АМАК ПРЕС 122

32
АМАК ПРЕС ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 122, Мај 2010, Бесплатен примерок СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ... Конечно лето за охридската економија!

Upload: alankaou

Post on 27-Mar-2016

274 views

Category:

Documents


11 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

Page 1: АМАК ПРЕС 122

АМАК ПРЕС

ОХРИДСКИ НОВИНИБрој 122, Мај 2010, Бесплатен примерок

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

Конечно лето за охридската економија!

Page 2: АМАК ПРЕС 122

2

Page 3: АМАК ПРЕС 122

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот

Тел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]

За издавачот:Венко Шапкар - Генерален директор;

Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска [email protected]

Технички уредник: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска

Веб уредник: Алан Каоуфото:

Александар Ковачески Томислав Кипријанов

Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318Петруш Јовески 075/ 476-158

Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

3

Збор на уредникот

Деновиве имам посебна причина да бидам среќна и горда што сум уредник на АМАК ПРЕС- ОХРИДСКИ НОВИНИ . Имено, според последните истражувања и анкети направени на пазарот овој месечник е најчитаниот весник во Охридско –струшкиот регион. Тоа значи дека охриѓани и стружани се одлучиле за него наместо за другите национални весници и списанија кои излегуваат во продаж-ба. Круна на моето задоволство беше и неодамнешната информација која стиг-на до нашата редакција а во која се вели дека дел од содржините од овој меди-ум ќе бидат објавени во монографијата која ќе се издава по повод јубилејното 50-то издание на меѓународната културна манифестација “Охридско Лето“. “Одлучивме во монографијата која е подготвена по повод 50 –от роденден на“ Охридско Лето“ да учествувате и Вие. Во конкуренција влегоа сите печате-ни медиуми од Македонија кои известувале за оваа манифестација и одлуката падна токму на Вас, ценејќи го квалитетот на напишаното од Ваша страна“, ова се дел од зборовите напишани во образложението што го добивме од Управни-от Одбор на “Охридско Лето“ од Скопје.Заслугата за постигнатиот успех не е само моја туку и на тимот од информа-тивната и техничка редакција што работи со мене. Огромна благодарност за успехот упатуваме до основачот и издавачот на АМАК ПРЕС –Охридски Нови-ни, господинот Венко Шапкар кој веќе седум години финансиски го поддржу-ва овој медиум и како сопственик на истиот со својот коректен и фер однос ни овозможува објективно и слободно реализирање на новинарската професија , притоа во ниту еден момент не мешајќи се во уредувачката политика на вес-никот. Задоволни со постигнатиот успех Ве оставаме со најновото издание на “Охридските Новини“ ветувајќи Ви уште многу други квалитетни разработе-ни теми за случки и настани од Охрид кои како такви се актуелни и интерес-ни и утре и по еден месец, година, десет години затоа што се обележје на гра-дов за на век .

Горда ме прави овој медиум

Ангела Белевска[email protected]

Редовни рубрики:Наш ОхридНаши бизнисмениОбразованиеРепортажаВи најавуваме...Чест ни е...Охридски легендиНаша гордостАктуелноПрашање-одговор (вие прашу-вате, стручњаци одговараат)Здрав живот Спорт

Page 4: АМАК ПРЕС 122

4

Наш Охрид

Туристите ќе протрчаат низ земјава

Според процените, година-ва низ земјава ќе минат од 3 до 3,5 милиони транзитни туристи, но нема организи-

рана понуда што ќе ги привлече да ги видат природните богатстваАвтопатот од Куманово до Гевгелија во должина од 180 километри тран-зитните туристи низ Македонија го минуваат за три часа. Толку време имаат да ја видат земјава низ ста-клото на автомобилот или автобу-сот, бидејќи нема туристичка пону-да за да ги задржи. Така освен из-дувните гасови од превозните сред-ства и сметот што патниците го оста-ваат попатно, немаме никаков ќар од милионите туристи што ја прет-рчуваат земјава и не оставаат ниту едно евро.

Напротив, трошиме повеќе за да ги исчистиме остатоците од реката го-сти, кои само минуваат по автопатот. Понудата за туристите да потрошат некое евро, а тоа да не биде услуга за санитарен јазол или полнење го-риво, е никаква.

“Возачите мора да застанат да купат бензин и тоа е единствената при-чина зошто тие ќе сопрат некаде. Нема организирана понуда или ту-ристички бироа што ќе ги привле-чат туристите да видат дел до при-родните богатства или убавини на Македонија, кои се лоцирани во близина на автопатот. За жал, така не можеме да очекуваме девизен прилив, а касата ќе остане празна“ , вели туристички работник од Велес.

Процените се дека оваа година низ земјава ќе минат меѓу 3 до 3,5 ми-лиони транзитни туристи, сите тие да остават по едно евро, за толку ќе се збогати државната каса. Во спо-редба со лани, земјава ја посети-ле 587.770 туристи, од нив, 259.204 биле странци, а забележани се вкуп-но 2.101.606 ноќевања. Во најголем дел автопатот се простира низ Вар-дарскиот регион, кој неодамна од Бирото за регионален развој доби 19 милиони денари за развој на транзитниот туризам.

“ При подготовка на овој проект дојдовме до сознанија дека година-ва низ Македонија ќе транзитира-ат 3 до 3,5 милиони туристи. Од нив остануваат издувните гасови и отпа-дот, кој треба сами да го исчистиме. Затоа целта на парите што ги добив-ме е да ја збогатиме понудата и да утврдиме 12 локации по должина на автопатот каде што ќе се постават инфо- точки. Треба да се изработат урбанистички проекти, потоа пре-ку анимирање на приватниот сек-тор да се изградат тие точки. Цел-та е да запрат туристите, да поглед-нат и останат, пробаат нешто од ма-кедонската туристичка понуда“,вели Александар Бузалков, директор на Вардарски плански регион.

Тој објаснува дека подготвуваат билборди, брошури, знаци за да се приближи понудата до транзитни-те туристи. Од обилното природ-но и културно- историско наслед-ство во Вардарскиот регион, особе-

но се издвојуваат природниот ре-зерват Тиквешко Езеро, споменикот на природата „Демир Капија“ и архе-олошкиот локалитет „Стоби“, а зна-чаен ресурс за развој е винскиот ту-ризам. Регионот има потенцијал за развивање планински туризам пре-ку изградба на ски -центарот Кожуф. Од водените ресурси, застапени се долните теченија на реките Вар-дар, Црна Река, Брегалница, Бабуна и на Тополка, водните акумулации „Тиквеш“ и „Младост“. Најголем дел од гостите кои за некоја недела ќе почнат да транзитираат се Срби. По визната либерализација тие масов-но ќе тргнат на годишен одмор кон Грција и Турција, но ќе нема каде попатно да ги остават парите. Нови-от српски амбасадор во Македонија изрази надеж дека ќе се најде начин каде српските туристи да се одмо-рат од долгиот пат.

- Ако лани минале еден милион ту-ристи до Србија, годинава се очеку-ва тоа да бидат два милиони Срби. За жал, освен бензински пумпи, дру-га понуда нема. Затоа ќе треба да се поработи туристите да ги видат ва-шите убавини и богатства - вели То-мислав Ѓурин, амбасадор на Србија во Македонија.

Освен Срби, летово низ земјава тра-диционално ќе минат и туристи од Унгарија, Словачка, Полска, Чешка, кои ќе летуваат на егејскиот брег. За приближување на туристите кон Ка-вадарци, кој е во близина на авто-патот Куманово- Гевгелија, општи-

ната ќе ги промовира туристички-те потенцијали, со печатење брошу-ри за алтернативен туризам во Тик-вешкиот регион. Најзначајниот спо-меник на оваа релација е археолош-киот локалитет Стоби. За пет месеци лани го посетиле три илјади посети-тели, најголем број странци кои пла-тиле по две евра влезница.

“ Но, за да се дојде до Стоби про-блем е патната сигнализација“,вели директорката на културната устано-ва, Силвана Блажевска.

Слична е состојбата и со приодните патишта до велешкото езеро „Мла-дост“. Поради ова, сопствениците на неколкуте угостителски објекти лоцирани покрај брегот апелира-ат да се обезбеди приод до езеро-то. Од локалната власт одговорот е дека за ваква инвестиција е по-требно во неа да учествуваат и соп-ствениците, бидејќи тие ќе го со-берат ќарот. Еден од капиталните објекти покрај автопатот беше хо-телот „Македонија“, лоциран во сре-дината од неговата должина и тука најчесто паузираа туристите, а кам-пингот покрај реката Вардар беше идеален за непланиран одмор. Но, тој иако со нов сопственик, не ра-боти три години, толку време се ре-новира. И годинава хотелот нема да биде во можност да ги прими гости-те бидејќи работите се' уште не се завршени.

Тоне македонскиот а не охридскиот туризам

Page 5: АМАК ПРЕС 122

5

Наш Охрид

Градоначалникот на Охрид Александар Пе-трески е оптимист за претстојната лет-на туристичка сезона. Тој верува дека ова лето во градов ќе има многу повеќе гости

во однос на претходните години. Бенефит од ту-ристичкиот промет кој ќе се оствари годинава ќе имаат најмногу граѓаните кои живеат од тури-стичкото стопанство, вели Петрески..

Како и секоја година, така и оваа, проблем прет-ставуваат високите цени на угостителските услу-ги, поради што во Охрид секоја година се нама-лува туристичката посетеност. Петрески оства-рил повеќе средби со угостителските чинители при што апелира да се намалат цените на про-изводите кои тие ги нудат во своите објекти.«Во рамките на нашите ингеренции, ги намалив-ме општинските даноци за остварување на тури-стичката дејност на најниско ниво, но не може-ме да влијаеме врз политиката на централаната власт во однос на развојот на туризмот» - рече тој.

Петрески упатува апел до надлежните институ-

ции во Владата на Република Македонија под итно да преземат мерки за реконструкција на патот Охрид - Скопје, за да се олесни туристич-ката комуникација меѓу двата града. «Проблем претставува и авионскиот сообраќај. Владата наместо да инвестира средства во споменици, нека го финансира авионскиот сообраќајот во Охрид, за неделно да имаме по неколку слетувања од Љубљана, Загреб, Франк-фурт и од останатите европски дестинации»- вели градоначалникот.

Туристичката сезона е на прагот. Останува да се види дали ќе се исполнат овие прогнози за уште едно успешно лето на Охридското Езеро.

Петрески, оптимист за претстојната туристичка сезона

Охрид е добитник на наградата «Злат-на чаша за гостопримство» која беше доделена неодамна во Белград, во рамките на манифестацијата «Ту-

ристички Оскар - златно туристичко срце на Југоисточна Европа». Оваа награда на Охрид му ја додели меѓународното стручно жири на манифестацијата «Sacien internacional», која во текот на 2009 година вршеше оценка на ту-ристичката дејност на земјите од регионот на Југоисточна Европа.

