АМАК ПРЕС 121

28
АМАК ПРЕС ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 121, Април 2010, Бесплатен примерок СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ... Охрид дестинација број 1 за летен одмор!

Upload: alankaou

Post on 26-Mar-2016

253 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

Page 1: АМАК ПРЕС 121

АМАК ПРЕС

ОХРИДСКИ НОВИНИБрој 121, Април 2010, Бесплатен примерок

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

Охрид дестинација број 1 за летен одмор!

Page 2: АМАК ПРЕС 121

2

Page 3: АМАК ПРЕС 121

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот

Тел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]

За издавачот:Венко Шапкар - Генерален директор;

Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска [email protected]

Технички уредник: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска

Веб уредник: Алан Каоуфото:

Александар Ковачески Томислав Кипријанов

Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318Петруш Јовески 075/ 476-158

Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Благодарност до Локална Самоуправа - Охрид

3

Збор на уредникот

Колку е убаво денот да ви започне со насмевка на лицето и позитив-на мисла. Тогаш ве прави среќен секој миг што следи по минатиот. Кога сте добро расположени и тмурното време и дождот што паѓа надвор и обврските кои ве чекаат на работното место ви се добредојдени и ве

прават среќни. Погледот на животот проникнат со верување дека сите пробле-ми можат да се решат за доброто на човекот или гледање на животот од негова-та најубава страна се вика оптимизам. Јас сум тотален оптимист и верувам дека сите работи кога тогаш ќе си дојдат на свое место. Одамна сум се убедила себеси дека за секој проблем има реше-ние. Вака или онака секоја мака завршува, ништо не е бесконечно. Но важно е во тешките моменти да ве води позитивна мисла и да имате верба во себе си . Зошто да бидете песимисти, без надеж дека има подобро утре кога можете да бидете оптимисти. Не зрачете негативна енергија, заменете ја со позитивна. Лошото расположе-ние негативно се одразува на самите вас и на луѓето што ве опкружуваат. Кол-ку е убаво мрачното лице да го огрее насмевка, така посимпатични ќе си биде-те на себе си и на другите. За да ви тргне работата на добро, верувајте дека ќе биде добро. Уживајте во малите работи за да бидете среќни. Поставете си цел во секој обичен ден и потрудете се да ја исполните. Јас сум среќна и кога го средувам домот ,и кога се убедувам за некој проблем со моите колеги на работното место. Среќна ме прави секој работен состанок и“хаосот“ од колеги и бројни текстови во редакција кога се уредува секој број на Охридските новини“. Уживам кога пијам кафе со пријателите, кога си прика-жувам со нив и моите најблиски и кога сум дете со моите внуци. Уживам и кога сум сама, кога гледам добар филм и јадам сладолед. Се што ме опкружува ме прави среќна, зошто животот е еден, а како ќе пристапиме кон него и со какви очи ќе го гледаме одлучуваме самите ние.

Бидете оптимисти!

Ангела Белевска[email protected]

Редовни рубрики:Наш ОхридНаши бизнисмениОбразованиеРепортажаВи најавуваме...Чест ни е...Охридски легендиНаша гордостАктуелноПрашање-одговор (вие прашу-вате, стручњаци одговараат)Здрав живот Спорт

Page 4: АМАК ПРЕС 121

4

Наш Охрид

Охрид, дестинација број еден за летен одмор!

Летово Охрид ќе биде пре-полн со традиционални-те гости од соседство-то, Срби, Бугари , Косова-

ри, Грци и Албанци а не помал ќе биде и бројот на гостите од пода-лечните земји, Холандија, Италија, Франција и Германија, ова се про-гнозите за престојната туристич-ка сезона од страна на Агенцијата за промоција, поддршка и развој на туризмот. Исто така најoмилена дестинација на Македонците, кои годинава планираат да одат на ле-тен одмор им е Охрид. Македонците имаат желба да летуваат и во тури-стичките центри во Грција, Турција, Шпанија, Црна Гора, Хрватска, но и на Карибите, Бахами, Куба, Малди-ви. Ова го покажале резултатите од

истражувањето на ГФК Скопје, спро-ведено овој месец, на 1. 000 испи-таници во поголемите градови во Македонија.Резултатите од испитувањето пока-жуваат дека 73 % од македонските граѓани планираат годинава да одат на одмор. Околу една третина од граѓаните, односно 35 % планираат да го поминат одморот во некое ту-ристичко место во Македонија, при што како летна дестинација најчесто е споменуван Охрид, а од зимски-те центри: Маврово и Попова Шап-ка. По Македонија, за 21 отсто од Македонците омилена дестинација за годишен одмор е Грција, а по неа Турција. Најголем процент од оние кои пла-нираат да летуваат во Охрид се мла-

дите од 18 до 24 година и оние меѓу 25 и 34 години. Бројот на гости од повозрасната генерација кои се со подлабок џеб ќе биде многу мал. Тоа е резултат на немањето услови во Охрид да се развива елитен ту-ризам.“За жал Охрид се уште го нема тоа што го заслужува и што го посаку-ваме, бидејќи нема ни елементар-ни услови за елитен туризам кој бара елитни сместувачки објекти, пропратни содржини, извонред-на сообраќајна поврзаност и пат-на инфраструктура. Не е изгра-ден ни еден хотелски објект од ели-тен карактер иако имаше некол-ку обиди за тоа. Државата се уште не покажува разбирање за афтопат-но поврзување на Охрид со Скопје

и за изградба на патниот правец Охрид- Св. Наум со приклучок уште кај Косел и негово дислоцирање од крајбрежјето“, вели градоначални-кот на Охрид, Александар Петрески. На одмор планираат да заминат 86 отсто од граѓаните на Скопје, како и 66 проценти од жителите на другите урбани центри во Македонија.

Резултатите покажуваат дека лани половина од граѓаните биле на од-мор. Најголемиот дел од нив од-морале во Македонија(59 %), а најчеста дестинација бил Охрид. Од останатите држави, Македонци-те најмногу оделе во Грција 16 от-сто, како и во Црна Гора, Албанија и Турција.

Page 5: АМАК ПРЕС 121

5

Наш Охрид

Туристички мапи за неколку градови

Охрид на насловната од “State magazine“

Под насловот “Македoнскиот бисер на Балканот“ Охрид се најде на насловната страница на априлското издание на американското списание “State magazine’’. ’’State magazine’’ се објавува секој месец од страна на американскиот Стејт департмент. Целта

на списанието е да се олесни комуникацијата меѓу менаџментот и вработените дома и во странство и да ги запознае вработените со настаните кои можат да влијаат на работењето или персоналот. Списанието е исто така наменето за лица заинтересирани да работат за Стејт департмент и на општата јавност.

Осветлени мапи во боја, кои ќе им бидат појдовна точка на туристите како да пристигнат до некоја одредница, ќе бидат поставени наскоро низ девет македонски града. За таа цел, министерот за економија Фатмир Бесими вчера одржа работна средба со градоначалниците на Скопје, Тето-во, Охрид, Струга, Битола, Ресен, Штип, Гевгелија и Дојран, на која беа презентирани и врачени новите „сити лајт“ мапи.

Изработката на мапите финансиски е поддржана од Министерството за економија во насока на унапредување на туризмот и квалитетна промоција на природните и културни вредности.

- Поставувањето на информативните туристички мапи ќе овозможи туристите лесно да дојдат до потребните информации за едноставно наоѓање на атрактивните туристички места, природни и културни вредности, споменици, хотели, ресторани, спортски објекти, односно сите места кои се интересни за посетителите на еден град - изјави Бесими.

Тој додаде дека на овој начин Министерството за економија ги потпомага локалните власти во промоција на развојот на туризмот.

Овој месец не една туку две сметки за струја

Од први мај годинава, ќе стартува новиот начин на пресметување на потроше-ната електрична енергија. Поради неопходното време од еден месец да се интегрираат податоците за потрошувачите од стариот во новиот систем, за месец април беше доставена прогнозирана сметка за електрична енергија.

Во мај ќе има порамнување на сметките за електрична енергија, така што сите потрошу-вачи што добиле повисока сметка во април од она што реално го потрошиле, во мај ќе платат помалку или обратно, информираат од компанијата.

Оттаму објаснуваат дека новиот модел за пресметување на потрошената електрична енергија, се воведува во насока на унапредување на начинот напресметување на потрошената електрична енергија. За потрошувачите тоа ќе значи пое-фикасен начин за пресметување на електричната енергија.Од ЕВН уверуваат дека новиот систем овозможува и поголема флексибилност - сметките за по-трошена електрична енергија граѓаните да ги добиваат на адреса на која тие ќе ја изберат, со што според ЕН, ќе се подобри евиденцијата и за потрошува-чите и за компанијата.

Со новиот систем потрошувачите ќе бидат поделени во 4 групи, со што секоја група почнувајќи од мај ќе добива сметка во ист период од месецот, во за-висност од тоа во која група се паднал.

Page 6: АМАК ПРЕС 121

6

Наш Охрид

Македонското гравче тав-че, ѓомлезе, макало, пле-тени цревца и други тра-диционални јадења,

како и нашите села ќе бидат главни-от адут на Владата сезонава за ту-ристичка промоција на земјава во странство. Маркетинг- агенција „Ре-публика“ за 200.000 евра ќе им сер-вира на странските гледачи два те-левизиски спота за македонска-та храна и кујна, а „Банана филм“ за уште толку пари ќе изработи два спота за да привлече странски тури-сти во нашите села и планини.

За туристичките работници залуд-но е рекламирањето во странство ако не се поправи катастрофална-та инфраструктура, која треба да им ја понудиме на странските и на до-машните туристи.

“ Сега во Охрид може да развиваме само здравствен туризам. Да им ва-диме камчиња од бубрези на стран-ските туристи, ако го преживеат па-тот да стигнат дотаму. Ние имаме најлоши патишта во целиот регион “

вели Миле Спировски, претседател на Асоцијацијата на туристичките агенции на Македонија (АТАМ).

Според него, најпрво треба да се инвестира уредување на туристич-ките места и да се унапреди чисто-тата.

“ Владата го прави она што го прават и другите држави со рекламирање во странски медиуми за да привле-чат туристи. Но, за разлика од нас, тие многу инвестираат во инфра-структура и уредување на туристич-ките места“ вели Спировски.

Ревизорите и експертите забеле-жуваа дека Владата не е транспа-рентна во трошењето на парите за рекламирање во странски медиуми и дека нема анализи за ефектите од кампањите.

