веднаш и ние водиме одредена постапка за изрекување на соодветни педагошки мерки. Ние како инситиуција презедовме дел од одго-ворноста и се запреашавме дали некаде грешиме, колку ни е застапена воспит-ната компонента и дали тие графити се некакви пораки до сите нас. Она што произлезе добро од тоа е дека веднаш локалната самоуправа обезбеди чувар-ски служби за нашето и неколку дру-ги училишта. Исто така учениците ги едуциравме за вистинското значење на фашизмот, последиците од фашизмот, неонацизмот. Нашата бивша ученича-ка, а сега ликовен уметник Билјана Ан-гелеска, заедно со ликовната секција од училиштето ги наслика белите ѕидови на училиштето.

Минативе години група роди-тели реагираа на проблемот со осветлувањето во дворниот простор и околината која учениците мора да ја поминат за да стигнат во училиш-те. Посто ли навистина проблем со осветлувањето. Проблемот со осветлувањето за нас е решен со едносменско работење. Сите ученици во текот на денот завршуваат со наставата. Осветлувањето постои, но е послабо.

Вие сте една од ретките образовни институции која активно работи на воведување новини како во об-разовниот така и во рекреативниот процес. Деновиве ја започнвте со-работката со Младинскиот Совет од Охрид, за што станува збор. Една од програмските задачи на учи-лиштето е да се отвори кон локалната заедница, а тоа подразбира и соработ-ка со невладиниот сектор. Ние всуш-ност не ја отпочнуваме соработката со Младинскиот совет Охрид, туку ја продолжуваме со нови проекти. Досега сме учествувале во сите нивни акции, а сега продолжуваме со реализација на проектот чија цел е вклучување на волонетерите во институциите. Тоа, сигурна сум, ќе донесе многу придо-бивки за сите.Се ближи, патрониот празник на училиштето,како ќе го одбележите, почнаа ли подготовките за свечената манифестација? Одбележување на голем јубилеј ка-ков е 110-годишнина на училиштето трае во текот на целата година. Освен медјумска промоција на овој настан подготвуваме монографијата и ВЕБ страната на училиштето чија промоција ќе биде на 04. декември. Во тек се под-готовките за свечената академија, како и спортските натпревари, конкурси и сл.

Page 15: АМАК ПРЕС 101

www.amakpres.com.mk 15

Кои се најзначајуни постигнувања на Вашето училиште?Најважните резултатите се многубројни генерации чесни луѓе, многубројни по-единци кои постигнаа врвни резултати во своите професии. Резулатите се сека-ко и многубројни награди и признанија, плакети, пехари, дипломи, пофалници и благодарници кои ги красат витри-ните и ѕидовите на нашето училиште. Најзначајните од нив се: Орден за за-слуги на народ со златни зраци, 1975; два пати 7-мо ноемвриска награда на град Охрид, 1976; Златно Климентово слово (општинско признание), 1978; 8-мо декемвриска награда „Св. Кли-мент – патрон на Охрид“, 1998. Учениците освоија голем број на-гради и признанија на натпревари на сите нивоа, а најмногу по математика, физика, спортски натпревари, литера-турни и ликовни конкурси. Најзначајни награди за учениците се: • два пати I награди на конкурс за литературни творби на државно ниво, 1996 и 2007; • бронзен медал на математичка олимпијада 1997; на државни натпре-вари по математика: I и III место 1997, III место 1999, II место 2006 ; • на државни натпревари по фи-зика: II место во 1997 и 1999 и две тре-ти места 2006; на државни натпревари • во спорт: I место екипно ат-летика 1986, 3 први места во атлетски дисциплини 1997, 2 први места во ат-летски дисципини 2000, I место поеди-нечно и II место екипно во атлетика 2001, II место на државен натпревар во шах 1997 и др. Резултатите се и тоа што нашите на-ставници биле многупати автори и

консултанти на наствните програми, учебници и прирачници. Како успех на училиштето се бележат и најразновидни манифестации и свече-ности кои се организираат во училиш-тето, учевство во домашни, а од оваа година и во меѓународни проекти, со-работка со разни институции, пред се со училиштата во Македонија, а од на-скоро и од регионот и Европа.

