АМАК ПРЕС 120

32
АМАК ПРЕС ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 120, Март 2010, Бесплатен примерок СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ... Охрид ќе ја победи секоја непогода!

Upload: alankaou

Post on 09-Mar-2016

268 views

Category:

Documents


15 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

Page 1: АМАК ПРЕС 120

АМАК ПРЕС

ОХРИДСКИ НОВИНИБрој 120, Март 2010, Бесплатен примерок

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

Охрид ќе ја победи секоја непогода!

Page 2: АМАК ПРЕС 120

2

Page 3: АМАК ПРЕС 120

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот

Тел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]

За издавачот:Венко Шапкар - Генерален директор;

Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска [email protected]

Технички уредник: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска

Веб уредник: Алан Каоуфото:

Александар Ковачески Томислав Кипријанов

Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318Петруш Јовески 075/ 476-158

Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

3

Збор на уредникот

Во еден од минатите броеви на Охридските Новини јас ви пишував за моќта на медиуми-те. Колку се тие моќни и имаат влијание врз широките народни маси знаел и познатиот војсководец Наполеон Бонапарта па затоа тогашните печатени медиуми ги нарекол “седма-та сила“односно најдоброто оружје кое му овозможило да дојде и да се задржи на власт. Де-

нес печатот е инструмент за контрола врз владата (checking on government) и на другите потреби на општеството. Токму поради тоа овој медиум е најдобра можност за рекламирање на физички и прав-ни лица, претпријатија, политички партии и што ли уште не. Но секоја услуга си има своја цена. Секој долг кога тогаш мора да се врати. Ние сме тука за Вас,но нели е срамно да имате долг кон нас стар речиси четири па и повеќе години? Се с`е толерира но во граници на нормалата. Иронично и на мо-менти смешно е што долгот кон нас не го подмириле моќни политички партии и “јаки бизнисмени“. Но со “арно или лошо“ долгот мора да се наплати . Ние го одбираме првиот пат и јавно апелираме до сите вас кои имате обврска кон нас (а јас сум сигурна дека ќе се препознаете )да ја исполните. Зна-ете и самите дека е крајно време за наплата а со тоа и нам како институција ќе ни овозможите нор-мално да функционираме. Ние за возврат пак ќе ви пласираме поквалитетни изданија од овој меди-ум.Либерализмот не само што е одразен во печатот , во неговиот развој, туку и бил поттикнат и под-држан од него. Затоа не се не обични многубројните расправи за слободата на печатот низ кои всуш-ност се бранат или се афирмираат либералните принципи. А ние водени од идеите на Џон Милтон за величествената одбрана на интелектуалната слобода во духот на слободарската теорија, не би сака-ле јавно да коментираме каде “пропаднале“ парите од “моќниците“ што биле наменети за медиумите. Се надеваме дека истите навремено ќе се освестат и ќе го платат долгот што го имаат кон нас. “Спротивно на вештината на прикривање и на тајното, концептот на јавното мислење по-викува на отвореност која мора да обезбеди прегледност на целите. Пред судот на мнени-ето сите работи се оправдуваат без дволичност; и убедливоста на оние на чија страна е правдата сигурно им гарантира победа“.

Крајно време е, платете го долгот кон медиумите!

Ангела Белевска[email protected]

Редовни рубрики:Наш ОхридНаши бизнисмениОбразованиеРепортажаВи најавуваме...Чест ни е...Охридски легендиНаша гордостАктуелноПрашање-одговор (вие прашу-вате, стручњаци одговараат)Здрав живот Спорт

Page 4: АМАК ПРЕС 120

4

Наш Охрид

Го губиме ли Охридското Езеро?!

Езерските води остануваат без кислород како ре-зултат на се' пого-лемо присуство на фосфор, кој се вле-ва со отпадните и фекалните води, предупредуваат експертите.

Охридско Езеро остану-ва без кислород како ре-зултат на се' поголемо-то присуство на фосфор,

кој влегува во водата преку фека-лиите чие влевање деновиве кул-минира поради незавршениот ко-лектор. Системот за пречистување веќе не е способен да ги прими сите отпадни води од градот и окол-ните места, кои сега непречисте-ни се влеваат во езерото. Надлеж-ните во општината предупредува-ат дека надојдените води значител-но го оштетиле колекторскиот си-стем, кој поради огромната оптова-реност секој момент може да дожи-

вее крах.

Покрај ова, отпадни и фекални води се испуштаат во езерото и од повеќе населби што не се опфатени со колекторот. Екологистите упатија алармантни предупредувања отка-ко лани беа измерени мошне висо-ки вредности од 13 милиграми фос-фор во еден кубен метар вода, што е значително зголемување во спо-редба со претходните години. Тие предупредија и да запре сечењето на трските, кои помагаат да се нама-ли количеството на фосфор во езе-рото.

Колекторот е прео-птоварен и не е во состојба во целост да го прочистува езерото од фека-лииСпоред директор на Меѓу општин-ското Јавно Претпријатие „Проаква“, колекторот во целост не ја извршу-ва планираната функција.

- Покрај фекалните води, за што и е

Page 5: АМАК ПРЕС 120

5

Наш Охрид

Го губиме ли Охридското Езеро?!

проектиран, тој ги обработува и от-падните и атмосферските води. Со покачувањето на нивото на вода-та, колекторот е преоптоварен и прашање на време е кога ќе крахи-ра. Водите сега одат директно во езерото, а некои се враќаат и во се-кундарната канализација. Засега најкритична е состојбата со пречи-стителната станица во Враништа, а проблеми има и на други пункто-ви - вели Трпчески.

Фосфорот го има и во детер-генти а нивниот влез во езеро-то е неконтролиран. Колекторот за собирање на отпадните води е пре-тесен, па тие води на неколку ме-

ста директно се испуштаат во езе-рото. Таквите испусти кај населба-та Грашница, кај пумпните станици Далјан и Подмоље, низ кои отпад-ните и фекалните води течат во езе-рото, веќе предизвикаа тешки по-следици во езерските води во тоа подрачје. Неодамна, фекалии што доаѓаат од околните населби це-лосно ги загадија Билјанини Изво-ри. Загадувањето доаѓа директно и преку сливовите на реките Сатеска, Грашница и Коселска, кои практич-но служат и како одводни канали за отпадни води до езерото.

Жителите на охридската насел-ба Воска стравуваат дека отпадни-те води ќе им донесат заразни бо-лести.

-Во населбата се шири многу непријатен мирис. Тука никој не доаѓа да се бања во текот на летната сезона, а и ние одиме на други пла-жи - велат тие.

Експертите за заштита на живот-на средина предупредуваат дека во најкраток период мора да се пре-земат сериозни мерки со кои ќе се стопира ширењето на фосфорот во езерото кој е најштетен за негови-от живот.

Фосфорот, кој доаѓа со отпадни-те води, се раствора, ја зголемува хранливоста на водата и со тоа се создаваат големи количества план-ктони . Таа органска маса троши кислород и со тоа се создаваат не-поволни услови за биодиверзите-тот. Колку повеќе има фосфор во во-дата, толку е поголем процесот на еутрофизација на водата, односно, нејзиното изумирање и претворање во мочуриште.

Според експертите забраната за користење детергенти со висо-ка содржина на фосфор, би помог-нала за забавување на процесот на загадување. Меѓутоа, тој процес во-општо не е запрен. За погубното дејство на фосфорот придонело и исчезнувањето на трската.

Во големи периоди од година-та содржината на фосфор надми-нува 10 милиграми на кубен ме-тар. Во однос на периодот пред Вто-рата светска војна тоа е трикрат-но зголемување. Трските врзува-ат 67 тони фосфор во текот на годи-ната и затоа не смеат да се уништу-ваат, како што се случува сега при создавањето нови плажи.

Со сегашна концентрација од 13 ми-лиграми фосфор на кубен метар вода Охридско Езеро ги надминува

границите на олиготрофноста. Тоа значи дека престанува да биде езе-ро со малку органски материи и го-лемо количество кислород и навле-гува во категорија на средно хран-ливи води.

Недовршениот колекторски си-стем дополни-телно ја влошува ситуацијата со езе-рото Охридските еколози предупред-уваат дека истекува времето во кое може да се преземе нешто за спасување на езерото.

“Колекторот веќе е несоодветен и нема доволен капацитет. За да се спречи понатамошното излевање на отпадни води, треба да се отстра-ни бајпасот во месноста Грашница. Истиот проблем го има и кај пумп-ните станици Далјан и Подмоле. Треба да се реши проблемот со за-творениот канал од улицата Бистри-ца, како и со отворениот канал кај Феријалното летувалиште, во насел-бата Далјан“, вели Ванчо Стојаноски од Еколошкото друштво „Грашница“.

Директорот на Работната единица „Колектор“, Ваид Ајро вели дека си-стемот за пречистување треба да се обнови и да се реконструира. “Покрај тоа што треба да се инста-лираат многу помоќни пумпни ста-ници за да може да се пречистува поголемо количество отпадна вода, најпрво треба да се направи хер-метичко затворање на цевководи-те на колекторот и точно да се знае која е фекална, а која е атмосферска канализација“, нагласува Ајро.

МЈП “Проаква“ за проблемот со ко-лекторот, ги информирале Владата и надлежните министерства, но се' уште не добиле одговор.

Познатиот македонски екологист Јосиф Таневски вели дека е шокант-но тоа што непречистена канализа-циска вода се испушта директно во езерото.

“ Колекторот функционира до хо-телот „Гранит“. Хотелите поната-му имаат несоодветни станици за пречистување. Населбите Лагадин и Пештани не се вклучени, а и други-те населби имаат септички јами, кои индиректно ги загадуваат водите. Да не зборуваме за селото Калиш-та, кампот „Ливадишта“ и селото Ра-

дожда, каде што каналите за отпад-ни води одат директно во езерото. Ваквата состојба не може да се то-лерира ако се знае дека речиси 50% од водата за пиење градот Охрид ја зафаќа од езерото. Таа вода се црпи во близина на универзитетското одморалиште, а граѓаните ја пијат само по рутинско хлорирање. Ко-лекторот мора да се заврши“, преду-предува Таневски.

Во општина Охрид посочуваат дека проблемот со колекторот ќе биде решен ако државата ја преземе над-лежноста врз него.

„Завршени се сите градежни рабо-ти за приклучување на селото Пеш-тани на колекторот, со што ќе се реши еден од поголемите пробле-ми со пречистувањето на отпадни-те води на овој дел од Охридско-то крајбрежје. Целата инвестиција ја обезбеди Општина Охрид, а ја ре-ализира МЈП „Проаква“. Сите други обврски за одржувањето и работа-та на колекторот паѓаат на товар на ова претпријатие, кое нема никаква парична помош, ниту бенифиции од државата“, велат од Локалната Са-моуправа.

На една од последните Седни-ци на Советот на Општина Охрид е донесена одлука за повтор-на иницијатива за поделба на МЈП „Проаква“ на три одделни претпријатија: двете да бидат за во-доводите на Охрид и Струга, а тре-тото да биде посебно претпријатие, кое ќе го стопанисува колекторот и ќе биде под надлежност над држа-вата.

Според локалната власт заштита-та на Охридско Езеро е обврска и на Албанија, така што колекторски-от систем од македонската страна треба што поскоро да се поврзе и со колекторот од Албанија.

Колекторот прочи-стува четири пати повеќе вода од предвиденото- Колекторскиот систем одамна ги надминал проектираните количе-ства отпадни води за пречистување.- Тој е проектиран за 120.000 жители и со капацитет за пречистување пет милиони кубни метри фекална вода годишно. - Во 2009 година системот пречи-стил 16 милиони кубни метри от-падни води, што е четири пати

Page 6: АМАК ПРЕС 120

6

Наш Охрид

повеќе од проектираниот макси-мум.- Примарниот колектор ги прифаќа отпадните води од секундарните ка-нализациски системи од Охрид и Струга и ги доведува до станицата за третман на отпадните води. - Изградениот дел од примарни-от колектор (источен, западен и ма-гистрален) е долг околу 37 км. По-следна точка на Колекторот на за-падната страна е пумпната станица кај Елен Камен - Струга, а на источ-ната страна се протега се' до село Пештани. - Но, на него се' уште не се приклу-чени селата Пештани, Трпејца и Љубаништа. Пумпната станица во Пештани е изградена и во најскоро време оваа населба треба да се при-клучи на колекторот. - Вкупната должина на брегот од ма-кедонска и албанска страна изнесу-ва 87,5 км.- Во Охридското Езеро живеат 17 ав-тохтони вида риба од кои 10 имаат комерцијална важност. - Некои планктонски видови во Охридското Езеро се регистрирани и на 200 метри длабочина.- Се проценува дека бројот на жите-лите во сливот на Охридското Езе-ро до 2025 година ќе се зголеми од 142.000 на 200.000 на македонски-от дел, односно на 70.000 на албан-

скиот дел.

Водата во езе-рото е квали-тетна но неа ја уништува фос-форотОхридското Езеро има ква-литетни води, но процесот на еутрофикација со збогатување со фосфор е процес што на по-долг период го старее езеро-то, велат во Министерство-то за животна средина. Тие ис-такнуваат дека квалитетот на водата е на високо ниво во пелагијалната (отворената) зона, а одредени проблеми се случуваат таму каде што се влеваат Сатеска и Грашница.

“Колекторскиот систем не е во функција од „Метропол“ до Пеш-тани, што предизвикува проблем на тој потег поради неговата не-квалитетна изведба. Не е квали-тетно одржуван ни потегот Граш-ница - Далјан, каде и без висо-ки води предизвикува пробле-ми. Менаџирањето со него е над-

лежност на МЈП „Проаква“, која со пари од граѓаните, но и со дона-ции веќе доби и опрема за надград-ба. Прашање е како претпријатието менаџира и зошто системот е не-функционален и нерентабилен - прашуваат од Министерството.

Министерот за транспорт и врски,

Миле Јанакиевски неодамна изјави дека државата е подготвена да из-двои дел од кредитните пари за завршувањето на колекторскиот систем ако тоа го побара општина Охрид.

Поврзувањето на колекторскиот систем за заштита на Охрид-ското Езеро во селото Пештани кое се соочува со проблеми поради надојдените подземни води,започна деновиве.

Од Локалната Самоуправа велат дека приклучувањето кое беше најавено за месец јануари, било пролонгирано поради неповолната хидролошка состојба која дополнително го оптоварува Колекторски-от систем.

Од МЈП „Проаква“ информираа дека состојбата со колекторот и на-таму е критична и дека системот е преоптоварен. Оттаму посочија дека е потребна итна санација на пречистителната станица во Вра-ништа за да не дојде до колапс на колекторскиот систем. Во врска со мерките кои во координација ги преземаат локалната и централната власт од „Проаква“ велат дека тоа се превентивни активности за за-штита од надојденото езеро и дека е потребна итна интервенција за подобрување на состојбата на колекторскиот систем.