Според градоначалникот на Охрид Александар Петрески , оваа значајна награда е признание за сите субјекти во туризмот, вклучувајќи ги локал-ната самоуправа и граѓаните. Наградата прет-ставува поттик за уште подобра понатамошна

туристичка презентација и развој на оваа најзначајна стопанска гранка во Охрид. «Добивме туристички оскар за југоисточна Европа, златно туристич-ко сонце. Наградата се вика златна чаша на гостољубието за 2009 година. Во конкуренција за оваа награда беа повеќе држави, Турција, Романија, Бугарија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Австрија, Албанија, Кипар, Тунис, Малта и Грција. Членовите на здружението «SACEN», пра-ват патроли за случувањата во градови-те во текот на минатата година и за 2009 година на Охрид му припадна честа да се здобие со ваква престижна награда» - ис-такна Петрески

Охрид, добитник на “Златна чаша за гостопримство”

Page 6: АМАК ПРЕС 122

6

Наш Охрид

Инвеститорите и граѓаните што плани-раат да градат станбени или деловни објекти во Охрид од средината на мај ќе плаќаат повисоки комуналии за око-

лу 30 отсто. Општинскиот совет треба да ја усвои Програмата за наплата на надомест за градежно земјиште, која ги предвидува овие измени.

“Зголемувањето ќе биде најголемо во првата гра-дежна зона, во централното градско подрачје. Сега комуналиите што се плаќаат во Охрид се движат од 1 280 до 10 850 денари за квадрат“, вели началникот на Секторот за урбанизам при Општина Охрид, Бранко Арнаудов. Според Арна-удов зголемувањето на комуналиите е резултат

на зголемувањето на производната и на продаж-ната цена на станбениот квадрат во Охрид.

“Последната програма за уредување на градеж-ното земјиште во Охрид е донесена во 1997 годи-на, кога производната цена беше 250 до 300 евра за квадрат. Денес просечната производна вред-ност е 350 до 400 евра за еден квадратен метар, а продажната цена од 800 до 1 500 евра“, нагласу-ва Арнаудов.

Градоначалникот на Охрид најави и измени во зоните на градба.“ Населбата Рача и селото Пештани се третира-ат како рурални населби. Овие две населени ме-ста сега се многу атрактивни за градба и тре-ба да влезат во првата зона за комуналии. Ќе има зголемување на цените за колективна град-ба, а цените за комуналиите на семејните објекти најверојатно ќе останат исти“, вели градоначал-никот Александар Петрески. Сегашните цени на комуналиите во центарот на Охрид се движат од 80 евра за колектив-ни објекти, 120 евра за деловни објекти и околу 2.000 денари за индивидуални семејни објекти за квадратен метар.

Ќе поскапат комуналиите за градба во Охрид

Конечно стапува во сила одлуката со која ќе се рушат сите дивоград-би во Охрид. Рушењето на нелегално подигнатите објекти беше најавено да започне во септември минатата година, но правната рамка за рушење е донесена деновиве.

“Неодамна од страна на извршителите е потпишан договорот кој што беше на тендер. Тендерот беше добиен од страна на скопска фирма. Моментал-но се прават списоци кои објекти треба да се рушат , настојуваме да го по-годиме тајмингот – времето за рушење, затоа што минатата година дел од локалните советниците беа против тоа да се руши во периодот на летната сезона. Но сега нема ништо да не попречи во намерите, ќе го срамниме до земја секој нелегално подигнат објект“, ни изјави раководителот на кому-налниот инспекторат, Танас Танаскоски, додавајќи дека со рушење ќе се за-почне деновиве.До комуналниот инспекторат поднесени се над 100 кривични пријави за подигнати дивоградби. За сопствениците на нелегалните објекти сле-дат 3-4 санкции и тоа : парични казни во износ над 20 000 евра, рушење на дивоградбата, затворска казна за сопственикот па дури и одземање на земјиштето. “Стариот дел на градот посебно ќе го заштитуваме и посебно ќе бидеме внимателни таму. Во тој дел од градов ќе преземеме активности по прет-ходна координација со Заводот за заштита на спомениците. Се она што од наша и нивна страна ќе биде забележано како дивоградба ќе биде веднаш рушено“, изјави за августовското издание на Охридските новини, (а по по-вод најавата дека од септември ќе се рушат дивоградбите во Охрид)гра-доначалникот Александар Петрески.Во стариот дел на Охрид, законски највисоките објекти имаат приземје и

два ката (П + 2), а таму каде косината на теренот е поголема, куќите има-ат само приземје и кат (П + 1). Според стариот и новиот урбанистички план има строга забрана за подигања поткровја.

Конечно, ќе се рушат дивоградбите во ОхридЗадоцнето но не заборавено

Page 7: АМАК ПРЕС 122

7

Наш Охрид

Page 8: АМАК ПРЕС 122

8

Американскиот амбаса-дор Филип Рикер неодам-на ја посети реномирана-та компанија АМАК СП во

Охрид. Тој пројави интерес одблизу да ги согледа проблемите со кои се соочува АМАК СП во последните го-дини.«Навистина сум задоволен по по-сетата на реномираната компанија

АМАК СП. Бев заинтересиран да ги слушнам проблемите и предизви-ците со кои се соочува компанијата, лично од генералниот директорот Венко Шапкар. Очигледно, светското производство и светската економија доведоа до пад во работата и произ-водството во целата заедница. Затоа мора да се движиме во нови прав-ци во производството на нови про-

изводи. Секогаш кога ќе го ставам појасот на седиштето во моето воз-ило се присетувам на АМАК СП и на квалитетните производи кои се про-изведуваат во овој надалеку познат производствен капацитет. Глобална-та економија бележи раст, но маке-донската економија е слаба. Не мо-рам јас тоа да го кажам, тоа го чув-ствува секој Македонец. Многу е важно да се гледа во иднина како да се интегрира економијата во 21-от век. Секако, за тоа многу е важ-но зачленувањето на Македонија во Европската Унија»,истакна амбаса-дорот Рикер додавајќи дека АМАК СП е компанија која поседува огро-мен производствен капацитет, не само во автомобилската индустрија туку и во производството на други производи. Првиот човек на компанијата, Венко Шапкар, изрази големо задоволство од посетата на амбасадорот, затоа што АМАК СП и понатаму останува најголема американска инвестиција во Македонија. Тој изрази надеж дека во иднина ќе се зголеми под-дршката на американската амбаса-да и на македонско - американска-та стопанска комора за компанијата. «АМАК СП е се уште најголемата

американска инвестиција во Македонија, со долгогодишна традиција и во последните 2-3 го-дини на криза, мислам дека сека-ко беше ред американската амба-сада да се заинтересира и да ги до-знае проблемите и да видиме дали може на некој начин да се помогне во надминувањето на моментална-та ситуација и АМАК СП повторно да се врати во помирни и побезбедни води. Должност на секој амбасадор е да се грижи за економската состојба во земјата во која се наоѓа, посебно за компаниите кои што се наоѓаат во неговиот регион. Токму затоа и беше остварена оваа посета и јас се наде-вам дека по сите информации кои што ги разменивме со амбасадо-рот во рамките на неговите можно-сти, во иднина само ќе имаме пого-лема поддршка од амбасадата и од македонско - американската стопан-ска комора. Се договоривме за на-редни средби и за преземање кон-кретни чекори. При посетата амба-садорот беше запознаен со новите проекти, од кои што дел веќе се над-вор од автомобилската индустрија, која и покрај тоа што оваа година из-лезе од кризата, се уште е подрачје за работа и за правење бизнис. «

Амбасадорот на САД, Рикер во посета на АМАК СП

Економија

‘‘Секогаш кога ќе го ставам појасот на седиштето во мојот автомо-бил се присетувам на АМАК СП и на квалитетните производи кои се произведуваат во овој надалеку познат производствен капаци-тет.‘‘ - Филип Рикер амбасадор на САД во Македонија

Page 9: АМАК ПРЕС 122

9

– рече генералниот директорот на АМАК СП, Венко Шапкар и ис-такна дека компанијата веќе рабо-ти на остварување на два нови про-екти надвор од автомобилската индустрија кои според него имаат голема иднина.“ Едниот се однесува на топло из-менувачите. Зафатот се одвива веќе трета година и мислам дека конеч-но оваа година ќе биде реализиран со исфрлување готов производ на пазарот за кој што има голем инте-рес и голема побарувачка затоа што е еколошки и се работи за произ-вод кој што е токму од оние произ-води кои доведуваат до смалување на потрошувачката на енергија, а тоа е еден од правците кои што из-минатиов период во Копенхаген го разгледуваа големите светски сили, како на глобално ниво да се смали потрошувачката на енергија. Други-от проект се однесува на произво-дот за заштита на човековата околи-на и е исто така едно од прашањата за кое расправаат големите сили во Копенхаген. Тоа е еколошки про-извод којшто ќе ја штити човеко-вата околина од загадување, одно-сно еколошки издувни системи ко-ишто се патентирани но во фаза на

хомологирање. Штом биде заврше-на таа фаза ние преминуваме во тре-тата фаза на реализација на произ-водната програма и мислам дека и тој производен програм годинава

исто така ќе заживее“, додаде Шап-кар.Со овие два производи компанијата АМАК СП ќе биде една од првите во Европа и светот со нов тип произво-

ди кои ќе имаат своја светла иднина.

Економија

Американската делегација и раководството на компанијата во по-сета на фабричките хали

Page 10: АМАК ПРЕС 122

10

Бевме на...

Со усвојување на зав-ршна Декларација, во Охрид заврши Втората конференција за меѓу рели-

гиски и меѓу цивилизациски дијалог. Во декларацијата претставниците на различните религии изразуваа за-ложби за нивно активно учество во јакнењето на мирот и соработката

преку постојан дијалог. Религиските заедни-ци се обврза дека ќе се залагаат за подобрување на образованието, социјалните и економските мож-ности за идните генерации, како и дека ќе ги охрабруваат меѓу култур-ните настани со цел да се промови-ра толеранцијата. Исто така беа по-

здравени напорите на македонската влада и граѓаните за успешниот мо-дел на соживот и се истакна важно-ста од меѓу цивилизациски и меѓу религиски дијалог за промовирање на основните човекови права. Во декларацијата се поддржува јавното покажување верски симболи и одбележување празници и се по-викуваат сите влади да го зголемат учеството на жените во одлучувач-ките процеси. Се потенцира и потре-бата од постоење слободни и плу-ралистички медиуми кои ќе ја про-мовираат религиската толеранција. Исто така се укажува и на потребата од формирање Управен совет за ре-лигиите под патронат на ООН. Декларацијата за унапредување на религијата и кул-турата како придонес кон мирот, меѓусебната почит и соживотот - Охрид 2010 ќе биде дадена на Гене-ралното собрание на ООН, УНЕСКО, ЕУ, Советот на Европа, ОБСЕ, Афри-канската унија, Асоцијацијата на држави на Азија и на други органи-зации. Во завршното обраќање министерката за култура Елиза-бета Канческа -Милеска, изра-зи задоволство од успешноста на

Конференцијата за што потврда е учеството на над 300 верски мисио-нери од триесетина држави. “ Цврсто сум уверена дека можностите создадени и етаблира-ни на оваа конференција ќе траси-раат многу патишта кон успехот. Вла-дата на Р. Македонија со своето кон-тинуирано покровителство на за-ложбите за мир и дијалог меѓу ре-лигиите и цивилизациите на дело ја потврдува глобалноста на идио-мот и делувај локално. Резултатите се веќе тука и се чувствуваат дури и во периодот кога светската рецесија се потруди да ја намали моќта на дијалогот, се разбира... безуспешно бидејќи низ дијалогот многу побрзо и посеопфатно се согледуваат сите ракурси на проблемите, а колку поб-рзо стануваме свесни за нештата, толку побрзо можеме да ја преземе-ме контролата над нив“, истакна ми-нистерката Канческа Милевска. На маргините на Конференцијата беше избран нови-от состав на Меѓународниот коми-тет кој ќе работи на организација на Третата конференција за меѓу рели-гиски и меѓу цивилизациски дијалог, што ќе се одржи во Охрид во 2013 година.