Во кои проекти е влучено вашето учиолиште?Посебно се гордееме со учество во следните проекти: o Културата без граници (меѓународен проект), 2008 г., o „Корени и крила“ или „Од за-еднички корени до заедничка иднина – Разликите како предност“ под покро-вителство на УНЕСКО во кој се вклу-чени 12 држави од Европа, 2008 г. o Продолжен престој на учени-ците во соработка со Локалната само-управа Охрид 2007 г. o Осовременување на простор за учење и изградба на училница за родители за ученици со посебни по-треби со фондацијата Wilde Ganzen од Холандија (2007-2009 год.) o „Чекор по чекор“, Институт „Отворено општество“, 1998 o „Креативна настава и учење“, во рамките на проектот „Чекор по че-кор“, 2005 o „Со читање и пишување до критичко мислење“, во рамките на про-ектот „Чекор по чекор“, 2005 o „Подобрување на работата на училиштето“, Институт „Отворено оп-штество“ и МОН, 2005 o „Модернизација на образова-ние“ (УСАИД, 2006)

o ИКТ – Имплементација на компјутерска технологија во наставата (УСАИД, 2006) o Описно оценување (МОН, БРО, 2004) o Обука на родители за вклучување во животот и работата на училиштето (БРО, ЛМР „Видици“, 2004) o Граѓанско образование – пат кон граѓанско општество (МОН, БРО, 2002) Освоременување на наставата за лица со пречки во психофизичкиот развиток (МОН, БРО, 1996) Иднината на учи-лиштето е искажана во нашата визија која гласи: Нашето училиште ќе биде едукативен центар за ученици и на-ставници во кој ќе се воспотават висо-ки образовни стандарди како контину-итет на Климентовата доктрина. Преку афирмација на слободните ученички активности учениците ќе го помину-ваат слободното време на организиран и корисен начин во училиштето. Мак-симално ќе се поттикнуваат и развиват афинитети на надарените ученици.

Како ја гледате иднината на учи-лиштето? Иднината ја гледам на лицата на наши-те нови, млади наставници, ентузијасти, ја гледам во нашите првачиња кои и оваа година со голема возбуда седнаа во училишните клупи. Очекувам училиш-ните витрини за награди и признанија да се доополнуваат со нови... да ја про-должиме традицијата на квалитетно образование кое во оваа училиште ја имало и сигурна сум ќе ја има. Ангела Белевска

Page 16: АМАК ПРЕС 101

16 AMAK PRES

КУЛТУРА

ФОЛКЛОРОТ Е БОГАТСТВОТО НА ЕДЕН НАРОД

Фолклорот, народното тво-рештво на едно општество зачувано со традициите,

легендите, приказните, песните, бајките, басните, пословиците и др. се обележје на еден народ на една култура. Еден народ е онол-

ку вреден, ценет и богат колку што е вредно неговото духовно богатство-фолклорот, ваква пора-ка од Охрид испратија над 80-те учесници на 17-тиот меѓународен симпозиум за балкански фолклор кој неодамна се одржа во Охрид.

Експертите од областа на фолкло-ристиката и фолклорното насле-ство расправаа на теми: „Маке-донскиот јазик на иселениците од Македонија во европските и пре-куокеанските земји“ и „Фолклорот и заедничките културни вредности на Балканот“.Директорот на Институтот за фол-клор Д-р Севим Пиличкова вели дека настојувањата за континуи-тет и процесите на прилагодување на фолклорните творби, нивните носители-иселеници од една во друга културно-јазична средина, се судираат со низа проблеми ко-ишто во фолклористичката наука се познати како специфичности на иселеничкиот фолклор.-Проучувањата од овој вид ну-дат значајни искуства, подато-ци и заклучоци за проблемите на двојазичните ситуации со кои се судруваат интерпретаторите при усната трансмисија на народните творби од една во друга јазична средина. Првата препрека која тре-ба да ја решат е т.н. „јазичен ѕид“. Од прилагодливоста на фолклор-ните творби, имајќи ги предвид на-виките во новата културно-јазична средина зависи нивниот понатамо-шен опстанок, вели д-р Пиличко-ва.За професорот од Билкент Универ-зитетот од Анкара, д-р Јазим Озу-рек јазикот е еден од најбитните елементи за постоењето на еден народ. Јазикот, според турскиот професор, е културна вредност но-сител на културата на народот кој ги пренесува чуствата, мислите сознанијата. Професор д-р Озурек зборувајќи за влијанието на тур-скиот јазик вели дека се поголем е интересот за негово изучување пред се како последица на зголе-