Деновиве била извршена замена на оштетените пумпи во месноста Грдано, Потпеш и кај хотелот Александрија со што според „Проаква“ е решен проблемот со отпадните води во стариот дел на градот.

Конечно започна поврзувањето на Пештани на Колекторот

Page 7: АМАК ПРЕС 120

7

Наш Охрид

Page 8: АМАК ПРЕС 120

8

Како никогаш до сега има вода во Охрид. Надојденото езеро ги потопи плажите и платформите, а подземните

води и понатаму ги уништуваат под-румите и приземните простории на многу куќи и објекти низ Охрид и селото Пештани. Ситуацијата стана уште полоша со излевањето на ка-налот Студенчишта, кој веќе попла-ви дел од рекреативната патека што минува покрај него. Пештанци маки мачат со надојдената вода која ја имаат во подрумите и визбите, а концесио-нерите на охридските плажи велат дека невремето им создало огром-ни штети. Се што инвестирале во средувањето на плажите е униш-тено. Од речното корито се из-леа и реката Црн Дрим па некол-ку дена непрооден беше патот што од Струга води кон Дебар до Мав-рово. И додека природата ги надми-нува човековите способности на-место здружени да се справат со не-погодата Локалната и Централна-

та власт ситуацијата ја искористија за меѓусебни препукувања и пре-сметки. За првите ситуацијата беше сериозна од стартот а за вторите не, па дојдоа во Охрид во “5 мину-ти до 12 часот“. По обилните врне-жи, нивото на Охридското Езеро се зголеми за неколку сантиметри и се наоѓа на 694,01м. надморска висо-чина, што е 26 сантиметри повеќе од максималната граница.

Има опасност од излевање. Ако езе-рото достигне висина над 695 ме-три надморска височина, опасноста е многу поголема. Ако не се излее езерото, тогаш од подземните води сигурно ќе има големи поплави ве-лат хидро –инженерите според кои ситуацијата можно е да се усложни и во месец март кога како резултат на повисоките воздушни температу-ри ќе има нагло топењето на снегот од околните планини.

Според математички пресметки, еден сантиметар од нивото на езе-

рото донесува нови 3,6 милиони кубни метри вода. Во Охридско Езе-ро има 86,4 милиони кубици вода повеќе од дозволеното. Максималниот истек во реката Црн Дрим е 55 кубни метри вода. Ако се претпоставува дека во езеро-то нема да се слее ниту еден кубик вода, потребни се повеќе од 20 дена за нивото да дојде на максимално утврдената кота. Но, тоа не е мож-но затоа што само реката Сатеска сега го полни езерото со 20 кубни метри вода во секунда, а има и дру-ги извори.Според експерти од Охрид, регулацијата на нивото треба да го врши друг орган. ЕЛЕМ не може да биде и производител на електрич-на енергија и да врши контрола и регулирање на водостојот, затоа што постои опасност да се однесува субјективно и да штити сопствени интереси на сметка на нивото на во-дата. Како што беше и во овој случај.

Се прели и Де-барско Езеро По зголемениот дотек на вода во изминатиов период, кој се дви-жел и до 190 кубни метри во секун-да, почна да се прелева вода преку прелевната шахта во акумулацијата Дебарско Езеро. Преку неа се пре-леваат во просек по пет кубици вода во секунда.

Дотекот во оваа акумулација е 150 кубици вода во секунда, од кои над 60 кубици во секунда се од река-та Радика, а преостанатото од Црн Дрим. Хидроцентралата „Шпилје“ и понатаму работи под полн капаци-тет. Стравувања од евентуални по-плави во ова подрачје нема. Макси-малната кота на Дебарското Езеро е 580 метри.Беше минирана карпата кај село-то Рајчица, во близина на месноста Стара Гипсара. Таа претставуваше опасност на делницата Дебар -Жи-

Ни поплавите не ги помирија Локалната и Централната Власт

Наш Охрид

Page 9: АМАК ПРЕС 120

9

ровница. На истото место има уште две поголеми карпи, но, според ек-спертите, засега тие не претставува-ат опасност.

Предупреду-вања од ОхридЗголеменото ниво на Охридско-то езеро за 26сантиметри над мак-сималната кота се заканува и со ширење на заразни заболувања.Најкритично е во селото Пештани. Главната причина е што надојдената вода од езерото предизвика преплавување на септичките јами.На опасност од заразни заболувања предупредува директорот на охридскиот центар за јавно здравје, Атанаско Михаилов.„Таму каде што се користат септич-ки јами од преголемото количе-ство на вода се преполнија јамите и имавме истекување на јамите над-вор, што создаваше непријатна сли-ка и навистина фекалиите течеа по улица“, изјави Михаилов.“Тој сепак смирува дека водоводниот систем не е загрозен, но ги советува локалните жители да ја превриваат водата за пиење.Анализите на водата за пиење, за среќа, до сега се сосема во ред.Одговараат и по хемиска и по ми-кробиолошка анализа. Откако це-лосно ќе се смири и ќе се повле-че водата, надлежните од Цента-рот за Јавно здравје ќе направат комплетни мерки на дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Целта на активноста ќе биде надминување на проблемите со септички јами, за да не дојде до појава на заразни заболувања.

Охридското Езеро во 1971 година има-ло повисок водостој од се-гашниотСпоред графичкиот приказ што Ми-нистерството за транспорт и врски континуирано го прави од 1923 го-дина до денес,водостојот на езеро-то бил највисок во 1971 година. То-гаш езерото достигнало максимал-но ниво од 694,51 метри надмор-

ка височина, што е за 53 сантиметри повисоко од сегашното.

“Оттука, може да се заклучи дека сегашното ниво е далеку пониско од максималното кое го достигна-ло Охриското Езеро во 1971 годи-на. Затоа, апелираме на разумност кај сите кои даваат свои оценки и изјави за состојбата, затоа што од овие непогоди се погодени и насе-лени региони каде со непромисле-ни и непотврдени проценки може да се внесе непотребна паника и страв кај граѓаните“,велат од Ми-нистерството за Транспорт и врски потенцирајќи дека состојбата е ста-билна и постојано се мониторира.

“Состојбата постојано се следи од страна на Координативно тело за

превенција од природните непо-годи кое е составено од претстав-ници на сите релевантни инсти-туции и се утврдуваат потребни-те мерки за преземање, за што, се-како, постојано ја информираме јавноста“,нагласуваат во соопште-нието.

Пролетва се очекува да биде поставен споменикот на Св. Наум Охридски. По иницијатива на двајцата пратеници од ВМРО - ДПМНЕ, Цветко Грозданов и

Александар Николоски, овој проект е вметнат во програмата на Министерството за култура. Спо-меникот на големиот македонски просветител ќе претставува едно заокружување на споме-ничниот комплекс на нашите просветители и за-штитници Св. Кирил и Св. Климент. Предвидено е споменикот на Св. Наум да биде поставен во тревникот пред Рибниот ресторан, со што се до-

бива духовен триаголник на македонските ма-сони, смета пратеникот Грозданов. Според него, не е спорно тоа што токму на истото место по-стои маркица за градба, бидејќи тоа ќе се реши во соработка со локалната самоуправа, која ја поддржа изградбата на овој споменик. Наскоро се очекува да се побара промена на ДУП на мес-носта наречена Табана и наместо градба ,тука е предвидено да стои споменикот на чудотворе-цот Св. Наум, смета Грозданов.

Пролетва ќе пристигне споменикот на Св. Наум

Наш Охрид

Page 10: АМАК ПРЕС 120

10

Последните неколку месеци во СДСМ се случија темелни проме-ни на централно и на локално ниво. Зошто беше потребно сето тоа? Па добро, значи, се случувале и ќе се случуваат промени во секоја партија, така и во Социјалдемократскиот сојуз. Неминовно беше да се слу-чат повеќе промени, се со една цел да се извади новото лице и да се по-каже дека на крајот на краиштата на функции ќе дојдат луѓе кои што се чесни, авторитетни и кои што мо-жат да одговорат на новото време. Сето тоа се прави за да се покаже дека СДСМ е подготвен да ја презе-ме власта.

Колку во моментов СДСМ е консоли-диран, како на централно, така и на локално ниво? Ова прашање е веќе доста во оптек. Значи, на централно ниво сите мо-жете да ги видите случувањата, јас можам конкретно да кажам за оп-штинската организација во Охрид. Сето на што ние веќе го имавме по-ставено како програма, го завршив-ме. До нова година заврши терминот со реорганизација на општинската

организација. Се завршија сите постапки, настапивме со програма која ја исполнивме во целост. Сега се спремаме за нови активности кои што ќе следат во оваа година.

Владејачката ВМРО – ДПМНЕ се уште има релативно добар и силен рејтинг кај граѓаните. Го плаши ли тоа рако-водството на Социјалдемократскиот сојуз? Добро, сведоци сме и постојано мо-жеме да гледаме дека има рејтинг листи од најразлични нарачатели. Јас можам конкретно да говорам за ситуацијата која што се случува во Охрид. Рејтинг листите ние не може-ме да ги видиме поединечно по гра-дови, тие се исклучиво на централ-но ниво. Меѓутоа, можам да кажам и секогаш сум кажувал дека рејтинг листата во Охрид е задоволителна и сигурен сум дека во било кој пери-од во Охрид да има избори ние ќе ги поминеме.Се знае ли бројката на нови членови на СДСМ во Охрид? Па добро, ние нема што да криеме. Имавме јавно презентирање на но-вите членови. Нивната бројка беше

триста и еве, да откриеме една тајна, во наредниот период ќе имаме ново презентирање на нови членски книшки, значи некаде околу осум-стотини до илјада нови членови за неполни шест месеци.

Новото партиско раководство под-разбира и нови промени. Колкави промени спроведовте вие во начи-нот на работење? Новините ние ги презентиравме во повеќе наврати. Една од новините е, кажав, покрај тоа што настапивме со програма, ја отворивме и партијата, која работи со полно работно вре-ме, еве вие сте сведоци на таа ак-тивност и тоа е една од големите новини. Транспарентноста е исто така новина, бидејќи се што работи-ме, работиме транспарентно и тука не застануваме. Нормално, напра-вивме некои потези кои што досе-га никогаш не беа направени, како што е формирањето на Советот на партијата, бидејќи таа работа може-ше да се заврши во повеќе наврати, меѓутоа, некој не сакал и не можел да ја направи. Ние како ново рако-водство ја завршивме и таа работа.

Што, според вас како претседа-тел на општинската Организација на Социјалдемократски сојуз на Македонија, му е неопходно на Охрид? Јас можам да кажам дека, пред се, бев посветен на партиските актив-ности во општинската организација. Инаку, ние не можеме да бегаме од одговорноста. И како општинска организација имаме и наш градо-началник. Нормално дека тој ќе ги преземе сите тие обврски кои што ќе следат. Се што ние имаме актив-ности, ги презентираме до Советот на општината и до Градоначалникот со наши сугестии. Се она што треба да се направи во Охрид во наред-ниот период, сигурно дека ќе биде направено. Сето она што му фали на градот, ние ќе му го дадеме за да го добие најдобриот лик, нормално, доколку не се направи опструкција од страна на актуелната власт.

Спортот некогаш беше ваша пасија, а сега ви е хоби. Како некогашен ак-тивен спортист, дали сметате дека Охрид има добар спортски живот? Одлично е прашањето. Значи, дру-го беше времето во минатото, дру-го е времето сега. Најверојатно и приватното и мешањето на луѓе кои што не им е местото во спортот, направија тој во Охрид да биде на најдолна граница, а исто така влијае и економската ситуација во која што се наоѓа моментално нашава држа-ва. Меѓутоа, како и да е, тоа не е оправдување ние како град да не-маме спортски активности. Мене ми беше желба да спонзорирам еден спорт кој што е специфичен за наши-от град, тоа е пливањето. За жал, не-маме можност, немаме сала ниту пак основни услови за работа. Спонзо-рирам нешто, исто така во поглед на уште еден специфичен спорт, а тоа е веслањето. Најголемата моја љубов беше фудбалот, каде што сме нави-стина на најдолни граници. На вре-мето имавме најдобар младински состав, меѓутоа, за жал, сега дали по-ради тоа што условите се такви как-ви што се, нема никакви резултати во поглед на спортските активности во нашиот град.

СДСМ е подготвена да ја преземе власта!

Наум Јованоски, претседател на општинската организација на Социјалдемократски Сојуз на Македонија

“Членството во Општин-ската организација на Социјалдемократскиот Сојуз постојано расте, тоа значи дека охриѓани ја це-нат нашата заложба за нив-но и доброто на Охрид. Ако според резултатите од по-следната презентација има-ше 300 нови членови сега за неполни три месеци бројот на нови членови е зголемен за 800 до 1 000. На градов му се потреби промени и нив ги реализираме преку актив-ностите на градоначални-кот Петрески, секако онол-ку колку ни дозволува акту-елната власт“, вели претсе-дателот на ОК на СДСМ Наум Јованоски

Интервју

Page 11: АМАК ПРЕС 120

11

ЛокалЛокалЧест ни е...

Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобриврски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели,со најниски трошоци.

Како?Не губете го вашето драгоцено време

во размислување!Дозволете тоа да го организираат

експерти и професионалци.