Македонија пример за соживот и разбирање

Втора конференција за меѓу религиски и меѓу цивилизациски дијалог

Легендарната музичка рок ѕвезда, Боб Дилан, на 4 јуни ќе настапи во Скопје. Неговиот концерт ќе

се одржи во Метрополис аре-ната во организација на Авалон продукција, а со подршка на фести-валот «Охридско лето» и Министер-ството за култура. Воедно, концер-тот на Дилан ќе претставува пред-

фестивалска активност со која ќе се најави отварањето на годинеш-ното јубилејно, 50- то издание на « Охридско лето». Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 10-ти мај и ќе бидат со различна цена која ќе се движи од 2. 000 ден. за стоење до 4 000 ден. за ВИП ложа.Концертот на Дилан во Скопје е дел

од неговата турнеја, во чии рамки се планирани и настапи во Софија, Буку-решт, Белград и Загреб.

Боб Дилан ќе го најави 50- тото издание на “Охридско лето”

Ви најавуваме

Page 11: АМАК ПРЕС 122

11

Наши таленти

Охридските матуранти по угостителство со своите специјалитети ги освоија вкусот на жирито и

највисоките награди на Балканските гастрономски натпревари во бугар-скиот приморски град Бургас, каде што другите држави ги претставува-ле студенти и професионалци.Угостителството може да биде пер-спектива за младите ако се ра-боти со љубов - е мото на мату-рантите од Средното угостител-ско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид кои деновиве освоија вредни меѓународни награди. Со своите специјалитети и доброто послужување тие ги освоија вкусот на жирито и речиси сите највисоки награди и признанија на Балкански-те гастрономски натпревари, кои деновиве се одржаа во бугарскиот приморски град Бургас.

“ Конкуренцијата беше многу силна, бидејќи останатите балкански држа-ви ги претставуваа професионалци од угостителската дејност и студен-ти на угостителство и кулинарство. Ние бевме единствени средношкол-ци и најмлади, но бевме најуспешни

во повеќе категории“ велат млади-те угостители од Охрид.

Менито што го освоило златни-от медал го подготвил матурантот Илија Ангелески, а било составе-но од рибја салата и крем супа од грашок, како предјадење и свин-ски медаљони во сос од печурки како главно јадење. На жирито го-лем впечаток им оставила и пита-та со јаболка подготвена од Ангели-на Симоноска, која била наградена со сребрен медал во категоријата на слаткарство. Со златен медал се закитил и Маријан Томаноски за специјалитетот фламбирани шкам-пи, во категоријата фламбирање. Тој освоил и уште еден златен ме-дал во категоријата послужување, а во истата категорија голем успех покажал и Агрон Асаноски, кого жирито го наградило со сребрен медал за својата умешност во послужувањето на гостите. “ Ова натпреварување, покрај тоа што е едно огромно искуство за мене, значи и голем поттик да се за-нимавам со угостителството. Награ-дата ми ги отвора вратите во идни-на. Иако имам хонорарен ангажман,

веќе почнав да добивам и други по-нуди за работа. Секој ресторан и хо-тел има потреба од стручен кадар од угостителството и затоа сметам дека угостителските професии има-ат перспектива, особено во тури-стичките центри како што се Охрид и Струга “ вели Агрон Асаносоки.

Надежи за успешна кариера има и Ангелина Симоноска, која смета дека ако има љубов кон професијата, успехот е неизбежен.

-“Јас себеси во иднина се гледам како успешен готвач. Многу сакам да готвам и тоа вистински ме ис-полнува. По освоените награди до-бив неколку понуди за работа. От-како ќе завршам со обврските око-лу матурските испити, секако дека ќе прифатам некоја од понудени-те. Мислам дека готвењето може да биде атрактивна професија за мла-дите во Македонија, но треба да се променат некои стандарди во уго-стителството за оваа професија да се цени повеќе “ вели Ангелина.

Во дисциплината златниот медал го освоила Ивана Јосифоска. Бармен-

ството се смета како машка работа, но таа докажува дека тоа не е така.

“На натпреварот ги подготвив кок-телите менхетен, охридска тиркиз-на ноќ и пинајпел-тропикал. Инте-ресно е тоа што јас бев единствено-то женско во оваа натпреварувач-ка категорија и единствената која нема практично искуство во бар-менството. Искрено, не очекував дека моите коктели и начинот на подготвувањето ќе бидат оценети како најдобри “ вели Ивана.

Како најголем успех на училиште-то на натпреварувањата е освоено-то Гран при за најдобро екипно уче-ство.

“ Поединечните резултати се важ-ни во угостителството, но добра-та организација и тимската работа се круната на успехот. Многу е важ-но како функционира целиот тим, затоа што нема успех ако готвачот зготви перфектно јадење, а тоа не е добро послужено. И обратно, за-лудно е доброто послужување ако јадењето не е добро зготвено “, вели директорот на училиштето, Секула Баткоски.

Тој нагласува дека успехот што го постигнаа учениците на балкански-те натпревари се должи на добри-те услови за обука со кои распола-га училиштето, но пред се' на лич-ната посветеност и желбата на уче-ниците.

“ Кај новите генерации се развива искрена желба да се занимаваат со угостителство. Порано не беше така. Најверојатно младите, како и нивни-те родители, ја разбираат потребата на угостителскиот сектор во Охрид и во другите туристички центри од млади и напредни готвачи и послу-жувачи, кои се специјално обучени за тоа“ -вели Баткоски.

Тој нагласува дека современото уго-стителство во западните земји се за-снова на стручни кадри, а не на се-зонски и несоодветни работници. Угостителството е значајна алка од туристичкиот сектор, па затоа не може да има доба

Охриѓани најдобри кулинари на Балканот

Page 12: АМАК ПРЕС 122

12

Чест ни е...

Page 13: АМАК ПРЕС 122

13

1.Првомајските празници до-ведоа доста странски туристи во земјава. Хотелите во Охрид и Струга за првпат изразува-ат задоволство од посетеноста и покрај песимистичките прогно-зи на некои туристички работ-ници. Ќе продолжи ли трендот за да имаме успешна туристич-ка сезона?

Како државна Агенција за промоција на туризмот рековме дека ќе ги применуваме сите совре-мени алатки во маркетингот што ни се на располагање и што ги кори-стат развиените туристички дести-нации. И тоа ние го реализираме. Основната наша цел е етаблирање на Македонија како туристичка дестинација во странство и на тоа целосно сме посветени. Тоа веќе го препознаваат и туристичките работ-ници. Резултатите дефинитивно ќе си дојдат сами по себе.

2.За пошироката јавност

набројте ги активностите кои до сега ги реализиравте и кои имате во план да ги реализирате? Со нашето формирање презедов-ме активности кои за првпат се ре-ализираа во Македонија и тоа: учеството на меѓународните са-еми во странство настапував-ме преку брендиран штанд и со активности на нашиот штанд од типот организирање на прес конференција,музика и фолклор... реализирање на билборд кампања по теркот на развиените тури-стички дестинации комбинира-но со промоција во печатени меди-уми во дадената земја, координи-рана акција на промоција во свет-ски печатени медиуми како SNN treveler,SNBS magazin, The Parlament magazin, поставивме туристички инфо –столбови на граничните пре-мини и аеродромите, реализираме програма за поканување на стран-ски туроператори и новинари во земјава, организираме презентации во главите градови на повеќе земји,

потикнуваме формирање на тури-стички совети во туристичките ме-ста,, ... значи сите активности кои ги преземаат и другите туристички земји. Сето тоа се реализира и оваа година.

2.Инфраструктурата не ни е на завидно ниво. Има различни мислења дека прво треба да се направи инфраструктурата па по-тоа да се рекламира земјата. Ка-ков е вашиот став? Дозволете да не се сложам со так-вите гледања. Имено примерите кај другите земји не е таков. Во Хрват-ска првите туристички спотови беа емитувани во 1996 година а инфра-структурата започна во 2000 годи-на. Мое мислење е дека треба па-ралелно да се водат тие процеси и ако погледнете Владата го реализи-ра тоа односно ги даде на концесија аеродромите каде очекуваме нив-но модернизирање, дел од патиш-тата се даваат на концесија, инфра-структурно ќе се уредуваат Езерата

во Македонија.... така да се очекува и овој значаен сегмент од туризмот да се подобри за брзо време.

3.Како го гледате Охрид како ту-ристички град? Дали цените на хотелско – угостителските услуги се скапи ? Јас и порано тоа го изјавив - Охрид го гледам како Дубровник, изграден меѓународен туристич-ки бренд со квалитетна туристич-ка понуда од сите аспекти. Цени-те на услугите мора да бидат во со-гласност со цените и понудата на земјите во регионот. Од тој аспект треба да имаме вон сезонски цени кои треба да се поефтини (како што впрочем е секаде во светот) и цени во сезона .За жал тоа кај нас се уште го нема но мислам дека тоа ќе се случи многу брзо. Имав прилика да ја видам анкетата на еден електрон-ски медиум во кој се потврдува дека Охрид има скапи услуги – така го перципираат и граѓаните и туристи-те. Затоа и мојот апел е да се пра

Охрид го гледам како Дубровник

Интервју- Зоран Стрезовски, директор на државната Агенција за промоција на туризмот ман – ликовен уметник

Интервју

Page 14: АМАК ПРЕС 122

14

1.Првомајските празници до-ведоа доста странски туристи во земјава. Хотелите во Охрид и Струга за првпат изразува-ат задоволство од посетеноста и покрај песимистичките прогно-зи на некои туристички работ-ници. Ќе продолжи ли трендот за да имаме успешна туристич-ка сезона?