Page 17: АМАК ПРЕС 101

www.amakpres.com.mk 17

ЗАПОЧНАА ИСТРАЖУВАЊАТА НА КИКЛОПСКИ ЅИДИНИ

Започнаа истражувањата на Ки-клопските ѕидини место каде некогаш се наоѓало најголемото

упориште на Филип втори. Ова место кое се наоѓа на надморска височина од 880 метри на самиот рид пред влезет во Охрид, од каде се гледа Охридското Езеро и целиот охридски регион како на дланка, според археолозите името го добило по големите камени блокови за-ради мегалитите од кои е изграден овој бедем.-Тие се толку многу големи исто како и киклопите во преносна смисла.Зна-чи киклопите се големи луге со едно око, а овие ѕидини го добиле називот од народот. Лугето по некое секавање , митологија или предание овие ѕидини ги нарекле Киклопски заради мону-менталноста на камените блокови кои го сочинуваат бедемот, вели Паско

Кузман.-директор на Управата за кул-турно и историско наследство.Тврдината Енгелана која се очекува да биде пронајдена при археолошките ископувања кои започнаа деновиве , научниците веќе ја нарекуваат м а -кедонската Микена опишувајки ја така по специфичните камени блокови кои биле користени при нејзината изград-ба.Археолошките откритија на овој дел, според најавите на археолозите, ќе имаат големо значење за македонската историја. Истражувања на овој значаен локалитет се вршат по цели осумдесет години.Во триесеттите години на 20 век германскиот археолог Урбент Цах дошол до сознанија дека овде се наогал утврден град изграден во 4 век п.н.е.-Самоиловата и оваа тврдина има по-датоци дека се изградени во втората

половина на 4 век , веднаш штом за-минал Фипил втори од тука, почнале да се градат тие тврдини.На Самоило-вата тврдина има остатоци од исти вакви мегалитни камени блокови кои се карактеристични за тој период, што значи дека тоа градиште и ова гра-диште се изградени тогаш.Стратешка позиција е сигурно затоа што од овој простор може да се контролира полето кон Охрид, патишта кои што помину-ваат тука, Виа Игнациа која сигурно поминувала, а чии остатоци сигурно се во водите на езерото, вели Кузман. Според него Киклопските ѕидини и Самоиловата тврдина наредниве го-дини се очекува да бидат туристичка дестинација број еден. С.В

Започнаа истражувањата на Ки- Кузман.-директор на Управата за кул- половина на 4 век , веднаш штом за-

ТВРДИНАТА ЕНГЕЛАНА ЌЕ БИДЕ МАКЕДОНСКАТА МИКЕНА

ФОЛКЛОРОТ Е БОГАТСТВОТО НА ЕДЕН НАРОД

KULTURA

мените трговско економски врски помеѓу земјите од Балканот. Во своето излагање за портретирањето на ликот на Тур-ците во македонската битова социјална драма Доц. Д-р Севин Алил вели дека историјата немо-жеме да ја промениме ниту да ја превземеме одговорноста за тоа што се случувало во минатото, но, како што рече, одговорни сме преку историјата да ги поврземе луѓето и да им објасниме зошто некогаш луѓето поинаку милселе и постапувале.За грчкото влијание пак врз маке-донското население во границите на грчката држава меѓу двете свет-ски војни како една од мерките за постепена асимилација зборуваше д-р Зоранчо Малинов.-По егзодусот во април 1945 год. најголемиот дел од македонско-то население беше протерано вон границите на Грција па така една многувековна трациција беше наг-ло прекината. Луѓето беа примора-ни да се преселат и преадаптираат