Сè на едно место

ВИС ПОЈ

046 255 600www.vispoj.com.mk

Page 12: АМАК ПРЕС 120

12

Каков ќе изгледа Охрид...по некоја година- е тема која во последно време ја заскокот-кува и сета наша јавност, па

се даваат смели претпоставки за таа цел. Надоградување на комплексот `Летница`, нова црква на Охридски-от плоштад, нови споменици...! Не е мал бројот и на оние кои се прашуваат како изгледал Охрид пред години.... многу години на-назад, кога дури не била позна-та ни фотографијата...и каква била тогашната живеачка- мода во облекувањето, семејното однесување, исхраната. Останале неколку песни од тие времиња, оста-нале некои белешки од дневници на тогашни наши сограѓани, но и на учени странски патници-намерници како и на сосема случајни минува-чи низ овој наш прекрасен Охрид. Останале запишани сведоштва, но не и слики... а една слика кажува повеќе и од стотина зборови!Токму на една таква личност, која со-сема случајно, непланирано и без никакво предзнаење прошетала низ овие наши краишта го посветуваме овој напис. Се работи за англичанецот Едвард Лир, сестран уметник - писател, ав-тор на бројни поетски збирки, пре-цизни географски мапи, илустра-тор, карикатурист и хуморист. Тој во Охрид се задржал само ден-два, по-точно од 21-23 септември 1848 годи-на, ама зад себе оставил бројни бе-лешки, писма и илустрации кои ка-жуваат многу повеќе од било кој па-теписец којшто престојувал тука па дури и го проживеал сиот свој живо-тен век токму во Охрид.Едвард Лир бил роден 1812 година во Лондон, како дваесетто од двае-сетиедно дете на Еремија и Ана Лир. Неговото воспитание го превзема неговата највозрасна сестра а веќе како 19 годишен младич веќе е вра-ботен како илустратор на птици. Не-говите илустрации спаѓаат (1832) меѓу првите отпечатени колор илу-страции на птици и животни во Ве-лика Британија. Ова е битно зара-

ди натамошниот след на настани-те: како илустратор добива задача да ги посети Италија и Грција за да ја слика тамошната фауна. При едно патување на островот Крф, реша-ва да замине за Цариград. Таму, пот-тикнат од англискиот амбасадор сер Стратфорд Кен , кој воедно го снаб-дил со потребни документи, реша-ва непланирано да ги посети Север-на Грција, Македонија и Албанија, па тргнува на долго патешествие. И како што запишал на секоја своја по-патна илустрација од Солун се упа-тил за Ениџе вардарско, па за Воден, преку Острово и Тилбели, место од кое по триипол часа јавање стигнал Битола. Тука бил примен и од глав-ниот старешина на гарнизонот Емин сераскер паша, кој го вчудовидел со неговото течно познавање на англи-скиот јазик , бидејки и самиот паша бил студент на Кембриџ !Но, нас нè интересира Охрид , па за-тоа одбравме повеќе цитати од не-говата книга `Патувања на еден пејсажист`, кои се однесуваат на Охрид во тие дни!“Вредните коњи секогаш се подгот-вени пред изгрејсонце. Беше повеќе од 6 часот кога се извлековме од преполните пазари и мрачните предградски улици полни со волов-

ски коли, говеда, натоварени мазги, биволи и сл. Откако се ослободив-ме, малку од овие препреки, бага-жот ненадејно се настрани и, по не-колку безнадежни обиди да го урам-нотежиме со камења, сиот требаше одново да се реди. Јас сè уште не бев привикнат на бисаги.

Утринското патување не беше инте-ресно поради тажните глетки и ни-ските облаци што го правеа снегот непотребно студен и ја замрачуваа долината каде безброј кози пасеа и лутаа меѓу бедната трева, под за-штита на лути кучиња. Околу 5 часа скитавме по долини и патеки, меѓу високи рвдови каде, и покрај изми-натото време и трпеливоста, не мо-жевме да видиме ништо убаво и ин-тересно. Сепак во овие предели разочарувањето не траеше долго време. Околу пладне патот, една ши-рока, каменлива патека, што воде-ше кон долината, се надоврзуваше на рамнина која на југ обиколува-ше едно светло езеро обиколено со високи снежни планини. Јас мислев дека е тоа езерото на Пеупли (Пре-спанското Езеро), но ниту водичот ни-ту суруџијата (терачот ба стоката, б.м.) не знаеја да ми кажат, а јас бес-мислено заборавив да прашам неко-го од ова место. На запад се проте-гаше убаво село обиколено со чина-ри и костени и украсено со две-три осветлени џамии што ја оживуваа глетката со убави карактеристики на албанската(?!) земја. Тоа беше оби-колено, освен од јужната страна, со најбогато пошумените висини.Но како и обично, сета убавина е

надвор. Селото Пеупли (?!) ги посе-дува само најнечистите анови и теш-ко можеше да се најде пристојно ме-сто за да се подготви ручекот. Доде-ка скитав, успеав по големиот дожд да направам цртеж од едно возви-шение каде селото, заедно со езеро-то и ридовите, ја даваа најубава сли-ка: темно пурпурните планини дели-катно и широко се оцртуваа меѓу об-лаците што се протегаа насекаде. По-стоеше едно возвишено место, по-садено со огромни стебла костени, едно темно и бујно лисје спроти сре-бреното езеро и сјајните делови на небото, додека во рамнината се про-тегаше селото со своите расфрле-ни сенки. И покрај заканувањата, дожд не падна. Затоа мислев дека е најпаметно да одам во Охрид каде сместувањето во секој случај не би било полошо од она во Пеупли, а глетките ќе бидат сигурно повредни.Во два и пол часот го напуштивме Пеупли. Неговите жители се разли-куваат од оние што ги бев видел до-сега. Едно подиво и посурово пле-ме отколку жителите од Македонија. Грци и Бугари има сосема малку, а повеќе се Турци и Албанци. Бугар-скиот јазик овде се зборува помалку.Ако утринското патување помина само низ долини, ова од попладнево беше само низ планини. Веднаш по долината на Пеупли ние се искачив-ме по највисоките места следејќи еден ветровит скалест пат, иако оче-кувавме да биде подобар во овие места. Попладнето беше убаво и ве-село, со сите ефекти на облаците. Како што се симнувавме по убави букови шуми, рамнината и плани-ните — во заднината со синото езе-ро на Пеупли и неговите јужни стра-ни обиколени со светли ридови што се губеа во далечината, — ја соста-вуваа најубавата слика. Најгоре од патот беше стражарницата (една ко-либа со двајца вооружени Албанци и едно многу чувствително куче кое стражареше над заинтересирани-те поминувачи). Пред да почнеме да се симнуваме по западната страна, пред нас се покажа најубавата па-

Маките се исплатија - јас брзо заборавив на моите каења за ова патување Напишал Едвард Лир при посетата на Охрид во далечната 1848

Случаен патник - скапоцен изворник

Пишува: Владо Жура

Edward Lear

Од патувањата на еден

пејсажист 1848

Охридски легенди

Page 13: АМАК ПРЕС 120

13

норама што досега моето око ја ви-дело. Од оваа висина се гледа цело-то езеро на Пеупли, безброј полиња и ридови а зад сето ова се гледа и синиот Олимп. Целата глетка беше како врамена во глуждовитите гран-ки на сребрените букови стебла што ги красеа гребените на ридот, чии страни се спуштаа над езерото, во вид на набрани дрвени платна. Оваа слика тешко можеше да се напушти и решив на било кој начин повторно да го посетам ова место.Брдото го поминувавме скоро по-ловина час. Мојата обиколка на Албанија почна по едно темно ка-менливо поле посадено со закр-жлавени буки. Иако досега мину-вав само низ Македонија, забележав дека источно од Охрид албанскиот јазик не е во употреба.

Набрзо нов свет почна да го восхи-тува моето око и кога пристигнав до работ на западната страна од ова брдо, убавото поле и Охридското Езеро неочекувано се појавија по-златени од сонцето и мирно поспани под ридовите, потоа шумите и сне-гот натрупан и помешан со облаците што беа на половина пат кон небо-то. Тешко може да се замислат поу-бави слики од овие. Нивната убави-на е, можеби, засилена од ефекти-те што им даваат повеќе од обична боја и разновидност. Светло, широ-ко и долго се протега големата воде-на површина — првото од грчките езера на чие крајбрежје е тврдината и градот Охрид (по форма сличен на камениот дворец во Ница во Сар-динската држава) кој располага со обработливо поле што се протега од планините до бреговите на езерото. Оваа толку племенита глетка ги бри-ше од паметење сите непријатности од патувањето, па и зачудува и воо-душевува на секој чекор. Јас брзо заборавив на моите каења за ова патување. Спуштањето по полето на Охрид е доста стрмно и езерото е на ви-дик сè додека се спуштате на него-вото ниво, а перспективната уба-вина се намалува. Немаше вре-ме за набљудување и насладување, бидејќи спуштањето беше неудоб-но. Овие планини се соединуваа со

атмосферските ефекти од небото, земјата и водата. . . “Тука, писателот со одбрани, само нему својствени зборови, ја воспе-ва природната убавина околу Охрид , која го опколува на секој чекор, споредувајќи ја со волшебни пре-дели кои веќе ги имал посетено во крајезерските краишта низ Италија. “Спрема последните кривинл на овој стрм пат се издига една чуд-на зграда-манастир(секако мис-ли на манастирот Св.Петка, б.м.) из-граден во засолништето на карпите потпирајќи се на кафеавото лице на планината. Тој содржи околу 20 из-двоеш ќелии. Оттука пристигнавме во едно село во подножјето, а меѓу ореовите дрвореди се гледаше уба-вата охридска тврдина. Потоа, преку една плодна градина, пристигнавме во Охрид околу шест и пол часот. Посредена територија од оваа на Охрид - порано викан и Ахрис на Лихнидското езеро, не може да се замисли.

Сето езеро е обиколено со ридо-ви, кои оставаат мал простор меѓу нив и водата, освен на северна-та страна каде отстапуваат на око-лу три милји и даваат место на едно поле над кое доминира Охридската Тврдина, врз осамена карпа , цалос-но надвишувајќи ја и управувајќи со околината.Градот лежи на трите страни од ри-дот врз кој се извишува Тврдината и се протега западно и источно од тврдината, долж крајбрежјето, доде-ка самата карпа вертикално стрмо се спушта на југ. Карактеристики-те на овие слики беа безброј. Бе-лите минариња и густо посадени-те платани (чинари) ги красеа око-лините на градот; и кога јас навле-гов подлабоко во улиците, неколку убави џамии и пазарот, засенчани од многубројни и големи чинари, го привлекоа моето внимание.Ова е првиот град што го видов во Албанија. (Кога пристигнал во Охрид Едвард Лир погрешно сметал дека веќе дошол во Албанија, која како и цела тогашна Македонија биле во составот на отоманското царство. Останал просто фрапиран од бога-

тата носија на населението сметајќи ги охриѓаните за припадници на ге-гите, впрочем и така си мислел дека по сето течение на Црни Дрим и не-говата околина, вклучитело и Охрид

живеат исклу-чиво геги, б.м.) Н е -обичноста на алиштата беше фрапантна. Облеката на овој народ беше богата. Племињата од Гегерија ја опфаќаат целата територија на ре-ката Апсус (Црни Дрим), т.е. Илирска Албанија. Скадар се смета за главен град а Охрид за нејзина најисточна точка (макаршто е познато дека охридскиот владетел вешто ба-лансирал повремено признавајќи ја власта на скадарските паши, а едно време и на јанинските- Ед-вард Лир пристигнал во времето постџеладинбегово, кога Охрид ја признавал власта во Скадар! б.м.) Да им се вратиме на тогашната облека и носиите: Тие (охриѓаните) ги над-минуваат сите свои соседи по уба-вината па дури и велечественоста на нивната облека . Тие им додаваат на своите вообичаени алишта згора една долга наметка (ќурк) украсена со сите можни нијанси црвена боја гајтани и ширити , или пак украсена со крзно, везена и опшиена со злат-ни конци и со срма.

Нивните куси палта и елеци обично се црни и нивниот целосен надворе-шен изглед претставува силен кон-траст на белите алишта на мажите на пример од Берат или пак од сосед-ството, како на оние од Епир. Други докази и опишувања на оваа тема не се излишни додека престојував во оваа нова земја. Поминувајќи покрај пото-кот низ кој шлапкаа гуски (една ре-кичка со тротоари од двете стра-ни, а преку неа наредени камења за преминување, претставуваше ка-рактеристична слика на ова место) често бев мета на удирање со песок, или ситни камчиња и нечистотија. Неверничкиотот изглед со мое-то бело кече врз глава предизви-куваше забелешки и осуда од стра-на на православните Охриѓани. „Внимавајте, рече Горѓи ( неговиот гаваз даден како придружба уште од Солун, б.м.), додека не ставите фес врз главата (тогаш било задолжител-но за секој маж, б.м.) нема да бидете на мира, а по еден или два дена мо-

жете и окото да го изгубите». Шетајќи се по сликовити-те улици, најпосле пристигнавме до најприкладниот ан што го поседува-ше градот, зграда со ист опис како и во скоро сите останати места во овој дел од светот. Исправена и опкруже-на од три страни со двор. Понискиот дел одделен за штали, а повисокиот имаше околу 20 соби со широк ход-ник. За стаклените прозорци тука се уште не се знаеше, а и хартијата како замена беше ретка. Собите беа малку затемнати нивната предност беше во тоа што беа празни и при-кладни за спиење. Со една рогозина, послана во еден агол и еден врз неа кревет неа бргу ќе се почувствуваш дома, а по шолјата чај и сонот бргу те совладува.Од повеќето денови, поминати во многу земји, со поблагородни ме-ста, јас не можам да замислам тол-кав раскош на различности и поимпресивни слики од овие што га

Охрид панорама

Крст џамија

Охрид 21 септември 1848 од чаршија кон плоштад

Охридски легенди

Page 14: АМАК ПРЕС 120

14

видов. . .

21 септември 1848 , Една рана про-шетка низ градот, која беше пре-полна со исклучителни улични глет-ки (ридот со тврдината, или вечни-те планини во заднината ) би била попријатна ако не бев непоштедно опколен од жени и деца од неочеку-ваните улични агли.Се извлеков од периферијата, го разгледував градот и додека цртав и сликав од едно воз-вишение, кога еден овчар се осме-ли да се доближи и да ги гледа мои-те цртежи. Откако откри дека црте-жот го претставува Дворецот на ри-дот, , тој почна да бега и да вика вика „шејтан»(ѓавол)и побегна од мене како од некој нечесен маѓесник. Сон-цето почна да паѓа и, откако сретнав стада од биволи иовци опколени со кучиња, го скратив патот долж езе-рото, прекукриви патеки. Неколку примитивни и срамежливи луѓе, забележувајќиго моето присуство, почнаа да трчаат кон своите куќи викајќи и повлекувајќи се како стре-ла, затворајќи ги портите со најрешителна одлука пред мојата скитничка појава. Свратив во анот и се подготвив за посета кај Шериф-бег, (главна и највисока личност во Охрид) до кого бешеупатено и пис-мото од сераскер-пашата.Тврдината се издигаше над целиот Охрид и нудеше глетка над езеро-то, рамнината и планините. Таа го опколуваше Сарајот (палатата на гу-вернерот). Неговите висечки, укра-сени покриви, решетките, исфрле-ните тркалести прозорци и групите на примитнвните чудни лица ѕиркаа и се шетаа по тесните скали и дрве-ните балкони / чардаци. Тие прет-ставуваа куриозитет за оној, кој ви-дел сосема малку од суровиот сјај и условите во Битола каде високите личности се ,високи службени лица како и во секој друг град. Така на пример, ако некој дојде во овој град, откако ќе посети попримитивни ме-ста во Албанија, истиот би му изгле-дал поцивилизиран, додека за оној што доаѓа од Истанбул, ефектот би бил обратно фрапантен.Собата во која седеше Шериф-бег беше квадратна , не многу голе-ма, полна со натписи и дела од око-лу дванаесет истакнати уметници. Бегот, во лошо обоена долга обле-ка, украсена со крзно, оџата со бела чалма, гегот облечен во скарлетно палто, (грчкиот секретар во пурпу-рен и златен брокат, војската со дол-ги коси и сукна, блескавите албан-ски слуги вооружени и прицврсте-ни со појаси — сите гледаа во мене со еден рамнодушен поглед. (Турска рамнодушност и добро однесување тука не е познато.) Сето ова претста-

вуваше една слика која сакав да ја имам нацртано. Бегот, по пушењето и пиењето на кафе, даде едно писмо за Тирана, град на самиот пат за Ска-дар и ги изрази своите желби да ис-прати стражари со мене на крајот од светот, иако изјавив дека патиштата се слабо посетени и дека се напол-но заштитени. Се сетив на оружје и побарав еден гаваз да ме заштиту-ва додека цртам во Охрид а потоа се вратив во анот на ручек. Попладне-то го поминав во шетање по градот со мојот муслимански стражар, обе-збеден од секаква пречка или камен упатен на мене од раката на некои вистински верници. По заоѓањето на сонцето, глетката од главната вра-та на тврдината стана мирна и убава слика — која никогаш не го замору-ва окото како во целина така и во де-тали. Охрид го надмина моето очекување. Стана збор и за манастирот Свети Наум на јужната страна од езерото, како значајно место на оваа околија. Но јас ја одложив таа желба за по-доцна бидејќи бев во соседството на Берат, а знаев дека една посета во манастирот ќе ми одземе 2 дена.Сигурноста за преноќување не спаѓа во добрите страни на Охрид. Во една мала соба, во која престојував, се слушаше постојано гребење и мјаукање на мачки, од едната стра-на на мојата перница, и гракање на патки, од другата страна, што не ми овозможуваше пријатно спиење.