“ Никој не знае колкави суми се по-трошени за закуп на медиумски простор во странските медиуми. Но, нема да не' изненади ако пак се работи за милиони евра, оти ниш-

то што прави оваа влада не чини евтино, притоа не мислам само на пари. Промоцијата на земјава како туристичка дестинација секако е добредојдена, но може да биде кон-трапродуктивна мерка ако така при-влечените туристи затечат состојби што не се ни приближно на она што им било понудено на реклама - вели Сашо Ордановски, претседател на „Транспарентност Македонија“.

Од Генералниот секретаријат на Владата не ги коментираат кампањите ниту ги откриваат суми-те потрошени за спотови и за закуп на медиумски простор. На тендерот за ТВ -спотовите за промоција на македонската храна и кујна имало девет понуди, но за Владата главен критериум при изборот бил квали-тетот на изработката на спотовите, за кој се добивале 70 поени, а цена-та учествувала само со 30 бода. Така била избрана една од најскапите понуди на „Република“, која за два спота побарала 192.000 евра, иако најевтината понуда била два и пол пати пониска - 79.000 евра. За из-

работка на спотовите за промоција на македонските села и планини, од осум понудувачи, била избрана најскапата понуда на „Банана филм“, иако други нуделе истото да го на-прават и за речиси три и пол пати поевтино, односно за 60.000 евра.

Маркетинг -агенцијата „Републи-ка“ претходно ги изработи и влади-ната кампања за борба против дро-гата, која веќе се емитува во меди-умите, како и кампањата на ЕЛЕМ, обете тешки по 600.000 евра. „Бана-на филм“ за 185.000 евра ги израбо-ти двата ТВ- спота за промоција на земјава како археолошки рај.

Владата досега потроши повеќе од еден милион евра за спотови за ту-ристичка промоција на земјава во странство. Ја промовираше земјава како туристичка дестинација, архе-олошки рај, го промовираше Охрид, македонското вино, македонските цркви и манастири.

Со работа а не со реклами до странски туристи

Page 7: АМАК ПРЕС 121

7

Наш Охрид

Page 8: АМАК ПРЕС 121

8

Спектакуларно фестивал-ско издание, досега нешто не чуено и невидено. Врвни музички и драмски умет-

ници ќе настапат на 50-то јубилејно издание на најмасовната музичко сценска манифестација во земјава, фестивалот Охридско Лето.“Два проекти се во игра за отворање на фестивалот, но кој и да го избереме, едниот или другиот нема да погрешиме , станува збор за светски ѕвезди“, ни изјави дирек-торот на фестивалот, Тони Симоно-ски кој не сакаше да шпекулира со информации но ни кажа дека многу наскоро ќе “падне“ одлуката кој ќе има чест да настапи на првата фе-стивалска ноќ.Отворањето на фестивалот вооби-чаено ќе биде на Античкиот театар во кој според очекувањата ќе биде сместена 20 000 –на публика. “Дел од публиката ќе биде делегација на Бемус што е водеч-ки фестивал за класична музика во Србија,ќе дојде делегација од Ду-бровник а секако и претставници на Љубљанскиот фестивал и претсе-дателот на ЕФА господинот Дарко Брлек. Државниот секретар на Ев-ропската Федерација на Фестивали Кетрин Девентер ќе биде меѓу гле-дачите а уште еднаш ни е потврде-но доаѓањето на госпоѓата Дорис Пак со која имавме билатерална средба на нашата неодамнешна де-ловна посета во Италија . Драго ќе ни биде доаѓањето на делегацијата од Мексико на чело со директорот на водечкиот фестивал за класич-на музика, Лидија Камачо. и мно-гу други јавни личности од земјава и странство ќе го збогатат ова фе-стивалско издание“, ни изјави Симо-новски. Класичните фестивалски сце-ни: црквата Св. Софија, Антички-от театар, и Долни Сарај веќе поч-нуваат да се уредуваат во ново руво специјално направено за

јубилејното издание а ќе биде збо-гатена и сцената кај Заливот на ко-ските која минатата година се по-кажа како извонредна сцена затоа што прикажаната претстава ја гле-даа 1 000 гледачи. Годинава за прв пат една од претставите ќе биде прикажана во Тврдината на Градиш-те над Заливот на коските. Од 8-ми до 11 април фестивалот Охридско Лето беше претставен на Генералното Собрание на Европ-ската Федерација на Фестивали во Мерано- Италија. “ Таму беше доделена златната ма-ска, симболот на градот Охрид на

дирекцијата на ЕФА а исто така златната Изида од овие просто-ри беше доделена како подарок на организаторот Мерано и како благодарност за сето она што ни го овозможи за добро да го пре-зентираме нашиот фестивал таму. Мене ми е драго што новинари од Италија и акредитирани новина-ри од опкружувањето, Германија, Швајцарија и Австрија беа при-сутни на прес конференцијата и се воодушевија од тоа што “Охридско Лето“ го нудело минативе 50 годи-ни почнувајќи од постарите изве-дувачи од 4 август 1961 година со

нашата Ана Липша- Тофовиќ пре-ку Кобан Навара, Викторија де Лос Анџелес, Миша Мајски и многу дру-ги движејќи се кон последната етапа во која се вбројуваат Хозе Карерас, Зубин Мехта, Енио Мориконе,Џеси Норман, Сара Чанг, Брезовски и многу други врвни имиња кои на-стапиле на фестивалот Охридско Лето. Во Италија ја искористивме можноста за средби со претставни-ци и од други фестивали. Беа пока-нети другите фестивали да прису-ствуваат на фестивалот“,истакна Си-моновски.

Спектакуларно 50-то издание на Охридско Лето

Ви најавуваме

Page 9: АМАК ПРЕС 121

9

Иако времето е врнежливо и тмурно, летото започна да се планира. Охрид фест- Охридски трубадури несомнено важи за еден од најреномираните бал-

кански музички фестивали кои го носат префик-сот интернационален. На сцената на Долни Сарај фестивалските ноќи се закажани за периодот од 25- ти до 28-ми август.“ Годинава очекувам едно скалило повисок му-зички материјал односно подобри композиции од минатите изданија со оглед на тоа што инте-ресот на Балканот е неверојатен и со оглед на тоа што рејтингот на фестивалот од година во го-дина расте. Очекувам дека ќе имаме вистински спектакл“, изјави директорот на фестивалот, Гри-

гор Копров.Оваа година на фестивалот посебно место ќе заземе еден од најпознатите европски компози-тори Енди Рај, Горан Бреговиќ и Мишо Ковач.“Оваа година свое учество најави еден од најпознатите композитори во Европа, Енди Рај кој ќе напише песна за словенечката група “Four play“, додава Копров.Како и секоја така и оваа година во фестивалот се вклучени дебитанска како и вечери на фолк и поп музиката и интернационална ноќ. Конкурсот за нови песни е отворен до 1-ви мај а организаторите очекуваат голем број пријавувања.

Рај, Бреговиќ и Ковач на Охридски Трубадури

Ви најавуваме

По повод 25 години од кариерата, познатиот рок-музичар Момчило Бајагиќ-Бајага и неговиот придружен состав „Инструктори“ наредниот месец ќе одржат два концерта во Скопје. Настапите се закажани за 12 и за 13 мај во Универзална сала, а се во рамките на турнејата по повод нивниот јубилеј.

Организаторите на концертите, „Талент Бокс“, велат дека екипата на Бајага ќе одржи специфичен концерт:

- Освен пет-шест класични хита, на двата концерта Бајага ќе свири сосема разли-чен репертоар. На овој начин ќе биде опфатен поголем дел од песните на еден од најплодните балкански автори на сите времиња.

Секој посетител со купена влезница ќе добие гратис оригинал цеде од најтиражниот албум на Бајага - „Са друге стране јастука“.

Во рамките на јубилејната турнеја Бајага и „Инструктори“ настапија во Белград и во Загреб, а ќе свират и во Сараево, Љубљана и во други помали градови во регионот.

Бајага на 12 и на 13 мај во Скопје

Со цел да се поттикнат рамномерниот културен развој, афирмацијата на културните вредности и културното анимирање на локално ниво и да се обезбедат услови за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, Министерството за култура во 2010 година обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за реализација на манифестацијата ,,Топол културен бран“. Според плановите оваа

манифестацијата ќе се реализира во две етапи: првата од 20 до 31 јули и втората од 20 до 31 август 2010 година.

Во овој културен проект ќе може да учествуваат сите општини во Република Македонија. Неговата реализација ќе се одвива преку заедничко финансирање од страна на Министерството за култура и локалната самоуправа како партнерство за остварување на културните потреби на сите граѓани.

На јавниот конкурс за аплицирање за оваа маниестација, општините треба да достават програма со проекти од сите области на културата: филм, театар, музика, танц, литература и ликовна уметност.

Топол Културен бран 2010 година

Page 10: АМАК ПРЕС 121

10

Последниов период во владеач-ката ВМРО- ДПМНЕ, настанаа вна-трешно- организациски промени на локално ниво. Зошто беше по-требно тоа?

-Партиски промени на ло-кално ниво навистина има. Мислам дека промените се и добра и здрава работа . Знаете промените претста-вуваат движечка сила . После одре-ден период потребно е да настане освежување во која и да било об-ласт. Потребни се нови луѓе, нови идеи, нов концепт и начин на рабо-та се со една цел да имаме успех во работењето. ВМРО- ДПМНЕ е голема партија која што зад себе ја има цен-тралната власт, и најголема совет-ничка група но која што во исто вре-ме нема градоначалник во Охрид. Затоа правиме организациски про-мени , правиме состав на луѓе кои што уште од сега ќе почнат да се подготвуваат за наредните локал-ни и парламентарни избори. Значи во своето работење ја насочуваме својата дејност кон овие две цели.

Како партија се уште имате рела-тивно висок рејтинг , но од дру-га страна опозициската СДСМ на чело со Бранко Црвенковски засилено работи а со тоа веќе како да започна да ја реализира својата кампања за предвреме-ни избори. Ве плашат ли вакви-те нивни активности и нивната консолидација?