на поинакви средини на живеење од аспект на локалната и регионал-ната култура, вели д-р Малинов. Македонската и Руската академија на науките и уметностите имаат одлична долгогодишна соработка. Во архивите кои ги имаме се чува-ат голем дел од научните сознанија кои укажуваат на посебните ка-рактеристики на македонската традиција, вели проф. Д-р Дими-три Василев од Руската академија.Д-р Боне Величкоски смета дека македонскиот народ има сличности со балканските народи по информа-циите кои се содржат во послови-ците но начинот на претставување на тие информации по многу не-шта е различен. И поголем дел од експертите сметаат дека народи-те на Балканот делат многу заед-нички цивилизациски вредности, култури обичаи верувања. Едно од најстарите верувања е култот према дрвото. Кај многу балкан-ски народи претставува симбол на животот. Во историјата на секоја религија, во народната традиција

се среќаваат светите дрвја кои според народните верувања имаат душа како кај човекот. На меѓународниот симпозиум за балкански фолклор кој е во организација на институтот за фолклор„Марко Цепенков“ од Скопје а се одржува секоја втора година учествуваа претставници од Македонија, Бугарија, Хрват-ска, Србија, Албанија, Турција, Русија и др. земји. Покровител на овој научен настан, кој се одржа во годината на македонскиот јазик, е претседателот на Владата Никола Груески. На годинешниов симпо-зиум беше промовиран дигита-лен германско-македонски речник како и книгите, Миграција и ха-битус од д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска и Библиографија на македонскиот фолклор од д-р Боне Величковски.

Сузана Вренцовска

Page 18: АМАК ПРЕС 101

18 AMAK PRES

SPORT

Охридскиот Амак СП на крајот од есенскиот дел од шампио-натот се сели во Струга. Двата

последни натпревари на домашен терен против Торус и Поп Спорт ќе ги игра во струшката сала Нико Нестор . При-чина за ова се подготовките во спорт-ската сала Билјанини Извори за ЕП во ракомет за жени што ќе се игра од 2-14 декември. Поради тоа што започнува поставувањето на Герфор-подлогата во спортската сала Билјанини извори за охридските кошаркари натпреварот против МЗТ беше и последниот оваа година пред своја публика. Според тре-нерот Марјан Лазоски новата сала нема многу да влијае врз играта и ритамот на натпревари.- Ритамот играчки нема да се наруши, но поместување ќе има во ритамот на тренинзите. Без разлика дали тоа ќе биде училишна сала или ќе одиме во Струга, ќе тренираме попладне, а утринските тренинзи ќе ги замениме со вежби за сила , вели Лазовски.

Инаку охридскиот прволигаш по деветte одиграни кола во домаш-ното првенство забележаа осум победи и еден пораз . АМАК по успешниот триумф на почетокот од шампионатот го порази трина-есеткратниот првак Работнички во Скопје , а пред своја публика славеше и против незгодната еки-па на МЗТ. Единствениот пораз го претрпе на гости против бра-нителот на титулата Фени Инду-стри. Тренерот Лазоски е задо-волен од постигнатиот резултат вели дека вистинската игра следи во разигрувањето.„Мојата цел не е да играме екстра во овој дел од првенството. Сакам да играме кошарка март, април и мај кога се прави разрешницата за освојување на едно од првите две места, односно за играње во полуфинале и финале“. С.В

АМАК СП СЕ СЕЛИ ВО СТРУГА

Page 19: АМАК ПРЕС 101

ОГЛАСИ

Продавам козметичка лупа со сталак Тел за контакт 070 212 784

Пордавам санитарија за купатило во сина боја и нов бојлер046 262 711

www.amakpres.com.mk 19

Поволно продавам лежај добросо-чуванТел 046 267 993

Издавам стан 55м квадратни наместен на Туристичка кај кај Анче Кисели-новаТелефон 070 604 149