Како државна Агенција за промоција на туризмот рековме дека ќе ги применуваме сите совре-мени алатки во маркетингот што ни се на располагање и што ги кори-стат развиените туристички дести-нации. И тоа ние го реализираме. Основната наша цел е етаблирање на Македонија како туристичка дестинација во странство и на тоа целосно сме посветени. Тоа веќе го препознаваат и туристичките работ-ници. Резултатите дефинитивно ќе си дојдат сами по себе.

2.За пошироката јавност набројте ги активностите кои до сега ги реализиравте и кои имате во план да ги реализирате? Со нашето формирање презедов-ме активности кои за првпат се ре-ализираа во Македонија и тоа: учеството на меѓународните са-еми во странство настапував-ме преку брендиран штанд и со активности на нашиот штанд од типот организирање на прес конференција,музика и фолклор... реализирање на билборд кампања по теркот на развиените тури-стички дестинации комбинира-но со промоција во печатени меди-уми во дадената земја, координи-рана акција на промоција во свет-

ски печатени медиуми како SNN treveler,SNBS magazin, The Parlament magazin, поставивме туристички инфо –столбови на граничните пре-мини и аеродромите, реализираме програма за поканување на стран-ски туроператори и новинари во земјава, организираме презентации во главите градови на повеќе земји, потикнуваме формирање на тури-стички совети во туристичките ме-ста,, ... значи сите активности кои ги преземаат и другите туристички

земји. Сето тоа се реализира и оваа година.

2.Инфраструктурата не ни е на завидно ниво. Има различни мислења дека прво треба да се направи инфраструктурата па по-тоа да се рекламира земјата. Ка-ков е вашиот став? Дозволете да не се сложам со так-вите гледања. Имено примерите кај другите земји не е таков. Во Хрват-ска првите туристички спотови беа

емитувани во 1996 година а инфра-структурата започна во 2000 годи-на. Мое мислење е дека треба па-ралелно да се водат тие процеси и ако погледнете Владата го реализи-ра тоа односно ги даде на концесија аеродромите каде очекуваме нив-но модернизирање, дел од патиш-тата се даваат на концесија, инфра-структурно ќе се уредуваат Езерата во Македонија.... така да се очекува и овој значаен сегмент од туризмот да се подобри за брзо време.

Интервју

Page 15: АМАК ПРЕС 122

Наша гордост

НАЈПОВОЛНИавио билети

за сите дестинации

Автобуски билетиза сите компании

и дестинации

Крстарења,билети за траект

и патувања со брод

Организација на настани,семинари, конгреси и деловни средби,

школски екскурзии, тематски екскурзии,разгледи, излети, деловни патувања,

Рент а кар услуги...

Пополнување на документиза Австралиска, Америчка и

Канадска виза

046 255 600www.vispoj.com.mk

Ваша агенција!

НАША ПОНУДАЗА ВАША ОДЛУКА

КАДЕ НА ОДМОР ОВА ЛЕТО?

Грција, Турција, Бугарија,Италија, Албанија, Шпанија,Египет, Хрватска, Србија,Црна Гора...

... и многу други!

ВИС ПОЈ

Туристичка агенција

Page 16: АМАК ПРЕС 122

16

ЛокалЛокалНа кафе со...

1.Кога бев дете себе си се замис-лував...- Ни самиот не знам зош-то но кога бев дете себе си се замис-лував како келнер. Моите родите-ли се смееја на тоа и стално ме пра-шуваа зошто сакам да сум токму тоа а јас им велев: тие се убаво облече-ни, во црни сакоа и бели кошули и имаат многу голем паричник полн со пари(ха, ха, ха....), тоа сум го забе-лежал и така таа професија ми оста-нала како една сенквенца од дет-ството. Нормално после тоа изле-гоа многу други професии за да се идентификувам со актерството како моја животна професија.

2.Зошто ја избравте глумата и од-лучивте на “театарските штици“ да го ситните работниот век а не избравте нешто друго?- Па одлуката првично беше пора-ди фамилијарниот момент. Мојот покоен татко беше еден од првен-ците на македонскиот театар и нека-ко покрај него татарот живееше кај нас дома. Јас уште од мали нозе до-дека живеевме во Куманово одев во театарот со татко ми каде тој беше режисер и актер а беше и уметнич-ки директор на театарот. Всушност гледав каде и како работи тој, се ка-чував на сцената кога ќе заврше-ше претставата. Стално раскажувам една случка дека по завршувањето на една од театарските претстави јас ја ставив главата во процепот од еден од столовите на кои седеше публиката. Си ја заглавив главата, и стално велам дека јас во суштина никогаш не сум се одглавил од тоа театарско столче. Секогаш останав заглавен во театарот.

3. Моето посериозно зачекорување во глумата беше......- Како популарност, нормално телевизијата е медиум кој е не-прикосновен во однос на побрза комуникација со публиката. Тогаш

Како дете се заглавив и сеуште не се одглавив од театарот

Бранко Ѓорчев- познат македонски актер и актуелен директор на Драмскиот театар во Скопје

Еден од најпознатите ма-кедонски актери и актуе-лен директор на Драмски-от театар во Скопје, Бран-ко Ѓорчев ,за себе вели дека е едноставен чо-век кој ужива во сопстве-ната професија и цело-сно се посветува на неа. Среќен го прават обич-ните работи, семејниот ручек, прошетката со најблиските низ градски-от парк во неделните пред пладниња и пиењето кафе во кафулињата на улица“ Македонија“ во Скопје.“Нормално дека успеш-носта кај актерите не може постојано да биде на највисоко ниво. Неко-гаш дури се добри паузи-те кога не се работи ниш-то со намера да се напол-ни “акумулаторот“ за потоа да се направи некоја пого-лема улога“, вели Ѓорчев кој за својот 30-годишен актерски ангажман е до-битник на бројни награди и признанија. Моментал-но тој е актуелен и по попу-ларната турска серија “1001 ноќ“ што е синхронизира-на на македонски јазик. Во неа Бранко го позајмува својот глас за познатиот бизнисмен Онур Аксел

Page 17: АМАК ПРЕС 122

17

На кафе со...

се прикажуваше една серија “Случ-ки од животот“ и тука наеднаш во таа серија како студент на Факул-тетот за Драмски Уметности стек-нав огромна популарност. Тоа како и на секој млад човек ме изненади а веднаш потоа следуваа улоги во театарот . Ја имав таа привилегија и среќа уште како млад да рабо-там со познати имиња со Харис Пашовиќ,Вито Тауфер,Петар Ве-чек и со редица домашни режисе-ри. Сето тоа си почна постепено до мојата зрела фаза на актер како што сум сега.

4. Кој период од Вашиот профе-сионален ангажман го оценувате како најуспешен?- Секој период по себе е интересен. Нормално дека успешноста кај ак-терите не може постојано да биде на највисоко ниво. Некогаш дури се добри паузите кога не се рабо-ти ништо со намера да се напол-ни “акумулаторот“ за потоа да се направи некоја поголема улога. Меѓутоа за мене последниве 10 го-дини се плоден период во поглед на доста награди и признанија кои за сработеното сум ги добил. Меѓу наградите ќе ги спомнам: Наградата “Војдан Чернодрински“ што ја добив за епизодна улога. Како млад актер добив награда од тогашната ревија “Екран“ и награда што ми е особе-но драга и е врзана за Охрид “Злат-на маска“ а ја добив за најдобар ак-тер на фестивалот Охридско Лето. Последнава награда ми е драга за-тоа што ја добив на меѓународна културна манифестација а секо-гаш конкуренцијата на меѓународен

план е поголема.

5. Вие сте познат актер со долго-годишно искуство,директор на Драмски Театар во Скопје, сопруг и татко. Во која улога најдобро се снаоѓате?-(ха,ха, ха...) Па некако не знам. За тоа треба да ги прашате луѓето око-лу мене. Сигурно и тие прават голе-ма жртва. И сопругата и децата зна-ат дека сум многу предаден на теа-тарот. Се обидувам да стигнам, а то-гаш кога не можам да ги реализи-рам фамилијарните обврски, члено-вите на потесното семејство имаат разбирање за тоа бидејќи тие зна-ат колку јас ја сакам оваа професија. Некогаш ако не стигнам на некоја родителска средба или сум отсутен во друга пригода тоа ми е простено поради тоа што тие знаат колку сум јас посветен на она што го работам.

6. Дали вашите деца ќе тргнат по патот на тато? Може ли да очеку-ваме трета генерација актери од фамилијата Ѓорчеви?- Јас имам две ќерки, Дорина и Фросина. Поголемата сега е втора година на Правниот факултет. Пред запишувањето во оваа високо обра-зовна институција размислуваше и беше во дилема што да избере како своја животна професија.“Тато јас би сакала да бидам актерка“, ми веле-ше таа. Во една прилика јас и кажав дека сепак ова е една доста тешка професија која има многу падови и успони. Дека можеби за млад човек е подобро да заврши некој друг фа-култет па доколку остане љубовта во истиот интензитет тогаш може

да се запише на Факултетот за Драмски Уметности па таа љубов да се реализира. Сега за сега е на Правниот факултет. Помалата ќерка е втора година гимназија. Битно е дека јас ниту ќе ги мотивирам кон

театарот но и во никој случај нема да ги спречувам доколку сакаат да станат актерки.

7. Неодамна Драмскиот театар од Скопје гостуваше во Охрид со претставата “Умри Машки“ од Алдо Николај во режија на Коле Ангеловски. Главната ролја беше во ваши и рацете на актерите Јелена Жугиќ и Драган Спасов – Дац. Филмските критичари по-зитивно го оценуваат настапот на сите тројца и велат дека како актерска екипа доста сте допри-неле за уште поголема популар-ност на оваа комедија.- Изведбата на претставата во Охрид беше 112-113 по ред. Оваа претстава ја сака публика-та. Истата ја игравме во Канада, во Австралија и низ градовите на Македонија. Публиката живее и не-како и ние созревавме со неа. Мо-жеби на почетокот кога беше пре-миерата бевме помлади. Но така некако полека ни легнаа и самите улоги,се идентификувавме со нив и по самите реакции на публика-

та ќе видите дека го прифаќаат она што го работиме.

8. Се приближува 50-то јубилејно издание на фестивалот “Охрид-

Ми годи кога во продавница или на улица ќе го чујам ко-ментарот: ‘‘Ене го Онур, тоа е неговиот глас...(ха ха ха...)‘‘

Page 18: АМАК ПРЕС 122

18

ско Лето“. Ќе ја имаме ли че-ста годинава во рамки на оваа манифестација да гледаме прет-става од Драмскиот театар од Скопје?- Годинава за Охридско Лето ја има-ме договорено претставата “Хам-лет“ од Вилијам Шекспир. Да се ра-боти Хамлет во еден театар значи дека тој театар го достигнал врвот во своето работење. Претставата е во режија на Дејан Пројковски а главната улога Хамлет ја игра Дејан Лилиќ. Јас го играм кралот. Драган Спасов- Дац го игра Полоне а Ка-терина Коцевска ја игра кралицата. На сцената ќе продефилира екипа од 15-ина пред се млади актери и убеден сум дека ќе биде интересна и за охриѓани, за туристите и за те-атарската критика. Во Охрид, Драм-ски театар секогаш убаво помину-вал и сигурен сум дека и овој пат на јубилејното “Охридско Лето “ ќе го побудиме истиот интерес.