-Не , дефинитивно ништо не н`е пла-ши. Знаете политиката постои за тоа, опозицијата се бори да дојде на власт, позицијата пак да остане на власт -тоа што го ветила да го оства-ри. Преку своите проекти граѓаните да ја препознаваат како политичка структура која што си ја завршила својата работа . Значи опозицијата мисли дека ќе има и избори и нека си се подготвуваат за избори тоа е нивна работа. Ние си работиме врз база на нашата програма која ја на-пишавме, со неа излеговме пред граѓаните и ја добивме нивната до-верба. Знаете, тоа беше програмата “Преродба во 100 чекори“ која по-тоа беше надградена и прошире-

на. Проектите си одат, граѓаните ја препознаваат таа програма и до-вербата од нив кон нас се уште е многу голема. Тоа е од една едно-ставна причина,тоа што го ветува ВМРО-ДПМНЕ тоа и си го исполну-ва. Во година на голема економска криза, голем дел од проектите беа реализирани и граѓаните тоа го по-читуваат. Секогаш има проблеми, но јас мислам дека ние мошне до-бро и успешно се уште се справу-ваме со сите предизвици и пробле-ми. Со жалење морам да констати-рам дека СДСМ се уште се држи на стариот рецепт и стариот начин на работење , постојано со напади, со лични навреди со дискредитација. Ги видов и последните нивни прес конференции и настапи и за жал мора да констатирам дека иако ние им понудивме нов начин за по-литичка комуникација без дискре-дитации и лични навреди, не наи-дуваме на разбирање. Јас јавно по-викав на еден разговор со рако-водството на СДСМ на локално по-литичката комуникација и култу-ра да ја подигнеме на едно повисо-ко ниво. Граѓаните да не н`е дожи-вуваат како политички непријатели туку како политички противници, луѓе кои имаат различни политич-ки ставови, различна перцепција кон практикувањето и начинот на водење на политиката, меѓутоа луѓе кои држат до своето достоинство, дигнитет до својата култура и пред се културата и дигнитетот на градот Охрид. Лошиот начин на работење на политичките партии на локал-но ниво му создава имиџ на град со лоша и политичка но и останат вид на култура.

Од неодамна ВМРО -ДПМНЕ има нов Општински Комитет во чиј со-став за разлика од минатиот има исклучиво високо образовани луѓе, магистри, доктори на науки. На кој начин ги избиравте члено-вите?

-Овој состав на Општинскиот Ко-митет претставува микс на искус-ни луѓе долгогодишни партијци кои учествувале активно во партиските работи на локално ниво. Меѓу нив

На Охрид му недостига добар менаџмент!

Атанаско Михаилов – претседател на ОК на ВМРО- ДПМНЕ во Охрид

“Не, дефинитивно ништо не н`е плаши. Опозициска-та СДСМ може да се подготвува за избори ако си ги замислила, тоа е нејзино право. Граѓаните верува-ат во нашата програма и затоа ни ја даваат доверба-та нам“, вели претседателот на Општинскиот Коми-тет на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид, Атанаско Михаилов и додава дека внатре партиските организациски про-мени кои последниов период настанаа во неговата партија се нормална, здрава работа

Интервју

Page 11: АМАК ПРЕС 121

11

се и луѓе кои не биле многу експо-нирани во партијата. Тоа се луѓе кои се членови на партијата, кои актив-но работат во неа но пак ќе кажам не биле многу експонирани. Мис-лам дека треба да им се даде шанса и на луѓето кои што според мене мо-жат да направат повеќе. Јас верувам во овие луѓе, верувам во нивниот и интелектуален и политички капаци-тет да направат позитивен пресврт во смисла на нови работи, проекти, делување, поимање на политиката . Тоа подразбира нов начин на поли-тичка култура и нов начин на поли-тички дијалог. Во овој состав на Оп-штинскиот Комитет има навистина луѓе со високо образование, маги-стри, професори, луѓе кои што има-ат идеи. Луѓе кои во својата работа се веќе докажани не само како ин-телектуалци туку и како стручњаци. Знаете, во тој состав има луѓе кои претставуваат бренд имиња во својата професија. Јас верувам дека тоа што го работат како искусни и докажани професионалци ќе го по-кажат и во политиката. Јас знам дека и тука ќе го применат истиот стил на работа. Со многу труд и залагање да се покаже дека и во политиката може да се постигне успех.

Новото партиско раководство подразбира и новини во начинот на работење. Што ново ќе спро-ведете Вие, што може да очекува-ме од Вас?

- Знаете, започнавме со неколку ак-ции иако по екипирањето на Оп-штинскиот Комитет сме во фаза на екипирање односно освежување на редовите по Месните Комитети, рас-пишавме локални избори за проме-на на претседателите на месните ко-митети и нивните претседателства. Тоа значи дека и по Месните Коми-тети ќе имаме нов состав од мла-ди луѓе кои што подолго време се во партијата и кои можат да пока-жат и да направат позитивни резул-

тати. По сите овие екипирања, вле-гуваме во една фаза на интензив-на партиска активност меѓу нашето членство и меѓу граѓаните на Охрид. Што значи тоа? Значи дека почнав-ме неколку акции и со одржаните пресови покажавме дека ќе делува-ме на друг начин. Сега ќе влеземе во фаза на интензивна посета на Мес-ните Комитети и на Месните Заед-ници така што непосредно ќе се со-очиме со проблемите на граѓаните. При тие посети покрај членовите од Општинскиот и Месните Коми-тети ќе учествуваат и дел од совет-ничката група и функционери кои што ВМРО-ДПМНЕ ги има на локал-но ниво а кои што можат да прису-ствуваат на лице место да решат не-што и да се запознаат со проблемите на граѓаните. Што сакам да кажам со ова? Да речеме во една урбана еди-ница како што е на пример Центар ако советниците од советничката група на лице место контактираат со граѓаните а тие лично им ги прене-сат нивните проблеми, значи, ќе мо-жат на непосреден начин да се запо-знаат со тие проблеми и да ги пре-несат. Тоа што можеме на лице ме-сто да им укажеме како да го решат истиот или пак ќе укажеме дека ис-тиот не можеме да го решиме. Про-блемот ќе го анимираме на седни-ца на совет со цел на таков начин истиот да биде решен. Нели, затоа постојат партиите затоа ја добиваат власта за да ги решаваат проблеми-те на граѓаните. Токму за таа цел се користи и Локалната самоуправа, но таа не секогаш им излегува во пре-срет на граѓаните. Ние ќе пробаме преку нашите функционери и совет-ници да го направиме тој непосре-ден контакт со населението од урба-ните заедници и спроведуваме една работа која ја практикува партијата во целост. Значи ќе остваруваме не-посредни контакти со населението преку трибини.

Што е она што според Вас му не-

достига на Охрид?

- Ова е многу големо прашање на кое се очекува тежок одговор. На Охрид му недостасуваат многу ра-боти. Без да бидам погрешно сфатен, лично мислам дека на Охрид прво и основно му недостасува добар менаџмент. Јас слободно тврдам дека во моментов Охрид многу лошо се менаџира во поглед на Ло-калната самоуправа. Јас би сакал ва-шите читатели да се потсетат на по-следен проект кој што оваа Локал-на самоуправа го направила во ин-терес на граѓаните. Всушност да ка-жат самите охриѓани, “оваа Локална самоуправа го направи ова и оваа“ но тоа за жал го нема. Знаете, секоја наредна туристичка сезона е се по-лоша и полоша. Овај менаџмент на Локалната самоуправа не само што многу лошо го претставува Охрид надвор, туку лошо го претставу-ва и во својата земја. Се одржаа бројни прес конференции на кои се најавуваше дека езерото ќе го по-плави градот па потоа дека езеро-то почнало да тече во реките па се повикуваа премиери на странски држави. Уште една голема несреќна изјава на градоначалникот и луѓето од локалната власт беше дека ко-лекторот се излеал и езерото е пол-но со фекалии. Нема туризам, нема проекти, нема менаџирање на град којшто живее од туризам. Ако вие го претставувате на ваков начин и по-кажете дека градот е загаден со фе-калии, тоа е non sens – изјави коиш-то го нагрдуваат градот. За несреќа во моментов градов има таков вид на менаџмент кој според мене тоа не го заслужува. Охриѓани знаат и можат да си го менаџираат односно да управуваат со градот многу по-добро. Голем процент од луѓето во Охрид живеат од туризмот, живеат од собите кои ги издаваат. Ако ние ги избркаме туристите а оваа Ло-кална самоуправа и менаџмент тоа на голема врата го прави , на таков

начин се загрозува егзистенцијата на голем број охриѓани. Укажував во повеќе наврати, разговарав и со градоначалникот околу тоа што ни се случува во Охрид. Но, очиглед-но тешко наидуваме на меѓусебно разбирање.

Пред Велигденските празни-ци ВМРО- ДПМНЕ на локал-но ниво спроведе хуманитарна акција. Со тоа Вие дониравте па-кети прехранбени производи за семејствата кои се социјално за-грозени. Ќе продолжите ли со вак-ви акции понатака?

-Знаете како, хуманоста на луѓето е голема работа. После акцијата имавме извонредни реакции, зна-чи најголем дел од луѓето ни ре-коа “одлична работа “. Тоа го напра-вивме на многу едноставен начин. Најпрво ние сме народна партија која е демохристијанска односно ги почитуваме нашите верски и на-ционални традиции. Велигден е еден од најголемите верски и на-ционални празници. Ние во тој по-глед со функционерите од редови-те на ВМРО-ДПМНЕ собравме соп-ствени средства и со нив купивме одредени намирници- артикли на-менети за крајно социјално загро-зените семејства. Отидовме кај нив и им помогнавме. За возврат добив-ме топол прием. Луѓето беа нависти-на благодарни. Си дадовме себе си за задача дека вакви хумани акции ќе спроведуваме почесто, барем ед-наш во месецот, со цел да помогне-ме колку толку, односно да им по-могнеме на луѓето да се справат со проблемите полесно во даден мо-мент. Лично јас ова го правам и како човек и како доктор и како полити-чар а ќе го правам и во иднина.

Интервју

Page 12: АМАК ПРЕС 121

12

Чест ни е...