22 септември 1848 , Студеното утро, свежо и јасно, ме принуди да го ис-полнам мојот план т.е. да се вратам по истиот пат до планинскиот пре-мин, преку кој се искачив, и одозго-ра можев да го видам езерото на Пе-упли/ПреспаМојот вооружен придружник и коњите беа подготвени во седум часот претпдадне. На подножјето од ридовите, малиот манастир беше

исклучително прекрасно осветлен во јасните сенки од раното утро и една глетка ме занесе извес-но време. Потоа почнав стрмно да се искачувам низ букова шума и по па-тот застанав и направив повеќе пау-зи за да се воодушевувам во глетка-та што ми ја нудеа сребреното езе-ро и огромните карпи . Пресретни-кот испратен од охридскиот упра-вител , сјаеше во скарлетно и бело, неговата долга облека, украсена со крзно, и неговото здолниште и по-златениот колан се гледаа оддалеку како перјата на некоја тропска птица меѓу темнозелените лисја. Со него се сретнавме на половина пат во пла-нината и кратко потоа бегот упра-вител на Тирана со една долга коло-на натоварени мазги и сјајни бројни слуги го дополнаа интересниот из-глед на новата и убава слика.Околу десет и пол часот ние ја поминавме малата рамнина на врвот од плани-ната и пристигнавме до осамената стражарница.

Бев среќен што потрошив еден ден во посета нанајблагородна слика. Глетката на езерото Пеупли/Преспа делувашеубаво и одморно. Таа изгледаше како сон со нежно азурна бојасе протегаше под убаво обликувани-те планини, сите јасништо се намалуваа и стануваа се понејасни додека контуритена Олимп не ја затворија оваа глет-ка. Поблиските ридови сонивната црвенкаста измазнетост, беа исполнети со шуми, а близу до нив темните маси на украсните буки изгледаа блескавоод есенската боја. Поминаа доста ча-сови во оваа тишина и било каква суровост на патувањето беше заборавена поради воодушевувањето од толку мирната и убава глетка ...Во два и пол часот, по еден селски ручек со одлична ладна риба (пас-трмката од Охридското Езеро е из-вонредно убава), го продолжив па-тот на запад и повторно бев во анот пред да падне мрак.

23 септември 1848. Уште еден ден во Охрид, а потоа ќе се упатам на запад и север. Под самата тврдина има една плоштатка, каде величе-ствените чинари ги посенчуваа па-зарите богати со секаков вид на ве-село обоени стоки. Преку лисјата се гледаше светлиот врв на мина-рето, а под него беа насобрани гру-па живописни и во мошне сликови-ти носии луѓе. За да се понесе било каква слика од сето ова, потребно беше да се потроши половина утро. Останатиот дел бев зафатен во про-шетка по источниот брег на езеро-

то, екскурзија која мо-рав сам да ја направам бидејќи гавазот беше отиден да ги подготвува коњите за патувањето за следниот ден . Убавиот дворец доминираше над кар-пата и се рефлектира-ше во светлата и би-стра вода. Но, она , што најмногу ме забавуваше беа многубројните пти-ци кои значајночајно ја развеселуваа атмосфе-

рата. Илјадници гузи се дружеа со домашните птици: шатки-те и гуските, белите галеби кои изве-дуваа сјајни слетувања меѓу трски-те, страчките( најбројно застапената птица во околината на Охрид), чав-ките и гулабите — го формираа ту-кашниот орнитолошки свет. На крајот од езерото се гле-даше бела точка, за која ми ре-коа дека е манастирот СветиНаум, иако тој сега беше далеку од мојот пат. Тргнав кон анот задржувајќи се таму-ваму и гледајќи ги жените кои; со везени шамии на главите и обле-чени во црна и црвена облека, пе-реа платно на езерото. Гледајќи ја нивната работа, тие ме забележаа дека не сум со придружба и чесно-то мноштво исчезна меѓу ѕидовите и карпите, постојано фрлајќи на мене камење, стапови и кал. „Ке можат ли моите очила да го преживеат овој напад?» — си мислев во себе. При-нуден да се повлечам пристигнав во анот доста повреден, околу носот и ушите, што не беше ни најмалку смешно. Попладнето со мојот водач имав можност да ги исмејувам мо-ите непријатели додека цртав уба-

Охридска улица

Попатна чешма

Охридскиот чинар

Охридски легенди

Page 15: АМАК ПРЕС 120

25

ва стара црква, сега претворена во џамија, а подоцна добив поширока глетка од саат-кулата на ридот до-дека градот мируваше меѓу густи-те чинари и високите кипариси , потсетувајќи ме на некои стихови од Бајроновиот `Чајлд Харолд`!

Секако Охрид е убаво ме-сто. Секоја страна на ридови-те под тврдината е густо украсена со муслимански гробови — мали из-дигнати места со груби камења што се гледаа од земјата како илјадници природни геолошки израстоци. Од понис-ките улици групи од жени, облечени во темносини фустани и покриени со бело фереџе, беа из-легле на воздух, а близу до мене повеќе мажи облечени во црвена и пурпурна облека пушеа седејќи на расфрлените камења. Кога сонцето ги фрлаше своите последни црве-ни зраци од високите западни пла-нини над тврдината, долги редици од црни биволи се туркаа рикајќи и чкрипејќи со нивното чудно полук-рзно што личеше на пукање на стар мебел. Од сето ова произлегува дека зоолошкиот жив свет на Охрид е многу окрутен. Како можат улици-те да бидат слободни кога се полни со жива природа, т.е. со кучиња, гу-ски, биволи, магариња, мазги, коњи, чавки, кози и овци. Што се однесу-

ва до биволите со бели очи, тие се мрзливи и брутални. Кога пристигнав, анот беше преполн. Бегот на Тирана со него-вата придружба беше дојден. Едно-ставноста е животно правило за ал-банските високи личности. Тие мир-но седеа на рогозина и пушеа до-дека нивните придружници скокаа и викаа со страшна енергија, а по-тоа се веселеа проследувајќи се со една од нивните мелодии до доц-ните часови. Навечер се завиткуваа во нивните палта и така спиеја. Отсега го прифатив фесот бидејќи, покрај овој муслимански знак на главата, не е важно што ќе ставиш

друго на себе.24 септември

Ветерот дуваше низ пукна-тините на мојата соба и студот из-гледа им пречеше на моите соседи патките да спијат помирно од мене. Не можам да разберам зошто овие домашни животпи беа сместени на првиот кат? Петнаесетина од нив ги пикаа нивните глави низ отвори-те на ѕидот и одма-рајќи се вака на мојот душек и перница, тие комич-но ме гледаа и како да сакаа да сум

од јачмен или леќа. Иако бевме спрем-ни во пет часот нау-тро, нашиот гаваз се уште не беше под-готвен и веќе беше шест часот кога ни се придружи, об-лечени во гримиз-но заедно се упа-тивме кон земјата на „си-ромаштијата, с р а м е ж л и в и т е , очајните и одврат-ните луѓе, без памет, без ништо» како што Горѓи ги наре-куваше Албанците. Напуштајќи ги пространите околи-ни забележавме како една група Ци-гани, вработени од Шериф-бег одеа на работа. Овој народ е многуброен во Албанија и тој веднаш се разли-кува по неговата карактеристична физиономија како и по темниот тен, за разлика од нивните домородци кои повеќето се бели и со руси коси. Нашот пат водеше на запад, долж крајбрежјето на сребреното езеро, моментално мирно и сјајно поради сончевото утро. Високо во воздухот леташе еден сокол, или некој орел колебајќи се над едно јато црни шат-ки што се собираа заедно, исплаше-ни. Секоја од нив се построи во пра-ва линија и сите истовремено се спуштија во водата додека крадецот се спушташе да нападне. Видов три вида вакви борби, но не знаев дека постојаните набљудувачи, кладејќи се, печалеа доста со ваквите сцени. Околу 8 часот пристигаав-ме во Струга, сликовито гратче не-далеку од излезот на реката Дрим и сите жени тука (со истиот каприц или љубов според разновидно-ста што ја карактеризира облеката

на секоја тукашна провинција) но-сеа бели и розови фустани, наместо црни и црвени. Атмосферата на па-зарот беше пријатна .. «

Целта не ни беше толку да пишуваме за Охрид, ами да обнародиме само неколку од бројните илустрации што ги оставил Едвард Лир да сведочат за едно вре-ме од долгата историја на нашата `таткојна`. Инаку Едвард Лир , и сами се уверивте, бил исклучителен илу-стратор со истенчен осет за цртеж и акварел, па затоа не е ни чудно што повремено бил ангажиран и од британскиот кралски двор да ја по-дучува и самата кралица Викторија во тајните на цртежот и сликарство-то. Тој проживеал 76 години, пре-тежно болешливи и со нарушено здравје затоа и сиот живот го ми-нал како ерген. Животот го окон-чал во 1888 во Сан Ремо, Италија а зад себе оставил голем број дневни-ци, патеписи, писма до пријатели...и безброј најразлични илустрации од кои еден мал и скромен дел ви при-кажавме и на овие страници.Владо Жура

Св. Софија 1848

Тогашна обична машка носија

Охридскиот плоштад 1848г.

Охридски легенди

Page 16: АМАК ПРЕС 120

16

Вокал на сите времиња. Музичар со најдобри гласовни можности не само во Македонија туку и во бившите југословенски простори. Вие бевте еден од ретките Маке-донци кој започна и успешна ин-тернационална кариера во 70-те години од минатиот век. И токму кога бевте на врвот , неочекувано како да се повлековте од музич-ката сцена. Зошто го сторивте тоа кога денес можевте да имате ка-риера и подобра од онаа што ја има Здравко Чолиќ?- Па да, на некаков начин може да се каже дека јас се повле-ков, иако не е повлекување ако ра-ботиш на еден дел од естрадата на пример на живите настапи и свир-ки. Јас не сум прекинал да музи-цирам ниту една седмица а камо ли еден месец или година. Она што се повлеков е само исклучиво од продуцирањето нова музика. Зна-чи прекинав да создавам нова му-зика. Бидејќи пазарот се стесни на-правив некои пресметки во кои што влогот не можеше да се рева-лоризира. Значи едноставно соз-дадов некои други свои приори-тети пред се семејните. Тоа под-разбираше помагањето на синот и

ќерката околу нивното школување, дошколување или определување на нивната професија, значи настојував да имам поголемо при-суство околу нив. Друг мој кру-пен чекор што го направив беше напуштање на професионализмот и редовно вработување. Значи јас наместо професионалец како сло-боден уметник, се определив да се приклучам кон оние кои секој ден одат на работа односно имаат одре-дено работно време. Иако мојата работа е таква да и саботи и недели и празници и делници ги работиме. Имено работам во Детски Културен Центар “Карпош“, веќе 27 години така што не жалам ништо што сум испланирал, презел или реализи-рал во тој поглед бидејќи на некој начин на естрадата се што можев да сторам во професионализмот го на-правив а потоа без разлика на тоа што можеби некои работи изгледа-ат од страна како испуштени, недо-речени или неискористени сето тоа е релативно. Можете да имате не-прекината кариера постојано со ал-буми, со спотови, концерти, тур-неи но на крајот на краиштата која е смислата на некое битисување, не-кое постоење. Реков, влогот е мно-

Кога исчезнаа условите за професионализам јас делумно се повлеков од сцената

Драган Мијалковски - естраден уметник

Музика за сите времиња, композиции со душа, отпеани од моќен глас кој одлично се “снаоѓа“ и тогаш кога на широк простор озвучувањето е слабо. Токму поради овие квалитети песните што Драган Мијалковски ги отпеа а кои веќе се евергрини:“223 305“, “Кажи ми“, “Кажи нешто драга“, “Дали помниш една пролет“, “Гитаро моја“ и други, и денес ги слушаат младите по дискотеките и кафулињата, а припадниците на повозрасната генерација преку нив се враќаат во деновите на својата младост.“На естрадата се што можев да сторам во професионализмот го направив а потоа без разлика на тоа што можеби некои работи изгледаат од страна како испуштени, недоречени или неискористени сето тоа е релативно. Можете да имате непрекината кариера, постојано да вадите нови албуми, спотови,концерти, турнеи, но на крајот на краиштата која е смислата на некое битисување на некое постоење. Кога си професионалец влогот е многу голем тогаш се си подредил на тоа па дури и семејството. И, ако семејството трпи барем да трпи за нешто, да има некој друг фит- бег некоја друга сатисфакција. Во мојот случај немаше потреба од претерано експонирање“, открива за “Охридските Новини“, Драган Мијалковски. “За мене не е битно да останам како ѕвезда по секоја цена . За мене е битно да ја негувам музиката на секое место и во енормно тешки услови“, додава тој.

ЛокалЛокалНа кафе со...