9. Имаат ли Македонците чув-ство за театар? Што вели вашето искуство,има ли доволно публика

која покажува интерес и сака да одгледа театарска претстава?- Мислам дека ние сме театарска нација со самото тоа што во толку градови во Македонија има театри а сепак сме ние мала земја и мала бројка на народ. На пример во голе-мите држави и градови на два мили-они жители му доаѓа еден или два театри. Ние пак имаме околу 14-15 театри што само по себе укажува дека Македонската нација е театар-ска. Условите за работа кај нас се одредени во зависност од местото каде претставата се случува. Некаде има подобри а некаде полоши усло-ви за работа. Некаде публиката е повеќе навикната на театар некаде помалку, меѓутоа оваа мисија што ја правиме и таму во градовите каде што нема театар има свое значење и ќе донесе свој бенефит.

10. Во популарната турска серија “1001 ноќ“, што е синхронизи-рана на македонски јазик Вие го позајмувате својот глас за Онур Аксел, познатиот бизнис-мен и еден од сопствениците на

компанијата “Бињапи “. Ова е прв проект на синхронизирање на странски филм на македонски јазик. За среќа публиката одлич-но ја прифати синхронизацијата.- Да, точно така. Познатата и до-ста популарна турска серија “1001 ноќ“ е првиот проект со кој пре-ку синхронизацијата настојуваме да го негуваме македонскиот јазик. За среќа с`е заврши одлично. Пу-бликата ги прифати нашите гласо-ви одлично. Јас го позајмувам гла-сот среќен за Онур Аксел, сите ние кои зборуваме во серијата се со-живувавме со филмското сиже со цел кажаното да биде сосема при-родно и прифатливо за сите. Наро-дот веќе го препознава мојот глас, па често се случува во продавница или кафуле да ги слушнам комента-рите од луѓето од типот на: “Еј, ова е Онур – тоа е неговиот глас“. Секако тоа ми причинува задоволство, со оглед на тоа што станува збор за со-времен фил во кој се разработуваат теми и проблеми карактеристични за современиот човек.

11. Работи кои Ве прават среќен?- Мене ме прават среќен нави-дум обичните работи. Ме пра-ви среќен хармонијата во семејството, бидејќи сепак цела-та енергија што ја “црпам“ за на сце-ната и за решавање на проблеми-те што ги имам како директор и менаџер на драмски театар доаѓа од семејството, од најблиските. Тие мали нешта, еден пријатен ру-чек во кругот на семејството и едно пријатно шетање низ градскиот парк( обично во недела) ме чини среќен. Среќен сум и кога пијам кафе во некое од кафулињата на улица Македонија или пред Летни-ца. Тоа се можеби ситници, но мене ме исполнуваат и ми создаваат хар-моничен баланс .

ЛокалЛокалНа кафе со...

Page 19: АМАК ПРЕС 122

19

Најстариот и единствен на територијата на Македонија кој се уште жи-вее во утврденото градско

јадро на жив град, како што тоа било кога се изградил е Античкиот Татар во Охрид.Објектот е презент на времето и по-требите на луѓето преку кој осозна-ваме за економските стандарди, кул-турниот степен и потребата за про-гресивен растеж за воздигнување и начинот на живеење во други сре-дини, цивилизации, прилагодувајќи го сето тоа според можностите во средината од каде потекнува движ-ното материјално богатство.Античкиот театар во Охрид се гра-ди во 3 век пред новата ера и по-ловината на 2век пред новата ера( го задржал приматот на најстар за-тоа што останатите три антички те-атри во Македонија: Хераклејскиот, Стобскиот и Скупскиот датира-ат од 2 век на нашава ера). Татарот го граделе Македонците –старосе-делци, повратници од походите кои

на чело со Александар Македон-ски ги воделе на предниот исток и Мала Азија. Објектот бил наменет за прикажување на тогашните антички театарски претстави: трагедии и ко-медии. Познатиот охридски археолог Владо Маленко кој е главниот раководител на проектот за откривање на Антич-киот театар, за најголема трагедија на објектот го смета времето кога се урнала театарската зграда и кога од објект за културни манифеста-ции со различен жанр се адапти-рал во Арена. Тој период е време-то на развиениот Рим. Во тоа вре-ме престанала улогата на објектот како место за театарски претстави и се почести биле забавите со тан-чарски, жонглерски,циркуски игри и дошол периодот кога повремено во објектот биле присутни и вена-торски борби за на крајот да се од-ржуваат и вистински гладијаторски борби.За сите набележани претходни фази на живот со претстави, откри-

ен е движен археолошки материјал (бронзени фигурини на танчарки со змии, фрагменти од маски и друго)“Од движниов археолошки материјал еден од позначајните на-

оди е откривањето на скоро цело-сно сочуван постамент со натпис над којшто била поставена статуа. Тоа е единствен натпис на кој што се споменуваат граѓаните на Лихнидос.

Беше и остана спектакуларен објект за спектакли

Античкиот театар во Охрид

-Публиката и денес седи над заштитниот ѕид, висок четири метри,од времето на силниот Рим и најкрвожедните гладијаторски борби. Под седиштата се четирите кафези, поради кои се срушени осумте први редови на седишта- една од градбените пренамени на објектот- од театар во арена (за под некоја слика).

Наша гордост

Page 20: АМАК ПРЕС 122

20

Натписот вели: граѓаните на Лихни-дос на Аурелијан( синот на Птоломеј) му го подигнуваат овој споменик во знак на голема благодарност за не-говите заслуги во изучувањето на младите лихниѓани на фискултурни и воени вештини. Самото изучување на вакви вештини укажувало дека во градот постоел гимназион –шко-ло. Има уште една интересна рабо-та. Пронајден е еден натпис (што го открил покојниот Васил Лахтов) кој укажува дека во градот имало и ста-дион, а кое се поврзува со бројни на-оди кои ги имаме откриено. На мно-гу седишта има натписи од сопстве-ниците на кои припаѓале седишта-та. Тие припаѓале на позаслужни граѓани и на одредени територии бидејќи приредбите ги гледале и луѓе кои доаѓале од околните тери-тории. За овој и за сите други натпи-си е важно што потекнуваат од рим-ско време. Најголемите злодела над Македонците ги имаат направено Римјаните. Овој натпис за кој збору-вам доловува еден феноменален мо-мент за науката. Имено, Аурелијан е грчко име, тој не смеел себе си да се нарече Аурелијан Македонецот, за-тоа себеси се нарекувал Аурелијан синот на Птоломеј. А Птоломеј е ма-кедонско име. Со тоа автоматски се подразбира,Аурелијан синот на Ма-кедонецот Птоломеј. Со тоа се дока-жува дека овде живеело романизи-рано македонско становништво“, ис-такнува Маленко. Во едно од ископувањата се допот-

врдуваат, надополнуваат и конкре-тизираат фазите- градбените интер-венции за пренамена на објектот од објект за културни манифестации во објект- арена за забавни игри, до вистински гладијаторски борби , за што во два наврата биле преземени најобемните разрушувања и градбе-ни потфати.Првата фаза на пренамена на објектот од театар во арена била кога се рушела театарската зграда. Тогаш биле затрупани двата стра-нични влеза (парадоси) заедно со оркестрата, до горното ниво од фри-зот од театронот, ниво од кое се из-дига ново соѕиданиот ѕид, со што се оформува првата фаза на арена-та. Во тој период публиката с`е уште влегувала од арената во објектот.Објектот претрпел уште една голе-ма преадаптација кога биле сруше-ни првите осум реда на седишта од долниот дел на театронот. Изгра-ден е монументален заштитен ѕид со четири кафези за сместување на најкрволочните животни.Тогаш бил изграден и епитеронот , вториот кат на седишта, дел на кој се поставени и влезовите во театро-нот, по пет од југозападниот и севе-роисточниот дел од гледалиштето. На тој начин е добиен сегашниот из-глед на театарот, каде што публика-та седи на четири метри од долното плато на арената во која се одвива-ле гладијаторските забави и борби.Од оваа фаза се камените блоко-ви вдлабнати во средината за сто-

жерници, кои ги гледаме отстрана, а кои биле поставени во средиш-ниот дел од арената. Пронајдени се седум такви блокови кои го-ворат за најжестоките борби и најкрволочните забави, кога глав-на атракција во арената било врзувањето на христијаните на сто-жерниците. Затоа, велат научниците, подоцна христијаните имале одмаз-нички однос кон објектот, оти овде била пролеана многу христијанска крв. Тие го разрушувале и затрупу-вале објектот , за што говорат слое-вите чиста земја носена од полето, која е без никаков археолошки наод.Функцијата на Античкиот театар завршува со крајот на римскиот пе-

риод во 4 век од нашата ера , особе-но со официјалното признавање на христијанството. Научниците потсетуваат дека во 325 година Константин издал закон со кој се забранувало пролевање чо-вечка крв на јавни места, а во 388 го-дина Теодосиј Први издал закон со кој се забранувале секаков вид прет-стави (сценски, културни, циркуски, венаторски, гладијаторски).По 20 века од неговото создавање се врати животот на Античкиот теа-тар со спектакуларната претстава-та “Маседоан“ прикажана во 2 000 година.