Неодамна тим од доктори и анестезиолози под вод-ство на спец. неврохирург, д-р. Митре Милошевски, во

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо “ за прв пат самостојно извршија вградување на кејџ. Станува збор за доста сложена операција на вра-тен дискус при што се врши ставање на коскен графит кој се чека да за-расне, односно дискусот се замену-ва со кејџ кој се вградува во пршле-ните. Првото вградување на кејџ во “Св. Еразмо“ се изврши две недели пред неодамнешната ( од ваков тип)

операција. Но тогаш оперативни-от зафат бил направен во соработ-ка со неврохируршката клиника од Скопје и под асистенција на д-р. Мајкал од Германија. “Први сме на Балканот со вакви опе-рации од две причини. Најпрво за-тоа што операциите ги работиме фондовски , со сини картони и обич-на партиципација. Втората причи-на поради која сме први се скапи-те материјали кои ги користиме и вградуваме. Има плочки чија цена се движи од 50 до 500 евра. Ние ги зе-довме најскапите. Не затоа што сме најбогати туку затоа што сметавме

дека со нив компликациите ќе бидат многу помали. Понатаму со истите плочки можат да се прават и други испитувања. А доколку се ставеше евтина плочка која е магнетна од ти-пот на челични плочки коишто при-влекуваат магнет , пациентот за це-лиот свој живот ќе беше ограничен во снимање на една дијагностика која се вика магнетна резонанца. Значи истиот тој не би можел да на-прави магнетна резонанца. Има раз-лични кејџови со метал, со графит, но најдобрите се од високо квали-тетен материјал кој магнетно е нео-сетлив. Тоа е многу битно затоа што

пациентот може да има потреба од снимање магнет на главата, на мо-зокот, вратот, кичмата и други де-лови на организмот. Тоа е една со-времена метода којашто не сме-еш да му ја ускратиш на пациен-тот. Од сите тие причини се решив-ме да одиме со поскапи материјали иако бевме свесни дека тоа беше преоптоварување за болничкиот буџет “, појаснува д-р. Милошевски и додава дека болницата има обе-збедено материјал со кој до крајот на годината може да се направат уште десет такви операции, секако доколку има потреба оперативно да се делува на пациентите. Станува збор за операции кои се деликатни и траат по 2-3 часа. Интервенцијата е на вратен рбет каде има главни магистрални крвни садови и нерви.“ Токму поради ова, зафатот бара спремна анестезиолошка служба и обучена инструментарка која до-бро го познава сложениот инстру-ментариум кој брои 50 инструмен-ти. Оваа операција во ниту еден случај не може да ја прави еден чо-век, за нејзе се ангажира цел тим. Ако немаш тим кој е пред се стру-чен, обучен и расположен да рабо-ти на ваква операција тогаш вооп-што не треба да се замисли да се почне истата. “За среќа двете операции на вра-тен дискус од кои последната ја из-вршивме самостојно беа успешни. Двете пациентки се чувствуваат до-бро. Последната операција беше моја трета по ред од ваков тип од-носно на споменативе две ми прет-ходи операција на вратен рбет која

ја направив заедно со проф. Саве-ски ,кој што донесе остео синтетич-ки материјал од Скопје а во нашава болница ја изведовме таа операција која беше успешна. Тоа се операции каде има дискуси. На вратниот рбет има дискуси како што има и на дру-гите делови на рбетниот столб. Кога еден од тие дискуси ќе го напушти своето лежиште односно ќе отиде во простор каде се наоѓаат нерви-те тогаш настануваат проблеми. Тие се манифестираат со трпки по раце-те и нозете, болки кои на крај преди-звикуваат парализи, “истакнува Ми-

И повторно да треба да избирам би бил неврохирург!

Спец. д-р. Митре Милошевски- единствениот неврохирург за Охрид и поширокиот регион

Детскиот сон да стане учител како членовите од потесното семејство не му се исполнил. Одлучил него-ва животна професија да биде ме-дицината но на почетокот на сво-ите студии не ни сонувал дека неврохирургијата како доста дели-катна медицинска област ќе стане негова специјалност. “Некои рабо-ти ги одредуваш сам, некои случајно се случуваат“ вели единствениот не-врохирург за Охрид и западниот ре-гион од Македонија, д-р. Митре Ми-лошевски. Во својот десетгодишен неврохируршки стаж зад себе има оставено 460 неврохируршки опе-рации, а за дваесет годишниот рабо-тен ангажман во Специјалната бол-ница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо“ д-р. Милошевски годи-нава доби и јубилејна награда. Во слободно време најголемо задо-волство му причинува дружењето и планинарењето со пријателите од кои грото не се од неговата струка. “ Моите најдобри пријатели не се док-тори, тоа ми причинува особено за-доволство. Лошо е и приватноста да ти биде окупирана со професијата. Во слободно време се трудам да не размислувам на медицината иако тоа е многу тешко“, додава д-р. Ми-лошевски.

Page 13: АМАК ПРЕС 121

13

лошевски. Ваквите сложени оперативни за-фати не дошле сами по себе. Тие се плод на 10 годишната неврохирурш-ка дејност во болницата Св. Еразмо во која главен двигател е д-р Мило-шевски. Во почетокот се вршеле по 30 -40 интервенции на годишно ниво а само минатата година се извршиле 87 операции. Се почнало со обични-те дискуси на лумбално, односно на крсно ниво каде што главниот про-блем е на дискусот. Се започнало со траума што мора да се работи, зна-чи траума на главата, разни типо-ви на хематоми и се продолжило со операција на тумори на мозок.“Пред две години прв пат напра-вивме операција на тумор на мо-зок. Туморот беше со големи димен-зии и ризик беше да се нафати некој да го извади. Пациентот бил на пре-гледи и во Германија а тамошни-те доктори му кажале дека ризикот од ова операција е 50- 50. Значи мо-жеш но и не мора да значи дека ќе преживееш. Тогаш ние во соработ-ка со проф. Лозанчев ја направив-ме операцијата. Од зафатот поми-наа полни две години, пациентот од тогаш до денес се чувствува од-лично, активен е, се движи и сосе-ма нормално ги извршува сите ра-ботни задачи. Во меѓувреме напра-вивме околу 10-ина операции на ту-мор на мозок. Пред две недели опе-риравме минимален тумор на мо-зок чиј дијаметар беше околу 1-1, 5 см. што веќе е светски тренд. Значи светски тренд не е да чекаш да по-расне туморот па да го вадиш, да правиш проблеми односно туморот да зафаќа голем простор и да има дијаметар од 5, 10 или 15 см., тоа не е светски тренд. Не е во ред, да до-зволиш туморот да порасне да ма-лигнизира. Денес тренд е да се от-странува туморот кога се уште е во многу мали димензии. Како што спомнав пред две недели направив-ме операција со која извадивме мал тумор. Операцијата ја правеше ком-плетен тим од Специјалната болни-ца за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо“. Во операцијата уче-ствуваше и д-р. Битракоски кој е специјалист по пластична хирургија. Нашата екипа извади минимален тумор од зона која е многу осетли-ва, каде секој допир предизвикува проблем. Оперираната пациентка за среќа се чувствува добро,“ вели Милошевски, кој никогаш не зажа-лил што ја избрал неврохирургијата како своја специјалност иако е ри-зична дејност колку што е добра тол-ку е и лоша, затоа што имало повре-ди, трауми на млади луѓе и деца каде навистина немало можност да се помогне.“ Доколку се работи за тешки повре-

ди со коми во такви случаи операци-ите не можат да помогнат. Има по-вреди при падови од висини. Има-ме еден куп пациенти кои се лече-ни кај нас, меѓутоа се работи за про-блем којшто мора да се гледа од сите аспекти. Не може тој проблем да го согледаме само од аспект јас да опе-рирам. Што да оперирам? , ако па-циентот е по глазгов кома пет или четири и во Америка да отиде на лекување тамошните експерти ќе проценат смртност од 80- 100 %. Тоа значи дека во такви случаи не може да се постигне којзнае каков резултат. Битно е пациентот да биде примен во 7 или 8 стадиум, во една добра кондиција за да оперативни-от зафат даде резултати“ додава д-р Митре. Доктор Митре Милошевски е дел од тимот на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо“ од 1989 година. Токму тогаш во оваа установа доминантни биле ортопедијата и трауматологијата. “Секој млад доктор се занесува-ше да стане ортопед или траумато-лог. Првите 3-4 години работев ка-као општ доктор. Гледав кој, што и како работи и во тој период од то-гашните директори беа понуде-ни три специјализации :ортопедија, хирургија и неврохирургија. Во прво време неврохирургијата беше замислена како помош на ортопед-скиот и трауматолошкиот дел. Зна-чи, ако се скрши една коска ќе се оштети некој нерв а неврохирур-гот е тука истиот да го сошие. Тогаш како млад човек специјализацијата по неврохирургија ми беше пре-дизвик. Но и сега кога би се вратил во тоа време повторно би избрал неврохирургија. Така заминав на специјализација по неврохирургија која траеше пет години а тоа подраз-бираше петгодишно мое отсуство од градов. Целата специјализација беше во Скопје, затоа што во Охрид до тогаш не се работеше неврохирургијата. Со проф. Мирче-ски работев три години, но тој зами-на во пензија и за жал почина млад. Потоа мој ментор беше проф. Лозан-чев и нашиот однос не беше како ученик- учител туку беше другар-ски и како таков го одржуваме до де-нес. И од аспект на соработка со мои другари од неврохируршка клини-ка јас немав никакви проблеми. Кога имаше тешки случаи сум повику-вал мои колеги од таму и тие секо-гаш доаѓале на помош. Професорот Угриноски беше дел од комисијата кога го полагав специјалистичкиот испит. Од него може многу да се на-учи во поглед на смиреноста што ја бара нашата струка. По враќањето од Скопје почетокот ми беше како и на секој друг. Во прво време го не-

мав ни потребниот инструментари-ум за вршење операции. Во болни-цата “Св. Еразмо“ ортопедијата има 40 годишна традиција и се е полес-но. Неврохирургијата дотогаш не се работеше во оваа установа и тоа значеше дека се почнува од нула. Се правиш од почеток. Прв си во нешто и сам си. Секој ден согледуваш дека ти недостига некој инструмент, а не можеш да започнеш неврохирурш-ка операција неподготвен. Почнев-ме со дискуси на лумбално ниво. Дискусите на лумбално ниво беа и пред тоа правени во нашава бол-ница, доаѓале колеги од Скопје и оперирале. Токму поради тоа има-ше одреден квантум на инструмен-ти дел од нив беа од неврохирурш-ката клиника од Скопје а постепе-но почна свои инструменти да на-бавува и нашата болница. Се намет-на потреба за траума на глава. Тоа не е нешто што зависи од нас, не се поставува прашањето: Дали сакаш или не? Туку едноставно се случу-ва во еден момент повреда, а паци-ентот се упатува во косната болни-ца, затоа што се расчуло дека ете кај нас има неврохирург. Во прво вре-ме ако лечењето беше конзерватив-но со инфузии и лекови кои се за таа намена беше во ред , но ако беше потребна операција јас пациентите ги праќав Скопје. Меѓутоа се наведе едно мислење дека додека се при-према колата, додека се однесе па-циентот Скопје ќе поминат пет часа а процедурата се издолжува и во скопските клиники. Значи не се збо-рува за златни денови туку се збору-ва за златен час, за златни петнае-сет минути. Ако во првите 15 минути се пружи адекватна помош можно-ста за преживување е огромна. За-тоа велам не е неврохирургија само неврохирургот кого ќе оперира туку важна улога има и брзата помош која на лице место ќе му пружи прва по-мош на повредениот , да му даде кислород и да го припрема пациен-тот за третман во болнички услови. За жал ние тоа го немаме на добро ниво и затоа ни е толкава смртно-ста од тие пред се сообраќајни тра-уматизми. Значи се наметна потреба од операции на глава коишто мора тука да се извршат а тоа наметнува набавка на инструмрнтариум. Така се набавија потребните инструмен-ти за операција на мозок. Работата и тежината на операциите одредуваа какви инструменти ни се потребни. Неопходни ни беа микро -инстру-менти затоа што работата на невро-хирургот е на мало поле. Не стану-ва збор за отворање голема рана. Полето за работа на неврохирургот е мало,станува збор за операција на нерви и затоа истото поле мора да биде зголемено. Ние набавивме