Издавам сбои под криија. Со посебен влез.046 255 909

Продавам нива во Влегошти070 525 524

Продавам козметичка лупа со сталак Тел за контакт 070 212 784

Поволно продавам лежај добросо-чуванТел 046 267 993

Издавам стан 55м квадратни наместен на Туристичка кај кај Анче Кисели-новаТелефон 070 604 149

АНСАМБЛОТ МАКЕДОНКА ВРШИ УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ-ИГРАОРЦИ. ВО СОСТАВ НА АНСАМБЛОТ ЗАПОЧНА ДА РАБОТИ ШКОЛА ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ ПОД РАКОВОДСТВО НА ПРОФЕСОР АЛЕКСАНДАР ДИМОСКИ И ОРКЕСТАР ЗА НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ И ТОА КАВАЛ, ГАЈДА, ТАМБУРА И ХАРМОНИКА ПОД РАКОВОДСТВО НА ПРОФЕСОР ЉУПЧО АВРАМОСКИ И КЛАРИНЕТ И САКСОФОН

ПОД РАКОВОДСТВО НА ПРОФЕСОР АЦО ТАСЕСКИ. СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА МАКЕДОНКА ВО ОУ “БРАТСТВО ЕДИНСТВО” СЕКОЈ ПЕТОК ОД 19 ДО 21 ЧАСОТ ИЛИ

ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЉОТЕ КОМПАНИ КАКО И НА ТЕЛЕФОНИТЕ 046/230-930

АМАК СП СЕ СЕЛИ ВО СТРУГА „СОЛЕНИ“ ЦЕНИ – ПРАЗНИ ТРИБИНИСо кампања за анимирање на

јавноста ќе се предизвикува интерес кај граѓаните за ЕП во

ракомет за жени што од 2-14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид. Но и покрај тоа што овој спортски настан е еден од најголемите кој воопшто се одржал кај нас, по се изгледа ќе остане далеку од очите на охридската јавност барем што се однесува до оние кои ќе ги проследат натпреварите во живо. „Солените“ цени на влезниците е од 15 евра, кои за наши услови се непри-фатливи ќе ги остават трибините на Билјанини празни, а љубителите на ракометот ќе мора да се задоволат со

телевизиските преноси. Но, за градоначалникот Александар Пе-трески цената на влезниците не е пре-судниот критериум дали некој за време на двонеделниот ракометен шампионат ќе дојде да ги гледа ракометните веле-сили, а што се однесува до исполнето-ста на салата, тој смета дека трибините ќе ги пополнат гостите.-Цената не е единствениот критериум за тоа дали некој ќе дојде или не. Има некои кои би платиле и повеќе за да присуствуваат. Влезниците кои ќе ни бидат доделени нам, во договор со на-вивачката група Рибари, секојдневно ќе ги даваме на различни луѓе од Охрид

да го следат ЕП.Од друга страна на сите репрезентации на сите гости кои ќе дојдат тука од државите учеснички Европската федерација има обврска да им обезбеди и влезници. Убеден сум дека ќе има разлика помеѓу тие веќе ре-зервирани влезници до вкупниот капа-цитет на салата. Останатите влезници и да бидат по популарна цената од 100 денари, не ќе можат сите заинтереси-рани да влезат,затоа што интересот за ракомет е голем кај охриѓани, изјави Петрески. С.В

ЕП ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ НАЈГОЛЕМ СПОРТСКИ НАСТАН ВО ОХРИД

Се издава куќа под кирија на ул. Славеј Планина бр. 17 тел. 046/250-007

Се продава фрижидер витрина тел 046/250-007

СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР СО НОВ ВЛЕЗ И ПАТОКАЗИВо Спортскиот центар Билјанини

Извори се поставија нови пато-кази и табли како и нова капија

на влезот. Директорот Иван Цветовски вели дека ова е почеток на работите со кои треба да се уреди и декорира просторот на центарот во кој се нудат повеќе сод-ржини на поголема површина па пато-

казните табли ќе го олеснат движењето низ него. Таблите ги дизајнира 2 С Дизајн Сту-дио, и се направени по последните трендови во дизајнот во оваа сфера по теркот на аеродромите во светот.

Page 20: АМАК ПРЕС 101