Page 17: АМАК ПРЕС 120

17

гу голем кога си професионалец то-гаш се си подредил на тоа па дури и семејството. И ако семејството трпи барем да трпи за нешто, да има некој друг фит бег, некоја дру-га сатисфакција. Во мојот случај немаше потреба од претерано експонирање. Немаше потреба од премногу настојчиво останување на врвот на топ листите на естра-дата и на сето тоа бидејќи на по-мал простор кај нас ништо не значи дури на некој начин е неблагодарно да бидеш постојано на врвот. Нека се порадуваат и другите колеги на тоа. На крајот на краиштата секоја генерација, секоја публика си соз-дава свои идоли. Ако едно време јас бев производ на една, две или три генерации кои што во тоа време создаваа такви некои имиња како што бев јас, тоа не значи дека и на-редните генерации ќе го прифатеа тоа. Можеби ќе прифатеа нешто од мојот репертоар, но сепак тие мора да имаат свои ѕвезди и идоли во кои ќе бараат своја идентификација, од-носно ќе им порачаат нешто тие да создадат во својот репертоар што би било поблиско на времето кое го живеат. Јас тоа многу добро го знам бидејќи работев во медиум , во Ма-кедонска Радио Телевизија во за-бавна програма на Радио Скопје и тоа во едно златно време на Ѓоко Ге-оргиев кога се емитуваа “Три Гонга“, скопските и други големи ЈУ- фе-стивали. Како што кажавте јас мно-гу пошироко од Македонија од бивша Југославија се експонирав. Имав и интернационални турнеи, патувања, гостувања, на тоа време настапував на светски фестивали и сразмерно на учеството имав мно-гу високи пласмани прво, второ ме-сто...така некако котирав.

Кој период од Вашата кариера беше, златен, најплоден на му-зички план?- Тоа беше помеѓу 1972 и 80 година. Тие 7-8 години ми беа најуспешни. Практично тогаш се случи тоа со најголемите награ-ди, турнеи, најголемите телеви-зиски и фестивалски настапи па и најголемиот број на снимени ком-позиции. Јас цело време работам и како кант автор. Значи не сум ис-клучиво предодреден да добивам материјали или за мене да се грижат менаџери или некои групи на про-дуценти и автори туку со сите сум соработувал и како коавтор сум се појавувал со многу големи авторски имиња.

Како некогаш така и сега публика-та ве обожава. Вашата музика ја сакаат и припадниците на поста-рата и на помладата генерација. Песните што Вие ги отпеавте а

кои сега се евергрини: “223 305“, “Кажи нешто драга“, “Кажи ми“, “Гитаро моја“,му се познати на ре-чиси секој човек. Пазарот има по-треба од нешто ново создадено од Ваша страна. Зошто не може-ме да слушнеме нова песна што Вие ќе ја отпеете? Ќе се согласите со мене дека народот има потре-ба од Ваша песна, албум или из-дадено CD.- Не е спорно дека на паза-рот недостига нешто од мене. Јас на пример се што имав на време-то, тоа беа грамофонските плочи од графитни изданија. Кога се појавија касетите во касетните продукции имаше некои планови и предлози меѓутоа не излезе ниту едно мое ка-сетно издание. Потоа дојдоа диги-талните и CD дискови па дури и ви-део материјали. Јас од многу про-ста, едноставна причина сето тоа не го работев бидејќи како инвести-тор и продуцент требаше самиот да си се појавувам а пиратеријата беше многу побрза, помоќна и побезоб-разна од сите тие чесни и искрени инвеститори кои што би можеле да работат на такво нешто, на тој план. Така што ме обесхрабрија. Едно-ставно ми покажаа дека нема потре-ба за нив нешто да направам па тие потоа со тоа наваму- натаму да трча-ат, на некој начин да го обезвреднат некој труд , албум,CD . А јас со надеж дека тој проблем ќе се среди си ви-

кав себе си, “Ај ќе биде до година“, “Ај ќе биде до година“. Со навистина надеж дека сето тоа ќе се среди јас активно работев во Здруженијата на автори, Здруженијата за заштита на авторските права, Здруженија на естрадни работници и тоа полека, полека со време и тој кворум на ин-терес во смисла да се средат рабо-тите се намалуваше. Јас немав под-држувачи, немав со кого сето тоа на некој начин да го обелоденам во смисла еве да се легализираат. Са-каат луѓето да се занимаваат со про-дажба на музички материјали како што има легални продавници и тие можат да се легализираат на некој начин, но не дојде до тоа. Полека времето си ги покажа работите. Денеска многу ретко се појавувате на крупни културни манифестации од типот на фести-вали. Неодамна на задоволство од многумина се појавивте на фе-стивалот на македонски евергри-ни што се одржа во Универзална-та сала во Скопје.

-Навистина, многу, многу ретко се појавувам и тоа само на некои фе-стивали бидејќи едноставно не се поврза тој евергрин стил во музи-ката. Многу малку останавме од тој тип на интерпретатори дел од нив се иселија во соседните земји. Ед-ноставно овде останаа многу мал-

ку изведувачи кои пееја песни од тој тип.

Каде лежи проблемот, во денеш-ните изведувачи или во музика-та што тие ја изведуваат? Зошто денес немаме музичари- ѕвезди како што сте биле Вие,потоа Маја Оџаклиеска, Зафир Хаџиманов. Од помладата генерација музича-ри го имавме само Тоше Проески но за жал го изгубивме. Зошто денес другите музичари не можат да остават белег зад себе?- Нема никаков проблем. Денес има многу повеќе музичари, многу повеќе автори, интерпретато-ри, студија. Денес има многу повеќе можности да се објави било што. Проблемот е во тоа што она што ќе се објави не може да биде кон-тролирано како објавувач односно произведувач на тоа. За мене е мно-гу заморна и непотребна трката по спонзори и други пропратни рабо-ти за објавување на некој материјал. Самиот материјал објавен со спон-зори е голем проблем за тие спон-зори. Тие немаат ништо поврат-но од тоа добиваат само мно-гу мал маркетинг . На многу мал-ку од нив изведувачите ќе им кажат “благодарам што ми помогнавте“. А сите решенија се наоѓаат на паза-рот. Ако на пазарот успееш да про-дадеш карти за концертот , на при-мер максимум ги наполниш сите

Задоволен сум и тогаш кога добивката е помала , зошто опстојувањето е нешто далеку побитно од добивка

На кафе со...

Page 18: АМАК ПРЕС 120

18

сали низ Македонија, ако го прода-деш сиот тираж, односно се што си отпечатил секако во смисла на тоа, да продадеш во легални продавни-ци, тогаш ќе се види реално кој на-вистина е хит мејкер, кој навистина е најценет и најкомерцијален и кој стил која музика луѓето најповеќе ја купуваат односно ја гледаат на кон-церти. Се друго е некоја мешави-на. Се случуваат промотивни кон-церти. Никој не знае што ќе биде на тие концерти, што ќе биде изведе-но и на нив најчесто луѓето делат гратис билети за да соберат поголе-ма потенцијална публика која евен-туално утре би дошла повторно на концерт и би ја слушала таа музи-ка. Но многу од луѓето кои ќе дојдат на таков промотивен концерт или ревија никогаш понатаму не се ин-тересираат за тоа што го направил тој музичар или група. Тоа е многу непријатна ситуација. За мене про-мотивен концерт не значи ништо, за мене значи промотивна турнеја. Промотивна турнеја има некакво значење. Јас повторно се враќам на комерцијалата. Промотивна турнеја да, ако веруваат во тебе во она што во минатото си го созда-вал како квалитет па сега да речеш имам нов албум , нова музика па по-велете на турнеја. Ако ги продадеш сите влезни билети без притоа да делиш гратиси тогаш станува збор за супер ѕвезда, супер екипа, супер производи. И дури некој навистина да направи нешто квалитетно и да каже дека ќе направи промотивна

турнеја многу е големо прашањето дали ќе има публика бидејќи ние на некој начин ја оддалечивме публи-ката од концертните сали од трка-та по тиражи. На пример еве , нечии обожаватели да одат во музичка продавница и да купат CD од неко-го во смисла на тоа не само истото да го имаат дома туку да му помог-нат на музичарот да биде водечки во тиражите .Ние немаме вистинска слика на тоа што е тираж, што е кон-церт па дури многу е видливо дека еден добар, добар дел од публи-ка не знае ни да се однесува на кон-церт. Да седне во сала и да одгле-да концерт. Многумина мислат дека на концерт треба да скокаат, рипаат или џускаат и да има галама одно-сно “гламур“од тој тип каде се и сеш-то ќе се претури каде нема никак-ва содржина, односно има се друго само музика не.

Повторно ве прашувам, има ли добри вокали во Македонија де-нес?- Јас кажав, има и автори и вокали и музичари и студија може-би и подобри од ние какви што сме биле некогаш ,само не се довол-но добро спакувани, не се добро ек-спонирани и не можат сето тоа да го валоризираат. Не можат да се проверат. Не е ништо тоа ако види-те дека е еден пејач е добро измик-сан и пуштен со студиска снимка а потоа кога ќе го слушнете во живо сфаќате дека е далеку од тоа. Зна-чи тој пејач не може односно не е

моќен, во живо не може да издржи да го отпее истото она што го отпе-ал во студио без да фалшира. Мно-гу малку од групите можат да го от-свират она што во студио е сниме-но автентично и точно. Кога слу-шате нешто во живо тоа треба да биде многу верно на оригиналот. Во живо да звучи исто како што во сту-дио е направено а кажете кој посе-дува таква моќ на технологија, тех-ника, озвучувања, светла и сето тоа? За жал многу малку ,го нема . Му-зичката група “Леб и сол“ кога поч-нуваше на времето да свири во Македонија прво што бараа и за-молуваа и на некој начин добија, беше да имаат квалитетен превоз и озвучување. До негде во почетокот тоа успејаа да го направат секако колку што им дозволија техничките и финансиски можности од нивни-те спонзори меѓутоа подоцна сето тоа на некој начин малку исчезна па имаа среќа да ја користат и техника-та од земјите каде настапуваа. Збо-рот ми е, ние немаме фирма или фа-брика или ансамбл кој го поседува сето тоа. Кај нас ниту има солист од мој тип кој го поседува сето тоа. Со-листи од мој калибар од мое ниво во светот си имаат свој ансамбл, озвучување, свој превозен парк или студио. Можеби и повеќе од тоа. Јас имав намери да инвестирам и во медиум и во техника. Денес и имам некоја своја техника но сето тоа е во помала моќ и снага бидејќи не е можно сам да го направиш сето тоа .Тоа мора да бидат поголеми еки-

пи. Многу пријатели, музичари кои што ги понудив да учествуваат во нешто такво, заедно да бидеме 5, 6 -10 луѓе, за жал ни еден од нив не издржа да го направи тоа со мене. Ниту еден од нив а камо ли 5-мина или 10-мина, не влегоа со мене како соинвеститори. Јас и сам успе-вав колку толку да имам нешто. Имав комбе со девет седишта за ан-самбл. Имам неколку озвучувања, клавијатури, синтисајзери, гитари и во живо си функционирам си ра-ботам во помали клубови. Јас нико-гаш немам проблем да настапам на стадион, плоштад, на големи ревии за тоа сум природно предиспони-ран затоа што имам моќен вокал па дури и послабо озвучување да има јас ќе се извлечам со јачината на мојот глас.

Мислите ли дека годиниве нана-зад она што ви недостигаше беше менаџер, човек кој се умее добро да организира?- Не, не се е тоа взаем-но поврзано. И менаџирање и продуцирање и авторски и менаџерски и дискофилски. Сето тоа комплетно појавување е ограни-чено од малиот пазар, малиот фит бег. Влогот не може да го реализи-рате на пазарот во оваа состојба а на поголем пазар ситуацијата е по-инаква. Но, јас не се определив да опстојам и да работам на таков не-каков пазар кој мене не ми беше де-финиран кога дојде и до транзиции и т н... Во која смисла дефиниран? Па не можам јас да живеам на едно место а половина од патиштата беа блокирани. Прво не можеш да пату-ваш а потоа ти се потребни 300 раз-лични документи, визи. Јас имам ко-леги дел од нив пријатели кои имаа тешки маки со тоа. И јас сум пату-вал многу и сум имал ситуации кога за еден ден ако не ти полета ави-онот од една дестинација на дру-га во друг континент а пасошот твој не важи односно не го прифаќаат во некоја земја, каде ќе останеш ти? Во кој транзит ќе се најдеш? Има так-ви ситуации кои не се интересни, но се битни за професионализмот. Пред настапот мора да предвидиш како ќе патуваш, со кого, со как-ви компании , колку време и каде ќе престојуваш, кој стои зад тоа. Работата не е до менаџерите. Кој менаџер може мене да ме протне ако се појават проблематични рабо-ти, нема шанси. Практично, од она што било можно јас сум го направил максимумот. Од она што било не-потребно, излишно јас сум го пре-зел ризикот. Треба човек да жали ако навистина искрени почитува-чи останале ускратени за нова му-зика, за нови изданија. Но, кој може

Јас се определив за професионализам. Кога на професионализмот не можеше да се одговори јас се повлеков

На кафе со...

Page 19: АМАК ПРЕС 120

29

Репортажа

да ги утеши сите луѓе кои што и мно-гу други работи изгубиле? И мене ми е најбитно како екипите функци-онирале. Дали функционирале? Ако екипите не функционирале дали јас сум бил способен сам да опстојувам што прво е најнеблагодарно. На крај памет е човек да рече “јас сам ќе играм фудбал“. Не може мора со 11 луѓе да се игра играта. Меѓутоа, ако поради егзистенција, поради влогот што во младоста некој го жртвувал мора да си оди, да замине, тој зами-нува и продолжува со реализирање на своите амбиции на некој друг план. Јас се определив за професи-онализам. Кога на професионализ-мот не можеше да се одговори во вистинска смисла гледано како биз-нисмен а немав потреба и наме-ра било што да менувам, место на живеење, да го селам семејството. Зашто за мене не е битно да оста-нам како не знам каква ѕвезда по секоја цена. За мене е битно да ја негувам музиката на секое место и во енормно најтешки услови, јас се однесувам исто како да се наоѓам на светската сцена. Одам во некое село во Македонија ,на луѓето со го-дини не им дошол некој. Велат не-маме сала, немаме средства. Јас но-сам со себе се што имам. Им правам концерт и забава а тие велат “многу Ви благодариме, што да Ви кажеме пресреќни сме“, и едноставно мене тоа ме прави задоволен. Исто ако сум разбрал за некоја хуманитар-

на организација или која има добра основа, поткованост, сака нешто да и се помогне со тоа што можам по-магам, и навистина тоа ме прави за-доволен. И тогаш кога добивката е помала јас сум задоволен, за мене е побитно опстојувањето. Има време за добивки. Дај Боже да се поправат многу работи сите ќе добијат. Кога сите добиваат такви како мене има со лопати да ги ринеш.