оперативен микроскоп и се наложи потреба од набавка на оперативни лупи. Се набавија многу квалитетни оперативни лупи. Нашава болница е единствена која има оперативна лупа со која имаме увеличување од 4,9 дизајнирана специјално за мене. Како што минуваше времето така се комплетираше неврохируршката служба “, раскажува д-р. Милошев-ски. Доктор Митре Милошевски е един-ствениот неврохирург во Охрид, Де-бар, Кичево и Ресен. Најверојатно поради тежината и деликатноста во неврохируршката област досега ниту еден од младите доктори не се одлучиле да го наследат и да тргнат по неговите чекори.“ Младите колеги што доаѓаа по мене гледаа дека работата со нервите е многу деликатна и е сврзана, со мно-гу смртност, со инвалидитет. Може-би поради тоа не се убедија да ста-нат неврохирурзи. Ако кажам дека минатата година имав 94 повици како итни можете да замислите как-во е тоа оптеретување кога си сам. Иако на почетокот има млади заин-тересирани, ќе влезат во сала да по-магаат и асистираат на крај за жал не одлучуваат да бидат неврохирурзи. Јас сум во средна доба. Многу на-скоро ќе ја раситнам 5-та деценија од животот , времето брзо минува и ќе дојде период кога ќе немам снага да одговорам на тие повици. Ќе тре-ба млад човек да ме замени. За жал до сега немаме најдено човек кој ќе се зафати со неврохирургија. Јас не сакам по моето пензионирање да згасне неврохирургијата во Охрид и неговиот поширок регион и пак на-родот да биде оставен на цедило да трча низ Скопје. Многу е битно во овој град да има не еден туку мини-мум двајца неврохирурзи“, вели д-р. Милошевски. За девет години исклучувајќи ја првата година по неговата специјализација во болницата “Св. Еразмо“ направени се 460 неврохи-руршки операции. Во прво време го-дишно се работеле по 30- 40 зафати а само минатата година се направе-ни 87 неврохируршки операции. До-колку би имало барем уште еден не-врохирург, би се направиле можеби не дупло туку уште плус половина од направените. До денес охриѓани, стружани, дебрани и ресенчани кои имаат потреба од неврохируршка операција гравитираат кон болни-цата “Св. Еразмо“ каде оперативни-от зафат заедно со тим од доктори го прави спец. д-р. Митре Милошевски.

Чест ни е...

Page 14: АМАК ПРЕС 121

14

Наша гордост

На најјужната точка од Охридското Езерото во близина на македонско – албанската граница сме-

стен е манастирскиот комплекс Св. Наум. Наумовата црква на свети-те Архангели Михаил и Гаврил се наоѓа на 29 км од Охрид. Првобит-ната црква, како своја задужбина во 900- та година, ја изградил св. Наум Охридски, современик и соработ-ник на св. Климент Охридски и уче-ник на браќата Кирил и Методиј, кој во 910 година тука бил погребан. По откривањето на остатоците од првобитната црква , што била изгра-дена во 9-от век, проф. Димче Коцо во 1955 година ја расветли загатка-та на Наумовиот манастир. Прво-битната црква во турскиот период била урната и повторно изградена. Ископувањата овозможија да се до-

знаат редица интересни податоци за доградувањата и преградувањата во текот на изминатите векови. Утврде-но е дека промените во изминатиот период биле од таков карактер така што наполно го измениле изгледот на Наумовата црква. Врз темелите на првобитната црква, меѓу 16-от и 17-от век била изградена денешната црква , доградувана и проширена во неколку фази. Во втората половина на 18-от век била изградена купола-та над припратата на црквата , а по-следното значајно обновување било извршено кон крајот на 18-от век , односно во 1799 година, кога бил из-граден гробот во Наумовата црква. За време на религиозно- просве-тителските пропаганди во Охрид во 19-от век, манастирот располагал со доста имот. Имал околу 400 овци и кози, 400 охридски кила обработ-

ливо земјиште,лозја, ливади, гради-ни, шуми, овоштарници, куќи и друг имот во Костур и Битола, работилни-ци во Корча и Валона кои вределе по 100 турски лири.Во 1881 година покрај Љубаништа, и селото Трпејца станало чифлик на манастирот. Имено таа година бил склучен договор со кој бегот му го отстапува селото Трпејца на мана-стирот во замена за манастирскиот имот во село Поѓани со додавање на 25. 000 грошови, бидејќи беговскиот имот бил поголем.Приходите од овие имоти биле го-леми, но многу големи биле и при-ходите од денот –соборот (20 јуни) на манастирот кога голема маса луѓе доаѓала тука на поклонение и оста-вала подароци на олтарот.Кога охриѓани во 1869 година ја отфрлиле религиозната власт на

грчката патријаршија , и манастирот кој спаѓал во доменот на Охридска-та епархија минал во нивни раце. За настојници на манастирот биле по-ставени Паунче и Огнен а за еко-ном, Андроник Зарче кој и порано бил на таа должност. Со цел да се ис-платат постојните долгови на мана-стирот, тие зеле на свое име 500 тур-ски лири , со 10% камата од Евстатија Стамов (охриѓанец, живеел во Бито-ла) и ги предале на беговите од Ста-рово и Поградец на кои манастирот им бил должен. Инаку, манастирот , како и порано – кога бил во рацете на патријаршистите, продолжил да дава по 2 500-3 000 грошеви помош за училиштата во Охрид. Таа помош претходно одела во полза на грчки-те училишта во градот, а од тогаш во полза на народот.Во 1873 година охриѓани забележа-ле како Андроник Зарче брзо се збо-гатува. Претпоставувајќи дека тоа е резултат на злоупотребување на манастирските имоти, тие побара-ле сметка од него и се обиделе да го сменат. Но,Зарче, наместо смет-ка , клучевите од манастирот му ги предал на грчкиот владика Мелетиј. Владиката, со помош на властите успеал да го задржи манастирот во свои раце, а заедно со тоа и голе-мите приходи. Неколкуте обиди на охридската општина да го поврати манастирот останале без успех.Охридската општина правото над ма-настирот го правдала со фактот што тој бил изграден од Словен и што ре-чиси сета околија ја отфрлила власта на грчката патријаршија а манасти-рот бил енориски. Патријаршистите пак,сметале дека манастирот е став-ропигиален и, според тоа, со него може да управува само митрополи-тот , односно патријархот, кој бил според нив , единствен поглавар на сите христијани.Подоцна игумен на манастирот ста-нал Стефан Ѓорги по потекло од Албанија со доста солидно грчко об-разование . Тој на тоа место оста-нал долги години и по поделбата на Македонија. Треба да се забележи и тоа дека во манастирот Св. Наум ра-ботело и основно училиште на грчки јазик, посетувано од 20-30 ученици. Сегашната црква ги носи преправ-

Земски рај недопрен од секојдневното сивило

Манастирскиот комплекс Св. Наум

Page 15: АМАК ПРЕС 121

ките, и таа имала форма на впишан крст во квадратно пространство со купола, поставена на 4 столбови. Над нартексот е додадена слична ку-пола со висок тамбур. Гробницата на св. Наум е свртена на југ и е по-себна градба со широка и ниска ку-пола. Постои верување дека и денес во гробот чука срцето на светителот- чудотворец кој ги лекувал болните од различни болести. И денес како некогаш се верува дека во манасти-рот постои чудесна светителска моќ со која болните ја победуваат боле-ста а Св. Наум ги лекува раните. Манастирските ѕидови однад-вор се од делкан камен , а куполи-те се градени исклучиво од тули. За-падната фасада на денешната црква во горниот дел има форма на кал-кан кој завршува со запчест венец. Запчестиот венец продолжува на јужната, односно северната стра-на. Податоците исто така укажува-ат дека капелата со гробот на Наум не е современа со обновувањето на црквата во турскиот период. Изгле-да дека отпрвин таа на јужната стра-на имала мало светилиште пандан на тоа од северната страна.Во црквата не се сочувани најстарите фрески од времето на Наум Охридски. Поновите архео-лошки истражувања не потврдија дека постои сликарство од почето-кот на 10-от век.Во натписот, што се наоѓа над за-падниот влез однатре се спомену-ва дека живописувањето на црквата станало за време на игуменот Стеван во 1806. Тогаш е живописана и капе-лата со Наумовиот гроб. Сета фре-ско декорација е дело на зоографот Трпо, син на зоографот Константин од Корча. Црквата има иконостас из-работен во резба во 1711. Во истата

година зоографот Константин, рабо-ти иконостасни икони - престолни (Исус Христос, Богородица, собор на ангелите и др.) како и празнични меѓу кои се истакнуваат «Распетие Христово» и «Влегувањето во Еру-салим».Иконите од иконостасот на манастирската црква се вбројуваат меѓу најдобрите остварувања од

првата половина на 18 век кај нас. По пожарот од 1802 година, дел од конаците се обновени.Денес карактеристични за манасти-рот се и преубавите пауни кои се до-несени во него, а ги има во изобил-ство. Мнастирскиот комплекс Св. Наум денес е вистинска туристич-ка атракција за бројните посетители

кои уживаат во природните убави-ни на ова волшебно катче кое е како “кристално ѕвоно“недопрено од си-вилото на секојдневието. Се верува дека токму поради божјата убавина која царува на тој простор Св. Наум одлучил својата црква да ја подигне токму тука.

Наша гордост

Page 16: АМАК ПРЕС 121

16

Ако го премотате филмот назад, можете ли да се сетите на ваши-от прв чекор во уметноста. Зош-то одлучивте да бидете сликар? Дали со тоа сакавте да покажете дека нема да дозволите да про-падне фамилијарната професија што вашиот татко легендарниот Вангел Коџоман добро ја поткова, или одлуката беше спонтана? -Поривот, јас така го викам, препо-знатлив како талент се носи од дете и тоа е судбина, велиме. Значи де-терминиран бев од најмали нозе да ја прифатам таа судбинска определ-ба да бидам ликовен творец.