“Археологијата е фактографска наука и со тоа ја коригира историјата, кој се знае дека секогаш е пишувана од позиција,опозиција и аспиранти. Археологијата носи факти и не треба ние многу да мудруваме. Треба да ги презентираме наодите , да копкаат очи и ум. Тие со своите факти од немиот сведок, земјата, ни кажуваат што треба да зборуваме и што да кажуваме. Па така, не би имале што да зборуваме со светот ако добро му

го презентираме и претставиме огромното движно и недвижно богатство“ вели археологот, советник и раководител на проектот за откривање на Античкиот театар, Владо Маленко

Наша гордост

Page 21: АМАК ПРЕС 122

21

Наша гордост

Хронолошко презентирање на текот на Хронолошките зафати -Во крајот на 19-от и почетокот на 20-от век од повеќе учени е укажано постоењето на Античкиот театар во Охрид врз основа на бројни сполии- обработени камени блокови вгра-дени во сакрални и јавни објекти, одредувана е локацијата и хроно-лошката детерминација.-Во 1960 -62 година, Васил Лахтов со две сонди го повторува постоењето на Античкиот театар со тоа и ја одре-ди неговата локација.- Во 1977година по решавањето на неколку имотно правни и инфра -структурни работи на неколку куќи и дворни места се започна со систе-матско археолошко разоткривање, а преку републичкиот одбор се започ-на сукцесивно решавање на имотно- правните односи и обезбедување на потребните финансии за археолош-ките истражувања. Со овој потфат се разоткри централниот дел од те-атронот и епитеатронот.-во 1984 година се продолжи со ар-хеолошкото разоткривање на те-атарот, кое се вклопи во сојузната

младинска работна акција која беше повод за манифестационо афирмирање на Античкиот театар со основна цел зголемување на ин-тересот кај надлежните за поангажи-ран пристап за сукцесивна работа и целосно разоткривање на театарот. Со овој зафат се разоткри театронот на југозападниот и централниот дел под ниво од ортостатниот ѕид. Како круизитет од овој потфат ја одбеле-жуваме одржаната претстава, прва по престанокот на функцијата на ан-тичкиот театар во втората полови-на на 4-от век – факирската претста-ва на познатиот охриѓанец Димче Главинче со својот надимак познат како Димче Чакирче. Втората одржа-на претстава е “Орматолос“ режира-на од Бранко Ставрев, прикажана во рамките на фестивалот “Охрид-ско Лето“.-После овој зафат започна жалниот темен период во кој разоткриени-от дел од театарот и неговата околи-на иако се наоѓа на најфреквентното место во Стариот град, претставува простор обраснат со трње, дрвја и друга вегетација и стана депонија за фрлањеотпадни материјали и ѓубре се до 1999 година кога благодаре-ние на екс министерот проф. Ди-митар Димитров се презедоа интен-зивни работи на расчистување на просторот и разоткривање одреде-

ни делови од театарот со кои треба-ше да им се докаже на недобро на-мерниците кои ширеа информации дека не вреди да се копа Античкиот театар во Охрид бидејќи е целосно уништен и за негово обновување потребни се огромни финансиски средства.- Резултатите кои му беа познати на раководителот на стручната и ис-тражувачка екипа,Владо Мален-ко, беа над сите очекувања. Се осо-зна дека Античкиот театар во Охрид, не само што е најстар на просторот на Македонија туку е и со најдолга егзистенција ( од 3 век пред Н.Е . до 4 –ти век од нашата ера) - Во 2000-01година се преземаат обемни зафати на театарот од архе-олошки разоткривања на одредени простори. Просторот од арената и конзервација со презентација на те-атронот .- Во 2004-05 година се продолжи со археолошките истражувања и разоткривање на арената крајниот Југоисточен дел, орхестрата, пара-досите, логеионот, и југозападниот дел од театарската зграда. Се от-страни ѕидот со трите влеза од аре-ната која припаѓаше на првата фаза а се протегаше на просторот од тре-атронот и орхестрата. Се отстра-ни и одводниот канал во средина-та на театронот и логеионот кој про-

должува кон југоисток и оди над-вор од арената и театарското дво-риште кој припаѓа на втората фаза од арената кога се срушени 7- 8 ре-дови на седишта од долниот дел на театронот и е изграден монументал-ниот ортостат со четири кафези со кои театарот добива и арена за пра-ви гладијаторски борби. Со овој за-фат се изврши поставување на на-трупаните траветински обработени блокови на просторот од логеионот. Со овој зафат се отстранија и седум-те камени блокови- сполии поставе-ни во средината на арената, продуп-чени за поставување стожерници на кои биле врзувани луѓе- претежно христијани за да бидат растргнати од крволочните диви животни.- следниот зафат на Античкиот те-атар ќе се однесува на откривање на Југоисточниот дел од арената и откривање на најубавиот дел од те-атарот, зградата која за жал е пот-полно рушена меѓутоа театарско-то двориште е мошне интересно и затоа што театарот оди во каска-ди, го користи природниот терен од Југоисток кон Северпозапад ис-тражувачите се надеваат дека мно-гу од градбениот материјал којшто припаѓал на театарската зграда и други делови од објектот се затрупа-ни токму тука.

-Античкиот театар во третиот век пред нашата ера бил изграден како театар за претстави. Потоа бил арена за гладијаторски борби и сега му се враќа функцијата за која и бил изграден- за спектакли.

-Античкиот театар во Охрид е единствениот на територијата на Македонија кој с`е уште живее во утврденото градско јадро на жив град, како што тоа било кога се изградил

Page 22: АМАК ПРЕС 122

22

Репортажа

Земјата на Буда, на духовни-от мир и спокојство, се уште необоена со сивилото на ци-вилизираниот западен свет

е Непал. Младата држава сместена на азискиот континент брои само 30 милиони жители, чија култура и на-чин на живот се сосема поинакви и различни од животот во европските земји па затоа се интересни и пре-дизвикуваат восхит кај секој евро-пеец или американец кој ја посетил оваа земја. Предизвик за секој млад човек е да се нурне во непознатото море од културни вредности што ги негува еден сосема поинаков народ од на-шиот, а привилегијата да го запо-знаат источниот свет ја имаат само оние кои во себе го носат авантури-стичкиот дух и се стремат кон нешто ново. Еден од нив е Александар За-хариевски, младиот човек кој по завршувањето на средното образо-вание одлучил да оди на невооби-чаено патување.

“Настојував да излазам од рамки-те на Европа па се одлучив за Азија. Сосема случајно на интернет стра-ница најдов понуда за културна размена во Непал со можност за волонтирање. Почнав да контак-тирам и добив позитивни поврат-ни одговори од таму. Ги спакував ку-ферите и тргнав . Патувањето беше пред два месеци. Во Непал се зад-ржав седум недели од кои четири ги поминав во волонтирање а остана-тите три низ патување по земјата. Од волонтерските недели имав мно-гу позитивни искуства. Запознав многу луѓе. Ние конкретно градев-ме школа, превземавме различни градежни активности а исто така јас волонтирав во медицински прива-тен центар каде се лекуваа болни-те. Имаше добри работни навики. Се стануваше рано и се завршуваше со работата доцна попладне. Оста-токот од денот го минувавме во пријателска атмосфера, со Непал-ците и со волонтерите кои ги има-

ше од цел свет. Волонтиравме око-лу 20-мина и бевме на различна воз-раст“, се сеќава Александар и вели дека на почетокот културниот шок бил многу голем со оглед на тоа што станува збор за цивилизација сосема поинаква од западната. “Тие се гостопримлив, љубезен на-род и беше привилегија да се види и да се искуси таа култура. Непал-ците во просек се ниски луѓе, тем-номурасти, облечени во народните носии, долги тоги. По религија 90% од нив се хиндуисти а 10% се буди-сти. Непал е познат како родното место на Буда и токму затоа има го-лем број будисти кои патуваат таму а исто така и Тибет (земјата на бу-дисти) на север се граничи со Не-пал. Хиндуистичките и будистички храмови се редовно посетувани од верниците кои по четири –пет пати во денот се молат на бога и изведу-ваат религиозни обреди и ритуали кои од година во година полека но сигурно се менуваат и го добиваат

“шмекот“ на западниот свет.“ Сепак овие божји светилишта и де-нес се исти како пред илјадници го-дини кога биле изградени. Ѕидовите се украсени со илјадници ситни цртежи обоени со маслени бои кои го оживуваат дамнешното време. Возвишено се чувствуваат верници-те но и туристите кога се поклону-ваат пред големата статуа на Буда. Храмовите тонат во раскош и бо-гатство и чиниш династијата која ги градела се уште живее во нив. Пре-ку овие божји храмови се чувству-ва богатството среде секојдневието кое е сиромашно и скромно. За раз-лика од храмовите објектите во кои живеат свештениците се мали најчесто изработени од дрво. Свеш-тениците се скромни луѓе облече-ни во бели тоги. Животот им се со-стои во молења кои траат по некол-ку часа. Животниот стандард на Непалците е низок па може да се каже и непри-стоен затоа што 95 % од жители-

Непал - светата земја на Буда недопрена од западниот свет

Page 23: АМАК ПРЕС 122

23

те живеат во супстандардни живот-ни услови. Нивната валута е рупија и просечната плата по бруто дома-шен производ е околу 200 рупија односно 2 евра. Тоа значи дека ме-сечниот надомест за сработеното е 120 а најмногу 200 наши денари. Го-дишната плата во просек не е пови-сока од 300 евра. Токму затоа за да може да се врзува крај со крај цени-те на производите се многу ниски а за туристите багателни па дури и смешни. Основна стопанска дејност е земјоделството. Основен пре-хранбен производ е оризот а една порција ориз со вкусни миризливи зачини чини само наши 5 денари. Ручек во ресторан е 25-30 денари. “Пазарите им се богати со тропско овошје и зеленчук, но во се зготве-но ќе најдете ориз. Не е и чудо три-те оброци во денот да ви бидат ориз приготвен на различен начин. Дру-гите малу бројни производи се про-даваат во мали дуќани. Тамошниот народ не користи којзнае што, сами ги одгледуваат земјоделските про-изводи. Најчесто од продавниците купуваат детергенти за одржување на хигиената во домовите и за перење на облеката“, вели Алексан-дар. И покрај нискиот животен стан-дард вака или онака економијата бавно но сигурно бележи развој, па дури и благ пораст. Електрична струја има само во главниот град на Непал, Катманду и тоа само 5-6 часа на ден. Реките им се основен систем за снабдување со вода. “Со помош на црева мештаните во-дата од речното корито ја префрла-ат по куќните дворови. Улиците се хаотични, многу малку од нив се ас-

фалтирани. Низ нив ќе видите се-какви возила со волани и од ле-вата и од десната страна, зависно од каде се набавени. Возачките до-зволи се евтини и се добиваат мно-гу лесно па затоа моторните воз-ила ги управува секој како знае и умее без почитување на пропиша-ни сообраќајни правила и норми па не е чудо на двете коловозни ленти да видите автомобили кои се дви-жат во ист правец.“ Наталитетот во однос на морталите-тот е на значително повисоко ниво. Во едно семејство има најмалку 4-5 деца. Во просек младите склу-чуваат брак на 24-25 години, и до стапувањето во брак младенците не смета да си ја запознаваат својата интима. Куќите за живеење се високи најчесто имаат по четири ката и во нив живеат членовите од неколку фамилии. Иако сиромашна земја, за-бележителен е порастот на образо-вани млади луѓе- 70 % од нив одат на училиште ,за разлика од повоз-расните жители од кои се образова-ни околу 40 %. Последниве некол-ку години се отвораат меѓународни училишта кои нудат различни ква-лификации. Државните училишта се малу бројни а се почесто се от-вораат приватни училишта. Цената за школарината во приватните шко-ли месечно изнесува од 500 до 1 000 денари што е луксуз кој родителите можат да си го дозволат за доброто на своите деца.Непал е млада држава која го прослави својот осми роден-ден. Владата се уште е во фаза на формулирање, се уште нема осно-ва за референдум и донесување

стабилна законска рамка со која би се избегнале и регулирале чести-те народни протести. Иако поле-ка навлегуваат се уште карактери-стиките на западниот свет не го за-

зеле приматот па токму затоа боле-стите на современиот свет како што е сидата не допреле до нив. Опие-ни со духовен сок , целосно посве-тени на религијата Непалците веру-ваат дека еден од најголемите гре-вови е крадењето па токму поради тоа ретко некој да посегне по нешто туѓо. Алкохолот исто така против-речи на нивната религија. Во Непал функционира државен систем спо-ред кој сите луѓе ќе бидат згрижени во смисла на тоа дека може да наба-вуваат евтини лекарства и можност болеста да биде дијагностицирана за секој бесплатно, но од друга страна посериозни лекарски интер-венции можат да се направат само на пациентите кои се во можност добиената услуга да ја платат . Ток-му поради тоа и за здравствени про-блеми луѓето практикуваат да се об-ратат кај врачот, месниот односно селски старешина. Понесен од впечатоците кои оста-нале во неговата меморија по враќањето о д Непал, младиот Александар ни кажа дека пред да замине во Англија каде ќе го про-должи своето образование би са-кал да реализира уште едно невоо-бичаено и возбудливо патување.