Каде се наоѓате себе си повеќе во забавната или во народната му-зика. Едно е јасно, и народните песни што Вие ги отпеавте од ти-пот на “Дојди Ленче на перниче бело“ станаа евергрини....- Јас сум точно генерација на времето на појавата на бит му-зиката, тогаш така ја нарекувавме иако рокен ролот пред тоа беше. Но поврзани, бит музиката и рокен ро-лот создаваат еден тип на музича-ри, еден посебен стил на некој поп шлагер. Тоа беа групи предводени од Bitalsi, Roling stouns, Animals, Ел-вис Присли, Елтон Џон, Том Џонс. Во тој контекст јас се изградив во та-ков човек, во таква личност и за-бавната музика ми е специјалност. Народната е предодредена, спо-ред мене не може некој да се смета за музичар ако народното го нема во себе или не го почитува. Зошто? Затоа што најголемите вредности дури многу поголеми од она што ние го создаваме во забавната ги

имаме во народната музика. Вооп-што музиката во светот преку класи-ка, преку џез е школа од која црпиш инспирација. Јас можам да влезам и во класиката и во многу други му-зички жанрови затоа што учев во музичко училиште, почнав да сви-рам виолина како мал, свирам гита-ри, клавијатури тоа што пеам е она што најмалку го правам во музика-та. Значи, создавам, творам цело време и во фолк и во забавна а и во музиката за деца. Сум компони-рал за детските фестивали: “Злат-но славејче“, “Супер ѕвезда“. Значи секој ден сум комплетно опкружен со музиката. Се што е убаво ако на убав начин е донесено е музика која може да биде примена. Дури ќе ја примат и оние што не ти го разбира-ат јазикот. Енергијата, емоцијата на музиката ја добиваат и луѓе за кои не е разбирлив јазикот на кој таа песна е отпеана. Тоа се вика сугести-вен пренос на емоциите. Значи кога создава некој автор мора на некој начин да ги вгради своите емоции, сензибилитет, енергија. И кога на тој начин ќе ја пласира, таа остану-ва трајно во светската антологија на музиката. Од џез музиката кај нас би ги издвоил браќата Тавитијан , а од класичарите Симон Трпчески како изведувач. Сакам да кажам во светската баштина на музички план постојат веќе вградени, втемелени македонски вредности. Јас не сум во позиција тоа да го тврдам но сум

сведок дека тоа се втемелува. Секо-гаш велам, ако може друг, ако може во друг регион на светот да го пра-ви, тогаш зошто да не можам и јас да го правам. Или зар не можам јас? До толку не ме бива? Не би треба-ло, ако нешто не е во ред, дај да ви-дам во што е работава па да го тоа совладам и во таа смисла постојано се надградувам. Значи, нештата така ги разбирам и нема повлекување. Не можете да речете добро до тука е моето и јас не можам да се мешам. Едноставно сакам и како Македонец да го имам тоа чувство дека може да се достигнат такви вредности как-ви што нам некои ни изгледаат не-достижни. Не сум единствен со вак-ви ставови има луѓе и во други оп-штествени области. Па колку нешто-то ќе се вреднува не е битно, битно е чувството да го имаш кај себе како такво.

Кога ќе го премотате филмот на-зад можете ли да се сетите на мо-ментот кога прв пат застанавте на сцена и јавно запеавте. Кој го от-кри вашиот талент?- Микрофонот нема бла-га врска со музичкото во мене. Јас бев надарен за многу уметно-сти. Некои мислеа дека ќе се за-пишам на ликовна школа, бев до-ста по литература, бев член на ли-тературна на драмска секција, уче-ствував во школскиот оркестар. Јас до мојата 18-19-та година повеќе

Во жанрот и во душата останав како музичар а интерпретацијата само ја надградував.

На кафе со...

Page 20: АМАК ПРЕС 120

20

се сметав за музичар во музика и не сум имал никаква желба или по-треба како интерпретатор да се ек-спонирам. Тоа со интерпретацијата дојде сосема случајно. Дури сви-рев во групи во кои што имавме пејачи- солисти а јас бев само пра-течки вокал. Но полека сама по себе си дојде мојата интерпретација. Се појавив со некои мои композиции во емисиите на МТВ. Јас во жанрот и во душата останав како музичар а интерпретацијата само ја надграду-вав. И денес исто така повеќе ужи-вам кога се се` случува а најмалку од тоа ми е битно пеењето. Са-мото пеење е еден дел од една композиција. Многу нешта се слу-чуваат во една композиција. Имаш аранжмани, хармонија, создавани текстови. Интерпретацијата е иста како еден добар музичар што ќе от-свири нешто добро, интерпретато-рот тоа ќе го отпее. Јас сакам да на-гласам дека важно е она што ќе го создадам или што можеме да го соз-дадеме како тоа ќе биде инкорпо-рирано во сеопштото, наше, европ-ско, светско. Нормално не сме совр-шени, многу пропусти се прават. Се си носи времето јас сум интерпре-тирал, песни наши или светски кои што биле така создадени од време па можеби не биле довршени или тогаш совршени па сега изгледаат како многу интересни. Се е тоа ре-лативно.

Во семејство на уметник сигурно дека се негува уметноста. Пока-жуваат ли склоност кон музиката синот Дарко и ќерката Искра?- И синот и ќерката учеа нижо му-зичко, свиреа и денес свират кла-вир. Дарко во Средно Музичко Учи-лиште свиреше и труба. Тој повеќе се разви како телевизиски проду-цент, менаџер и произведувач на емисии, повеќе ги разви тие него-ви организаторски способности иако во секое време може да сед-не да музицира. Со мене свирел на клавијатури заедно во летно време сме имале настапи покрај море. Но, самиот тој не е предодреден со му-зика да се занимава. Ќерка ми Ис-кра е професорка по англиски и италијански јазик. Инаку и двајцата се исклучително надарени што не е чудно.

Што е она што во моментов ве преокупира?- Ништо посебно, се е кај мене нека-ко поврзано. Работата ми е со деца, во детска установа од нив црпам некоја енергија, инспирација. Тоа се многу генерации на дечиња кои по-минуваат низ Детскиот Културен Центар во кој работам. Се кај нас е поврзано со деца и синот и ќерката

работат со дечиња. Практично ние сме дечари и она што на некој на чин ме преокупира е како да оста-нам дете кога од друга страна ме притискаат да бидам многу сери-озен. Најубаво ми е кога со смеа, шала и со онаа детска наивност и невиност си течат работите и кога низ игра, трудот што го вложуваме малку полесно го поднесуваме. Зна-чи за да опстои човек вложувајќи напори во сферата за егзистенција, колку повеќе се однесува како дете толку полесно ќе го совладува тој напор. И од рано наутро до доц-

на вечер кај мене се е поврзано со музика, претстави, манифестации, гостувања ,снимања. Јас сум и тек-стописец на многу композиции из-ведени од наши музичари. Да имав-ме појака индустрија тоа би го рабо-тел многу повидливо. Вака многуми-на немаат поим дека со тоа се зани-мавам, бидејќи јас и не настојувам сето тоа да го експонирам, тоа -творештвото да ми биде главна професија. Јас се однесувам како да ми е главна професија ама на сакам тоа така да го експонирам. Доволно ми е тоа јас да го надградам, еве Вие

да ми дадете нешто што сте напра-виле ако најдам простор во него да се надгради, да се разубави, возви-ши со задоволство тоа го правам. И многу надградби така сум напра-вил па на тој начин можеби и оста-нало нешто од тоа, така повеќе ге-нерации да бараат кај мене уште не-што вредно.

Кога би имале волшебна моќ би промениле ли нешто околу себе, во својот живот?- За менување на нештата не може да се зборува ако не се менува са-

миот човек, односно ако не се ме-нуваме себеси. Најбитно е секој по-единец да си процени дали има по-треба од некакви промени и ако почнува треба да почнува од себе. Ако како изменет поминал добро со нешто тогаш се е во ред. Катастро-фа би се случила доколку се би ме-нувале околу себе а не би се проме-ниле себе си. Тогаш би имало расче-кор на нештата.

Може ли според Вас, денес добро да се живее од музика?- Се живее од музика само на некој

начин институционално, барем во наши услови. Тоа значи покрај со музика да се занимавате и со некоја друга професија поврзана со умет-ност . Инаку професионално јас жи-веев и добро се живееше, но ис-клучиво по правила. Ако се нару-шат правилата, кодексот и одредени севкупни односи во некоја бранша на некој пазар тогаш нема опции. Не може да се опстојува. Професио-нализмот бара почитување на стро-ги правила и тој носи општа полза за сите само ако постојат такви пра-вила во кои тие најталентираните, најупорните и најхрабрите инве-ститори (оние кои се спремни да инвестираат) врз база на одреде-ни правила може да егзистира-ат. Ако тие правила се нарушени , не можат музичарите да егзисти-раат од музиката без разлика на инвестицијата која во таков случај пропаѓа. Така талентот се топи, се губи. Имаме многу луѓе кои едно-ставно седат дома неискористе-ни, неисползувани, две ноти не им се испорачани. А има и авангар-да меѓу нив, значи луѓе за кои јас знам дека се авангарда во европ-ски и светски рамки, само не се до-бро инкорпорирани бидејќи не е создадена индустријата на шоу бизнисот кај нас. Кај нас има само мали, овде- онде растурени светул-ки и “ова е шоу“, за мене тоа не е шоу, “ова е модна ревија“, јас велам дека не е модна ревија “ова е неви-ден спектакл “,јас кажувам жалам ама не е. Ако јас сам отпатувам не-каде во ред, вака –така ќе пројдам некако. Но, како десет мина тоа да го направиме и при тоа никој од тие десет мина да не се пожали. И ако сега тргнете на пат девет мина од тие десет ќе негодуваат и кој ќе биде тој еден што ќе молчи. Тој што се зафркнал во смисла на верувал и инвестирал во нив. Реков на терен не се почитуваат правила иако има закони во одредени културни обла-сти. Постојат правила кои се уште не се доволно разработени и ин-корпорирани а прифатени од мно-зинството луѓе кои условно сакаат

да се бават со шоу бизнис. Е па ако сакаш да се занимаваш со шоу биз-нис работи го тоа, биди си слобо-ден уметник. Ако сакаш на некаков друг начин да егзистираш, како што сум јас вработен, тогаш молчи си и терај си ја работата, тогаш си ама-тер. Јас сум аматер и уште 100 души се аматери, тогаш кој е професиона-лец? Тоа се малкумина или ги нема. Или истите работат во во земји каде професионализмот си има свој ко-декс, каде сите 100- мина таму се професионалци. Во тоа е поентата.

На кафе со...

Page 21: АМАК ПРЕС 120

21

Наша гордост

Page 22: АМАК ПРЕС 120

22

Беа тоа времиња , кога праз-ник беше да се оди на кино. Свечено облечени сите чле-нови од семејството одеа да

ја изгледаат филмската претстава да си поприкажуваат за неа и ден –два подоцна повторно да дојдат на кино за да си седнат на местата на кои по обичај си седнувале, но овој пат да гледаат нов филм. На кино се раѓале првите големи љубови кога момче-то на девојката тука во “темници“и ги кажувал симпатиите што ги имал кон неа. Беа тоа времиња кога со нетрпение се чекаше во редица пред вратата на првото охридско кино“Охридско Езеро“, чичко Димче да го скине влезните билети од гле-дачите за тие брзо да влезат вна-тре, зошто од преголема гужва се случувало да нема место за сите по-сетители па дел од нив останувале надвор и преку звучникот поставен од надворешната страна ја слушале музиката и гласовите на актерите. Беа тоа времиња кога војниците ор-ганизирано секој викенд во неде-лата одеа на кино. Беа тоа времиња на препородот на филмската умет-ност кога претставите се гледа-ле не само за да се избегне дождот кој врне надвор или да се пошегу-ваш со пријателите, туку се одело на кино од љубов кон филмот доживе-ан како уметност. Денес нема ништо од старите времиња, денес се затво-рени портите на старото охридско кино а со тоа “се затвори“ и интере-сот да се оди на кино. Колку ќе успеат напорите на ди-ректорот на филмскиот фонд на Македонија Петар Башевски Вла-дата не да изгради нови 35 кино сали како што изгради спортски сали туку постоечките кино сали и културни центри да ги прилагоди и оспособи за прикажување фил-мови ќе покаже времето. Дали не-говата иницијатива за заживување на старите кино сали реално ќе се спроведе ќе видиме. Ако земе-ме во предвид дека минатава годи-на во Македонија се снимени се-дум играни филмови прашање е каде тие филмови би се прикажа-ле кога во државава нема доволен број кино сали за прикажување.

Во старото кино се негуваше филмот доживеан како уметност !

Старото Кино “Охридско Езеро“

Наша гордост

Page 23: АМАК ПРЕС 120

23

Во Скопје на пример добро рабо-тат само три кина: Рамстор , Миле-ниум и Фросина. Во Гостивар при-ватно лице направил две кино сали што е преседан. Порано има-ше обид во Ресен да се направи приватно кино но обидот не успеа. Некој се сетил да вложи во таа ра-бота. Ако успее идејата на Башев-ски да се реставрираат 35 кино сали низ Македонија тоа би било до-бро. Луѓето кога тогаш мора да се вратат во киното затоа што се виде дека прикажувањето на филм на компјутер или на телевизор не е исто како на кино.За златните времиња на првото охридско кино “Охридско Езеро“ни раскажа прожекторот во старо-то кино и еден од последните живи мохиканци,Димче Димоски. “ Првото охридско кино “Охрид-ско Езеро“ започна со работа непо-средно по завршувањето на Втора-та Светска Војна. Првата кино прет-става беше прикажана во 1945 го-дина .Во 1953 година се врабо-тив во киното и паралелно учев. Во тоа време одев на курсеви за прожектирање во Белград и Љубљана. Еден курс траеше по пет шест месеци во годината. Целото изучување на занаетот беше некол-ку години. Во 1957 година заминав да го отслужувам воениот рок. Од таа година до моето пензионирање во 1993 јас бев во непрекинат рабо-тен однос во киното.