Како и сите други студии, така и оние на Академијата за Ликов-на Уметност траат по 4-5 години. Значеше ли тоа за Вас како за ва-шите колеги дека завршила ли-ковната наобразба,или сакале или не, сте морале и понатака да учите од почитуваниот Вангел.

-Имав привилегија школата од татко ми Вангел за мене да трае подолго, речиси 40 години. Има еден пре-суден момент, кога откако ќе заклу-чите дека ги владеете сликарските техники , останувате сам со своето знаење и со она што треба да го ис-провоцирате во душата за нависти-на да видите кој сте, што сте и на кој правец ќе се приклоните, кој сти-листички израз во ликовната умет-ност најцелисходно ќе ја изрази ва-шата душа, вашата концепција, ва-шите мисли, идеи и теми. Тоа е оној индивидуален печат во творештво-то, созревање што кај мене настапи многу порано токму заради таа шко-ла од мали нозе. Со 20 години јас веќе имав оформено свој стил.

Каков беше учителот Вангел Коџоман, што е она по што ќе го помните на професионален план покрај по врвните уметнички дела и апсолутниот ликовен та-лент?

-Тој беше принципиелен и многу строг човек, необично за еден умет-ник. Беше отворен и веднаш ка-жуваше што чини а што не и нико-му не даваше лажна надеж дека е потенцијален уметник ако не е. Од оваа дестинација целосно ги под-држувам неговите педагошки мето-ди на родител и професор оти со текот на времето ги препознавав неговите мудрости во практиката. Како млад бунтовник честопати без причина знаев да му се спротивста-вувам само за да не биде по негово туку по мое.

Вие ја претставувате втора-та генерација уметници во фамилијата Коџоман а син ви кој го носи дедовото име Вангел тре-тата генерација. Дали денес, кога пред синот ја играте не само тат-ковата туку и професорската уло-га, се гледате себе си како ваши-от татко?

- Може да се каже дека општата кли-ма на педагогија не ми дозволи да ги спроведам нормативите на Ван-гел Коџоман, што значи јас попуш-там десантно и се сообразувам со времето.

За јавноста фамилијата Коџоман е уметничка династија? Ви ласка ли ваквата нота на препознатли-вост?

- Семеен куриозитет ни е потписот на уметничките дела. Во намера да ја избегнеме монотонијата во гра-фолошкиот потпис, јас се потпишу-вам со Милош II Коџоман, а мојот син Вангел кога ќе го оформи својот стил со Коџоман III. Постариот син името го доби по татко ми , а помла-диот, Андон по дедото на мојата со-пруга Лиле.

Од мали нозе ја прифатив судбинската определба да бидам ликовен творец

Милош Коџоман – ликовен уметник

ЛокалЛокалНа кафе со...

Само во своето студио е неприкосновен господар, и естетичар оти тоа за него е негова посебна интима, почитувана од членовите на семејството. “Во душата сум традиционалист, ги почитувам вредностите базично поставени од моите родители“, вели Коџоман

Некои нешта како нарација се појаки од мисла-та, убедувањата или какви било други сугестии да се занима-вам со нешто по-прагматично и практично, па дури тие да се од најблиските

Page 17: АМАК ПРЕС 121

17

На кафе со...

Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобриврски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели,со најниски трошоци.

Како?Не губете го вашето драгоцено време

во размислување!Дозволете тоа да го организираат

експерти и професионалци.

Сè на едно место

ВИС ПОЈ

046 255 600www.vispoj.com.mk

Page 18: АМАК ПРЕС 121

18

Мајско утро, крупни парчиња снег паѓаа до-дека авионот се спушта-ше на московскиот ае-

родром “ Шерметјево“. Вистинска снежна идила во мај. Снежна по-кривка во доцна пролет може да ви-дите само во Русија и на ниедно дру-го место во светот. Москва се наоѓа на надморска височина од 150 – 200 м. па токму поради тоа не беше чуд-но што за ден - два снегот се стопи а воздушната температура го достиг-на 11 степен од Целзиусовата ска-ла односно беше топло исто онолку кога кај нас температурата на воздухот го достигнува 21 степен па за десеттина дена шетање низ Мо-сква добивме бакарна боја на кожа-та како да сме биле на одмор покрај море. И покрај ова,вообичаено сне-гот кој најобилно паѓа во јануари и февруари се топи кон крајот на март. Во Москва климата е континентал-на со топли лета и многу ладни зими. На лето температурите достигнува-ат и над 30 степени а зиме паѓаат и под – 20. Просечната температура

во јануари е -9,3 степени а во јули изнесува 18,1 степен.Москва [m‘skva] е главниот град на Руската федерација а воедно и по-литички, економски, образовен и транспортен центар. Град на бајките кој претставува совршен склоп од традиционалното и модерното вре-ме. Кога си во Москва имаш чув-ство дека времето не се поместило па среде преубавите објекти; Црве-ниот Плоштад, Кремаљ, Баљшој те-атар или бројните цркви со златни куполи имаш чувство дека и сами-от ти си дел од историјата па можеби и играш некоја улога во руски филм, во кој си цар, царица, војсководец или обичен поданик. Во минатото градот бил престолни-на на Царска Русија и главен град на Советскиот Сојуз. Седиштето на Ру-ската Православна Црква исто така се наоѓа во Москва, односно во Све-ти- Даниловиот манастир (Данилов монастырь, Свято- Данилов мона-стырь). Со своите над 10 милиони жители претставува најголем град во Европа.

Градот се наоѓа во средиштето на Источно –европската низина . Низ него тече реката Москва која со пло-вен канал е поврзана со Волга. Со ова (преку опсежен систем на реки , канали, природни и вештачки езера) градот е поврзан по воден пат меѓу другото и со: Балтичко море, Црно Море, Азовско море, Бело море и Касписко езеро (море). Поради ова Москва ја нарекуваат и “Пристаниш-те на пет мориња“.Москва прв пат се споменува во пи-шаните записи од 1147 година како мало гратче .Во 1156 година кнезот Јуриј Долгоракиот ( Юрий Долгору-кий)го изградил првиот ѕид околу градот. Во 1237 – 38 година монгол-ската златна орда го ограбила и запа-лила градот , убивајќи го целото на-селение . Благодарејќи на одличната местоположба градот бил обновен и бргу закрепнал. Ослободувањето на Русија од монголска доминација траело се до 1480 година , кога по Големото стоење на реката Угра (Го-лемата битка на раката Угра), Тата-ро -Монголите се повлекле и засе-

когаш била отфрлена нивната власт над руските територии, а престолни-ната на Русија која многупати била менувана, конечно била префрлена во Москва за подолго време. Подоц-на во 1571 година кримските Татари накратко го зазеле градот и го запа-лиле. Во периодот 1610- 1612 градот бил окупиран од Полско- Литванска-та Држава. Москва престанала да биде ру-ска престолнина во 1703 година, за сметка на Санкт Петербург, но официјално продолжила да се води како главен град и останала ва-жен центар на руската империја. Во 1812 год градот го зазел Наполеон, но претходно бил евакуиран и за-пален од страна на Русите, што во многу придонело за конечната по-беда над францускиот Император кој се нашол отсечен и без довол-но залихи. Во 1905 година била во-ведена функцијата градски управи-тел (Градоначалник). Првиот градо-началник на Москва бил Александар Адрианов.По успехот на Октомвриската

Москва совршен склоп од царското и модерно време

Репортажа

Page 19: АМАК ПРЕС 121

29

револуција, Ленин плашејќи се од странска интервенција Москва по-вторно ја направил главен град, овој пат на Советскиот Сојуз. Комунисти-те за кратко време го смениле лице-то на градот.

Денес, најпознатата туристич-ка атракција во градот е Црвени-от плоштад каде што се лоцира-ни Кремљ, црквата Св. Василиј, ГУМ, мавзолејот на Ленин, Голе-миот Кремљски дворец, комплек-сот цркви во кој верските обре-ди: крштевања, венчавки и погре-би ги вршеле исклучиво членовите на царските семејства. На Црвени-от плоштад има и многу други мали манастири и цркви. Оттука може да се види и најголемиот хотел на све-тот, хотелот “Русија“, како и седиште-то на вселенскиот патријарх - црква-та на Исус Христос. Плоштадот е по-знат и по воените паради кои се од-ржуваа на него во времето на Совет-скиот Сојуз, особено во времето на Сталин. Приказна сама по себе на плоштадот е Мавзолејот на Ленин. И денес како некогаш ќе сретнете московјани кои се поклонуваат пред вечното живеалиште на Ленин, ру-скиот водач чие тело во стаклен ков-чег долу во темнината деноноќно го чуваат 20-ина руски офицери. Ина-ку, покрај Црвен плоштад името на плоштадот „краснаја плошчад“ (ру-ски: красная площадь) оригинално означува убав плоштад. Центарот на градот е склоп на традиционално-то и модерно време. Во преубави-те историски градби на навообича-ен начин вметнати се најубавите и најголеми трговски центри во све-тот. Па по шопингот и набавувањето на некое парче брендирана обле-ка на душа ќе ви “легне“ шолја кафе која во кафуле сместено во првиот ред од плоштадот ќе ја испиете за 12 евра.