Репортажа

Александар Захариевски ни ја раскажа приказната за Непал

Фотографиранна Хималаите

Page 24: АМАК ПРЕС 122

24

Крвна група ОНа оваа група најмногу и одговара месо и салати од зеленчук. Кон овошјето се рамнодушни. Им пречат тестенини и повеќето житарки. Имаат многу јак систем за варење.Се препорачува овчо, телешко, говедско, дивеч, џигер, јагнешко, скоро сите видови риба (бакалар, скуша, ло-сос, пастрмка, сардела,кострец, харинга...), маслиново масло, ленено масло, орев, тиква, зелка, луварче, магдонос, црвен кромид, брокула, рен, кел,лук, пиперка (црвена), зелена салата, ком-пир ,(благ), морски алги, спанаќ, смокви (сушени и свежи), сливи (сушени и свежи), рогач (вид грав), кари.Може да се јаде: Сите видови домашна перната живина и дивеч (фазани, потполошки, еребици, зајачко), крап, ракови, полжави, лигни, жаби, јагула, остриги,тиквички, роквици, краставица, зелен кромид, цвекло,целер, пиперка (зелена и жолта), мирудија, домати, цикорија,зелени маслинки, бел ин-тегрален ориз, леб од соино брашно , просо, грав,боранија, грашок, боровинки,банана, диња, лубеница, круши, праски, рибизли, јаболка, кајсии, цреши, лимон, грозје (црвено, црно)...Треба да се одбегнува Чаден лосос, харинги, кавијар,свинско, сланина, патка, авокадо, кинеска зелка, црвена и бела зелка,карфиол, пченка,печурки и (шампињони), прокел, компир (розе и бел), модар патлиџан, брашно (сите видови), теста со спанаќ, леб од цело пченично зрно, ржен леб, корнфлекс, пче-нични трици, фстаци, афионско семе, кикиритки, пченкарно масло, капини,портокали, манда-рини, јагоди....

Крвна група АПрипадниците на крвната група А се родени вегетаријанци. Најмногу им годи зелен лиснат зе-ленчук, спанаќ, морков,брокула,карфиол,а од зеленчук терба да одбегнуваат компир и домати. Млекото и месото им го попречуваат варењето, кое и така е проблематично и бавно. Потребни им се производи за подигнување на имунитетот.Се препорачува Растителни масла,храна од соја, ананас, зеленчук, полжави, лосос, сардела, пастрмка,крап, ба-калар, скуша, штука, соино сирење, соино млеко, јајца, маслиново масло, ленено масло, кики-ритки (содржат лектин, ефикасно средство против рак), путер од кикиритки, семки од тиква, соја, леќа, грав, хелда, леб од соино брашно, артичоки, зелка, глуварче, лук, рен, кел, спанаќ, тиква,магдонос, келераба, праз,тофу,морков, суви сливи, грозје и смокви, грејпфрут, лимон, ананас, цреши капини, боровинки, кајсии, свежи сливи.Може да се јадеМисиркино месо, пилешко, туна, сабјарка, морска пастрмка, козјо сирење и млеко, солено кравјо сирење, кефир, фета, сирење, јогурт (обичен и овошен), германско сирење, масло од репа, масло од бакалар, путер и семки од сончоглед, афионско семе, бадеми, костени, сусам, ореви, грав, грашок, боранија, корнфлекс, пченкарно брашно, крем од ориз, овес, јачмен, трици и снегулки од ориз, пченкарен леб, ржен леб( без било какви други додатоци), леб од интегра-лен ориз, целер пченка, ротква, кромид, зелена салата, авокадо, аспарагус (шпаргли),прокел, краставици, маслинки, дињи, урми, јаболка, рибизли, малини, калинки, круши, јагоди, праски.Треба да се одбегнува

Дивеч, јагнешко, овчо, говедско, шатка,патка, сланина, рак,чаден лосос, шкампи, кавијар, ослиќ, сув лист (вид риба), путер, сладолед, меко сирење, пармезан,крем сирење, едамер, ементалер, гауда, полно масно млеко, масло од сусам, масло од пченка, масло од кикиритки, бразилски орев, ф`стаци, грав, наут, пченица, компир, пченични никулци,л тестенини од остро брашно, печива од пченични трици, спанаќ, маслинки, модар патлиџан, пиперка, домати, компир, црвена, кинеска и бела зелка, шампињони, банана, мандарина, портокали, кокосов орев.

Исхрана според крвните групи

Здрав живот

Page 25: АМАК ПРЕС 122

25

Крвна група БЗа припадниците на оваа група основната храна е составена од мле-ко и млечни производи со додавање на житарки. Единствено оваа група јаглените хидрати ги поднесува без последици. Затоа ретко јаде зеленчук. Крвната група Б се храни најразновидно и најдобро ги поднесува различните комбинации на производите.Се препорачуваДивеч, јагнешко,овчо, зајачко, сардела, штука, лосос, лист, ослиќ, ба-калар, скуша, керња, сите видови јогурт, кефир,кравјо сирење, фета, младо сирење, одмастено млеко (2%), козјо сирење и млеко, мас-линово масло, грав, соја, оризови трици, брашно од овес, просо, оризови снегулки, леб од интегрален ориз, цвекло, жолта, зелена и црвена пиперка, кел, прокел, благ компир, магдонос, зелка (црвена, кинеска, зелена и бела), морков, карфиол, модар патлиџан, грозје, сливи, ананас, банана.Може да се јадеТелешко, мисиркино, говедско, џигер, фазан, туна, крап,харинга, лиг-ни, жолт и бел кострец, калифорниска пастрмка, езерски лосос, пу-тер, соино сирење и млеко, крем сирење, пармезан, гауда, масло од бакалар, ленено масло, бадем ,орев,костен, зелен и бел грав, гра-шок, боранија, скроб од компири, леб од соино брашно, ржен леб подготвен на пареа, шпаргли, целер, краставица, зелена салата, бел и црвен компир, мирудија, глуварче, келераба, лук, кајсии, капини, јаболка, круши, праски, дињи, мандарини, манго, смокви, рибизли и грејпфрут.

Треба да се одбегнува

Свинско,шунка од патка, пилешко, октопод, остриги, чаден лосос, шкампи, јастог, жаби, рак, краба, школки, сладолед, германско сирење, пченкарно мас-ло, масло од кикиритки, масло од сончоглед, масло од сусам, лешник, ф`стаци, кикиритки, семки и путер од сончоглед, афионско семе, путер од кикиритки, семе од сусам, грав, наут, леќа, пченкарно брашно, јачмен, пченични никулци и трици, печива од пченка, леб од мешани житарки, тестенини од остро браш-но, артичоки,авокадо, бела пченка, маслинки (црни, зелени и грчки), тиква, ротква, домати, урми, калинка, кокосов орев.

Крвна група АБ Како и кај лицата со крвна група А, така и кај лицата со крвната група АБ посебно е изразена потребата за исхрана што ја зголемува отпор-носта на организмот. Лицата кои во својот генетски материјал носат карактеристики на една од овие крвни групи, често имаат проблеми со намалена продукција на желудочен сок, па затоа добро е да внесу-ваат производи кои го стимулираат неговото лачење.Се препорачуваЗајачко, мисиркино,овчо,јагнешко, штука, лосос,сардела, туна, скуша, бакалар,ослиќ, козјо сирење и млеко, кефир, фета, младо сирење, ки-села павлака, кравјо сирење, јогурт, маслиново масло, орев, костен, кикиритки, путер од кикиритки, грав, леќа, црвена соја, просо, овес, оризови снегулки, леб од соино брашно, леб од пченични никулци, леб од интегрален ориз, лук, кел, благ компир, карфиол,зелка, кра-ставица, цвекло, брокула, сливи, лимон, ананас, грозје, цреши, смок-ви, киви, грејпфрут.Може да се јадеЏигер, лист, лигни, крап,кавијар, бел и жолт кострец, одмастено млеко (2%), соино сирење и млеко, масло од бакалар, ленено мас-ло, масло од кикиритки, бадем, ф`стаци, боранија, грашок, бел грав, леќа, јачмен, трошки од соја, пченични никулци, леб од цело пченич-но зрно, тестенини од остро брашно, леб од повеќе видови житар-ки, рен, зелка, морски алги, жолта репа, бамја, морков, џумбир, праз, маслинки, лук, зелена салата, црвен и бел компир, спанаќ, дињи, јаболка, кајсии, круши, малини, суви сливи, суво грозје, капини, киви.Треба да се одбегнуваГоведско, пилешко, свинско, дивеч,патка, шатка, сланина, шкам-пи, жаби, остриги, ракови, јагули, јастог, чаден лосос, путер, сладолед,пармезан, полномасно млеко, печива од пченка, масло од пченка, афионско семе, лешник, семки од сончоглед, семе од сусам, бакла, наут, грав,пченкарно брашно, корнфлекс, хелда, артичоки, пченка, црни маслинки, зелена, жолта и црвена пиперка, авокадо, роткви, калинка, урми,портокали, банана, кокосов орев, манго.

Здрав живот

Page 26: АМАК ПРЕС 122

26

Прашање: Имам 64 години и веќе неколку дена чувствував силни болки во појасот од десната страна на те-лото. Болките беа неиздржливи а бидејќи пред три години ми беше пронајдено камче од таа страна во бу-брегот мојот матичен лекар се посомнева дека пак се работи за “напад на бубрези“ и ми ординира инјекции и инфузии. Но, и покрај силната терапија болките незначително се смируваа. Едно утро на местото каде чувствував болка забележав црвена линија посипана со ситни меури, тој простор незначително ме печеше. Матичниот лекар ме прати на дерматолог кој ми постави дијагноза: herpes zoster lumbalis и ми назначи со-сема друга терапија. Признавам дека малку сум збунета, па ме интересира од што практично јас боледу-вам.