По ослободувањето бев првиот ученик во Охрид што заврши кур-севи за прожектирање а многу нау-чив и од тогашниот директор Стан-ко Паункоски. Вкупно бевме вра-ботени пет души, значи покрај Па-унковски кој беше не само дирек-тор туку и газда на киното , рабо-теа Наум Вероски- благајник, Дим-че кинеше карти и чистеше, а во горниот дел од објектот работев-ме јас и директорот Станко Пауно-ски како прожектори. Киното беше “ужас“ но сите вработени се гри-жевме за него и секој од нас го вло-жуваше својот максимум тоа да ра-боти беспрекорно и добро. Кино-то на тоа време вредеше злато. Ние како колегиум бевме доста слож-ни не се каравме меѓусебно и не настојувавме да си наштетиме еде-ни на други. Интересен беше на-чинот на кој го имавме регулира-но проблемот со греењето на про-сториите. Празните буриња од на-фта ги полневме со пилевина која ја потпалувавме. На горниот дел од бурето печевме костени, правев-ме пуканки, па тука ќе “паднеа“ и меѓусебните мајтапи и задевања, навистина убаво живеевме. Во ки-ното водевме строга евиденција кој филм од кога до кога игра, колку претстави се одржале, кои се главни улоги и колку посетители го виде-ле филмот. Врз основа на тие пода-тоци осознававме кои филмови се најгледани .Ние немавме определе-

но работно време. Колку што имав-ме посетители толку претстави при-кажувавме. Утрото го припремав-ме филмот , ги чистевме апарати-те. Цел ден бевме на работа. Рабо-тевме не двократно туку трократно“, присетувајќи се на старото време раскажува Димоски. Луѓето најчесто оделе во кино во недела а претставите се прикажу-вале во 15, 17 и 19 часот. Од 15 до 17 часот на кино оделе и војниците обично во недела. Од нив врабо-тените имале најголема заработу-вачка затоа што нивното доаѓање било групно, односно биле многу-мина. Филмовите кои се емитувале во 15 часот ги викале семејни. Цело семејство одело на кино и секогаш сите си седнувале на исто место. Во недела со почеток во 10 часот се прикажувало “Кино Утро“ и цртани филмови. “Киното работеше од утро до мрак и постојано беше полно со гледа-чи па дури и претесно за нив за-тоа што имаше капацитет од само 200 седишта. Кога се прикажу-ваа индиските филмови посетено-ста беше огромна. Тогаш една ка-мера пуштавме надвор пред кино-то а преку звучникот насобрани-от народ гледаше филм и се раду-ваше на убавата музика. Во тоа вре-ме сите одеа на кино затоа што то-гаш и немаше некој друг вид забава. Најгледани беа индиските филмо-ви и од нив остварувавме најголем

профит а по нив следеа вестерн филмовите. Се прикажуваа и ру-ски филмови. Условите за работа беа тешки. Ние работевме со елек-троди кои согоруваа и беа штетни за здравјето. Филмовите ги набаву-ваме од Белград. Беше ризично да се работи со тие филмови затоа што беа стари, таму каде беа оштетени ги лепевме со ацетон. Па кога лен-тата ќе се скинеше правевме паузи во емитувањето на филмот. На по-четокот работевме со една апара-тура со околу пет минутна пауза во прикажувањето на филмот. Во пау-зата се менуваше еден филм во дол-жина од 2 800 до 3 000 метри. Фил-мот имаше ролни долги по 600 ме-три. Подоцна кога користевме два апарати тие работеа наизменично и затоа немаше пауза. Но во некои од кината ширум државата намерно се прикажуваше филм на еден апарат. Во времето од паузата додека се ме-нуваа двете ленти гледачите се по-служуваа со кафе, пуканки... Но до-колку филмот се скинеше и навле-зеше во горниот дел кај електро-дите тој беше лесно запалив. Ваков проблем со запаливост имавме пре-тежно во летниот период. Со вак-ва опрема работевме најпрво во Ва-рош на сцената кај Долни Сарај, по-тоа во Кино Бавчата. Условите за ра-бота беа тешки, но ние работевме со волја и труд. Апаратурата што ја користевме беше застарена од мар-ката “Сименс“,и таа денес се наоѓа во Музејот Македонија во Скопје. Потоа користевме опрема од “Ис-кра“ која тогаш беше најдобра. Оваа апаратура беше доста бучна. Иако стававме слушалки сепак не можев-ме да се заштитиме од јачината на звукот, па затоа сите ние кои таму работевме имаме оштетен слух“, вели чичко Димче и додава дека по заминувањето на Станко Паунко-ски во пензија тој бил и раководи-тел и набавувач на филмови. На по-четокот сите филмови биле титлу-вани на српско- хрватски јазик но подоцна се донел нов закон со кој филмовите кои се прикажувале во Македонија морале да бидат преве-дувани на македонски јазик. На големи огласни табли поставени среде чаршија охриѓани се инфор-мирале кој филм е на репертоарот , во кој временски период ќе се при-кажува и колку денови во недела-та. Некогаш кога интересот за фил-мот бил голем се прикажувал и во 23 часот.Во 1958/9 година се изградил Домот за Кутура “Григор Прличев“ и двете кина паралелно работеле до 1989 година кога старото кино “Охридско Езеро“ било затворено за посетите-лите. Последен филм прикажан во старото кино бил филмот “Челичен

Иако некои ја побиваат вистината “Одне-сена со виорот“ е најгледаниот филм на сите времиња

Наша гордост

Page 24: АМАК ПРЕС 120

24

Триаголник “ кој на репертоарот бил од 14 до 16 септември 1989 годи-на. Со промената на просториите се променил и системот на работа. “Ако дотогаш во старото кино ние сами си набавувавме и избиравме филмови, Домовите на Култура во југословенските републики со фил-мови се снабдуваа од еден добаву-вач назначен за таа работа. Значи ние од тогаш натака филмови поч-навме да добиваме од “Македонија филм“ како што Хрватите се снаб-дуваа од “Кроација“. Но со прет-ставништвата од другите републи-ки бевме во постојан контакт и меѓусебна соработка. Во старото па и во новото кино имаше доволен избор филмови, а неделно се прика-жуваа по четири филмови. Кога јас влегов во новото кино иницирав да се купи сараунд озвучување, и До-мот да биде меѓу првите со такво озвучување, но за жал се разболев и работите останаа такви какви што се до денес, односно имаат само еден звучник и емитуваат моно сиг-нал. Во однос на техниката ние сме многу назад и тоа не ми се допаѓа. Опремата во денешното кино е до-ста стара датира од периодот на бивша Југославија. За жал во ново-то кино не се води сметка за обно-ва на опремата. И самиот ентериер во зградата не е обновен, теписони-те откако се ставени не се промене-ти, бината е таква каква што си беше и за жал таа кино сала никогаш не може да се затопли затоа што е мно-гу голема“, истакнува Димоски. Според книгата за евиденција што од 1948 до 1957 година ја водел Ди-ректорот на старото кино, Станко Паункоски забележано е дека меѓу најгледаните биле вестерн филмо-вите, потоа филмовите со Тарзан, се мисли на повеќето негови делови “Тарзан и неговата другарка“, “Тар-

зан и Чита“. Според евиденцијата едни од најгледаните филмови биле “ Однесена со виорот “ со Виви-ен Ли и Клер Гебал во главните уло-ги и филмот “Бал на вода“.Според книгата на евиденција што ја водел Пауноски а која денес е во сопственост на филмскиот критичар Ѓоко Симјаноски во киното покрај другите се емитувале и филмовите:-“Големиот диктатор“ - 1948 година (иако многумина мислат дека тој не бил емитуван) -“Во планините на Југославија“- 1948 година (еден од првите маке-донски документарни филмови.) - филмскиот хит “Бал на вода“- 1951 година репризно прикажан во 1953 година... - “Горкиот ориз“ со Силвана Манга-но во главните улоги- 1952 година - “Ана Каренина“ со Вивиен Ли, во главните улоги -1952 година.- “Големиот Карузо“,- 1952 година “Гола мамуза“- 1952 година. “Фросина“,првиот македонски филм во киното се прикажувал од 7 до 13 јули - 1952 година а репризно во ме-сец октомври наредната година. “Бамби“ цртан филм -1952 година. “Дамбо “ цртан филм од Дизниленд - 1953 година.“ Врати се мала Шибо“- 1954 година. - “Алиса во земјата на чудата“- 1955 година . -“Африканската кралица“ од Џон Хјустон - 1955 година. - “Далеку е сонцето“- 1955 година. “Филмот “Однесена од виорот“ се прикажуваше во два дела. Се да-ваа две карти залепени со лепило . Првата претстава на филмот се при-кажуваше од 14 до 18 часот,а вто-рата беше од 18 до 22 часот. На па-узите гледачите излегуваа да здив-нат да пуштат нозе за да продол-жат да го гледаат вториот дел. Фил-мот беше прикажан во 50-те го-

дини. Направи вистински бум, за-тоа се направи повторна негова редистрибуција. Оваа филмска при-казна всушност се прикажуваше на секои десет години. “Однесена од виорот“ е најгледаниот филм на сите времиња. Повеќемина го оспо-руваат овој факт и велат дека “Ава-тар“ е најгледаниот филм на сите времиња со најголема заработка. Тоа не е вистина затоа што кога ќе се пресмета инфлацијата на тоа што го има заработено “Однесена од Ви-орот “, тој е и понатака на првото ме-сто по гледаност . “Аватар“ според овие анализи е на третото место а на второто место по гледаност се уште е Титаник. За жал денес фил-мовите се ценат само по заработка-та а не по вистинските вредности“, вели Симјаноски. Голем пресврт во филмската индустрија направија Џорџ Лукас и Спилберк со компјутеризацијата. Денес сите снимаат пред некак-во си платно каде што скокаат, пли-ваат и така натаму. После тоа 70 % од филмот се преработува на компјутер. Затоа филмот едностав-но нема душа. Денеска филмски-те ѕвезди се одржуваат ако за нив се пишува најмногу во жолтиот пе-чат, а многу малку за улогите што ги играат. Денес нема филмски ѕвезди од типот на Ава Гарнер или Елиза-бет Тејлор кои зрачеа со природ-на убавина. Денешниве се ѕвезди за една употреба. Денес е утре не. Де-нешниве се вештачки ѕвезди, со си-ликони, со скандали зад себе. Наро-дот за жал како повеќе да се инте-ресира за таа страна. И додека ние не знаеме буквално ништо за кино во смисла на културна институција, според еден податок во 2009 година во Германија заработката и посете-носта на кино се двојно поголеми во однос на претходната година.

Според Симјаноски на охридско-во кино му фали едно убаво платно и сараунд техника односно добар звук. Секако добро би дошло и една нова опрема. Прашање е како да се врати публиката во киното секако тука се мисли на младите затоа што кај нив треба да се вроди идејата да стекнат навика да одат на кино. Тоа може да се направи со Кино Утрата на кои во недела наутро би се при-кажувале само филмови за деца. Ед-ноставно да се пројави интерес и желба за таква култура. Децата не треба да се тераат со сила да одат на кино туку да се поттикнат на тоа преку едукација, со разговори за филмот, со цел да се појави љубов кон киното. Денешното не одење на кино, многумина го оправдува-ат на ваков начин “Не одиме на кино затоа што во салата за прикажување филмови е ладно“а вработените од институцијата велат “Не го пуштаме греење затоа што нема посетители“ е сега се поставува прашањето, Што е постаро, јајцето или кокошката ? Единствено решение во поглед на овој проблем е да се изградат мали сали со 100 -200 седишта максимум а филмот да се прикажува со убав сараунд , убава слика. Училиштето можеби е една од институциите која што преку едукацијата може да вроди чув-ство за љубов кон киното, а не со сила да се влегува во него. Млади-те мора да чувствуваат потреба да одат на кино, а не секое одење таму да го доживуваат како терет. За жал кај денешната младина се чувству-ва една голема празнина, има дуп-ка во нивниот културен живот како последица од не посетување на ки-ното.

Прожекторот Димче Димоски и послед-ниот мохиканец од старото кино ни ја раскажа приказната за старите добри времиња

Книгата за евиденција што ја водел Паун-коски денес е сопственост на филмскиот критичар Ѓоко Симјаноски

Наша гордост

Page 25: АМАК ПРЕС 120

25

Празнувања

definitivno www.don.com.mk

Page 26: АМАК ПРЕС 120

26

Конечно и јас ја видов и ја доживеав славна-та Венеција,бисер помеѓу морето и небото! Се

наоѓа во прегратките на море-то од сите страни,а таа самата е романтична,накитена и необична! Четири незаборавни денови во пре-убавата Венеција.Првиот ден кога стигнавме во Италија имавме разглед на Трст. Восхитени од убавините го из-државме ладниот ветар кој ни уди-раше “шлаканици од сите страни“.Трст е голем и убаво среден град. Среде зима кога навистина е лад-но , Италијаните возат мотори, ги имаше стотина!Во овој град се зад-ржавме само 2 часа и тргнавме кон следната дестинација Лидо Ди Јесоло,туристичко гратче кое жив-нува во летната сезона а во ова го-дишно време како се да заспало во него. Самото место има преку 200 хотели ако не и повеќе! Таа ноќ не-мавме снага за ништо друго, во 22

часот се препуштивме на добриот сон кој навистина ни беше потре-бен..Хотелот во кој престојувавме беше мал со многу малечки соби, но при-влечен објект за туристите затоа што беше подигнат на 50- тина ме-три од морето. Дента уживавме во кратката прошетка низ големата пе-сочната плажата,на која во лето се случувале најлудите забави и жур-ки организирани за бројните тури-сти. Јас би сакал да летувам на ова место а кога би се зела во предвид близината на Венеција, тоа би било навистина преубаво. Следното утро после појадокот беше организирана екскурзија до Фиренца, град на 280 км од Лидо ди Јесоло. Фиренца е една од најпознатите туристички локали-тети во Италија и не случајно наре-чена град -музеј. Градот поседува неверојатни уметнички вредности како Уфици ,Понте Векио,галеријата Академија со можеби и нај импо-

зантниот Микеланџелов Давид,како и бројните пјаци – плоштади. Но за да се забележи правиот италијански дух треба да се побег-не од самиот центар и да се навле-зе во некоја уличка, е тогаш се е идеално кога во некое од уличните мали кафулиња ќе го почувствувате вкусот на јакото италијанско кафе- еспресо кое чини само 2 евра. Ако сакате истото да го платите поев-тино ќе мора да го испиете стоејќи простум, “од на нога“. Тие мали лока-литети можете да ги препознаете по локалните весници “растурени“на масите. Доколку се решите да сед-нете во некое кафуле сместено на некој од поголемите плоштади, ви препорачувам пред да нарачате нешто да погледнете во ценовни-кот, за потоа себе си да се поштеди-те од главоболки. Навистина цените за услугите на тие места се премно-гу високи. Градот е буквално споме-ник на отворено, воедно и како по-големиот дел од Италија. Катедрала-

та Санта Марија дел Фиоре е ремек дело само за себе, особено шаре-ната фасада и куполата. Галеријата Уфици го оправдува сето тоа што се зборува за неа,сликите,статуите....Тука е и живописниот мост Пон-те Векио под кој поминува жолтата река Фиуме Арно. Ни самиот не бев свесен колку Фи-ренца ќе ме фасцинира како град. Со водичот буквално го претрчавме центарот. И тогаш, чувствуваш дека остануваш без здив и очите широко ги отвораш посматрајќи ги мону-менталните градби. По обиколката имавме неколку часа слободно вре-ме па полека се вратив уште еднаш да разгледам се а добро ми дојде и пазарувањето. Утрото, после појадокот тргнавме за Венеција. Еден дел од патот го ми-навме со автобусот а потоа се ка-чивме на мал брод кој не преф-рли до Венеција .Времето беше сон-чево. Не знам што да ви напишам за Венеција. Бев среќен што сум

Венеција – бисер меѓу вода и небо!