Црквата на Христос Спасителот (ру-ски: Храм Христа Спасителя) прет-ставува седиште на Вселенскиот Патријарх на Православната црква. За неа е врзана долга и интерес-на историја. Имено црквата посто-ела сè до 5-ти декември 1931 го-дина кога Лазар Каганович ја сру-шил со цел да изгради огромна град-ба - статуа на Ленин. Но, поради не-достигот на фондови, а и проблеми-те со поплави од околната река, Ни-кита Хрушчов го претворил местото во огромен отворен базен. Но, ори-гиналната скица на црквата била за-чувана и во февруари 1990 година Руската Православна црква добила дозвола за реизградба на храмот, по што во 1992 година се започнало со собирање на пари и со градење во 1994 година. Црквата конечно беше завршена на 19 август 2000 година.Ако одите во Москва немојте да го одминувате “Ломоносов“ најстариот универзитет во Европа, гнездо на илјадници студенти од целиот свет. Огромен комплекс од згра-ди кои имаат по 40 ката а на гор-ниот дел се сместени музејот на фосилни остатоци од пра-животни, музејот на космосот и соѕвездието и музејот од втора-та светска војна. Во подземјето на Ломоносов се наоѓа најголемата библиотека во светот, цело богат-ство од стручна и белетристичка литература е сместено токму тука. Лавиринти во кои ве опкружува-ат книги а за да го најдете излезот ви се потребни минимум 45 мину-ти. Чест и задоволство е да се сту-дира на “Ломоносов“ со оглед на тоа што студентите се избираат по одредени критериуми. Секој нема привилегија да го дофати на-учното волшебство во овој уни-верзитет. Имено тука студираат најдобрите студенти од цел свет. Предавањата се во огромни ам-фитеатри уредени во барок стил

со примеси на длабока строгост која им дава специфична официјалност. Во Москва има огромен број на музеи и ги има од сите типови. Едни од најпознатите и најпосетените се-како се Третјаковската галерија, Пушкинскиот музеј на убави уметно-сти, Политехничкиот музеј и други.Третјаковската галерија е нацио-налното богатство на руската фина уметност, а воедно е и еден од најголемите музеи во светот. Збир-ката на галеријата се состои цело-сно од руска уметност и артисти кои дале придонес кон историјата на руската уметност или биле блиско поврзани со неа. Колекцијата сод-ржи повеќе од 13 0000 дела (слики, скулптури и графика) креирани низ вековите од неколку последовател-ни генерации на руски уметници.Пушкинскиот музеј на фини умет-ности содржи милиони предмети и уметнички дела од Древниот Еги-пет, Грција, Рим, Асирија и Вавилон. А во посебен дел е сместена и голе-ма колекција од европски дела од: Ван Гог, Матиз, Пикасо, Сезан, Моне, Кандински, Реноар и други.Вистинско доживување е да се оди на опера или балет во Баљшој те-атар. Стара градба која фасцинира со својата убавина,од внатрешноста целата обвиткана во кадифе и зла-то. Уште поголемо е доживувањето да го гледате балетот “Пикова дама“ знаејќи дека сте опкружени со луѓе облечени во скапи тоалети и смо-кинзи. А по завршувањето на прет-ставата меѓу публиката забележу-вате 100 годишен старец кој ги “на-шминкал“ годините со раскошната облека и страсно ја раскажува при-казната за старата Москва. И покрај големиот пад на бројот на население во Русија (над 700.000

годишно) поради мал наталитет, бројот на жители во Москва беле-жи голем раст. Ова најмногу се дол-жи на големата миграција која про-должува и покрај тоа што за лега-лен престој во градот подолг од 90 дена е потребна специјална дозво-ла. Емигрантите најмногу се привле-чени од големиот економски пораст на економијата на Москва која во последниве години бележи годишен раст од околу 20%.Денес во самиот град живеат над 10 милиони жители (10.415.000 проекција-2005). Во целата метро-политенска област живеат околу 14.440.000 жители, а вкупното насе-ление на московскиот администра-тивен округ изнесува над 17 мили-они. Во овие бројки не се вклучени проценките за оние кои во Москва престојуваат нелегално. Овие про-ценки многу варираат од извор до извор, но во секој случај бројката не е занемарлива и изнесува неколку милиони (најголем дел живеат во са-миот град).Во Москва практично можат да се најдат припадници на скоро сите ет-нички групи во светот.Според пописот од 1994 најзастапени се:Руси - 90,5% ; Укра-инци - 2,4% ; Татари - 1,9% ; Евреи - 1,5% ; Белоруси - 0,7% ; Ерменци - 0,7% ; Полјаци - 0,1% ; останати - 2,2%Москва има 5 аеродроми за циви-лен авиосообраќај: Меѓународен Аеродром Шереметјево( Меж-дународный аэропорт Шереме-тьево); Меѓународен Аеродром Домодедово;Меѓународен Аеро-дром Внуково ( Аэропорт Внуково); Меѓународен Аеродром Остафиево (Аэропорт Остафьево) и Аеродром Биково (эропорт Быково) Шереметјево е најзначаен аеро-

Најголема туристичка атракција - Црве-ниот Плоштад

Црквата ‘‘Св. Исус Спаси-тел‘‘ седиште на Вселенски-от патријарх на Православна-та Црква

Репортажа

Page 20: АМАК ПРЕС 121

20

дром во Москва иако не и најголем по обем на сообраќај. Тој е најголем аеродром по обем на меѓународен сообраќај и е влезна точка за најголем дел од туристите што ја по-сетуваат Москва. Пуштен е во упо-треба во 1960 година а термина-лот Шереметјево-1 е отворен во 1964. За потребите на мо-сковската Олимпијада беше пуштен во употреба терми-налот Шереметјево-2 на 1 јануари 1980. Во моментов поради преоптовареност на постојната инфраструктура, во тек е изградба на трет тер-минал со планови и за четврт во иднина. Иако нивото на сообраќај е далеку под ниво-то од времето на СССР, растот е голем и се очекува наско-ро да се достигнат и надми-нат бројките од тоа време. Во 2005 е забележан сообраќај од 12.174.000 патници.Домодедово во моментов е најголем московски аеро-дром и опслужува околу 14 милиони патници годишно, но по бројот на патници во меѓународниот сообраќај за-останува зад Шереметјево. Аеродромот бил отворен за сообраќај во 1965 година.Внуково е пуштен во употре-ба во 1941 поради преопто-вареност на дотогашниот мо-сковски аеродром на Ходин-ское Поле. Наскоро, со поче-токот на Втората Светска Војна е претворен во воен аеродром. По војната повторно претставува гла-вен московски аеродром сè до шее-сеттите години од минатиот век кога го губи приматот. Денеска постојат амбициозни планови за обнова и проширување на аеродромот со цел до крајот на деценијава да опслужу-ва и над 20 милиони патници годиш-но. Московското метро е еден од мно-гуте препознатливи симболи на гра-дот. Метрото е едно од најголемите и секако најубавото во светот. Пуште-

но е во употреба на 15 мај 1935. Де-нес има 171 станица на 12 линии со вкупна должина од 278,3 km. Днев-но превезува просечно 8,8 милио-ни патници. Во работни денови оваа бројка изнесува и над 10,5 милио-ни. Заштитен знак му се преубавите

станици во центарот на градот, кои повеќе наликуваат на уметнички га-лерии отколку на метро -станици.Второто метро иако официјално не се признава, јавна тајна е дека во Москва постои уште една линија на подземната железница која е под во-ена управа и се наоѓа на значително поголема длабочина од главниот си-стем. Ги поврзува Кремљ, Министер-ството за одбрана, Љубјанка, и дру-ги важни објекти. Покрај другото се смета дека е наменето за евакуација на клучниот персонал од градот во

случај на нуклеарен напад.Покрај метрото исто така постои опсежен систем на автобуски, трамвајски и тролејбуски линии, кои го надополнуваат и обезбедува-ат нормалниот сообраќаен тек и им овозможуваат на жителите од гра-

дот да функционираат потпирајќи се исклучиво на јавниот превоз.Со предградијата и подмосковјето ефикасна и евтина комуникација е овозможена со помош на локал-на железница, популарно наречена електричка.Московскиот „Монорејл“ е пуштен во употреба за патници во 2005 го-дина (2004 пробно). Засега има една линија во должина од 4,7 km и 6 ста-ници.Такси превозот е на пониско ниво од останатите сегменти на јавниот пре-

воз. Препорачливо е туристите да го избегнуваат заради честите измами од страна на таксистите.Москва претставува и главен руски железнички јазол. Меѓу бројните линии кои се шират од градот се-како најпозната е Транс -сибирска-

та линија која тргнува од Мо-сква, оди преку Сибир (по це-лата должина на Азија) и завр-шува во Владивосток. Должи-ната изнесува 9 288km. На да-лечниот исток има неколку гранки меѓу кој најважната е за Пекинг. Покрај нејзиното стра-тешко значење за Русија, таа претставува и вистински маг-нет за авантуристички настро-ени туристи. Возовите на оваа линија најмногу тргнуваат од „Јарославската станица“.Во 1980 година Москва беше домаќин на XXII летни Олимпи-ски игри.Во 1991год во градот беше из-вршен обид за воен удар од страна на тврдокорните кому-нистички генерали против то-гашниот претседател на Полит-бирото, Михаил Горбачов. Уда-рот беше неуспешен и подоц-на таа година Советскиот Сојуз официјално се растури. По рас-падот на СССР Москва остана главен град, овој пат на Руска-та Федерација. Во 1993 градот повторно западна во неизвес-ност кога тогашниот претседа-тел на државата Борис Елцин, во политичка борба ја злоупо-

треби власта и го распушти парла-ментот. Следеше неочекуван отпор од народните избраници, но со по-мош на нему лојални елементи во армијата кои го гранатираа и зазе-доа парламентот (московскиот Бела дом) Елцин изврши преврат и воспо-стави мека диктатура. По финанси-ската криза од 1998 година Москва бргу се развива и денес е еден од најдинамичните градови во светот.

Секој нема привилегија да биде студент на Ломоносов

Рај на уметнички дела - Московското метро

Баљшој театар - најстариот театар во Европа

Репортажа

Page 21: АМАК ПРЕС 121

21

Наша гордост

Page 22: АМАК ПРЕС 121

22

Прашање: Имам 64 години и веќе неколку дена чувствував силни болки во појасот од десната страна на те-лото. Болките беа неиздржливи а бидејќи пред три години ми беше пронајдено камче од таа страна во бу-брегот мојот матичен лекар се посомнева дека пак се работи за “напад на бубрези“ и ми ординира инјекции и инфузии. Но, и покрај силната терапија болките незначително се смируваа. Едно утро на местото каде чувствував болка забележав црвена линија посипана со ситни меури, тој простор незначително ме печеше. Матичниот лекар ме прати на дерматолог кој ми постави дијагноза: herpes zoster lumbalis и ми назначи со-сема друга терапија. Признавам дека малку сум збунета, па ме интересира од што практично јас боледу-вам.