Одговор: Од анамнестичките податоци што ги дават, сигурно се работи за herpes zoster и со назначената терапија болеста ќе се санира. За појаснување на болеста која често започнува со силни болки кои можат да го “заведат“ ле-карот и да имитира било која друга болест како што кај вас е случај (бубрежна колика ). Ќе речам дека herpes zoster е втора инфекција со varicebla- zoster вирус со еднострано или двострано зафаќање ( најчесто е унилатерално) на еден или повеќе кожно- нервни сегменти и се одликува со болни, групирани везикули на еритемна основа.Zosterot е широко распространета и спорадична болест. Се јавува кај возрасни луѓе меѓу 50 –та и 70-та година и остава доживотен имунитет. Првата инфекција од погоре споменатиот вирус сте ја имале во детството кога сте прележале овчи сипаници (varicella) и оваа ви е втора инфекција од истиот вирус кога боледувате од zoster. Втората инфекција настанува во случај кога прележувањето на првата инфекција остава нецелосен, делумен имунитет или има заостанување на ла-тентни вируси во организмот.Инкубацијата на инфекцијата трае од 7 до 18 дена со некарактеристични симптоми (истоштеност, замор,невралгични болки) и на остро ограничен еритем се развиваат ситни ( како главичка од шпенадла до зрно ориз) бистри, напнати, перловидни везикули. Избивањето на меурчињата завршува во тек на 2-3 дена а целосното заздравување се одвива за 2-3 недели , обично ако се следат инструкциите од дерматологот без никакви последици (лузни).Zoster инфекцијата може да го зафати било кој нервен сегмент а не е редок и на вратот, лицето и главата. Клинич-ката слика е доволно карактеристична за поставување сигурна дијагноза а терапијата се заснова на апликација на вирусостатици (TB2. ACICLOVIR),витамини од B групата, аналгетици за невралгиите (болките) и локална ТН за засушување на меурчињата.

HERPES ZOSTER ИЛИ ПОЈАСНА РОЗА

примариус д-р.Виолета Павлоскаспец. дерматовене-ролог

Прашање:Зошто понекогаш доживувам оргазам а понекогаш тоа е сосема невозможно? Прашува редовна читателка. Одговор:Човечкото тело реагира различно во различни ситуации. Скоро секоја ситуација, од обичен стрес па се до присуство на болест може да се одрази врз способноста на организмот да доживее оргазам. Ако многу се труди-те да доживеете оргазам во стварност го зголемувате стресот и постигнување на оргазам во таква состојба е скоро невозможно. Зошто ? Затоа што оргазмот е реакција која е автоматски блокирана кога сте под стрес, телото го пер-ципира стресот како опасност и испушта адреналин, со тоа се активира заштитниот механизам за борба или бег-ство. Ваквата реакција е обично не забележителна за вас. Но кога сте под стрес, вашето тело реагира како да е на-паднато. А кога вашата свест и тело не се чувствуваат сигурни, вие не можете да се опуштите. Природните функции како спиењето и оргазмот во ваква ситуација не се возможни. Се додека можете да доживувате оргазам во најголем број случаи, нема потреба од загриженост. Денес се знае дека свеста, телото и духот се меѓусебно поврзани, така што ако во одреден ден не можете да постигнете оргазам може едноставно да значи дека не е денот. Во вакви случи најдобро е да се применуваат релаксирачки техники: топла бања, слушање музика, како и вежби со затегање и опуштање на мускулите од телото.

Стресот и напнатоста “непријател“ на оргазмот

спец. д-р. Иво Захари-евскигинеколог

ЛокалЛокалПрашање-одговор

Page 27: АМАК ПРЕС 122

27

спец.д-р. Анче Киселиноваочен лекар

Прашање: Секоја година во летниот период страдам од алергии на очите кои се манифестираат со чешање и отекување на стилото за вид. Ве молам кажете ми како најлесно можам да ја надминам оваа несакана и би рекол мачна состојба и зошто истата се појавува? Одговор: Алергичен конјуктивит е воспаление на конјуктивата ( мембрана што го прекрива белиот дел од око-то ) настанато како резултат на алергична реакција. Симптоми на алергичниот конјуктивитис се :црвенило,оток на конјуктивата,чешање,солзење и чувство на туѓо тело во окото. Симптомите се резултат на ослободување на хистамин и други супстанци со кои се стимулира дилатација на крвни садови,иритација на нервни завршетоци и зголемено лачење на солзи.Најчести причинители на алергичниот конјуктивитис се : поленот при цутење на дрвата , тревата, животински секрети (плунка) мириси, козметика, загадување на воздух, прашина, чад, топол воздух, јако сонце, земање на не-кои лекови, реакција на токсини при бактериски инфекции и др.Има повеќе видови на алергични конјуктивити:- Конјуктивитис фоллицуларис аллергица- Резултат е на преосетливост на лекови кои имаат примена во офталмологиата и општо на лекови кои пациентот редовно ги прима .Ц- Конјуктивитис верналис или пролетен катар. Тоа е алергична повторувачка болест на очите заради пре-осетливост кон сончевите зраци ,се јавува кај болниот секоја пролет и лето а во зима симптомите попуштаат. Оваа болест е ретка во умерена клима а во ладна ја нема.- Атопичен кератоконјуктивитс .Во историјата на овие болни е присутна некоја алергична болест(астма,поленска треска,егзем) Терапијата кај пациентите со алергични конјуктивити е многу комплексна затоа што се повторуваат штом се создадат услови за тоа. Пациентот треба да е свесен за тоа и да ги избегнува сите фактори на ризик во грани-ците на можностите. Потребно е да носи заштитни очила со кои ќе ги ублажи тегобите. Од симптоматски лекови се користат: вазоконстриктори, антихистаминици кортикостероиди.

ЛЕЧЕЊЕТО НА ОЧНИОТ КОНЈУКТИВИТ Е КОМПЛЕКСНА РАБОТА

Прашање: Иако времето се затоплува, не поминала ниту една пролет без настинки и болки во коските. Зошто се случува тоа?

Одговор:Во периодот на доцна пролет кога временските промени се чести најмногу стра-даат хронично болните, срцево болните и пациентите со покачен притисок. Карактеристич-ни се и настинките како еден вид акутни заболувања. Сепак најчести се алергиите на цве-тен полен. Се најавуваше дека 21 век ќе биде век на алергии и тоа се случи. Алергиите се манифестираат со кашлица, секреција од нос, печење во очи, сврап по кожа, па дури и не-рвоза. Затоа треба да се направат алерго- тестови за лекувањето да биде најадекватно а со тоа успешно.Хронично реуматските болести се исто така карактеристични периодов. Тие се лекуваат со стандардната медикамендозна и физикална терапија и нивното лекување е подолготрајно. Реумата не се лекува туку може само да се намалуваат тегобите. Реуматските промени се иреверзибилни,не можат да се повратат. Затоа има можност да се санираат односно се ле-куваат само акутните болки.

21 ВЕК ЌЕ БИДЕ СТОЛЕТИЕ НА АЛЕРГИСКИ БОЛЕСТИ

д-р. Трпко Угриноски спец. по општа меди-цина

ЛокалЛокалПрашање-одговор

Page 28: АМАК ПРЕС 122

28

definitivno www.don.com.mk

Page 29: АМАК ПРЕС 122

29

Традиции

Дарба, љубов и желба се потребни за успех во еден занает, вели Целе Блажески од село Белчишта кој 30 години изработу-ва изворни инструменти. Занаетот само-

уко го научил и усовршил, но за жал никој во него-вото семејство не го наследил и нема да го продол-жи. Неговите деца и внуци не пројавиле интерес за овој специфичен занает, за кој дедо Целе вели дека злато вреди затоа што него му овозможил пристоен живот речиси половина век. “Не е лесно да се направи тапан или гајда, тоа е про-цес кој бара многу внимание и време“,вели овој занаетчија и им порачува на младите да не ги забо-раваат изворните народни инструменти и носии, воедно упати апел, да не се дозволи да изумрат занаетите, бидејќи со нив умира традицијата и кул-турата на една земја.Изворните македонски инструменти се атракција за туристите. Народните носии, тапаните и гајдите од јагнешка кожа, но и звуците на далеку познатата македонска народна песна претставуваат вистинска мамка за гостите од странство.

Ги губиме занаетите што злато вредат а со тоа и традицијата

Page 30: АМАК ПРЕС 122

26

Убавина

Нахранете ја косатаТретман за суви краеви: маската од сусам е идеална за закрепнување на безживотна коса, која го загубила сјајот.Приготвување:изматете две лажици масло од сусам, две лажици мед и една жолчка. Кога смесата ќе стане мазна, рамномерно нанесете ја на коса-та. Потоа завиткајте ја со алуминиумска фолија и сушете ја со фен 15 мину-ти. На крај измијте ја со шампон за секојдневна нега.

Победете го првутот! Доколку никако не успеавте да се ослободите од првут, маската од маслиново масло и рузмарин ви е добредојдена.Приготвување: Измешајте три лажици маслиново масло со триесет капки масло од рузмарин, па смесата втријте ја во косата, масирајќи ја кожата на главата. За подобри резултати, оставете ја маската да дејствува додека спие-те. По будењето измијте ја косата.

Вратете и го волуменот на косата! Со помош на оваа маска ќе постигнете бујност на косата.Приготвување: Измешајте две лажици шеќерен сируп, две лажици желатин, две лажици млеко и две лажици пиво. Добиената смеса нанесете ја на косата . Завиткајте ја во кеса, па во крпа и оставете ја да дејствува 30 минути. Потоа измијте ја со млака вода и шампон.

Освежете го лицетоЗа нормална кожа - Овозможете и хидратација!Приготвување: измешајте лажица јогурт со лажица мед и додајте неколку капки масло од ружа. Втријте ја маската во кожата на лицето, оставете ја 15 минути, а потоа измијте ја со млака вода.

За сува кожа- вратете и ја влагата! Приготвување: маската направена од една лажица пченични клици и две лажици маслиново масло е совршена за нега на овој тип кожа. Рамномерно нанесете ја на лицето, оставете ја 20 ми-нути, а потоа измијте ја со млака вода.

За мрсна кожа- темелно чистете ја!Приготвување: Направете маска од две лажици пире од варена тиква, и две лажички мед. Додајте неколку капки јаболков сок. Овој период од вашата кујна е идеален за чистење на ли-цето.

За мешана кожа- подарете и свежинаПриготвување измешајте лажичка јогурт и лажичка јојоба- масло и додадете неколку капки ете-рично масло од лаванда. Со нежни движења, втријте ја маската во лицето и по 15 минути отстра-нете ја со млака вода.

Раскошна коса

Перфектен тен

Page 31: АМАК ПРЕС 122

27

Перфектен тен

Page 32: АМАК ПРЕС 122

32

Спорт