Репортажа

Пишува: Антонио Ристески

Page 27: АМАК ПРЕС 120

27

таму во тој момент. Кога слеговме од бродот прво го посетивме Мо-стот на Воздишките а потоа тргнав-ме кон плоштадот на Св. Марко. Црквата е преубава, но за жал не влеговме внатре. Плоштадот на Св. Mарко заедно со Дуждевата Пала-та и низата на столбови заштитни-ци на градот се вистински преди-звик за разгледување. На плошта-дот неверојатна гужва со преку 200 илјади луѓе, една непрегледна река на туристи кои убавините ги “доло-вуваат“ со своите фото апарати, фо-тографираат од сите страни,...су-пер. Преубави маскирани луѓе на-секаде околу нас,се беше тол-ку магично. Минувавме низ раз-ни улички полни со маркирани продавници,обични дуќанчиња,ресторани,кафетерии,цркви....На плош-тадот од страната имаше бина на која се танцуваше на музиката на Штраус,Вивалди....;Луѓе чии лица се кријат зад маска насекаде,секако најповеќе на плоштадот Св. Марко. Не знам ни сам колку нивни фото-графии направив,а и самите маски-рани луѓе се питоми,комуникативни,застануваат и позираат пред фото апаратот,за да ја “зачинат“ атмосфе-рата со чудесна магија. Пред секоја палата чекаат реди-ци туристи да влезат внатре. За жал ние не влеговме , временскиот пе-риод беше премногу краток,се зад-ржавме тука само еден ден и не мо-жевме истиот целосно да го потро-шиме чекајќи во редот. Заедно от-идовме и до мостот Риалто на кој има неверојатна гужва но кога ќе се качите погледот е неверојатен. Под вас поминуваатг гондоли со тури-сти и мали бродови.Тука некаде се поздравив со мојот водич и секој тргна на своја страна. Јас со неколку пријатели се “пуш-тив“ во шопинг но овој пат на ма-

ски. Маски во Венеција се продаваат на секој агол. Тоа е огромен бизнис. За маке-донски стандард Венеција па и Италија се доста скапи.Кафе стоејќи ќе испиете за 1 евро,седејќи за 2.5 до3 евра. Сендвич чини од 4 до 7 евра,пица Маргарита значи само кашкавал и ке-чап има цена од 8 евра па нагоре,топче сладолед е 3 евра,а да не зборувам за брендираните дуќани каде за едни женски чевли треба да издвоите 1 200евра. Ко-жен куфер на тркалца ќе ку-пите за 950 евра,а цената на ракавиците се движи од 50 до 140евра....итн.....итн...По каналите има многу Гон-доли кои се една врста на атракција која порано била основен вид на превоз. Гондолиерите се облече-ни во униформи и Гондола-та ја управуваат со помош на едно весло. Возењето со Гондола во траење од 45минути по каналите низ Венеција кошта 100евра за четворица души.Во 17.30 часот се собравме на договореното место и за-минавме од Венеција на пат за Македонија. Навистина ми е мило што бев таму за време на карневалот.Во Венеција би сакал да се вратам уште еднаш за-тоа што ме маѓепса и затоа што има да видам уште мно-гу други работи во неа. Се-пак, еден ден во Венеција не е доволен ни да се завр-тиш околу себе а камо ли да ги видиш сите италијански убавини.

Репортажа

Антонио во посета на Бенеција

Page 28: АМАК ПРЕС 120

28

Прашање:Имам 70 години и на челото и слепоочниците во подолг период една по една почнаа да ми се појавуваат кружни бемки кои со тек на време потемнуваат и се зголемуваат. Се плашам да не се работи за рак на кожата а и естетски многу грдо изгледаат. Ме интересира за што се работи и како можат и со што да се отстранат.

Одговор: Значи, како и при секој одговор на вашите прашања почнувам со реченицата, да се јавите на дерматолог за да се опсервира и дијагностицира промената. Веројатно се работи за себороични брадавици на кожата или инаку познати како старечки брадавици. Тоа се промени на кожата кои спаѓаат во групата на бенигни тумори и невуси на кожата. Вашата дијагноза е verruca seborrhoica, и претставува честа појава. Се јавуваат како единечни или повеќе бројни со светло кафеава до црна боја поставени на широка основа на кожата. Можат да бидат дискретни или упад-ливи ако го зафатат лицето и грбот но ги има скоро кај секој човек. Се работи за ограничена старечка промена на нормална кожа која настанува независно од надворешните влијанија (светлина, хемикалии и сл.) Промените мо-жат да бидат плоснати (ендофитичи) или егзофитични со големина на нокот а и поголеми, остро ограничени , меки а и масни на допир . Нивната кафеава пигментација со време се засилува . најчести места на појавување се: горни-те партии од трупот , лицето, дорзумот на дланките и подлактиците. Површината на почетокот е матирана (мазна)а со време распукува како малина со псевдокомедоничен аспект, механички може да се иритираат , лесно крвават и претставуваат влезна врата за локална инфекција. Важно е да се знае дека себороичните брадавици се бенигни и такви остануваат трајно а со тоа и вашиот став е неоправдан.Во терапијата се користи смрзнување со течен азот, јаглероден диоксид (CO2), киретажа со остра лажица или апликација на кератолитични масти. Лечењето е успешно се отстрануваат (io toto),без никакви последици и траги.

Verruca seborrhoica – старечка брадавица

примариус д-р.Виолета Павлоскаспец. дерматовене-ролог

Прашање:Велат дека жените кои немаат редовен сексуален однос почесто заболуваат од тумор на мат-ката. Колку има вистина во ова?

Одговор:Туморите на матката се делат на две групи, бенигни и малигни. Од бенигните тумори најчест е миомот на матката додека најчести малигни тумори на матката се ракот на слузницата на матката и ракот на грлото на мат-ката. Ракот на слузницата на матката најчесто се јавува кај жени од 58 - 60 години, само во 10% од случаите тој се јавува кај жени помлади од 50 години. Ризични фактори за овој тумор се не раѓањето, дебелината, хипертензијата и диабетесот. Овој рак е зависен од хормонот естроген кој кога делува врз слузницата на матката без придружба на хормонот прогестерон на подолг временски период, може да предизвика малигна промена на клетките од слузни-цата на матката. Другиот тип на рак , ракот на грлото на матката најчесто е поврзан со инфекција на вирусот ХПВ. Постојат околу 100 под типови на овој вирус но само околу 30 од нив можат да предизвикаат рак на грлото на мат-ката. Четири од овие 30 под типови имаат најголем потенцијал да прават ракови промени на грлото на матката и на нив се должат околу 70% од раковите на грлото на матката. Денес од нив се штитиме со вакцината која задолжител-но им се дава на младите девојки пред да стапат во сексуални односи. Треба да се знае дека и покрај примањето на оваа вакцина и понатаму постои ризик од појава на овој рак поради инфекција со преостанатите под типови на ви-русот ХПВ. Од бенигните тумори на матката најчести се миомите на матката. За нив се смета дека настануваат под влијание на хормоните од кои најважен е повторно хормонот естроген. Миомите се зголемуваат во текот на бре-меноста кога е зголемена количината на естроген а се намалуваат после менопаузата кога е намалена количината на естроген. Според тоа одговорот на прашањето, Дали немање на сексуален однос доведува до појава на тумори на матката?, е не. Појавата на бенигни или малигни тумори на матката е зависна од други фактори. Со немање на сексуални односи или со намален број на сексуални односи во стварност се намалува ризикот од добивање на ХПВ инфекција, што од друга страна значи намален ризик за добивање рак на грлото на матката.

Нередовните сексуални односи не се причина за појава на тумор на матката

спец. д-р. Иво Захари-евскигинеколог

ЛокалЛокалПрашање-одговор

Page 29: АМАК ПРЕС 120

29

спец.д-р. Анче Киселиноваочен лекар

Прашање: Моето дете боледува од разрокост - страбизам. Очниот лекар кој го направи прегледот ни кажа дека се почесто има деца кои го имаат овој проблем но кој се решава со постојано носење очила веднаш штом овој деформи-тет ќе биде забележан. Ве молам објаснете ми колку е важно носењето на очила во ваков случај, затоа што мојот син и покрај моите совети и настојувања да ги носи очилата тој не го прави тоа?

Одговор: Страбизам е аномалија на положбата на очите кај која двете очи не се поставени во ист правец. Едното око гле-да право напред , а другото бега на страна ,најчесто во правец кон носот. Најголем број се таканаречени пропратни (конко-митантни) страбизми во детска возраст. Кај новороденче често може да се забележи дека очите не стојат паралелно туку се нестабилни или видливо бегаат. Но, очите тогаш почнуваат да учат да гледаат и да ги спојуваат сликите во мозокот. Ако по-ложбата на очите не се стабилизира до првата година треба детето да се прегледа кај очен лекар ,за да се открие причина-та. Најчесто се работи за пратечки страбизам со грешка во градбата на окото; далековидост (хсперметропија), а очите се здра-ви. Се јавува од втората до третата година во време кога видот најинтензивно се развива па далековидост води до појава на страбизам. Младиот организам се прилагодува на кривата положба на очите на тој начин што во мозокот ја потиснува сликата на окото кое бега,а ја користи само сликата на окото кое гледа право напред. Ова е така за да ги избегне дуплите слики кои се создаваат во мозокот. Како резултат на ова настанува слабовидост (амблиопија)на окото кое бега бидејќи тоа око не се кори-сти. Ова е многу важен проблем за иднината на детето и затоа треба што побрзо да се открие и лечи . Има три основни вида на страбизам:Есотропија- едното око бега кон внатре; Егзотропија:окото бега кон надвор ; и Хспертропија кон горе. Лечењето се состои од рано откривање,давање соодветни очила со кои се создава јасна слика, се развива видот,напорот на гледање се намалува,а се намалува и аголот на бегање. При лечењето окото што добро гледа се затвара(оклузија) за да се развива страбионото око. Се спроведува по неколку часови, денови при тоа детето треба да работи на близина- цртање,гледање сликовници. Окото се исправа со хируршки зафат. Но самиот хируршки зафат не може да го реши проблемот на страбизмот ако окото нема квалитетна видна функција воспоставена со очила, вежби, затворање.

Ако положбата на очите не се стабилизира една година по раѓањето, детето веднаш треба да се однесе на очен лекар

Прашање: Мојот син има 27 години. Пред 14 дена покачи телесна температура ,отече во пределот кај виличниот завршеток. Бевме на лекар и констатирани беа заушки. Колку заушките се опасни за релатив-но повозрасни луѓе со оглед на тоа што сум слушала дека сериозни компликации можат да настанат кај машките пациенти?

Одговор: Вирусниот паротит како болест може да ги зафати сите возрасти почнувајќи од помладите до повозрас-ните односно тинејџерите и адолесцентите. Симптомите на вирусниот паротит се висока температура, оток на ли-цето и вратот во предел на увото (кој не опаѓа 7 до 10 дена). Паротитот се лекува онака како што се лекува секоја вирусна болест, со добра исхрана со цел да се покачи имунитетот и да се смират симптомите кои се јавуваат а тоа е болка во мускулите и висока температура. Паротитот е болест на жлездите затоа кај повозрасните машки па-циенти (26-27 годишни) може да дојде и до воспаление на тестисите. Воспалението не е толку опасно колку што се очекува. Ако се забележи и почувствува оток и болка во пределот на тестисите тогаш единствен начин на нив-но смирување е константно одмарање и примање на истата таа терапија што се дава и кај паротитот кај кој не се јавиле компликации.Совет: Болните од заушки треба да јадат свежо овошје и зеленчук (многу салати) со цел побрзо да им се пока-чи имунитетот како и чорби од пилешко месо или телешки коски. Потоа се препорачуваат пчелини продукти за-тоа што знаеме дека и медот и поленот и млечот се многу богати со витамини . Оваа болест и додека трае мора да се контролира и доколку покрај паротитот се појави бактериско или друго воспаление тогаш се прима соодветна терапија

Отечените тестиси при боледување од заушки не се ризични за сите машки пациенти

д-р. Трпко Угриноски спец. по општа меди-цина

ЛокалЛокалПрашање-одговор

Page 30: АМАК ПРЕС 120

30

Поранешниот олимпи-ски првак и светски ре-кордер во дисциплина-та скок со стап, Украине-

цот Сергеј Бубка го потврди свое-то присуство во Охрид за време на атлетската недела која од 12 до 19 мај ќе се одржи во Охрид. Бубка кој во моментов е член на Интернаци-оналниот Олимписки Комитет, во своето писмо изрази задоволство што ќе биде во Охрид за време на промовирањето на новата тартан патека со атлетскиот митинг на кој се очекува учество да земат бројни атлетичари од земјава и странство.• Ќемибидепосебначест и задоволство да дојдам во Охрид на промоцијата на митин-гот и промоција на атлетиката во Македонија – вели Бубка во допи-сот до АФМ. Првичните контакти со Украинецот од АФМ ги направиле на светското првенство минатата година во Бер-лин. • УштевоБерлингоинфор-

миравме Бубка за нашите планови за организација на атлетски митинг во 2010 година, но бидејќи тартан подлогата не беше поставена мо-равме да почекаме за конкретен да-тум. По поставувањето на патеката и разгледот на календарот одлучив-ме тој да се одржи во мај ,а посеб-но ни е драго што еден така голем великан како Бубка ке допатува во Охрид и ќе биде дел од промоцијата на митингот – вели Иван Цветкоски од АК Охрид, кој во соработка со АФМ ќе го организира митингот. Кон крајот на месец март италијанскиот МОНДО ќе допатува во Охрид за да ја означи новата тар-тан патека.За средината на април најавена е посета на Македонија од страна на претседателот на Ев-ропската атлетска федерација Швајцарецот Хансјорг Вирц.Охриѓани се фокусираат на мајскиот митингот, на кој очекува-ат кралицата на спортовите да заго-сподари со Охрид, со што би се от-вориле можностите за уште една

промоција на македонски-от бисер во пресрет на летна-та сезона.• КонтактиравмесоHarald Edletzberger, менџерот на хрватската скокачка во ви-сочина Бланка Влашиќ која е светски првак во оваа дисци-плина, за нејзино учество на митингот. Покрај Влашиќ има-ме и резервна варијанта но во моментов не сакаме да раз-мислуваме за неа – вели Цвет-коски. На ателтскиот митинг прв од ваков вид во Охрид, се очеку-ва учество да земат околу сто-тина атлетичари од земјава и од регионот. Учесниците ќе се натпреваруваат во 14 дис-циплини во машка и женска конкуренција. Митингот ќе биде круна на неделата на ат-летиката која од 12 до 19 мај ќе се одржи во Охрид.

Олимпискиот првак и светски рекордер во дисциплината скок со стап, Сергеј Бубка доаѓа во Охрид

Спорт

Од 12 до 19 мај Охрид домаќин на атлетската недела

Пишува: Мирко Постолоски

Page 31: АМАК ПРЕС 120

27

Page 32: АМАК ПРЕС 120

32

Спорт