Одговор: Од анамнестичките податоци што ги дават, сигурно се работи за herpes zoster и со назначената терапија болеста ќе се санира. За појаснување на болеста која често започнува со силни болки кои можат да го “заведат“ ле-карот и да имитира било која друга болест како што кај вас е случај (бубрежна колика ). Ќе речам дека herpes zoster е втора инфекција со varicebla- zoster вирус со еднострано или двострано зафаќање ( најчесто е унилатерално) на еден или повеќе кожно- нервни сегменти и се одликува со болни, групирани везикули на еритемна основа.Zosterot е широко распространета и спорадична болест. Се јавува кај возрасни луѓе меѓу 50 –та и 70-та година и остава доживотен имунитет. Првата инфекција од погоре споменатиот вирус сте ја имале во детството кога сте прележале овчи сипаници (varicella) и оваа ви е втора инфекција од истиот вирус кога боледувате од zoster. Втората инфекција настанува во случај кога прележувањето на првата инфекција остава нецелосен, делумен имунитет или има заостанување на ла-тентни вируси во организмот.Инкубацијата на инфекцијата трае од 7 до 18 дена со некарактеристични симптоми (истоштеност, замор,невралгични болки) и на остро ограничен еритем се развиваат ситни ( како главичка од шпенадла до зрно ориз) бистри, напнати, перловидни везикули. Избивањето на меурчињата завршува во тек на 2-3 дена а целосното заздравување се одвива за 2-3 недели , обично ако се следат инструкциите од дерматологот без никакви последици (лузни).Zoster инфекцијата може да го зафати било кој нервен сегмент а не е редок и на вратот, лицето и главата. Клинич-ката слика е доволно карактеристична за поставување сигурна дијагноза а терапијата се заснова на апликација на вирусостатици (TB2. ACICLOVIR),витамини од B групата, аналгетици за невралгиите (болките) и локална ТН за засушување на меурчињата.

HERPES ZOSTER ИЛИ ПОЈАСНА РОЗА

примариус д-р.Виолета Павлоскаспец. дерматовене-ролог

Прашање:По осум години макотрпно лекување , плаќање прескапи терапии и купување лажна надеж, оста-нав бремена на моите 38 години. Бременоста ми е вонматерична. Ве молам кажете ми колку е ризична оваа бременост за моето дете и за мене?

Одговор: Вонматеричната бременост претставува многу сериозна компликација на бременоста и потенцијален медицински итен случај. Ова е од причина што оплодената јајце клетка се всадила вон матката и може да преди-звика животно загрозувачко крвавење кое мора веднаш да се спречи. Секогаш кога ќе се постави дијагноза на вон-матерична бременост случајот мора брзо да се реши или по пат на мала операција или конзервативно со инјекции, се со цел да се спречи можно изненадувачко и животно загрозувачко крвавење од местото каде е вонматеричната бременост. Најчесто местото на всадување е во тубите, на јајникот, грлото на матката или во стомакот. На вонмате-ричната бременост отпаѓаат околу 2% од сите бремености. Најчестата причина за всадување во тубите е инфекција која ги оштетила ситните ресици на епителот од тубите а кои се задолжени да го пренесат оплоденото јајце од јајникот до матката. Во зависност каде има недостаток на ресици на тоа место во тубата ќе застане пренесувањето на јајце клетката. Најважна работа што треба да се знае е дека факторот кој довел до оштетување на едната туба може да ја оштетил и другата туба. Поради тоа секоја рана бременост во иднина треба да се проверува додека не се докаже дека бременоста е во ред.

ВОНМАТЕРИЧНАТА БРЕМЕНОСТ – ПОТЕНЦИЈАЛЕН МЕДИЦИНСКИ ИТЕН СЛУЧАЈ

спец. д-р. Иво Захари-евскигинеколог

ЛокалЛокалПрашање-одговор

Page 23: АМАК ПРЕС 121

23

спец.д-р. Анче Киселиноваочен лекар

Прашање: Имам 22 години а дијагностицирана ми е очната болест инсуфициенција на конвергенција, како настанува и како се лечи оваа болест?

Одговор: За да се објасни поимот инсуфициенција на конвергенција треба да се знае што е тоа ди-вергентен страбизам или отклонување на окото кон надвор(темпорално).Тоа е моторна аномалија која резултира со водоравно отклонување на очното јаболко кон надвор најчесто врзано со рефрак-циска аномалија од помал степен ;мала миопија или хиперметропија. Видната острина најчесто е до-бра но некогаш постои мала слабо видност .Во најголем дел од дивергентните страбизми битен фак-тор е дефицитарната способност за конвергенција (инсуфициенција на конвергенција)која е изразе-но отежната или воопшто не постои. По правило не постои тешка слабо видност а во бинокуларниот вид присутна е нормална коресподенција на мрежницата.Ортоптичкото лечење се состои од решавање на корекцијата со очила.Ако се работи за хиперметропија се дава што помала корекција бидејќи е потребен одреден акомодациски на-пор за да се поттикне слабата конвергенција. Миопските грешки треба да се решат потполно. Во основа треба да се избегнува оклузија(затворање на окото)бидејќи страбизмот може да се зголе-ми. Треба да се прават вежби на конвергенција секој ден во домашни услови. Вежбата се состои во следното;фиксациски објект (прст,молив)се приближува од средна оддалеченост до пред врвот на носот со тоа да очите бинокуларно го фиксираат објектот односно да се појако конвергираат .Постојат и специјални конвергенциски вежби на синоптофор кои се изведуваат во ортооптички ка-бинет. Може да се препишуваат и призми со чија корекција се создава орто - положба и на тој на-чин се олеснуваат вежбите. Оперативна корекција се врши само во случај да нема способност за конвергенција, кога окото практично не ја преоѓа медијалната линија и постои многу лош козметич-ки впечаток.

ИНСУФИЦИЕНЦИЈА НА КОНВЕРГЕНЦИЈА

Прашање: Имам 55 години а на мојата висина од 1 метро и 70 сантиметри одржував те-жина од 70 килограми. Последниве 2-3 години мојата телесна тежина константно опаѓа иако редовно јадам. Значи не сум променила ништо во начинот на исхрана, па можеби јадам и внесувам повеќе хранливи продукти од порано. Од денешен аспект, мислам дека сум многу слаба за мојата висина? Ве молам објаснете ми зошто слабеам ?

Одговор: Прашањето на госпоѓата дека во последните 2-3 години константно слабеела не е конкретизирано затоа што таа не посочува колку килограми точно изгубила. Слабеењето може да биде физиолошко независно што не е променет начинот на исхрана. За поголема сигур-ност и правилно дијагностицирање на причинителите мора да се направат комплетни анализи почнувајќи од гинеколошки преглед, па комплетна лабораториска анализа. Врз основа на резул-татите може да се утврди дали станува збор за висок или низок шеќер во крвта или не балансира-но лачење на тироксин во тироидната жлезда. Нашето подрачје е ендемично и познато по про-мените на тироидната жлезда. Неконтролираната работа на оваа жлезда се манифестира со не-рвоза, трпки по телото и расеаност. Некои пациенти кои имаат проблеми со тироидната жлезда губат а други накачуваат на тежина, зависно од тоа дали станува збор за хипо или хипер тирои-дизам, односно дали повеќе или помалку се излачуваат хормони.

ПОВЕЌЕ ПРИЧИНИТЕЛИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА

д-р. Трпко Угриноски спец. по општа меди-цина

ЛокалЛокалПрашање-одговор

Page 24: АМАК ПРЕС 121

28

definitivno www.don.com.mk

Page 25: АМАК ПРЕС 121

25

Патот до совршена фигура не секогаш не води низ фитнес – салите, спортските терени, потењето. Можете да ослабите и да го затегнете телото и додека ја чистите куќата, се возите за автобус, шопингувате... Ви откриваме неколку трикови за секојдневно вежбање без мака.

*Шопинг без грижа на совеста

Од секогаш знаевте дека купувањето е прекрасно, но дали знаете дека со шопингувањето постигнувате фит изглед?-Носењето тешки кеси е одличен тренинг за рацете и грбните мускули. Со таквите “тегови“ веќе по 15 минути согорувањето на калориите е гаранти-

рано. А кога ќе стигнете дома, немојте веднаш да ги спуштате, туку уште неколку пати кревајте ги горе- долу. -Купете си куче, па со него шетајте. Одењето е сосема пристоен тренинг, а со куче-то ќе морате многу да се движите. -Садењето цвеќе е идеален тренинг. Купете нови садници, земја и почнете со уредување на балконот или градината. Додека работите околу цвеќето, ќе ги акти-вирате мускулите на нозете

*Бакнежи и секс

Бакнувајте се често! Кога се бакнуваме, согоруваме околу 15 калории во минута. Освен тоа, за време на оваа активност се активираат 30 мускули на лицето, што е одличен третман про-тив стареење- Ако не сте расположени за трчање концентрирајте се на спортот во кревет. Половина час

страствен секс согорува 550 калории.

*Сурфање во автобусНемојте да седите во автобус, подобро е да стоите и да не се држите за држачи-те, бидејќи така ќе бидете принудени да ја одржувате рамнотежата и да ги трени-рате мускулите на нозете.- Заборавете на лифтовите и подвижните скали! Качувањето по ска-ли ја придвижува циркулацијата , ја подобрува кондицијата и ги обликува нозете, особено листовите. Ако спаѓате во групата на ептен големи “мрзкивци“, за почеток само симнувајте се по скали, бидејќи и на тој начин ќе добиете добри резултати.

Фитнес за мрзливцитеДали спортот ве асоцира на мачење? Сепак, мора да се активирате за да ја средите фигурата...Постои решение!

Здрав живот

Page 26: АМАК ПРЕС 121

26

Здрав живот

*Домаќински работи

Зошто да се потите на напорните тренинзи кога можете да ослабите и да го затегнете телото додека готвите, пеглате, чистите и извршувате многу други работи дома- Додека поминувате со правосмукалка, губите 200 калории

и идеално ги обликувате нозете (постојано ги виткате колената и ги затегате бутовите),што е еднакво на лесно чекорење, тврди познатиот фитнес- тренер Дејвид Кирш, кој вежба со Хајди Клум.- За 45 минути готвење губите околу 100 калории. Движењето во кујната може да се спореди со трчање со пречки, бидејќи и во двата случаи телото е под напор и притисок.- 30 минути пеглање заменува вежбање на машина за раце во фитнес- студио.

*Јога во бањата

Послужете се со мал трик за скратен јога тренинг: нау-тро, додека ги миете забите, кренете ја едната нога и ставете ја на коленото на другата, а при тоа опуштено дишете. По една минута сменете ја позицијата на но-

зете. Ова е идеална вежба за одржување на рамнотежата, а ги тренира и мускулите н нозете- Разговарате со другарка по телефон? Додека го правите тоа, чекорете низ собата и кревајте ја ед-ната, па другата нога, и вртете се. Едноставно,правете ги сите вежби на кои ќе помислите, додека разговарате за се и сешто. Вежбањето никогаш нема да ви биде полесно!

Page 27: АМАК ПРЕС 121

27

Page 28: АМАК ПРЕС 121

32

Спорт